Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

GP-Bogorodica

Гужва на граничниот премин „Богородица“

На ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е до 15 минути, додека на ГП Табановце за излез времето на чекање е околу 1 час, на останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.Според последните информации од таму, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

Царовска ќе ги врати децата во училиштата, но има отстапки кои ќе следат онлајн настава

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека протоколите нема да дозволат ширење на коронавирусот низ училиштата, од каде од септември учениците ќе треба да следат настава. Министерката се повикува и на искуствата од минатата година, кога немало локална трансмисија во училиштата. Исклучоци ќе има, а тоа ќе се за децата кои имаат хронични болести или имаат лице во семејството кое има хронична болест.„Искуството кое го имаме од минатата година, а согласно протоколите за годинава, укажуваат дека епидемиолошката служба утврдува дали ќе одат само неколку ученици, дали самиот ученик.. Минатата година немаше интерна трансмисија во ниту едно училиште. Токму затоа годинава Кризниот штаб ја донесе одлуката. Владата очекувам денеска да ја потврди истата. Има исклучоци кога има ученици со хронични болести, но и ако во семејството имаат некој со хронични болести. И децата кои ќе бидат во изолација ќе можат да следат онлајн настава. Има три сценарија, кои можат да се менуваат, зависно од тоа што е потребно во моментот. Нема подобра настава од таа со физичко присуство“, рече Царовска.

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски: Денес кога концептот "правда и одговорност" каска и функционира по принципот "на дугме"

Статус на Фросина Ременски, професорка и експратеничка:„Политичкиот концепт "правда, одговорност и едно општество за сите" го победи концептот на "етнонационализам" во 2016 година. Граѓаните кои до тогаш не излегувале на гласање, излегоа и го казнија концептот на владеење до 2016 година што го чувствуваа, слушаа, живееја. Денес кога концептот "правда и одговорност" каска и функционира по принципот "на дугме", повторно ја гледаме играта околу "етнонационалните теми" кои доминираат. Воопшто не ми пречи да ги реобјавам сите бомби, теми, проблеми и сериозни прашања за кои зборувавме како партија во опозиција и на кои ја темелевме целокупната предизборна реторика и промоција на изборна програма. Непријатна/грозна ми е само помислата за тоа каде се тие "луѓе" против кои се боревме? Но, се прашувам и дали останавме сите исти во тоа што го зборувавме тогаш и сега? Добивам впечаток дека тоа што го зборувавме тогаш, сега повеќе ни пречи нам (мене воопшто), отоколку на тие на кои се однесува. Сакам да грешам во оваа констатација. Ќе се потсетувам и себе си, ќе ве потсетувам и вас на дневна основа, за тоа што го зборувавме тогаш - "За да не се повтори и да не се заборави"."Заборавот е извор на сите зла!" - така зборуваа антифашистите ..., така зборувам и јас“, вели професорката Фросина Ременски.

Коментари | пред 4 години

zaev-2

СДСМ смета дека ќе ги победи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за изборите

Соопштение на СДСМ кое ви го пренесуваме во целост:Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски, СДСМ е убедлив фаворит и победник на изборитеВчерашното претставување на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи.Прво, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори и второ, Христијан Мицкоски знае дека ги губи изборите и ова е понуда од немај каде.Едвај нашол кандидати што ќе претрпат пораз, па затоа мнозинството од кандидатите се непознати.Огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во Општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во главниот град има мала доверба од граѓаните.Повеќе од јасно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николоски, аѓутант на Груевски.Во многу општини се поставени кандидати со многу помала поддршка од граѓаните, наместо личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати.Прашање е дали тие не сакаат или Мицкоски си поставува свои пријатели и послушници за кандидати за градоначалници.СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.На 17 октомври Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека напредокот е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за државата.

Македонија | пред 4 години

Mickoski

Нови некомпромитирани кадри се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од партијата

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое ви го пренесуваме во целост:Нови, некорумпирани и кандидати со најголема поддршка кај граѓаните е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните локални избори. Кандидати кои имаат визија, план и стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за градење и развој на секоја општина.Во понудата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври се докажани професионалци, стопанственици, доктори и опшественици кои се докажани и познати во средините од каде што доаѓаат.Нова сила во политиката која ќе донесе промени во секоја една општина, нови работни места, нови улици и нова инфраструктура. Кандидати кои ќе допринесат за развојот и просперитетот во својата средина, кои што во нивните програми ќе има место за секој еден граѓанин да почуствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.Кандидати кои се во секојдневна комуникација со народот, и кои одговорно и посветено ќе работат за граѓаните.СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие или се во целосна одбрана на криминалот на власта. Истите стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нови наспроти стари и истрошени кадри, професионалци наспроти криминалци, способни и докажани наспроти неработници.

Македонија | пред 4 години

pozar-32

Никако да се изгасне пожарот во Сарај, а гори и на други две места

Во моментов има три активни пожари – кај селото Раовиќ, во Општина Сарај, во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп и нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко, информираше на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.– Пожарот кај селото Раовиќ, Општина Сарај е се уште активен и утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а исто така чадење се гледа, но со помал интензитет кај Осој, на линијата помеѓу селата Буковиќ, спрема Чајлане. Во текот на вчерашниот ден на негово гаснење се интервенираше од воздух со два армиски хеликоптери, изјави Вчкова.Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, кој е на непристапен терен, утрово е со многу слаб интензитет.– Се работи за приземен пожар, каде гори лисната постилка и сува трева. Засега нема опасност од проширување или загрозување на населени места или објекти. Рано утрово на терен е испратена екипа од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп за да се увиди каква е точно состојбата со овој пожар, информира Вчкова.Започнат е нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко.– Пожарот е на непристапен терен, а од рано утрово на терен се излезени пожарникари и лица од шумско стопанство „Беласица“, изјави Вчкова.Пожарот во атарот на село Барово, во Демир Капија е веќе целосно изгаснат.Од ЦУК ги повикуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места, каде е присутен оган или дим, да ги известат надлежните служби во најблиските институции или да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК – 195.Апелираат, исто така, овој број да не се злоупотребува за лажни повици, што значително би ја отежнале работата на гаснењето на постоечките пожари.

Скопје | пред 4 години

petrovska-zivotna-sredina

Разрешената Ана Петровска ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

Активистичката коалиција „Зелен хуман град“ ќе застане зад штотуку разрешената  директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, која ќе влезе во трката за градоначалник на Град Скопје како независна.Таа во круговите на еко-активистите важеше за професионалец кој си ја знае работата, но беше разрешена од Владата и од функцијата во матичната партија ДОМ поради разидување со лидерката Маја Морачанин.Петровска има висок рејтинг во јавноста, која беше згрозена што заради внатрешнопартиски политики се разрешуваат кадри кои си ја работат добро работата, и тоа во чувствителна област – животната средина.„Зелен хуман град“ го започна процесот за собирање потписи за независна листа кој ќе се одвива во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.

Скопје | пред 4 години

venko-filipce-58

Рестрикции надвор, нов повик за вакцинација од Филипче

Министерството за здравство информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани. Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале Ковид 19, пред 45 дена.Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар. Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на бев страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass,за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат. Вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат од вчера не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје.

Македонија | пред 4 години

236079637_877210232884581_6628380455933306520_n

Започна асфалтирањето на крак од улицата „Славеј Планина“ во Охрид

Охрид | пред 4 години

DSC_0500

Во Македонија деновиве ќе пристигнат околу 190 бегалци од Авганистан, потврди Владата

Владата денеска соопшти дека Македонија како членка на НАТО ќе преземе солидарна одговорност привремено да прифати бегалци од Авганистан, лица кои изминативе 20 години работеле на мирот во таа земја и биле локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија.„Во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан“, посочуваат од владината прес-служба.Времето на полетување на овие граѓани од Авганистан сè уште не може да се потврди имајќи ги предвид сложените услови на аеродромот во Кабул, но може да се очекува дека ќе пристигнат следните денови.„Хуманитарците, вработените во организациите за човекови права и членовите на нивните семејства планирано е да пристигнат на аеродромот во Скопје по што задолжително ќе бидат упатени на 14-дневен карантин заради превенција од Ковид-19. Министерството за здравство ќе организира и пунктови за вакцинирање за граѓаните кои нема да бидат вакцинирани“, се наведува во соопштението.Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од САД.Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, сè до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации, додаваат од Владата.

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje-1

Ако се воведат ПЦР тестови на граници, на повидок нови протести

Туристичките агенции најавија дека ќе протестираат доколку Владата воведе задолжителен ПЦР тест за влез во земјата.Нивниот став е дека туристичкиот сектор не смее да трпи уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат ваква одлука.Туристичките агенции наведуваат дека тест за излез од земјата нема никаква логика, а посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест.„Досега не сме се соочиле со реакции од страна на нашите патници дека се вратиле од годишен одмор инфицирани од Ковид-19. Дел од патниците се веќе вакцинирани, а останатиот дел кои патуваат надвор се со PCR тест или Брз антиген тест што укажува на фактот дека патниците кои патуваат приватно и патниците кои патуваат во групи се целосно безбедни. Она што се бара од надлежните институции е да се задржат актуелните мерки. Сметаме дека не е потребно да се наметне задолжително тестирање за влез во земјите во кои не е потребен тест како што се Албанија и Црна Гора“, велат туристичките агенции.Според нив, надлежните институции треба да спроведат детална анализа на граничните премини користејќи го моделот на „тестирање по случаен избор“ на македонски туристи кои се враќаат дома. По сето ова, како што додаваат, ќе може да се утврди дали е потребно задолжително тестирање, треба да се постават мобилни екипи во меѓуграничниот појас каде граѓаните ќе може да направат брзи тестови по повластена цена кои низ лабораториите се движат од 800 до 1000 денари. Или да може со брз self тест да се вратат граѓаните во сопствената земја.Доколку се усвои предлогот за задолжително ПЦР тестирање во текот на утрешниот ден, туристичките агенции истакнаа дека ќе бидат приморени да излезат на улица.

Македонија | пред 4 години

235668136_877131519559119_1685367426410040573_n

Фотографската уметност на манифестацијата "Пештанско лето"

Охрид | пред 4 години

Brza-pomos

296 нови, 8 починати од корона

Во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово - 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово - 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.Пријавени се 8 починати лица: 3 починати лица од Гостивар (54г,69 и 78г), по 2 лица од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати лица се починати во болнички услови.Направени се 3.480  тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-1, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–101, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Авицена-86, Биотек-94, Систина-94, лабораторија Лаор-0, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа - 0, Никоб лаб-796, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика – 30,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.997.Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 70938, Активни 2001Куманово 9310, Активни 363Тетово 8628, Активни 1172Прилеп 8385, Активни 51Битола 6453, Активни 124Гостивар 6116, Активни 820Велес 5535, Активни 55Кавадарци 5216, Активни 50Охрид 5176, Активни 155Штип 5020, Активни 52Струмица 4393, Активни 249Струга 3116, Активни 131Кичево 2951, Активни 330Кочани 2844, Активни 42Гевгелија 2200, Активни 3Неготино 2188, Активни 4Свети Николе 1546, Активни 18Ресен 1268, Активни 34Крива Паланка 1232, Активни 5Радовиш 1201, Активни 34Дебар 1088, Активни 123Берово 1065, Активни 27Делчево 985, Активни 11Виница 909, Активни 21Пробиштип 793, Активни 4Валандово 689, Активни 19Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 402, Активни 2Демир Капија 399, Активни 3Македонски Брод 383, Активни 23Кратово 379, Активни 2Пехчево 282, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 133, Активни 1

Македонија | пред 4 години

nikolovski

Објавени дваесетина кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Потпретседателот на партијата Александар Николоски  ги соопшти дел од кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021.Ова се имињата:Орце Ѓорѓиевски - Кисела ВодаСтевче Трповски - Сопиште, актуелен градоначалникНаташа Котлар - ЦентарJупчо Папазов - КочаниБорче Митевски - Петровец, актуеленАлександар Ѓоргиевски - ИлинденИван Јорданов - Штип, актуелен придружникМарко Колев - ВелесАлександар Ристов - РадовишЗлатко Ристов - КончеРисто Манчев - БосиловоТони Узунов - ВаландовоМарјан Пеев - БогданциФилип Дончевски - ДојранАндон Сарамандов - ГевгелијаГоран Стојанов - НеготиноАндон Донев - Демир КапијаТихомир Николов - РосоманД -р Броше Јовчевски - ПрилепАлександар Богдановски - КривогаштаниДраганчо Даботковски - Могила,Стевче Стевановски - НовациСпасе Кочовски - ВевчаниЈовица Илиевски - БрвеницаДимитар Костадиновски ЈегуновцеБобан Стевковски - Гази Баба

Македонија | пред 4 години

Lekarska-komora-6-696x416-670x400

Лекарска комора по навредите кон докторите: Тоа е кривично дело со затворска казна, итно да се престане

Лекарската комора излезе со соуда и реакција по вчерашните навреди и говор на омраза кон докторите. Ви пренесуваме во целост:Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата. Во таа борба лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот.Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот. Во пандемиски услови докторите не се семоќни, а за да може да се даде најдобар одговор и да се зачуваат човечките животи треба секоја единка и целото општество заедно да работи на истата цел.Од самиот почеток на пандемијата, за жал, одредени структури водени од нејасни цели го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена за заштитни мерки, како носење на заштитни маски и одржување на дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени. Со интензивирање на процесот на вакцинација се пристапи и кон сатанизирање на вакцините, ширење лажни и неточни информации поврзани со нивното дејство со што повторно се нанесува непоправлива штета која се плаќа со човечки животи. Сега се оди чекор понатаму и се напаѓаат докторите директно.Со цел заштита на честа и угледот на лекарската професија, како и нејзиниот несебичен и пожртвуван придонес во справување со пандемијата, Лекарската комора најостро го осудува говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури, бара итно да престане и предупредува дека тоа е кривично дело за кое во Кривичниот законик се предвидени и затворски казни. Исто така, истакнуваме дека доколку активностите продолжат ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo

Хаос низ болниците во три градови, се отвора модуларната во Скопје

Хаосот во болниците продолжува. Најголем наплив на новозаразени и со тешка форма на корона има во Гостивар, Тетово, Лешок, Струга.„Расте бројот на новодијагностицирани. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар се 70 пациенти. Болницата во Лешок е исто така наполнета со пациенти. Утрово направивме и координација каде да се препраќаат пациентите. Од денеска со работа ќе започне модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение на ‘8 септември’, три тријажни центри. Направен е распоред на лекарите. И покрај тоа што дел се на одмор, има доволен број на кадар“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

filipce-pres

Нова мерка: Рестрикции за влез и излез од Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче утре ќе бара од Владата да се регулира влезот и излезот од Македонија поради ширењето на коронавирусот. Мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите. Но засега, овие мерки нема да се имплементираат.„За влез и за излез од Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

denis

Денис Космонаутко за навредите кон докторите: Зборовите болат, но не кршат

„На терен: педери, хоштаплери, море маму ви јебем, мрште одовде, еве ги овие на Филипче слугите, стоки, абре сите да ве снема...... Нит станав педер, ни хоштаплер, стока уште помалку, слуга па ич. И не не' снема. Тука сме и ќе сме секогаш за тие на кои сме им потребни. За сите. И покрај навредите кои некогаш беа преголеми сепак ние си продолживме со нашата работна задача почитувајќи го чичко Хипократ. Ние сестрите... но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе , некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А се' тоа е со една цел - драгоцениот човечки живот.Така да ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е тоа да. Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат но НЕ НЕ' КРШАТ Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме нели... А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат“, реагираше и Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје кој во екот на пандемијата земаше брисеви за корона, а потоа работеше и на вакциналните пунктови.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Демонстрантите добија покана од новинарите да одат во ковид центрите: Ќе ги запознаете сите кои ви сервираа најнови информации

Реакција од Синдикат на новинари и медиумски работници по вчерашните скандирања и навреди кон новинарите кои беа нарекувани и „платеници“:Вие посакајте, а ние “платениците” бесплатно ќе ви организираме посета на Ковид центар. Ние “платениците” со внимание и љубопитност ги проследивме Вашите обраќања до јавноста и до нас изнесени на денешниот протест под мотото „Стоп за присилна вакцинација“. По опсежни длабокоумни и повеќеслојни консултации решивме дека сакаме да ве повикаме на дружба низ Ковид центрите низ земјава, за со свои очи, да видите што се случува и да ја разберете моменталната состојба.Ве покануваме одблиску да посведочите на здравствената состојба на оние луѓе, кои, за жал, се борат со вирусот за да преживеат и одблиску да го запознаете медицинскиот персонал, односно докторите кои ги нарекувате “убијци”, а повеќе од една година немаат излезено од скафандер, макотрпно работат и со денови, ниту пак знаат за пазуа. За разлика од Вас, кои денеска повикавте да се “симнат” маските, ние затоа ќе Ви обезбедиме и соодветна заштитна маска и скафандер.Се надеваме дека ќе почуствувате и Вие како е да се биде во првите редови кога е во прашање јавниот интерес. Тоа најубаво ќе ви го раскажат докторите “убијци” и ќе ви го покажат новинарите “платеници”. Во оваа "екскурзија”, која од денешнот протест се забележа дека Ви недостасува, ќе ги запознаете новинарите, снимателите и фоторепортерите кои без оглед на опасноста од заразата секојдневно Ви сервира и се уште Ви презентираат свежи и најнови инфомации, вклучително и од и во Ковид центрите, со цел да можете од конфорната зона, односно од Вашиот дом т.е. кауч, да носите правилни одлуки по однос на иднината на нашето општество.Ние новинарите “платеници”, воедно го поздравуваме и внимателно го следиме корпусот “граѓански активизам” составен од партиско-ситно есапџиски и манипулативен ќар на “дневна основа” и истиот нема да го заборавиме во нашите дневни и аналитички сознанија што ќе и бидат пласирани на јавноста согласно нашите професионални и етички обврски.Патем, она што денеска можеше да се слушне на протестот на сметка на новинарите покажува колку нивната безбедност е фрагилна и оти тоа бара најбрзо што е можно да се донесат законските измени со кои напад и закана кон новинар би било напад врз службено лице регулирано во Кривичниот законик.Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Ви посакува здрав разум и мудра одлука кога е во прашање здравјето. Бидете информирани, а ние од ССНМ Ви укажуваме дека ширењето на лажни вести за Ковид – 19 е недозволиво, неморално и казнивно по закон.Денес неколкумина наши колеги не можат да просведочат на овие директни и срамни напади врз фелата, затоа што за жал ја изгубија битката со вирусот, а само за потсетување, десетици медиумски работници досега се заразија и уште толку беа во изолација поради вирусот, голем дел заразувајќи се при извршување токму на своите работни задачи.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-16-at-10.25.44

Богдан Илиевски: Сите кои скандиравте доктори „убијци“ сте за долго, сериозно и темелно лекување на психијатриска клиника

Богдан Илиевски како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на омраза кон медицинските работници.„И покрај правото на слобода на говор и јавно искажан став кое го ужива секој, и покрај тоа што докторите учеле психијатрија и знаат што се болести на умот и како делуваат, и покрај личниот став за недавање простор и фокус на малоумности, сакам да кажам, имајќи предвид дека и јас имам право на личен став, знам малку психијатрија, а малоумностите некогаш треба да се именуваат вистински, сите кои скандиравте Доктори Убијци сте за долго, сериозно и темелно лекување на психијатриска клиника. Фала и поздрав. п. с. Доктори, херои!!!“, напиша Богдан Илиевски.

Коментари | пред 4 години

Mickoski-1

Мицкоски по повикот на Заев да дојдат Авганистанци: После да размислуваме дали и кој ќе го плати..

Откако премиерот Зоран Заев повика авганистанци да престојуваат во Македонија, реакција дојде од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во ваква една ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо. После да размислуваме дали и кој ќе го плати..., инаку да потсетам и ова нели беше во главата на вмровците!“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Продолжуваат нападите кон докторите, од „убијци“ сега се „најкорумпиран дел од општеството

Докторот Ненад Лазаров прашува дали има институции во државата, а откако втор ден по ред, продолжуваат вербалните напади врз докторите. Во последната објава на социјалните мрежи, докторите се наречени „најкорумпиран дел од општеството, не луѓе, подлеци кои ќутат, лажат, а голем дел од нив за ќеш лупаат јавно во камери небулози...“

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

„Ги осудуваме сите видови на квалификации кон лекарите“, велат од Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ

По вчерашните скандирања „убијци“ за докторите, а „платеници“ за новинарите, со реакција и осуда се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.„Докторите и медицинските работници се борат за здравјето на пациентите. Ги осудуваме сите видови на квалификации кон лекарите и здравствените работници!, напиша Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

filipce-karadzovski-

Состојбата со короната е сериозна, Тетово пред нови мерки

На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна. Најлоша, ситуацијата е во Тетово.„Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“, напиша министерот Венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

1599403_1525178521057087_7484995075677501685_o

Осуда од младите лекари откако докторите беа исвиркани и наречени „убијци“ на протестите против мерките

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осуди говорот на омраза на денешните протести против новите мерки и вакцинацијата.„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, објавија оттаму.Реакцијата следува откако докторите беа наречени „убијци“ на протестите.  

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања