Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ВИДЕО) „Вирусот не постои, нема ковид“, рече жена која се претстави како лекар на протест

Вирусот не постои, еве јас пијам од шише, не знам чиво е. Нема ковид, јас сум лекар…“ изјави на вчерашниот граѓански протест против новите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, жена која се претстави како докторка.-Додека лекарите деноноќно се борат против вирусот и спасуваат животи, антиваксерка на протест се претставува како лекар: „Вирус не постои… Еве јас пијам од шише, не знам чиво е… Нема ковид, јас сум лекар…“

Коментари | пред 4 години

soobrakajka-gostivar

Прилепчанец заврши во провалија, сопатникот е во болница

На 23.08.2021 на регионалниот пат за Демир Хисар, кај место викано „Мраморица“, патничко моторно возило „хјундаи” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(36) од Прилеп, излетало од коловозот.Во незгодата возачот и сопатникот П.А(22) од од Штип се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-23-at-11.46.00

Вработен во модуларна болница: „Глупав човек е тешко да го контролираш, паметен исто, но човек со интелектуален капацитет - ќе го контролираш“

Дали јас и моите колеги и моите професори, можеме да го објасниме процесот на имунизација во 3-5 минути на човек кој нема основни познавања од медицината?Дали може да ви се објасни процес, којшто се учи три години, во 5 минути? Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен,објави на својот фејсбук профил прилепскиопт доктор Петар Кузмановски.-Па, еве ден пред моето враќање со работа во модуларната болница добив потреба, после повеќе од година, да напишам нешто јавно… Не дека досега чував некоја државна тајна, едноставно немав потреба јавно да се испразнам.Ама после 2 месеци работење превентива од COVID-19, односно работа во регионалниот вакцинален пункт, па и теренска вакцинација во околните села, некако поинаку го доживувам враќањето во модуларната болница… Кај средно-тешките пациенти, позитивни на COVID-19.Дали знаете дека на медицински факултет, во трета година, најтешкиот предмет се вика Имунологија?За тие што не знаат, тоа е предмет којшто го изучува имуниот систем на човекот со сите свои анатомски и физиолошки карактеристики. Дали знаете дека мои колеги запишувале квадрат, на тој квадрат уште еден квадрат, а некои се откажале од медицината и продолжиле да студираат друг факултет.Тоа е затоа што предметот е услов за да започнеш со клинички предмети и затоа што предметот е страшно обемен.Е сега… Дали јас и моите колеги и моите професори, можеме да го објасниме процесот на имунизација во 3-5 минути на човек кој нема основни познавања од медицината?Дали може да ви се објасни процес, којшто се учи три години, во 5 минути?Дали може јас да ви објаснам создавање на антитело кога вие не знаете ни што е тоа?Некни купував LED плафонерки и касиерката ми објаснуваше како се поставува истата.“Нема потреба да ми објаснувате, мајсторот што ќе ги мести знае.” и одговорив. И додека ги местевме со мајсторот, тој ми даде инструкции да ја исклучам струјата, па ми кажуваше каде се спојувале фаза со нула…. И вака јас бледо го гледав со сите тие собрани информации без ништо да ми значат, ама на крајот на работата, истата светеше.Задоволен од сработеното, еве уште си живеам без да знам што е фаза, што е нула и зошто ја гаснев струјата дури работеше. Претпоставувам за да не го удри струја, ама верувај, еве сум уште среќен и весел без да знам шо точно тој сработи. И така низ муабет ме праша како е на работа, а јас му реков искрено не сакам да разговарам. Не дека сум безобразен, туку ми беше страв дека ќе сака да му објаснам како делува вакцината, а тој нема познавања од медицината и немам доволно време во тие 10тина минути да му објаснам, како што тој нема доволно време во истите 10тина минути да ми објасни струјно коло. Затоа си правевме муабет на други теми.Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен.Проблемот е што ние како луѓе секогаш сакаме да си ги објасниме нештата околу нас, но одговорот е таков, колку што нашиот интелект дозволува.Пред 1000 години луѓето верувале во леприкони, затоа што не знаеле да го објаснат виножитото како оптички феномен. Ама имале доволно познавање дека златото сјае, па џуџево го има отворено ќупчето со злато затоа вака свети на небото.Глупав човек е тешко да го контролираш, затоа што е глупав, не можеш да се потпреш на него за да ги изврши инструкциите како што треба нели?Паметен човек исто така не можеш да го контролираш, затоа што ќе ти ги открие намерите. Ама затоа човек којшто има интелектуален капацитет, но поради околностите на животот, не го искористил максимално, па сега има читнато, ама нема дочитано… Него ќе го контролираш… Затоа што ќе му ги потполниш недостатоците во неговото познавање со тоа што ти сакаш да манипулираш. И така… теории на заговор.Утре ќе се вратам во модуларната болница и ќе продолжам да ја работам работата што ја сакам, на која што сум посветил 10+ години, заснована на наука.Вие бидете ми добри, здрави, дај боже да не се разболите, па да не треба да се видиме пред инфективна амбуланта.До тогаш, ве оставaм со мислата на мојот омилен човек Neil DeGrasse Tyson: “На науката не и гајле за твојот став и мислење, науката се заснова на факти и закони”.И вакцинирај се, не биди ко тие третите… Што читале ама не дочитале.PS. Чипот за следење не ти е во рамото, туку го носиш во џебот, а можи и ова го читаш со него, напиша тој во својата објава.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-08-23-at-12.33.17

Заев со порака до антиваксерите кои протестираа

Премиерот Зоран Заев упати порака до антиваксерите кои одржуваа протести пред Владата и Собранието. Тој кажа дека како што е уставно право да се оргнизираат протести, така е и правото на здравје.„Мерките кои ги предлагаме веќе се докажано ефикасни. Вакцинацијата е единствен начин да се бориме против вирусот. Фактот што 90 отсто од заразените последната недела се невакцинирани, тоа е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините. Тие се и безбедни. Вакцинацијата е најсигурна заштита од коронавирусот“, рече Заев.Тој кажа дека кампањата „Вакцинирај сѐ“ да им го сврти вниманието на граѓаните кога до нив стигнуваат лажни информации, кажа Заев, па посочи „Вакцината е заштита на цела планета. Да се вакцинираме за да се собереме сите заедно околу нашето секојдневние, за да се вратиме на старото нормално“.

Македонија | пред 4 години

nciekfkwrml819bwf0tg

Биткоинот со вртоглав раст за три месеци

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе CoinDesk.Тоа е највисоката вредност на водечката светска криптовалута во последните повеќе од три месеци, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.Оваа дигитална валута во април го забележа историскиот максимум од над 64.000 долари, но во јуни и јули следуваше нејзината распродажба и урување на вредноста, што опадна дури и под 30.000 долари. Ова во голема мера се должеше на построгата регулатива од кинеските власти, што доведе до прекин на рударењето на биткоини во Кина и преместување на оваа активност во други земји.Меѓутоа, од средината на јули повторно почна континуираното закрепнување на пазарот за криптовалути.Во последните неколку дена, две важни објави имаа позитивно влијание врз движењето на вредноста на дигиталните пари. Една од водечките трговски крипто платформи, Coinbase, минатата недела соопшти дека ќе купи крипто -валути во вредност од 500 милиони долари и дека ќе одвои 10 проценти од својот профит за портфолиото на крипто средства. Второ, Компанијата за онлајн плаќања PayPal соопшти дека ќе почне нова услуга во Велика Британија за да им овозможи на луѓето да купуваат, чуваат и продаваат дигитални валути.Во меѓувреме, другите дигитални монети исто така растат во вредноста. Етер ноќеска се тргуваше со раст од околу 2,0 проценти, на 3.302,59 долари.Вредноста на целиот крипто пазар во неделата надмина 2,14 трилиони долари, може да се види од податоците на порталот Coinmarketcap.com.

Магазин | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Зошто треба трета доза од „Фајзер“?

Трета доза на вакцината на Фајзер против Ковид-19 значително ја подобрува заштитата од инфекција и сериозни болести кај луѓето над 60-годишна возраст во споредба со оние кои примиле две дози, објави израелското Министерство за здравство.Резултатите од истражувањето се совпаѓаат со статистичките податоци објавени минатата недела од „Макаби“, една од неколкуте израелски организации кои обезбедија засилувачки дози со цел спречување на ширењето на делта сојот на коронавирусот.Презентирајќи статистика од Институтот Гертнер и КИ, претставници на Министерството истакнаа дека меѓу луѓето над 60-годишна возраст, заштитата од инфекција 10 дена по добивањето на третата доза од вакцината била четири пати поголема отколку по две дози.Третата доза на вакцината обезбедила пет до шест пати поголема заштита десет дена по вакцинацијата кога станува збор за тешка болест и хоспитализација.Оваа возрасна група е особено ранлива на Ковид-19 и е првата која се вакцинира во Израел.Повеќето од вакцинираните кои сериозно се разболеа во последните недели, беа над 60 години и имале претходни здравствени проблеми.Израел почна да ја дава третата доза на лицата над 60 години на 30 јули.Минатиот четвртокот, Израел ја намали возрасната граница за третата доза на 40 години, вклучувајќи бремени жени, наставници и здравствени работници на возраст под 40 години.Третата доза се дава само на оние кои ја примиле втората пред најмалку пет месеци.САД објавија дека планираат да им понудат трета доза вакцина на сите граѓани, бидејќи заштитата од вакцинацијата опаѓа со текот на времето. Канада, Франција и Германија ќе го сторат истото.Израел моментно има една од највисоките стапки на зараза по глава на жител во светот поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот.Речиси 1,5 милиони луѓе од вкупното население од 9,3 милиони ја примија третата доза.

Актуелно | пред 4 години

w_56102301

Следува „Сушер сој“ на короната? Предупредување од швајцарски научник

Швајцарскиот научник Саи Реди предупреди на опасноста од појавата на нов „супер сој“ на коронавирусот, што може да предизвика уште поголема загриженост ва светот во следните шест месеци.Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, тој наведува дека е неизбежна мутацијата и на делта сојот.-Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година, рече Реди.Според него, „Ковид 22“ може да биде полош од се што светот видел досега во борбата против коронавирусот.Реди смета дека науката и политиката веќе мора да се подготват за такво сценарио.-Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се прилагодат на тоа, рече Реди.Тој верува дека претстојат шест тешки месеци и дека следната есен и зима ќе бидат исти како и минатата година.

Слајдер | пред 4 години

Screenshot_6-8-696x461

Кој е најплатениот актер на светот?

Магазинот „Варајети“ објави листа на најплатените филсмки актери. На листата очекувано се познати лица од Холивуд, а заработката е милионска.Листата на најплатени актери ја предводи филмскиот херој Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег со заработка од 100 милиони долари. Зад него е популарниот Карпа, Двејн Џонсон која за остварувањето „ Red One" заработил 50 милиони долари.По низ следуваат Вилм Смит и Дензел Вашингтон со 40 милиони долари.Вил Смит оваа цифра ја зарабитил од филмот „ King Richard". А Вашингтон во филмот „ The Luttle Things".На петтото место на листата на Варајети е големиот заводник Леонардо Дикаприо со 30 милиони долари од филмот „ Don't Look Up".

Магазин | пред 4 години

panovski

Д-р Пановски: Зошто ги терате луѓето да се вакцинираат во периодот кога имунитетот е најсилен?

Д-р Никола Пановски на Фејсбук ги праша експертите на кои се повикува Mинистерството за здравство зошто луѓето со антитела да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена.„Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?“, прашува тој. 

Коментари | пред 4 години

20210822160738

МНР за удавените битолчани: Се работи на целосно расчистување на случајот

Надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот, велат од македонското Министерство за надворешни работи.Според информации добиени од македонската Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја.„Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада“, велат од МНР.

Македонија | пред 4 години

20210822151139

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Двајцата туристи кои се удавија во Албанија се од Битола

Идентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.Како што пренесува Топ чанел, станува збор за 80-годишниот Р.Д. и 78-годишниот Ц. М. и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена пристигнале во Драч.-Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно од телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал, а откако влегол во водата го забележал и другото тело.Најпрво присутните на плажата им дале срцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот.Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.Видеото можете да го видите на следниот ЛИНК

Македонија | пред 4 години

korona-2

Нови 822 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дела во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 333, Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1.Пријавени се 14 починати лица: по четири починати лица од Скопје на возраст од 54 години, 68години, 69години и 84 години и Тетово на 49 години, 67 години, 68 години и 81 година, три починати лица од Гостивар на 49 години, 72 години и 74 години, по едно починато лице од Куманово на 72 години, Охрид на 82 години и Виница на 77-годишна возраст.Од пријавените починати лица сите се починати во болнички услови.Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1.Направени се 6.591 тест преку: ИЈЗ-226, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–62, ЦЈЗ Куманово–57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–217, Жан Митрев (Филип Втори)-142, Авицена-444, Биотек-407, Систина-133, лабораторија Лаор-600, Синлаб-5, Ремедика-8, Плодност–100, Генеа -15, Никоб лаб-711, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-89, Ројал Медика – 43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.091.Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања на Ковид-19.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 73019, Активни 3693Куманово 9742, Активни 715Прилеп 8505, Активни 158Тетово 9489, Активни 1855Битола 6549, Активни 194Велес 5617, Активни 125Гостивар 7045, Активни 1513Кавадарци 5299, Активни 111Охрид 5330, Активни 303Штип 5111, Активни 131Струмица 4750, Активни 561Струга 3311, Активни 322Кочани 2908, Активни 96Кичево 3274, Активни 555Гевгелија 2240, Активни 43Неготино 2199, Активни 14Свети Николе 1593, Активни 61Ресен 1327, Активни 90Крива Паланка 1240, Активни 10Радовиш 1246, Активни 66Берово 1105, Активни 52Делчево 1001, Активни 23Дебар 1210, Активни 201Виница 926, Активни 33Пробиштип 804, Активни 15Валандово 716, Активни 35Богданци 512, Активни 18Крушево 497, Активни 7Демир Хисар 409, Активни 9Демир Капија 400, Активни 3Кратово 417, Активни 40Македонски Брод 406, Активни 40Пехчево 287, Активни 7Македонска Каменица 254, Активни 5Дојран 134, Активни 2Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Македонија | пред 4 години

plaza

Трагедија: Двајца Македонци се удавија во Албанија

Трагедија утрово на плажа во Албанија. Евидентирани се три случаи на жртви од давење во море.Албанската телевизија А2Си-Ен-Ен објави дека едното лице е 59-годишник со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја.Уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информирала дека станува збор за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Македонија.Како причина за давењето се сметаат високите бранови.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Дел оц Центар утре без струја

Без електрична енергија утре од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Загребска“, подулица 1, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на веќе закажани работи од ЕВН Македонија АД.

Скопје | пред 4 години

policija-5

Казнети 18 возачи во Битола кои биле пијани

Синоќа (21/22.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола, при што санкционирани се 18 возачи. Тие биле изклучени од сообраќај.„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

m080421_ObamaVineyard

Роденденската забава на Обама направи хаос, 158 нови случаи на зараза на островот

Островот „Лозјата на Марта“ во САД има најголем пораст на заразени со коронавирус, по број на жители, а според пишувањата, причина за ова е големата роденденска журка на поранешниот американски претседател Барак Обама.Болницата на островот „Лозјата на Марта“ е полна со нови случаи заболени од коронавирус. Американските медиуми посочуваат по гала забавата на по повод својот 60-ти роденден, на островот нагло се покачила бројката на новозразени со ковид-19. Сега островот има најголем раст на заболени во Америка, по број на жители.Од 7 август, кога била организирана забавата, до денес на овој остров регистрирани се вкупно 158 нови случаи на зараза. Воедно тоа е најголем број заразени од избивањето на пандемијата, тврдат официјалните лица.Како што пренесува локалниот весник „Винјард газет“ три пациенти се во критична состојба, додека една личност е префрлена во болница во Бостон. На островот има само една болница и од почетокот на пандемијата во неа се лекувани само двајца пациенти заболени од коронавирус.Дениз Скеписи, управничка на болницата директно не го поврзала порастот на заболени со големата забава организирана експретседателот на Америка.– Уште ги следиме контактите и утврдуваме од каде почнал да се шири вирусот – додава таа

Магазин | пред 4 години

policija-traka

Пронајдени две експлозивни направи при ископ во Битола

Две експлозивни направи биле пронајдени вчера при вршење ископ на улицата 16-та во Битола.Полициски службеници излегле на местото, а од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување експлозивите направи биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм од Првата светска војна.

Македонија | пред 4 години

zaev-zoran-sednica-vlada

Намален бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

На 99-тата седница го усвоивме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев.Со предложеното законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува на 7 членови во јавните претпријатија чиј основач е Владата, Градот Скопје и општините во кои живеат над 50.000 жители, како и на управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие, а управните одбори на јавни претпријатија основани од општина во која живеат до 50.000 жители се намалува на 5 членови. Бројот на членови на надзорните одбори се намалува на 3 членови.Дополнително со измените се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот и се воспоставува целосна транспарентност при постапката за избор на членовите, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето.Според законското решение, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страните на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб-страната на самото јавно претпријатие и тоа три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав.

Македонија | пред 4 години

soobrakajna-nesreka

Четворица повредени во сообраќајка на патот Струга-Охрид

Четворица луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга – Охрид.Според информациите од МВР, несреќата се случила помеѓу автомобил „опел“, управуван од Е.М.(22) од Струга и автомобил „фиат“, управуван од Д.П.(49) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од с.Поум, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 4 години

policija-3

80 казни за брзо возење во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила

Скопје | пред 4 години

237461003_382352096589040_1923454760530589065_n

Рејмон и Ксињол од Франција победија на Охридскиот пливачки маратон

Францускиот пливач Аксел Рејмон во машка и Ошан Касањол во женска конкуренција победија на годинашниот Охридски маратон.Рејмон ја исплива патеката долга 25 километри за 5:10.31 часа, второто место го освои Италијанецот Едоардо Стокино со време од 5:10.32 часа. На третото место заврши македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев со време од 5:10.34 часа.Медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон ги додели претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на трката.На Охрискиот мартон на  25 километри долгата патека „Климе Савин”  се натпреваруваа 19 пливачи, 12 во машка и 7 во женска конкуренција. 

Магазин | пред 4 години

m_kyodo_nor-2021081701000842

Се појави нов остров во Јапонија по серија подводни вулкански ерупции

Јапонскиот архипелаг има повеќе од 6.800 острови, а пред неколку дена се појави еден нов, пренесе Japan Times.Островот е забележан од страна на Јапонската крајбрежна стража, а откриен е откако се случија серија подводни ерупции на вулкан. Откриен е 1.200 километри јужно од Токио, а долг е околу еден километар.Тамошната метеоролошка агенција издаде предупредување со оглед на потенцијалната активност на вулканот бидејќи сè уште се очекуваат ерупции и исфрлање вулканска прашина.Ваквото појавување на нови островчиња не е невообичаено за Јапонија, земја со зголемени вулкански активности. На сличен начин и претходно беа создадени мали острови, но брзо потонаа поради силната морска струја и ударот од брановите.Постои можност и ова островче да има слична судбина, но тоа зависи од составниот материјал на новиот остров.

Магазин | пред 4 години

238815223_1246911605746069_8849644379769464711_n

(ФОТО) Сеча на шума во Галичник, жителите реагираат, никој не ги известил

МЗ Галичник со реакција за сечата на шума во атарот на селото. Тие велат дека не се известени за сечење на опожарената шума и дека ќе шреземат се за да утврдат кој и по чиј налог ја сече шумата.„Утрово галичани ги разбуди звукот на моторни пили. Се сечеше шумата која за Велигден изгоре над Галичник, пред години садена и вардена од галичани. Месна заедница Галичник не беше ниту официјално ниту неофицијално известена дека било кој надлежен орган издал налог за сечење на опожарената шума. Воедно, МЗГ нема информација за било каков став во однос на понатамошното постапување со дрвната маса собрана од галичкиот орман. По пријава од загрижени граѓани, увид на лице место изврши полиција, но не ги затекна дрвосечачите кои пред да пристигне полицијата го напуштиле местото.Ве известуваме дека ставот на МЗГ во однос на нерегулираната и нетранспарентна сеча е бескомпромисен, и дека ќе преземеме сѐ за да утврдиме кој, зошто, по чиј налог сече шума во атарот на Галичник, и како ќе се постапува со дрвната маса, и тоа во интерес на Галичник и галичани“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

nikolov

Николов: Не сме против вакцинација, мерките се само на хартија

ВМРО-ДПМНЕ не ги организираше протестите, ниту подржува протести, бунтови против вакцинацијата, вели Игор Николов, Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, кој по професија е лекар.Во интервју за Радио Слободна Европа тој зборува за тоа што смета оваа опозициска партија дека власта не направила навремено за да се спречи растот на заразени последниве недели.„За жал, и за овој четврт бран чувството и кај мене и кај колегите е дека не гледаме јасно кој е планот. Општото чувство е дека повторно влегуваме во нешто, можеби повеќе спремни од претходно, но не задоволително, заради тоа што чувството на неорганизираност и недобар план и понатаму постои“, вели Николов.На прашањето што тој би презел доколку би бил на местото на министерот за здравство Венко Филипче, Николов вели:„Како најпрво и најзначајно требаше да се воспостави контрола на границите, на граничните премини. Во никој случај не смееше да се дозволи луди журки и забави во затворен простор. Можеби тоа не беше дозволено на хартија, официјално напишано, но сите бевме сведоци. Ние кога сме сведоци дека нешто се случува, не видовме корективна реакција. Овие собирања во затворен простор траеја два и пол месеци, сите бевме свесни дека тоа ќе резултира со некаков исход, но никаква мерка не беше преземена, никаква корективна акција не видовме. Не можеме само да кажеме дека имавме мерки на хартија, но некој не ги спроведувал и не го контролирал мерките“, објаснува тој.За квалификацијата „фашизоидни мерки за вакцинално картонче во кафеана“, што беше употребена на прес-конференциите на неговата партија, тој објаснува дека нивниот став е дека мерките не требало да бидат брутално наложени.„Морам да ви кажам дека централната здравствена комисија предводена од мене и највисокото раководство на партијата во континуитет повикуваме на вакцинација на популацијата. Сето тоа не може да не класифицира во категоријата на некој што бил против вакцинацијата. Ние цело време потенциравме дека доколку вакцините беа навремено на располагање, доколку навистина се спроведеше едена вистинска стимулација на процесот на вакцинација и едно вистинско забрзување со промотивни мерки и промотивни активности на вакцинацијата, ние ќе имавме поголем вакцинален опсег. Ние не можеме во моментот да се пофалиме со вакцинален опсег од 32 проценти со прва доза од општата популација. Мала ни е бројката на вакцинирани од возрасната популација. За сето тоа зборуваме и дури забрзувањето на вакцинацијата беше една од препораките што ги дадовме пред да почне летото“, вели Николов во интервју за Радио Слободна Европа. Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.

Македонија | пред 4 години

licna-karta-696x365

Од утре се издаваат новите лични карти со „Северна“

Од утре граѓаните ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Северна Македонија, а печатењето е овозможено откако Владата со подзаконски акт овозможи да продолжи печатењето и издавањето на личните документи.Нови лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците ќе добијат над 40 илјади граѓани кои чекаат два месеца, бидејќи во Собрание беше заглавен Законот за лични карти којшто опозицијата го блокираше со над 1.500 амандмани.Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања