Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

najcevska

Најчевска за Маричиќ, Забрчанец и Адеми: Кога потрчковците и буреко-носачите ќе станат фактор во државата..

Споделувајќи вест дека министерот за правда, Бојан Маричиќ,  советникот на премиерот Зоран Заев за надворешна политика Едмонд Адеми, како и со националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец се сретнале со поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, професорката Мирјана Најчевска објави и нејзин коментар.„Кога потрчковците и буреко-носачите ќе станат фактор во државата, нејзиниот рејтинг не може да надмине 0.Тоа ти е“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 4 години

vlada

50% публика на стадиони, 30% во сала - нови мерки на Владата

Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на ковид-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика на отворено.Според новите мерки, се дозволува публика до 50% од капацитетот на стадионите, со почитување на протоколите и мерките за заштита. Гледачот ќе мора да поседува сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти, освен со приложување и проверка на веќе познатите документи за имунизација или прележаност.Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители задолжително e воспоставување редарска служба. Во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата е должност на редовно вработените лица.Концертите на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот и ограничен број на посетители до максимум 1.000, секако со задолжително поседување доказ за вакцинација или прележана болест, а истите документи, како и негативен ПЦР тест, важат и за сите домашни и странски државјани, кои од први септември влегуваат во државава.Странците за транзит ќе имаат можност да излезат од државава за пет часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Слајдер | пред 4 години

korona-1

32 починати лица и 1.210 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица - 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 451 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен – по 8, Кавадарци – 7, Штип – 6, Радовиш, Кочани и Берово – по 5, Прилеп и Свети Николе – по 3, Виница и Охрид – по 2, Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија – по 1.Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.Направени се 7.084 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-131, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–145, ЦЈЗ Куманово–79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-503, Биотек-556, Систина-157, лабораторија Лаор-531, Синлаб-85, Ремедика-34, Плодност–76, Генеа -6, Никоб лаб-819, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-68, Ројал Медика –73, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.099.Досега во земјата се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 73686, Активни 4150Куманово 9860, Активни 768Прилеп 8509, Активни 151Тетово 9671, Активни 1911Битола 6583, Активни 213Велес 5632, Активни 127Гостивар 7198, Активни 1494Кавадарци 5330, Активни 132Охрид 5338, Активни 294Штип 5115, Активни 123Струмица 4814, Активни 554Струга 3350, Активни 353Кочани 2924, Активни 103Кичево 3335, Активни 560Гевгелија 2253, Активни 55Неготино 2205, Активни 19Свети Николе 1604, Активни 65Ресен 1340, Активни 92Крива Паланка 1242, Активни 10Радовиш 1262, Активни 73Берово 1110, Активни 51Делчево 1012, Активни 33Дебар 1226, Активни 192Виница 934, Активни 35Пробиштип 805, Активни 16Валандово 720, Активни 33Богданци 516, Активни 22Крушево 502, Активни 12Демир Хисар 410, Активни 10Демир Капија 401, Активни 3Кратово 428, Активни 51Македонски Брод 417, Активни 47Пехчево 289, Активни 8Македонска Каменица 257, Активни 8Дојран 134, Активни 1

Слајдер | пред 4 години

Easy-Jet

Нискобуџетната авио компанија „Изи Џет“ влегува на македонскиот пазар

Нискобуџетната авио компанија „Изи џет“ влегува на македонскиот пазар во претстојната зимска сезона со авиолинија помеѓу Скопје и Женева. Летовите ќе почнат на 1 ноември и првично ќе се изведуваат двапати неделно, секој понеделник и петок, а од декември летови ќе има трипати неделно.Авиокомпанијата во моментов нема директна конкуренција на оваа авиолинија. Таа ќе стане трета нискобуџетна авиокомпанија што ќе го опслужува скопскиот аеродром заедно со „Визер“ и „Пегасус ерлајнс“.„Визер“, која е доминантна авиокопмпанија во Скопје, не може да воспостави летови меѓу Швајцарија и Македонија бидејќи авиолиниите меѓу двете земји се регулираат преку билатерални договори. Летовите на „Визер“ кон Базел се смета дека се летови кон Франција. Од друга страна, пак, „Изи џет“ има подружница во Швајцарија.Од „Изи џет“ претходно изјавија дека за нив не претставува пречка присуството на „Визер“ на македонскиот пазар и дека ќе бидат воспоставени летови до земјава само доколку има доволно побарувачка.Со ова, Босна и Херцеговина останува единствена земја од поранешна Југославија во која „Изи џет“ не ги нуди своите услуги.

Скопје | пред 4 години

ohrid

Почина српски турист по скок на плажа во Охрид

26-годишниот Никола Стевановиќ за време на летниот одмор во Охрид, се здобил со повреди на рбетниот мозок, по скок во езерото.12 дена бил во хоспитализиран во Скопје, а вчера починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.Стевановиќ скокнал на глава од скокалница поставена во езерото. Но, како што раскажуваат очевидци, во тој дел плажата била плитка и поради тоа удрил со главата на дното и се здобил со сериозни повреди.

Слајдер | пред 4 години

titanik-sudenje

„Титаник“ почнува одново, ама не денеска, туку средината на септември

Судењето за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, продолжува на 14 септември.Преседателот на судечкиот совет Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради поднесеното вештачење на обвинителството за аудио снимките, за да можат обвинетите да го добијат материјалот, а на следнито рочиште судот ќе одлучи кои докази од обвинетите ќе се прифатат во новата постапка.Денешното рочиште беше прво по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното СЈО, поради навршени 60 години возраст.Случајот го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-2

Десет заразени во Тетово ја изгубија битката против короната

Десет пациенти болни од Ковид 19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.„Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира координаторот на Ковид центарот“, доктор Гзим Нуредини.Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.

Македонија | пред 4 години

parking-vozila-koli

Казнети 133 возачи: Се вози брзо, зборејќи на телефон, со неисправни возила, се поминува на црвено

На 23.08.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, три за управување возило под дејство на алкохол, седум за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, седум за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за прекршоци што ги чинат пешаците, две за непочитување на првенство на минување, три за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 46 за непрописно паркирање.

Скопје | пред 4 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Малолетник е тешко повреден, автомобил удрил во него

На 23.08.2021 во 17.40 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка

На 23.08.2021 во 11.30 часот на ул.„Васил Ѓоргов“, во близина на крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(65) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.По незгодата, Б.В. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 4 години

mickoski-mickovski-hristijan32

„Кампањата од 300 илјади евра за вакцинација против корона е само уште еден доказ дека Филипче и Заев се махери да крадат“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на Ненад Коциќ од СДСМ:„Кампањата од 300 илјади евра за вакцинација против корона е само уште еден доказ дека Филипче и Заев се махери да крадат. СДСМ и неговите предводници како Зоран Заев и Венко Филипче како да живеат во друг свет. Откако се појави корона пандемијата пред скоро две години тие не направија ништо ниту за пациентите, ниту за лекарите, нити за здравствениот систем воопшто.Единствено нешто што направија е бројката на починати да се движи кон шест илјади. Сега по повеќе од девет месеци откако е стартувана вакцинацијата, тие нудат кампањи демек да ги потттикнеле граѓаните да се вакцинираат. Нека погледнат во соседството и одма ќе видат како се прави тоа. Но, нив не ги интересира тоа, нив ги интересираат провизиите, парите кои ги ставаат во џеб. Оваа нивна кампања чини 300 илјади евра, демек кампања на Заев и Филипче против корона. Тие наместо лек против корона, на народот му нудат реклами. Ова е само уште еден доказ дека Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев со нов удар за ВМРО-ДПМНЕ: Мрш бре таму, копуци

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев одново со критики за ВМРО-ДПМНЕ.„Настраниот однос помеѓу ДПМНЕ (+ нивните куртон-медиуми) и Левица најарно го опиша пратеникот Крмов. Ми вика, брат, се осеќам ко у некоја мазохистичка веза со овие, каде ние како некоја домаќинка го јадеме ќотекот, ама за доброто на фамилијата (државата) не го пријавуеме мажот у полиција!? Значи, ставот на ДПМНЕ vis-à-vis Левица е следниов: „Ние кога ве плукаме е за доброто на нацијата. Вие кога се браните - не! Ние кога ве местиме во закони е, исто така, за доброто на нацијата. Вие кога се буните - не!“ p.s. Мрш бре таму, копуци“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Скоро 15 илјади граѓани се вакцинирале само вчера

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани.Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 55% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

Spasovski-Georgievski-sredba

Спасовски на средба во Охрид: Со СДСМ и Георгиевски продолжува развојот на Охрид

Потпретседателот СДСМ Оливер Спасовски вечерва беше на маалска средба со граѓаните на Охрид.На средбата Спасовски со охриѓани разговараше за повеќе актуелни теми на локално и на централно ниво и се осврна на претстојните локални избори.– СДСМ и на овие локални избори е изразит фаворит, и овде во Охрид но и низ целата држава. Тоа го покажуваат сите релевантни анкети кои покажуваат дека ја имаме довербата од граѓаните, а довербата ја имаме затоа што сработевме многу во овие четири години, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, посочи Спасовски.Осврнувајќи се на Охрид, Спасовски потенцираше дека само со Константин Георгиевски може да продолжи развојот на Охрид, може да продолжи грижата за светското културно наследство на Охрид и Охридскиот регион.– Со Георгиевски СДСМ во Охрид е сигурен победник. Охриѓани знаат дека само со него и со СДСМ е можно да продолжи развојот на Охрид, да продолжи реализацијата на мерките што значат реализација на препораките на УНЕСКО. Со Георгиевски ќе продолжиме да инвестираме во Охрид да решаваме клучни потреби и барања кои се во интерес на вас граѓаните, заклучи потпретседателот Спасовски.

Охрид | пред 4 години

Igraliste_Grigor_Prlicev

Општина Охрид: Ново детско игралиште во ООУ „Григор Прличев“

Започната е изградба на ново детско игралиште во дворот на OОУ „Григор Прличев“ во Охрид. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити за забава и се врши поплочување на подлогата со бехатон плочки. На игралиштето ќе биде поставена и специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.Според планираното, откако ќе завршат активностите за уредување на ова игралиште, ќе започне изградбата на ново детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.Претходно, ново детско игралиште беше изградено на пешачката патека кон „Горица“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид во вкупен износ од 3.446.113 денари.

Охрид | пред 4 години

Stadion-Ohrid-nova-tribina

Изградбата на новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид во завршна фаза

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, во присуство на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, направија увид на новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид.„Новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ е од големо значење за подобрување на условите за фудбалот во Охрид.Очекувам дека ваквите подобрени услови на стадионот, ќе биде дополнителен поттик за достигнување на нови спортски успеси и се надевам дека во иднина Охрид ќе има свој клуб во првата фудбалска лига.Локалната самоуправа постојано инвестира во развојот на спортот, а оваа година за поддршка на спортските клубови и школи од општинскиот буџет се издвоени околу 27.500.000 денари.И во иднина ќе ја дадеме нашата несебична поддршка за развој на сите спортови.„ - објави градоначалникот Георгиевски во својот статус на Фејсбук.Изградбата на трибината започна пред околу 17 месеци и до сега се финализирани сите поголеми градежни активности на надворешниот дел, поставена е покривната конструкција и поставени се седишта. Во моментот се изведуваат работни активности за уредување на внатрешни простории, кои се предвидени за вакви современи спортски објекти. Вредноста на вкупната инвестиција е 1 милион евра.Новата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ има капацитет од 1480 седишта. Во нејзиниот централен дел се сместени вип седишта, коментаторска кабина и простор за медиумски екипи. Согласно проектот, во внатрешноста се уредуваат соблекувални, тоалети и други потребни простории.Со цел да се подобрат условите на градскиот стадион, деновиве се изведува реконструкција и санација на главниот терен за фудбал, а со помош на ФФМ деновиве беа поставени и нови стативи.

Охрид | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

Коронавирус: 27 починати лица во изминатото деноноќие, 333 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 206, Гостивар – 33, Куманово – 19, Кичево – 13, Струга – 10, Струмица и Дебар – по 9, Прилеп – 7, Тетово, Кавадарци и Охрид – 5, Битола, Кочани и Свети Николе – по 2, Велес, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 367 оздравени пациенти од: Гостивар – 84, Тетово – 66, Скопје – 61, Струмица – 30, Куманово – 23, Кичево – 19, Охрид – 14, Дебар – 11, Прилеп – 7, Струга и Битола – по 6, Штип – 5, Радовиш, Македонски Брод, Виница и Валандово – по 4, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Велес и Ресен – по 3, Крива Паланка – 2, Неготино и Дојран – по 1.Пријавени се 27 починати лица:  8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г),  и Свети Николе (55г).Од вкупно пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.022 тестови преку: ИЈЗ-42, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-131, Авицена-141, Биотек-151, Систина-118, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа -0, Никоб лаб-406, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-37, Ројал Медика – 0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.928.Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 73224, Активни 3829Куманово 9761, Активни 708Тетово 9494, Активни 1791Прилеп 8497, Активни 142Гостивар 7087, Активни 1467Битола 6551, Активни 189Велес 5618, Активни 123Охрид 5335, Активни 294Кавадарци 5304, Активни 113Штип 5111, Активни 126Струмица 4759, Активни 539Струга 3321, Активни 325Кичево 3287, Активни 546Кочани 2910, Активни 95Гевгелија 2240, Активни 43Неготино 2199, Активни 13Свети Николе 1595, Активни 59Ресен 1327, Активни 87Радовиш 1247, Активни 63Крива Паланка 1240, Активни 8Дебар 1219, Активни 198Берово 1105, Активни 52Делчево 1001, Активни 23Виница 927, Активни 30Пробиштип 805, Активни 16Валандово 716, Активни 31Богданци 512, Активни 18Крушево 502, Активни 12Кратово 417, Активни 40Демир Хисар 409, Активни 9Македонски Брод 407, Активни 37Демир Капија, Активни 400 3Пехчево 287, Активни 7Македонска Каменица 254, Активни 5Дојран 134, Активни 1

Слајдер | пред 4 години

bolnica-tetovo

Намерно пресечени цевките за довод на кислород во тетовската болница

Утринава вработените во тетовската болница забележале дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа немало последици по пациентите. Биле оштетени две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект на ургентно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.-Немало прекин во довод на кислород затоа што тој дел го снабдува делот од ургетниот центар каде што имаме пациенти со инфаркти и друго каде ни треба кислород по потреба. Така да имаше таму пациенти одма ќе имаше последици. Замислете цела недела и викенд деновите беа тешки со Ковидот и ние сме навистина многу разочарани од ова. Се гледа дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, една ја пресекол, додека другата е свиткана. Може немал време авторот на тоа дело, сега ќе се преземат мерки за поголемо обезбедување, изјави докторот.Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид.-Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид.Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени.Се расчистува и документира случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.До пладнето во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовката болница.Извор: Слободен печат

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-23-at-12.44.52

Филипче коментираше студија која покажува дека прележаните имаат подобар имунитет од вакцинираните

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека вакциналниот имунитет е подолготраен отколку имунитетот кој е производ на прележан коронавирус. Прашан зошто ако прележаните имаат антитела се тераат на вакцинација, тој даде објаснување.„Нема дилема дека антителата се создаваат после прележана болест и штитат одредено време. Препораката на СЗО е дека имунитетот од вакцината е подолготраен и поефикасен. Тоа што сакаме да постигнеме со мерката граѓаните што побрзо да се вакцинираат, е што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Со тоа постигнуваме две работи, подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Не секој пациент реагира еднакво, некој има антитела, некој не. Може по овој бран да има и нов, кога одредена група на граѓани кои сеа се болни, тогаш да бидат во фаза антителата да им паѓаат и пак се ризична категорија на граѓани“, рече Филипче.Прашан за студија која констатира дека прележаните имаат подобар имунитет од тие кои се вакцинирани, тој рече: „Има многу студии од кои можат да се прочитаат многу податоци. Но не можат да се анализираат така, бидејќи има начин накој се прават, изведуваат, зависи од методите од кои се изведува испитувањето, периодот кога се анализира имунитетот.. Од анализа на повеќе студии се носат и нашите препораки“.

Македонија | пред 4 години

E9dJYMRWUAkP1mo

Ах Сања, Сања: напиша „нема да дозволам да сум бар-код“, па и кажаа што всушност е со години..

Сања Ристиќ, која го отпеа детски хит „Ех, тој Тоше“ деновиве на социјалната мрежа „Фејсбук“ се противи на новите мерки против коронавирусот. Таа коментира дека нема да се вакцинира само за да влезе во угостителски објект или трговски центар, а последниот нејзин коментар, доби и контра-коментар.Ристиќ, напиша: A одговор доби од Тоше Митрески: Еве го и твитот: 

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Зголемување или намалување? Нови цени на горивата

ЕКОНОМИЈАСе намалува цената на бензините и дизелотОбјавено пред 39 минути - 23 август, 2021Од МакфаксМалопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 72,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

bitkoin

Кога е најдобро да се инвестира во биткоин?

Група економисти од престижниот универзитет Јејл смислија техника со која можат да ја предвидат цената на биткоинот со помош на надгледување на однесувањето и флуктуациите на криптовалутата во минатото.Цената на оваа криптовалута варира помеѓу 6.000 и 9.000 долари во последните неколку месеци, а моменталната цена на еден биткоин е околу 6.340 долари.Јукин Лиу и Алех Цивински анализираа податоци собрани во период од седум години за да утврдат кои индикатори би можеле да влијаат на цената на биткоинот во иднина. Економистите од Јејл исто така ги проучуваа и криптовалутите Ripple и Ethereum за да забележат дали и тие ги следат истите шеми на промени на цената како биткоинот.Нивните заклучоци, објавени во Националното биро за економско истражување, тврдат дека биткоинот и останатите криптовалути се целосно независни од акциите, валутите и останатите средства во однос на факторите кои придонесуваат кон промената на нивната вредност.„Вредноста на криптовалутите може да се предвиди преку фактори кои се специфични за пазарот на криптовалути, но никако не треба да се земаат предвид истите фактори како и на останатите пазари. Постои временски моментум кој треба да се следи за да се предвиди вредноста на биткоинот“, пишува во истражувањето.Стратегијата која ја развија овие економисти вели дека инвеститорите треба го следат трендот на пазарот на криптовалути. Според нив, најдоброто време за инвестирање во биткоини е она кога вредноста на криптовалутата ќе порасне повеќе од 20% во рок од една недела.Тие исто така предвидуваат дека шансите за тотален пад на вредноста на биткоинот, односно израмнување со 0, е многу мала. Постои само 0,3% шанса дека биткоинот ќе доживее толкав пад на вредноста што ќе стане бескорисен и безвреден. Еден инвеститор, според нив, треба да поседува само 1% до 6% од неговата вредност во криптовалути.

Магазин | пред 4 години

w_55976534

„Имаме поголемо срце“, Заев за прмањето на повеќе Авганистанци споредено со другите држави

Премиерот Зоран Заев смета дека Македонија има поголемо срце од останатите држави, штом сме дозволиле да дојдат повеќе Авганистанци споредено со другите држави. Тој кажа дека немало барања за политички азил, а за сите лица кои ќе дојдат, ќе добијат статус на времен престој за 90 денови.„Веројатно бидејќи имаме поголемо срце од сите други, веројатно затоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, па знае колку е важна помошта, посебно бидејќи ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи, одземање на животот и сите страотни сцени кои ги имаме видено. Огромен е бројот на деца кои се евакуираат од Авганистан. Немаме никакви предрасуди. Досега за се што е потврдено, трошковите ќе ги покријат соодветните организации, еден дел САД. Не значи тоа дека ако треба нешто ние да покриеме, да не покриеме.. Ние досега имаме ПЦР тест, бесплатен здравствен преглед, превоз од аеродром. Немаме потреба да понудиме работа. Тие се вработени луѓе“

Македонија | пред 4 години

popis

Заев не отстапува од одржување на пописот: Сигурен сум и никако поинаку не треба да размислуваме

Премиерот Зоран Заев смета дека пописот ќе се одржи и никако поинаку не може, иако дневно има и по 1.000 заразени лица од коронавирусот. Тој се осврна на барањето на Владата, пописот да се одложи за крајот на мај, односно почеток на јуни, што не беше прифатено. Заев кажа дека ако пописот се одржал тогаш, немало да има проблем бидејќи тогаш имало од 4 до 50 заразени дневно.„Сигурен сум и никако поинаку не треба да размислуваме. Јас молев да биде крајот на мај, почеток на јуни. Опозицијата побара одложување на пописот. Еве го септември. Бројките се над 1.000. Како наближува почетокот на пописот се пополнува бројот на попишувачи. Апелирам до граѓаните да се пријават. Важно е, ова е операција по 20 години која се спроведува. Помеѓу 25.000 и 40.000 денари се приходите за анкетарите кои ќе ја спроведуваат статистичката операција“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-13-at-13.59.25

Нема да бидат прифатени барањата на угостителите за полесен влез на невакцинираните во угостителите

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека не треба да се прифатат барањата за полесен влез на конференции и прослави за лица кои не се вакцинирани. Дел од овие барања беа на угостителите, кои сметаа дека Владата треба да направи измени на најновата одлука за превентивни препораки и мерки.„Бројни барања пристугнуваат. За утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести. Сметам дека овие мерки треба и натаму да останат исти, се додека не се зголеми колективниот имунитет. Заклучно со вчера, викендот, вакцинирани се 660 илјади граѓани. Ако продолжиме ова темпо, јас верувам дека некаде до средината на октомври, 15 октомври, уште повеќе ќе порасне колективниот имунитет и ќе стигнеме до милион граѓани, што е голем процент. Тоа е многу важно бидејќи почнува школската година. Сакаме есенскиот период, кога луѓето ќе бидат во затворени простории, да бидеме побезбедни. Затоа и акцнет ставаме на вакцинацијата, е не за влез во затворени простории“, рече Филипче.Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Но, угостителите сметаат дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста.„Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат, односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале Ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен ПЦР-тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.„Исто така укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат до последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање документи за лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот, а не од објектот“, истакна Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања