Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

koronavirus-korona-kovid-test

Откриени се првите пет најчести симптоми на ковид

Откриени се првите пет најчести симптоми на ковид, кои Британците ги збунија целосно во последните 30 дена, пишува The Sun.Тоа се случува кога се зголемија случаите кај двојно вакцинирани луѓе – иако ова во голема мера се должи на тоа што случаите остануваат високи, а голем број луѓе сега се вакцинирани.Кивање е еден од најчестите симптоми на Ковид, пријавени кај целосно вакцинирани Британци во последните 30 дена.Апликацијата Студија за симптоми на ЗОЕ, каде Британците ги најавуваат дневните симптоми, откри дека повеќето луѓе кои неодамна го фатиле вирусот страдале од течење на носот, главоболка, кивање, болки во грлото и губење на мирис.Професорот Тим ​​Спектор, водечки научник во студијата, рече: „Имајте ги на ум и држете ги подалеку од другите луѓе ако ги имате.„Ова значи дека ризикот од инфекција е висок, па дури и ако сте биле двојно вакцинирани, навистина е важно да внимавате на какви било нови симптоми, бидејќи можеме да видиме дека колку подолго ќе помине од времето на вакцинација, толку помалку ефикасни се овие вакцини“, вели овој научник.Тој, исто така, предупреди дека имунитетот од вакцинацијата може да ослабне кај поранливите групи, кои ги добиле вторите дози пред некое време.Професор Спектор вели: „Изгледа дека заразените кои се на помлада возраст малку се намалуваат, додека, пак, благо се зголемуваат заразените на постара возраст, а се знае дека постарите возрасти се генерално целосно вакцинирани групи. И додека вакцините не функционираат добро како што се надевавме во смисла на запирање воопшто на фаќање на вирусот, тие сепак работат добро во запирање на тешки инфекции и хоспитализации“, вели овој професор.Според него, оние што се вакцинирани со две дози, не значи дека не можат да се заразат, и тоа ќе биде се поверојатно како ќе расте времето од примерот на вакцината.NHS се уште ги наведува само оригиналните три симптоми на ковид на кашлица, треска и губење на вкус или мирис.Ако Британците страдаат од овие симптоми, тие мора да добијат ПЦР тест под официјално водство на NHS.Но, експертите веќе долго време бараат Владата да го ажурира списокот – за Британците да добијат ПЦР тест доколку страдаат од други симптоми.Десетици други симптоми сега се поврзани со имањето на вирусот, така што доажа до промена на симптомите кај милионите луѓе кои сега се вакцинирани.Експерт предупредува дека високите случаи наковид, како и смртните случаи се „многу загрижувачки“.Професорот Питер Опеншо рече дека големиот број се уште позагрижувачки со оглед на тоа што се уште не е зима – кога се очекува работите да се влошат.Тој рече “ние едноставно не знаеме што ќе се случи” како што се приближува зимата.Вчера беше објавено дека уште 111 лица починале, соопшти владата, додека во Велика Британија имаше 33.904 нови лабораториски потврдени случаи.

Магазин | пред 4 години

1133

Знаци кои покажуваат дали сте надпросечно интелигентни

Може да забележите натпросечна интелигенција според одредени знаци или карактеристики на луѓето. Ако откриете дека ги имате овие пет карактеристики, можете да се рангирате меѓу надпросечните интелигентни луѓе.Вие сте емпатичниСочувствувате со другите и лесно можете да им влезете во главата и да знаете што мислат. Покрај тоа, генерално имате многу фини и „чувствителни“ антени. Кога ќе влезете во просторија каде што некој се расправаше, го чувствувате тоа. Во тој случај, вие сте исклучително емпатична личност, и тоа е знак на висок коефициент на интелигенција.Љубопитни стеДали сакате да знаете сè, дали сте заинтересирани за животот на луѓето околу вас и не можете да откриете доволно работи за културата и историјата? Тоа е исклучиво во природата на интелигентните луѓе.Вие сте внимателниНе е важно што се случува околу вас: следите сè и разберете во сè. Една од причините за тоа е веќе споменатата емпатија, но и фактот дека едноставно сте претпазливи и дека низ животот поминувате со отворени очи.Вие се контролирате себе сиКога сте лошо расположени, не доаѓа предвид да го пренесете вашето расположение на другите. Ги одржувате вашите емоционални испади под контрола и чувствувате дека другите никогаш не треба да страдаат поради вашето лошо расположение.Имате многу добра меморијаВашите пријатели постојано прашуваат: „Како можеше да се сетиш на сето тоа?“ Сосема едноставно: тоа е знак на натпросечна интелигенција.

Магазин | пред 4 години

korona-2

Македонија има поголем процент на смртност поради корона од Индонезија, статистките загрижувачки

Новинарката Мери Јордановска сумирајќи ги статистиките за Ковид-19, објави анализа на заболени, починати, процент на вакцинирани кои се инфицирале и починале, но и број на лица кои не се вакцинирани и поради тешка форма на болеста го загубиле животот. Ви ја пренесуваме во целост:1. Смртноста од Ковид-19 во Македонија е висока, и ако се мери на 100.000 жители и доколку се пресметува процент од заразени и починати. Зошто е ова вака, чувме само образложенија за хронични болести, дијабет, обезност, срцеви заболувања, нешто што не е баш доволно издржано. Со процент на смртност од 3,4 проценти (денешна бројка), ја надминавме и Индонезија.2. Смртноста во 2020 година во МК е рекордна - 5 илјади луѓе повеќе починале лани (25.755), во споредба со 2019 (20.461). 40 отсто од нив починале од срцеви заболувања, потоа следуваат неоплазмите, а 10 отсто починале од Ковид-19. Ова значи дека дневно умирале по 70 луѓе, од кои најмалку 7 од Ковид-19.3. Смртноста во првите шест месеци од 2021 е уште повисока - починале вкупно 14.421 луѓе. Во 2020 во првите 6 месеци починале 10.165, а во 2019 - 10.559. Причините за смрт се уште не се објавени од страна на Државниот завод за статистика.4. Да, вакцините не не штитат да се заразиме со коронавирусот, но хоспитализацијата и смртноста кај вакцинираните, според достапните бројки, е далеку пониска.5. Ретки се лицата кои се реинфицираат од Ковид-19, иако нивниот број во последниов период се зголемува.6. Постојат луѓе кои немаат антитела а се вакцинирани, но и такви кои немаат антитела, а прележале. Постојат луѓе и без коморбидитети, а починале. Постојат луѓе со примена вакцина и со висок број на антитела, па повторно се заразиле.Значи единственото правило засега е дека нема правила, освен да се пазиме исто како и претходно.За секој од овие инфографици имаме анализи на A1on.mk и наведен е изворот на информацијата.

Слајдер | пред 4 години

ana

ВАЖНО, СПОДЕЛУВАЈТЕ: Исчезната е Ана од Карпош!!!!

ДОПОЛНЕТО: Нема информација дали девојчето е најдено, но објавата на Фејсбук од мајката е избришана! Исчезната е ќерка ми Ана. Облечена е во плави летни шалварести панталони и светла маичка. Ако ја виде некој ве молам јавете се на 070 314 675, пишува во објавата на мајката од Ана на ФБ.Како што пишува во коментарите Ана излегла вчера, по што и се губи секаква трага. Исклучен и е и мобилниот телефон.Случајот е пријавен и во полиција.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

(ФОТО) Сведоштво: Жена на 70-години не била примена на лекување за корона, ќерката моли за помош

Се почесто совети за лекување на коронавирус, но и поплаки се објавуваат во фејсбук групата „Ковид-19 искуства и совети“ која брои над 55.000 членови. Во неа се разменуваат и искуства меѓу членовите, кои се соочиле или се соочуваат со вирусот. Меѓу останатите, помош бараше и скопјанка чија мајка е болна од корона. Иако е во лоша состојба, со коморбидитети и на 70-години, според сведоштвото, таа била одбиена да биде примена на лекување на Инфективното одделение.„Ве молам за помош, некој доктор да ми помогне што да се направи, како да се постапи за пневмонија кај жена од 70 години. Не ја примаат на Инфективно само поради добра сатурацијам јас веќе не знам што да направам трипати ја спасувам женава дома, трипати ја носам на Инфективно и не ја примаат. И дадоа Панцев 10 дена, го испи, а кај неа се вложува ситуацијава. И сега по откривање на пневмонијава, и даваат терапија уште четири денови Панцеф. Мене тоа не ми е лек за пневмонија, башка е шеќераш и има висок притисок. Што да правам кај да идам, по толку напори што дадов е да ја одржиме во живот сега ли. на крај да ја изгубиме, потребна ми е!“, пишува во објавата во групата.За ова, став засега нема од Министерството за здравство. Во коментари, членовите ја советуваа нејзината мајка да ја однесе на лекување во приватна болница или пак, да проба да добие хоспитализација во Градската општа болница „8 септември“. Епилогот засега е непознат.

Слајдер | пред 4 години

kongres-sdsm

„Ние се грижиме за здравствените работници, Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени 'убијци'“, велат од СДСМ

„СДСМ со самото доаѓање на власт постојано покажува и докажува дека вистински се грижи за здравствените работници. Како одговорна партија останавме доследни на своите ветувања да го вратиме достоинството на здравствените работници“, стои во партиското соопштение на влдеачката СДСМ.Оттаму додаваат: „За четири години, со континуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствените работници за 15 отсто.Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.Додека сите се насочени во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, беа на страната на вирусот.ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени ,,убијци".Токму поради ваквото нечесно, несериозно однесување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од граѓаните на 17 октомври“.

Македонија | пред 4 години

bitola-bolnica

(Вознемирувачки снимки) Сестра на починатото момче од Ресен обвинува за негрижа: Болницата вo Битола е убиец на млади деца

Сестрата на 24-годишниот маж од Ресен кој почина поради компликации од Ковид-1,9 објави снимки и детали од како што пишува, битолската болница. Ова доаѓа откако Министеството за здравство момчето коешто почина на 27 август потпишало дека на своја одговорност ја напушта болницата.– Изјавија дека брат ми си замина од болницата самоволно затоа што брат ми не беше во болница туку подобро е во затворот Идризово од оваа болница, пишува лицето кое се претставува како сестра на починатиот која споредли и три снимки.„Кај лежат пациентите, да му кажам, заклучени со клуч, не го пуштив детето јас во затвор, за два дена да ти умре од бронхит пред мои очи го загушија“ вели маж во една од снимките.– Еве каква интензивна соба имаше брат ми. Затоа ја напушти самоволно, потпиша дека знаеше ќе го земат на душа и му дадоа контра терапија, плазма крв и не му направија контрола никаква, додава таа.– Се е лага, не го ни видоа дека починал, ниту се јавија на фамилијата дека е починат, ниту го реанимирале, се лажат од болницата во Битола, не беше од корона брат ми. Болницата вo Битола е убиец на млади деца. Ве молам да го споделите видеото и да се чуваат младите дека ги затвораат со клуч и не ги гледаат, вели сестрата на починатото момче.„Скопје1“ се обрати за став и до Министерството за здравство, од каде, до сега, не се огласија за овој случај.Момчето од Ресен, кое утрово, на 24-годишна возраст, починало како последица на Ковид-19 првично на свое барање ја напуштило битолската болница, а утредента, откако му се влошила состојбата повторно било донесено во болница, но залудни биле напорите на лекарите да го спасат неговиот живот, соопштија од Министерството за здравство.Според информациите што се споделуваат, на момчето вчера му било роденден, а месецов правело свадба во хотел.Тој на 24 август бил примен во Инфективното одделение на битолската болница со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки и бил ставен на кислородна поддршка. 

Слајдер | пред 4 години

Нема фотографија

Пронајдени 381 насади канабис во гевгелиско

На 01.09.2021 околу 20.00 часот на место викано "Жабјак", атар на с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија.При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

mila-carovska

ВМРО-ДПМНЕ: Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.-Царовска наместо да обезбеди материјали и книги за учење, вчера им порача на родителите дека треба да дадат по 8.000 денари за прибор и материјали за учење за своите деца. Голем број ученици од цела држава добиле искинати и лепени учебници, од кои фалат и цели страници. Медиумите вчера беа полни со сведоштва од родители за распарталени книги. Поголемиот број од децата немаат таблети, а голем дел немаат ниту средства за да купат. Царовска целосно потфрли. Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома. Во неколку општини учебната година не ни почна, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму посочуваат дека Царовска е изгубена во розевиот свет на власта.-Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство. Прашање на време е само кога наставата ќе биде невозможна затоа што системот е слаб, а протоколи нема. Сега кога ситуацијата е надвор од контрола, власта пак се инаети и не презема мерки за заштита на децата, наместо да набави брзи тестови за школите и да организира строги протоколи Царовска вели дека од однесувањето на сите зависи колку ќе има физичко присуство. Тоа е класично фрлање на вина кај народот, и неспособност да се понудат решенија. Царовска и актуелната власт се неспособни да ја нормализираат ситуацијата. Време е за промени, стои во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2-1

53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Филипче: Вакцините се безбедни, да се вакцинираме и да покажеме одговорност кон себе и другите

СДСМ продолжува со маалските средби, заедно со граѓаните, онаму каде што ни е местото. Потпретседателот Филипче вечерва присуствуваше на маалска средба со граѓаните на урбаната заедница Трајко Панов, во центарот на Вардарскиот Регион, Велес.Пред присутните потпретседателот Филипче посочи дека СДСМ е одговорна партија, партија која работи во интерес на граѓаните, во интерес на државата. Преку континуирана заложба дејствуваме да обезбедиме подобри услови и поголема заштита за граѓаните. Во услови на пандемија, која зема замав, СДСМ е партија која воведе превентивни и рестриктивни мерки со цел да го заштити секој еден граѓанин и јавното здравје.„Се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на коронавирусот и само преку масовна имунизација, најсигурно можеме да ставиме крај на пандемијата. Вакцинацијата на територијата на целата држава тече непречено. Во изминатиот период бележиме и најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и во периодот кој следи. Ве повикувам да им помогнеме на здравствените работници и на здравствениот систем. Да се вакцинираме, да покажеме пример, да покажеме одговорност кон себе и другите. Вакцините се безбедни, го подигнуваат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања на вирусот. Ова е единствен начин да успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање“, рече потпретседателот Филипче.Филипче се осврна и на претстојните локални избори и понудата со која СДСМ ќе настапи пред граѓаните на Велес.Во Општина Велес, на претстојните локални избори, СДСМ ќе настапи со кандидатот Ненад Коциќ, актуелен пратеник, доктор по интерна медицина, човек кој години наназад се грижи за здравјето на велешани и активист во граѓанскиот сектор кој се грижи за заштита на животната средина и борбата против загадувачите. Докажуваме и покажуваме дека СДСМ несомнено и овој пат го нуди најдоброто.Граѓаните ја препознаваат нашата посветена работа, нашиот труд да обезбедиме подобри услови, подобар стандард и нашата желба да го понудиме најдоброто. Остануваме прогресивни, мотивирани и единствено насочени кон политиките кои водат кон напредок, раст и развој, порача потпретседателот Филипче.

Македонија | пред 4 години

struja-4

Без струја делови од повеќе општини во Скопје

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека на ден 02.09.2021 година ( четврток ), без електрична енергија ќе останат:• во периодот од 10:00 до 13:30 часот, корисниците на дел од ул. Виничка и Вашингтонска. ( општина Шуто Оризари);• во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од ул. Малешевска, дел од ул. Ниџе Планина (општина Кисела Вода ) како и дел од ул. Пелагонија и ул. Индира Ганди (општина Шуто Оризари )• во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на дел од село Нова Брезница, од раскрсницата за кон црквата до раскрсница за Кула ( општина Сопиште )• во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на сите стопански и нестопански објекти во с.Количани, сите стопански и нестопански објекти во индустриска зона Пинтија, сите стопански и нестопански објекти во Драчево, сите стопански и нестопански објекти во с. Батинци, сите стопански и нестопански објекти во с. Студеничани, сите стопански и нестопански објекти во с.Батинци ( општина Кисела Вода и Студеничани ) како и корисниците од ул. Никола Русински згр.бр.12, ул. Карпошово востание згр. бр. 10, ул. Манапо згр. бр.4, ул. Пелистерска згр. бр.1, КУД Партизан и киоск на ЈСП. ( општина Карпош )• во периодот од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на ул. Доситеј Обрадовиќ бр. 13, 14, 15 и 17 ( општина Кисела Вода )

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Сончево со мала локална облачност

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.УВ-индексот ќе изнесува 7.Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.Во петок и сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Нови 906 случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 6.006 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 906 нови случаи на ковид-19.По градови новозаразени има во:Скопје 423,Куманово 60,Прилеп 12,Тетово 68,Битола 19,Велес 16,Гостивар 51,Кавадарци 15,Охрид 20,Штип 19,Струмица 39,Струга 19,Кочани 16,Кичево 31,Гевгелија 6,Неготино 5,Свети Николе 14,Ресен 11,Крива Паланка 2,Радовиш 16,Берово 4,Делчево 5,Дебар 9,Виница 3,Пробиштип 4,Валандово 1,Богданци 4,Кратово 7,Македонски Брод 3,Пехчево 1,Македонска Каменица 2,Дојран 1.Починати севкупно 26 пациенти: 8 пациенти од Скопје, 1 од Прилеп, 6 од Тетово, 2 од Гостивар, 1 од Охрид, 3 од Струга, 2 од Кичево, 1 од Дебар, 1 од Виница, и 1 лице од Кратово.Регистрирани се 343 оздравени пациенти.Процентот на заразени од тестирани денеска е 15,1%.

Слајдер | пред 4 години

sdsm-kostova

Реакција за кампањата на СДСМ: Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно

Десетици реакции по социјалните мрежи откако СДСМ ја отпочна кампањата за локалните избори со закупување на билборди. Најсподелуван е билбордот на кои пишува „СДСМ се бори за имунизација“, „ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство. Токму ова беше и причината за реакција на водителката Миа Костова.„Не, стварно, трет пат прашувам, кој ви ги смислува бе? И плата зима? Прво, поддршка за право на избор не е антиваксерство второ, не сте можеле подобро да го смислите за да не ве видиме веќе. Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно. Секој ден сте сѐ помизерни или секој ден сте сѐ подалеку од фотељките у кои качувате само килажа и црни бројки“,напиша Костова.

Коментари | пред 4 години

240589252_892437765016066_1355230923417186533_n

Левица го откри својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром

Политичката партија Левица вечерва го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром – Весна Кираџиева.Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.

Скопје | пред 4 години

241001097_335499684988116_2090076066235790110_n

ФОТО: Се паркираше сред Партизанска и се измоча во тревникот

Минувачите беа непријатно изненадени од потег од скопски возач сред Партизанска. Во Карпош 4, односно во близина на „Сити мол“, возач на автомобил застана сред булеварот, излезе од возилото и во мочаше во тревникот. Сведоци на случката беа десетици пешаци, но и граѓани кои чекаа автобус на автобуската во близина. Но, возачот, не беше загрижен за тоа.Додека тој вршеше нужда сред булевар, позади неговото паркирано возило се направи гужва и чекаше колона од возила. По „завршената работа“, тој се врати во автомобилот и продолжи со возење. Минувачите беа фрапирани од потегот на човекот.

Скопје | пред 4 години

dimitrievski

Димитриевски разочаран од исклучувањето од СДСМ: Тоа кажува за демократскиот капацитет

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Маским Димитриевски реагира на изјавата на шефот на изборниот штаб на партијата Љупчо Николовски, според која тој повеќе не е член на СДСМ.Вели дека е разочаран и искрено жали за таквата шверцерска, полноќна одлука на поединци на раководството на СДСМ. Димитриевски рече дека таквата одлука не е легитимна, не е во согласност со статутот на СДСМ, затоа што треба да ја донесе Извршниот, па потоа Централениот одбор, а таква седница не се одржала.„Небулозата дека сам себе сум се исклучил не би ја коментирал. Но како и да е, тоа кажува за демократскиот капацитет во партијата и го потврдува мојот став искажан неодамна, дека СДСМ е узурпирана од неколкумина кои со своите интриги и манипулации предизвикуваат огромна разочараност и штета кај членството, симпатизерите и поддржувачите, и сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак. Кумановци тоа нема да го дозволат. Јас по убедување сум социјалдемократ, со јасна и прецизна социјалдемократска идеја, мисла и визија. И никој, ама баш никој, тоа не може да ми го одземе. Куманово е револуционерен град и на 17 октомври кумановчани ќе го покажат својот непокор и пркос, упатувајќи силна порака кој на кого му свртел грб", се вели во писмената изјава на Максим Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

gola-sestramed

ВИДЕО: Медицинска сестра се соблече сред вести, додека докторката говореше пред камера

Дневникот на Српската радио-телевизија стана хит на социјалните мрежи, откако медицинска сестра се соблече за време на преносот во живо.Додека директорката на Клиничкиот центар „Бежанијска коса“ зборуваше за коронавирусот и важноста на вакцинацијата, нејзината колешка седна на столот и почна да го соблекува горниот дел од медицинската унифирма.„А зошто остана оваа гола?“, „Ова е повеќе за третиот дневник“ – коментираа на социјланите мрежи.https://twitter.com/Anastas10872080/status/1432655736631218176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1432655736631218176%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fkjumram%2Fvideo-meditsinska-sestra-se-sobleche-gola-za-vreme-na-vestite-na-rts%2F

Магазин | пред 4 години

jovana-mojsoska

Мојсоска за кандидатот на СДСМ за Центар: Со години бил дел од „Рејтинг“, која доби 100.000 евра буџетски пари

Јована Мојсоска од Левица објави дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, со години бил дел од агенцијата „Рејтинг“, која добива државни тендери.„Агенција Рејтинг е позната по тоа што, освен во време на здравствена и економска криза доби речиси 100.000 евра буџетски пари за фамозни консултантски услуги - нејзиниот директор, Никола Спасов, беше единствен претставник на Балканов за фирмата „Кембриџ Аналитика”, која стана позната по скандалот за злоупотреба на лични податоци на 50 милиони корисници. Погодете која Агенција го доби тендерот од 150.000 евра за осмислување на кампањата за вакцинација, додека државата натрупува јавен долг секојдневно“, тврди Мојсоска.Таа објави и принт-скринови од јавните набавки кои ги добила агенцијата „Рејтинг“.

Македонија | пред 4 години

centar-stubcinja

ФОТО: „Заробени“ автомобилите на центарци, не можеа да ги напуштат домовите

Жители на Центар утрово не можеа да ги напуштат домовите со автомобили. Дел од нив останаа заглавени бидејќи Општина Центар поставувајќи заштитни столпчиња, им ги блокираа и излезите од гаражите. Иако целта е да се ослободат тротоарите, беа блокирани и стандарите.„Другари.. Особено Вие од Центар, најособено од ул. Орце Николов, пазете кај се паркирате! Немојте никако во гаража, пошто излагање само со хилта! Ова на сликиве е од денес. Мајсторите беа пресреќни што им е пуна батеријата на штрафилицата, па малку се заборавија со поставувањето на столпчињата. Град Скопје, Општина Центар генијални сте!“, напиша Наталија Бургиева.

Скопје | пред 4 години

spasovski

Левица „му залепи“ кривична на Спасовски, откако го промени софтверот со „северна“ пред да се донесе закнот

Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи на Република Македонија - Оливер Спасовски, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од шест месеци до три години.„Пријавениот се терети дека во својство на службено лице не го испочитувал текстот на законот и притоа свесно, злонамерно и противзаконски дозволил и овозможил промена на софтверот – системот за издавање на личните карти во МВР уште во јуни 2021 година. Со ова била извршена неповратна промена на податоците и содржината на обрасците на личната карта, барањето за издавање на лична карта и потврдата за поднесеното барање, пред да бидат донесени било какви измени на Законот за личната карта, со кои би се промениле податоците и содржината на наведените обрасци.На овој начин, со своето свесно и комисивно деликтно дејствие – министерот Спасовски, намерно и со предумисла, извршил промена на содржината на податоците впишани во обрасците на личната карта, барањето за издавање на лична карта и потврдата за поднесеното барање, иако знаел и бил должен да знае дека наведената материја согласно Уставот претставува materia legis, утврдена единствено со Законот за личната карта. Дополнително, пријавениот постапил спротивно на начелата на законитост, професионална етика, непристрасност и објективност и економично користење на средствата предвидени во Законот за внатрешни работи. Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, да ги земе предвид издржаните факти и докази наведени во кривичната пријава и по неопходниот распит на пријавениот, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот министер за внатрешни работи“, велат од Левица.

Македонија | пред 4 години

zapaleni-clenski-sdsm

ВИДЕО: Запалени партиските знамиња на СДСМ и членски книшки, по одлука за избор на кандидат за градоначалник

“Дали сте свесни што направивте, дали сте свесни дека со вашиот избор револтиравте река народ. Дали сте свесни дека го поделивте народот, ја поделивте и ја распарчивте партијата која на сите ни беше семејство“, порачаа членовите на СДСМ од Радовиш кои бурно протестираа против одлуката на раководството на СДСМ да избере нов кандидат за градоначалник, наместо актуелниоот Герасим Конзулов.*ВИДЕО ТУКАНа протестот се палеле членски книшки и партиското знаме на СДСМ во знак на револт од одлуката на владејачката партија која за нов кандидат за градоначалник го избра Коле Чаракчиев.“Се собравме да го изразиме напшиот револт. Нашиот градоначалник Герасим покажа како треба да се развива Радовиш, како може од едно сосема забораено млао гратче да се претвори во град и да напредува. Тој беше и ќе остане најдобриот татко на општината. Еден и единствен, градоначалниок на сите сограѓани“, истакнаа членовите на СДСМ.Извор: ТВ Кобрафото: Mediapress.mk

Македонија | пред 4 години

w_56674000

15-годишно девојче почина од корона во Скопје

Петнаесетгодишно девојче од тетовското село Селце почина од компликации на ковид-19. Како што соопштуваат од Министерството за здравство девојчето починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а претходно од ковид-19 починала и нејзината мајка.„Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со ковид-19“, велат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 4 години

IMG_8756

Да се засилат протоколите во училиштата и да се обезбедат брзи тестови, бара ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ и министерката за образование Мила Царовска, денес, на почетокот на новата учебна година, делуваат како да се затекнати од ситуацијата и буквално неподготвени учествуваат во еден организиран хаос во кој се наоѓаат учениците, родителите и наставниот кадар. Ова го истакна Иванка Василевска, пратеничка на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Таа обвини дека иако имала на располагање речиси три месеци, Царовска не успеала да обезбеди ниту учебници, па денес реалната ситуација ни покажува дека поради ваквата неспособност на министерката, од еден учебник ќе учат две деца.„Ова е особено трагично бидејќи во услови на пандемија на Ковид-19, наводно декларираните протоколи за заштита од пандемијата се всушност осило на зараза во која ризикот и опасностите се директно врз плеќите на нашите деца и на наставниците и професорите кои се фрлени во една апокалиптична безизлезна ситуација. Вака поставената состојба уште на самиот почеток веќе ги покажа своите недостатоци. Јасно е дека во дел од општините денес немаше услови воопшто и да започне првиот училишен час. Бројката на заразени граѓани е енормно висока, а родителите чувствуваат страв и несигурност и има голем процент кои не се подготвени да ризикуваат и да ги остават своите најмили во опасност од заразување и другите трагични последици како резултат од истото. И сето тоа заради комплетната неспособност на власта да направи план и сериозна стратегија во интерес на граѓаните“, рече Василевска.Онаму кадешто денес започна наставата во училиштата, евидентно е дека нема ниту соодветни протоколи, а камоли средства за дезинфекција, рече пратеничката.Лошиот менаџмент со образовниот систем доведе до сериозни последици врз цели генерации ученици, истите се ненадоместливи и доколку се случи евентуалната одговорност на надлежните, бидејќи за ваквиот масакр во оваа круцијална дејност како што е воспитно-образовниот процес, последователните корекции нема да успеат да ја поправат направената штета.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се засилат протоколите. Да се обезбедат брзи тестови за училиштата. Да се обезбедат таблет компјутери за учениците кои немаат и не можат да си дозволат да ги набават. Опозицијата бара и неотповиклива оставка од Мила Царовска и очекува итна реакција и овозможување на услови кои се издржани.„Доколку власта не располага со стручни луѓе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и може веднаш да испорача решенија за излез од оваа траорна состојба“, додаде Василевска.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања