Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

moderna-vakcina

Познато од што се компликациите по примањето на вакцината од „Модерна“

Јапонскиот министер за здравство рече дека е многу веројатно дека контаминацијата на вакцините на „Модерна“ против ковид-19 во јужната префектура Окинава е настаната при вметнување на иглите во шишињата.Префектурата Окинава во неделата објави дека делумно ја одложува вакцинацијата со „Модерна“, откако беа откриени несоодветни супстанции во шишенцата и шприцевите. Министерството за здравство соопшти дека иглите можеби биле неправилно вметнати во шишињата, поради што се откинале делови од гумениот чеп.„Која и да е причината, утврдивме дека нема безбедносни или други проблеми“, рече министерот за здравство Норихиса Тамура.„Ќе продолжиме да собираме информации и да известуваме“, додаде тој.

Слајдер | пред 4 години

vakcinacija-skopje-zima

За два дена во Македонија се дадени 18.292 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани. Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се 531.033 граѓани.Со последните бројки 52% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

пред 4 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Парите за реклами на партиите да се пренаменат за брзи тестови во училиштата, предлага доктор Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски со објава на својот Фејсбук профил им се обрати на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори и им предложи парите наменети за изборни кампањи да ги пренаменат за брзи тестови за ковид-19 во училиштата.– Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази, парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17 октомври да не „правам ајвар“, напиша д-р Беќаровски.

Македонија | пред 4 години

avganistanci-avganistan-3

ВИДЕО: Мајки и деца со солзи во очите пристигнаа во Македонија, напуштајќи го Авганистан

Првиот патник што се симна од авионот беше трудница во 39-тата недела од бременоста која со возило на Итна медицинска помош е однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека станува збор за луѓе вработени во меѓународни организации, како што се „Опен гавермент“, организација во која членува и нашата држава, „Транспаренси интернешнл“ и други организации со кои сме работеле ние или нашите сојузници во Авганистан.„Тоа се луѓе со кои што сме работеле, луѓе кои споделуваат исти вредности со нас и луѓе на кои не по нивна им е загрозен нивниот живот и животот на нивните деца“, рече Османи.Раководителката на Служба за итна медицинска помош и домашно лекување при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало, рече дека Министерството за здравство, заедно со сите здравствени установи, се подготвени за да ја даде комплетна здравствена заштита на граѓаните од Авганистан во текот на престојот на нашата држава.„На граѓаните ќе им биде направен ПЦР тест во однос на КОВИД-19 и ќе им биде проверен вакциналниот статус. Доколку изразат желба за вакцинација од КОВИД-19 ќе бидат вакцинирани. Доколку во текот на проверката на ПЦР тестот се констатира дека имаме позитивен/позитивни ќе се спроведе 14 дневен карантин. Понатаму во текот на самиот процес ќе биде спроведен комплетен преглед на децата и на возрасните од страна на педијатар и на специјалист интернист и ќе се оцени здравствената состојба на самите граѓани“, информираше д-р Бубало.Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.

Македонија | пред 4 години

shilegov

Шилегов е нервозен и во паника, затоа што знае дека губи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов е во паника и страв од поразот кој ќе му се случи на 17 октомври и затоа ги пушта своите пајташи на директорот на зоолошката градина Галетановски со навреди и говор на омраза да ја напаѓаат Данела Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Целиот говор на омраза и мизогинија на луѓето околу Шилегов е негов производ.Шилегов е нервозен и во паника, затоа што знае дека губи. Шилегов нема ниту еден проект. Тој вети и не направи продолжување на булевар Илинден и тунел под Кале. Шилегов нема ниту 20% реализација на програмата.Скопјани имаат јасен избор. Данела Арсовска, успешен менаџер и докажан професионалец е иднината. Шилегов е минатото“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

galicica-pozar

ФОТО: Гори Галичица, зафатен македонскиот, но и албанскиот дел

Пожар избувна на планината Галичица. Речиси од вчера изутрина, активно гори шумата. За ова се запознаени и во Општина Охрид од каде велат дека ја следат состојбата. Пожарот, во текот на вчерашниот ден од територија на Република Албанија, каде што беше регистрирано почетното жариште, ја зафати шумата и на територија на Република Северна Македонија.„Вчера во 14 часот, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески по претходна координација со надлежните од Национален парк “Галичица” испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало, за проценка на пожарот и за спроведување на активности за гаснење од воздух.Според првичните информации, од пожарот е зафатен шумски потег со високо стеблеста шума, на непристапен предел и нема опасност од проширување кон населени места.За сите информации во врска со шумскиот пожар, јавноста ќе биде тековно и навремено информирана“, велат од Општина Охрид.

Македонија | пред 4 години

kukja-shilegov

„Јаки филмови ве пукаат откако ги видовте милионите во буџет“, Јоци откако Шилегов не сакаше да коментира за куќата и викендицата

Откако на денешната прес-конференција актуелниот градоначалник на Скопје, но и кандидат за уште еден мандат од СДСМ, Петре Шилегов, кажа дека нема намера да ги коментира обивнувањата од ВМРО-ДПМНЕ и да објаснува, а по објавата за неговата викендица и куќа во Тафталиџе - со свој коментар се огласи Јорданка Ивановска-Јоци.„Шилегов рекол нема намера да објаснува како му се зголемил имотот во мандат - за викендица и со актуелната зградурина во Тафталиџе, куќата која ја реновира. Па, зошто тогаш СДСМ и Шилегов, како тогашен нивен портпарол, држеа милион прес конференции за становите на вмровци кои ги купија кај МВР и становите на Грујо на име на мајка му⁉️Со кое право во 2021 година, не е повеќе важно за владеачката партија, како нивниот кандидат Шилегов во градоначалнички мандат се збогатил со нов или реновиран имот? А, бе, јаки филмови ве пукаат откако ги видовте милионите во Буџет. За тоа време, просечен граѓанин со илјада денари купува леб, јогурт, млеко, тоалет, прашок, сок и едно мевце. А, плаќа сметки 10.000 денари“, напиша Јоци.

Коментари | пред 4 години

aerodrom-1-219117

Не се знае колку, но вечерва пристигнуваат Авганистанци во Македонија

Вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе пристигнат граѓани од Авганистан. Засега не се знае колку бегалци ќе пристигнат вечерва во земјава, дали сите одеднаш или пристигнувањето ќе биде во групи.Како што беше претходно соопштено од Владата, бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.„Според последните податоци, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје“, соопштија властите.

Македонија | пред 4 години

240909139_885573645381573_4433737395507432257_n

ВИДЕО: Ќе се уредувааат охридските плажи, се бара идејно решение

Општина Охрид објави Јавен Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро со што презема важна улога во уредувањето, но и во управувањето со крајбрежјето, согласно еко стандардите, Планот за управување со светско природно и културно наследство и според препораките на УНЕСКО. Основната цел е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните.„Бараме широка поддршка од граѓаните од стручната јавност со цел заедно да креираме и да избереме најдобро идејно решение за изгледот на охридските плажи. Покажавме подготвеност за решавање на децениски проблеми и носиме долгорочни планови за подобрување на туристичката понуда во Охрид, истовремено водејќи сметка за сите мерки и препораки за заштита на светското наследство. Идејните решенија треба да креираат нова слика на крајбрежјето на Охридското Езеро, која е достојна за еден туристички центар. Продолжуваме посветени во исполнување на оваа значајна и заедничка цел“, рече Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.

Слајдер | пред 4 години

korona-1

32 лица починаа од корона, 299 нови случаи од 2.628 тестирања

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2, Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар - 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).Сите пријавени лица  се починати во болнички услови.Направени се 2.628 тестови преку: ИЈЗ-19, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово –1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-134, Биотек-163, Систина-124, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа -5, Никоб лаб-432, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-70, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.517.Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 75689, Активни 5392Куманово 10162, Активни 892Прилеп 8631, Активни 239Тетово 10210, Активни 2016Битола 6687, Активни 258Велес 5748, Активни 214Гостивар 7557, Активни 1221Кавадарци 5441, Активни 195Охрид 5494, Активни 423Штип 5229, Активни 184Струмица 5126, Активни 693Струга 3546, Активни 518Кочани 2977, Активни 120Кичево 3548, Активни 616Гевгелија 2288, Активни 75Неготино 2232, Активни 42Свети Николе 1668, Активни 102Ресен 1387, Активни 118Крива Паланка 1265, Активни 30Радовиш 1319, Активни 111Берово 1119, Активни 28Делчево 1034, Активни 48Дебар 1319, Активни 234Виница 951, Активни 40Пробиштип 833, Активни 42Валандово 738, Активни 30Богданци 522, Активни 28Крушево 513, Активни 21Демир Хисар 411, Активни 10Демир Капија 401, Активни 3Кратово 454, Активни 59Македонски Брод 432, Активни 54Пехчево 293, Активни 5Македонска Каменица 265, Активни 15Дојран 135, Активни 1

Слајдер | пред 4 години

apasiev-1068x580

Реџеп Исмаил носител на листата за изборите во Скопје за Левица, која ќе има 40 советнички листи

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев денеска на прес-конференција соопшти дека како партија на претстојните избори ќе му дадат поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа. Ова, рече Апасиев, е вин-вин ситуација, затоа што по сите анкети тој го победува актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во сите урбани средини, а она што му фали се гласовите на младите кои партијата ги поседува.Левица, појасни Апасиев ќе учествува со максимум десет кандидати за градоначалници и четириесеттина советнички листи. Во Град Скопје, советничката листа ќе ја предводи Хактан Реџеп Исмаил.Тој истакна дека викендов како партија ја финиширале програмата за локалните избори во четириесет општини и Градот Скопје, односно онаму каде ќе имаат свои листи.-Таа ќе биде испечатена, но не смееме пред кампања да изнесуваме детали, бидејќи досега искуството ни е лошо, затоа што често ни ги препишуваат проектите, рече лидерот на Левица.Георгиевски, според Апасиев, сигурно влегува во вториот круг.-Сега за сега анкетите се отпимистички, односно, Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа што ќе се прави ќе се види во тие две недели пред тој да се одржи, истакна Апасиев.Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Георгиевски на прес-конференцијата истакна дека еден од поважните проекти, меѓудругите, ќе биде реконструкцијата на Универзалната сала, иако, како што рече, засега не сака да прецизира кои и какви би биле капиталните проекти, затоа што, според него, треба да се види со колку средства располага градот.За она што планираме, рече, постепено ќе ги информираме граѓаните, а до детали ќе се каже што ќе се прави кога ќе се види колкав е буџетот со кој располага Градот.

Македонија | пред 4 години

88210834_2927362357309957_6701982267075461120_n

Ќе се урива мостот кај Влае

Мостот Обединети нации во скопската населба Влае ќе се урива и на негово место ќе се гради нов. Изградба на нов мост се предвидува со проектот за воведување на брзиот автобуски превоз, за кој Град Скопје зема кредит од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.„Ова е инвестиција каде немате право на грешка при изработка на тендерската документација. На самата траса најкритична точка е мостот Обединети нации. Мојата одлука е да извршиме замена на мостот, што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов и со тоа брзиот автобуски превоз во полн капацитет ќе оди до Ѓорче Петров. Мостот ќе биде со по три ленти во двата правци. Мораме внимателно да планираме оти под мостот е главната водоводна цевка на Град Скопје и други топловодни инсталации. Затоа е подобро да доцнимте оти немаме право на импровизиција“, рече Шилегов.Извор: СДК.мк

Скопје | пред 4 години

carovska

Родителите стравуваат, Царовска одлучна - наставата почнува од утре, мислењето не се менува?

Нема дискусии во однос на моделот на наставата. Комисијата за заразни болести е таа која одлучува за моделот за одвивање на наставата, изјави денеска во Пробиштип министерката за образование и наука Мила Царовска.Таа потврди дека денеска ќе има средба со директорите на средните училишта во државата, а тема на разговор ќе биде стартот на учебната година, а не моделот на наставата.– Јас имам во континуитет средби со сите директори. Во однос на менување на моделот нема таква дискусија заради тоа што од локалниот Координативен штаб на Тетово пристигна барањето за преминување на онлајн настава за две недели настава, при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести како што се изјасни министерот за здравство утврди дека може да одат со онлајн настава, само заради оптеретувањето на болницата, не заради други параметри што укажува на тоа дека денеска нема да се дискутира за промена на моделот во средните училишта, туку за почетокот на учебната година, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип.Запрашана кој е нејзиниот став по однос на наставата во средните училишта Царовска децидна дека одлуките за наставта се носат на Влада со параметри, а не на лични ставови.– Нема ставови на министри. Се останато кое што ви го презентирам е став на Влада донесен врз основа на аргументи и препораки на Комисијата за заразни болести. Се останато кое што се шпекулира не оди во прилог ниту на учењето, ниту на учениците, ниту на државата, рече Царовска.Министерката за образование во однос на протоколите посочи дека тие се објавени многу одамна и се достапни за сите оние коишто сакаат да ги прочитаат – и наставници, и директори, и ученици и родители и медиуми.-Јасно е пропишана дезинфекција, маски и исто така користењето на училишната сала и училишните мензи. Ќе ве замолам за деталите јасно кажани таму да ги видите и да ги презентирате на јавноста. Значајно е дека вентилирањето на самите училници е забрането да се случува со уреди, туку треба да има отворени прозори, отворени врати. Учениците во текот на одморот може да излезат надвор за да може да ги извадат маските, но со престојот во училница треба да има постојана дезинфекција на површините, постојано дезинфекција на рацете и одржување на маските на лицето во континуитет, рече Царовска.Таа за време на посетата на училиштето беше придружувана од Драган Анастасов градоначалник на Пробиштип, кој изјави дека 90 проценти од вработените во ова училиште се вакцинирани. Училиштето е подготвено за старт на учебната година со физизчко присуство по сите протоколи.Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.

Македонија | пред 4 години

IZBORI-GLASANJE-3

Листа на кандидати кои собрале потписи за локалните избори, но и на оние кои сеуште собираат

Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи ги собраа следните кандидати за градоначалници:1. Фатмир Лимани, кандидат за градоначалник на општина Кичево,2. Горан Рајчевски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,3. Горан Чекаловиќ, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,4. Јован Пејовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,5. Стојанче Лазов, кандидат за градоначалник на општина Росоман,6. Перо Митревски кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,7. Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,8. Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,9. Ацо Новевски, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод10. Марјанчо Колевски, кандидат за градоначалник на општина Кратово,11. Сенат Усеиновски, кандидат за градоначалник на општина Охрид,12. Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп,13. Горан Поцев, кандидат за градоначалник на општина Радовиш,14. Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе,15. Енвер Пајазити, кандидат за градоначалник на општина Брвеница,16. Жика Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Илинден,17. Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола18. Шаќир Ислјами, кандидат за градоначалник на општина Врапчиште, и19. Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово.20. Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија,21. Миран Митревски, кандидати за градоначалник на општина Македонска Каменица,Собирањето на потписи ПРОДОЛЖУВА за следните кандидати за градоначалници:1. Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,2. Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово,3. Насто Палиоски, кандидат за градоначалник на општина Струга,4. Иљо Ангов, кандидат за градоначалник на општина Василево,5. Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош,6. Мартин Кировски, кандидат за градоначалник на општина Кочани,7. Зоран Чиплаковски, кандидат за градоначалник на општина Берово,8. Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,9. Александар Симоновски. Кандидат за градоначалник на општина Зелениково,10. Влатко Смоковски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,11. ИвицаТошевски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце,12. Љубомир Јосифовски, кандидат за градоначалник на Град Скопје13. Александар Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Пехчево,14. Господин Попоски, кандидат за градоначалник на општина Вевчани,15. Александар Симоновски, кандидат за градоначалник на општина Зелениково,СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ОПШТИНИТЕЗаклучно со 29 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општините ги собрале следните групи избирачи:1. Група избирачи Петар Камчевски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Кавадарци,2. Група избирачи Ристо Сакалиев, листа на кандидати за членови на совет наопштина Кавадарци,3. Група избирачи Аки Акиев, листа на кандидати за членови на совет наопштина Кочани,4. Група избирачи Франческо Наков, листа на кандидати за членови на совет наопштина Чешиново- Облешево,5. Група избирачи Јана Белчева Андреевска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Центар.6. Група избирачи Борче Бучиновски, листа на кандидати за членови на совет на општинаМогила,7. Група избирачи Сејдо Селиов, листа на кандидати за членови на совет на општинаВиница,8. Група избирачи Арбен Демироски, листа на кандидати за членови на совет на општинаОхрид,9. Група избирачи Антонио Наумовски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Охрид,10. Група избирачи Димитар Веќановски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Охрид,11. Група избирачи Дарко Конески, листа на кандидати за членови на совет на општинаПрилеп,12. Група избирачи Ристе Андонов, листа на кандидати за членови на совет на општинаСвети Николе,13. Група избирачи Хамди Сулејмани, листа на кандидати за членови на совет на општинаТетово,14. Група избирачи Гарп Немиш, листа на кандидати за членови на совет на општинаВелес,15. Група избирачи Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Карпош,16. Група избирачи Мирослав Славковиќ, листа на кандидати за членови на совет наопштина Чучер Сандево,17. Група избирачи Горан Русовски, листа на кандидати за членови на совет на општинаЧучер Сандево,18. Група избирачи Стефан Путовски, листа на кандидати за членови на совет на општинаЧучер Сандево,19. Група избирачи Драгана Велковска, листа на кандидати за членови на совет на ГрадСкопје.20. Група избирачи Габриела Илиевска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Битола.21. Група избирачи Ивица Аврамовски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Македонски Брод,22. Група избирачи Бране Јовановски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Македонски Брод23. Група избирачи Филип Џуковски, листа на кандидати за совет на општина Маврово иРостуше,24. Група избирачи Перо Митревски, листа на кандидати за членови на совет на општинаМакедонска Каменица,25. Група избирачи Ахмедин Рамовиќ, листа на кандидати за членови на совет на општинаДолнени,26. Група избирачи Златко Шурбески, листа на кандидати за членови на совет на општинаМогила,27. Група избирачи Агим Садику, листа на кандидати за членови на совет на општинаКичево,28. Група избирачи Венко Крстевски, листа на кандидати за членови на совет на општинаКочани,29. Група избирачи Владо Ристов, листа на кандидати за членови на совет на општинаЗрновци,30. Група избирачи Македонка Ангеловска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Кратово,31. Група избирачи Димче Андрески, листа на кандидати за членови на совет на општинаДебарца,32. Група избирачи Зоран Ногачески, листа на кандидати за членови на совет на општинаДебарца,33. Група избирачи Дејан Ѓорѓиев, листа на кандидати за членови на совет на општинаПробиштип,34. Група избирачи Денис Тодоровски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Пробиштип35. Група избирачи Алексанрда Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на советна општина Радовиш,36. Група избирачи Африм Селими, листа на кандидати за членови на совет на општинаВрапчиште,37. Група избирачи Јован Златевски, листа на кандидати за членови на совет на општинаКавадарци, и38. Група избирачи Владе Миланов, листа на кандидати за членови на совет на општинаЛозово,39. Група избирачи Даниел Максимовски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Македонски Брод,40. Група избирачи Томе Ќичуков, листа на кандидати за членови на совет на општинаГевгелија,41. Група избирачи Миран Митревски, листа на кандидати за членови на совет на општинаМакедонска Каменица, и42. Група избирачи Стевче Стевоски, листа на кандидати за членови на совет на општинаОхрид,Собирањето на потписи ПРОДОЛЖУВА за:1. Група избирачи Ремзи Медиќ, листа на кандидати за совет на општина Битола,2. Група избирачи Ристенка Алтипармаковска листа на кандидати за членови на советна општина Битола,3. Група избирачи Милош Стаменковиќ, листа на кандидати за членови на совет наопштина Куманово,4. Група избирачи Сузана Ѓорѓевиќ, листа на кандидати за членови на совет наопштина Куманово,5. Група избирачи Ивана Ѓоѓиевска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Куманово,6. Група избирачи Андон Крстевски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Демир Капија,7. Група избирачи Александар Николовски, листа на кандидати за членови на советна општина Дебарца,8. Група избирачи Абдул Азис Адеми, листа на кандидати за членови на совет наопштина Тетово,9. Група избирачи Дејан Димитровски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Гази Баба,10. Група избирачи Александар Јаневски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Петровец,11. Група избирачи Маријанчо Арангелов, листа на кандидати за членови на совет наопштина Кавадарци,12. Група избирачи Ѓорѓи Танушев, листа на кандидати за членови на совет на општинаСтрумица,13. Група избирачи Шевкет Асанов, листа на кандидати за членови на совет наопштина Струмица,14. Група избирачи Стојанчо Велков, листа на кандидати за членови на совет наопштина Босилово,15. Група избирачи Божо Лажетиќ, листа на кандидати за членови на совет на општинаЦентар,16. Група избирачи Борис Ванчев, листа на кандидати за членови на совет на општинаБогданци,17. Група избирачи Муамет Ахмедов, листа на кандидати за членови на совет наопштина Чашка,18. Група избирачи Дарко Спасовски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Ранковце,19. Група избирачи Костадин Василев, листа на кандидати за членови на совет наопштина Ново Село,20. Група избирачи Стојанчо Трпески- Чауш, листа на кандидати за членови на совет наопштина Македонски Брод,21. Група избирачи Митко Камчев, листа на кандидати за членови на совет на општинаКавадарци,22. Група избирачи Костадин Ристоманов, листа на кандидати за членови на совет наопштина Ново Село,23. Група избирачи Виолета Ѓорѓиевска, листа на кандидати за членови на совет наопштина Пехчево,24. Група избирачи Бојан Трајковски, листа на кандидати за членови на совете наопштина Старо Нагоричане,25. Група избирачи Трајче Илиевски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Гази Баба, и26. Група избирачи Свето Димовски, листа на кандидати за членови на совет наопштина Чучер Сандево,Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК на 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август 2021 година.

Македонија | пред 4 години

zaev-z-9

Заев не се откажува од ЕУ, одново им испрати порака

Претседателот на Владата Зоран Заев учествуваше на Европскиот форум Алпбах кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“.Преку интернет видео конференциска врска, премиерот Заев учествуваше на панелот „Перспективите на Северна Македонија“ заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, и во своето воведно излагање истакна дека членството на земјата во ЕУ е перспектива и без алтернатива и покрај разочарувањето од блокирањето на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија.„Посветени сме целосно на овој процес затоа што нѐ водат европските вредности кои се и наши вредности и кои со сите политики што ги имплементираме ја остваруваат европеизацијата и тоа е нашата најсилна мотивација. Целта на Република Северна Македонија не е членство заради членство туку заради постигнувањето на стандардите и имплементацијата на тие стандарди во сите сфери на нашето општество“, нагласи премиерот Заев.Дека земјата е на вистинскиот пат и дека ги исполни сите критериуми, додаде премиерот Заев, беше потврдено со одлуката и препораката на Европската Комисија до Европскиот Совет на 20 март 2020 година, поддржана од сите земји членки на ЕУ, за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, чија што организација потоа беше блокирана од Република Бугарија.„ЕУ има морална обврска кон Северна Македонија. Сите реформи во земјата се спроведени или се во тек, со соседите решивме прашања кои што беа отворени по неколку децении, како што беше Договорот од Преспа со Грција, или Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Северна Македонија е успешен модел на функционална мултиетничка заедница и лидер на регионалната соработка, а со членството во НАТО станавме фактор на стабилност на Западен Балкан“, потенцираше на Европскиот форум Алпбах претседателот на Владата Зоран Заев.Тој додаде дека сите земји членки се едногласни дека Северна Македонија испорача и дека ЕУ остана должна со исполнување на својата одлука за почеток на преговорите, и се надева дека тоа ќе стане реалност штом Бугарија формира функционална политичка влада и изрази надеж дека на Самитот за Западен Балкан во Љубљана на 6 октомври ќе има сериозно придвижување на блокираното проширување на ЕУ.Меѓу прашања од аудиториумот на Форумот особено внимание беше посветено на иницијативата Отворен Балкан за која премиерот Заев потенцираше дека не е алтернатива за членството во ЕУ, туку процес кој ги забрзува евроинтеграциските процеси во земјите во регионот, кој го поврзува Западен Балкан според принципите на ЕУ и кој остварува огромен придонес во јакнењето на пријателството и соработката.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Поскапуваат горивата, донесена одлуката за новите цени

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на претходната недела.Според новата одлука, од вечерва по полноќ цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар за литар и ќе изнесува 71 денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе бидат поскапи за 1 денар и ќе се продваат за 73 односно 62,50 денари по литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 и пол денар по литар и ќе изнесува 62,50 денари.Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,338 %, дизелот за 3,952 %, екстра лесното масло за 4,602 % и кај мазутот зголемувањето е за 3,891 %, посочуваат од Регулаторната комисија.

Македонија | пред 4 години

antonijo30082021

Милошоски објави нови десет кандидати за градоначалници, претставени се како професионалции

Пратеникот Антонијо Милошоски официјакно ги презентираше десетте кандидати за градоначалници кои ги потврди Извршниот комитет:„1.Како кандидат за градоначалник на Општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски. Којшто е вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ. Претходно бил и член на Советот на Општина Ресен во два мандати, па сметаме дека добро ги познава локалните проблеми и потреби.2. Кандидат за градоначалник на општина Крушево предлагаме да биде Билјана Проеска. Таа е професор во гимназијата во Крушево по македонски јазик, работи таму веќе 20 години. Добро ги знае проблемите во општина Крушево има добра комуникација и со младите и со нивните родители и сметаме дека ќе може да го освои изборниот прага за да може да донесе победа во општина Крушево.3. Кандидат за градоначалник за општина Делчево е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство и во Бугарија и во Германија и во општината Делчево. Сметаме дека има добар углед во општина Делчево и ќе ја освои доербата на граѓаните.4. Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник, сметаме дека оваа негова комуникација со општината Ранковце, му овозможува комуникација со голем број од жителите коишто го предложија за да биде кандидат за општина Ранковце.5. Кандидат за градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како Извршен Менaџер.6. Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов., кој што е дипломиран правник и сметаме дека ги има сите потребни квалификации општина Василево да ја направи подобра и економски подинамична општина.7. Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Семеен човек, дипломиран шумарски инженер вработен во министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и важи за добро познат човек во општина Дебарца и сметаме дека ќе биде одличен кандидат за градоначалник на општината.8. Кандидат за градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев. Сметаме дека е добро познат на македонската јавност како менаџер на една од најуспешните компании на државата, но исто така и во општината Кавадарци како градоначалник кој што реализира голем дел од проектите кои што се битни за кавадарчани. Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци.9. Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци, има добри резултати направено и претходно во самата општина по однос на доверба на други изборни циклуси и сметаме дека може да биде и добар градоначалник на оптина Зрновци.10. Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски предложен од Социјалистичката партија. Господинот Николовски има правосуден испит, дипломиран правник, вработен во 2012 година во општина Кратово. Потоа, имал во ЈП Хидросистем Злетовица и сметаме дека со ова негово работно образовно искуство ќе биде добар и успешен градоначалник на општина Кратово.Тоа би биле известувањата за денес, овие десет кандидати. Би сакал на сите да им честитам, да им пожелам фер плеи и успешна кампања и се разбира успешен и победнички резултат на изборите“, кажа Милошоски.

Македонија | пред 4 години

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

Ужасна несреќа во Скопје: Четири лица меѓу кои и дете се повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион што се случи вчера на локалниот пат од селото Љуботен кон населбата Бутел. Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка, која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.„Во несреќата учествувале патничко моторно возило ‘фолксваген пасат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Е. (25) од Скопје, патничко моторно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. А. (25) од Скопје и товарно моторно возило ‘фиат’ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х. М. (26) од Скопје. Во незгодата тешки телесни повреди добила А. А., а телесни повреди добиле Б. Е. и двајца сопатници од возилото ‘мерцедес’ – Н. А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ и комплексот клиники ‘Мајка Тереза“, соопшти полицијата.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

SILEGOV-1

Шилегов очекува скопјани вторпат да го изгласаат за градоначалник: Очекувам сериозна поддршка

Актуелниот градоначалник на Град Скопје кој има кандидатура за втор мандат, Петре Шилегов, смета дека скопјани ќе го гласаат одново. Наброја десетици проекти кои ги реализирал додека е на функцијата, по што, посочи дека неговите очекувања се легитимни. Збореше за направени четири булевари, зеленилото, загаденоста, реконструкција на улици. Тој додаде дека нема намера да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ на овие избори.„Правото на граѓаните да бидат бирани, е неприкосновено. Не е мое да проценувам дали кој и како ќе гласа. Тоа го проценуваат граѓаните. Очекувам сериозна поддршка од скопјани, поради посветеноста за градот во изминатите четири години. Не е лесно пола мандат да е во пандемија. Легитимно е да сметам дека ќе добијам поддршка“, рече Шилегов набројувајќи што направи.Не сакаше во детали да ја коментира кандидатурата на кандидатот поддржан од Левица, Петар Георѓиевски-Камиказа.„Јас соодветно ќе настапам пред скопјани со политики кои ќе имаат континуитет. На Скопје му е потребен континуитет а не луѓе кои допрва ќе ги учат работите“, рече Шилегов на прашањето како ја коментира кандидатурата на Петар Георѓиевски-Камиказа.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

Шилегов за Арсовска: Јас не знам зошто кандидатот се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шиелгов, одново ја искоментира кандидатурата на Данела Арсовска која е независна поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. За неговата противкандидатка, немаше убави зборови, туку обвинувања.„Ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ толку многу ги потценува скопјани. Очигледно се свесни дека со дивеењето кое го имаа со некомпетентното раководење во градот, притоа се свесни дека не можат со свој кандидат да излезат пред скопјани, па сега играат со независен кандидат. Јас не знам зошто кандидатот се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на таквите независни кандидати сериозно може да го девастира процесот на граѓанскиот активизам. Потребна е голема активност на граѓаните преку невладиниот сектор“, рече Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Lile-stafanova-2

Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“, Стефанова имала контакт со заразен и се тестира за корона

Уште незапочнато, се одложи рочиштето за предметот „Плацеви на Водно“, каде според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.Причината за одложувањето е тоа што обвинителката Лиле Стефанова ќе се тестира за коронавирус, а тоа пред судот го кажа нејзиниот стручен соработник, пред почетокот на ролиштето.Бранителот на Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ, по одложувањето на денешното рочиште, во изјава за медиуми, рече дека биле известени дека обвинителката побарала одлагање, затоа што наводно била во контакт со суспектна особа на Ковид-19.Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Македонија | пред 4 години

30.08.2021-S.Vasev

И по најавата за тужба, Арсовска е кадар на Груевски за СДСМ

Откако независната кандидата Данела Арсовкса беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, владеачката СДСМ постојано со критики.„Поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје е уште една потврда дека на Христијан Мицкоски му е јасно дека го чека пораз во главниот град на претстојните локални избори. Арсовска, кадарот на Никола Груевски е избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје. Очигледно дека никој друг од губитниците од ВМРО-ДПМНЕ не се нафатил на таков чекор“, рече Стефан Васев од СДСМ.„Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, кадарот на Груевски, Арсовска, ќе се обиде да глуми граѓанска независност, но со потписи на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ кои по партиска директива застанаа зад нејзината кандидатура. Како и да ги пакува партиските кандидати, Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги излаже со веќе видени трикови. По 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ не минува нивното глумење кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани. Граѓаните многу добро знаат кој работи за интересите на градот а кој го уништуваше за лични бизнис интереси. Секому му е јасно дека Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

zaev-3

Мицкоски не повикува граѓаните да се вакцинираат, сметаат од СДСМ

„За СДСМ како одговорна партија, највисок приоритет е здравјето на граѓаните. Постојано апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација и да ги почитуваат мерките за заштита, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата со коронавирусот“, соопштува СДСМ.„Повици за вакцинација стигнуваат и од јавни личности, од политичари и лидери на политички партии… единствено Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои од прв ден на пандемијата ги кршеа мерките за заштита, блокираа изградба на модуларни болници, се потсмеваа на болните од коронавирусот.Денес кога масовната имунизација е полн ек, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат, тие поддржуваат антиваксерски протести со кои му се наштетува на здравствениот систем.Додека сите се насочени во борба против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, биле на страна на вирусот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Izbori

Независните можат до полноќ да ги соберат потребните потписи

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври.Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати.Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот кога истекува законскиот рок за собирање потписи.Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.Кандидатурите за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Македонија | пред 4 години

20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

„Позади Заев и Филипче имаме десетина починати, стотина со потешка слика“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Неодговорниот и неспособниот однос на власта кон пандемијата е единствена причина за големиот бран на КОВИД 19 уште во август, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ кои испратија соопштенија. Според нив, Заев и Филипче не преземаа мерки кога тоа им го кажуваше стручната јавност, а сега ги трпиме последиците сите..„Заев и Филипче не воведоа протоколи при влез во државата кога разгорувањето на четвртиот бран беше на повидок, за сега цела ЕУ да не стави на „црна листа“ за влез. Заев и Филипче не ја спроведуваат ниту вакцинацијата како што треба. Наместо неколку десетици пунктови низ Скопје, во екот на таканаречената кампања за масовна вакцинација имаше само три. Власта не знае да ја менаџира кризата и како последица имаме десетици изгубени животи секој ден, илјадници заразени и стотици со тешка клиничка слика. Време е да се промени се од корен. Време е за нов пристап. Време е за нови луѓе. Време е за Македонија за сите луѓе“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања