Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skolo-3

МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година.Ѓорги Божиков, наведуваат во соопштение, е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение.Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и оти прв пат е ангажиран во својата земја. Досега, укажува МОН, неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата.-Работам на општество и македонски јазик за прво одделение. Според мене, мислам дека најмногу децата во прво одделение ги привлекува бојата и затоа во моите илустрации се застапени попастелни и силни бои кои што на децата им оставаат некоја фотомеморија и потоа знаат да препознаваат предмети”, ја пренесува МОН изјавата на Божиков, кој додава дека најпривлечно за учениците на оваа возраст е токму илустрацијата која најмногу може да им помогне да научат одредени работи, како да се водат и да поврзуваат текст со илустрација.Како што наведува Божиков, во учебникот по македонски јазик има илустрации каде што некои делови не се до крај обоени и се намерно оставени од илустраторот и од дизајнерите за детето да дополни некои работи каде што е потребно.-Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност. Имплементацијата започнува етапно со стартот на новата учебна година во прво и четврто одделение.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Град Скопје најавува нов мост меѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

Градоначалникот Шилегов го потпиша договорот со Владата на РСМ и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година.Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите на градот. Токму затоа, покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, се започнува со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со улица Скупи во Општина Карпош.Мостот е предвидено да има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри.Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата.

Скопје | пред 4 години

tancerki

Приведени девет лица во објект во Тетово

На 10/11.07.2021 година во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ. Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

kostadin-bogdanov-1-1920x1277

Богданов за Фокус: Заев може да биде главна пречка во заминувањето на Мицкоски

Ако опозициската ВМРО – ДПМНЕ претрпи пораз и не ги исполни очекувањата на локалните избори, очекувам лидерот, Христијан Мицкоски сам да си даде оставка, вели адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов кој од 2011 до 2017 година беше Владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Тој беше дел од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега во интервју за „Фокус“ зборува за тоа каква одлука би можел да донесе судот во Стразбур за аболицијата на Иванов, на која се повикуваат членовите на поранешното раководство на партијата.-Според мене, главната пречка за заминување на Мицкоски може потенцијално да биде токму, Заев. Затоа што реално него му одговара Мицкоски. Се додека е тој на чело на ВМРО – ДПМНЕ, Заев нема никаков проблем со избори, со глас, со сериозна политичка битка, вели Богданов во дел од интервјуто за „Фокус“.Тој во интервјуто зборува и за судството односно за потребата од воведување на уставна тужба.ФОКУС: Што очекувате од новата претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска? Дали овој суд кончено ќе стане поблизок до граѓаните во однос на заштитата на човековите права?БОГДАНОВ: Очекувам од новата претседателка Кацарска да поведе иницијатива и не само од неа, туку и од стручната јавност, затоа што во нашиот Устав има една фалинка во која правото на фер судење, по член 6, за што се жалат сите во Стразбур, магично го нема во Уставот. Значи ако ги погледнете правата коишто ги штити нашиот Устав, тие се идентични со Конвенцијата за човекови права, член два, три, четири, пет и доаѓа до шестиот член, правото на фер судење, тој е прескокнат, па продолжуваат седум, осум итн. Оставено е на самото редовно судство да штити повреди што настануваат токму пред овие судови. И најпарадоксалното е што 90 отсто од повредите настануваат пред редовното судство кое треба да го штити тоа право на фер судење. Уште поголем парадокс или број на предмети пред Стразбур се повредите пред Врховниот суд. Голем број на повреди настануваат пред тој суд, над него нема повисока инстанца која може да даде заштита на повреда на правата и остануваат сите тие повреди пред Врховен де факто незаштитени. Нема кај да се жали човек. Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Македонија | пред 4 години

dijagram

Нема враќање назад ниту ќе ја победиме короната во август - заболени ќе има се повеќе, пишува Трајковски

Со големо жалење морам да констатирам дека нема ништо од свеченото прогласување крај на епидемијата во текот на август. Преминот од намалување во зголемување на дневните броеви на нови случаи , којшто прв го предвиде ефективниот репродукциски број Rt (со седумдневно усреднување) уште пред неколку дена, веќе е потврден во сите временски рамки. На дијаграмот на втората слика гледаме дека Rt со 15 дневно усреднување, пресметан со една друга метода, исто така веќе наголемо е над единица. Дури и со 20-дневно усреднување Rt веќе надмина 1,30. Јасно е дека нема враќање наназад, броевите допрва ќе растат. Засега имаме локална трансмисија во Тетово, можеби и во Скопје, но прашање на денови е кога ќе се прелее и во останатите градови, напиша на својот ФБ профил  Дејан Трајковски  професорот по теоретска механика, Технички факултет - Битола.Трајковски во објавата додава:На дијаграмот на третата слика имаме уште една потврда на промена на трендот. Уште пред неколку дена 7-дневната (брзата) подвижна средна ја пресече оддолу нагоре 14-дневната (бавната) подвижна средина, што е можеби најочигледната потврда за промена на трендот, која дојде тука за да остане.На дијаграмот на четвртата слика, пак, гледаме дека портокаловата надолна линија на трендот беше пробиена уште пред десетина дена, кога прв пат споменавме ризик од промена на трендот, којшто сега е веќе потврден. Потврда претставува и седумдневната подвижна средина (зелената линија) која веќе заврти нагоре, како и линијата на регресиониот модел (црвената) линија.Овој дијаграм ни кажува уште нешто важно. Доколку немавме увезен Делта сој, поради експоненцијалното намаување на дневните броеви на случаи деновиве ќе имавме просечно само по два нови случаи на државно ниво. Но, сега имаме просечно по 11, што значи дека Алфа сојот е во малцинство. Без секвенционирање на геномот на вирусот (штом не набавиле со време најнови китови за тестирање на Делта сој) не знаеме дали Делта или Бета (јужноафриканскиот) сој е доминантен, но со текот на времето, заради поголемата преносливост Делта во секој случај ќе стане доминантна и над Бета. На Делта и беше лесно да стане доминантна, затоа што влезе во празна куќа и немаше потреба долго да се чека за да ги надмине по број Алфа случаите.Значи, Делта сојот е тука и веќе локално се шири низ Тетово, евентуално и низ Скопје. Жално и истовремено смешно звучат изјавите на нашите власти дека допрва ќе разгледувале воведување ПЦР тестови за влез од Грција во Македонија. Употребната вредност на таквата мерка во овој момент (штом не ја презедоа пред три недели) е рамна на нула, бидејќи веќе сега бројот на домашни случаи од Делта сојот е поголем од бројот на увезените. Контрола на границите сега би имала смисла само доколку Тетово, евентуално и Скопје, се стават во еднонеделен карантин, па да се вратиме на нула.За тие што не знаат, да се потсетиме како работи краткиот локдаун на почетокот на епидемијата, како на пример во Австралија или Нов Зеланд. Штом нов случај е дијагностициран во еден град, се претпоставува дека тоа лице веќе имало контакти со други лица, на кои што им го пренело вирусот. Тогаш се воведува локдаун, за да не можат неоткриените заразени да заразуват други лица, а истовремено да ги покажат симптомите. Бидејќи веќе биле во локдаун, тие продолжуваат во изолација, но најважно е што не можеле заразат други, освен домашните. При мал број на случаи, 7 дена би биле сосема доволни (пет дена е просечното време на инкубација за Делта сојот), додека при многу случаи би биле потребни 14 дена, заради статистичкото расејување (времето на инкубација може да биде од 2 до 14, па и повеќе денови).Така, овие предложени мерки не значат практично ништо. До сега знаевме дека се безобзирни, но сега веќе имаме основа и за сомневање во менталните капацитети на тие што одлучуваат , односно ги изложуваат на ризик здравјето и животите на илјадници луѓе. Допрва ќе се уверат и дека стапката на прележаност, заедно со вакцинираност, нема да биде доволна (кој ли ги учи дека е доволна?) за да спречи ново избувнување на есен.За десетина дена ќе започнат и првите хоспитализации, а на почетокот на август и првите смртни случаи. Но, сега е поважно населението да се забавува, патува и прави свадби, а за разболувањето и умирањето ќе му ја мислиме отпосле.

Македонија | пред 4 години

kradec

(ВИДЕО) Снимен крадец на електричен тротинет во Дебар Маало

На социјалните мрежи се појави видео од кражба на електричен тротинет, сред бел ден во Дебар Маало. Не е познато дали полицијата го фатила крадецот, но ако некој го препознае арамијата не би било лошо да го пријави. https://twitter.com/ddimkooooo/status/1413879932372111361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1413879932372111361%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnews1.mk%2Farchives%2F36278

Скопје | пред 4 години

10072021_PVRSM_Zaev_javna-debata_2

Заев: Фабриката за управување со отпадот со иновативната технологија без загадувачки емисии во Неготино ќе го претвори ѓубрето во енергија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше на дебатата за отворањето на фабрика за преработка на отпад во Неготино организирана од Општината и во соработка со граѓанските и организациите за животна средина со цел да се демантираат злонамерните и погрешни информации за оваа инвестиција која е дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата.„Како дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата на Република Северна Македонија е инвестицијата во енергија од отпад, односно строго еколошка инвестиција без систем на издувни гасови, односно преку затворен систем без оџак, на која и претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот. Нагласувам станува збор за технологија која не го согорува отпадот па од него да се создаваат емисии на штетни гасови. Не, високите температури во печките го претвораат веднаш отпадот во гас кој потоа се користи за придвижување на гасни турбини за производство на електрична енергија, малку од отпадот што останува како цврста материја се употребува како материјал во градежната индустрија“, истакна премиерот Заев.Станува збор, рече премиерот Заев, за иновативна технологија којашто доаѓа во нашата земја и фабриката што ќе биде изградена со оваа инвестиција не претставува никаква закана за почвата, за воздухот, за водата, а во постапката за изградба ќе бидат спроведени сите законски обврски и ќе бидат запазени сите пропишани стандарди за заштита на животната средина.Инвестицијата дополнително вклучува 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери и асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво и на територијата на Општина Неготино.Проценетата вредност на капиталот што ќе се инвестира од страна на Стратешкиот инвеститор изнесува 336, 6 милиони евра.Овој проект претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини, односно од 5 плански региони во земјата. Станува збор за целосно странска приватна инвестиција, преку компанијата „Зока Енерџи Солушн“ - Неготино, по пат на Законот за стратешки инвестиции.„Спротивно на сите погрешни разбирања, толкувања и дезинформации, цел на оваа инвестиција е заштита на животната средина, намалување на загадувањето и подобрување на добросостојбата и условите на живеењето преку преземање на собраниот отпад од надлежните комунални претпријатија, третирање на отпад и производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија со примена на нови технологии и иновации“, потенцираше премиерот Заев.Во својата експликација за придобивките од овој стратешки инвестициски зафат за трајно и одржливо управување со отпадот во нашата земја, премиерот Заев рече со овој исклучително значаен проект ќе бидат затворени сите диви депонии.„Тоа подразбира спречување на емисиите на отровни гасови, ќе запре загадувањето на почвата и подземните води, микробиолошкото загадување и ќе се спречи појавата на неконтролирани пожари во депониите од кои дополнително се загадува воздухот. Ќе запре загадувањето кое произлегува од палењето на земјоделскиот отпад на отворено. Конечно, како во напредните европски земји, ќе се создадат капацитети за трансформација на отпадот во обновлива енергија и суровини, а инвестицијата ќе го поттикне економскиот развој со отворање на нови работни места и ангажирање на голем број домашни компании. И уште една значајна придобивка, со оваа инвестиција ќе ги зголемиме можностите за намалување на користењето на фосилни горива како наша сериозна стратегија за максимално користење на обновливите извори на енергија“, истакна премиерот Заев.Во завршницата на своето обраќање, премиерот Заев нагласи дека оваа инвестиција е одговор и на нашата обврска од преговорите за членство во ЕУ каде што прашањата за животната средина имаа посебно значење.Покрај премиерот Заев, на дебатата за инвестицијата во фабрика за преработка на отпад во Неготино се обратија и градоначалникот на Неготино Тони Делков, Лазе Филипов, проект менаџер на „Зока Енерџи Солушн“ и Иво Креча, претставник на „Грин Инвесмент“.

Македонија | пред 4 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Тело во распаѓање најдено во скопска Кисела Вода

Во На 09.07.2021 во 12,00 во Полициска станица Кисела Вода Љ.К. на 66 година од Скопје пријавил дека на 08.07.2021 околу 12,00 часот на улицаа „Марко Орешковиќ“ помеѓу црквата „Свети Ѓорѓија„ и Центарот за зависници, забележал тело во фаза на распаѓање, информира МВР.Извршен бил увид на местото на настанот.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обукција.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари. Се работи за реконструкција на улицата "Гоце Делчев" каде што Општина Охрид ќе ги инвестира средствата обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамки на Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Според првичните планови, овие средства требаше да бидат наменети за реализација на дел од проектот за реконструкција на кеј "Македонија", но бидејќи за овој проект се уште нема одобрение од страна на УНЕСКО, Општина Охрид одлучи средствата да ги пренамени за реализација на проект во делот на сообрќајната инфраструктура за кој имаше обезбедено комплетна техничка документација и одобрение за градба.Инвестициите во инфраструктурата се нашиот приоритет и продолжуваме да работиме посветено за обезбедување на подобри услови за сите граѓани.

Македонија | пред 4 години

soobra

Едно лице загина и три лица се повредени во сообраќајката на влезот во Охрид

На 10.7.2021 година во 14:30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид – Подмолје – Кичево, во близина на Св. Еразмо, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.-Во незгодата едно лице го загубило животот, а три се повредени, од кои две имаат телесни повреди. Тие се префрлени во болницата “Св. Еразмо”, истакна Димоски.Во незгодата учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.Моментално на местото на незгодата увид вршат полициски екипи.фото: ТППЕ Охрид пожарна

Македонија | пред 4 години

orce-kamcev-2

Со скоро пет милиони Камчев сакал да “купи” слобода

Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, објави Телма.Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а оцениле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.Камчев понудил вкупно 6 недвижности меѓу кои и куќата во Бардовци, каде беа направени снимките со предавање на парите во чанта Луј Витон во случајот Рекет со Катица Јанева. Останатите недвижности се фабриката на КАРА во Делчево и 4 големи плацеви градежно земјиште во Скопје и Маврово, како и фабрика во Делчево, а обвинетиот понудил и 400 илјади евра во готово.Текстот во целост на: Телма.

Македонија | пред 4 години

soobra

Сообраќајна несреќа на влезот од Охрид, се судрија четири моторни возила

Сообраќајна незгода попладнево се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“.Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Засега нема информации за жртви во несреќата, освен придизвиканата материјална штета.Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга. фото: Пожарна Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Владата ѝ даде на Општина Центар 8,3 милиони денари за реконструкција на „Адвокатската улица“

На денешната свечена церемонија што се одржа во хотелот Хилтон, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата на Република Северна Македонија, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините.„Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Средствата што и се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000,00 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на позната Адвокатска улица.

Скопје | пред 4 години

hirurgija-1200x1066

Филипче: Уште едeн голем чекор за македонското здравство, вграден стимулатор на нервот вагус

Уште еден голем чекор напред за македонското здравство.Денеска, заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, неврохирургот д-р Владимир Рендевски, невролозите од Клиника за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, за прв пат изведовме операција во нашата земја за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36 годишна пациентка.Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија. Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува, напиша во својата објава на ФБ, министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

Денеска нови 13 случаи на коронавирус, нема починати пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирање, а регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19 од кои седум во Тетово и шест во Скопје, соопшти Министерството за здравство.Регистриран e еден оздравен пациент од Прилеп и нема починати пациенти.Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172. фото: Архива

Македонија | пред 4 години

rvokradci-2

(ФОТО) Шумската полиција од Охрид откри уште една бесправна сеча, овој пат на 225 дабови стебла

Шумската полиција од Охрид продолжува да им пркоски на дрвокрадците!!! Шумската полиција во соработка со двајца шумски полицајци од Струга, затекна бесправна сеча на 225 дабови стебла во сурова состојба со вкупна количина од 144м3.Бесправната сеча се наоѓа во шумско стопанска единица " Ќафасан" оддел 9ти.На самото место затекнати се две лица кои со моторни пили ја вршат сечата, при што, штом ја забележале патролата на шумската полиција се дале во бегство према Р.Албанија.Дрвата се предадени на лице место на осл од "Национални шуми"- ПШС" Јабланица "- Струга.

Македонија | пред 4 години

ohrid

Запечатена кујната на плажата „Оревче“, АХВ утврдила дек не е регистрирана и не ги исполнува условите за работа

Кујната на плажата „Оревче“ во Охрид доби забрана да произведува храна, откако инспекторите утврдиле дека таа не е регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство како оператор кој произведува храна. Од Агенцијата, одговарајќи на прашања од „Охрид 1“, велат дека објектот каде се произведувала храната не ги исполнувала минимално хигиенски-техничките услови за работа.„Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство во туристичките центри во земјава, во текот на вчерашниот ден, со контролите спроведени во Охридско- Струшкиот регион, извршена е контрола и кај правниот субјект кој стопанисува со угостителски објект на плажата Оревче во Охрид. Во моментот на контролата, утврдено е дека правниот субјект, спротивно на одредбите од член 48 став 2 од Законот за безбедност на храна, не е регистриран во Агенцијата како оператор со храна, за што му е изречена мерка забрана за вршење на дејност. Со контролата утврдено е и дека делот од објектот кој се користи како кујна, не ги исполнува минималните хигиенско-технички услови за работа, а операторот, место безбедна, користи техечничка вода во работењето“, велат од АХВ за „Охрид 1“.Во ек на летната туристичка сезона, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат вонредни, засилени контроли на операторите со храна во туристичките центри во земјава.„Со вонредните контроли во Охридско - Струшкиот регион опфатени беа 89 оператори со храна. За утврдените неусогласености ( најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др.), издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и и 14 парични кзни. Како небезбедни, од страна на инспекциксите служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна“, велат од АХВ.Со спроведените вионредни инспекциски контроли на дваесеттина оператори со храна во Дојран, кај пет од контролираните оператори евидентирани се отстапувања во однос на HACCP плановите, отсуство или несоодветно означување на храната, особено на алергените и други неусогласености од помал обем.„Изречени се 4 мерки за отстранување на утврдените неусогласености, 4 мерки едукација и 2 парични казни. Како небезбедни, во Дојран нештетно се уништени само 5,6 килограми храна. Во услови на зголемени температури, а со нив и зголемен ризик за расипување на храната, апелираме до граѓаните храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат и на означувањето на производите и каде и како истите се чуваат. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта info@fva.gov.mк“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

protest-22

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине, велат од ВМРО ДПМНЕ

СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине од позицијата претседател на Собранието. Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на изјавата на Зоран Заев во врска со преговорите со Бугарија и ставовите на Талат Џафери.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите.Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност.Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!

Македонија | пред 4 години

zaev

Џафери прекрши Устав, Заев не бара одговорност

Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик. Нема да побарам одговорност затоа што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница.Претседателот на Собранието, посочи Заев, е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија и очекувам сите ние да бидеме пример на почитувањето на Уставот.– Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик, испровоциран точно од некои поединци од соседна Бугарија коишто секако укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици кое што секако никако не е точно. Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици, појасни Заев.Прашан, дали ќе лобира кај коалициониот партнер ДУИ за прифаќање на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека ДУИ ја прифатиле резолуцијата.-За тоа разговаравме, со тоа што секако треба да се смени уставното име и би требало да се утврдат одредени, како да ги кажам, формалности во самата резолуција за да може да биде заемно прифатена од сите. И уште еднаш да му покажеме на Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и македонскиот идентитет, еве и преку заедничка резолуција, ние тоа ќе го потврдиме затоа што е неспорно за сите дома, рече Заев.Во однос на посетата на поранешниот американски генерал Весли Кларк, Заев, рече дека Кларк е пријател на целиот Западен Балкан, еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор и човек којшто помогна дури и Северна Македонија кога имаше внатрешни конфликти 2001.-Главни лобисти за ЕУ се Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи, Зоран Попов, државниот секретар и други. Ние немаме лобисти коишто се ангажирани за ЕУ и верувам дека и тоа како сме го заслужиле тоа што денеска е слика за Северна Македонија, а тоа е максимална досега невидена поддршка од страна на сите земји членки на ЕУ, вкупно 26 во прилог наш, разговарајќи со Бугарија за конечно да се ослободи оваа банална причина која што стои помеѓу нас и нашиот почеток на преговорите, односно отворањето на кластерите, изјави Заев.

Македонија | пред 4 години

kola-MVR

МВР: Пратеникот Апасиев ги лаже граѓаните

Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна. Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција.Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните.

Скопје | пред 4 години

kola-MVR

Апасиев: Само си замишљам наместо Пежово на МВР, вака на сред пат да ми беше паркирана Алфата!?

Чекајте малце, другари...Само си замишљам наместо Пежово на МВР, вака на сред пат да ми беше паркирана Алфата!?Покрај пајаците на Шилеџе Алкосот, може и специјалци да ми викнеа , напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.Апасиев во објавата додава:p.s. Министре Оливер Спасовски.Вака ли сме сите исти пред "уставот и законите" или законите важат само за опозициските пратеници од Левица?p.p.s. Министрите (за разлика од пратениците) - немаат ни имунитет!

Скопје | пред 4 години

joci

Јоци: Плочки испукаа на Кеј, а никој не стапнал уште на нив, не па главната Ф1.600 цевка за водоснабдување на цело Скопје

Неее, нема смисла веќе ова. Баш секој ден се нови цепки со баба Петра!На овој плочки му испукаа на Кеј, а никој не стапнал уште на нив, не па главната Ф1.600 цевка за водоснабдување на цело Скопје, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Демек #Петросаурус бил гарантот дека цевката нема да пукне! Јак гарант, богами.ℹ Него муабетов човеков си го врти 2 години во воздух. Ни ,,бас" сме виделе, камоли ,,рапид".Једино што гледаме е некој лош филм ,,Баба Петра приказује".

Скопје | пред 4 години

Ramiz-Merko-780x470-1

ЗНМ го повикува градоначалникот Мерко да се извини на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува јавните дисквалификации како и, како што се наведува, непримерниот однос на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, кон новинар од телевизијата „Алсат М“ од Охрид.„На прес – конференција која се одржа на 8 јули градоначалникот Мерко наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со обвинувања од опозицијата а претходно и прашања околу изградбата на објекти кај автокампот Ливадиште, повторно вербално ги нападна новинарите. Тој го обвини нашиот колега дека работел за опозицијата со зборовите: ‘Знам дека и ти си Алијанса и твоето прашање не оди тука’ откако претходно му беше поставено новинарско прашање“, појаснуваат од ЗНМ.Од таму наведуваат дека ова е втор јавен инцидент со новинари на градоначалникот Мерко за помалку од месец земајќи предвид дека неодамна колешка од телевизија „Алфа“ грубо ја навредил на прес-конференција на која повторно се поставувале прашања за градби на брегот на Охридското езеро во струшкиот регион.„ЗНМ за константниот недоличен однос на градоначалникот Мерко кон новинарите ќе ја извести меѓународната заедница и ќе побара од локалните новинари да не ги проследуваат прес конференциите во организација на општина Струга доколку тој не се извини за својот однос кон нашите колеги. Потсетуваме дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од страна на граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај лична пресметка на јавни настани не може да биде оправдана“, велат од ЗНМ.

Македонија | пред 4 години

policija-2

297 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 83, а потоа на територија на СВР Битола - 49, на територија на СВР Штип – 45...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

policiska-kola

(ФОТО) Сообраќајка на Рузвелтова, се преврте полициско возило

Полициски автомобил се преврте утрово во Карпош, објави Алсат. Инцидентот се случил околу 04:00 часот. Автомобилот се движел по патот близу училиштето „Орце Николов“, по што изгубил контрола и завршил превртен на тротоарот. Според првичните информации има тројца повредени полицајци, кои биле пренесени во градската болница.Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска на крстосницата на Рузвелтова со Орце Николов, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси.„На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.Возачот изгубил контрола над „мицибушито“, од засега непознати причини.фото: Алсат.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања