Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-stojko

Разрешен директорот Стојко Пауновски

Владата денеска на седница донесе одлука да се разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, дознава ТВ21.Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за Пауновски.Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.извор: ТВ21.

Македонија | пред 5 години

w_56674000

Денеска починати 28 лица и нови 450 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид - по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од:Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.Пријавени се вкупно 28 починати лица: 9 од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г ), по 2 лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.Направени се 2.874 тестови преку: ИЈЗ - 531, ЦЈЗ Скопје - 80, ЦЈЗ Битола - 78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 0, Судска медицина - 7, лабораторија болница Козле - 11, УК Пулмологија со алергологија – 11, ГОБ 8-ми Септември - 19, Институт за микробиологија – 0, МАНУ - 120, Жан Митрев (Филип Втори) - 196, Авицена -201, Биотек - 367, Систина - 196, лабораторија Лаор - 152, Синлаб - 51, Ремедика - 46, Плодност – 32, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 772.Досега во земјата се направени вкупно 713.139 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66783, активни 6974Куманово 8425, активни 1090Прилеп 8116, активни 755Тетово 7057, активни 570Битола 6076, активни 1018Велес 5353, активни 550Гостивар 5090, активни 378Кавадарци 5084, активни 367Штип 4866, активни 410Охрид 4864, активни 471Струмица 3954, активни 539Струга 2918, активни 154Кочани 2694, активни 264Кичево 2437, активни 267Гевгелија 2163, активни 264Неготино 2135, активни 176Свети Николе 1471, активни 114Крива Паланка 1203, активни 65Ресен 1201, активни 204Радовиш 1079, активни 108Берово 1005, активни 60Делчево 946, активни 89Дебар 927, активни 43Виница 795, активни 116Пробиштип 768, активни 32Валандово 656, активни 69Богданци 483, активни 62Крушево 473, активни 93Демир Капија 393, активни 24Демир Хисар 383, активни 66Кратово 352, активни 9Македонски Брод 352, активни 24Пехчево 260, активни 21Македонска Каменица 228, активни 13Дојран 132, активни 11фото: Архива

Македонија | пред 5 години

katica-1

Катица Јанева ја тyжи Вилма Русковска за клевета, таа денеска не дошла на судењето

Поранешната шефица на згаснатото специјално јавно Обвинителство Катица Јанева не земала ниту денар во врска со случајот Рекет, тврди одбраната. Не добила пари за да го пушти Камчев од притвор, нити зела дополнителни пари како што ја обвини обвинителката Вилма Рускоска во декември лани. Според одбраната целта е да се оцрни угледот на Јанева, и тоа во време кога ја чека одлуката на Апелација за Рекет, објави Инфомакс.Рускоска денеска не дојде на судењето на кое Јанева за тужи за клевета и навреда а е поврзано токму со парите кои наводно ги земала поранешната шефица на СЈО. Во телефонски разговор за Инфомакс не сакала да го коментира овој случај. Кратко одговорила дека секој има право да тужи за што сака и кога сакаизвор: Инфомакс.

Македонија | пред 5 години

pozarna

Повреден пожарникар од Свети Николе

Повреден е 37-годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе. Според крими извештајот на СВР Штип, настанот се случил вчера околу 13:15 часот при извршување на работни задачи на зградата на ТППЕ Свети Николе.Тој паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Шип. Увид на местото бил извршен од екипа на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.Во моментов околу објектот на светиниколската пожарна се расчистува, со цел да стартуваат градежните работи за изградба на нов објект, со што пожарникарите ќе имаат подобри услови за работа, но и за вежби. Стартот на градежните работи се очекува на почетокот на мај.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sela

Алијансата за Албанците: Никогаш нема да ги запреме напорите за целосна транспарентност и политичка одговорност за 27 април и сите политички монтирани случаи

За три децении, Република Северна Македонија има произведено десетици политички монтирани случаи и напади врз демократијата, нерешени до сега поради параполитичкото мешање во судството и со цел да се заштитат криминализираните политичари и политизираните криминалци.27 април, покрај тоа што е неизлечива рана на нашата кревка демократија, е и најеклатантен случај за тоа како работи овој параполитички систем, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Додека криминалните структури во рамките на спроведувањето на законот и владејачката албанска партија го информираа Груевски за плановите за формирање на ново парламентарно мнозинство, поранешниот претседател на парламентот Вељановски, заедно со пратениците Мукоски, Василевски, Арнаудов и Димовски, им ги отворија вратите на хулиганите нарачани од надвор за да го запрат демократското уривање на режимот. Поранешниот пратеник Груби се погрижи да ги пречека и охрабри терористите додека го прегрнуваше синот на Мијалков кој го водеше народот во овој невиден напад врз храмот на демократијата и животот на народните претставници.Донесувањето на правдата и политичката одговорност за 27 април, природно стана сенародно барање внатре, но исто така и на нашите европски и американски партнери во странство во европскиот пат на земјата. И што се случи наместо одговорност?Параполитиката што го обединува новиот македонски режим, кој се преправаше дека донесува промени, заедно со стариот режим претставен од ДУИ и Мијалков, преговараа и донесоа закон со кој се донесува амнестија на извршителите Мукоски, Василевски, Арнаудов и Димовски. Тие го помилуваа директорот Вељановски, спречувајќи го да добие пратенички имунитет. И повторно истите овозможија заминување на сценаристот Груевски и пронајдоа виновен Албанец во лицето на Фета Алими на кој единствена вина му беше што го спаси животот на пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.Сите овие криминалци, со еден исклучок, затоа што некој сакаше поинаку, денес шетаат слободни и не вознемирени од правдата, додека поранешниот пратеник Груби, или инаку познат како координатор на пратеничката група на пратеници од Мијалков, е промовиран во првиот Заменик Премиер на Владата.Алијансата за Албанците никогаш нема да ги запре напорите за целосна транспарентност и политичка одговорност за 27 април и сите политички монтирани случаи.Соочувајќи се со заробена држава и длабоко корумпирано и политички контролирано судство, побаравме од пријателските европски земји мисија за да ги разгледаат политичките монтирани случаи, корупцијата на високо ниво и терористичкиот напад на Собранието на 27 април 2017 година врз Собранието на Република Северна Македонија. Ние нема да отстапиме од ова барање и од нашата програма за независно, ефикасно и фер судство, вклучително и преку проверка на судии и обвинители врз основа на европски стандарди.Правдата може да задоцни, но таа ќе биде поставена.фото: Точка

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок Не отворам врата“: Вирусот е длабоко навлезен во Методологијата за фалсификување на пописот, мора да го искорениме

Националниот Блок „Не отворам врата“ денеска, вторник, 27 април 2021 одржа прес конференција во врска со недостатоците на Методологијата за пописот. На прес конференцијата Вангел Божиновски претседател на Здружениот „Македонска преродба“ како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ рече:По одложувањето на пописот изразивме задоволство за разбирањето на надлежните околу сериозноста опасност од „спроведувње“ на попис во средиштето на најголемото загадување на животната средина познато во светски рамки.Потсетуваме дека нашето природно и разбирливо неопходно здружување како македонски организации беше предизвикано поради сомнителните подготовки за реализација на исклучително важниот процес - попис, и објавено на нашата прва пре конференција со следните намери:1. Одложување на пописот поради немање минимум услови ( ова се пролонгира и беше разбрано од власта), но, ние остануваме скептични околу датумот, бидејки, цитирам: бараме одложување до прогласување на престанок на епидемијата со Проглас од СЗО.2. Сметаме дека документите кои беа објавени, особено методологијата за “спроведување“ на пописот не гарантира успешен попис и затоа ова обраќање се фокусира на методологијата, бидејќи досега не забележавме никакви промени поврзани со нашите укажувања и имаме нов датум без одговор на множеството забелешки и кривични пријави не само од страна на нашето здружување „Не отворам врата“.Документот за кој ја свикавме оваа прес конференција е издаден во февруари 2021 и според него пописот требаше да се спроведе на 5 април?Иако Заводот за статистика немаше сеуште ангажирно потребен и доволем број попишувачи, власта инсистираше и беше убедена дека „попис мора да има во април“!? Оваа анегдота ја споменуваме не поради некоја голема важност од историски аспект, туку целејќи кон еден друг аспект кој се пренебрегнува кога станува збор за бројката од 38.000 попишувачи кои се клучен и најважен елемент на овој и ваков попис.Имено, Методологијата се состои од 43 страници А4 формат кои треба да ги простудираат и да ги „положат“ 38.000 граѓани - попишувачи за да можеме да имаме минимум сигурност дека ќе добиеме реални резултати од теренот. Ако ја пренесеме инерцијата од штотуку изминатитот февруарскит поход за пописот да се реализира на 5 април, а инерцијата е сериозна сила која тешко се видоизменува, треба да очекуваме дека до датумот на новозакажаниот попис или ќе нема потребен број попишувачи или ќе истрчаат на терен неподготвени.Молиме одговор на ова прашање и потсетуваме дек просечен минимум за подготовка на ваква работа е најмаку една година.Следен недостаток кој може серизно да влијае на вистинитоста на пописот...!Ова, сегашната методологија го крие, но, од добро известени извори од надвор дознаваме дека инерцијата на овие сериозни статистички рекогносцирања има навика попишувачите да бидат партиски кадри, кои, се разбира, ќе заслужат надомест за исполнетите задачи.Си дозволуваме слобода да претпоставиме дека е голема веројатноста партиските кадри да не мораат ни да го прочитаат документот, бидејќи имаат своја методологија која никогаш нема да биде објавена, и се разбира, секоја партија на свој начин третира своја методологија. Да не заборавиме дека на крајот на ноќта, 38-те илјади попишувачи кои штотуку така да се изразам го „положиле“ испитот ќе треба да влезат во практична примена на документ од исклучително сериозно значење за иднината!Ова треба да се разгледува внимателно и во повеќе наврати.Овде е точно време да потсетиме што Државниот завод за статистика напишал како дефиниција на пописот, цитирам: Активност од посебен државен интерес...поради својата сериозност и обемност бара: исклучително, внимателно планирање, подготовка, тестирање, анализирање и документирање на секоја фаза... бидејќи власта ќе носи одлуки според пописот... науката, струката и секое планирање ќе се темели на пописот...пописот значи континуитет и споредба со минатото...пописот значи прецизно евидентирање на историското наследство... Богами сериозно замислено!Но, дали овој документ кога ќе се прочита до крај може да ја исполни проектанската задача и дали со овој документ можеме да сме спокојни дека пред нас навистина е добро испланирана акција која ќе го донесе бараниот резултат!Првиот сомнеж е веднаш на почетокот: Во делот римско 2 насловен „општ дел“ пишува, цитирам: “Во Република Северна Македонија по Втората светска војна има спореведно 8 пописи!!? 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002!?“Во науката (и статистиката е наука) тоа се вика фалсификат.РСМ - Република Северна Македонија никогаш не спровела попис во Македонија. Бараме оваа лажна вест да се коригира. Но, да помогнеме на Државниот завод за статистика иако сметаме дека за ваков сериозен проект е потребно да се изработи модел пред да се напише методологија.Нудиме возможно, но многу реално сценарио за модел, врз основа на пописите кои ги направила власта досега (внимание: сите пописи од осамостојувањето ги спроведуваше СДСМ, интересно и го нотираме)Сценарио, според Методологијата што ја предлага власта:*се формираат пописни комисии по општините,градовите селата,угарите и тн....и сите се партиски* се назначуваат инструктори, заменици по општини, реони и тн, и сите се партиски* и попишувачи според јазично подрачје и исто така се партиски+ но и паралелни пописни комисии кога и каде што треба, се разбира партиски секако.И започнува најважниот процес во историјата на северна....партиските попишувачи се среќаваат со семејства кои не се сигурни колку деца имаат, со лични карти на граѓани родени во ист ден машко и женско од исти родители а не се близнаци и моментално не се тука, се наоѓаат во 4 собни станови во зграда која воопшто нема 4 собни станови, а сопственикот има имотен лист за 4 собен стан, се среќаваат со шупи во кои живеат 20 семејства, но, моментално не се тука “еве ти лични карти“, се среќаваат со граѓани кои се граѓани и на други места но секаде им е вообичаено место на живеење, се среќаваат со закани и нормално пиши како што ти велам и така е на лап-топ и има кој да му ја мисли, за да биде поефикасно по планинските села, секогаш има некој кој ги знае сите и ќе ја заврши работата брзо (така ќе се фати рокот од 20 дена), а тие што веќе имале искуство знаат дека ни тој нема да губи време туку сам ќе напише за сите како што треба, кога некои попишувачи ќе бидат со задача да направат попис на парцели и друг вид територијален посед на крај ќе излезе дека поседот што го попишале е поголем од површината на селскиот атар. Веројатно (така било досега) во пописот ќе се појават и непостоечки објекти ,,,,Но (ова е добро направено)Има закон за се.’ Во законот за попис од пред само 4 месеци, значи угул нов... и еве го решението: членот 17 став 3 и 4 ги решава сите проблеми постоечки да се, непостоечки да не се:Вака вели зкаонот: На крај и после се, ќе седнат ДУИ и СДСМ и ќе се договорат затоа што законот прецизно заповеда и ако еден од двајцата заменикот од ДУИ и директорот од СДСМ не е задоволен, пописот нема да важи!!!???Како што гледате вирусот е длабоко навлезен, да се надеваме дека со овој и ваков наш напор ќе го искорениме.извор и видео: Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

Rabotnici

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“ кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“ кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари. Се чистеа сите јавни површини во централното градско подрачје и локалните патишта кон селата и периферните населби, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:Во погон беше ставена целата механизација на јавното претпријатие кое претпријатието со помош на Општина Охрид ја набави во изминатиот период.Уште еднаш упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината. извзор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Скопјани ќе добијат ново шеталиште на Кејот 13 ноември на почетокот од летото

Реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов, се одвива со забрзана динамика и на почетокот на летото скопјани ќе добијат нов кеј за уживање.- Градежните активности на терен се интензивирани. Отстранети се централните и предните делови на терасите на угостителските објекти, со што е ослободено шеталиштето и прекрасниот средишен дрворед, што е едно од најатрактивните места во нашиот град. Изминатиов период се работеше на обновување на целокупната подземната инфраструктура, а во моментов се работи на поплочувањето на кејот и моите очекувања се дека во втората половина на јуни, на почетокот на летото, скопјани ќе добијат нов кеј за уживање – истакна Шилегов на денешната седница за советнички прашања.Овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.Терасите кои што ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и поставени на начин што ќе овозможи да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни развиени дрвја.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

Од утре полицискиот час почнува од 21:00 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден.Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.Почнувајќи од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што треба да бидат затворени за посетители.Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега.Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните Протоколот за отворање и работа на кафетериите, Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од КОВИД-19.Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27042021_PVRSM_Zaev_na-otvoranje-na-Gereshajmer_4

Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата

„Инвестицијата на „Гересхајмер“ е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови за инвестирање на „Гересхајмер“. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 работни места, а компанијата има сериозни планови и за натамошно проширување“, изјави премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на фабриката на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.Премиерот Заев упати искрени честитки за посветената работа и навремената реализација на инвестицијата на „Гересхајмер“ која произведува пластични системи за фармацевтската индустрија, што ќе обезбеди нови работни места и ќе придонесе во развојот на севкупната економија.„Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО што значи зголемена сигурност, стабилност и атрактивност за странските инвестиции. Компанијата „Гересхајмер“ најавува и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели. Ова ќе биде најголема поединечна инвестиција во историјата на Северна Македонија, од областа на медицината и фармацијата„ изјави премиерот Заев и додаде дека високо квалификуваниот кадар на компанијата, претежно инженери имаат двојно повисоки плати од просечната.Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи истакна дека Владата во изминатите 4 години направи исчекор во начинот како се привлекуваат, не само странските, туку и домашните инвеститори и како се креира додадена вредност.„Додадената вредност се подобро платените работни места, нашите компании да бидат дел од ланецот на набавка на одредени индустрии што можеби во минатото тешко беше да се поверува. Отворањето на оваа фабрика на „Гересхајмер“ за нас е многу важен чекор, затоа што ова е прва нивна фабрика во Југоисточна Европа, а со најавите дека размислуваат за проширување, навистина ни дава задоволство секогаш да ги поддржиме. Ова само покажува и потврдува дека нашата посветеност за креирање на предвидлива и поволна бизнис клима е секојдневно присутна", потенцираше Битиќи при што посочи дека само во 8 месеци потпишани се 53 договори за поддршка на инвестиции на домашни и странски компании со вкупен инвестициски циклус од 95,7 милиони евра и нови 2.000 работни места.„Само за потсетување за одредени податоци коишто се случуваат заради функционирањето на компаниите во ТИРЗ зоните. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека за првите 2 месеци од 2021 година во споредба со истите месеци од 2020 година кога се уште немаше пандемија, бележиме раст на трговската размена од 6,7%, растот на извозот е речиси двоцифрен и изнесува околу 10%, а растот на увозот е околу 4,4%, а секако тоа што нас секогаш не интересира е покриеноста на увозот со извоз, кој изнесува од 78,4% што е одличен податок, знаејќи дека сме во период на криза", посочи вицепремиерот Битиќи.Директорот Деспотовски рече дека оваа фабрика која се отвора денес е конкретен резултат на посветена работа на оваа Влада.„Нашата посветеност продолжува и низ интензивните преговори коишто ги водиме со компанијата за нова инвестиција. Можам само да го истакнам моето очекување дека во скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија. „Гересхајмер“ само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број. Нашите сограѓани кои работат овде веќе примаат плати двојно над државниот просек. ТИРЗ и оваа Влада се насочени кон компании со напредни технологии кои носат високо платени работни места кои ќе обезбедат добар животен стандард и се начин да им обезбедиме перспектива и иднина на младите дома, во својата земја", изјави Деспотовски.Потпретседателот на „Гересхајмер“ Оливер Бургел рече дека станува збор за водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Оваа компанија има погони за производство во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија со околу 10.000 вработени и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средби на претседателот Пендаровски со потпретседателот на ЕК и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел и со претседателот на ЕП, Сасоли

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Брисел, денеска оствари средби со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.На средбата со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Борел, претседателот Пендаровски истакна дека во изминатиов период Северна Македонија покажа политичка зрелост и максимален фокус во остварувањето на нејзината европска перспектива. Нагласувајќи дека интеграцијата на Северна Македонија е во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно Европската Унија дополнително да ја динамизира својата улога, што ќе се одрази позитивно врз севкупните политички процеси, реформската агенда, како и генерално, врз оптимизмот во општествата на земјите од Западен Балкан.Соговорниците се осврнаа и на состојбите во Унијата и кај нас, поврзани со справувањето со Ковид-19 како и на процесот на имунизација. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја поздрави солидарноста на Европската Унија и заблагодарувајќи се за целокупната поддршка и помош во справувањето со пандемијата, изрази очекување дека до крајот на август, ќе пристигнат и вакцините коишто Северна Македонија треба да ги добие преку механизмите во рамки на Унијата.На средбата со претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли беа разменети мислења и информации за напредокот на Северна Македонија во клучните реформски области во контекст на евроинтеграцискиот процес, како и за актуелните предизвици наметнати од пандемијата на Ковид-19.Двајцата соговорници ја нагласија исклучително важната континуирана комуникација на нашите институции со Европскиот Парламент со што се воспоставуваат цврсти основи за значителен напредок во спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и процесот на интеграција и пристапување во Европската Унија. Изразувајќи задоволство од силната и принципиелна поддршка на ЕП во таа насока, претседателот Пендаровски истакна дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во најскоро време, е наш клучен приоритет.

Македонија | пред 5 години

raskovski-44

„Призма“: Уште еден владин хонорарец во случајот „Рашковски“

И четвртиот осомничен во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци бил хонорарно ангажиран од Генералниот секретаријат на Владата, открива  „Призма“ (БИРН)Претходно, „360 степени“ објави дека џипот што го вози eксгенсекот Драги Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата, кој е осомничен во аферата.Со тоа се исцртува кругот на засега четворица што ги осомничи обвинителството – Рашковски, сопственикот на „Инвока груп“, Даниел Станчев и две лица кои истовремено биле хонорарно ангажирани од Генералниот секретаријат додека на негово чело бил Рашковски, посочува БИРН.На двајцата хонорарци ангажманот им почнал во време додека на чело на Секретаријатот бил Драги Рашковски.Позицијата координатор за дигитализација на ниво на РСМ не беше меѓу фактурите што БИРН ги доби од Владата откако со жалба успеа да ги добие насловите на ангажманите, но не и имињата на ангажираните. Оваа фактура, и уште една за графички дизајн, не биле доставени до БИРН затоа што, како што посочиле од Владата, не биле исплатени во декември.Зад тој ангажман се крие професор, чиј идентитет, поради заштита на претпоставката на невиност, БИРН не го открива. Станува збор за универзитетски професор од ФИНКИ, кој трипати бил ангажиран од Генералниот секретаријат додека со него менаџираше Драги Рашковски. Првиот пат во 2019 година.Целото истражување прочитајте го тука.

Македонија | пред 5 години

27-04-2021-Mitreski

Митрески: На 27 април беше нападното Собранието и уставниот поредок, одговорност мора да има и за организаторите на крвавиот четврток

Четири години од 27 април, четири години од крвавиот четврток кога овде во Собранието беа нападнати пратеници, новинари, полицајци и вработени во собраниските служби. Четири години од денот кога ова Собрание, храмот на демократијата, беше претворено во крваво бојно поле за одбрана на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Вооружени насилници, посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на раб на граѓанска војна, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.Митрески додаде:Тие насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители како што денеска лицемерно ги нарекува Христијан Мицкоски.Сите ние кои бевме овде на тој крвав четврток, вклучително и дел од вас новинарите, знаеме дека тоа што се случи не беше никакво бранење на Уставот, тоа беше удар на Уставот и уставното уредување.27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, а денешните обиди денешните протести, докажуваат дека оваа партија не е поместена ниту чекор од насилничката и режимска матрица со која 11 години ја држеше земјата во заложништво.На 27 април 2017 не успеаја обидите државата да се дестабилизира.На 27 април 2017 победи храброста, одличноста да се случат демократските промени, државата да се врати на вистинскиот пат.Денес, четири години подоцна напредокот е очигледен. Од држава на раб на граѓанска војна, денес сме држава членка на НАТО со трајно обезбедена сигурност.Од држава во која човековите права и слободи беа системски погазувани денеска сме држава каде демократијата, правата и слободите секојдневно се унапредуваат.Од поделена, изолирана држава, денес сме држава на едно општество, држава партнер и сојузник на демократскиот свет.Денес, Собранието повторно е храм на демократијата и поле на размена на идеи и аргументи.Како одговорна, државотворна партија, нема да дозволиме никогаш да се заборави 27 април и заедно со граѓаните нема да дозволиме никогаш да се повтори.Остануваме посветени на развој, на интеграција и напредок на нашата заедничка татковина Република Северна Македонија.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

zaenicka-makedonija-3

3aeдничка Maкедонија се вpaќа на улицете - Предупредуваме дека борбата за вистината нема да престане

Двајца од организаторите на протестите на иницијативата ‘За заедничка Македонија’, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, најавија дека се враќаат на улиците и се придружуваат на протестите преку кои се бараше слобода за осудените за настаните во Собранието на 27 април.Организаторите велат дека не биле политички изманипулирани во 2017 година, а протестите кои тогаш ги предводеа, ги нарекоа најмирни и најдостоинствени во историјата.„ Предупредуваме дека борбата за вистината нема да престане. Слободата е единствена правда за неправедно осудените. Затоа се придружуваме кон барањата за реотворање на процесот, за оние кои се неправедно осудени, да ја добијат својата слобода, па во фер постапка да се утврди кој за што има вина, а кој е жртва на политичко-судскиот терор во Македонија. Исто колку што е важно секој да си ја добие заслужената казна, многу поважно е целиот македонски народ да ја добие вистината која ја заслужува, откриена таква каква што е. Над 30 илјади граѓани кои се појавија на семакедонскиот протест за правда, стотиците илјади од домовите кои поради околностите поддршката ја дадоа на друг начин, потврдија дека идеите на граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ се живи. Од нас како едни од иницијаторите на најголемите и најмирни протести во историјата на Македонија, а кои за жал беа злоупотребени, луѓето кои излегоа во неделата и покажаа дека и по сите овие години не се откажуваат од македонското достоинство, правда и слобода, го заслужуваат најголемото признание, благодарност и уважување, еднакво како и иницијаторите на протестите, а тоа се Македонците низ целиот свет“, рече Илиевски. Извор: ИНФОМАКС  

Македонија | пред 5 години

jorgo

(ВИДЕО) Демократи бараат оставка од охридскиот градоначалник

Деморкати Охрид објавија видео во кое претседателто на партијата се прашува Како може бетонската база во Охрид, во последните две години да биде секојдневно на медиумите и да стане најпопуларна и повеќе популарна од сите историски објекти што ги има Охрид, а сеуште не е отстранета од градот, прашува претседателот на демократи Јорго Огненовски.Демократи на градоначалникот и советот му порачаа:„Има кој да го води Охрид. Охриѓани имаат чесни и способни граѓани. Ти си градоначалниче неспособен затоа треба да си заминеш. Собранието да донесе Лехспецијалис и да ме псотави мене за управник на Охрид. Јас за 10 дена ќе ги урнам сите дивоградби, после тоа јас заминувам и Охрид нека си избере нов градоначалник на избори“ - порачува Огненоски.За да се спречи урбаната мафија, вели Огненовски, на охрид му требаат квалитетни луѓе да го водат градот.

Македонија | пред 5 години

27-april

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја. Македонски патриоти на 27 април влегоа во собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица.На 27 април било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова на своевиден начин е потврдено при давањето на мандат за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:На 27 април осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината.Во 2001 година имаше слобода за припадници на албанското малцинство за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.Единствена Македонија како и македоснкиот народ знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1. Одговорнот мора да има, и ќе има.

Македонија | пред 5 години

zaev-paunovski

Заев за разрешувањето на Пауновски: Моите и аргументите на инспекторите во ДПИ ќе ги презентирам на седница на Влада

Владата треба да донесе одлука дали ќе го разреши директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски. Премиерот Зоран Заев вели дека сака да ги разгледа и материјалите кои му ги донеле пазарните инспектори, па да го каже конечниот став пред Владата. Вработените во Пазарна му кажале на Заев дека Пауновски е добар човек, но и дека го унапредил работењето на инспекторатот.„Ќе оставам Владата да си издебатира. Моите ставови ќе ги кажам на Владата, ќе ги кажам ставовите на Стојко Пауновски со кого во петок стапив во контакт, ќе ги кажам сите аргументации за одговорно владеење, на воспоставен систем на ред и поредок, каде што треба да се спроведуваат законите. Според Етичкиот кодекс имаме плејада можности како да постапиме, како за разрешување, така и за останување. Важно е да се почитува законот и одлуките, да имаме ефикасност во работењето. Искрено сакам кога ќе се вратам да ги прочитам материјалите кои инспекторите ги оставија. Значајни материјали кои сакам да ги прочитам, тоа ќе влијае на мојот став, а Владата ќе одлучува. Вчера имав став и го кажав јавно, денес, не дека се колебам, но имам почит кон овие административни вработени“, рече Заев.Сепак, премиерот посочи дека целта на постапката против Пауновски е да се испрати пораката дека законот мора да се почитува. Објасни и дека телефонски разговарал со Пауновски во петокот.„Во четвртокот минатата недела, не можев да го добијам. Следниот ден имав вратка од директорот. Стојко Паунвоски е политички поставен за директор на Пазарниот инспекторат. Тој е еден од моите први партиски соработници. Ние имаме однос, не ни треба ништо посебно. Каква и да биде одлуката, соработката ќе продолжи. Во прашање е принципот“, додаде Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27-april

Четири години од упадот во Собранието и крвавите инциденти

Четири години од упадот во Собранието и крвавите инциденти. Осудените насилници станаа уставобранители и добија намалени затворски казни од Апелација. Во исто време, судот им ги одби тужбите на повредените новинари оценувајќи дека не се новинари, ниту убиени. И натаму нема пресуда за лицата кои се гонат како организатори на крвавиот упад, а процесот трае.Четворица осомничени и обвинети се во бегство, меѓу кои и Никола Груевски. Тој пред да избега го осудуваше насилството и повикуваше насилниците да одговараат.Заев како сведок го посочи Груевски како организатор, но не и останатите обвинети.„Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски, рече Заев.На протести се бараше слобода и за осудените насилници кои заедно треба да одлежат 188 години затвор.„Патриотите не се терористи, тие се родољуби“, рече актерката Арна Шијак на протестот за слобода на осудениците за „27 април“.За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, насилниците се неправедно осудени.„Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот“, порача Мицкоски од протестот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пендаровски-Вархеји: Како да се надминат проблемите со Бугарија

Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Ваква порака упати денеска претседателот Стево Пендаровски на средбите со комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со што ја започна неговата работна посета на Брисел.На средбата со Вархеји, претседателот Пендаровски изразил благодарност за неговиот ангажман и поддршка за реализација на договорот за распределба на 651.000 дози од вакцината „Фајзер“ за земјите од Западен Балкан, од кои нашата држава ќе добие 119.000 вакцини.„Претседателот порача дека е клучно да се забрза процесот на вакцинација во претстојниот период и да се овозможи животот да се врати во нормала што побрзо, заблагодарувајќи се на ЕУ за целокупната поддршка и помош во справувањето со пандемијата, како и за демонстрираната солидарност“, соопштија од Кабинетот на Пендаровки.Двајцата соговорници разговарале за можностите за исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите, во контекст на претстојните состаноци во рамките на Европската Унија што треба да се одржат во мај и јуни годинава, како и билатералните прашања врзани со добрососедските односи. На средбата се размениле и мислења и информации за надминување на проблемите со Бугарија.На средбата со Лајчак, Пендаровки разговарал за најновиот развој на настаните во регионот, како и за предизвиците со кои се соочува во поглед на регионалната стабилност.Во рамки на посетата на Брисел, претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.Претседателот Пендаровски утре, 28 април, среда, ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 5 години

mila-carovska

МОН го повлече Законот за учебници од собраниска процедура, попушти ли Царовска од јавноста?

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска информира дека Предлог-законот за учебници и и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој предизвика поделени мислења во јавноста, е повлечен од собраниската процедура.„Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Овој закон предвидува и потреба на дигитални учебници, наместо печатени, по што дел од јавноста реагираше со жестока критика. Според министерството за образование, станува збор за реформа која од есен ќе стартува во прво и четврто одделение.Царовска досега не отстапуваше од најавените реформи, велејќи дека децата ќе го видат бенефитот на дигиталниот учебник. Но, печатењето на дигиталниот учебник, ќе падне на товар на родителите, ако некој сака лекциите да ги учи на класичен начин.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Левица: Образованието на Царовска е бесплатно откако родителите ќе си платат

Откако нè задолжија до гуша со цел наводни реформи во образование, гласноговорниците на власта најавуваат дека освен за хонорари, тешко дека ќе останат средства за било што друго. Имено, деновиве слушнавме дека само близу 4000 ученици (од над 200.000!) исполнувале услови да добијат електронски уреди преку кои ќе ја следат наставата. За останатите ќе си платат родителите, иако во Законот за основно и Законот за средно образование јасно е напишано дека образованието е БЕСПЛАТНО, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Веселата математика на претседателката на комисијата за образование на СДССМ и директорка на ДИЦ, Елизабета Наумовска, тврди дека откако ќе заштеделе пари со непечатење учебници, можеби уште некое дете би добило електронски уред за задолжително следење задолжителни содржини во БЕСПЛАТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ! Е, тоа е она кое ни најмалку не ѝ јасно на владејачката булумента: дека ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е ТРОШОК, ТУКУ ИНВЕСТИЦИЈА. Наумовска, дрско и арогантно изјави дека препечатување учебници го оптоварувало државниот буџет, додека само од август до февруари од буџетот биле потрошени над 7 милиони денари само за патни трошоци.Министерката Мила Царовска пак многу милува „да си раскажува со свои зборови“ за образовните системи во други држави, па откако се повика на наводен фински модел кој беше демантиран од Финска, сега ги упати загрижените родители, дрско и напернато како што доликува на некој кој мора да прикрие колку е бос во некоја област, да провереле како е во Хрватска. Проверено. Нека провери и таа. Во Хрватска откако неколку години се подготвуваа за дигитализација на наставата, почнаа да воведуваат дигитални содржини само во неколку наставни предмети, без да ги исфрлат од употреба печатените учебници, а на сите ученици од основно образование им беа поделени таблети.Левица укажува дека нема да дозволиме образованието да биде привилегија на мал број ученици чии родители градат хациенди додека мнозинството се борат и леб да стават на трпеза!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-6

41 лице не го почитувале полицискиот час, а дури 451 лице се казнети за неносење маска

Од 20.00 часот (26.04.2021) до 05.00 часот (27.04.2021) констатирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

МВР - 118 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

dete-srbija

(ВИДЕО) Момче од Србија го воодушеви регионов, слушнете како пее песни од Тоше Проевски

Изминатиов период на социјалните мрежи кружи видео од момче од Србија чиј глас едноставно го воодушеви регионот. Српската новинарка Весна Малисиќ на својот фејсбук-профил сподели видео од момче, кое веројатно е дел од тимот на комуналните служби во Белград. Но, нема дополнителни информации за него.На почетокот на видеото момчето се слуша дека го прашуваат кој е неговиот омилен пејач, а тој одговори со стихови од една од најпознатите песни на Тоше Проески отпеана на српски јазик „Боже, брани ја од зла“.Слушнете ја неговата фантастична изведба која нема да ве остави рамнодушни:видео: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

26042021_PVRSM_MZ_PZPVRSM_Sredba_MPC_IVZ_1

Заев, Груби, Филипче и Сотировски на средба со поглаварите на МПЦ Стефан и на ИВЗ Шаќир Фетаи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Сулејман Реџепи за придонесот во справувањето со пандемијата.Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања