Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Nindza

АА: СДСМ-ДУИ денеска го ослободија Нинџа, и докажаа дека се во коалиција со криминалот

Александар Василевски Нинџа, еден од насилниците на 27 април, првично му ја ублажуваа казната, додека од денеска е на слобода и ужива во викендот, реагира Алијанса за Албанците.„Истата дирекција за спроведување санкции и истите судови, пак, не  го ослободија Фета Алими и не му дозволија бесплатен викенд иако ги исполнува законските услови. Во овој случај, судовите, институциите и Владата што ги контролира, не само што се неправедни кон Албанците, туку се и тесно поврзани со организаторите и сторителите на 27 април 2017 година.СДСМ и ДУИ денеска докажуваат дека се во коалиција со криминалот, со сторителите и организаторите на 27 април, кои уште порано некои ги помилуваа а на некои и им ја ублажуваа  казната за да бидат ослободени за кратко време“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

A.Filipovski-03

Филиповски: За секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило

Злоупотребата на јавниот простор станува минато, а за секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило. Фокусирани сме да обезбедиме и почисти населби, да направиме ре-организација на комуналните служби, а чистите улици и пешачки зони да бидат секојдневие. Ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, на маалската средба во Паркот на светлината.Присутните граѓани се интересираа и за зеленилото околу зградите, важноста од негово одржување и правилно уредување на јавниот простор.Филиповски кажа дека особен акцент ќе стави на маалските паркови. Истите се најблиску до граѓаните, најмногу ги користат и природно е во нив повеќе да се вложува.Хуманизацијата на јавниот простор подразбира да креираме зони, маалски паркови по потребите на граѓаните. Покрај интензивното раззеленување, тие простори ќе добијат и содржини за децата, за младите и повозрасните, со што ќе се поттикне и маалскиот живот во населбите, посочи Филиповски.Пред присутните граѓани се обрати и заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. Таа потсети на реализираните проекти на СДСМ во делот на зголемување на платите и реконструкцијата на 60 градинки низ целата држава. Лукаревска истакна дека како општество тешко се изборивме за слобода и сега не треба лесно да ја испуштиме.На крајот од средбата Филиповски истакна дека постои позитивна атмосфера и енергија за победа на СДСМ во Аеродром. Но, опуштање не смее да има.Подготвен сум да се видам со секој граѓанин, да зборуваме и за проблемите, дилемите, но и за новите решенија. Ветувам дека интензивната работа во оваа кампања, искрениот пристап и комуникацијата ќе ја задржам и во четиригодишниот мандат, заврши Филиповски.

Македонија | пред 4 години

andrea-jovkov-750x430-1

Познат кандидатот на Левица за градоначалник на Центар

Левица вечерва на своите информативни средства за комуникација со јавност го објави својот кандидат за градоначалник во Општина Центар - Андреа ЈанковРоден е во 1982 година во Скопје, Општина Центар. Магистер инженер-архитект, со магистерска теза од областа на самоодржливоста и неинвазивната архитектура. Посветен работник со 14 години искуство во приватниот сектор, овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б (од 2012 година), тековно вработен во „Елена Лука Инженеринг“. Љубител на природата и основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“. Оженет и татко на две деца.Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво.

Македонија | пред 4 години

zemjotres

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, е регистриран вечерва во 19 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 4 години

korona-1

760 нови случаи на Ковид 19, починати 23 лица

Во последните 24 часа се направени 5.724 тестирањe, а регистрирани се 760 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од:Скопје – 219, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22,Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга,Крива Паланка , Делчево ,Богданци ,Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се 23 починати лица: 9 починати лица од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г) ,Гостивар (74г и 65г) ,Струмица (83г и 68г) ,Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово( 48г ) и Виница (47г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 5.724 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–124, ЦЈЗ Куманово –77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–197, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-339, Биотек-278, Систина-138, лабораторија Лаор-347, Синлаб-137, Ремедика-16, Плодност–34, Генеа -17, Никоб лаб-712, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-117, Ројал Медика –53, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.418.Досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 76805, Активни 5899Куманово 10340, Активни 938Прилеп 8681, Активни 275Тетово 10419, Активни 1972Битола 6730, Активни 269Велес 5792, Активни 239Гостивар 7697, Активни 1158Кавадарци 5496, Активни 220Охрид 5566, Активни 488Штип 5275, Активни 203Струмица 5235, Активни 686Струга 3611, Активни 566Кочани 3006, Активни 125Кичево 3647, Активни 620Гевгелија 2300, Активни 81Неготино 2249, Активни 53Свети Николе 1698, Активни 126Ресен 1414, Активни 123Крива Паланка 1273, Активни 35Радовиш 1355, Активни 127Берово 1130, Активни 30Делчево 1052, Активни 65Дебар 1367, Активни 232Виница 960, Активни 41Пробиштип 844, Активни 51Валандово 745, Активни 35Богданци 530, Активни 35Крушево 516, Активни 23Демир Хисар 412, Активни 10Демир Капија 401, Активни 2Кратово 470, Активни 63Македонски Брод 439, Активни 59Пехчево 294, Активни 4Македонска Каменица 274, Активни 23Дојран 136, Активни 2

Слајдер | пред 4 години

161753_jelena-karleusa_ff

Карлеуша: Јас го раскинав договорот со „Гранд“

„Драги мои, одлучив дека е време пред новиот албум да се повлечам од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и затоа, на своја иницијатива, уште на 28 јуни оваа година ја известив продукцијата „Гранд“ и го раскинав постоечкиот договор“ – објави Јелена Карлеуша на својот Инистагра профил по веста дека нема веќе да биде дел од жирито на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.Таа појсни дека така одлучила за да може максимално да се посвети на излегувањето и промоцијата на нејзиниот нов албум кој доаѓа.„Од тогаш до денес имаше обиди да најдеме начин и услови да продолжам со снимањето, меѓутоа не успеавме да се договориме“, напиша Карлеуша и порача на крај: „Кои се новите членови и како ќе изгледа натпреварувањето, не ме интересира. Им ја посакувам целата среќа“.Oд продукцијата „Гранд“ денеска соопштија дека наместо пејачката Јелена Карлеуша на нејзино место во жирито ќе биде пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Магазин | пред 4 години

gtr

Нов член во жирито на „Гранд“

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а едно големо изненадување ги чека учесниците и гледачите на самиот старт - нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ.Како што објави „Гранд“, оваа сезона Цеца ќе смени долгогодишен член на жирито. „Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуството и знаењето на Цеца ќе бидат ветар во грб за новите учесници во ова шоу. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија, во која ќе уживаат и гледачите и учесниците.Исто така подготвивме повеќе новини за гледачите, добро познатата сценографија ќе се промени и влегуваме во новата сезона со визуелен идентитет што одговара на најгледаната шоу програма од сите светски стандарди.Продукциското жири сепак ќе биде составено од Саша Поповиќ како претседател, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид и оваа сезона ќе седнат на столчињата на стручното жири“, велат од продукцијата.

Магазин | пред 4 години

20210902144232

Богоев пред избори ќе го пушта Адреналинскиот парк, иако беше завршен пред една година

Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош, објави дека Адреналинскиот парк на кејот на реката Вардар во скопската населба Карпош 4 направен со пари од Европската унија, наскоро ќе биде пуштен во употреба.„Финални подготовки и проверка пред отворањето на Спортско - адреналинскиот парк во должина на Кејот на Вардар.  Изминатиот период беше искористен за проверка на состојбата на сите реквизити, избор на субјект кој ќе биде задолжен за адреналинскиот дел, обука на тренерите и сл. Овој парк е изграден со поддршка на Европската унија, а ќе го привлече вниманието на сите граѓани на Скопје“, објави Богоев.Адреналинскиот парк вреди 700.000 евра, од кои со поголемиот дел од средствата учествува Европската унија. Паркот зафаќа површина од 10.000 метри квадратни. ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 метри квадратни, 120 нови дрвја, како и детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини, а оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 метри квадратни. 

Скопје | пред 4 години

korona-maski

Осум лица позитивни на корона излегувале од дома и шетале

СВР Тетово поднесе кривична пријава против неколку лица од Тетово и гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“, информираат од МВР.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(27) од с.Морина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’. На 18.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(20) и Р.С.(51), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’. На 17.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ги пронашле пријавените во својот дом и покрај тоа што биле потврдени позитивни случаи на Ковид 19 и имале решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А. од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(19) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 14.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Е.(22) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.Л.Д. (42) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.А.(25) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. На 15.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Д.(48) од с.Сенокос, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 15.08.2021 година, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација.

Македонија | пред 4 години

velosiped

Автомобил удри во велосипедист

На 01.09.2021 во 10.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(35) од Тетово, удрило во велосипед управуван од Ј.П.(65) од Тетово.Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

Gjorcev-02.09

Ѓорчев до Царовска: Испечатете учебници за децата да имаат од што да учат

Учебната година во Македонија започнува со хаос како никогаш досега во македонската историја! Срамота е децата да учат од стари распарталени учебници испечатени пред 6, 7 или 8 години од владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната пресконференција, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.– Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни. Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави. Министерке Царовска поднесете си оставка! Доста од вашите експерименти, доста од вашето фијаско, доста од вашиот дебакл врз грбот на учениците и родителите во цела Македонија, истакна Ѓорчев.

Македонија | пред 4 години

bombaaa

Градел куќа, па во дворот нашол неексплодирана рачна бомба

На 01.09.2021 во Полициското одделение Новаци , Л.П.(68) од с.Новаци пријавил дека при изградба на куќа во дворното место во с.Новаци била пронајдена стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 4 години

instagram

„Инстаграм“ не работи, од „Фејсбук“ велат го решиле проблемот

Популарната „Фејсбук“ фото апликација беше падната околу еден час, насекаде низ светот, а од „Фејсбук“ соопштија дека техничките проблеми биле брзо решени.Повеќе од 6000 корисници пријавиле DownDetector проблем, а со проблем се јавиле и корисниците на „Твитер“ под хаштагот #InstagramDown.Од „Фејсбук“ за „Њузвик“ соопштиле дека проблемот кој бил пријавен од корисниците е веќе решен.„Го решивме проблемот и се извинуваме за непријатностите“, навеле од технолошкиот гигант.

Магазин | пред 4 години

maksim-zaev

Максим му врати на Заев: Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме?

Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Љупчо Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум се уште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации.Ова е реакцијата на актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и независен кандидат по денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека Централниот одбор на првата наредна седница треба само да констатира дека Димитриевски го прекршил партискиот Статут, официјализирајќи независна кандидатура за претстојните локални избори, што повлекува негово исклучување од партијата.-Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?, се вели во реакцијата на Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

policija-vozilo

Пронајдена малолетничката од Кочани која исзчезна пред половина година

Во неготинско е пронајдена малолетничка од Кочани, откако по пријава на нејзината мајка, полицијата ја бараше. За ова попладнево информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.-На 31 август во село Тимјаник, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ја пронашле Т.П.(17) од Кочани, за која на 24.02.2021 нејзината мајка пријавила дека се оддалечила од домот. Т.П. била предадена на нејзиното семејството, појасни Додевски.

Македонија | пред 4 години

bitola-bolnica-4

Демантираме дека пацинетот бил физички малтретиран, велат од МЗ по обвинувањата од сестрата на починатиот од Ресен

Клиничката болница-Битола преку Министерството за здравство остро ги демантира обвинувањата на лицето кое се претстави како сестра на починатиот 24-годишен пациент од Ресен. Оттаму за „Скопје1“ најостро ги информациите дека  пацинетот бил физички малтретиран.„Според податоците во системот, 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 тој на инфективното одделение во болницата во Битола е примен на 24 август како суспектен на болеста. Кај пацинетот било извршено тестирање за корона и тестот е со позитивне резултат. За време на првата хоспитализација во КБ Битола, пациентот дошол со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, утврдено е дека има масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување“, велат од МЗ за „Скопје1“.„По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен. На 25 август, пациентот во КБ Битола е донесен од болницата во Охрид. Веднаш е хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

korona-njemacka

Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе, според анализа на доктор од Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина, денеска е регистрирано зголемување на бројот на смртни случаи поврзани со инфекција од коронавирус, откако во изминатите 24 часа беа пријавени 24 починати.Загрижувачките податоци за зголемувањето на бројот на смртни случаи се проследени со оние за зголемување на дневниот број на нови инфекции. Во вторникот имаше 564 нови случаи, а претходниот ден повеќе од 600.Забрзано ширење на инфекцијата во БиХ е забележано од почетокот на август, но наглото зголемување на бројот на нови случаи уследи оваа недела, а здравствените експерти предупредуваат дека ова е резултат на слабата вакцинација, но и доминацијата на делта сојот на коронавирусот.„Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе“, изјави пред новинарите Бранислав Зељковиќ, директор на Институтот за јавно здравје на Република Српска, предупредувајќи дека затоа се повеќе луѓе се заразени.Досега, нешто повеќе од 10 проценти од возрасните во БиХ ги примиле двете дози на вакцина против коронавирус, додека околу 20 проценти се вакцинирани со една доза.

Актуелно | пред 4 години

Screenshot-2021-09-02-at-14.36.15

„Ќе судиме секој ден“, судијата за „Плацови на Водно“ до мајка му на Камчев откако адвокатот не и дојде на рочиште

Обвинетата Ратка Камчева, како помагач во прикривањето на плацевите на Водно на експремиерот Никола Груевски, како и на парите со кои незаконски ги купил, денеска во Основниот кривичен суд кажа дека нема адвокат, бил на јавна седница во Апелација, пишува СДК.мк. Пред да го одложи судењето поради отсуството на адвокат на обвинет, судијата Илија Трпков праша дали место нејзиниот ќе ја застапува некој од бројните присутни адвокати на другите обвинети, меѓу кои и тие на нејзиниот син Јордан Камчев. Не доби позитивен одговор.„Притворски е предметов. Вашиот син овде има 15 адвокати. Ако нема кој да ве застапува, судењето го закажувам за десетти, за два, за три месеци, ваши се правата и тие ќе бидат испочитувани. Но, од тој ден натаму, за овој предмет ќе судиме секој ден“, рече Трпков.Повеќе 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-02-at-14.26.42

Повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол“ , но не знаат каде е скопскиот Аквадукт, смета Стефоска

Министерката за култура, Ирена Стефоска, смета дека скопскиот Аквадукт е еден од последните на Балканот кој е сочуван во целина. Но, не можеме да се пофалиме дека тоа е по наша заслуга.„Затоа го нареков ремек дело на старите градители кое што им пркосело на вековите , на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме. Тоа и го правиме. Неодамна, Владата донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности, не само од големо национално значење, туку тој му припаѓа и на човештвото. Затоа, скопскиот Аквадукт го доби највисокиот акт на заштита. Тоа овозможува трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла. Заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа конечно започнува и неговата физичка заштита“, пишува Стефоска.„Денеска го означуваме почетокот на првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт. Заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на вредноста на ова културно добро. Аквадуктот не е градежен материјал за несовесните и несвесните, ниту пак е сеф со некакво скриено богатство за крадците. Напротив, самиот Aквадукт е скапоценост. Убедена сум дека институциите ќе го вложат сето знаење и умешност во неговата заштита. Имаме обврска Аквадуктот да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации. Но, пред тоа, неговата вредност треба да ја промовираме дома зашто, за жал, имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол“ , но не знаат каде е овој древен водовод и што тој претставува. Некој можеби ќе рече: „тоа и го спасило “. Но, убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа. Зашто скопскиот Аквадукт навистина е поглед од кој застанува здивот“, додаде Стефоска.

Скопје | пред 4 години

mirko-spiroski

Професорот Спироски за присутната имуност кон коронавирусот кај луѓето

Пишува: Мирко Живков Спироски македонски физиолог и генетичар, редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет:Последниве денови многу често погрешно се користат поимите од имунологија за КОВИД-19. Накусо, постојат вродена имуност, стекната имуност (наречувана и активна или природна) и вакцинална имуност кон САРС-КоВ-2 инфекцијата. Тие поими треба внимателно и прецизно да се употребуваат од докторите, од останатиот медицински персонал и од медиумите за да не настане конфузија во фактите кои се поврзуваат со овие три механизми.

Слајдер | пред 4 години

Popis_2021

Најдоа чаре што ќе прават со граѓаните кои не примаат невакцинрани попишувачи

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.– Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, рече премиерот.Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се исто така вакцинирани.– И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани.

Македонија | пред 4 години

najcevska

Најческа со лекција до Заев за С. Македонија: Во личната кореспонденција може и само Македонија

Професорката Мирјана Најческа му се спротистави на премиерот Зоран Заев според кого понижувачки е да се употребува С. Македонија наместо Северна Македонија. Според Заев неупотребата на уставното име е понижување и за Уставот.„Зошто да не може РС Македонија? Што има тука понижувачко и погрешно? Во официјалната кореспонденција на државните органи треба да стои Република Северна Македонија. Во неформалната може и Северна Македонија и РС Македонија. Во личната кореспонденција може и само Македонија. Не може само Република или само Северна или Република Северна бидејки ја нема основната определба Македонија. Исто како што во време на социјализмот беше Социјалистичка Република Македонија. Бесмислено би било да стои Социјалистичка Република. Така? Меѓутоа СР Македонија? Зошто да не?“, напиша Најчевска.

Слајдер | пред 4 години

23062021_PVRSM_Zaev_Prv-Ekonomski-Forum-vo-Skopje_4

Заев бара да се вика „Северна Македонија“, а не „С. Македонија“ - било понижувачки

Премиерот Зоран Заев апелира да се користи уставното има на државата, Република Северна Македонија, по се почестата употреба на кратенката Република С. Македонија која во последно време се користи и од политичари. Тој денес, на промовирањето на првата дуална паралелка – фармацевтски техничар, одговарајќи на новинарско прашање рече дека ваквата употреба на името е противуставна.„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и Преспанскиот договор кој прерасна во Закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Устав. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините процеси и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

srbija-korona

Четири лица заразени на свадба од исто семејство, починаа од корона

Четворица членови на исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, објави Слободен печат.– Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава, четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани, изјави доктор Миранда Пајазити.

Македонија | пред 4 години

mickoski-6

Мицкоски повторно бара поддршка од Левица, но овојпат, директно од симпатизерите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно побара соработка со „Левица“, иако лидерот на оваа партија, Димитар Апасиев јавно ја одби понудата на Мицкоски да се обединат против власта. Сега, Мицкоски бара поддршка од симпатизерите на партијата.-Без разлика на одлуката и однесувањето на раководството, ги повикувам симпатизерите на Левица да нè поддржат во општините каде немаат свој кандидат. За возврат, во вториот круг, каде што ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат, ќе повикам да се поддржат кандидатите на Левица, објави на Фејсбук, Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања