Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

03252021_PVRSM_Zaev_Sobranie-1

Заев: Пред законите сите се еднакви без разлика на функцијата, спроведуваме успешни акции во борба против криминалот

Порано беше мисловна именка да има истрага против високи функционери, а денеска сите еднакво одговараат пред законите, а истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали станува збор за командир на полициска станица или на било кој друг функционер, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев на пратеничко прашање за акцијата на полицијата во која беше пресечен канал за шверц со забранети супстанци, спроведена во соработка со американската агенција ДЕА.„Акцијата беше спроведена според законот и според највисоките стандарди на напредните земји во борбата против криминалот и во соработка со нив. Главниот координатор беше министерот, и да се бара оставка за успешна спроведена акција ниту сакам, ниту помислувам да побарам“, истакна премиерот Заев.Денеска гарант за транспарентноста и за ефикасноста на нашите политики и акции е будното око на институциите на Владата, рече премиерот, и додаде дека затоа денеска сме на врвот на земјите со најголем напредок во демократијата со што се потврдуваат успешните политики за унапредување на слободата и демократијата како придобивки нотирани во сите меѓународни извештаи.

Македонија | пред 5 години

mladi2

Градоначалникот Георгиски дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади

На мое големо задоволство денес бев дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади, кое потоа ќе биде надлежно за формирање на Советот на млади во општина Охрид.На конститутивната седница учествуваа 14 делегати од здруженија на граѓани и подмладоци на политички партии. За претседавач на собранието е избран Георги Ставрески, а за секретар Јована Ристеска.Ги охрабрувам младите и им посакувам успех во реализација на секоја позитивна идеја која обезбедува напредок за сите нас, затоа што тие се носители на младинските активности во градов. Им посакувам позитивна мисла и понатамошни креативни идеи, а јас со задоволство ќе го поддржувам сето она што значи напредок и развој на нашиот град, напиша градоначалникот во ФБ објавата.ФБ профил Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

MVR-1

(ВИДЕО) Детали за акцијата во Арачиново, разбиена криминална група која продавала дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи денеска (28.04.2021) сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Во рамки на повеќемесечната истрага обезбедени се доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираностa на членовите во недозволена трговија со оружје и дрога и документирани се продажби на наркотична дрога и оружје. Денеска (28.04.2021) во раните утрински часови, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Одделот за специјални полициски операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лишени се од слобода членовите на организираната криминална група. Приведени се девет лица (осум од с. Арачиново и едно од Свети Николе), а едно лице-член на групата од претходно е на издржување мерка притвор“, соопшти Ангеловски.Врз основа на издадени Наредби од надлежен суд извршени се претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на град Скопје (с. Арачиново) и на една локација на подрачјето на Свети Николе. При извршените претреси се пронајдени и одземени и рамки за автоматска пушка, куршуми од различен калибар, седум возила, мобилни телефони, како и други предмети поврзани со истрагата.Х.Б. (54) и А.М. (44) создале организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, и раководеле со групата која подолг период делувала на територијата на нашата држава, а кон неа се приклучиле Ф.Б.(22), В.Б.(25), Д.Б.(44), И.С.(48), И.Ј. (45) (полициски службеник), Љ.А. (31), И.А. (40) и Р.А.(16), кои на заинтересирани лица го продавале нелегалното оружје, муниција и дрога.„При спроведувањето на повеќемесечната истрага и презамањето на мерки и активности, документирани се повеќе од 20 случаи на купопродажба на дрога,оружје и муниција при што се обезбедени доволен број на докази кои ја потврдуваат нивната инволвираност за кривичните дела за кои се теретат овие лица. Исто така, во рамки на ова криминалистичко истражување, по преземени мерки и активности се реализирани повеќе случаи на недозволена трговија со дрога (најмногу хероин, но и марихуана и хашиш), како и оружје и муниција, за што веќе од МВР се поднесени кривични пријави за уште 12 лица (девет за недозволена трговија со дрога и три лица за недозволена трговија со оружје и муниција). Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран случај во Кичево на 10.11.2020 година, каде што се запленети голема количина на оружје и муниција.Министертсвото за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на вакви и слични криминални групи“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 5 години

ucebnici

Утре бојкот на наставата, најави неформална граѓанска иницијатива

Неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има" денеска пред Министерсството за образование и наука побараа да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование и за утре најави бојкот на наставата. Иницијаторите побараа од Министерството да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции, објави МКД.МК.Според иницијаторите, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава.„Законот не е во интерес на иднината на децата, нивното физичко и ментално здравје, развојот на нивниот потенцијал, а непосредно ќе се одрази и на здравјето на родителите, наставниците и останатите инволвирани во образовниот процес“, изјави Драгана Спасевска, која рече дека е воспитувачка од Битола и мајка на три деца, а фејсбук-групата има над 70.000 приврзаници.Таа нагласи дека тие се "гласот на родителите", кои алармираат дека во државата има руинирани училишта без нормални услови за настава, дека секое седмо дете нема ИТ- уред и интернет. Нагласи дека не се против осовременување на образованието со дигитални алатки, но тие да бидат дополнителни помагала, а печатените учебници да останат во употреба.„Во нашата фејсбук-група направивме и анкета во која родителите имаат многу барања во образованието – печатените учебници да останат во употреба во наставата, да нема спојување на два предмета во еден, да се исклучи сеопфатното родово сензитивно образование, што побргу да се донесат протоколи за враќање на децата во училишните клупи и нам, родителите, да ни се овозможи да имаме право да предлагаме изучување на темите во образовнието“, рече Спасевска.Таа соопшти дека „за да ја сфатат сериозноста" на нивните намери, утре ќе организираат бојкот на наставата – и на онлајн и на наставата со физичко присуство, во основното и во средно образование, а доколку не биде прифатено нивното барање, ќе следуваат протести и барање оставка од министерката Мила Царовска, како и иницијатива за непосредно изјаснување на граѓаните.Текстот во целост на: МКД.МК.

Македонија | пред 5 години

28-04-2021-Kuzeska

Кузеска: И „Фридом хаус“ ги потврдува успешните политики на Владата предводена од СДСМ, земјава единствена со демократски напредок во Западен Балкан

Политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во поглед на унапредување на човековите права и слободи и демократскиот амбиент, во континуитет се препознавани од релевантни меѓународни организации. Последна потврда за тоа е Извештајот на „Фридом Хаус“ кој нотира дека Република Северна Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:„Фридом Хаус“ потенцира дека Република Северна Македонија е единствена земја со демократски напредок во Западен Балкан.Напредокот на нашата држава е втор најдобар резултат во Европа, од вкупно 29 земји кои се анализираат во извештајот.Во Извештајот е нотирано и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанси да донесе уште демократски придобивки“.Извештајот на „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот се силни меѓународни признанија за одговорното, транспарентното работење на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.Овие меѓународни признанија се потврда дека сме на вистинскиот пат, но се и дополнителен мотив за институциите за уште поголема демократизација на општеството, уште поголема транспарентност, но и уште позасилена борба против корупцијата, како и ефикасно владеење на правото.Како партија предводник на реформите продолжуваме да носиме и реализираме мерки и политики што значат развој, напредок и интеграција на сите полиња. видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Ја известуваме јавноста дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.Со овој закон, Левица предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминативе неколку месеци ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Тројца обвинети за разбојништва во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 31 јануари, тројцата обвинети влегле во спортска обложувалница на улица „1613“, покажувајќи метален пиштол со пластична рамка се заканиле дека ќе нападнат врз животот на еден вработен и одзеле импровизирана картонска кутија во која имало 32.000 денари во различни апоени. Потоа со возило избегале од местото, а парите ги поделиле.Двајца од обвинетите на 1 февруари сториле уште едно разбојништво така што влегле маскирани во аптека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ и на вработената и се заканиле со метален пиштол со пластична рамка, барајќи да им ги даде парите од дневниот промет. Вработената го отворила малиот прирачен сеф на наплатното биро, но во него немало пари. Еден од обвинетите започнал да се обидува да ја отклучи фиоката на регистер касата со дневен промет, но по неколку обиди клучот се заглавил и се скршил. Потоа, тој со физичка сила насилно ја откорнал втората заклучена регистер каса во која имало околу 3.000 денари, ја одзеле и двајцата обвинети почнале да бегаат. Но, ги забележале полициски службеници, кои почнале да ги бркаат обвинетите. Во моментот кога бил престигнат, еден од обвинетите ја фрлил касата кон полицајците, по што бил совладан и лишен од слобода. Другиот обвинет, пак, влегол во влез на една од зградите и го скрил пиштолот во пластичната таванска ламперија на влезот.Имајќи го предвид видот и карактерот на стореното кривично дело, предвидената казна, личните околности на обвинетите, можноста за бегство и за повторување на делото, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за тројцата обвинети.​

Скопје | пред 5 години

Monika-Zajkova

Зајкова: За локалните избори бараме отворени листи за избор на својот кандидат

Во очи на овогодинешните локални избори гаејќи ја надежта за широка политичка поддршка од сите политички партии, предлагаме измени во изборниот законик, кои на следните локални избори ќе претпочитаат еднаква родова застапеност (50%-мажи, 50%-жени) и отворени советнички листи, вели Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратeничка.- Во овој момент во нашата држава за избор на пратеници и членови на советите во општините се користи пропорционалниот модел на затворени листи. Тоа значи дека имаме право да избираме листа содржана од 20 пратеници и листа од непарен број на советници, но немаме право најдиректно да избираме личности, појаснува Зајкова.Таа вели дека современите општествено-политички текови, несомнено бараат и современи политички модели кои најпрецизно ќе ја отсликаат граѓанската волја исполнувајќи ги во целост нивните потреби и очекувања.- Бидејќи политичкиот избор се смета за основна граѓанска должност, повеќе од кога било, станува евидентна потребата избирачкото право да биде проследено со зголемено право на избор на личност од листата на номинирани кандидати. На тој начин одговорноста и на граѓаните, но и на избраните политички чинители ќе биде голема, директна и непремостлива, вели Зајкова.Според неа политичките избраници на овој начин ќе имаат зголемена и директна одговорност пред граѓаните кои директно ги избрале, додека пак избирачите ќе имаат поголем мотив да излезат на гласачките места, гласајќи за „својот“ кандидат.Воспоставувањето гаранции за ефикасно остварување на правата на граѓаните и оживотворувањето на идејата за претставничката демократија во нејзината вистинска смисла не е само вистинскиот, туку е и единствениот начин за гласот на граѓаните да биде слушнат, вели таа.

Македонија | пред 5 години

puska-1

Притвор за Скопјенец, поради обид за убиство во викендичка во Кочанско

Полицијата приведе 25-годишен скопјанец поради убиство во обид и неовластено држење на оружје.„Скопјанецот во викенд куќа во селото Пантелеј, Кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н.“, соопшти МВР.Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор.

Скопје | пред 5 години

21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

МОН: Промена која носи квалитет и напредок на образованието, не смее да биде причина за бојкот на настава од страна на учениците

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е современо решение базирано на глобални образовни стандарди и кој значително ќе ја унапреди наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намали обемот на домашните задачи и работата на родителите и старателите со учениците и ќе донесе подобрување на севкупниот квалитет на националниот образовен систем, не смее да биде причина за бојкот на наставата.По објавувањето на информации во дел од медиумите дека учениците од одредени средни училишта се организираат денес да ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел до нив и до нивните семејства, да продолжат да учествуваат во воспитно – образовниот процес, кој треба да биде нивна единствена грижа и интерес. Во спротивно, отсуството од часови и настава значи загубено време и знаење кое понатаму тешко се надоместува.Бојкотот на наставата значи отпор кон промените кои се креирани согласно времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат. Од интерес е за сите сегашни и идни генерации на ученици, македонскиот национален образовен систем да се развива, да напредува и фати чекор со трендовите и процесите во современиот образовен свет, меѓу кои е и дигитализацијата на материјалите за учење, што кај нас како промена ќе се случува етапно и во овој момент воопшто не ги засегнува средношколците.Истовремено, нагласуваме дека исклучително е важно во целиот овој процес да се следат сите официјални информации и одговори на прашања и дилеми во врска со Законот за учебници, кои транспарентно и на дневна основа ги дава Министерството за образование и наука и другите институции кои учествуваат во креирањето на промените. Сите други извори не се релевантни, а многу често и информациите кои се пласираат особено по социјалните медиуми имаат манипулативен карактер и цел да поттикнат несакани реакции токму од страна на учениците и нивните семејства.извор: МОН

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Отфрлени кривичните пријави за КУБУС

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од МВР БЈБ, Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за финансиски криминал, Единица за борба против перење пари и економски организиран криминал против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв ст.3 вв ст.1 вв чл.45 ст.1 од КЗ и за кривично дело – Измама од чл.247 ст.4 вв ст.1 вв чл.45 ст.1 од КЗ.Со Решението отфрлена е и кривичната пријава на приватен подносител од Скопје против пет физички лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв ст.3 вв ст.1 вв чл.22 вв чл.45 ст.1 од КЗ и за кривично дело – Измама од чл.247 ст.4 вв ст.1 вв вв чл.22 вв чл.45 ст.1 од КЗ и кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 ст.2 вв ст.1 вв чл.22 од КЗ, како и против две правни лица кои беа пријавени за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв ст.3 вв ст.1 вв чл.45 ст.1 од КЗ, кривично дело – Измама од чл. 247 ст.8 вв ст.4 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 од КЗ.Обвинителството го донесе Решението по обемно направените проверки врз основа на обезбедената писмена документација и обезбедените вербални докази, испитувања на оштетени и сведоци, а пред се врз основа на економско-финансиското вештачење, проверките во Народната банка на РСМ и во Управата за финансиско разузнавање.Имено, сите направени проверки и вештиот наод упатуваат дека пријавените физички лица не ја искористиле својата службена положба и овластување, ниту ги пречекориле границите на своето службено овластување, а со крајна цел предизвикување штета на правните лице Кубус и Кубус Инженеринг. Исто така, не е исполнето ниту битието на кривичното дело – Измама, бидејќи не може да се даде верба на тврдењето дека пријавените го навеле и го држеле во заблуда претставникот на оштетените правни лица, да зема кредити на штета на имотот на овие правни лица, уште повеќе што како управител кој при тоа треба да биде деловно способен, согласно законските обврски определени во Законот за трговски друштва, тој е должен да презема работи во интерес на правното лице, како и работи кои се целисходни за остварување на интересот на друштвото, а не во континуитет да го задолжува, без при тоа да преземе соодветни дејствија за кои се предвидени механизми во сферата на граѓанската постапка за наплата на своите побарувања, тренд кој се проткајувал во период од неколку години, а за сметка на оштетените правни лица. Како договорен однос, позајмиците претставуваат договорна волја на две или повеќе страни и како правен инструмент е предвиден во Законот за облигациони односи, поточно на оној што го дава заемот и оној што го прима и истите произведуваат како права за страните, така и обврски.Во ваква ситуација кога се одобрени парични средства како кредити, по кои не се вршени редовно уплати од страна на предметните правни лица во банките, а во спротивно тие средства од страна на истите правни лица понатаму се давани како позајмици за кои биле склучени и Договори во кои била предвидена и определена каматна стапка, односно предвидена заработка, оди во корист на непостоење на елементот на штета кај пријавените кривични дела.По однос на кривичното дело Фалсификување службена исправа, за чие постоење потребно е службено лице во службена исправа, книга или спис ќе внесе невистинити податоци, односно согласно став 2 од истиот член таквите исправи ќе ги употреби во службата како да се вистинити, не произлезе дека од страна на осомничените се преземени дејствија, без да му бидат познати на претставникот на оштетеното правно лице, а кои се однесуваат на поднесените барања за кредит, склучените договори, исплатата.Што се однесува, пак, до пријавените правни лица, решението за отфрлање на кривичната пријава е донесено бидејќи постојат околности кои го исклучуваат кривичното гонење, од причина што кривично одговара правното лице кога тоа е определено во Кривичниот законик. Имено, за кривичните дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ и кривичното дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 од КЗ, не е предвидена кривична одговорност за правното лице, што од кривично правен аспект претставува околност што го исклучува кривичното гонење, додека пак за кривичното дело – Измама од КЗ, во Кривичниот законик објавен во Службен весник бр.19/04 кој важел во тоа време не е предвидена одговорност за правното лице, која е воведена со измената од 2009 година, па оттука, согласно чл. 3 ст.2 од КЗ, ако по извршување на кривичното дело е изменет законот еднаш или повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот, од кои причини се одлучи како во диспозитивот на Решението.Оштетениот има право во рок од 8 дена по приемот на Решението, во смисла на чл. 288 ст. 2 од Законот на кривична постапка, да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје.Поради обемноста на направените проверки за утврдување на фактичката состојба, образложението на донесеното Решение со детален увид во сите преземени дејствија го објавуваме во прилог на овој текст.

Македонија | пред 5 години

kacarska

Кацарска не гледа никаква потреба ниту причина судењето за „27 април“ да се врати од почеток

Судијката Добрила Кацарска која во првостепена постапка досуди 211 години затвор за обвинетите во случајот за собранискиот упад на 27-ми април не гледа ниту причина, ниту потреба за повторување на процесот, откако тоа беше побарано во неделата на протестот наречен „Слобода за Уставобранителите“.Таа во изјава за Канал 5 ги демантира обвинувањата дека пресудите биле политички мотивирани и вели дека не е точно тврдењето дека судската одлука била донесена само врз основа на еден измислен сведок, туку во текот на судењето биле сослушани голем број на сведоци, прегледани повеќе снимки и други докази предложени од обвинителството и одбраната.– Жално е што секој еден граѓанин се впушта во оценка на висината на казните, иако пред себе ги нема доказите. Не може да стане збор за драконски казни ако се работи за конкретното кривично дело каде што е запретена најниска казна од 10 години затвор. Жалам што јавноста немаше можност да ги види сите оние снимки што ние ги гледавме во судница. Доколку јавноста ги гледаше сите тие снимки како се тепаат пратеници и надвор од прес центарот со клоци тупаници противпожарен апарат сигурно нема да има коментари дека станува збор за драконски казни, вели Кацарска.Судијката Кацарска, но и обвинителката Вилма Русковска , која го застапуваше обвинението сметаат дека со барањата за укинување на пресудите политиката директно влијае врз судството. Русковска во изјава за Канал 5 вели дека законскиот текст на делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ врз кое беа донесени и пресудите одговарало на кривичните дела кои ги направиле сега осудените.извор: Канал 5

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

Тешка сообраќајна несреќа во Струга, повредени четири лица од нив две се деца

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улиците „Владо Малески“ и „Пабло Неруда“ во Струга, пришто 4 лица со повреди завршија во болница, од кои две се малолетни.Како што информираат од полицијата незгодата се случила помеѓу две возила од марката „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од Б.Б.(19) од Заграчани и Р.И. (59) од селото Калишта.„Со тешки телесни повреди се здобила малолетничка-сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-DFITR-Petrov-Startapuvaj-3-18

Битиќи и Петров: Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“.Вицепремиерот Битиќи соопшти дека Со овој конкурс ќе бидат овозможени 2 милиони евра неповратни средства финансиска поддршка за македонскиот старт-ап систем.„Целта на овие повици е трансформацијата на старт-ап екосистемот, и создавање на еден конкурентен и силен систем којшто ќе има огромно позитивно влијание на домашната економија и ќе допринесе за нејзина интернационализација “, нагласи Битиќи.Вицепремиерот се осврна на потенцијалот којшто Владата на Република Северна Македонија го препознава во старт-ап бизнисите и кон целата поддршка којашто досега им е дадена.„Владата на Република Северна Македонија гледа навистина голем потенцијал во идеите на младите и иноватни луѓе, а доказ за тоа се и досегашните 305 поддржани старт-ап компании со инвестиција од над 17 милиони евра. Како Претседател на новооформениот старт-ап Совет, со голема гордост учествувам во сите проекти кои ги развиваме, со цел да ги олесниме условите за создавање на сопствен бизнис во нашата земја. Целта на постоењето на Советот е токму во тоа, да ги разгледаме сите потенцијални предизвици коишто можат да се надминат и модифицираат, и да се создадат најповолни услови и околности за инвестирање во нашата земја“, потенцираше вицепремиерот.Еден од главните предизвици на работата на страт-ап Советот е развивањето на подобри регулативи, преку создавање нови и ажурирање на постојните прописи и создавање на платформи кои ќе ги намалат трошоците за старт-ап компаниите и ќе ги олеснат административните процедури.„Така, Законот за иновациска дејност, кој е креиран според новите трендови, и кој за прв пат ќе ги вклучува и „бизнис ангелите“, во рамките на своите одредби, а на тој начин ќе обезбеди подобар пристап до финансиите и подобар ангажман на корпорациите и нивните инвестициски фондови во македонскиот стартап еко-систем. Истовремено, ние сме посветени и на привлекување дигитални номади и нашата намера е да создадеме адаптирани законски измени и погодни услови за престој и работа на странците во нашата земја. Ова би било од голема корист за економијата на земјата, бидејќи заработениот приход на странците ќе се потроши во Република Северна Македонија, допринесувајќи за растот на домашната економија. Исто така, сакам да посочам дека пред само една недела, Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, на која гледаме како дел од планот за економски развој на Република Северна Македонија“, заврши Битиќи.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров имаше детална презентација на јавниот конкурс, пришто посочи дека ова е веќе трет по ред јавен повик од овој вид, во кој се воведени важни новитети, кои значително ги подобруваат условите за аплицирање и го олеснуваат пристапот до финансиски средства за старт-ап и спин-оф компаниите.„Целта на сите овие промени е да им го олесниме патот на компаниите кои имаат потенцијал да реализираат иновативни бизнис идеи. Поддршката преку овој повик е наменета на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ и јасна амбиција за комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза“, започна директорот на ФИТР.Петров нагласи дека за прв пат, на овој повик може да аплицира и тим кој се состои од најмногу 5 членови - физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот. Правилникот со сите информации е веќе објавен на веб страната на Фондот.„Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, некои од оние кои ги поддржуваме се за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање на пазарот и други. Во делот на подобни трошоци, во интерес на времето ќе издвојам само неколку од нив, а тоа се бруто плати за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој“, рече директорот Петров.Директорот на ФИТР нагласи дека за прв пат на јавниот повик „Стартапувај“, добиените средства ќе бидат неповратни, што претставува уште еден сериозен поттик и олеснување за македонските стартапџии да добијат шанса за реализација на нивните проекти.„Фондот ќе обезбеди до 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува Апликантот“, додаде директорот.Покрај финансиската поддршка, на сите креативни и иновативни старт-ап компании кои ќе аплицираат на овој јавен повик, Фондот нуди и дополнителна поддршка, преку нивните партнери. Со соработката со НЛБ Банка и Силк Роуд Банка, на компаниите им стојат на располагање повеќе кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните.„Нашата држава има причина да се гордее со фактот дека Фондот за иновации и технолошки развој пред една недела стана првиот стратешки партнер за Amazon Web Services за Северна Македонија, со што на корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата им се достапни кредити во износ до 10.000, 25.000 се до 100.000 УСД“, рече директорот на Фондот пришт додаде дека ќе продолжи праксата за овозможувањена менторска поддршка за сите стартап и спин-оф компании, во фазата на подготовка, развој и реализација на идеите.Директорот на ФИТР посочи дека веќе од утре ќе започнат инфо сесиите во рамките на кампањата #45ДенаСтартапувај, пришто во наредните 45 дена сите заинтересирани ќе имаат можност да ги слушнат советите, на некои од најупешните претприемачи и експерти во државата.На јавниот конкурс „Стартапувај 3“, сите заинтересирани старт-ап и спин-оф компании ќе може да аплицираат во наредните 45 дена се до 12-ти јуни 2021 година, до 14.00 часот, а целата проектната документација и начинот на аплицирање се целосно достапни на веб страницата: https://www.fitr.mk/startapuvaj3/

Македонија | пред 5 години

snimka

(АУДИО) Заканувачка снимка на „Јутуб“, „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“

Аудио снимка прикачена на мрежата „Јутуб“ со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија е испратена до „А1он“.  Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.„…Не си свесен ти.. тие лајк што му ставаат ќе ги.. а не па оние што раководат.. јас зборот си го држам… јас не ги… ко тебе.. брат, нема брат.. ко ќе р’чнеш р’чнато е.. ако треба ќе умрам… последно да ми е, јас ти кажувам дека Заев ќе биде изрешетан ко куче… Струмица.. со глава ти гарантирам.. три деца имам нема да си ги видам никад…памти ми го зборот… да го боли срцето…“, се зборува во дел од снимката.Снимката е објавена на јутуб каналот именуван како „Кулата мала“ и засега нема информација кој ја снимал. Аудио снимката може да ја слушнете на овој линк.извор: А1 ОН

Македонија | пред 5 години

176826072_1843253215824027_8723651512762095364_n

(ВИДЕО) „Не ми беше лесно да ја задржам сопругата“, искрено со Дејан Лилиќ

Уште од почетокот на кариерата актерот Дејан Лилиќ важеше за миленик на женската публика. Но, кога пред 15 години ја запознал сопругата Љубица, која е психолог по професија, таа не знаела дека Дејан е познат глумец.Вели, тоа му се допаднало, па во љубовнaта врска влегол растоварен од популарноста што ја носи неговата работа.Лилиќ ретко зборува за приватниот живот. Но, овој пат во интервју за „Репортер“ бeше поинаку, па помалку зборуваваме за театарот, а повеќе за љубовта со Љубица и за нивните две ќерки, Маја и Ани, Објави Репортер.„Ми беше тешко да ја освојам сопругата, но и да ја задржам. Јас и сега се трудам постојано да ја освојувам. Бракот донесе многу промени, одрекувања, но за ништо не жалам. Ако го имаш вистинскиот партнер, тогаш сето ова вреди. А кога се родија нашите ќерки, решив кариерата да ја ставам во втор план и да го послушам советот на некои постари родители: 'Немој да го изгубиш овој период со децата'“, ја почна својата приказна Лилиќ.Ќерките Маја и Ани набргу ќе наполнат 5 и 7 години. Често заедно одат во Зоолошката, која им е омилено место за дружење. Тука, вели Лилиќ, им раскажува и за своето детство оти живеел во близина и за викендите поминати во луна-паркот. Вели дека дома не ги заморува со својата работа затоа што тогаш тој е татко и сопруг, а не актер.„Тие се многу мали за да знаат што работам, па затоа им е чудно кога луѓе ќе ме застанат на улица за да се фотографираме. Еден ден ќе дознаат, но до тогаш ќе бидам само тато Дејан“, ни изјави тој.По дипломирањето, тој кариерата ја почна во Драмски, а потоа беше и директор на МНТ. Последните години повеќе игра во филмови и синхронизира серии отколку што глуми во театар. И денес жали што поради улогата во претставата „Мајсторот и Маргарита“, одбил улога во руски филм.За Лилиќ се врзани многу приказни: од оние за филмот „Дедо и внук“, преку времето кога беше директор во МНТ, до емоциите што не можеше да ги скрие за својата покојна колешка Билјана Беличанец. За сѐ ова ни откри во интревјуто, како и: која е Љубица, жената на неговиот живот, како ја побарал за сопруга и зошто морал да се смени за да ја задржи... извор: Репортер

Магазин | пред 5 години

policija-policaec-3

Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек

Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска со недозволена трговија со оружје и дрога.– По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени последниов период.

Македонија | пред 5 години

skopje

Од денеска полицискиот час од 21 часот, угостителите ги отворат летните тераси

Од денеска забраната за движење на населението и на возила од јавниот превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи од 21 до 5 часот наредниот ден, по измените што иг прифати Владата на вчерашната седница.Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан-бајрам.Почнувајќи од денеска, сите угостителски објекти може да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти, и тоа до 20.30 часот по што треба да бидат затворени за посетители.Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе може да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично останува.Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата што се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и досега.Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните – протоколот за отворање и работа на кафетериите, протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19.Во согласност со препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбалници, фитнес-клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање во затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор во согласност со соодветниот наменски протокол.

Македонија | пред 5 години

ulica-kola-partizanska

ВМРО ДПМНЕ: 40.000 м2 зеленило ќе бидат уништени од БРТ на Шилегов, загрозено е и водоснабдувањето

Средишниот дрворед по булеварот Партизански одреди, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на БРТ на Шилегов.Под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот Партизански одреди. И најмали осцилации можат да ја оштета и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка има натпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание.Шилегов наместо да продава скапи проекти, кои не се за град како Скопје нека направи две подземни раскрсници, и раскрсници на повеќе нивоа, и целиот проблем со метежот во Скопје ќе биде решен во целост.

Скопје | пред 5 години

teretana

МВР: Теретана во Скопје работела и покрај забраната, приведени три лица

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (27.04.2021) ги лишија од слобода И.И., М.Н. и И.А.(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. Емил Зола во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти. Објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и протов нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по чл. 206 од КЗ на РСМ.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

zaev-stojko

Пауновски на фејсбук: Одбраната на интегритетот на институцијата за жал не наиде на разбирање од Премиерот

Сега веќе поранешниот директор на државниот пазарен инспекторат, кој денеска со одлука на владата беше разрешен од функцијата, преку објава на фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот “пркос” согледале искрени намери и желби за силна, стручна и независна Европска институција.Пауновски на ФБ напиша?Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот.При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.Горд сум на се што направивме заедно!Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав. извор: ФБ Стојко Пауновски

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Осмислувач на инцидентите на 27 април е СДСМ

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во опширен статус на Фејсбук по повод годишнината од упадот во Собранието и инцидентите од 27 април 2017 година, го обвинува владејачкиот Социјалдемократски сојуз дека ги осмислил и испровоцирал настаните, велејќи дека „вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27 Април“.Еве го во целост статусот на Груевски:Вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27. АприлКако и во минатите неколку години на овој ден, забележав дека челниците на власта на СДСМ предводена од Заев, Шеќеринска, Спасовски и останатите објавија свои ФБ статуси во кои главната поента е дека инцидентите на 27 Април 2017 година се анти демократски чин и дека виновни ги прогласуваат тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ, во прв ред мене лично но и другите кои се во судска постапка, како организатори и учесниците, односно граѓаните кои протестираа и особено оние кои влегоа во парламентот. И дека требало сите да одговараме.Не пишуваат и не говорат дека анти демократски чин е против уставно, против законски и спротивно на деловникот, и без мнозинство, надвор од работното време и без присуство на претседавачот, по завршување на седницата, надвор од сите правила да назначат претседател на парламентот.Не е ни анти демократски да не ти успее референдумот а да прифатиш меѓународен договор и смена на уставот со цел смена на името на државата и смена на идентитетот и историјата на македонската нација, како да успеал референдумот и како да гласале 51% а не 36% од граѓаните кои имале право на глас на тој референдум каде минимум предвидено за успешност е да излезе и гласа еден гласач повеќе од 50% од гласачите.Не е ни анти демократски чин ако ти недостасуваат пратеници за смена на уставот, да уапсиш една група пратеници од опозицијата, да ги уцениш со 20 годишни затворски казни и да ги ослободиш на денот на гласање само ако прифатат да гласаат во твоја корист.Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш сеуште опозиција, односно власт во доаѓање.Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт? - За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.Зошто спротивно на законите, противуставно и со не деловничко гласање одлучија да бираат претседател на парламентот токму во време кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на парламентот?Можеа да го направат тоа два часа или повеќе порано, или два часа или повеќе подоцна. Но, не им беше доволно тоа, бидејќи така главниот фокус ќе беше на нивниот криминален избор а не нешто друго.Да, темпирале токму кога народот е надвор пред парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижија неколку пратеници на СДСМ.Зошто после таквото гласање, одкако се заврши, знаејќи дека луѓето кои протестираа дојдоа до пред самите врати на собранието веднаш не заминаа од парламентот за што имаа доволно време пред да се отворат вратите на парламентот? Зошто останаа заради држење прес конференција која можеше да се одржи и на друго место и/или во друго време и во многу помирна атмосфера(на пример еден час подоцна во некој хотел или во клубот на пратениците).Тие поигрувајќи си со чуствата на народот, кој протестираше во одбрана на уставот и законите и против тиранската платформа, веројатно поучени од некои стратези за управување со ваков вид кризи, посакуваа и провоцираа инцидент, за да со фрлање вина врз нас како партија и поединци од нејзиното тогашно водство, не прикажат како насилници и недемократска власт која не сака да се одкаже од власта на мирен начин, и со тоа да добијат силна подршка и надвор и внатре во земјата. За жал во тоа успееја. Засега. Додека еден ден не се разобличи и разоткрие се.Ја следам и упорноста да ме прикажат мене како главен организатор, па Заев посочувајќи на тоа заборава дека тоа го прави без да посочи барем еден елементарен доказ, како што беше и кога во судот го тврдеше истото. Спомнуваат телефонски повик а немаат ништо од тоа, освен луди претпоставки, фантазии и лажни конструкции, ниту пак може да имаат бидејќи се е измислено во нечии болни умови.Јас сум уверен дека сите овие од власта кои денес се распишуваа статуси и ги повторуваат истите досега сто пати кажани лаги -знаат се, но свесно лажат, бидејќи таквите лажни тврдења им личат политички погодни и корисни, ја тргаат вината од нив и уште посочуваат со прст фрлајќи ја вината на нас. Но, тоа е подмолно и нечовечки.Исто како што додека секојдневно рекетираат, крадат и ја злоупотребуваат функцијата, прстот го покажуваат во други.Спомнуваат дека јас потоа сум ги прогласил за виновни граѓаните.Одкако вечерта претходно прв од политичарите медиумски преку телефон јавно апелирав да запре хаосот во парламентот, во мојот говор рано изутрината на 28 Април 2017 година јас имав две поенти.Втората поента од тој говор на таа прес конференција се трудат да се заборави а првата ја искривуваат. Дури гледам на интернет како направиле скратена верзија од тој мој говор, каде само оди половина од говорот, односно првата поента.Првата половина сумирано кажано беше дека народот погреши што подпаѓајки под очигледна провокација влезе во парламентот и со физичките пресметки да остави простор да е обвинет за насилство.Втората, која се трудат да се заборави беше токму ова што погоре го кажав, сумирано кажано дека власта намерно и свесно го направи кршењето на уставот и законите во време кога знае дека пред парламентот има неколку илјади граѓани кои протестираат, и со тоа свесно и намерно испровоцира нивна реакција.Потоа следуваше нешто што ќе влезе во историјата на политичките судења а тоа е обвиненија со лажна квалификација на сите обвинети-терористичко загрозување на уставниот поредок.Тоа е лажна квалификација, бидејќи таму немаше никаков тероризам.Но, ако судењата подоцна беа со квалификација “насилство”, исходот можеше да биде и условни осуди, што и беше случај со повеќемина од првите осудени лица, кои судења подоцна во најголем дел новата власт одкако го стави судството под контрола, ги поништи и ги судеа за тероризам за да им одредат сурови неправедни казни од 10-15 или повеќе години ефективен затвор.Пишуваат и дека сум организирал и сум ги навлекол луѓето на терористичко делување па сум избегал. Прво, непостои човек од кого сум побарал да влезе или да организира влез во парламентот ниту пак физички да се пресметува со пратеници. Напротив, во претходните недели јавно предупредував дека се чуствува дека состојбата е тензична и дека може да ескалира, барајки од СДСМ да се повлечат од намерите за кои претходно во изборната кампања негираа дека го планираат а кои создадоа огромен револт во јавноста.Веќе две години се говори за моја изјава на телевизија Сител во која сум рекол луѓето да не седат дома во папучи. Обвинителството ја измисли таа реченица. Да, имав настап на Сител точно 61 ден пред да се случи инцидентот пред и во парламентот, време во кое веќе се објави договорот на коалиционите партнери заедно со главната точка во тиранската платформа, време во кое баравме да има нови избори и народот кој одкако виде што се намерава да одлучи за кого ќе гласа. Зборот “папучи” не постои во тоа интервју а е клучна поента на обвинението против мене.А за тоа што пишуваат дека сум избегал, ќе потсетам дека јас заминав од Македонија и побарав и добив политички азил во земја членка на ЕУ и НАТО година и половина по 27 Април 2017 г. и една година по апсењата на полицајците, поранешниот министер Чавков, и учесниците во настаните кои веќе се судеа во очигледно монтиран и политички мотивиран процес, од судијката Добрила Кацарска. Истата судијка претходно во ист таков процес мене ме осуди во еден апсурден случај на набавка на блиндирано возило, а која паралелно со процесот против мене, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски, до пред самиот крај го водеше и донесе случајот “Поткуп”за барањето мито, кој иако полн со очигледни и законски прибавени докази, најдоа начин обвинетиот Заев да го ослободат од вина.Како што најавив во неколку тогашни изјави во првата половина на 2018 година, бидејќи имаше и ми беше познато дека постои договор таа да ги заврши монтираните процеси и да биде наградена, Кацарска подоцна ја доби наградата од Премиерот и беше избрана за член на уставниот суд, каде нема граница за пензионирање до која беше блиску и каде мандатот е девет години.Евентуалното мое останување во Македонија немаше никому да помогне, бидејќи заминав дури одкако го искористив сите правни можности за докажување на вистината во случај во кој пресудата беше договорена пред да почне судењето и одкога сите можни неправедни пресуди во врска со тој процес против мене завршија и намерата на власта беше да бидам затворен и со план подоцна и ликвидиран во затворот.Инаку само денешните објави на владините челници и партиски првенци на СДСМ се сосема доволни оние постапки кои сеуште не се судски завршени да паднат на судот во Стразбург а вакви изјави во претходните четири години има во изобилство.Со обзир дека овие лица се власт и најмоќните луѓе во државата во моментот, во земја како Македонија невозможно е таквите изјави да не влијаат на судиите кои треба да донесат пресуди.Кога Премиерот, министерот за внатрешни работи, потпретседателот на владата и министер за одбрана и ред други функционери јавно ќе кажат со име или со опис кој за што е виновен во некој судски процес, судијата е под огромен политички јавен притисок и тоа судот во Стразбург не може да не го забележи, како што го забележал и соодветно пресудил во повеќе слични случаи во минатото во други држави.Но, нив, на оваа криминална банда на власт, тоа не им е важно, не им е важно што државата еден ден ќе плаќа оштети, ниту им е важно што некои луѓе без вина во меѓувреме ќе страдаат по затвори, судења, и.т.н. со сите последици кои доаѓаат со тоа.И онака тогаш нема да се на власт, па фокусирани се на краткорочните цели-пропаганда за оцрнување на политичкиот противник, со цел да го продолжат своето криминално владеење и да ја покријат својата одговорност во случајот 27 Април но и од многу други незаконски активности.извор: ФБ Никола Груевски

Македонија | пред 5 години

ohrid-sv-naum-3

(ФОТО) Исчистен зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Свети Наум

Во пресрет на празничниот викенд, екипите на ЈП "Охридски Комуналец" вршат чистење на зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.Денеска беше извршено косење на неуредната вегетација на потегот од Хидробиолошкиот завод до населбата "Свети Стефан". Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредниот период, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 5 години

stojko-3

Пауновски по paзpeшувањето: Во духот на празниците ќе порачам - простете им, не знаат што прават

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, откако тој прими 35 рамковни вработени кои му беа упатени за вработување, заради несоодветни квалификации.„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.

Македонија | пред 5 години

operacija-2

На Клиниката за ортопедски болести извршена првата трансплантација на коски

На Клиниката за ортопедски болести штотуку заврши првата трансплантација на коска кај 19-годишен пациент, а операцијата траеше пет часа, извести Министерството за здравство.Од таму појаснуваат дека кај младиот пацинет е трансплантирана коска од починат дарител.„Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.Експлантацијата на коскените ткива се случи на 17 април кога тимот хирурзи од Клиниката за ортопедија предводен од д-р Александар Трајановски ја направи првата експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Сите експлантирани графтови беа микробиолошки тестирани и складирани за презервација на температура од -40 во Банката за коскени и меки ткива во склоп на Kлиниката“, информираат од ресорното министерство.Според надлежните, коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби по трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања