Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grcija-korona-2

„Да умреа 36 кучиња во еден ден ќе имаше протести“, доктор Лазаров револтиран од бројот на починати

Специјалистот Ненад Лазаров, матичен доктор од Скопје, го искоментира енормно големиот број на починати во последното деноноќие. Според денешната статистика, како последици на коронавирусот, починаа 36 лица. Од почетокот на пандемијата до сега, ова е 21 лош ден, кога во прашање се изгубените животи по зараазување со вирусот.„Денес има 36 починати. Да умреа во еден ден 36 кучиња или мачки протести ќе имаше сигурно.Психопатологија на најјако“, напиша Лазаров.Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19. Професорот Дејан Трајковски кој предава на Техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола направи анализа на смртните случаи во Македонија, како последица на коронавирусот. Од неговата објава може да се заклучи дека од почетокот на пандемијата до сега, дури во 20 денови имало поголем број на починати лица од денешниот.„Заклучно со денеска, 27.08.2021, бројот на починати од Делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% – една од највисоките на светот“, пишува професорот.

Коментари | пред 4 години

vlado-misajlovski

Што покажуваат анектите за локалните избори, Мисјаловски со бројки

Овие локални избори ќе бидат еден вид на референдум бидејќи со голема победа на ВМРО-ДПМНЕ паѓа СДСМ, паѓа ДУИ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување во Централниот дневник на Македонската телевизија, посочувајќи дека потребно е подготовка на добри програми за локалните избори со кои ќе се решат проблемите на граѓаните.Но секако ние треба сето тоа да го преточиме во локална програма бидејќи граѓаните очекуваат решавање на нивните проблеми, рече Мисајловски.Мисајловски коментирајќи ги обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ постигнала договор за измените за Изборниот законик далеку од очите на јавноста, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била коректна и отворена при носење на ова законско решение, додавајќи дека сите кои говореле и барале една изборна единица на крај побегнале од тоа барање.Толку бевме отворени и коректни што оставивме и власта да се договори со помалите политички партии за да најдат заеднички јазик и ние ќе го прифатиме, додека едно време сите говореа за една изборна единица сите побегнаа од таа една изборна единица. Така што мислам дека ова е една мала игра помеѓу СДСМ, ДУИ и некои политички партии, посочи Мисајловски.На прашањето што им дава толкав оптимизам за по победата на локалните избори да бараат и предвремени парламентарни избори, Мисајловски рече дека тоа е опозициското расположение, но и анкетите кои покажуваат голема победа за ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори.Први и основни ви кажав, тоа е опозициското расположение, кое што го гледаме на анкетите за ВМРО-ДПМНЕ. Ние во најголемиот дел во Македонија имаме одлични бројки сигурни победи, во другите општини се разбира ќе дадеме се од себе да ги освоиме. Така што ВМРО-ДПМНЕ е пред убедлива победа и затоа велиме секој да ни се приклучи за оваа победа да биде многу поголем, вели потпретседателот Мисајловски.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

За шест дена ќе биде врвот на смртни случаи, смета професорот Трајковски, според кого ова е 21 најлош ден по смртност од корона

Професорот Дејан Трајковски кој предава на Техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола направи анализа на смртните случаи во Македонија, како последица на коронавирусот. Од неговата објава може да се заклучи дека од почетокот на пандемијата до сега, дури во 20 денови имало поголем број на починати лица од денешниот.„Ефективниот репродукциски број Rt, поточно неговата седумдневна просечна вредност практично е на единица. Меѓутоа, бидејќи ова е задоцнет индикатор, деновиве преносливоста е веќе единечна, па дури и малку под единечна. Со други зборови, епидемијата започна да забавува.Ова најдобро го гледаме на дијаграмот на втората слика, за дневниот број на нови случаи во логаритамски координати. Забележуваме дека последните 4 дена имаме линеарно намалување на логаритамот на дневната промена, а тоа значи нејзино експоненцијално намалување. Оттука дури можеме да предвидиме дека до 10 септември дневниот број на случаи би опаднал најмалку до 500, ако не и повеќе, знаејќи дека близу врвот наклонот е помал, а потоа се зголемува. Подвижната средина (зелената линија) е веќе рамна, што значи дека во просек во изминатите 7 дена дневните броеви во просек стагнирале со растот.На фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на третата слика) забележуваме дека бројот на активни случаи забавува со раст, а максимумот ќе бида достигнат при околу 15.000 случаи, за околу 6 дена (во насока на портокаловата стрелка).Приближно во исто време ќе настапи и врвот на бројот на смртни случаи, но истиот не би требало да искачи многу над 40 случаи дневно (на дијаграмот на четвртата слика. Инаку ова е дваесетипрвиот најлош ден според дневниот број на починати. Звучи нестварно, но дури 20 дена биле поцрни од денешниот.Заклучно со денеска, 27.08.2021, бројот на починати од Делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% - една од највисоките на светот“, пишува професорот. 

Коментари | пред 4 години

GP-Tabanovce

Петок и сите низ граница: И по половина час се чека на Табановце

Најголем број патници забележани се на Табановце на границата со Србија. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти вечерва АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-3

36 лица починаа од коронавирусот, нови 1.037 се заразија

Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Гостивар – 106, Тетово – 85, Куманово – 37, Струмица – 30, Кичево – 25, Охрид – 21, Струга - 18, Битола – 11, Кавадарци и Ресен - по 9, Штип – 8, Кочани и Дебар – по 7, Радовиш, Берово и Кратово – по 6, Виница – 5, Прилеп – 4, Велес и Свети Николе – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1.Пријавени се 36 починати лица: 11 починати лица од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ).Од починатите лица 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.Направени се 6.654 тестови преку: ИЈЗ-361, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-96, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–141, ЦЈЗ Куманово –62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-415, Биотек-491, Систина-116, лабораторија Лаор-486, Синлаб-42, Ремедика-26, Плодност–81, Генеа -13, Никоб лаб-683, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-136, Ројал Медика –75, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.913.Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 74837, Активни 4948Куманово 10057, Активни 868Прилеп 8577, Активни 208Тетово 10027, Активни 2038Битола 6640, Активни 242Велес 5707, Активни 195Гостивар 7453, Активни 1501Кавадарци 5398, Активни 187Охрид 5450, Активни 382Штип 5175, Активни 158Струмица 5017, Активни 675Струга 3499, Активни 477Кочани 2964, Активни 123Кичево 3478, Активни 634Гевгелија 2281, Активни 82Неготино 2222, Активни 34Свети Николе 1647, Активни 103Ресен 1372, Активни 111Крива Паланка 1263, Активни 29Радовиш 1305, Активни 102Берово 1113, Активни 33Делчево 1030, Активни 47Дебар 1276, Активни 219Виница 943, Активни 36Пробиштип 825, Активни 35Валандово 736, Активни 42Богданци 519, Активни 25Крушево 513, Активни 23Демир Хисар 410, Активни 10Демир Капија 401, Активни 3Кратово 439, Активни 54Македонски Брод 429, Активни 55Пехчево 291, Активни 6Македонска Каменица 260, Активни 10Дојран 135, Активни 2

Слајдер | пред 4 години

jovan-jauleski

Јаулески: Обединувањето на опозицискиот блок ќе стави крај на власта, видовме дека нема друг начин

Обединување на опозицискиот блок е единствен начин за да падне власта на СДСМ и ДУИ, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој анализирајќи ги состојбите во државата, посочува дека Македонија ги живее најтешките години, бидејќи граѓаните се сведоци на самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и скандали.„Единствен начин за да падне оваа криминогена власт предводена од СДС&ДУИ е преку обединување на опозицискиот блок во Македонија. Друг начин, видовме дека нема. Македонија ги живее најтешките години од нејзиното постоење, лошо е и за Македонците, Албанците, Ромите и Власите, Србите, Бошњаците, Турците, лошо е за сите заедници во Македонија.Се иселуваат и Македонци и Албанци. Се иселуваат и од Струга и од Делчево, од Враништа и од Велешта, од Радожда и Радолишта итн... Конкретно од Струга може да се направи цел профил на владеењето на власта. Гледаме самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и криминални и коруптивни скандали. Неспособноста на дуото на власт ја испразни Македонија и затоа, само вака обединети можеме да ставиме крај на тоа. Силна и обединета опозиција значи крај за СДС&ДУИ. Силна опозиција значи многу брза транзиција на власта и силна Македонија, а секој оној кој нема да се приклучи кон овој блок ќе придонесе за останување на Заев на власт“, напиша пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари | пред 4 години

skolo-4

Средни училишта во три градови ќе почнат со онлајн настава, наместо физичко присуство

По барањето на Општина Тетово за почнување на учебната година со онлајн настава во првите три недели, Комисијата за заразни болести одлучи само средните училишта да имаат наставен процес преку интернет и тоа за првите две недели во Тетово и Гостивар, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развјот на состојбатазависност од ситуацијата, изјави во Тетово министерот за здравство Венко Филипче.-Една од главните причини за оваа одлука е состојбата во болниците кои се преполни, пациенти од Тетово и Гостивар се сместуваат во Скопје. Бројката на ученици во средните училишта е висока и може да биде дополнителен ризик фактор иако морам да потенцирам дека немаше трансмисија во училиштата минатата учебна година кога 40 проценти од учениците беа во училниците. Но мораме да сме внимателни сепак сега имаме преполни биолница и не може да се преземе ризик да се случи уште едно дополнително влошување на состојбата. Добро е што бројките на заболени се намалуваат. Масовната имунизација и стекнатиот имунитет веројатно е го прави бранот поразличен, но за да потврдиме ова треба уште некое време треба да помине. Опфатот на вакциниција порасна од 23 на 35 отсто во Тетово, рече Филипче по средбата со градоначалничката Теута Арифи.Основните училишта во двата града ќе почнат настава со физичко присуство..За предлогот на Општина Тетово да се бараат задолжителни негативни тестови од невакцинираните просветни работници, Филипче рече дека тоа се предлози за кои ќе се разговара на Главниот координативен кризен штаб на Владата, а Владата на седницата носи одлука.-Точно е дека во повеќе европски земји луѓето носат мерки со цел да се зголеми опфатот со вакцинација и ние ги гледаме тие пораки и тие предлози. Сега се вакцинирани близу 70 проценти од вработените во училиштата. И верувам дека тоа и почитувањето на мерките, ова важи за територијата на целата држава за сите училишта, дека навистина ќе придонесе да имаме една од епидемиолошки аспект мирна учебна година. Еве сега, дополнителен придонес е вакцинацијата не само таму туку и на општото население, така што за сите предлози ќе се дискутира и на Штабот и на Владата, рече Филипче.За наставата на универзитетите во полошкиот регион министерот рече дека ќе се разговара со нив со оглед на посебните карактеристики кои ги имаат овие образовни установи.

Македонија | пред 4 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Боки 13 заразен со коронавирус во затворот во Идризово

Бојан Јовановски е позитивен на Ковид-19 дознава „Република“. Тој пред неколку дена се пожалил на нарушена здравствена состојба и веднаш му бил направен тест кој излегол позитивен.Покрај Јовановски позитивен е и неговиот цимер. Заради специфичната ситуација  и двајцата се ставени во изолација.Веста дека Боки е позитивен ја потврди и неговиот адвокат Сашо Дукоски. Тој вели дека неговиот штитеник и онака е во лоша состојба и оти ова дополнително ќе влијае на неговото нарушено здравје. Не знае како Јовановски фатил корона и тоа најверојатно се случило со мешање со останатите затворенициПовеќе

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-27-at-17.11.18

(ВИДЕО) Зошто Камчев не го пуштаат од затвор? Неговиот адвокат образложуваше пред медиумите

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува Јордан Камчев во предметот Плацеви на Водно, вели дека настанале процесните проблеми, поради кои, како што вели имаат реален основ за сомнение дека влијаат на пристрасност на застапникот на обвинението, на што укажувале повеќе околности.„Во оваа постапка по редоследот на обвинителниот акт г. Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет месеци, сега почнува шестиот, се наоѓа во притвор. Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Северна Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор. Исто така, веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на г.Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода. Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена“, изјави Миланов на денешната прес конференција.Адвокатот истакна дека во моментот кога со оваа наредба како посебен предмет е отворена постапка Никола Груевски не се наоѓал во Република Македонија и не можел воопшто да биде сослушан во врска со овој предмет, а одредбите од членот 300 став 1 од Законот за Кривична постапка изрично содржат одредба согласно која јавниот обвинител со наредба ќе ја прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или недостапен на државните органи.„И тука би сакал посебно да потенцирам еден момент што се однесува конкретно и директно на г. Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а тоа е дека распитот на Никола Груевски пред Основното јавно обвинителство е направен на 31. 8.2015. Дествијата што се ставаат на товар како евентуално учество во прикривање, на кој било начин располагање со средства на некое казниво дело за г. Јордан Камчев и Ратка Камчева се однесуваат за период од 20.07.2015 заклучно со 21.10.2015. Апсурдно е да се смета дека на 31.8. 2015 можело да биде земена изјава од г. Никола Груевски за нешто што би се случувало во наредните два и пол месеци. Тоа е она за кое сакавме да ве запознаеме како медиуми во однос на процесите и правните проблеми во одбраната на Јордан Камчев. Ги увидовме во списите на овој предмет и во конкретната постапка водена пред Обвинителството и којашто почнува пред Основен кривичен суд“, изјави Миланов.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Објавена анализата колку се вакцинирани, а колку се невакцинирани од новозарзените

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 26 август.За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.Во период од 6 до 26 август, на територија на државата 17.020 граѓанин, се позитивни на Ковид-19. Од нив, 17 отсто биле целосно вакцинирани, односно 2.924 лица.Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83 проценти од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89 отсто, додека само 11 од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид-19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.Министерството за здравство информира дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со Ковид-19 во период од 15 август до 22 август. Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид-19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Македонија | пред 4 години

teuta-arifi-grubi

Тетово не може да се „спаси“ од челичната дама на Груби

Јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во нејзината програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.„Таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години. Јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, а за таа цел Теута има апсолутна поддршка од сите од нас“, рече Груби најавувајќи дека Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите.„Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со ковид отворајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово“, нагласи Груби при посетата на Тетово.

Македонија | пред 4 години

glasanje-izbori

Засега 15 независни кандидати, роковите течат

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК.До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата.Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како и на советнички листи.ДИК на денешната седница исто така соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, вкупно 5164 лица се провериле во Избирачкиот список. Од нив поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.До ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 17 барања.Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

Македонија | пред 4 години

mickoski-gashi

Објавена коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Денес во пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА беше одржана средба помеѓу опозициските партии во нашата земја во пресрет на локалните избори. Претседателите на Алијансата на Албанците, Зиадин Села, и претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, го пречекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Тема на ова средба беа претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив беше посочена борбата против корупцијата и криминалот застапени во општините раководени од СДСМ-ДУИ.Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, станува неминовна опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа.Затоа, констатираа тие, потребно да се соработува со цел општините да бидат институции во служба на граѓаните, со силен и рамномерен локален економски развој, со буџетска поддршка за децентрализација во областите образование, култура и спорт, како и со тежнеење да бидат зелени општини кои ќе обезбедат чист воздух и заштита на животната средина.Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии За начинот и деталите на соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии“, известија од центрите за комуникација на: ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, АлтернАтивА.

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje-1

Ако патувате, „Визер“ воведе и нови линии кон три држави!

Авиокомпанијата „Визер“  најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19.99 EUR.„Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер сега нуди уште поголем избор на дестинации за Мкедонците. Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме првите патниците до новите возбудливи дестинации“, изјави Паулина Госк - менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе почнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на „Визер“ базата во Скопје.Авиокомпанијата ги советува патниците да ги проверат рестрикциите пред да го почнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, „Визер“ им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита. Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100 проценти поврат на средствата како Wizz кредити. 

Македонија | пред 4 години

zaev

СДСМ се огласи откако Максим Димитриевски тргна сам на избори

„СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро“, известуваат од партијата.„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, соопштуваат од СДСМ.Претходно актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку соопштение извести дека денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе се обрати во однос на постапката која е во тек, за собирање на граѓанска поддршка за претстојните локални избори.

Македонија | пред 4 години

sdsm-koleva-daniela

И СДСМ е за наставата да почне со физичко присуство, иако има бунт

Еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука е создавањето на услови за квалитетно образование, истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Колева.За таа цел, реча таа, Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.„Наставата со физичко присуство е најдобриот избор за заштита на менталното здравје и одржување на нивото на квалитет на наставата и социјализација на учениците. Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство во основното и средно образование, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје“, додаде Колева.Според Колева, предвидени се и исклучоци од физичка настава за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.Со ова како што рече, се создава можност за тие кои се во здравствен ризик да следат онлајн настава во текот на целата учебна година.„Во случај на промени во епидемиолошката состојба, МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со резервно сценарио со кое ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес. Образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Овие идеи се предложени и сте засегнати страни се известени. Во моментов Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји“, потсети Колева.Додаде дека дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа, според неа укажува на високата свесност на наставниците за вакциницијта а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80%.

Македонија | пред 4 години

kucinja-bezdomnici

Две лица пријавиле дека се искасани од кучиња во Скопје

На 26.08.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.К.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„23-ти Октомври“ на кеј на река Вардар бил каснат од куче скитник. Исто така, попладнето во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(75) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски-Бато“ била касната од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

granica-carina

Албанец и Пакистанец уапсени на гранични премини, фалсификувале лична карта и возачка дозвола

На 26.08.2021 во 21.30 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода A.A.(41) од Република Албанија, кој управувал патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со бугарска национална ознака, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ односно употреба на фалсификувана албанска возачка дозвола.  Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.Истиот ден, на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(20) од Пакистан поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола и проверка било утврдено дека на увид приложил фалсификувана грчка лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

collage-1

ФОТО: Уништени бистите и дислоцирани спомениците на Љупчо Сантов и Раде Кратовче

По педесет години, Општина Кочани ги дислоцира спомениците на првоборците од Народноослободителната војна, Љупчо Сантов и Раде Кратовче кои со децении се во Градскиот парк. На овој чекор се одлучиле пореди тековната реконструкција, но истиот не е одобрен од сите жители на градот. Тие велат дека сега спомениците ќе бидат ставени во некој ќош, сметајќи дека таков третман не заслужуваат.Бистите од централниот дел на паркот се веќе делумно отстранети односно уништени. На бистите на двајцата борци, на 23 март секоја година, денот на нивното загинување, се положува цвеќе од неколку делегации. Каде ќе бидат поставени спомениците по реконструкцијата, не е познато.

Македонија | пред 4 години

soobr1

Тројца охриѓани повредени по тешка сообраќајка

На 26.08.2021 во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 4 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Возач на мотор со тешки повреди заврши во болница, по сообраќајка сред Скопје

На 26.08.2021 во 16.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Бледски Договор“ со ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.М.(36) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген лупо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(56) од Скопје.Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

bogorodica

Се славо Голема Богородица: кои се обичаите врзани за празникот

Православните христијани утре го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица.Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28-ти август по стариот календар, или 15-ти август по новиот календар.Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15-ти август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28-ти август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.Сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.За празниците на Голема и Мала Богородица обичај е, посебно жените, да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на вршење работи во куќата и околу неа. Значи, на верниците им се препорачува да не извршуваат домашни работи, а ова посебно важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така, не е добро да се работи со раце, или да се започнува нова работа.Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото. Богородица се смета за заштитник на сите христијани и на градот Скопје.

Магазин | пред 4 години

Podmolje_08262021001

Подмоље добива резервоар за вода, Охрид го решава трајно проблемот на жителите

Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље. Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето  кој со години го имаат жителите на ова населено место.Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и се гради по сите најсовремени стандарди за водоснабдување.Градежните активности ги изведува ДОО „Бокоп“, а целокупната инвестиција на проектот изнесува 3.117.752 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.

Охрид | пред 4 години

georgieski

Охрид обезбедува подобри услови за учениците, училиштата добиваат подобар ентериер

Градоначалникот Константин Георгиески денеска беше во увид на дел од градежните активности и инвестициите кои Општина Охрид ги реализираше за да обезбеди подобри услови за учениците.Во ООУ „Христо Узунов“ во моментот се изведуваат завршни активности за комплетна реконструкција на подовите. Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, а деновиве се изведуваат активности за поставување на современ пвц материјал со вкупна површина од 1358 метри квадратни. Претходно, во ова училиште беше извршена промена на дограмата во целиот објект, беа реконструирани тоалетите и беше поставен нов покрив. Во текот на наредниот период ќе се работи на проекти за поставување на нова фасада, промена на подовите во ходничните простории, промена на вратите од училниците, реконструкција на внатрешните ѕидови, таваните и реконструкција на спортските терени.Градоначалникот го посети и подрачниот училишен објект на ООУ „Свети Климент Охридски“ во населба „Далјан“ каде што беше извршена промена на дограмата и беа реконструирани подовите во сите училишни простории. Во овој објект наскоро ќе започне поставување на нов систем за греење и ќе се врши поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Исто така, во текот на наредниот период планирано е поставување на ограда околу училишниот објект, реконструкција на тоалетите и внатрешните ѕидови.Во ООУ „Григор Прличев“ градоначалникот направи увид на новите реконструирани подови во ходничните простории и реконструираната дограма на приземјето и првиот кат од новиот училишен објект. Претходно, беа реконструирани подовите во неколку училници и беше извршена реконструкција на дел од тоалетите.Исто така, во текот на изминатиот период Општина Охрид инвестираше во промена на дограма, покриви, реконструкција на подови, санитарни јазли и реконструкција на внатрешни ѕидови во останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.

Охрид | пред 4 години

30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Заев и Ципрас ќе примат меѓународна награда за мир

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.Како што соопшти владината прес-служба, во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“.На свечената церемонија во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања