Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Проблемот со личните карти би се решил од први септември, но и за тогаш е неизвесно

Државата уште бара начин за да можат да се издадат преку 40.000 лични карти.„За жал Законот за лични карти е блокиран од Левица со амандмани, иако Беса беше флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејство од 2023 година. Но, Левица заклучи да го блокира и со таа блокада, патат, плачат и трпат граѓаните. Преку 40.000 лични карти не се издадени а се поднесени барања од граѓаните. Некои од нив се првпат. Еден дел се истечени. Првата можност е со работа на Собранието на 1 септември да се изгласа и да се издадат тие лични карти“, рече Заев.Заев смета дека најголем проблем со личните карти е што граѓаните не можат да си ги извршуваат потребите како трансакции и подигање на пензии.„Втората работа е министерот за правда со сите други ресори да работат како да изнајдат начин, со одлуки, измени, правилници, критериуми да имаат можност и со истечена карта да се гласа. Граѓаните можат да гласаат покрај со лична карта и со пасош, ама сите немаат пасош. За да се заокружи тоа право, верувам дека ќе се изнајде решение. Сме имале пракса и во минатото поради истечена лична карта да не може да се издаде лична карта или од распишување на изборите кога истекле личните карти, се даваше можност и со истечен рок на важење на вакви документи да се гласа“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

120190420_222536

Извршител наплатил над два милиона евра од Министерството за финансии, зошто?

Извршителот Дашмир Саити наплатил милион евра само од камата од Министерството за финансии, но од таму не се расположени да образложат за кој судски спор станува збор и кој е доверителот во овој случај, пишува Фактор.мк. Од таму не се нешто посебно расположени да одговорат на испратените новинарски прашања и да дадат објаснување по повеќе од десет изминати дена, што оди во прилог на констатацијата дека колку повеќе една владеачка гарнитура е на власт, толку поголеми се шансите да се намалува транспарентноста.На сметката на извршителот од Тетово на почетокот на јули биле исплатени од Министерството за финансии 59.774.825 денари. За основниот долг се исплатени 76.651.656 денари, додека наградата за извршената наплата е 746.860 денари.Повеќе, извор Фактор.мк

Македонија | пред 4 години

shansa-za-centar

„Шанса за Центар“ и официјално учесници на локалните избори, ги собраа потписите

„Шанса за Центар“ го собра потребниот број потписи за да оди на избори. Тие ги доставија до Државната изборна комисија. Тие и официјално се учесници на престојните локални избори. Сметаат дека на изборите ќе покажат дека може различно од она што досега се гледало во скопски Центар. Потписите ги собраа три дена.„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители на Центар,активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спорт, култура и други области кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина.„Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса! За Центар како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување. Ќе инсистираме идните планови да не се изработуваат зад затворени врати и во интерес на само малкумина. Плановите мора да бидат резултат на анализи, по мерка на жителите и со приоритет на заедничкиот пред личниот интерес. Тие мора да се спроведуваат правично и законски, еднакво за сите, без „попусти“ за никого. Пристапот кон информации за секој план и секоја дозвола не смее да биде загрозен. Нашата цел се потребите на граѓаните. Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Да дадеме шанса да се направи различно. Преку советот на општината имаме шанса да влијаеме за одржливо решение за финансирање на нашата општина, различно од сегашното каде главен извор на пари се приходите од градењето на згради или продажба на земјиште за градење“, објавија тие.

Скопје | пред 4 години

w_56102301

Уште едно предупредување од Светската здравствена организација за коронавирусот

Случаите на Ковид-19 растат поради брзото пренесување на делта-сојот во области каде што опфатот на вакцинација е низок, соопштија претставници на Светската здравствена организација (СЗО).„Многу места низ светот каде што делта-сојот се шири, дури и во земји кои на национално ниво имаат високо ниво на покривање на вакцинацијата вирусот, самата варијанта делта, навистина циркулира во области со ниско ниво на покривање на вакцините и во контекст на многу ограничена и неконзистентна употреба на јавните здравствени и социјални мерки“, рече епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове.Вакцините очигледно го спречуваат зголемувањето на бројот на тешки и смртни случаи од делта-сојот, додаде главниот научник на СЗО, Сума Сваминанатан.САД вчера објавија повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид-19, што е еднакво на околу 42 жртви на час, според извештајот на „Ројтерс“, бидејќи делта-сојот продолжува да ги опустошува деловите од земјата со ниски стапки на вакцинација.

Слајдер | пред 4 години

mickoski-1

За Мицкоски мерките против ковид се срамни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија рече дека мерките на власта за КОВИД ги подели граѓаните, и ја заменуваат својата неспособност со делби.„Како Комисија излеговме денеска како ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека дел од медиумите го пренесоа ставот на претседателот на Комисијата, доцент доктор Игор Николов и тоа е практично ставот позади кој што јас би се задржал. Е, сега исто така можат да се видат стимулативни мерки во соседството со кои што граѓаните во соседството се стимулираат да бројот на тие кои што се имунизирани преку вакцинацијата да се зголеми. А, тоа го има во соседна Грција, Бугарија. Така што еве не треба од власта подалеку да одат, туку нека погледнат во регионот како тоа околните Влади го решаваат“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека има случаи и како него што го прележале вирусот, дури и имаше изјава од епидемиологот Пановски кој што вели дека лицата кои што имаат прележано 6 до 7 пати, се порезистентни на новите соеви или на КОВИД-19 од оние кои што се вакцинираат.„Можеше и еден ПЦР тест да заврши работа, за да не бидат празни моловите, рестораните и останатото. А, со тоа би се заштитиле и работните места и бизнисот, нема да трпи економијата. Наместо вакви би рекол мерки кои што се со една цел да ги поделат граѓаните и практично се мерки кои што имаат свој еквивалент како што реков во средината на 20-тиот век во едно друго време кога светот имаше една друга би рекол фашистичко нацистичка опасност“, децидно рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште во март, април месец кога апелираше за зголемена имунизација по пат на вакцина, наместо власта да трча по провизии, власта требаше да трча по светот по вакцини, да има доволен број на вакцини за да може луѓето да се имунизираат, вклучително и тие кои работат во образованието.Мицкоски вели дека врз основа на достапните информации од владата некаде околу милион дози се аплицирани, и имајќи предвид дека тоа е четвртина од потребните дози, тоа е фијаско и ние сме на дното по имунизација по пат на вакцина во Европа, како што бевме на врвот по починати од КОВИД-19.„Вакцинацијата во Европа започна во декември, а кај нас пет месеци потоа, а најавуваа од јануари, за потоа да чекаме донации од други држави и процесот на вакцинација да започне кога огромен дел од граѓаните одеа во Србија и други земји да се вакцинираат заради неспособноста на министерот и владата“, нагласи Мицкоски.Тој посочи дека партијата го поддржува секое право на граѓаните кои сакаат да изберат и да живеат, и тоа е уставно загарантирано, а истовремено ги охрабрува граѓаните да се имунизираат по пат на вакцина, но не на ваков начин како што го прави владата по пат на репресивни мерки туку преку стимулативни мерки.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-01.06

Мицкоски со понуда за Левица

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Тоа го имам кажано неколку пати јавно, а го имам кажано и од гостување овде во Дневникот на Сител. Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на централниот Дневник на телевизија Сител.Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководтавото на Левица.„Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт“, рече Мицкоски.Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

policija-2

Германец пријавил дека ќерка му избегала со љубовникот, а тој ја напуштил државата

На 17.08.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Џ.Р.(36) од Германија, со моментален престој во Скопје, пријавил дека неговата ќерка Р.Р.(15) се оддалечила од домот со С.Н., со кого била во љубовна врска. Според пријавеното, таа најверојатно заминала во Куманово или во Р.Србија.По извршени службени проверки било утврдено дека лицето, во моментот на пријавување, веќе ја имало напуштено државата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 4 години

lazarov

Со недели се чека за тестирање за ковид, Лазаров бара државата да обезбеди брзи антигенски тестови за матичните

Ако до пред пола месец имаше низа слободни термини за ковид тестирање, сега се чека и со недели. Голем дел од граѓаните одат да се проверуваат и по приватни лаборатории, а плаќаат од 1500 до 2500 денари по човек за да добијат резултати. Токму ова беше и причина за реакција на матичниот доктор, специјалистот Ненад Лазаров.„Се одраа луѓето од тестови плаќање, некој треба дебело да одговара за ова. Недозволиво е што државата не обезбеди барем брзи антигенски тестови кај матичен лекар, свесно и целно не правите телефонски администратори и бајачи,а можеме многу повеќе од тоа“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

francija-korona

15 починати и нови 1081 заразен од корона во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 91 оздравени пациент од: Скопје – 35, Гостивар – 12, Тетово – 9, Кичево и Дебар – по 8, Куманово и Струмица – по 5, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.Направени се 6.802 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–171, ЦЈЗ Куманово–84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–124, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-446, Биотек-398, Систина-147, лабораторија Лаор-665, Синлаб-50, Ремедика-29, Плодност–49, Генеа -4, Никоб лаб-711, ВФВ Медикал-103, Ели Медика-67, Ројал Медика – 117, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.979.Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 71572, Активни 2520Куманово 9472, Активни 497Прилеп 8424, Активни 85Тетово 8970, Активни 1477Битола 6488, Активни 151Велес 5551, Активни 70Гостивар 6436, Активни 1099Кавадарци 5230, Активни 59Охрид 5234, Активни 213Штип 5039, Активни 70Струмица 4495, Активни 339Струга 3176, Активни 190Кочани 2868, Активни 62Кичево 3048, Активни 404Гевгелија 2201, Активни 4Неготино 2190, Активни 6Свети Николе 1551, Активни 22Ресен 1290, Активни 55Крива Паланка 1234, Активни 6Радовиш 1220, Активни 49Берово 1086, Активни 48Делчево 992, Активни 18Дебар 1122, Активни 144Виница 915, Активни 27Пробиштип 796, Активни 7Валандово 696, Активни 23Богданци 494, Активни 0Крушево 491, Активни 1Демир Хисар 404, Активни 4Демир Капија 399, Активни 3Кратово 389, Активни 12Македонски Брод 389, Активни 29Пехчево 284, Активни 9Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 133, Активни 1

Македонија | пред 4 години

korona5

Девојка на 19 години почина од корона во Тетово

Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.Меѓу починатите покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.– Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина, рече д-р Нуредини за МИА. ОБНОВЕНО:

Македонија | пред 4 години

tetovoold

Нема деветнаесет годишно девојче починато во Тетово, направен е превид поради грешен матичен број

Превид е дека има 19-годишно девојче помеѓу седумте починати во Тетово. Координаторот на тамошнта болница, Гзим Нуредини ја корегираше информацијата и посочи дека станува збор за 59-годишна жена. Грешкјата настанала поради погрешно впишан матичен број во документацијата. Жената имала и претходни заболувања.Останатите починати се на возраст од 43, 57, 51, 60, 67, 73 и 76 години.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-levica

За Заев, Левица е крива што нема измени на Изборниот законик по препораки на ОБСЕ/ОДИХР

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека поради Левица која имала 750 амандмани за Изборниот законик не се предложени измени на Изборниот законик. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаонски акти.-Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран како што реков од претседателот на Собранието Талат Џафери. Не може да најде решение внатре соодветно решение во Парламентот, а имајќи во предвид дека најголемото барање на опозицијата фингерпритот внатре е вграден за измените на зкаонот, вградени се најголеите препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение, благодарен сум до министерот за правда ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата којашто беше предложена во новиот закон, верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти. Четирите поголеми партии, помалите партии за нивно учество, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-zoran-sednica-vlada

И Заев со став за новите мерки, донесени биле од стручњаци

Мерките се носат тогаш кога стручните луѓе, здравствените комисии ги даваат како предлог. Мерките вчера на седница на Владата поминаа. Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект.Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека Владата вчера дополнително ги проширила мерките со потврда се прележана зараза во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето и дискутирала поради сугестии од новинарите и граѓаните евентуално да ги дополни со ПЦР тест.– Здравствената комисија препорачува да не се дополни заради тоа што ќе се создадат гужви на пунктовите каде се вадат ПЦР тестовите посебно во време кога завршува туристичката сезона, голем дел од домашните и странските туристи вадат тестови за да можат да патуваат. Дента кога бев во Охрид на Европскиот шампионат во пливање од 450 тестови, четири само беа позитивни. Најголем дел се вадени заради патувањето и затоа се прави одмерување на задолжението за вакцина која е како препорака и потребата за тестирање за да не се создаваат групирања и масовно пред пунктовите за вакцинација или за ПЦР тестови, рече Заев

Македонија | пред 4 години

neparkiraj

Охридската „Абас Емин“ утре затворена за сообраќај

Поради поставување на втор асфалтен слој улицата „Абас Емин“, утре (19.08 2021 година) ќе биде затворена за сообраќај на потегот од пресекот со улица „Охридска Бригада“ до пресекот со улица “Железничка“.Градежните активности ќе започнат во 5 часот наутро, затоа општина Охрид упатува апел до жителите во овој дел од градот да ги отстранат своите возила од коловозните ленти и тротоарите од вечерва со цел истите да не бидат оштетени.

Охрид | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев против мерките на Владата: Протофашистички обиди на вашата бедна духовна гарсоњера

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, смета дека мерките со кои само вакцинирани можат во угостителски објекти и молови се сегерегирачки, па потенцира дека невакцинираните не се болни.„А бе можете вие да си нарачуете разни правни мудросерки од Хелсиншки и од Комисија за антидискриминација, ама ништо не може да ги оправда сегрегирачките владини мерки против невакцинираните, кои од ден за ден стануваат се поекстензивни. И да разјасниме,невакцинираните не се болни. Доколку би биле, ондак ограничувањата кои им ги наметнувате би имале смисла. Дотогаш, тие остануваат протофашистички обиди на вашата бедна духовна гарсоњера!p.s. И да. Антиваксерите го киднапираа минатиот протест, но тоа е пропуст на организаторот, што не ја намалува неговата легитимност против владиниот авторитаризам“, напиша пратеникот Димитар Апасиев.

Коментари | пред 4 години

kosta-peterov-22

Фондот за иновации објави најобемен повик за годинава, поддршка до 20 милиони денари

Претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друга фирма и/или со установа која врши научно-истражѓувачка дејност, од денеска до 15 октомври може да аплицираат на најновиот повик што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).Повикот вреден осум милион евра, е за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации и е наменет само за компании кои не се тековни корисници на инструментите на ФИТР.Аплицирањето е исклучиво онлајн, а максималната поддршка за проектите ќе биде 20 милиони денари.Како што истакнаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот, Коста Петров на заедничката прес конференција, станува збор за најголем јавен повик на ФИТР годинава според обемот на обезбеден буџет за кофинансирање. Има и една новина, нагласија, кај механизмот за повраток на средства – доколку корисникот достави доказ за инвеститор кој вложил износ од најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од Фондот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти.Ова е деветти повик на ФИТР со што уште еднаш се потрвдува дека оваа институција е вистински дом за поддршка на креативни и иновативни проекти на млади луѓе и фирми, стартапи, мали и микро компании кои имаат план за раст и развој, потенцираа Битиќи и Петров.-Би сакал да ги повикам и охрабрам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктвноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава, истакна Битиќи.Тој потсети дека изминатите три години, само преку инструментите за комерцијализација на иновациите и за подобрување на иновативноста, се поддржани 198 проекти или околу 30 проценти од вкупниот број, а за нив се издвоени 28 милиони евра или 66,3 отсто од доделените 42 милиона ерва.-Тоа значи дка инвестираме во иновациите на компаниите, идеите на стопанствениците, дигитализацијата на процесите и во зголемената продуктивност и конкуреннтост. И лани, во услови на криза, продолживме да ги спроведуваме јавните повици на Фондот при што, само во 2020-та се поддржани 229 проекти во вкупна вредност од 17,7 милиони евра, подвлече Битиќи и дополни дека со овој јавен повик се очекува да се зголеми пртфолиото на проекти кои се преку 640, но и на компании кои би ги поддржувал Фондот.Презентирајќи ги деталите кои, исто така, може да се прочитаат и на веб страницата на ФИТР, директорот Петров рече дека на повикот може да аплицираат трговски друштва основани согласно Законот и регистрирани во Централниот регистар.Услов е и годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10 десет милиони евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години и други. Целосната листа на условите е објавена на веб страницата на Фондот.-Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип, сѐ до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Дел од активностите што ги поддржуваме се за истражување и развој, активности за тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и други. Целосната листа е достапна на веб страната на Фондот. ФИТР и Владата активно работат на обезбедување нови работни места во приватниот сектор и затоа, во делот на трошоци кои се подобни, ќе бидат и средства за бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот, поддоговорни услуги за истражување и развој, ангажирање на експерти/советници за истражување и развој и други услуги и активности, објасни Петров.Според него, преку овој инструмент Фондот обезбедува поддршка до 20 милиони денари и тоа: до 70 отсто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од два милиона евра и до 60 проценто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од два милиона, а помал од 10 милиони евра.Покрај финансиската поддршка, на компаниите кои ќе аплицираат на овој јавен повик, Фондот повторно им нуди можност за дополнително финансирање преку партнерите: Стопанска Банка, Тутунска Банка, Шпаркасе Банка, Прокредит Банка, УниБанка и СилкРоуд Банка, со што на компаниите им се достапни кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните. Дополнително, на компаниите им се достапни кредитите за користење на клауд платформата на Amazon Web Services, во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари.Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.-Процесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериумите за евалуација и едно лице од областа што соодветствува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кој ја донесува и финалната одлука за финансирање преку овој инструмент. Во однос на капацитетот на проектниот тим, би сакал да истакнам дека е задолжително минимум еден од членовите на проектниот тим да биде од областа на маркетинг и продажба, подвлече директорот на ФИТР.Повикот ќе биде отворен до 15 октомври до 14 часот.

Македонија | пред 4 години

236183127_878185892787015_834696851496349500_n

Охрид го честиташе Денот на Армијата

„Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви го честитам денешниот празник, со најискрени желби за добро здравје и успех во професионалните ангажмани. Вашата посветеност и вашиот несебичен придонес за чување на безбедноста и суверенитетот на државата е наша гордост и е од големо значење за посигурна иднина за нас и новите генерации. Најголемо признание за сите досегашни успеси е тоа што нашата армија веќе е рамо до рамо со најразвиените светските сили и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО. Нека е честит и вековит Денот на Армијата на Република Северна Македонија!“, се вели во објавата на Константин Георгиески - градоначалник на Општина Охрид.

Охрид | пред 4 години

Screenshot-2021-08-18-at-12.18.20

ВИДЕО: Скопје се поплавува и од дожд

Краткотрајното невреме кое вчера го зафати Скопје, ги извади на површина старите проблеми на граѓаните. Поплавени улици, затната канализација, вода насекаде. Ваква беше сликата на повеќе места. Едно од тие е и улицата Сава Михајлов во Ченто.Граѓаните нервозни и вознемирени бидејќи мора да патролираат при секое невреме за да подрумите, но и гаражите и домовите не им се наполнат со вода.„Мислев дека сте во Венеција“, е само еден од саркастичните коментари.„Иди Борче со трските за риба“, е уште еден коментар со повик до градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.Но, не е само оваа улица, поплавено беше и на улицата „Палмиро Толјати“. И таа се наоѓа на почетокот од населбата Ченто.

Скопје | пред 4 години

venko-filipce-5

Надминавме троцифрен број на заразени, денеска над 1000 случаи - се обезбедуваат нови ковид одделенија

Бројката од 999 новозаразени од корона е надмината, а денеска има нови над 1000 случаи. Министерот Венко Филипче вели дека се отвораат и нови капацитети за хоспитализација, за пациенти кои се во тешка состојба.„Денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи. Во текот на вчерашниот ден беше целосно во функција ставено инфективното одделение во болницата „8 септември“. Има уште слободни кревети, но обезбедуваме простор во делот на интензивната нега. Од вчера, од попладневните часови, целосно во функција се стави и модуларната болница до Инфективната клиника. Има кадар од другите клиники, медицински сестри и помошен персонал. Таа болница има 60-70 кревети, десетина се веќе зафатени. Имаме и други капацитети кои се спремни“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

kafani

Девет лица наместо во изолација, дел од нив седеле и во кафеани

На 17.08.2021 во периодот од 10.00 до 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно девет лица од гостиварските села Градец, Добридол и Сенокосе, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.Против лицата, од кои седум се женски и две машки на возраст од 13 до 48 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Во овој период, исто така, било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект, додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата. И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

kosovoGranica

Жител на Косово се обидел со туѓ пасош за излезе од земјава, затоа што бил фатен како сече шуми

На 17.08.2021 во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.К.(46) од Р.Косово, бидејќи при пасошка контрола приложил албанска патна исправа на име од О.Х.(34) од Р.Албанија.Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. ОВР Дебар поднесе кривична против Ф.К.(63) од Дебар, поради поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“.Тој, во текот на 2021 година на локации на брегот на Дебарското езеро во државна сопственост“ бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал, со што се стекнал со противправна материјална корист од 241.100 денари.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-18-at-11.21.27

ФОТО: Коњи ги пасат тревниците на Партизанска

Фотографии од коњи кои го пасат тревникот на булеварот Партизански одреди, близу пазаречто во Ѓорче Петров. На социјалните мрежи кружат шеги дека коњите можеби се нова косилка за трева, наместо машините. Но, местото каде се наоѓаат е и опасност за нив, но и сообраќајот.Со оглед дека станува збор за булевар, тие лесно можат да бидат повредени доколу се спуштат на коловозните ленти и да истрчаат пред возилата.Ова не е прва ситуација коњи сами и слободно да шетаат во овој дел на Скопје. И претходно, во населбата Даме Груев имаше слична глетка.

Скопје | пред 4 години

krazbi

Со оружје ограбил куќа во прилепско, се заканувал дека ако не му дадат пари ќе ги убие

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен жител на селото Дебреште, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 16 август, во раните утрински часови, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, осомничениот се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на друг и со употреба на огнено оружје одзел златни предмети и парични средства.Тој најпрвин насилно ја отворил влезната врата од семејна куќа во Дебреште, влегол внатре и преку внатрешните скали се упатил на вториот кат. Со употреба на сила ја отворил вратата од спалната соба која била заклучена и во која спиела една жена. Од звукот на кршењето на вратата оштетената се разбудила, а осомничениот ѝ вперил пиштол со закана дека ќе ја убие ако не му го даде златото. Веднаш потоа тој започнал да пребарува низ собата и од наткасната одзел три златни прстени и една белезица, а од новчаникот кој стоел на наткасната одзел 1.100 денари и 20 швајцарски франци.Кога излегувал од куќата осомничениот бил пресретнат од друга оштетена која исто така била присутна и го слушнала дека влегол во куќата, но излегла надвор за да побара помош. Осомничениот и нејзе ѝ се заканил со пиштолот, а потоа избегал.Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​

Македонија | пред 4 години

dete-siluvanje

Полово нападнато дете во Прилеп: Во неосветлен парк гушкал и тргал кон себе 13-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 31 година, за кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.Имено, јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение дека осомничениот, на 8 август во населбата „Тризла“ во Прилеп, заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз 13-годишно дете.Делото осомничениот го извршил така што отишол пред куќата каде што живее оштетената, која седела со уште неколку деца и ја повикал да отидат да купат пиво од продавницата. Детето се согласило и заедно отишле до продавницата од каде купил пиво, па на негово барање се упатиле во близина кај гаражите од околните згради и застанале во неосветлениот парк каде почнал да ја гушка и да ја трга кон себе. Девојчето за да се спаси побарало од него 100 денари за да купи вода со ветување дека ќе се врати. Осомничениот се согласил и ѝ дал пари, па оштетената побегнала пред својот дом каде седеле другите деца. По кратко време таму дошол осомничениот кој повторно побарал да оди со него, но девојчето не се согласило. Тогаш осомничениот ги избркал останатите присутни деца, седнал до оштетената, па на мобилниот телефон почнал да ѝ прикажува видео записи со порнографска содржина, барајќи од неа да ги гледа снимките. Тој инсистирал девојчето повторно да оди со него кај гаражите, но тоа не се согласило, по што продолжил да ја гушка и допира.Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 4 години

121547275_1031677473911982_7540067026514108809_n

Медицинар од Скопје објаснува за имунитетот: Ако не го прележав вирусот, ќе се вакцинирав

Ивица Апостолов е претседател на Здружение на медицински лаборанти Клинички центар Скопје, смета дека не треба да се верува на неиздржаните и ступидни антивакцинални пораки, исто како што не треба да се верува ниту на агресивните вакцинални пораки. Тој објасни за имунитетот кој го имаат прележаните од корона, но и вакцинираните. Ви го пренесуваме неговото мислење во целост:„Потикнат од рапидниот раст на инфицираните со делта сојот на вирусот, ќе напишам еден мој апел со кој се надевам ќе допринесам да ја донесете правилната одлука како да се заштитите од напливот на вирусот.Знам дека ви е преку глава од вакциналните пораки, знам дека ве нервираат мерките кои ги презедоа, знам дека не верувате повеќе на никого и на ништо, но јас ве замолувам да не верувате на ступидните и неиздржани антивакцинални пораки, исто како што не сакам да верувате и на нелогичните и агресивни вакцинални пораки.Тие кои се сметаат за антиваксери, јас не ги осудувам што не веруваат на вакцините, но ги замолувам да веруваат во здравиот разум, а здравиот разум вели дека делта сојот на вирусот се шири 50% побрзо од т.н. вухан и британски сој на вирусот!Драги мои, доколку барем малку ми верувате, а се надевам дека до сега никогаш не сум ве изневерил или разочарал во ниту еден мој јавен и професионален настап, како и со етичкиот пристап и пишување околу вирусот, овојпат длабоко од моето срце ве замолувам да разберете дека сојот B.1.617.2 на вирусот “првенствено” ги заобиколува вакцинираните и прележаните, а многу интелигентно бара и ги напаѓа луѓето кои немаат SARS-CoV-2S-At (ковид антитела).Овие антитела ги имаат луѓето кои створиле клеточен и вакцинален имунитет, односно тоа се луѓе кои ја прележале инфективната болест КОВИД-19 и/или луѓе кои се имунизирани со две дози на примени вакцини.Знам дека имате недоверба виза-ви се што се случува со вакциналната кампања која ја води власта, првин поради фактот што ја водат многу погрешно и агресивно со многу лош пристап кон невакцинираните, а и дополнително поради фактот што има реинфицирани баш меѓу вакцинираните, но верувајте дека овој делта сој на вирусот за да опстане и да се шири т.е. живее, тој бара човечка клетка, затоа што вирусот нема органели и бара енергија, а единствена енергија му е да се “закачи” на рецептор онаму каде најлесно ќе се репликува, а тоа се луѓе кои немаат створено антитела за да можат да ги пуштат “борците” за да го опкружат и “ждерат” вирусот.Ќе ви поедноставам и вака народски ќе ви кажам и објаснам за да ме разберете…во една соба сме четворица, од кои еден е позитивен и е “клицоносител”, вториот е прележан, третиот е вакциниран и четвртиот не е вакциниран и никогаш не го прележал вирусот.Вирусот од првиот кој е инфициран и веќе почнал да ја развива инфективната болест ќе ги нападне останатите тројца во собата, вториот ПРЕЛЕЖАНИОТ наредните три до пет дена ќе биде со јаки главоболки, но ќе се избори со вирусот и неговиот организам нема да му дозволи да ја развие болеста, третиот ВАКЦИНИРАНИОТ по три дена ќе осети “песок во грло” и малку ќе му тече носот, ќе биде позитивен на ПЦР-тестот, но сепак ќе помине со многу лесни симптоми и по 7-10 дена ќе го ПРЕЛЕЖИ вирусот и ќе створи свои антитела кои ќе го штитат за понатаму.Четвртиот, оној кој нема антитела и кој не го прележал и не е вакциниран против вирусот, ќе помине најтешко. Првите денови ќе биде со остра главоболка и болки во коските, ќе има затнат нос, гребење и болка во грло, но ќе му остане осетот за мирис и вкус, ама од третиот ден ќе осети потешкотии во дишењето, четвртиот ден болки во нозете и многу тешко одење, петтиот ден остро свирење во градите, а шестиот ден ќе бара помош во болница за да се хоспитализира…понатаму се е непредвидливо и доколку има среќа ќе излезе од болница со прележана болест и створени антитела кои ќе го штитат од можна нова реинфекција и повторно тешко заболување од истиот вирус.Заради сето ова кое го напишав, на вас е да одлучите дали ќе се вакцинирате или не!Веднаш сакам да ви кажам, за да нема недоразбирања, јас да не го прележав вирусот во ноември 2020, а го прележав исклучително тешко, и доколку сега (проверено на 13ти август 2021) немав антитела 965.2 U/ml, a референтниот интервал за САРС-КоВ-2С-Ат е >0.8 U/ml, јас сигурно ќе се вакцинирав барем со една доза и тоа најверојатно на Фајзер!Доколку со овој мој апел, успеав да ви помогнам околу сомнежите дали да се вакцинирате или не, а сомневања кои ви ги створија баш тие кои требаше да ве уверат дека вакцината е единствен спас и заштита од компликации кои може да ги предизвика вирусот кај луѓето кои немаат створено антитела, тогаш јас лично ќе ви бидам благодарен што се ставивте на страна на разумните здравствени политики со кои ќе го заштитите пред се своето здравје, а и здравјето на вашите најблиски.Со должна почит кон сите вас, прележани, вакцинирани и невакцинирани, искрено ве поздравувам и ви посакувам да останете во добро здравје пред се“, пишува тој.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања