Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gruevski-jankuloska-610x400

Груевски со огромен статус се правда за купуваните „Плацовите на Водно“

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски со нов долг статус. Повторно обвинувања за судството и Владата, како и премиерот Зоран Заев. Тој пишува дека Заев ќе прифаќа бегалци од Авганистан за да се спасат од талибанците и талибанскиот суд, а создаде по талибанско правосудство во Македонија кое целосно го контролира за случаите кои му се важни и кое обвинува и осудува по негова нарачка.„Ако кај талибаците е доволно да те осудат затоа што си бил нивни противник, не е ништо поразлично и во Македонија по доаѓањето на Заев и СДСМ на власт. Не им требаат ни реални докази, ни реални сведоци, ни сторено кривично дело. Откога ќе падне наредбата од промоторот на концептот “живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт”, сѐ се фабрикува, потоа сите се прават глуви и слепи, секој во системот гледа да не настрада и се тече по издадената наредба.Така беше и така е со повеќе десетици осудени во предметите од 27. Април, на кои, за да им дадат високи затворски казни, им дадоа, односно им измислија лажна квалификација за терористичко загрозување на уставниот поредок, која предвидува такво нешто независно што таа квалификација не соодветствува со реалноста, но кога власта односно првиот нејзин човек решил така тогаш тоа слепо се извршува. Се спроведува по секоја цена. Така повеќе десетици политички затвореници лежат во затвор со целосно измислена квалификација.Така е и со другите политички предмети, тргнувајќи од случајот “Тенк” (блиндираното возило на чија набавка “сум влијаел за да остварам корист”, а користа била ништо друго туку што неколку пати “ме превезувале со тоа возило”) каде е изречена пресуда без елементарни докази дека е прекршен Законот и во една постапка за која и талибанците “можат да позавидат”.Така е и со обвинението за случајот со протестите во општината Центар каде во отсуство на материјален или законски прибавен доказ, главните сведоци беа советниците во општина Центар од партијата СДСМ кои оркестрирано посведочија дека иако не сум бил таму тие го почувствувале “мојот дух” на протестите (да, ова сериозно го кажаа повеќето од нив). Тоа им создало чувство на страв и несигурност и иако никој не бил повреден или удрен, тоа беше доволно за квалификација насилство и негово поттикнување. Претпоставувам многумина неупатени мислат дека ова е некаква моја шега, ама не е. Реалност е.Така беше и со политичкиот прогон кон Сеад Кочан чија главна вина беше што имаше телевизија која не ги подржуваше политиките на СДСМ, а не тендерот за ископ кој го добил и сработил, за кој со цел не само да го затворат туку и да го банкротираат му го натоварија не само профитот, туку целиот приход од истиот, иако најголем дел од тој приход завршил како трошок за изведување на работите. И да не ги редам сите случаи, валидни докази за прекрасен закон немаше во ниту еден друг предмет за кој водат или завршиле постапки. Има само оркестрирана медиумска пропаганда на контролираните од нив медиуми, т.н. “аналитичари и експерти” и стратегијата дека стопати повторена лага станува вистина.Елементарни докази нема, ниту пак може да има за оној случај кој неодамна го започнаа каде ме обвинуваат дека сум купил и продал земја и дека сум купил два помали станови, кои всушност ги изнајмував, а за што имам и склучен договор за закуп. Ниту сум купил и платил, ниту сум продал нешто од ова, но судење пред изборите мора да има, а ќе се потрудат од септември да биде на неколку дена за да биде алатка во изборниот процес за локалните избори. Сосема случајно, судот ќе направи таков распоред и до локалните избори ќе лечат комплекси со мене и другите обвинети.Талибанскиот начин на судење се виде уште денес според она што го видов од медиумите, кога адвокатот по службена должност, кој самиот суд го избрал и назначил да биде дел од постапката им пуштил преставка во судот укажувајќи дека незаконски е да водат судско рочиште за кое претходно обвинетиот не е сослушан за предметот и нема дадено изјава во обвинителството пред да му биде пуштено обвинение за тој предмет за кој сакаат да го обвинат.Им укажал дека обвинителите постапиле спротивно на закон и направиле злоупотреба на службената должност што судијата на претходна постапка го известиле дека имало таква активност, а немало, па денес се правдале дека станува збор за техничка грешка, чија последица ќе биде да има, наместо да нема судење, но очигледно судот кој е под невиден притисок и е заробен од еден човек во владата, ниту денес немал простор и храброст да прифати дека се работи спротивно на закон.Па така, целосно противзаконски започнаа судска процедура за предмет во кој ниту јас ниту било кој од обвинетите немаат сторено никакво кривично дело, предмет во кој немаат ниту финансиски вештачење, предмет кој планираат да го завршат со 2-3 силно уценети сведоци од нивна страна, без ниту еден материјален доказ дека нешто сум купил, платил, продал и наплатил или дека од некаде сум прибавил пари за такво нешто, ниту пак реално можат да го имаат бидејќи такво нешто не постои.Оттука само по себе се наметнува прашањето чиј одговор го знаат сите: што е разликата од македонското до талибанското правосудство?Видов во медиумите и дека нервозни од ситуацијата, крајно невообичаено и сомнително почнале да ги менуваат службено од нив назначените адвокати, па така денес како што известија медиумите се појавил дури трет по ред назначен од државата адвокат, бидејќи очигледно првите два не им подлегнале да станат дел од оваа валкана игра, а прашање е дали воопшто некој адвокат ќе им се нафати и ќе подлегне да биде дел од овој монтиран случај, бидејќи адвокатите се искусни и знаат дека независно на исходот и пресудата, прашање на време е само кога овој политички процес изрежиран во владините канцеларии ќе биде демонтиран и ќе се бара одговорност на секој кој бил дел од него.Во Авганистан по 20 години дојдоа на власт талибаците и нивните судови кои судат по нивни правила и нарачки. Во Македонија петта година имаме талибаско правосудство под контрола на Зоран Заев во кое неподобните судии се разрешуваат со образложение дека се прави некаков ветинг. И премиер, и министри, и лажни и уценети сведоци, кој мислат дека вечно ќе биде вака како што е сега. Дека ние ќе бидеме толку многу години осудени и уништени, што тие вечно ќе се мирни, спокојни и среќни. Нема да биде така!!!“, пишува Груевски.

Македонија | пред 4 години

43B77638-C407-4EF0-A16F-928CB9E4601C

ФОТО: Еден загинат во ужасна сообраќајка во Аеродром

Еден загинат, најмалку двајца тешко повредени е црниот биланс од сообраќајната несреќа која пред 20тина минути се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, јавува Слободен печат.Во несреќата загинаа мотоциклист од Аеродром, а повредените кои биле во возило „Ауди“ се итно пренесени во скопските клиники.фото: независен весник

Скопје | пред 4 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Нов пораст: 19 починати, 1.158 новозаразени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.Регистрирани сe 166 оздравени пациент од: Скопје – 39, Тетово – 38, Кичево – 16, Куманово – 13, Гостивар и Струмица – по 10, Кавадарци – 6, Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5, Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.Пријавени се 19 починати лица: по 6 починати лица од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.Направени се 6.256 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-70, ЦЈЗ Тетово–174, ЦЈЗ Куманово–62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-446, Биотек-272, Систина-101, лабораторија Лаор-586, Синлаб-57, Ремедика-24, Плодност–49, Генеа -3, Никоб лаб-790, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-79, Ројал Медика – 95, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.606.Досега во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 71919, Активни 2827Куманово 9531, Активни 540Прилеп 8443, Активни 102Тетово 9092, Активни 1555Битола 6501, Активни 159Велес 5564, Активни 78Гостивар 6653, Активни 1301Кавадарци 5256, Активни 79Охрид 5263, Активни 241Штип 5054, Активни 85Струмица 4564, Активни 397Струга 3218, Активни 231Кочани 2878, Активни 70Кичево 3119, Активни 459Гевгелија 2214, Активни 17Неготино 2191, Активни 7Свети Николе 1560, Активни 30Ресен 1300, Активни 64Крива Паланка 1235, Активни 7Радовиш 1223, Активни 51Берово 1090, Активни 47Делчево 995, Активни 20Дебар 1143, Активни 160Виница 919, Активни 30Пробиштип 802, Активни 13Валандово 698, Активни 24Богданци 499, Активни 5Крушево 492, Активни 2Демир Хисар 406, Активни 6Демир Капија 400, Активни 3Кратово 397, Активни 20Македонски Брод 395, Активни 33Пехчево 286, Активни 9Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 134, Активни 2

Слајдер | пред 4 години

zaev

Најдени решенијата за сите кои немаат лични карти и чекаат да им се издадат

Премиерот Зоран Заев ги соопшти решенијата за функцин ирање без лични карти за сите кои им се истечени, а чекаат да им бидат издадени нови.„Тие блокираат, ние наоѓаме решенија. Секогаш ќе правиме максимум за решенија против блокадите што во Собранието ги прават Левица или ВМРО-ДПМНЕ кога блокираат закони и политики од секојдневен, животен интерес на граѓаните. Граѓаните не сакаат кочење, деструкции, уназадување, режим. Нема да дозволиме таквите политики, спротивни на интересите на граѓаните, да им ги спречуваат нивните основни права. И овој пат не дозволивме 40.000 граѓани кои во моментов се без лична карта да останат без пари, како резултат на несолидарното и неправедно однесување на Левица“, напиша Заев.„Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА) најдовме решение за проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти и затоа не можеа да си подигнат пари од банките и да вршат други трансакции. Граѓаните кои немаат важечки лични карти ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците со пасоши, а како важечки ќе се земат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање нова лична карта. Сите банки и штедилници прифатија веднаш да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи. Со министерот за внатрешни работи и со целата Влада ќе најдеме и системско и целосно решение и начин и да го обезбедиме уставно загарантираното право граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список заради застарените лични карти и во соработка со Државната изборна комисија (ДИК) ќе се направи сè за да се изнајдат законски можности за граѓаните со неважечки лични карти да можат да го остварат своето основно демократско право, да можат да гласаат на избори. Законите ги носиме и се усвојуваат во Собранието во интерес на граѓаните меѓу другото и за остварување на нивните права. Секоја блокада во законодавниот дом е директно на штета на граѓаните. Во интерес на основните човекови и демократски права, апелирам уште еднаш до опозицијата – запрете со блокадите, граѓаните имаат право на сопствените пари и на сопствениот глас!“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

Policija-i-inspekcija

Тројца охриѓани пријавиле дека на испектори од УЈП им одзеле документи и им го искинале записникот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с.Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.На 01.08.2021, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“. Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор.

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

Скопјанец пријавил дека бил натепан пред скопска фурна

На 19.08.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, А.И.(63) од Скопје пријавил дека на 18.08.2021 во 22.30 часот во близина на фурна на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од Е.Б.(42) од Скопје.Сочинет е запинсик за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

tepacka

Нападнат Скопјанец во Аеродром

На 18.08.2021 во 19.46 часот во СВР Скопје, Д.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 19.40 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-policisko-vozilo

Фатен битолски лихвар, наплаќал над шест илјади евра за камати

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(31) од Битола, полициски службеник, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 од Кривичниот законик.„Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна состојба на оштетените, а со цел за себе да прибави поголема имотна корист, склучил фиктивни договори за заем на парични средства, со несразмерна камата од околу 10%, кои се заверени на нотар и се изготвени солемнизации со својство на извршна исправа, со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 397.700 денари само на име камати. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле одземени неколку договори за заем и договори за купопродажба на моторни возила, склучени со четири оштетени лица“, велат од полицијата.

Македонија | пред 4 години

licna-karta

Важно за сите со истечени лични карти: Банките ќе даваат услуги со листот кој потврдува дека треба да се издаде нова

По бројните реакции во јавноста и на граѓаните кои не можат да си извадат нова или да го продолжат рокот на истечената лична карта, а со тоа не можат да си извадат пари од сметките, а банките на дел од нив им ги блокираше сметките, Управата за финансиско разузнавање дала мислење според кое, во банките и штедилниците ќе се прифаќа и потврдата што ја дава Министерството за внатрешни работи дека е во тек процедурата за вадење на лична карта.Ова го соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА кои се повикаа на мислењето на Управата за финансиско разузнавање.-Во случаите кога граѓанинот – постоечки клиент на банка/штедилница не поседува ниту валидна патна исправа – пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, ниту валидна лична карта, за користење на услугите и производите на банката/штедилницата на којашто е клиент ќе може својот идентитет да го потврди врз основ на увид во матичниот број на граѓанинот наведен во потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта и дека постапката за издавање е во тек. Конкретно, станува збор за потврдата којашто редовно се издава при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта, прецизираат од МБА.Оттаму нагласуваат дека сите банки и штедилници веднаш започнуваат да го применуваат ваквиот начин на идентификување на клиентите коишто немаат валидна (важечка) лична карта, овозможувајќи им непречено користење на своите услуги и производи.-Согласно со добиеното мислење од Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците се должни за клиентите коишто во моментот немаат ниту валидна лична карта ниту валидна патна исправа, во најкус можен рок од моментот на добивањето на важечка лична карта или патна исправа, да направат ажурирање на документите и податоците за клиентот. Оттука, клиентите коишто во моментот немаат ниту важечка лична карта ниту важечка патна исправа (пасош), по добивањето на нов документ треба да ја контактираат својата банка / штедилница, со цел навремено ажурирање на податоците, потенцираат од МБА.Освен лична карта, граѓаните во банките ќе можат да приложат и патна исправа, доколку имаат. Проблемот со издавањето на личните карти настана поради тоа што пратениците не го изгласаа Законот за лични карти, според кој личните карти треба да бидат со новото уставно име.

Македонија | пред 4 години

ohrid-1

Георгиески ја заврши реконструкцијата на „Абас Емин“ една од најважните сообраќајници во Охрид

Општина Охрид целосно ја комплетираше реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, една од најважните сообраќајници во Охрид.„Денеска започнаа финалните градежни активности за поставување на вториот асфaлтен слој на коловозот, на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“. Реконструкцијата на улицата траеше околу 13 месеци, а вредноста на вкупната инвестиција е 40 милиони денари. Поставени се нови цевководи на фекалната, водоводната и атмосферската мрежа; Извршено е преприклучување на сите домаќинства; Извршено е соодветно тампонирање на подлогата на коловозот; Поставени се два слоја асфалт во должина од 1100 метри; Извршено е уредување на пешачките патеки.Наскоро ќе започне поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација“, напиша Константин Георгиески - градоначалник на Општина Охрид

Охрид | пред 4 години

orce_kamcev_-_01-640x426

Камчев на судењето за плацовите контра Стефаноска: Ќе докажам дека јас и мојата мајка немаме сторено кривично дело, тоа му го должам на татко ми

Бизнисменот Орце Камчев пред судот посочи дека ќе докаже дека не е криминалец, а обвинителниот акт за Плацовите на Водно е монтиран. Изјавата ви ја пренесуваме во целост:„Најпрво сакам да се обратам до јавноста во врска за овој монтиран обвинителен акт, кој поточно се води против мене и мојата мајка. Самиот факт дека е направен груб фалсификат од страна на обвинителот и манипулација кон судиите што го оценувале обвинителниот акт е уште еден доказ дека војната што обвинителството т.е. дотичната обвинителка ја води против мене заради предметот ,,Рекет’’ добро познат на јавноста, но сега со уште пожестоко темпо со обвинение на една страница и две реченици за кое шест месеци сум во притвор. За обвинение во кое што дејството кое ми се препишува мене и мојата мајка е изведено после изјавата на првоoбвинетиот во случајов Никола Груевски и тоа цели четири месеци. Овој обвинителен акт е толку конфузен и спакуван што би се засрамил и студент на Правниот факултет да го прочита во дејствијата во вториот дел кои се однесуваат за фирмата ,,Орка Холдинг’’ за мене и за мојата мајка. Во самиот акт ниту има време, ниту има место како тоа ние сме помогнале во наводното перење пари. Во актот имате два збора, предлог и пример“, кажа Камчев.„Како тоа почитуван Судија и Судски совет можете да пренесете и примите нешто што сте го платиле милион и 535 илјади евра, званични пари од сметката на ,,Орка Холдинг’’ во Скопје. Толку дрско се лаже во обвинителниот акт и се манипулира со тоа што иако беа доставени докази во месец јануари до Обвинителството за организиран криминал дека уделите се комплетно платени, се продолжува со измислувањето дека е фиктивно пренесен уделот на компанијата ,,Сирах’’ на лицето Ирена Самсоненко без да се платат парите. Доставените докази во Обвинителството воопшто не се земени во предвид, а се работи за уплата од милион и 800 илјади евра и добивка на компанијата ,,Орка Холдинг’’ од околу 350 илјади евра, за во Обвинителниот акт тоа да не се спомне туку да се напише дека се фиктивно пренесени удели. Фиктивно не може да се пренесат удели кои што се платени, пари за коишто е платен данок на добивка, којшто е платен вредност на имот и којшто е платен ДДВ. Фиктивно значи дека се префрлени без да се платат. Истите докази беа доставени до обвинителството, никогаш не беа земени во предвид. Имам уште едно прашање т.е констатација којашто ќе ја утврдиме во постапката. Како тоа почитуваната обвинителка не ги зема во предвид двете продажби на земјиштето на ,,Сирах’’? Зошто едниот правен субјект воопшто не се третира во ова прашање, а само се третира лицето Ирена Самсоненко? Веројатно, обвинителката многу добро тоа го знае од нејзини и други причини и за тоа ќе дискутираме во текот на процесот и обвинението што го има поднесено со доказ“, кажа Камчев„Во 21 век веројатно ова е единственото рочиште во светот каде што за обвинение за перење пари во кое сум вклучен, бивш премиер на држава, бивш шеф на служба, бизнисмени и во кое јавноста целокупно е вклучена во процес и предмет вие имате поднесен обвинителен акт без финансиско вештачење за перење пари. Па тоа не може да се случи во ниту една нормална држава! Ние со мојата одбрана спремивме финансиско вештачење, како што доликува и го доставивме до Судот. И со дополнение ќе добиете уште едно финансиско вештачење. Затоа што перење пари, првата работа основна е финансиско вештачење, јас сум економист и тоа многу добро го знам, ниту вие како судија ќе можете да оцените доколку немате такво вештачење во однос на тоа да видите како се одвивала трансакцијата на парите. Затоа што оваа измислена приказна на обвинителката со илјадници грешки во неа, и тоа сериозни грешки, кои ќе ги доставиме потоа со докази во постапката, со пермутации на износи, со пермутации на зборови за да добие впечаток јавноста, затоа што најбитно е кога ќе излезете надвор да се сликате пред камерите и да кажете дека тој е во притвор, дека направил тоа и дека украл толку и слично. Не е битна суштината на делото на измислената приказна, тука е битно дека сте осудени со самото тоа што сте во влезени во притвор и што е покренат обвинителен акт. Никој не ги гледа доказите, затоа ќе се потрудиме како што кажа и адвокатот Ристевски да искочиме од овде со чист образ и да и докажеме и на вас и на јавноста дека сето ова што ќе ви го доставиме како докази понатаму, дека е вистина а не измислено дело од страна на обвинителство“, посочи Камчев„Дали било фиктивно или не фиктивно за мојата компанија ,,Орка Холдинг’’ не може да збори така обвинителката, бидејќи плацот е купен со намена, за ,,Систина’’ да изгради дом за стари лица бидејќи локацијата беше перфектна. Блиску до државна болница, во шума, идеална за тоа места. За истата има направена физибилити студија, има комплетна проектна документација, но заради инфраструктурните проблеми со општината кои потоа со сведоците кои ќе дојдат и ќе ги покажат и докажат не се остварил одобрениот проект. Уште една работа што обвинителството си ја зима туку-така. Воопшто не се почитува Законот за трговски друштва во овој предмет. Според Законот за трговски друштва се знае што е акционерско друштво и како тоа се управува и се знае што се трговски друштва. Кои се органите на управување и кои одлуки ги носи кој орган на управување. Овдека тоа воопшто не е земено во предвид. Исто така во доказниот материјал ќе биде доставено до судот комплетниот статут и комплетната поставеност на ,,Орка Холдинг’’. Исто така се тврди дека се имитирал негов потпис без да се достави никакво вештачење“, вели Орце Камчев пред судот.„Значи приказната си тера од почеток до крај на страница и пол, без ниту еден доказ и замислете без ниту еден сведок што обвинителството ги предлага, ниту мене, ниту мојата мајка не не спомнува во делото. Ниту еден материјален доказ не е доставен до судот, ниту за мене ниту за мојата мајка. Ниту еден сведок, ниту еден материјален доказ... се е конструкција напишaна на страница и пол. Али пазете, се штити фирма којашто купила тука имот од познати причини веројатно само на обвинителката, а тоа ќе го дознае јавноста, зашто се прави. Сите овие мои наоди ние ќе ги докажеме со докази на судот преку сведоци, затоа што јас, ќе докажам дека јас, Јордан Камчев и мојата мајка Ратка Куноска Камчева на 77 години возраст, досега нема сторено ниту едно кривично дело, во оваа постапка ќе останеме чисти заради тоа што не сме го сторило ова измислено кривично дело познато само зашто се поднесува само од страна на обвинителството. За крај, тоа го должам и на мојот покоен татко кој после 42 години ја остави оваа фирма, како и на моите деца за да докажам дека не сум криминалец туку сум човек кој во оваа држава создава, и вработува 3000 луѓе, плаќа дваесетина милиони евра даноци и лежи 6 месеци во притвор заради измислено обвинение од страна на монструозното обвинителство на Р. Македонија“, додава Камчев.

Македонија | пред 4 години

bojan-maricic

Маричиќ: Жртвите од кривични дела со насилство ќе добиваат државна парична помош

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот говор на Конференцијата „Патот на жртвите од насилни кривични дела во правдата“, кажа дека со нов закон кој Владата го усвои пред неколку недели, жртвите на кривични дека во иднина ќе добиваат многу поголема правна заштита.-Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните кривични дела, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција. Преку подготовка на Закон за компензација на жртви од кривични дела со насилство, за првпат се воведуваат законски права на жртвите од кривични дела со насилство, истакна Маричиќ.Според министерот, целта за донесување на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како првична солидарна помош од страна на државата за нивното страдање, согласно начелото на општествена солидарност, но и да се спречи можна секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат во постапките пред институциите.

Македонија | пред 4 години

taravari

Алијанса на Албанците имаат услови за да дадат поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје

лијанса за Албанците и Алтернатива преговара со сите политички партии за настап на претстојните локални избори, иако е извесно дека ќе настапат заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар, Арбен Таравари, смета дека можеби веќе идната недела коалицијата ќе се официјализира и ќе се потпише договор за заедничка соработка. Тој немаше одговор кој ќе биде кандидатот за Град Скопје, но кажа услови под кои би поддржале.„Доколку биде професионалец кој нема лош бегрануд, ние сме подготвени да го поддржиме за да направиме промена во Град Скопје, бидејќи мислам дека заслужува промена по овие 4 години стагнација во инфраструктурата“, рече Таравари.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-13.52.27

(ВИДЕО) Маж стана хит во Скопје, социјалните мрежи „горат“ од коментари: Почнаа да ги активираат чиповите

Маж кој танцува низ Скопје со денови е хит на социјалните мрежи. Често снимки од него завршуваат на „Твитер“, но и „Инстаграм“. Коментарите се најразлично, но не се навредувачки. Па така, последно е снимен позади „Рамстор“ во центарот на Скопје каде танцува на гласно пуштена музика. Твитерџијата на шега напиша „Почнаа да ги активират чипојте од вакцините во Скопје...“.

Магазин | пред 4 години

andonovski

(ВИДЕО) Шилегов сака да уништи имот времен милиони евра, обвинува Андоновски

Петре Шилегов, со регулацискиот план кој го донел за овој дел од Скопје, сака да уништи имот вреден повеќе милиони евра кој е во сопственост на Република Македонија и е даден на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за спорт и рекреација, соопшти на денешната прес конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Според информациите од архитектите улицата која Шилегов планира да ја гради е со енормен профил односно со ширина од 20 м исто како и повеќето булевари во Скопје. Како што призна и Шилегов во своето соопштение, со лага дека сега можеби нема да ја градат, улицата се планира да поминува директно низ картинг-центарот и тениските терени, како и терасата на базенот во склоп на СЦБТ. Со оваа улица ќе се уништат повеќе од 10000 метри квадратни корисна површина која се употребува за спорт. Се уништуваат терените, урбаната опрема, картинг-центарот и терасата на базенот.Со планот, Шилегов се обидува да направи и пренамена на она што ќе остане од тениските терени и картинг-центарот кој сега станува простор за домување, а намената на арената и базенот од „Борис Трајковски“ кои стануваат деловни објекти“, рече Андоновски.Очигледен е планот со огромните згради и улици, наместо спорт во Скопје да добиеме нова бетонска џунгла, вели тој.„Заради бизнис интереси, Петре Шилегов со помош на Стефан Богоев сакаат да го уништат најголемиот спортски храм во Македонија. Заради бизнис партнерите на фамилијата на власт, Шилегов има за цел да изгради огромни згради во непосредна близина на спортскиот центар, а деловите од центарот да му служат само како сервисен пристап. Преку 500 дечиња ќе останат без спорт. Тренерите ќе останат без терени за работа. Автомобилистите без картинг-центар. Сите ние Скопјани ќе останеме без најубавите спомени од базенот и терасата, без тенисот и без картингот во Борис Трајковски нема да има спорт“, додаде Андоновски.Повика, како што и самиот рече, на будност.„Општина Карпош во ек на одмори, среде август и пред избори, закажа јавна презентација и јавен увид мислејќи дека ова ќе помине незабележано од скопјани. Дека на мала врата ќе успеат да протнат бетонизација на Борис Трајковски. Затоа, утре во петок во 13 часот, да појдеме во општина Карпош и да го спречиме донесувањето на овој план со кој се уништува најспортскиот дел од Скопје. Ваков ДУП не смее да се донесе за Карпош! Според информациите, на социјалните мрежи започна петиција од неформалното движење за заштита на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ која ќе биде доставена до сите надлежни. Ве повикувам масовно да ја потпишеме!“, кажа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

236118524_10221755166321387_6393479008750186611_n

Ова се независните кандидати за советници за Општина Центар

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ успеа да ја добие потребната поддршка за учество на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар. Носител на советничката листа е Јана Белчева – Андреевска.Иницијативата денеска на Фејсбук ја објави целосната листа на кандидати за советници:1 Јана Белчева – Андреевска2 Дивна Пенчиќ3 Јане Димески4 Владимир Огњановски5 Биљана Филиповска Тодорчевска6 Доротеј Нешовски7 Ангел Мојсовски8 Светлана Карбевска9 Наташа Колеќевска Георгиевска10 Зоран Никодинов11 Кирил Сотировски12 Ивана Драгшиќ13 Дарко Радуловиќ14 Даница Павловска Циги15 Ивона Татабитовска Колевска16 Марија Шишовска Трајковска17 Милева Златановиќ18 Божидар Кочоски19 Гала Насева20 Тони Левајковиќ21 Александар Апостолски22 Петар Бошевски23 Љубица Иваноска-Нашите кандидати ќе бидат целосно претставени наскоро на оваа страница, која е нашиот главен канал за комуникација со јавноста. Ве молиме следете не за да бидете во тек со сите активности што ќе ги има „Шанса за Центар“. Им благодариме на сите граѓани кои ни ја дадоа поддршката и кои на претстојните избори ќе му дадат шанса на Центар. Заедно со граѓаните ќе покажеме дека може подобро и поразлично, информираат од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“.

Скопје | пред 4 години

orce-kamcev

Камчев ќе признае вина за плацовите на Груевски на Водно?

Обвинетите во „Плацовите на Водно“ имаа еден месец да размислат за својата тактика за одбрана, односно дали повеќе ќе им се исплати да одат на судење, или веќе на следното рочиште да признаат вина, со што би дошле до помала казна, пишува Фокус. Ваквото сценарио се чини дека најмногу му одговара на бизнисменот Орце Камчев, кој со признанието, многу веројатно би се спасил и од притворот во „Шутка“.И додека часовникот отчукува, првообвинетиот Никола Груевски не е ставен на вакви маки. Тој сѐ уште, од далеку, ги тапка по рамо неговите поранешни соработници,  лицемерно им порачува да не подлегнат на притисоците, додека тој ужива во слободата.ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Македонија | пред 4 години

Kuzeska

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.Таа потсети дека СДСМ најостро ги осудува пораките, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите.„ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана. Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски. Новинарите се тие, кои со единствена цел да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат од Ковид-19, додека професионално ја вршат својата работа. Токму новинарите се тие кои во скафандер ризикуваа и влегоа во ковид-болниците, меѓу пациентите со тешка клиничка слика, со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација“, нагласи Кузеска.Според Кузеска новинарите се тие кои најмалку треба да бидат навредувани и нарекувани платеници.„И тоа на протест поддржан од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – посочен извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта, место од каде според словенечки новинари истражувачи, се финансираат одредени медиуми во Северна Македонија кои пласираат лажни вести, а денес се гласни против вакцините, против мерките за заштита од Ковид-19 и го поддржуваа протестот на којшто професионалните новинари беа навредувани“, истакна Кузеска.Мицкоски, вели таа, сè повеќе се докажува како неодговорен политичар кој очајно гледа шанси во вакви и слични протести и на кого му одговараат лажни вести.„Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се нанесува штета на здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори“, додаде портпаролката на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

mickoski-mickovski-hristijan

Мицкоски до Апасиев: Верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му врати на лидерот на Левица, Димитар Апасиев откако одби соработка:„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт. Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт. Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство. Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет. Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив...“, пишува Мицкоски

Македонија | пред 4 години

A.Andreeva-19.08.2021

Стопански комори бараат објаснувања од Владата поради недореченоста во мерките, имаат десетици прашања

Сојузот на стопански комори на Македонија препознавајќи ја сериозноста на епидемиолошката состојба во земјава предупредува дека со новите мерки за заштита од ширење на вирусот кои вчера стапија на сила се предизвикува дополнителни проблеми поради нивната селективност и неспроведливост во пракса, истакнува Александра Андреева, член на Управен одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија.„Имено, се остава простор за произволно толкување на одлуките кое е потребно Владата недвосмислено да го појасни на пошироката јавност, како тоа дали мерките важат и за влез на лицата вработени во угостителските објекти, моловите и сите други објекти кои се опфатени со забраната, доколку не поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан Ковид-19. Во овој момент во пракса се случува при инспекциски надзор да се бара потврда за вакцинација за сите лица во објект, не правејќи разлика меѓу вработени и посетители со што постои потенцијална можност за ограничување на правата на личен избор на лицата вработени дали да се вакцинираат, за што се бара прецизирање и јасно објаснување дали влезот во објект е слободен за секој кој поседува доказ за имунизација или од ова се исклучок лицата во работен однос во овие објекти. Недореченоста на мерките од страна на владата во незавидна положба ги става и работодавачите кои не знаат дали и како треба да постапуваат.Воедно иако за лицата до 18 години не е истакната одредба со која се бара да приложат потврда за влез во објектите каде постои забрана, сепак во пракса многу случаи се регистрира појава да не им е дозволено да влезат со објаснување од редарската служба дека "изгледаат" повозрасни отколку што реално се, што немаат начин како да го докажат. Исто така нејасно е и дали лицата до 18 години влегуваат во вкупната бројка од 30 лица која се дава како услов за воведување на дополнителни мерки.Повторно останува дилемата и прашањето врз основ на кои овластувања редарската служба го црпи правото за легитимација и контрола на граѓаните. Воедно поради овие дилеми се отвора простор за самоволно толкување и спроведување санкции од страна на институциите, дополнително обременето од новите појави на тргување со потврди за вакцинација за кои објектите немаат начин да ја утврдат нивната веродостојност имено поради целосната неспроведливост и нелогичност на донесените мерки.Постојат голем број на дилеми и отворени прашања околу тоа како треба да се спроведат мерките, што отвора простор за нивно слободно толкување и оди во прилог на нивна неспроведливост во пракса, а воедно не се допринесува за подобрување на здравствената состојба бидејќи голем број на потенцијални жаришта на можни зарази остануваат без било какви мерки на превенција, како јавниот превоз и институциите каде циркулираат стотици вработени и посетители.Дополнително, ваквата селективност и некоординираност во постапувањето со носење на неспроведливи и дискриминаторски мерки го отежнува економскиот тек и ја влошува и онака тешката финансиска состојба на претпријатијата и влијае на зачувување на работните места. Сојузот на стопански комори на Македонија е за воспоставување систем на заштита, но со мерки кои се логични и недискриминаторски, со кои не само про-форма, туку навистина ќе се постигне заштита на сите граѓани“, велат тие.

Македонија | пред 4 години

joci-111

„Немаат стратегија СДСМ, мислат америте ќе им донесат народ да ги гласа“, Јоци за изборите

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на социјалните мрежи со нова критики за СДСМ.„СДСМ не приметуваат дека независните листи им собраа потписи (од листите денеска гледаме тоа се ликови од шарената кои ќе ги утепаат лесно ко муви) и ќе ги газат на локалниве заедно со вмровци и оние од Левица. Тоа и анкетата на НДИ го покажа. Дека вмровци водат, а има голем број на гласови во облак кои лебдат, а тие по непишано правило биле гласачи на СДСМ и ќе завршат кај независниве. Ама таа анкета била во април, во октомври ќе биде нуклеарна катастрофа за СДСМ. Оние неписменине што им пишуваат соопштенија на Бихаќка од типот ,,сдсм ќе победи", изгледа имаат еден ист документ во пдф и само тој го пуштаат. И после тоа одат на ручек на фактура и си ги ладат во некои станчиња. Немаат стратегија СДСМ, мислат америте ќе им донесат народ да ги гласа“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци.

Коментари | пред 4 години

filipce-karadzovski-

Одговори на најпоставуваните прашања за вакцинацијата против коронавирусот

Стручните препораки во однос на имунизација против КОВИД 19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО.„Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против КОВИД 19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза. Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото.Прележувањето на КОВИД 19 не преставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат. Имунитетот кој се создава по прележување на болеста како и самиот тек на болеста е индивидуален и може да биде комплетно асимтоматски со постигнување на послаб имунитет, до тешки облици и компликации од болеста и состојби на т.н пролонгиран КОВИД.Временскиот период од прележување на болеста до вакцинација е најмалку од месец дена. Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата.Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по 3 месеци од терапијата и комплетно оздравени од болета.Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против КОВИД19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста.Одредени научни истражувања кои се уште се лимитирани упатуваат дека кај прележаните лица со КОВИД 19 можно е да е потребна само една доза на вакцина. Сепак бидејќи нема точни податоци колкава заштита обезбедува само една доза на вакцина, овој став не е прифатен од релевантните здравствени регулаторни тела.Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против КОВИД 19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста. Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика.Епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок“, велат од МЗ.

Слајдер | пред 4 години

dimitar-apasiev9

Апасиев со жесток одговор на понудата од Мицкоски: Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, како и лидер на партијата одговори на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обедување против СДСМ и Зоран Заев.„Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста: - двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица; - Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата; - договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија; - аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија; - ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ); - прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда; - прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса); - малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)... И, кога после се, идат анкетите пред Локални - гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? 😉 Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт“, му одговори Апасиев на Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje

Наместо во изолација, четири лица од Гостивар ја напуштиле Македонија

На 18.08.2021 во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Во овој период, исто така, било утврдено дека едно малолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува поднесок.

Македонија | пред 4 години

soobrakajna-nesreka

„Мерцедес“ прегази пешак во Радовиш

На 18.08.2021 година во 20.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“, со радовишки регистарски ознаки, управувно од М.М.(33) од Радовиш, удрило во пешакот Ц.Г.(53) од село Ораовица, радовишко.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања