Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mitko-janev

ВМРО-ДПМНЕ потврди кандидати за 10 општини, Митко Јанчев еден од нив

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра и 10 други кандидати за градоначалници во Македонија за претстојните локални избори. Според извори на „Скопје1“ дел од нив се актуелниот градоначалник Митко Јанчев за Кавадарци, за Општина Дебрца ќе е Сашо Николоски, во Кратово поддршка ќе добие кандидатот на Социјалистичката партија на Македонија. За Ново село е избран Ѓорги Божинов, а во Василево кандидат е претседателот на тамошниот општински комитет Славе Андонов.Иако новинарите инсистираа, лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски не кажа кои се останатите кандидати, ниту ги потврди кандидати за овие општини. Тој кажа дека за помалку од 24 часа на прес-конференција јавно ќе бидат објавени сите преостанати имиња на кандидати кои се потврдени, заедно со нивните биографии.Засега е познато дека ВМРО-ДПМНЕ застана зад независната кандидатура на Данела Арсовска, која до партијата доставила и програма за работа. И ова е со одлука на Извршниот комитет на партијата. Според Мицкоски, Арсовска ќе ги обедини сите, бидејќи е натпартски човек, докажана личност.

Македонија | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Арсовска до ВМРО-ДПМНЕ: Благодарност, ме охрабрува што ја препознаа визијата

Независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на партијата по одлуката на Извршниот одмор.„Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ за поддршката на мојата кандидатура како независен и натпартиски кандидат за градоначалник на Скопје. Ме охрабрува тоа што ја препознаа искрената визија и концепт за подобар живот на скопјани. На Скопје му треба обединување и градоначалник кој ќе помага и работи за сите скопјани, без никакви поделби“, напиша таа.

Скопје | пред 4 години

centargradonacalnici

Неодлучност во СДСМ: Бухова најдобра на анкети, Стевановиќ поддржана од Филипче, Герасимовски „желба“ на функционери

Саша Богдановиќ не се откажува од тоа одново да биде кандидат за градоначалник на Центар, додека високи функционери го форсираат Горан Герасимовски, а потпретседателот Венко Филипче за позицијата ја „мести“ директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ, додека на анкетите високо котира директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова. Внатрепартиските калкулации одат дотаму да со денови нема согласност и единствено за кандидат.Засега, според извори во СДСМ, сигурно е дека Бухова би им донела победа според реакциите на граѓаните, анкетите и проценките кои се правеа изминативе месеци. Токму тука се судираат копјата и дилемите на партијата. Но, Филипче ја форсира Стевановиќ, што според калукациите, може да донесе многу незадоволство бидејќи таа докторската и менаџерската функција би ја напуштила во сред пандемија кога има илјадници заразени, докторите трансферираат од клиника на клиника и работат со ротации поради недостаток на кадар. Во моменти кога има и независни листи, а ВМРО-ДПМНЕ оди со кандидат поддржан и од „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, тоа може да биде губење на изборите за СДСМ.За овие тврдења, нема потврда, но и негирање од СДСМ. „Скопје1“ испрати прашања на кои не добивме одговор за тоа каква е поддршката за Стевановиќ на анкетите, но и дали Бухова сепак ја има најголемата поддршка од жителите на Центар. Оттаму не одговараат ниту дали има несогласувања и околу прашањето кој да биде кандидат.„Скопје1“ веќе објави дека СДСМ до последниот рок нема да го каже кандидатот за градоначалник на Центар за локалните избори. Анкетите се завршени одамна, но се тактизира. Ова, остава впечаток за обид за елиминација на актуелниот градоначалник, Саша Богдановиќ кој ни самиот не знае која ќе биде одлуката на партијата. Слична ситуација имаше во Куманово, каде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски за еден ден ги собра потписите за независен кандидат, откако СДСМ до последно молчеше дали одново ќе биде нивни кандидат.Функционери од СДСМ засега го форсираат претседателот на општинскиот одбор во Центар, Горан Герасимовски да биде кандидат за градоначалник во општината. Неговото име постојано кружи во медиуми кои се повикуваат на партиски извори. Впечатокот на јавноста е дека на овој начин се проверува пулсот на жителите на Центар, за тоа дали ќе му дадат поддршка, иако, неофицијално на анкетите не котирал високо.За овие неофицијални информации, засега нема одговор ниту од Саша Богдановиќ, кого го прашавме дали можеби би бил кандидат на друга партија, ако не биде кандидат на СДСМ.

Скопје | пред 4 години

zaev-stojance-angelov

Заев верува во победа на локалните, одговарајќи дали коалицијата со партиите е стабилна

Разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија. Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници, рече денеска премиерот Зоран Заев.Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена.-Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан.Општините, оцени, не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години.-Педесет милиони евра дадовме директно за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите. Се реализираат и многу проекти поддржани од ЕУ и Европската банка за обнова и развој, од Светската банка, од меѓународни фонадации, но и проекти од централната власт, подвлече премиерот.

Македонија | пред 4 години

direkcija-2

Пациенти од Дебар се носат во Скопје, двајца починаа во едно деноноќие

Во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа две лица од дебарско, едно во ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар, додека другото во здравствена установа во Скопје, информира директорот на болницата Баки Алили.– Еден од пациентите е жител на село Отишани, дебарско, додека другиот на село Баланци, општина Центар Жупа. Во инфективното и хируршкото одделение, хоспитализирани се 30 ковид пациенти, сите на кислородна поддршка. Моментно имаме на располагање уште седум болнички кревети, додава Алили.Според него амбулантски се лекуваат во просек по 20 пациенти, додека за преглед се јавуваат по двапати повеќе.-Поради влошена клиничка слика во последното деноноќие на понатамошен третман во здравствени станови во Скопје пренесени се двајца пациенти, со што во установи таму сега имаме седум наши сограѓани. Моментно активни на болеста, според официјалната статистика се 232 лица, но реалната бројка е поголема, бидејќи многу заразени кои иако се активни не се јавуваат на преглед во почетна фаза, посочува тој.На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, само овој месец потрдени се 318 нови случаи, главно невакцинирани, во списокот на закрепнати се внесени 119, додека за жал починале 14 лица.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

Ахмети бара граѓаните да се вакцинираат

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“ упати апел до сите граѓани да се вакцинираат и изрази сочувство до семејствата на починатите од коронавирус.Ахмети напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од мај оваа година.„Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат Бејта исто така“, напиша Ахмети.Тој изрази сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што вели, подмолен вирус и апелира за масовна вакцинација и почитување на мерките.„Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се“, напиша Ахмети.

Македонија | пред 4 години

tortevski

Скопје добива петти кандидат за градоначалник, адвокат најави кандидатура

Адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата “Твоја”, ја најави својата кандидатура за претстојните локални избори, како кандидат за Град Скопје. Тој вели дека во вторник на официјална прес конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.-Се уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје, напиша Тортевски на Твитер.Ана Петровска, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата Зелен хуман град на претстојните локални избори. Петре Шилегов од СДСМ ќе ја бара довербата на граѓаните на Скопје за нов мандат. Даниела Арсовска влегува како независен кандидат. А Петар Георѓиевски-Камиказа е кандидат на Левица.

Скопје | пред 4 години

taravari-arsovska

Кандидатката Арсовска се сретна со Таравари: Разговараме за идеите и решенијата за Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска се сретна со претставник на Алијанса за Албанците. Со оглед дека неофицијално, таа ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека ќе ја добие и поддршката на албанската опозиција која влезе во коалиција со оваа партија.„Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани“, напиша Арсовска.

Скопје | пред 4 години

avtobus-skopje

Статистика по градови: Над половина од случаите се во три градови

Во последните 24 часа во земјава беа регистрирани 978 нови случаи на Ковид-19. Починаа 24 пациенти од кои двајца на 39-годишна возраст.Речиси половина од новодијагностицираните случаи се од Скопје или вкупно 405 по што следува Тетово со 72 нови случаи. Двоцифрен е бројот на нови случаи и во Струмица – 66, Куманово 55, Гостивар 48, Кичево 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.Бројот на активни случаи во земјава достигна 14.127. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица.Во Скопје во моментов има 5.214 активни случаи. Во Тетово има 2.042, а во Гостивар 1.394. Се поголеми се бројките на заболени и во Струмица каде во моментов има 698 болни, во Кичево 636, во Струга 507, во Охрид 408.Според последните бројки што ги објави Министерството за здравство за вакцинацијата досега вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.– Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираше Министерството за здравство.

Слајдер | пред 4 години

shilegov-11

Шилегов со чиновничка плата стасал со луксузна куќа среде Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да каже како со чиновничка плата стасал до речиси нова луксузна куќа од 306 метри квадратни среде Скопје.„И додека граѓаните осиромашуваат и фирми се затвораат Петре Шилегов ја реновира својата 306м2 речиси нова луксузна куќа во Карпош. Народ останува без работа и нема пари да преживее, а Шилегов реновира луксузна куќа. И тоа не е се. Во текот на овој мандат Шилегов се поднови и со луксузна хациенда во Маврово со огромен двор, која како што пишал во неговиот анкетен лист вреди 55.000 евра“, велат од партијата.Во текот на еден мандат, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов акумилирал имот кој некој цел живот не може да го стекне.„Шилегов својот мандат во октомври ќе го заврши со 4 стана во Скопје, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово. Како народот работи цел живот за свој дом, а Шилегов има имот од близу 2 милиони евра? Време е за одговори и одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

sdsm

СДСМ тврди дека економијата излегува од кризата

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна, динамична, велат од партијата.„Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари. Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто. Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината. Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто. Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто“, се наведува во соопштението.Дополнителна потврда, велат од СДСМ, за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кризата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто.„Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата. СДСМ како одговорна партија ќе продолжиме со економски политики кои обезбедуваат раст и развој на стопанството, но и подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

w_56736106

Важна информација за студентите: Во вторник истекува рокот за пријавување за студентски оброк

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата.„Ги повикуваме тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар“, соопшти Министерството за образование и наука.Начинот на аплицирање е електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk со прикачување на два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.Со субвенционираниот студентски оброк, студентите добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според проценките на МОН, се очекува ова право да го искористат околу 40.000 студенти.До сега за користење на субвенционираниот студентски оброк пријавени се 15.627 студенти.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje4

Вчера се аплицирани над 13 илјади вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Слајдер | пред 4 години

collage-2

Јоци до Камиказа по поддршката од Левица: Ќе биде колатерала, тука завршува коректниот однос

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која секогаш јавно ги презентира своите ставови и гледишта за актуелната политичка ситуација, овојпат директно му се обрати на Петар Георѓиевски-Камиказа. Тој е кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од Левица. Јоци му коментираше под фотографијата на која е со лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Со оглед дека поддржувачи на партијата 2 год ме оцрнуваат каде стасаат, а не само мене имено, мислам дека од овој момент Перо треба да си свесен дека ти си тој што ќе ги сносиш последиците од тие нивни гнасни напади кон многумина. И пошто си решил да влезеш во рингот со овој на сликава, место да останеш по страна и подалеку од свињарии, ќе бидеш колатерала. Тоа е. Ништо лично. Но, јас немам намера ништо да простам. Пријатно. Тука завршува нашиот коректен однос“, му порача Јоци.

Скопје | пред 4 години

korona-2

978 нови случаи, 24 починати од корона

Во последните 24 часа се направени 7.452 тестирањe, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 405,Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 524 оздравени пациенти од: Гостивар – 155, Скопје – 129, Тетово – 64, Струмица – 43, Кичево – 38, Куманово – 27, Битола – 14, Кавадарци – 11, Штип – 8, Велес – 5, Кочани ,Свети Николе и Кратово – по 4, Гевгелија, Дебар и Виница – по 3, Радовиш – 2, Прилеп, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Делчево , Валандово и Дојран – по 1.Пријавени се 24  починати лица: 6 починати лица од Скопје ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г),  3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г),по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г)  и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г).Сите пријавени лица  се починати во болнички услови.Направени се 7.452 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-87, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово –79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 3, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–255, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-440, Биотек-580, Систина-155, лабораторија Лаор-742, Синлаб-68, Ремедика-0, Плодност–107, Генеа -4, Никоб лаб-990, ВФВ Медикал-120, Ели Медика-186, Ројал Медика –110,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.839.Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 75239, Активни 5214Куманово 10113, Активни 896Прилеп 8602, Активни 232Тетово 10099, Активни 2042Битола 6667, Активни 254Велес 5731, Активни 212Гостивар 7503, Активни 1394Кавадарци 5419, Активни 197Охрид 5478, Активни 408Штип 5212, Активни 187Струмица 5085, Активни 698Струга 3530, Активни 507Кочани 2971, Активни 125Кичево 3518, Активни 636Гевгелија 2284, Активни 82Неготино 2228, Активни 39Свети Николе 1654, Активни 106Ресен 1380, Активни 118Крива Паланка 1264, Активни 29Радовиш 1316, Активни 111Берово 1116, Активни 36Делчево 1034, Активни 50Дебар 1293, Активни 232Виница 947, Активни 37Пробиштип 833, Активни 43Валандово 737, Активни 42Богданци 521, Активни 27Крушево 513, Активни 23Демир Хисар 411, Активни 11Демир Капија 401, Активни 3Кратово 446, Активни 57Македонски Брод 431, Активни 57Пехчево 291, Активни 6Македонска Каменица 265, Активни 15Дојран 135, Активни 1

Слајдер | пред 4 години

12-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-vo-makedonija-osven-skopje-i-ohrid-sovetuva-stranski-sajt-05

ФОТО: Места во Македонија кои можеби не ги знаете, а мора да ги посетите

Живееме во преубава земја, богата со природни убавини, реки, езера, планини, богата историја и прекрасни пејзажи. Се воодушевуваме кога патуваме на места на кои не сме биле претходно. Наши авантуристи, преку дел од своите приказни, предлагаат низа скриени прекрасни места за одмор во Македонија.Смоларски и Колешиски водопадЦрна Река – пределот околу Мариово и село ЗовиќСело Оморани – Ранчо и Ванчо на КатаДолна Лешница – еден од најневеројатните предели во Шар ПланинаВодопадите на река Бабуна – патот накај Солунска Глава кај село Нежилово, има малку одење но глетката е феноменалнаКожле – Стојанов Мост на 30 км од Скопје. Најблиску што може, микс со пешачење и мала авантураКокино – 30 км од Куманово, патото за Старо Нагоричане. Можете да останете и на стемнување за прекрасното зајдисонцеМермерно Езеро на 7 км од Прилеп – само внимателно патот не за ниски автомобили, па може да пробате и пешки доколку е рано и не е топлоВевчани – блиску до Охрид но далеку, може да одите и од страната на Дебар за да избегнете гужви

Магазин | пред 4 години

mickoski-6

Мицкоски за кандидатите на СДСМ: Не можев да се изначудам на некои кадровски решенија кои се покажаа како неспособни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата во Берово одговарајќи на новинарско прашање за кандидатите на СДСМ за градоначалници вели дека тоа се стари истрошени луѓе од времето на транзицијата, кои се покажаа комплетно неспособни и кои ја изневерија довербата на граѓаните.„Посебно не можев да се изначудам на некои нивни кадровски решенија кои што во изминатиот период се покажаа како комплетно неспособни и граѓаните во тие општини генерално го делат тоа мислење и преку анкетите но и јавно кога коментираат пред медиумите во камера дека тие луѓе комплетно ја изневерија довербата која што пред четири години беше дадена“, рече Мицкоски.Тој додека дека раководството на СДСМ одлучило да води некојси надмен инает со граѓаните во општини каде посебно потфрлиле, но на 17-ти октомври ќе дојде казната од граѓаните.„Исто така и во оние општини каде што СДСМ призна дека изминативе четири години биле неспособни и ништо не направиле за тие општини каков што е таков случајот во Прилеп каде што кандидираат еден поранешен долгогодишен пратеник, шеф на пратеничка група, малку беше министер па малку директор на царина, сега сака да биде малку градоначалник но тоа ќе биде најверојатно и неговиот крај на политичката кариера, а потоа следи и одговорност за тоа како министерувал и како директорувал во царината, треба да е свесен“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

bogdanovic-gerasimovski

СДСМ тактизира за Центар, се очекува пресврт: Герасимовски се „турка“ без поддршка, Богдановиќ е пречка?

СДСМ до последниот рок нема да го каже кандидатот за градоначалник на Центар за локалните избори. Анкетите се завршени одамна, но се тактизира. Генералниот секретар Љупчо Николовски тврди дека кандидатот не е соопштен бидејќи повеќе имиња се во игра, но неофицијалните информации од партијата говорат друго. Според одредени информации, кандидатот ќе биде соопштен во вторник, се со цел да нема можност до истекот на рокот кој завршува во понеделник, да се собираат потписи за независна кандидатура.Ова, остава впечаток за обид за елиминација на актуелниот градоначалник, Саша Богдановиќ кој ни самиот не знае која ќе биде одлуката на партијата. Слична ситуација имаше во Куманово, каде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски за еден ден ги собра потписите за независен кандидат, откако СДСМ до последно молчеше дали одново ќе биде нивни кандидат.Но, сепак, кружат шпекулации дека Богдановиќ има и „план Б“ за без СДСМ да се појави на претстојните избори. Тој најави дека нема да биде независен кандидат, но, се зборува дека има партија која би го кандидирала актуелниот градоначалник доколку СДСМ не сака. За истово, нема потврда ниту демант од Богдановиќ, кој во јавност досега не излезе со детали што доколку остане без кандидатура од матичната партија.Функционери од СДСМ засега го форсираат претседателот на општинскиот одбор во Центар, Горан Герасимовски да биде кандидат за градоначалник во општината. Неговото име постојано кружи во медиуми кои се повикуваат на партиски извори. Впечатокот на јавноста е дека на овој начин се проверува пулсот на жителите на Центар, за тоа дали ќе му дадат поддршка, иако, неофицијално на анкетите не котирал високо. Поради ова, се отвора прашањето дали Богдановиќ ќе биде кандидат на друга партија доколку не биде кандидиран од СДСМ, а со оглед на слабиот рејтинг на Герасимовски. Засега, Герасимовски молчи на оваа тема и се нема произнесено во јавност.Меѓу останатите имиња кои поднеле документи да бидат кандидати за Центар покрај Богдановиќ и Герасимовски се директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, како и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова.Засега за сите информации нема став од СДСМ. Единствено познато на јавноста, а од изјавата на генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски е дека СДСМ има предност во Центар, без да објави кандидат.

Скопје | пред 4 години

w_56211861

До вторник сите кандидати на СДСМ ќе бидат на мегдан, Николовски објасни зошто досега не се соопштени

Македонска каменица, Шутка, Центар, Струмица се само дел од местата за кои генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кажа дека неговата партија има партија на локалните избори. До вторник, ќе бидат објавени сите кандидати. Според него, во тек се анкети за да се провери кој кандидат би издвоил победа.„До 31. ќе ги објавиме сите кандидати. Има повеќе кандидати, има теренски истражувања. Има внатрепартиски истражувања кои се за граѓаните. Предноста и тука (Македонска каменица) и во Кочани ја имаме“, рче Николовски.СДСМ досега утврдила кандидати за 51 општина. Последно тие ги објавија имињата на уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.Од партијата ги уверуваат граѓаните дека СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Тоа е препознаено и од граѓаните, затоа СДСМ води на сите анкети, затоа е убедлив фаворит на локалните избори, велат од партијата.Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев изјави дека неговата партија јасно стои на пораката за заеднички настап и меѓусебна поддршка на овие локални избори.– Јасно е единството на коалицијата на централно ниво кое се преточува во коалиција на локално ниво која со своите специфики на локалните избори каде се бира личност претставува демократски осврт на оваа владејачка гарнитура. Логично е некаде каде што можеме во првиот круг да се поддржиме, коалициските партнери да се поддржат и се поддржуваме. Таму каде што не може, ќе се поддржуваме во вториот круг. Затоа е јасно како ќе настапиме насекаде во нашата земја, рече Заев во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска“ во Скопје.

Македонија | пред 4 години

18092020_ZPVRSM-Nikolovski_brifing_1

Николовски не одговори кога законот за конфискација ќе влезе во Собрание: Како ќе се одзема имотот?

Вицепремиерот Љупчо Николовски немаше одговор кога законот за конфискација на нелегално стекнат имот ќе влезе во собраниска процедура. За него, поважни беа други прашања околу оваа материја. Тој тврди дека за законот има поддршка од меѓународната заедница.„Не може да стане збор за кога, поважно е што конечно се усвои физибилити студијата на која работеше мојот тим и што имаме драфт верзија на која ќе дискутираме. Советот на Европа во мојот тим препозна чесност, одговорност, истрајност, генерација која сака да направи промени во државата и даде целосна поддршка на целокупниот процес. Ова покажа дека малку луѓе со голема меѓународна поддршка, туркаат голема генерациска поддршка за да се донесе законот за потекло на имот. Секој имот кој не се знае од каде е, ќе биде проверен, ќе биде проверен капиталот на функционери, екс функционери, граѓани. Работат многу судии и обвинители, со цела поддршка се изненадени од процесот“, посочи тој.Николовски смета дека на овој начин се враќа довербата кај граѓаните.„Имаме луѓе во затвор со правосилни пресуди, а државата не може да ги реализира правосилните пресуди за конфискација на имот. Многу луѓе сметаат дека и да се на функција и да идат во затвор, тоа што ќе го создадат, ќе го уживаат како благодет подоцна. Со ова демотивираме да се префрла имот на други и трети граѓани, па да се враќа на тие кои со кривични дела дошле до имот, пари. Ова е еден долг кон сите генерации, за да направиме крупна промена во општеството“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

nikoloski-nikolovski-mickoski-mucunski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл.

Опозицијата се обединува, а СДСМ се раситнува и ја очекува тежок дебакл, наведува ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот договор за соработка со Алијансата за Албанците и Алтернатива.„Потребата од соработка е дотолку посилна поради лошиот правец во кој оди државата со СДСМ – ДУИ. Поразителните податоци на индексот на корупција во извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, лошите оценки и константи негативни рангирања на Економист, Херитиџ и други реномирани светски организации и медиуми се аларм дека се потребни промени“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека на СДСМ им пропаѓа коалицијата. Наведува дека се’ повеќе партии одат посебно, а сe’ повеќе луѓе од СДСМ истапуваат независно.„Во СДСМ има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл. Сите прогресивни сили кои сакаат Заев и оваа лоша реалност да се смени треба да се обединат. Имаме јасна цел за јакнење на фискалниот капацитет на општините и градот Скопје, а потоа и зголемување на процентот на персоналниот данок на доход, како и на процентот кој од данокот на додадена вредност се префрла кон општините. Ќе спроведеме рамномерен регионален развој и ќе ја промениме во целост негативната реалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

bogorodica

Денеска е голем празник: Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица

Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица.

Магазин | пред 4 години

apasiev

Апасиев: пола мои другари од генерација се успешни доктори по Германија, оти "не ги биваше" да се снајдат у вуко*ебинава

Вработување на ЛЕКАР во ЕУ: Дипломираш, праќаш CV у болница, те викаат тим специјалисти на интервју - те вработуваат (ако си добар и те бива). Вработување на лекар во МК: Дипломираш (со врски); попунуеш книшка од СДС-ДПМНЕ; чекаш препорака од некој сељак одговорен за "кадрово" од нивните месни комитети (ако си докторка може и да ти се припуштава сељакот); чекаш наместен конкурс за вработување; аплицираш; ти бараат мито или список за гласање неспособни локални партијаши; не им даваш - вработуваат твој колега со просек шестица кој препишуел на испит. Ти си пакуеш куферите и си идеш. И после, пациентите бегале од болници!? Стварнооо. Не да бегаат, усвет им се фаќа на луѓето више - и не само на пациентите, туку и на лекарите (пола мои другари од генерација се успешни доктори по Германија, оти "не ги биваше" да се снајдат у вукојебинава). p.s. Ресет треба, другари! Ресет на цел систем. И ќе го направиме. За да не ни бегаат ни доктори, ни пациенти.Ама па и вие, не гласајте веќе за СДС-ДУИ-ДПМНЕ!

Коментари | пред 4 години

Danela-Arsovska-Pretsedatel-SSK-960x640

Данела Арсовска ги собра потписите, влегува во трка за Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура.Таа заблагодарувајќи им се на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија.-Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи за мојата кандидатура. Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град, вели Арсовска.Секоја поддршка, посочи, е добредојдена.–Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100 отсто од својата енергија за да успее, напиша Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-27-at-21.07.41

Охрид ја асфалтираше улицата „Радојца Новичиќ“ и 3 пристапни улици во селото Косел

Привршува асфалтирањето на уште една улица во Охрид, но и на три локални улици во Косел.„Деновиве се изврши асфалтирање на 4 краци од улицата „Радојца Новичиќ“ и 3 пристапни улици во селото Косел.Овие активности се предвидени во планот за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година. Во текот на наредните денови ќе се изврши асфатирање на уште 3 улични краци на „Радојца Новичиќ“, по што ќе следува асфалтирање на пристапни улици во селата Горно и Долно Лакочереј“, напиша градоначалникот Константин Георгиески.

Охрид | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања