Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Vesna-Zmijanac

Весна Змијанац за заработката во Софија: Mожев да купам три стана на Кнез Михајлова

Пејачката Весна Змијанац, откри дека заработила највисок хонорар во 1990 година на настап во Софија, така што секогаш е среќна да се врати во бугарската престолнина, а за парите што ги зела тогаш, можела да ги купи три стана на Кнез Михајлова во Белград.Весна вели дека во Софија секогаш се чувствува како дома, а ја препознаваат на секој чекор на улица, па со задоволство застанува да се фотографира со минувачите.„Секогаш со нетрпение чекам да пеам во Софија или каде било во Бугарија бидејќи таму се чувствувам како дома. Кога шетам, луѓето ми приоѓаат да сликам, исто како и тука, и јас секогаш сакам да одам таму. Имам најдобро сеќавање од концертот што го одржав во 1990 година, бидејќи атмосферата, сама по себе, беше прекрасна. Не сакам да зборувам за пари, ретко зборувам за тоа, но тогаш заработив многу пари. По враќањето можев да купам три стана на Кнез Михајлова“ - вели Весна

Магазин | пред 4 години

tabanovce

Гужва на Табановце, се чека еден час за излез од државата

И утрово има зголемена фреквенција на Табановце, каде за излез од државата се чека околу 1 час, а на граничниот премин Богородица се чека околу 30 минути.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

GP-Tabanovce

Гужва на Табановце за излез од државата

И утрово има зголемена фреквенција на Табановце, каде за излез од државата се чека околу 45 минути до 1 час, а на останатите гранични премини, нема подолго задржување за влез и излез од државата.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата

Македонија | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Институтот „Роберт Кох“: 98,5 проценти од починатите од ковид се невакцинирани

Германскиот институт „Роберт Кох“ за прв пат објави податоци што укажуваат дека масовната вакцинација, исто така, штити од нови соеви на коронавирусот. Досега, близу шеесет проценти од населението во Германија е целосно вакцинирано.Од почетокот на февруари, кога започна вакцинацијата во Германија, смртта на 335 лица кои беа целосно вакцинирани е поврзана со коронавирус. Тоа е 1,5 проценти од сите смртни случаи поврзани со ковид, објави вчера Институтот „Роберт Кох“. Останатите 98,5 проценти од смртните случаи се невакцинирани.Истражувачите се особено среќни што во последните шест месеци, од коронавирус починало само едно лице помладо од шеесет години а кое не било вакцинирано.„ Бројките недвосмислено потврдуваат дека вакцините добро штитат – особено од тешкиот тек на болеста“, вели Карстен Валц, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, за списанието „Шпигел“. Тоа, како што додава Валц, важи и за делта-сојот, иако со него и вакцинираните луѓе можат полесно да се заразат.Во последниот месец, 15 проценти од симптоматските инфекции се вакцинирани, додека 85 проценти од заразените со симптоми не се вакцинирани. Меѓу оние кои завршуваат во болница, невакцинираните сочинуваат околу 92 проценти, а на одделенијата за интензивна нега и на респиратори дури 99,2 проценти од февруари до денес.

пред 4 години

bujar-osmani

Османи утре на самитот на Кримската платформа во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре, 23 август, ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.Кримската платформа е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим. На настанот ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет Претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи.

Македонија | пред 4 години

mvr-1

МВР: 180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

korona-2

Регистрирани нови 1250 новозаразени од коронавирус, починати 22 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирањe, а регистрирани се 1.250 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 421, Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Радовиш и Валандово – по 10, Кочани и Берово – по 9, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2, Богданци – 1.Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 84, Гостивар – 44, Тетово – 43, Куманово – 18, Струмица – 15, Дебар – 12, Кичево – 11, Берово – 9, Кавадарци – 5, Прилеп, Битола и Велес – по 4, Штип – 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 1.Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.Направени се 8.192 тест преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–182, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Авицена-541, Биотек-553, Систина-170, лабораторија Лаор-948, Синлаб-190, Ремедика-29, Плодност–97, Генеа -29, Никоб лаб-1.065, ВФВ Медикал-128, Ели Медика-116, Ројал Медика – 96, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.080.Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 72688, Активни 3421Куманово 9683, Активни 656Прилеп 8488, Активни 141Тетово 9380, Активни 1754Битола 6540, Активни 187Велес 5599, Активни 107Гостивар 6999, Активни 1518Кавадарци 5287, Активни 102Охрид 5309, Активни 284Штип 5083, Активни 109Струмица 4670, Активни 481Струга 3297, Активни 308Кочани 2896, Активни 88Кичево 3232, Активни 524Гевгелија 2237, Активни 40Неготино 2194, Активни 9Свети Николе 1584, Активни 52Ресен 1319, Активни 83Крива Паланка 1240, Активни 10Радовиш 1241, Активни 61Берово 1104, Активни 52Делчево 999, Активни 22Дебар 1182, Активни 173Виница 923, Активни 33Пробиштип 802, Активни 13Валандово 716, Активни 35Богданци 506, Активни 12Крушево 496, Активни 6Демир Хисар 408, Активни 8Демир Капија 400, Активни 3Кратово 411, Активни 34Македонски Брод 403, Активни 37Пехчево 287, Активни 10Македонска Каменица 254, Активни 5Дојран 134, Активни 2

Македонија | пред 4 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Приведен Арачиновец кој со уцена земал 9000 евра

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции вчера го лишиле од слобода В.В.(40) од скопско Арачиново.По претходно добиена судска наредба и преземени мерки и активности, информираа денеска од МВР, бил извршен претрес кај осомничениот, поради постоење основано сомнение за кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по чл.259.– Имено, пријавениот подолг временски период го уценувал оштетениот И.И.(73) од Скопје со видео материјали со компромитирачка содржина, при што во неколку наврати успеал да му изнуди околу 9000 евра. Против пријавениот од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, каде од страна на Основен суд Скопје му е одредена мерка притвор, појаснуваат од МВР.

Македонија | пред 4 години

Konstantin-Georgievski-poseta-na-centar

Градоначалникот Георгиевски во посета на центарот „Една точка за услуги“

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, заедно со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, го посетија центарот „Една точка за услуги“, кој од неодамна официјално започна со работа во Охрид.Центарот ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при обезбедување на информации и документи.Целта е да се подобри ефикасноста на државните служби, да се поедностават административните процедури и да се зголеми бројот на е-услуги.Граѓаните во центарот за услуги, кој е лоциран во стариот влез на зградата на Општина Охрид, ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, 62 услуги преку воспоставена комуникација со другите институции и 800 услуги во вид на сервисни информации.

Охрид | пред 4 години

shopova1

Д-р Шопова: Најстручниот Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки

Да ги прашам матичните колку од пациентите кои прележале ковид повторно се разболеле, прашува д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Да ги прашам епидемиолозите дали стигнала пријава за заразна болест КОВИД кај пациент кој веќе прележал КОВИД, ако стигнале колку пријави има? Да ги прашам одговорните во Мој термин , каде има евиденција за сите болни од КОВИД , дали има и колку има пациенти кои прележале КОВИД и се повторно евидентирани како реинфицирани!?Одговорите Ве молам доставете ги кај Министерот, неговите професoри по медицина, имунолозите, кај членовите на комисијата за заразни болести кои одамна заборавиле што се по професија, и на крај убедете го најстручниот Зоран Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки !!!, коментира таа.

Коментари | пред 4 години

8272261766120a5025e6b6911207293_v4_big

(ВИДЕО) Анџелина Џоли објави писмо кое го доби од тинејџерка од Авганистан

Познатата актерка Анџелина Џоли отвори Инстаграм профил и својата прва објава на социјалната мрежа ја посвети на моменталната ситуација во Авганистан, бидејќи многу Авганистанци бараат безбедност од Талибанците по повлекувањето на американските војници.„Ова е писмо што го добив од тинејџерка од Авганистан. Во моментов, Авганистанците ја губат способноста да комуницираат на социјалните мрежи и можноста слободно да се изразат. Затоа дојдов на Инстаграм да ги споделам приказните и гласовите на оние околу светот се бори за нивните основни човекови права“, напиша Анџелина до фотографија од рачно напишано писмо.„Бев на границата со Авганистан две недели пред 11 септември, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои избегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците повторно се раселуваат поради стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Трошењето толку многу време и пари, пролевање крв и губење животи само за да се повтори, е речиси невозможно да се разбере. Со децении беше болно да се гледа како авганистанските бегалци – некои од најспособните луѓе во светот – се третираат како товар. Знаејќи дека ако имаат услови и почит, ќе направат многу за себе. И запознав толку многу жени и девојки кои не само што сакаа образование, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружите“, рече Анџелина.Бројни луѓе ја поддржаа и и се заблагодарија во коментарите, а повеќе од 4,5 милион луѓе ја следат Анџелина на Инстаграм, неколку часа откако го отвори.

Магазин | пред 4 години

sutka-poplava

(ВИДЕО) Шутка под вода, дождот им ги поплави домовите

Поројниот дожд кој денес го погоди главниот град предизвика поплави на улиците но и во домовите на некои од жителите.Според видеата споделени на социјалните мрежи, населбата Шуто Оризари е меѓу најпогодените од поплавите.На видеото се гледа жител на општината кои загубил се поради полавата, целиот негов дом и двор се поплавени, а како што се гледа на видеото поплавен е и голем дел од населбата.Претходно на социјалните мрежи беа објавени фотографии од поплавени улици во Кисела Вода, а граѓаните имаат потешкотии при нивното движење.

Скопје | пред 4 години

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

Филипче: Нема потреба за карантин во Тетово и Гостивар, од среда повторно се отвора „Борис Трајковски“ за вакцинација

Во текот на следната недела повторно ќе се врши вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.– Имајќи го предвид притисокот, во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата „Борис Трајковски“ зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20 места каде што ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растовари метежот и редовите коишто ги имаме пред здравствените домови – рече Филипче.Заклучно со вчера вакцинирани се 650.000 граѓани од кои 500.000 примиле две дози.Венко Филипче вели дека ги разгледале барањата за прогласување карантин во Тетово и Гостивар каде што болниците преоптоварени, но заклучиле дека тоа се големи рестрикции за кои сега нема потреба.

Македонија | пред 4 години

dragan-danilovski-1

Даниловски до колегите од Комисијата и Комитетот: Толку ли е тешко да се преведе протокол од некоја од соседните земји?

Професорот д-р Драган Даниловски, во своја најнова колумна за порталот doktori  го изнесе својот став за најновите, според него, бесмислени мерки на здравствените власти во превенција од коронавирусот.„Почнува денов, 21 август, 2021 г.Шести ден од стапување на сила на владините мерки против последниов бран. Мерки кои ги критикував во последниот мој пост на Фејсбук („СТАВ“, 9 август, 2021).Најмногу „здоболеа“ „мерките“ за несреќната потврда за примена само една доза и четириесет и петте дена за прележаните, како услови за уживање во животот.И овој пат ќе повторам: Епидемиолошка (и имунолошка) бесмислица! И на сите што умеат логично да размислуваат, јасно им е зошто. Само на колегите во Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација (како да) не им е … Зошто?Џабе пишував. Џабе пишуваа и Никола и Нико и Бојан и уште неколкумина други … Кучињата лаат, карванот си врви …Што се постигна со тие мерки? Ништо особено … Се зголеми донекаде бројот на заинтересирани за вакцинација … за да се втурнат во „живот“ веднаш утредента – со примена прва доза … Ама и оние со примена втора доза, се прашувам, се варделе ли во следните две, односно шест недели, за да им профункционира вакцината!? (Патем, зошто на секој вакциниран граѓанин не му се даде леток, на самото место, со инструкции како да се однесува по примање на дозите?)Со тоа само се фаворизираше дневниот број на заразени!И револтот и гневот! Се испокаравме меѓу себе!И се исподеливме дополнително … А не моравме.Излегоа луѓе на улица. А не мораа.Протестираат угостителите. А не мораа.Зјаат празни дуќани, молови, кафеани … А полни можеа да бидат.Ретки минувачи по улиците … Спарина тешка …Еве, (и) јас јавно ги молам колегите од Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација да одговорат на следниве прашања:– Како и колку се заштитени тие што примиле само една доза на вакцина – или дури и вакцинираните со две дози, без да се знае колку им се антителата?– Зарем тие се позаштитени од оние што едвај извлекле жива глава, ама „имале несреќа“ да прележат ковид пред, да речеме, 46 дена?– Во кои студии е напишано дека имунитетот на прележаните трае токму 45 дена?– И зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, кога последните студии недвосмислено покажуваат дека прележаните имаат посилен и подолготраен имунитет од вакцинираните (1) и дека заштитата на еден прележан ковид пациент, вакциниран само со една доза, е посилна, отколку заштитата со две дози кај непрележан?– Понатаму, зошто упорно не се соопштува колкав е бројот на прележани со повторни инфекции?– Колкумина прележани има меѓу хоспитализираните и починатите?– Колкав е бројот на вакцинирани со една и две дози меѓу нив?– Дали се знае после колку време од примената втора доза се имаат заразено инфицираните, хоспитализираните и починатите (барем приближно, нели).Зашто, ако не се соопштуваат такви податоци, им се даваат „крилја“ на противниците на вакцините (Аха, ете, вакцините не штитат).– И уште нешто! Зошто упорно – тие, комисиите – не предложат донесување на протокол за лекување на ковид инфекции и болни? Пак ли ќе се соочуваме со епидемиска форма на ординирање антибиотици за чиста ковид инфекција на сите нивоа на здравствена заштита? Не научивме ли ништо во изминативе година и кусур? Свесни ли сме (сте) дека без протоколи непотребно се зголемува ризикот од неповолни исходи – особено сега, кога Делта освојува сè поголем простор?Толку ли е тешко да се преведе протокол барем од некоја од соседните земји?Зошто во врска со горните прашања (пред сè, за протоколите) не излегуваат со став стручните асоцијации … и не само тие? Каде е Македонското лекарско друштво? Каде е Лекарската комора? Каде ми се колегите епидемиолози (секоја чест на колегата Сашо), инфектолози? Немате ништо да кажете?Можно ли е нас, медицинската фела, да нè зафатила (веќе) општа апатија и индиферентност?

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje-4

Нови правила за влез на аеродромите

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување. Ова не се однесува на лица под 18 години.Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.-Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија, стои во известувањето.Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.-Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури, порачуваат од ТАВ Македонија.

Македонија | пред 4 години

236410678_1367635420304409_641573146030149252_n

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Скопје во која учествувало амбулантно возило

Сообраќајна незгода поладнево се случи во Горно Лисиче.Во незгодата учествувале амбулантно возило на Никоб и автомобил марка „Пунто“.Засега нема информации за жртви во несреќата, освен придизвиканата материјална штета. 

Скопје | пред 4 години

plaza-1

Колку чини „Не сакам ништо“? Сметка од плажа во Будва е хит на интернет

На Фејсбук страницата „Podgorički vremeplov“ објавена е фотографија од фискална смета издадена на плажа во Будва.На фискалната сметка на која како ставка е напишан одговорот на тројца гости „Не сакам ништо“, а на секој од нив му биле наплатени  по 50 центи.Во коментарите, група корисници посочија дека оваа практика е нормална низ цела Европа, односно дека местото во ресторан се наплаќа во зависност од локацијата, а други се пошегуваа на сметка на гостите. 

Магазин | пред 4 години

BLINKEN-MUSIC-ABLINKEN

Блинкен им се заблагодари на 12 земји кои примија бегалци од Авганистан

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека досега освен САД, уште 12 земји се согласиле привремено да прифатат Авганистанци, меѓу нив Северна Македонија, Албанија и Косово.„Албанија, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Косово, Северна Македонија, Мексико, Полска, Катар, Руанда и Уганда дадоа дарежливи понуди во врска со напорите за преместување на ранливите Авганистанци“, се вели во соопштението на Стејт департментот објавено доцна во петокот на 20 август.„Ние многу ја цениме поддршката што ја понудија и ние сме горди што работиме со нив за заеднички поддршка на авганистанскиот народ. Исто така, ние сме охрабрени што и други земји размислуваат да понудат поддршка“, изјави Блинкен.Во соопштението се наведува дека транзитот на евакуираните Авганистанци и државјани на други земји кои го напуштиле Авганистан, веќе се спроведува преку територијата на 14 земји.Како што наведе, тоа се Бахреин, Данска, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Кувајт, Катар, Таџикистан, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и Узбекистан.

Македонија | пред 4 години

MEGA6859

Со интонирање на фестивалската химна и огномет, затворено 61-то издание на „Охридско лето“

Со интонирање на фестивалската химна и огномет, како и со театарската претстава „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер на Античкиот театар во Охрид беше затворено 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ, истакна дека фестивалот годинава испиша уште една успешна приказна во својата историја и успеа да ја прослави уметноста во време кога се соочуваме со ковид-19.„Испишавме уште едно успешно фестивалско издание на најголемиот и најзначајниот фестивал во земјава „Охридско лето“. Доказ за тоа се врвните уметници кои настапија, позитивните оценки од стручната критика и задоволството на публиката. Со гордост можам да кажам дека понудивме богати и квалитетни уметнички вечери со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат на фестивалската сцена од каде по 61-ви пат се славеше врвната уметност. Покрај светските уметници почит и белег дадовме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста кои имаат светска слава. Успешно се реализираа и традиционалните вечери кои ги направиме во соработка со Амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата „Св. Софија”, на Долни Сарај и во Центарот за култура се одржаа преку 40 културни настани“, рече на свеченото затворање директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.Актерската екипа на Југословенскиот драмски театар за затворање на годинешното фестивалско издание ја донесе семејната драма со политички конотации, „На отворено море“ од познатиот српски драмски писател и комедиограф Бранислав Нушиќ, режирана од извонредниот режисер Егон Савин.

Магазин | пред 4 години

Britney_Spears_Getty_2021

Бритни Спирс под истрага, вработена се пожалила дека ја удрила

Поп-sвездата Бритни Спирс е под истрага откако жена вработена во нејзиниот дом се пожалила дека пејачката ја удрила, соопштија службеници за спроведување на законот во Калифорнија.Жената ги изнела наводите по расправија во домот на Спирс во понеделникот.Полициски капетан во округот Вентура, Ерик Башоу, изјави дека 39-годишната пејачка е осомничена во истрагата откако нејзината домаќинка пријавила дека пејачката ја удрила за време на расправија. Башоу за магазинот „Пипл“ рече: „Наодите од истрагата ќе бидат проследени до канцеларијата на обвинителот. Тоа е истрага за полесен прекршок.“Адвокатот на пејачката ги отфрли обвинувањата на домаќинката на Бритни, нарекувајќи ги „надуени“.Извор близок до Бритни тврди дека извештајот не е точен.„Домаќинката го држеше нејзиниот телефон, а Бритни се обиде да ѝ го земе од раце. Таа не удри никого“, рече инсајдерот.Според претходни извештаи во медиумите, наводната расправија се случила откако вработената го однела кучето на Бритни на ветеринар и тие се расправале за кучето, но засега ниедна страна не ги потврдила спецификите на инцидентот.

Магазин | пред 4 години

vakcina

17.099 граѓани вчера примиле вакцина

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а се вакцинирале вкупно 17.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Со последните бројки, велат од таму, 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат здравствените власти.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, апелираат од министерството.

Македонија | пред 4 години

mila-carovska

Министерство за образование обезбеди таблети за учениците во социјален ризик

Министерството за образование и наука набави и дистрибуираше до училиштата таблети за ученици од четврто одделение од семејства во социјален ризик.Од вкупно 10.000 уреди, до сега се подигнати вкупно 3.000 таблети, соопшти министерството.Со набавувањето на оваа опрема училиштата се подготвуваат за новата учебна година, со која во пракса започнува и имплементацијата на новата образовна Концепција за основно образование. Со новата Концепција се предвидува осовременување на образовниот процес, односно учениците од прво и четврто одделение ќе учат по целосно нови наставни програми и од нови материјали за учење, чија подготовка е во завршна фаза, е објаснето во соопштението од ресорното министерство.Од оваа институција потенцираат дека во наставата во четврто одделение, новина е што предност ќе се даде на дигиталните учебници, кои ќе бидат само една алатка повеќе за успешно совладување на материјалот.„За таа цел, МОН обезбеди таблети кои се наменети за учениците од социјално ранливи семејства. На овој начин, овозможуваме еднаков пристап на сите ученици до користење на современи средства за учење, односно даваме можност мултимедија при учењето да користат и учениците кои поради финансиски потешкотии тоа не можеа да си го дозволат порано“, велат од МОН.Според нив, новите наставни програми треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Како што велат, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.Имплементацијата на новата Концепција започнува етапно и е предвидено целосно да се воведе во деветолетката во следните 5-6 години, соопштија од Министерството за образование.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-21-130543

(ВИДЕО) Патувал 2.500 километри за да ја изненади девојката, па ја најде со друг

Mаж од Кина поминал 2.500 километри за да ја изненади својата девојка на нејзиниот роденден.На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како  човек во костим ѝ  приоѓа на својата девојка во трговскиот центар.Видеото откако е објавено за многу краток време стана хит, а на него се гледа дека ја трга маската од мечка од главата и брзо заминува откако ја виде својата девојка во прегратките на друг маж.Девојката брзо излезе од прегратката на другиот маж и трчаше по нејзиниот дечко во костим.

Магазин | пред 4 години

policija-4

102 возачи казнети поради возење под дејство на алкохол

Синоќа (20/21.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив најмногу на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14.„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

ton_sladoled_snimanje_4565-678x381

Филмот „Еден тон сладолед“ на Сандра Ѓоргиева со награда од Сараевскиот филмски фестивал

Режисерката Сандра Ѓоргиева со краткометражниот игран филм „Еден тон сладолед“, ја освои наградата за најдобар пич (претставување) на Сараевскиот филмски фестивал, пишува „Умно.мк“. Таа беше наградена со 4000 евра, за постпродукција на звук зад кој стои „Охо продукција“.Филмот се снимаше во Скопје пред две недели, а во главната улога се актерите Јелена Јованова-Периќ, Бодан Киранџиски и Јована Иванова.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања