Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcina-vakcinacija-7

Д-р Јанковиќ: Најслаб имунитет имаат оние кои се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“

Постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат и да примат трета доза, советува заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.Најслаб имунитет имаат сите оние кои се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, а најголемиот дел од населението во Србија е вакцинирано токму со оваа вакцина, рече заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.– Кога ги споредувате вакцините, гледате дека сепак најслаб имунитет имаат луѓето што се имунизирале со „Синофарм“. За жал, оваа вакцина ја примија многу од старите луѓе во Србија и тоа е многу тажен факт. Тажен е затоа што мислам дека мора да им дадеме можност да го зајакнат имунитетот – рече Јанковиќ.Тој вели дека постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат, односно да примат трета доза.– Моја препорака е оние кои примиле „Синофарм“, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да примат „Фајзер“ – советува Јанковиќ, пренесува Нова РС.

пред 4 години

ulica-koli-ramstor-soobrakaj

Откако учениците тргаа во училиште, започнаа апелите да се внимава во сообраќајот

Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.Затоа, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината.„Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате, затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата не видливи во сообраќајот. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните!“, порачуваат од советот.Покрај тоа, РСБСП ги потсетува родителите дека тие се примерот на кој децата секојдневно се огледуваат. Личниот пример кој родителите им го даваат на децата во сообраќајот треба да биде безусловно и целосно почитување на правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин всушност континуирано да ги наведуваат децата да бидат безбедни и одговорни во сообраќајот!Статистичките податоци покажуваат дека децата многу често страдаат во сообраќајни незгоди како патници. Во таа насока, РСБСП потсетува на законската обврска според која, деца кои немаат полни 12 години, не смеат да се превезуваат на предното седиште, како и за обврската за користење сигурносен појас на сите седишта и детско седиште за деца на возраст до 5 години (дури и тогаш кога возењето трае кратко). Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате, затоа, многу е важно секогаш да бидете заштитени вие и вашите најмили.Покрај наведеното, РСБСП потенцира дека децата кои немаат полни 10 години не е безбедно да се оставаат сами да одат на училиште. Доколку од одредени причини се одлучите да го пуштете детето да оди само на училиште, потрудете се да биде барем во група од две до три деца. Во таква ситуација, секој одговорен родител должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот.РСБСП на сите ученици им посакува успешна учебна година и уште еднаш ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Нова варијанта на короната се вика „Му“, СЗО со детали

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа.Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус.Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и Му.Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.

Слајдер | пред 4 години

panovski

За една до две недели учениците ќе продолжат со онлајн настава, смета Пановски

Не знам како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација. Нешто слушнав 10 % ако се заразени. Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Слајдер | пред 4 години

transpl.-1200x1200

28-годишен починат маж е дарител на бубрег и коскени ткива за новата трансплантација

Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на д-р Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, информираат од МЗ.Тимовите на д-р Сотир Ставридис и д-р Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите.Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови. Инаку се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот, информираат од МЗ.

Македонија | пред 4 години

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори случај како со обична чиновничка плата, Шилегов доаѓа до милионски имот

„ЈО да отвори случај за потекло на имотот на Шилегов! Кој е рецептот какo се стига до 4 стана  хациенда во Маврово и зграда во Тафталиџе?!“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Како со обична чиновничка плата од 1.000 евра Шилегов доаѓа до милионски имот, и станува најбогат градоначалник на Балканот?!Шилегов да го каже рецептот како до 4 стана, цела зграда во Скопје и хациенда во Маврово.Граѓаните цел живот работат за еден стан или куќа, а Шилегов за краток период стекнал имот за кој на секој друг граѓанин ќе му требаат неколку животи.Што крие најбогатиот градоначалник на Балканот во најсиромашниот главен град на Балканот?Дали зградата на Шилегов е градена од работници од јавните претпријатија со кои раководи Шилегов?Дали зад милионскиот имот се кријат злоупотреби на јавни добра?ЈО веднаш да отвори истрага и да го испита потеклото на имот на Шилегов.Тик так… Петре времето полека ти поминува. Време е за одговори, а и за одговорност“, стои во соопштението

Македонија | пред 4 години

policija-4

121 сообраќаен прекршок во Скопје, 26 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 6 за возење без возачка дозвола, 5 за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 42 за непрописно паркирање.

Скопје | пред 4 години

policija-3

70 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

Вчера (31.08.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 70 возачи. Од нив, 14 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило со дури над 70 километри на час над дозволеното.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Untitled

(ВИДЕО) Заев: Нема подобра опција од наставата со физичко присуство

Од наставата со физичко присуство нема подобра опција и затоа ги обезбедивме сите услови за враќање на учениците во училишните клупи, рече премиерот, Зоран Заев, во видеообраќање за новата учебна година 2021-2022 година.Во продолжение го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев:„Почитувани наставници и родители, драги ученици во основното и средното образование, ви посакувам новата учебна 2021 – 2022 година да започне и да се одвива во симболиката на старото нормално.На сите првачиња и на сите родители им го честитам почетокот на најважната фаза во нивниот живот кога ќе ги истражуваат неизмерните длабочини на знаењето. Знам дека нивната љубопитност и желба за истражување ќе им донесе радост за секое стекнато знаење. Тоа е нивниот влог за успешна и убава иднина.Несомнено е дека отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е најпосакуваната одлука за сите кои посакуваат здрав психо-социјален развој на учениците.Сите многу изгубивме изминатата година, соочувајќи се со пандемијата која го затече целиот свет.Сакам да им се заблагодарам на сите наставници, а секако и на родителите, кои се справија со предизвиците на онлајн наставата и не дозволија децата да изгубат од образованието.Сега е време да го надополниме, сето она што не можевме да го развиваме во рестриктивните мерки.Од наставата со физичко присуство нема подобра опција, тоа го тврдат наставниците, учениците, организациите кои се бават со психо-физичкото здравје на децата. И затоа се посветивме на сето она што е најважно за враќање на учениците во училишните клупи.Владата, заедно со Министерството за образование, ги вложи сите напори во обезбедувањето на здравствено безбедни средини за учениците.За да се спречи ширењето на КОВИД-19 во училиштата потребна е максимална одговорност и почитување на планот и протоколите што ги усвоивме од страна на сите учесници во воспитно – образовниот процес, од ученици, наставници, родители, од општините.Јас сум убеден дека децата веќе знаат зошто ги носат маските и зошто ќе се дружат малку пооддалечени еден од друг.Министерството за образование и наука има развиено планови, кои ја покажуваат спремноста да се делува во било кое од можните сценарија кои можат да се случат. Уверен сум во таа спремност, исто како што знам дека сите будно ја следиме епидемиолошката состојба и се прилагодуваме на неа.Важно е да бидеме одговорни и надвор од училиштата. Затоа и ја стимулираме вакцинацијата, бидејќи колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се децата на училиште.Толку поголеми ќе бидат насмевките и дружбата кај учениците.Ако сите се придржуваме до мерките, послободни ќе ја поминеме оваа училишна година и со тоа ќе придонесеме да биде и последна ваква, пандемиска.Сите сме заедно во ова и секоја поддршка и соработка од родителите, наставниците и од учениците е добредојдена.Сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање и свест.Драги деца, родители и наставници нека е среќен првиот училишен ден!”

Македонија | пред 4 години

tabanovce

На Табановце се чека 30 минути

На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница и утринава поради зголемена феквенција на возила за излез од земјава се чека околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.На останатите гранични премини нема подолги задржувања од македонска страна за влез и излез од земјава.

Македонија | пред 4 години

seronkkkk

Почина едногодишниот внук на Шерон Стоун

Холивудската глумица Шерон Стоун сподели тажна вест дека починал внук ѝ Ривер Вилијам Стоун. Ривер во септември требаше да наполни една година. Тој е син на братот на Шерон, Патрик. Глумицата неколку дена претходно откри дека момчето паднало во кома по откажувањето на органите.„8 септември 2020 година – 30 август 2021 година“, напиша таа покрај видеото што го објави на „Инстаграм“.Шерон, која на почетокот на годината го крштеваше бебето, пред неколку дена објави фотографија од Ривер, кој лежи на болнички кревет интубиран и опкружен со жици. Таа ги замоли обожавателите да се молат за него и за нејзиното семејство.„Мојот внук и кумашинче Ривер денеска беше пронајден во својата лулка откако неговите органи целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша тогаш Шерон. 

Магазин | пред 4 години

zeni-avganistsan

Тешки времиња за жените во Авганистан, фрапантни се проблемите со кои ќе се соочат

Сите ги гледавме шокантните сцени од Авганистан овие денови и враќањето на озлогласените Талибанци на власт во Кабул. Пред да се вратат во земјата, жените живееа како мажите и не им слугуваа, имаа право на вработување, социјален живот, право на говор и мислење. Но, сега повторно започнува ерата во која е возможно некој да дојде кај таткото за да му ја земе ќерката, да ја венча со непознат талибански борец од ридовите.Еве со што би се соочиле Авганистанките за време на сегашната окупација од Талибанците.1. Нема да можат да излезат нормално на улица, ќе мораат да се облечат бурка и само очите да им се гледаат. Во спротивно ќе бидат истепани, среде улица, со стап.2. Ако се облечат нормално и излезат надвор, секогаш ќе мора да има некој маж од нивното семејство.3. Иако ќе бидат нормално облечени, во присуство на нивен татко или брат, нема да смеат гласно да зборуваат на улица, за да не ги провоцираат мажите.4. Нема да имаат право на вработување. Ќе мора да седат дома и да ги чуваат своите деца, но и децата на сопругот кои тој ги има со неговите три дополнителни жени. Тој ќе одлучи колку деца ќе има со секоја од нив.5. Нема да имаат право да изберат сопруг. Девојките ќе бидат омажени за постари мажи.6. Иако ќе бидат покриени од глава до пети, придружувани од машки член од семејството, додека зборуваат тивко, нема да можат да се возат со јавен превоз, за да не ги проовоцираат мажите.7. Девојчињата немаат право да одат на училиште по 8-годишна возраст, а дотогаш ќе можат да учат само стихови од Куранот.8. Ако се разболат, не ќе може да ги лекува машки доктор без присуство на некој маж од семејството.9. Нема да можат да носат чевли со високи потпетици, за да не ги слушнат сопрузите додека чекорат, бидејќи тоа би ги предизвикувало.10. Прозорците во куќата каде што живеаат ќе треба да бидат пребојадисани, да не бидат здогледани од случаен минувач од улица кој би можел да се испровоцира од глетката.11. Ќе им биде забрането да се појави нивна слика во медиумите, филмовите, книгите, рекламите.12. Ќе им биде забрането да излегуваат на балкон или тераса.13. Нема да можат да се појават на било какви јавни собири, бидејќи тие се резервирани само за мажите.14. Нема да можат да возат велосипед или мотор, дури иако бидат придружувани од машки член на семејството.15. Нема да можат да одат на козметичар или на масажа.16. Нема да можат повеќе да купуваат облека, чанти, чевли кои им се допаѓаат.17. Ќе им биде забрането да се шминкаат.Под окупација на Талибанците, жените немаат право на својот живот, тие се предмет на потсмев, малтретирање, секаков вид насилство што е неприфатливо во која било земја на светот во 21 век. Според едно истражување, дури 97 проценти од жените кои живеат таму покажуваат знаци на тешка депресија.

Магазин | пред 4 години

sumaher

Поранешен колега на Шумахер проговори за неговата состојба

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, се наоѓа во исклучително лоша состојба, вели неговиот поранешен колега, Филип Стрејф.„Не знам зошто го држат во таква состојба со години“, рече Филип, поранешниот возач во Формула 1, за Шумахер, кој наскоро се очекува да добие и свој филм.Изјавата на Филип силно ја загрижи јавноста, која речиси осум години очекува да слушне добри вести за состојбата на Германецот. Јавноста не знае премногу за состојбата на поранешниот возач на „Ферари“, затоа што неговата сопруга Корина не сакаше да открива многу.Претходно за состојбата на Шумахер проговори и неговиот поранешен шеф, Жан Тод, но и тој не сакаше премногу да зборува во знак на почит кон желбата на неговото семејство.„Шумахер е во кревет, во многу тешка состојба. Се чини дека има изгубено многу килограми. Не знам кој би сакал да го гледа својот татко или сопруг во таква состојба“, рече Филип, кој го посетувал Шумахер во клиниката во Греноблу, по несреќата.Шумахер е во тешка состојба, уште од 2013 година, кога се здоби со страшни повреди за време на скијање. Лекарите мораа да го стават и во вештачка кома, за да го одржуваат во живот.

Магазин | пред 4 години

120190520_080018

Сончево со умерена облачност, попладне дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.УВ-индексот ќе изнесува 6.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне умерено до значително облачно со краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 26 степени.Во четврток ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за неколку степени. Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Скопје | пред 4 години

darko_ristovski_levica_534-678x381

Левица го откри кандидатот за Карпош: Информатичар и коосновач на “Го сакам Водно”

Левица денес го објави името на својот кандидат за градоначалник во општина Карпош.„ Дарко Ристовски (42 години), роден во Скопје, Карпош, м.з. Тафталиџе 2, е дипломиран информатичар на ПМФ Информатика, со над 19 години работно искуство во полето на ИТ индустријата како инструктор за напредни мрежни технологии и оперативни системи, проектен лидер на голем број проекти во Македонија и во странство. Коосновач е и на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ВОДНО. Женет и вљубен во прекрасна личност и горд татко на три деца.Неговата борба е насочена кон ослободување и демократизација на локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината, системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште, зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го носиме во срце“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

241106740_10226081104274061_8718015984985334169_n-1

„Новите кандидати на СДСМ за Скопје се татини синови“, Јоци за тоа кој стои зад нив

СДСМ никако да се одлепи од децата на екс функционери - татини синчиња, вели Јорданка Ивановска-Јоци во објавата на социјалните мрежи.„Мора да се зеза СДСМ со кандидативе за Центар (син на екс директор на статистика) Ѓорче (син на екс уставен судија) Аеродром (син на екс сдсм пратеник и директор), Бутел, Град Скопје, К.Вода (син на сдсм бизнисмен).Ај, еве, за лепота и неработа нема да зборуваме, али СДСМ никако да се одлепи од децата на екс функционери - татини синчиња.Пошто, во тоа СДСМ, 20 години, другите деца од младината изгледа само трчаат за овие, не ги ни регистрирате очито за повисоки функции. А, секако ги бива повеќе од овие. Но, тие никогаш нема да бидат кандидати.Секогаш се тоа децата на тато, другиве деца немале татковци и мајки на функции на кои им должите, ви се верни за бизниси, па затоа се секогаш во ќош со ветувања - ,,еве, следните избори".Извинете, али ми ја потценувате интелигенцијава за градов каде се родив, се школував, работам, живеам и пишувам 20 години да биде подобро место за живеење.А, очито ги потценувате и гласачите во цела Македонија.Ќе го пушите“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

lugje-plostad-skopje

ФОТО: Не рушете го Скопје 2014, сам ќе се распадне

На социјалните мрежи се споделува фотографија каде се гледа дека е уништен  дел од фонтаната на скопскиот плоштад под споменикот на Александар Македонски, објави ТВ Сител.На фотографија може да се види дека искршен страничниот дел од фонтаната.

Скопје | пред 4 години

maksim

Максим Димитриевски избркан од СДСМ, откако одлучи самостојно да се бори за Куманово

Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија, која денеска објави дека ќе оди со друг кандидат на претстојните локални избори.Новиот кандидат на СДСМ, Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на партијата, ќе му биде противкандидат на Димитриевски, кој минатата седмица собра потписи за независен кандидат.„Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ“, велат од партиското раководство за „360 степени“.Извор: 360 степени

Македонија | пред 4 години

1-12

(ФОТО) Вучиќ подготви специјалитет за Заев и Рама

„Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели! Еди Рама и Зоран Заев“, напиша денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм и објави фотографија со премиерите на Македонија и Албанија.Вучиќ организираше вечера за Заев и Рама во ресторанот „Земоно“ на конзулот на Србија во Словенија, Томаш Кавчиќ.Вучиќ, кој утре ќе учествува на Стратешкиот форум Блед, им се заблагодари на Кавчиќ и Словенија за гостопримливоста.-Се наоѓаме во ресторан „Земоно” на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон”, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот. 

Македонија | пред 4 години

korona-test

Нови мерки за излез од Македонија

Владата вечерва ги дополни мерките за спречување на проширувањето на коронавирусот, со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од македонска територија на граничните премини ќе мора да приложат:– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против Ковид-19;– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или– Медицинска потврда со негативен резултат, направен 72 часа пред излез од територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР-тест, или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР-тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивни трошок.Владата денеска донесе измени со кои се предвидуваат исклучоци од оваа мерка за наши државјани возачи на товарни моторни возила, како и за возачи на товарни возила странски државјани кои транзитираат низ земјата.На денешната седница е усвоен и исклучок од мерката за транзит за авионските екипажи кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјата, според кој наместо 5 часа им се дозволува подолг транзит престој заради природата на нивната работа.

Македонија | пред 4 години

Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-1

Богдановиќ: Се надевам во новата програма проектите ќе бидат насочени кон паметно урбанистичкото планирање

Саша Богдановиќ нема да биде во игра за нов мандат во Општина Центар на претстојните локални избори од редовите на СДСМ. Тој преку социјалните мрежи упати благодарност кон неговата матична партија.„Би сакал јавно да се заблагодарам на мојата матична партија СДСМ за укажаната доверба и поддршката да бидам градоначалник на Општина Центар изминативе 4 години.Тоа беше огромен предизвик за мене и задоволство да ја водам најурбаната и најмодерната општина и заеднички со граѓаните на Центар да креираме нова визија за општината по европски модели за работа и стандарди.Им честитам на предложените кандидати.Се надевам дека во новата изборна програма проектите ќе бидат насочени кон паметно урбанистичкото планирање на централното градско подрачје, хуманизација на просторот и ослободување на јавните површини, изградба на нови училишта и градинки, детски и спортски игралишта, реконструкција на улици, зголемување на јавното зеленило, како и реализација на проекти за #НулагГладВоЦентар, #ЦентарРециклира, #СмартЦентар, #ИОтпадотИмаВредност и #ЗеленЦентар.Во изминативе 4 години докажавме дека работиме одговорно, посветено и транспарентно во интерес на нашите граѓани. Инвестиравме во инфраструктура за изградба на нови паркиралишта и резидентни зони за подобрување на условите со паркирањето во Центар. Инвестиравме во нови смарт проекти за #ЗеленЦентар и заштита на животната средина. Изградивме најмодерно училиште во нашата држава за современо образование, отворивме нова детска градинка, ги модернизиравме детските игралишта на цела територија во Општина Центар и отворивме нов Младински Центар – Матично, прогресивен симбол во градот за креирање на младинските политики и практики. Отворивме нов мултимедијален простор „Јадро“, платформа за независната културна сцена и граѓанскиот сектор за проекти во културата во разни уметнички дисциплини. Преку реализација на нашите инфраструктурни проекти, полека ја заокруживме целината што ја најавуваме, а тоа е Дебар Маало да биде резидентно маало. Започнавме со реализација на капиталниот проект за целосна реконструкција на „Мирослав Крлежа“ и пренамена на улицата во пешачка зона. Во завршна фаза сме од реконструкцијата на најголемата сообраќајница во Дебар Маало, улицата „Орце Николов“, која ќе добие нов модерен лик, зголемена безбедност за сите учесниици во сообраќајот и ослободување на јавните површини за стимулирање на пешаците и велосипедистите. И, по 12 години успеавме да ги вратиме надлежностите на општината и ја преземавме целосната контрола за користењето на јавните површини и поставување урбана опрема на одредени подрачја во Општина Центар. Обезбедивме нови специјални комунални возила за почисти улици и зголемување на јавната хигиена и чистота, изградивме многу нови маалски катчиња и простор за рекреација за жителите. И најважно, од мојот мандат па досега, наплатени се 4.000.000 евра по разни основи, судски пресуди и активирани банкарски гаранции.Останаа и капитални проекти што не се завршени, како што се изградбата на новата детска градинка во населбата Пролет, изградбата на катната гаража, доградбата на училиштен објект во ООУ „Коле Неделковски“ и искрено верувам дека идниот градоначалник ќе ја продолжи нивната завршна реализиција.Најискрено би сакал да се заблагодарувам на мојот тим и целиот колектив од општинската администрација, која што од самиот почеток веруваше во мене и со нивната поддршка и доверба, заеднички успеавме да реализираме 70% од изборната програма. Општина Центар никогаш не била во подобра финансиска и стабилна позиција, која има капацитет самостојно да ги реализира предвидените проекти. Затоа сум особено горд што заеднички успеавме.Ви благодарам!И за крај, голема благодарност до сите жители во Центар кои секојдневно наоѓаа време да ми се заблагодарат и да ми ја изразат поддршката и благодарноста за мојата работа. Вашите зборови и пораки беа потврда и најголема мотивација во мојот четири годишен мандат“, стои во објавата на фејсбук.Денеска, СДСМ го соопштија својот кандидат за оваа општина. Се работи за Горан Герасимовски, име кое често се споменуваше и пред официјално да бидат објавени имињата на кандидатите за градоначалници.

Македонија | пред 4 години

skolo-4

Онлајн настава во средните училишта во четири града

Владата вечерва го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.На денешната седница е дополнет и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите до 2 години.Утре во Македонија почнува школската година, која во повеќето градови, со исклучок на горенаведените, ќе биде со физичко присуство.„Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Советот на Општина Охрид, денес ја одржа шеесет и третата седница

Советот на Општина Охрид, денес ја одржа шеесет и третата седница, на која доминираа шестмесечните извештаи за работата на секторите и одделенијата на општинската администрација, јавните претпријатија и основните и средните училишта.Седницата беше надополнета со 8 точки, од кои најголем дел беа за обезбедување на комјутерска опрема за основните училишта.

Охрид | пред 4 години

brza-pomos

37 починати лица од корона, 870 новозаболени

Во последните 24 часа се направени 5.844 тестирањe, а регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.Во Скопје има 368 новозаразени, Тетово – 78, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен – 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар – 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2, Гевгелија – 1.Пријавени се 37 починати лица: 10 починати лица од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ),3 починати лица од Гостивар (81г, 66г, 58г ), 2 починати лица од Кочани (78г, 63г ), и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 5.844 тестови преку: ИЈЗ-372, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-63, ЦЈЗ Тетово–118, ЦЈЗ Куманово –88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 19, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-427, Биотек-467, Систина-175, лабораторија Лаор-445, Синлаб-118, Ремедика-30, Плодност–100, Генеа -12, Никоб лаб-816, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-81, Ројал Медика –56, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.073.Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 76057, Активни 5523Куманово 10215, Активни 898Прилеп 8660, Активни 267Тетово 10288, Активни 1976Битола 6702, Активни 258Велес 5759, Активни 220Гостивар 7610, Активни 1199Кавадарци 5463, Активни 216Охрид 5522, Активни 451Штип 5232, Активни 171Струмица 5165, Активни 667Струга 3566, Активни 534Кочани 2982, Активни 114Кичево 3588, Активни 601Гевгелија 2293, Активни 79Неготино 2239, Активни 49Свети Николе 1680, Активни 112Ресен 1400, Активни 123Крива Паланка 1269, Активни 34Радовиш 1330, Активни 111Берово 1123, Активни 27Делчево 1042, Активни 56Дебар 1334, Активни 237Виница 955, Активни 42Пробиштип 836, Активни 43Валандово 743, Активни 35Богданци 524, Активни 30Крушево 515, Активни 23Демир Хисар 412, Активни 11Демир Капија 401, Активни 3Кратово 459, Активни 59Македонски Брод 434, Активни 56Пехчево 293, Активни 5Македонска Каменица 268, Активни 18Дојран 135, Активни 1

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje

Иако Македонија е на црвена листа, исполнување на еден услов е доволно за слободно патување

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека вакцинираните лица од земјава може да патуваат каде што сакаат приложувајќи ги ковид-пасошите и сертификатите откако Македонија беше ставена на црвената листа на ЕУ.Министерот образложи дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.„Во тој поглед сме спремни, еособно со сертификатите. Интензивната работа на тимот што работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени“, посочи министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања