Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Запрепастувачи број на казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи.Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Лага е дека најголем дел од хоспитализираните на Инфективна имаат примено две дози вакцина, реагираат од Министерството за здравство

Министерството за здравство категорично ја демантира информацијата објавена во вестите на „телевизија 24“ дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина.„Новинарката оваа невистинита информација ја потенцираше како „важна“ што предизвика серија реакции во јавноста. Жалиме што оваа информација денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.Министерството за здравство стои на располагање на сите медиуми секој ден во тек на 24 часа и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Министерството за здравство бара телевизија 24 да се извини и да ја повлече информацијата што денеска беше пласирана во вестите во 17 часот.Апелираме дека ваквите невистинити информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат уште поголем страв и паника кај граѓаните кои се уште имаат недоумица за вакцините. Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата. Ја поддржуваме слободната мисла, критичкото и истражувачко новинарство но истото очекувано е да се темели на релевантни податоци и точни информации, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат“, стои во демантот на МЗ.

Македонија | пред 4 години

Vodno

Владата денеска донесе Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје

Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на „лек специјалис“ за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно.Владата денеска го усвои Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата донесен на предлог на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.Со предложеното законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува на 7 (седум) членови во јавните претпријатија чиј основач е Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје и општините во кои живеат над 50.000 жители, како и на управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие, а управните одбори на јавни претпријатија основани од општина во која живеат до 50.000 жители се намалува на 5 (пет) членови. Бројот на членови на надзорните одбори се намалува на 3 (три) членови.Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот.Надоместокот за членовите на управните одбори нема да може да биде поголем од половина од просечната плата на вработените во одреденото јавно претпријатие, додека пак, надоместокот за членовите на надзорниот одбор нема да може да биде поголем од една третина од просечната плата на вработените во јавното претпријатие.

Скопје | пред 4 години

siti-mol-city-mall

Забранет влез во „Сити мол“, „Рамстор мол“, „Капитол“ за невакцинираните граѓани - одлука донесе Владата

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови ќе треба сертификати за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Но, посочи и дека оваа мерка ќе се применува и за затворените молови како што се „Сити мол“, „Капитол“, „Рамстор мол“.„Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите, велат од Владата.За влез во овие објекти потребно е: - сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД - 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД - 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Македонија | пред 4 години

14122020_Pres_100-dena-od-rabotenjeto-na-Vladata_4

Донесени новите мерки: Без разлика на капацитетот, мора да сте вакцинирани за да одите во кафеана!

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД - 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД - 19 или- сертификат/потврда за прележан КОВИД - 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД - 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД - 19 документи.

Македонија | пред 4 години

bojan-maricic

Се огласи Владата за Авганистанците кои пристугнуваат во Македонија, побара и точно информирање

Владата на Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население.„Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација“, соопштуваат од Владата.Потоа додаваат:„Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, на брз и ефикасен начин да ги завршуваат сите оперативни, безбедносни и административни обврски за прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за нивно спроведување до хотелските капацитети во кои ќе бидат сместени.Владата апелира за внимателно, одговорно и точно информирање во врска со меѓународната хуманитарна мисија за која Северна Македонија презеде иницијатива за вклучување и помагање. Никој нема право да ги плаши граѓаните со неточни, опасни и искривени информации како што се оние дека наводно земјава ќе ја населеле Талибанци екстремисти.Граѓаните од Авганистан ќе пристигнат со прецизно организирани авионски летови, истите се вработени или членови на семејства на вработени на локални и меѓународни демократски мисии и воопшто не се нелегални мигранти, тие нема да бидат сместени ниту во прифатниот центар во Гази Баба, ниту во новите превентивни капацитети во Бардовци. На Северна Македонија не и се случува никаква мигрантска криза, напротив, Северна Македонија е дел од голема светска хуманитарна акција за спасување на авганистанско мирољубиво население кое е под опасност од екстремистичките талибански структури.Во исто време, македонските граѓани кои беа регистрирани на аеродромот во Кабул се качени на воените летови и трансферирани во Доха (Катар) и Абу Даби (ОАЕ).Сите наши граѓани се на безбедно, а дипломатската мрежа на Министерството за надворешни работи во овие земји е во директен контакт и тие наскоро продолжуваат кон Скопје.Според последните информации, 14 наши граѓани сѐ уште се наоѓаат во НАТО базата во Кабул и согласно распоредот за евакуација, дел од нив се очекува до утре да бидат безбедно транспортирани. Тројца остануваат во НАТО базата, согласно нивниот распоред на обврски“.

Македонија | пред 4 години

viber_image_2021-08-17_19-43-05-613

Невреме во Скопје, има штети и прекини во струјата

Краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети во Скопје:- Прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром;- Прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби;- Десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.Град Скопје соопштува дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација.

Скопје | пред 4 години

granica

Влезот во Македонија од септември само под одредени услови, a сите ученици ќе одат во школо!

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или- медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД - 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.На оваа своја седница Владата го усвои и Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, на денешната седница е донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.

Македонија | пред 4 години

D1A6EBB0-307F-4A5F-B372-0670AABC83DC

ФОТО: Изгоре сендвичара во Охрид

Седвинчарата “Вили” во Охрид која се наоѓа во близина на Маларична болница изгоре во целост. Настанот се случи попладнево.Пожарникарите се обидоа да ја спасат, но не успеаа бидејќи огнот брзо се проширил.Засега нема информации како настанал пожарот и дали има повредени.Фото: Горан Јанкоски

Слајдер | пред 4 години

francija-korona

Најголем број заразени во овој бран: Скоро 1000 инфицирани од корона, има и повеќе починати

Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 325, Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп - 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес - 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Свети Николе – по 1.Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово - 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2, Велелс и Свети Николе – по 1.Пријавени се 14 починати лица: по 5 починати лица од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), 2 лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г). Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови.Направени се 7.245 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–127, ЦЈЗ Куманово–107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 7, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-394, Биотек-487, Систина-109, лабораторија Лаор-574, Синлаб-76, Ремедика-26, Плодност–92, Генеа -4, Никоб лаб-770, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-87, Ројал Медика – 83, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.461.Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 71260, Активни 2246Куманово 9389, Активни 422Прилеп 8399, Активни 62Тетово 8811, Активни 1330Битола 6468, Активни 132Велес 5542, Активни 61Гостивар 6249, Активни 927Кавадарци 5226, Активни 56Охрид 5196, Активни 175Штип 5027, Активни 59Струмица 4435, Активни 285Струга 3149, Активни 164Кочани 2859, Активни 53Кичево 3001, Активни 366Гевгелија 2201, Активни 4Неготино 2188, Активни 4Свети Николе 1547, Активни 18Ресен 1278, Активни 44Крива Паланка 1234, Активни 7Радовиш 1209, Активни 40Берово 1080, Активни 42Делчево 991, Активни 17Дебар 1092, Активни 122Виница 909, Активни 21Пробиштип 793, Активни 4Валандово 695, Активни 22Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 404, Активни 4Демир Капија 399, Активни 3Кратово 384, Активни 7Македонски Брод 388, Активни 28Пехчево 282, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 133, Активни 1

Македонија | пред 4 години

06072021_Sednica-na-Vlada-2

Повеќе од дупло зголемен бројот на Авганистанци кои доаѓаат во Македонија

Владата на Република Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население, соопштија оттаму.Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

Македонија | пред 4 години

pukanje-1

Пукање во Арачиново: Додека се движел до мајка му и брат му, пукале во неговото возило

На 16.08.2021 во 23.42 часот во СВР Скопје, Ш.О.(26) од с.Арачиново, пријавил дека околу 22.30 часот во с. Арачиново, додека се движел со неговото патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата мајка Џ.О.(45) и неговиот брат А.О.(20), од патничко возило „ауди А4“, со германски национални ознаки, во кое биле О.М.(36) од с.Арачиново и С.Ќ.(26) од с.Љуботен, скопско, биле испукани проектили кои го оштетиле неговото возило.Повредени лица нема, а според пријавата, причина за нападот се нарушени семејни односи. Полициски службеници излегле на местото.По наредба на Јавен обвинител, Ш.О. и А.О. биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA

Полициско возило излета од патот при бркање на автомобил без регистрацијa

На 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле едно женско и едно машко лице, возилото не застанало.При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот.Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

biometriskakarticka

Маж од Кочани го крадел сопствениот брат

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.К.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Пријавениот во повеќе наврати во месец март 2021 противправно ја присвоил дебитната картичка на неговиот брат и во осум наврати од банкомати подигнал вкупно 55.000 денари.

Македонија | пред 4 години

44540147_2275457076009152_2851954453156724736_o

Се намалуваат платите и членовите во управни и надзорни одбори на претпријатијата

Денеска Владата на РСМ го усвои и ќе го предложи во собраниска процедура предлогот на законот за изменување и дополнување на“Законот за јавни претпријатија со кој го намалуваме бројот на членови и висината на надоместокот во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија!• Секој управен одбор на јавно претпријатие ќе содржи максимум седум, односно пет членови, во зависност од бројот на жители на општината во која дејствува, додека секој надзорен одбор ќе биде составен од 3 членови.• Надоместоците за членовите на управните одбори нема да бидат повисоки од половина од просечната плата, а надоместоците на членовите на надзорните одбори ќе изнесуваат максимум една третина од висината на просечната плата на вработените во јавното претпријатие.Ги надминуваме детектираните слабости, бираме стручни кадри кои ќе работат транспарентно и професионално и го рационализираме и контролираме трошењето на државните средства”, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски.

Македонија | пред 4 години

policija-ilustracija-1

Кумановец најмил луѓе да извршат неколку убиства, заканувајќи им се оружје

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (17.08.2021) го лишија од слобода Д.Ф.(57) од Куманово и до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава против него, за сторено кривично дело „поттикнување на кривично дело убиство“ по чл.123 став 3 а в.в со член 23 од Кривичниот законик.Имено, во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица. Исто така, во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело „убиство“ им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело.Д.Ф. во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Македонија | пред 4 години

policija-1

Сопругот имал рана од куршум, жената била убиена со тврд предмет - МВР со детали за кумановското убиство

Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопшти денеска МВР.– Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.-Со цел, утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

pozar-asmati-resen

(ФОТО) Професор сам гасел пожар во ресенско село: Една кофа и еден човек имаат ефект како цистерна со 2000 литри вода!

„Повторно пожар денеска во Асамати, само што сега успеав да го угаснам сам, со пумпа за прскање овошки и една кофа - се на се со 20 литри вода попрскани каде што треба. Зажарените пенушки ќе треба да се ладат и да се контролира пожариштето на саат време. Уште една потврда дека пожарот најлесно се гасне на почетокот, исто како и епидемијата. Една кофа и еден човек имаат ефект како цистерна со 2000 литри вода и цело ПП одделение, ако се започне со гаснење на време. Во случајот со епидемијата, со 5 дена локдаун на Тетово и Велес на почетокот, немаше да стигнеме до 800 случаи дневно и 50 умрени и тоа само за почеток. Ама толку разбираат нашите големи "стручњаци" кои воведуваат контрола на граница откако вирусот ни влезе преку граница и сега се шири со локална трансмисија. Какви епски лузери!“, напиша Дејан Трајковки од Битола, кој е професор на факултет.

Коментари | пред 4 години

migranti

Познато во кој дел на Скопје ќе бидат сместени 190 Авганистанци

Што се однесува до привременото прифаќање граѓани од Авганистан, како што веќе информираше Владата на Република Северна Македонија, во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан.Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави. Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, сѐ до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации.

Скопје | пред 4 години

vakcini-1

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 18.877 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 61% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 51% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

najcevska

Најчевска контра сите за Авганистанците, од кого се плашиме?

Професорката Мирјана Најчевска, реагира поради негативните коментари за прифаќањето на Авганистанци во Македонија:„Од Авганистан во моментов не бегаат крадци и насилници и религиозни фанатици. Бегаат пред се интелектуалци, слободномислечки и еманципирани луѓе. Во Македонија изгледа баш од тие се плашиме“, пишува Најчевска.

Коментари | пред 4 години

236551109_877621286176809_4541926228743043175_n

Амбасадорката на Германија во Охрид: Разговараме и за унапредување на туризмот, за зачувување на животната средина

„Особено ми е драго што денеска моја гостинка беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. Со амбасадорката разговаравме за последната одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои ги презедовме за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион. Чест ми е што амбасадорката Холштајн ги поздрави посветеноста и заложбите на Општина Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Имавме можност да разговараме и за унапредување на туризмот, за зачувување на животната средина, за локалниот економски развој во Охрид и придонесот на германските инвестиции во делот на отворањето на нови работни места и подигнување на животниот стандард“, напиша Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид

Охрид | пред 4 години

Nikoloski17082021

(ВИДЕО) Проблематично е што не се имплементирани препораките од ОБСЕ, смета Николовски

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ:Денешната прес конференција би сакал да ја посветам на пропаднатиот обид за промени на изборниот законик нешто на што вложивме многу труд и енергија во еден подолг временски период. Во изминатиот период се возджуваме од споделување на ставовите на ВМРО – ДПМНЕ затоа што го почитувавме џантламенскиот договор кој што постоеше помеѓу политичките партии во рамки на собранието за тоа да не се изнесуваат детали во јавноста додека траат разговорите.Но имајќи предвид дека многу детали беа изнесени во јавноста и ВМРО- ДПМНЕ беше практично единствената политичка партија која што го испочитува овој даден збор би сакале да ги презентираме и нашите позиции.Сметаме дека е исклучително проблематично тоа што локалните избори во октомври оваа година ќе бидат први избори кои што ќе се спроведат во Македонија без притоа да бидат направени измени на изборниот законик со консензус помеѓу сите политички партии согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР.Тоа е штетно за македонската демократија и го доведува под прашање кредибилитетот на изборниот процес како и неговата легалност и легитимитет.ВМРО – ДПМНЕ во разговорите имаше две суштински барања тие барања беа да се применат дословно препораките на ОБСЕ и на ОДХР за кој што подоцна ќе одам подетално со цел гаранција на фер и демократски избори и второ избор на градоначалник во еден круг, односно изборот на градоначалници да се стави во иста линија со изборот на советници во еден круг затоа што главните манипулации, притисоци и недемократски средства се случуваат помеѓу двата круга.За жал второто барање за избор на градоначалници во еден круг, беше одбиено од власта, а првото барање за примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се случи под разни изговори на владејачките партии. Доколку се изменеше изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР ќе се постигнеа многу цели пред се ќе се зголемеше отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси со новите препораки каде што комплетно ќе требаше ДКСК да е информирана за целокупното користење на државни ресурси.Понатаму, по препорака на ОБСЕ ќе се дадеше право на граѓаните кои со судска одлука имаат одземена деловна способност доколку имаат услови да гласаат односно да ја изразат својата воља. Се прецизира и доуредува користењето на симболите на политичките партии на гласачкото ливче со цел да нема манипулации. По препораката на ОБСЕ ќе се утврдеше и унифицираше начинот на постапка и бројот на потребни потписи за собирање и предлагање на независни кандидатски листи, нешто за што настана голема дебата во јавност.Понатаму, ќе се овозможеше сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа а не како досега да не можат да го направат тоа. По препорака на ОБСЕ се дефинира, појаснува и прецизира изборната кампања со што се овозможува подобро следење од страна на надлежните институции , на евентуално предвремено почнување на изборна кампања и прекршување на правилата на истата, се појаснува начинот на распределба на времето за рекламирање на политичките партии и кандидатите, се уредуваат роковите, содржината и постапката за доставување на финансиските извештаи на партиите до надлежните институции за контрола на истите како што се Државниот Завод за Ревизија, ДКСК и Агенцијата за медиумски услуги. Ќе се овозможеше на гласачите чија важност на документот за лични идентификации истекла до моментот на распишување на избори да можат да го остварат гласачкото право, нешто што сега како проблем се соочуваат 30 илјади граѓани заради неспособноста на власта да извади лични карти.За прв пат ќе се овозможеше запишување на гласач во избирачки список по усвоен приговор за заштита на лично избирачко право, а исто така ќе се усогласеа и роковите со Државната изборна комисија и постапувањето на Управниот суд. Сето ова се препораки на ОБСЕ и ОДИХР коишто власта не смогна сили во македонското Собрание да бидат усвоени. Од друга страна, она што ВМРО-ДПМНЕ во знак на добра волја, но и за да се постигне консензус, беше спремна да го прифати, прво беше примена на таканаречени отворени листи за избор на советници. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи да има избор на советници со отворени листи, помалите коалициони партнери на СДСМ, пред сѐ тука мислам на политичките партии ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз и останатите на ова барање иако тоа беше нивно барање. Значи, тоа што самите го бараа, откако ВМРО-ДПМНЕ го прифати, после тоа се спротвиставија, односно јасно кажаа дека не се за отворени листи со што во јавност се расчистува дилемата кој е ЗА, а кој е ПРОТИВ отворени листи. ВМРО-ДПМНЕ е ЗА отворени листи на локалните избори.Понатаму, требаше да се доуреди начинот на собирање на потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи при што требаше да се следат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ВМРО-ДПМНЕ е за следење на препораките ОБСЕ/ОДИХР, кои што велат до еден процент на вкупниот број на запишани избирачи.И трето исто така исклучително значајно за првпат требаше да се направи регулација на финансирањето на спонзорираните објави на социјалните медиуми и социјалните платформи. Нешто што е стандард во западно европските држави, започна како пракса од претходните претседателски избори во САД, а се применува во сите развиени западно европски демократии.За тоа што мора да се знае од кои средства се плаќаат спонзорираните објави на социјалните медиуми, во која вредност се тие спонзорирани објави, колку вкупно пари се трошат и за истите да се поднесе извор на финансирање до Државниот завод за ревизија и ДКСК и останатите надлежни органи како и да се декларираат во финансиските извештаи во политичките партии.Ова е причината зошто политичката партија Левица го блокираше носењето на измените на изборниот законик, а владеачките партии на чело со СДСМ и помалите коалициони партии, ја вклучувам тука и ДУИ, не направија ништо изборниот законик да помине.Па јавно прашуваме, кој и зошто се плаши од тоа да јасно се знае кој плаќа за спонзорираните објави по социјалните медиуми, колку пари се трошат, од каде доаѓаат тие пари дали доаѓаат од Македонија или од странство? Ако доаѓаат од странство тоа е казниво дело, затоа што по македонските закони не смеее да има финансирање на кампања од странски извори, понатаму за истото да се поднесат извештаи до надлежните институции. Значи, кој се плаши од тоа да се знае колку пари се трошат за спонзорирање по социјалните медиуми и од каде тие пари доаѓаат.Сето ова што го споменав е причината зошто не се донесе изборниот законик во македонското собрание, иако имаше добра волја од стана на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија. Се направија многу обиди и во месец јуни и во месец јули, а бевме спремни тоа да го направиме и во август, но за жал од владеачките партии такво расположение немаше.

Македонија | пред 4 години

shilegov-4

Шилегов кажа што мисли за кандидатурата на Ана Петровска, се плаши ли дека ќе му ги помати сметките?

Од позициите што Ана Петровска ги имаше во Министерството за животна средина и државниот инспекторат, беше презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина, изјави градоначалникот Петре Шилегов, по информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град” на претстојните локални избори.– Во демократска држава како што е нашата, правото да се бира и да се биде биран е неприкосновено право на секој граѓанин, она што го знам имајќи предвид дека позициите кои што ги има Петровска во Министерството за животна средина и во Државниот инспекторат за животна средина, таа беше презадоволна од работата, истакна Шилегов во изјавата за медиумите кај велосипедската патека на булеварот „Александар Македонски“. Да, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата кога имавме многу добра соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција, заклучи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

policija-grcka-ambasada

Двајца убиени пронајдени во Куманово, уапсено едно лице

Двајца починати, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.-Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во селоТабановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од село Табановце, соопштија од МВР.Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања