Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

foto-3

Бочварски- Рустеми: Го рехабилитираме патот од Маврови Анови до Жировница, инвестиција од над 6 милиони евра

Преку 6 милиони евра инвестираме за рехабилитација на регионалниот пат од Маврови Анови до Жировница, патна врска која е меѓу најоштетените и која е многу значајна за жителите на Маврово, Дебар и населените места, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при работната посета на општина Маврово.Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.Патот е со должина од 18 километри, инвестицијата е во вредност од 6,1 милион евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта. Предвидена е целосна рехабилитација патниот правец и санација на осум мостови.“ Маврово но и Реканскиот дел е многу значаен регион каде е потребно да го развивме туризмот од сите аспекти но истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, исто така и во делот на комуналната инфраструктура, она за што сме надлежни се со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Покрај овој пат во годинашната програма на ЈП за државни патишта предвидена е изградба на регионален пат од Гарски мост до Извор, потоа реконструкција на патот од Гарски мост до Лазарополе како и реконструкција на транзитот ни Дебар”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми најави динамичен план за рехабилитација на патниот правец.“Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Во наредниот период ќе се работи на еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени, нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, предвидена е и санација на осум мостови, реконструкција, доградба и изведба на нови потпорни ѕидови, како и поставување на нова сигнализација” изјави Ејуп Рустеми директор на ЈП за државни патишта.При посетата, министерот Бочварски потенцира дека во завршна фаза е изработката на проектите за изградба на пречистителна станица за Маврови Анови како и изградба на водоводен систем за населеното место Аџиевци.

Македонија | пред 5 години

galija

Стопирано отстранувањето на галијата во реката Вардар – судот расправа по жалбата на сопственикот

Нема да се отстрани галијата сместена во реката Вардар, кај хотелот „Холидеј Ин“.Од Кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за СДК.мк велат дека донесена е времена мерка за стопирање на извршувањето додека судот одговори на жалбата поднесена од сопственикот.Инаку, Град Скопје на 5 април започна со отстранување на галијата, а на истиот ден и градоначалникот истакна дека исполнети се сите услови за галијата да се тргне од коритото на реката.извор: СДК.МК

Скопје | пред 5 години

Bogdanka-Kuzeska-pres

Кузеска: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на насилници и криминалци, тоа не е никаква алтернатива, затоа постојано се поразувани на избори

Целата јавност вчера беше згрозена од аудио снимка со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на луѓе кои го поддржуваат. Ваквата снимка доаѓа само неколку дена по протестите поддржани од ВМРО ДПМНЕ, каде се бараше осудените за 27 април, да бидат ослободени. За случајот 27 април се води судски процес и против организаторите, а според информациите споделени од министерот за внатрешни работи постоел и план во ВМРО-ДПМНЕ наречен „Дивиот ангел“ по кој требало да се реализира насилтвото во Собранието, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:На протестот со иста сценографија како оној на 27 април во 2017 година , со истиот хушкачки наратив кој поттикнува омраза и поделби, Христијан Мицкоски ги нарече осудените за крвавиот четврток, уставобранители.Ете зад какви ликови, зад какви насилници застанаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат слобода за овие луѓе, осудени насилници кои се закануваат дека ќе го повторат насилството, кои се закануваат со убиства. Тие кои посегнаа по животите на пратеници, новинари, луѓе од собраниските служби, кои претепаа пратеник кој заврши и во кома,тие Мицкоски ги нарекува уставобранители. Насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители.За сите овие години предводена од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се докажа како партија која брани криминал, брани насилници, шири лажни вести и блокира важни процеси. Тоа е алтернативата што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ја нудат на граѓаните.Додека СДСМ работи на демократизација на општеството, на интеграција и економски раст и развој, ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Додека СДСМ исполнува стратешки цели како членството во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја врати државата во времето на меѓународна изолација и внатрешни поделби.Разликата е евидентна и суштинска.Граѓаните тоа го препознаваат и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнувани од народот и ќе бидат казнувани и натаму, затоа што освен деструктивност ништо друго не нудат.

Македонија | пред 5 години

ucenici

МОН: Причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес

По одлуката на групи ученици во неколку училишта да ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови. Од МОН велат дека причината за бојкотот на наставата е неоправдана.„Причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование кои ги наметнуваат развиените општества“, се наведува во соопштението.Од МОН појаснуваат дека дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е истата да се случува етапно, почнувајќи во четврто одделение од следната учебна година, така што во овој момент тоа воопшто не ги засегнува средношколците и тие немаат причина за отсуство од настава по тој основ.Според МОН, законското решение кое се однесува на учебниците е во целосна согласност со потребите кои ги наметнува светот во кој тие живеат, а тоа е светот и ерата на дигиталната технологија и никој од нив не треба да поттикнува или поддржува отпор кон промени во чиј фокус е нивниот најдобар интерес и промени кои ќе ја унапредат наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намалат обемот на домашните задачи и работата на родителите и старателите со учениците и ќе донесат подобрување на севкупниот квалитет на националниот образовен систем.„Апелираме учениците кои денес не се дел од часовите, да ја продолжат наставата и успешно да ја завршиме учебната година. Во меѓувреме, граѓаните да продолжат да ги следат информациите кои ги објавува МОН во врска со креирањето и имплементирањето на промените во образовниот систем, бидејќи сите други извори на информации, можат да бидат неточни и од манипулативна природа, со намера да поттикнат несакани реакции токму од страна на учениците и нивните семејства“, велат од МОН.

Македонија | пред 5 години

sofijanova

На Детската клинка се лекуваат 15 деца позитивни на коронавирусот

Вкупно 15 деца и мајки се лекуваат од ковид-19 на Клиниката за детски болести соопшти денеска директорката Аспазија Софијанова.Во моментов имаме околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни, стабилни. Дел од нив веќе ги испишуваме. Сите се во сосема стабилна состојба, немаме ниедно во загрозувачка состојба. Трендот на намалување на бројот на заболени од ковид-10 се забележува и кај децата, изјави д-р Софијанова, која се заблагодари четирите аспиратори, донацијата од Република Словачка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

klis

Клус: Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ

Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.– Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни. Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и С. Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка, истакна Клус на денешната промоција на словачката донација за Клиниката за детски болести.Вицепремиерот Никола Димитров рече дека нема гаранции дека земјава ќе ги почне преговорите со ЕУ во јуни, но според него има посветеност во Лисабон од страна на португалското претседателство и треба да се искористат сите шанси.„Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатибилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зоборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион“ порача Димитров.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

asfalt-1024x653

Градежните активности за реконструкција на улицата “15-ти Корпус” во финална фаза

Со силен интензитет ги финализираме градежните активности за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“. Рано утринава, уште за време на полицискиот час започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со пристапниот пат кон село Велгошти до влезот во село Лескоец.Во текот на претходните денови на овој потег од улицата се изврши асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки.Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Георгиески.ФБ профил Костантин Георгиески

Македонија | пред 5 години

evra-falsifikat

МВР приведе лихвар од Велес

На 28.04.2021 околу 15.40 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(44) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С., при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

cingo-1

Чингоски за „ОХРИД ПРЕД СЕ“: Не сме само од СДСМ, имаме членови и од ВМРО ДПМНЕ

Десетина истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и долгогодишни советници во Советот на општината формираа Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид со кои ќе партиципираат на претстојните локални избори под мотото „ОХРИД ПРЕД СЕ“, објави ТВ 24.Основна цел велат е Советот на општината да го претворат во место каде граѓаните реално ќе ги решаваат своите локални проблеми и совет кој нема да биде продолжена рака на градоначалникот и партијата на власт.Станува збор за истакнати членови на СДСМ од таканараченото старо крило на партијата.Чингоски вели оваа иницијатива не значи отцепување од партијата туку граѓанска иницијатива која сака да направи промени во Советот на општина Охрид.Текстот во целост на: ТВ 24.видео: ТВ 24.

Македонија | пред 5 години

centar

Градоначалникот Богдановиќ го потпиша Барањето за набавка на три специјални возила за одржување на уличната хигиена

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша Барањето за спроведување постапка за набавка на три специјални комунални возила за потребите на општината.Трите нови возила ќе им бидат на располагање на службите за одржување на уличната хигиена и ќе се користат за чистење на улиците на територија на Општина Центар.Поради зголемениот обем на работа на општинските комунални служби, со набавката на овие три возила и дополнително, набавката на уште едно комунално возило – цистерна, значително ќе се зголеми степенот на јавната улична хигиена во општината.Ова е уште еден чекор напред на Општина Центар во поглед на обезбедување на чисти, проодни и пред сѐ, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај.

Скопје | пред 5 години

heroin-111

Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило

На 28.04.2021, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар лишен е од слобода С.Б.(58) од Гостивар. Имено, при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policija-policaec

187 сообраќајнипрекршоци во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 17 за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непочитување на првенство на минување и 46 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

veligdenski-jajca

Денеска е Велики Четврток - која е моќта на првото вапцано јајце?

Велики Четврток е ден од страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шестиот ден од страсната Седмица, односно пет дена по Лазарова Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство, тој е петтиот ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничка наатприродна молитва и самото предавство на Христос.Денеска уште пред изгрејсонце се вапцуваат првите 3 јајца според верувањата, не се расипуваат со годин.Која е нивната моќ:Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: “црвено, бело, дебело“!Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Македонија | пред 5 години

martin

Костовски за „Само вистина“: СДСМ нема да дозволи 27 април да се заборави, ни да се повтори

После 27 април и сите судски разрешници се очекуваше да се направи една катарза на македонското општество, не на партиска и политичка основа, туку граѓаните да биде освестени дека еден таков чин, што го направи една политичка партија не смее веќе никогаш да се повтори, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Тој нагласи дека СДСМ како партија нема дозволи 27 април да се заборави, ни да се повтори, ниту таквиот начин на поведение на изманипулирани луѓе да се нарекува бранење на Устав.Вистината е дека вооружени, организирани луѓе посегнаа по животите на пратениците, новинарите вработените во собраниските служби, истакна Костовски, додавајќи дека срамотно и нечовечно е да ги гледаш сликите, на пратеници со раскрвавени глави, и да кажеш дека ова е бранење на устав.Костовски истакна дека нема никаква реформа во ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните гледаат исти политики, исти луѓе, исти наратив, исти ветувања.Не го осудија криминалот, не се оградија од криминалецот Груевски и да и покажат на јавноста дека ова ВМРО-ДПМНЕ е различно и го осудува 11 годишниот режим, истакна Костовски.Тој додаде дека СДСМ шест пати по ред го победува ВМРО-ДПМНЕ на избори.За жал, со протестот на ВМРО-ДПМНЕ, се вадат духови од минатото, не ја научивме лекцијата како не треба, да и дадеме шанса на правната држава да го има последниот збор, рече Костовски.Не смееме да се враќаме во некои минати мрачни времиња својствени за режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Северна Македонија има светла иднина, но мора да ја издигнеме политиката на едно повисоко ниво, а не да останеме заковани на статус кво, истакна Костовски.

Македонија | пред 5 години

zooloska

(ВИДЕО) Момче се изживува и ја вознемирува лавицата во Скопската зоолошка градина

На социјалната мрежа ТикТок јавно е објавено видео на кое  се гледа како непристојни посетители ја вознемируваат лавицата Бела, велат вработените од скопската Зоолошка градина во објава на Фејсбук, како реакција на непријатното видео коешто веќе се споделува на социјалните мрежи.– Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, стои во нивната објава.извор: ФБ Зоолошка градина

Скопје | пред 5 години

zaev-1

Заев за поддршката на протестот за случувањата на 27 април: Алтернативата на оваа Влада се покажа дека се режимски остатоци на Груевски

Премиерот Зоран Заев, на денешната седница за пратенички прашања, осврнувајќи се на случувањата на 27 април, оцени дека нивната поддршка или осуда ја прави разликата помеѓу актуелната Влада и поддржувачите.„Денеска e 28 април, еден ден после 27 април - ден којшто не посакувам никогаш да се повтори, ниту во својата земја, ниту каде било во светот. Самиот собир на 27 април покажува на остатоците од едно мрачно и режимско време, политички инсталации на Никола Груевски, сè уште се слават обидите за напади на пратеници, новинари и народни избраници - навистина претставува нешто за кое може да се каже дека претставува „алтернатива“ со оваа власт, којашто во моментот постои“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев, повика на почитување на правосудните одлуки.„Правниот систем носи одлуки на основа на аргументи и докази, на факти - сè друго е спротивставување на правдата, посебно кога имаме пресуда, а таа е потврдена со правосилна судска одлука“, заклучи премиерот Заев.Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Бранителите беа праќани во заседа и мораа да загинат, за Вејце е инволвиран и Талат Џафери

Делегација на Единствена Македонија во состав Јанко Бачев претседател на партијата, Ацо Николовски генерален секретар и Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово, денеска, 28 април 2021 положи цвеќе во чест на осумте загинати македонски бранители кај Вејце.Во изјава за медиумите претседателот Бачев рече:-„Денеска дојдовме тука да одадеме почит и да го одржуваме жив споменот на паднатите македонските бранители кои пред дваесет години, на денешен ден беа ѕверски убиени во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја. Осум македонски бранители на ова место го положија животот во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.Речиси како на филмско сценарио се одвиваат убиствата во тоа време во 2001 година, бидејќи од загинатите околу 80 македонски бранители, речиси на прсти можат да се избројат тие што загинаа во директна борба со албанските терористи и речиси сите загинаа во заседа. Интересно е што во македонското министерство за внатрешни работи има документ од кој што може да се види кој се нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот.Дури, и за собранискиот спикер Талат Џафери фатени се негови сигнали од касарната во Тетово како го прикажува движењето на групата.Затоа, ова мора да се расветли и новата народна власт ќе мора да ја расветли контроверзната смрт на македонските бранители во 2001 година. Дотолку повеќе што, за сите нас како Македонци, а посебно за роднините, семејствата и пријателите на загинатите многу повеќе ги боли тоа што не ја знаат вистината од погибијата на своите најмили. Ние мора да ја расветлиме контроверзната смрт на македонските бранители, бидејќи, не можеме да гледаме напред ако минатото не прогонува, ако не прогонува контроверзната смрт на македонските бранители.Македонските херои никогаш не умираат - истакна Бачев.Видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

vejce

На денешен ден во 2001 година во Вејце загинаа македонски бранители

ВЕЈЦЕ ..., нема кој не го памети ова, но се' ќе се заборави ако не се потсетиме на овие вистински херои, патриоти и уставобранители кои го дадоа својот живот за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на државата која НЕ СМЕЕ да ги заборави, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.ременски во објавата додава:На денешен ден 28.04.2001 година загинаа овие наши деца.Илче Стојановски загина и ѕверски беше убиен во Вејце. Беше дете од Средно полициско училиште Класа 19, Вод 1, соба 53. Загина како припадник на ПЕП од СВР Битола. Сите вистински полицајци го знаат и него и Кире Костадиновски и Бошко Најдовски кои беа цимери во соба 53.Марјан Божиновски и Роберт и Игор и Миле и Бобан од АРМ ...АРМ и МВР пред 20 години изгубија предани професионалци и деца 🇲🇰Слава им на сите и нека почиваат во мир извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

w_56089451

Денеска починати 30 лица и нови 447 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје –191, Куманово – 36, Прилеп – 26, Струмица – 21, Битола – 19, Велес – 18, Тетово – 17, Гостивар – 16, Кочани – 15, Неготино – 11, Охрид – 10, Кичево и Радовиш – по 7, Кавадарци – 6, Штип, Берово и Виница – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 4, Богданци и Крушево – по 3, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани се 620 оздравени пациенти од:Скопје – 272, Куманово – 56, Прилеп – 55, Битола – 34, Велес – 25, Тетово и Охрид – по 23, Струмица – 20, Штип – 18, Гевгелија – 15, Кичево – 11, Струга и Кочани – по 10, Радовиш – 7, Гостивар и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Богданци – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Кавадарци и Македонски Брод – по 2, Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 30 починати лица: 8 од Скопје (57г, 57г , 60г, 64г, 64г, 67г, 86г и 92г), 6 лица од Струмица (66г, 68г, 72г, 72г, 73г и 77г), по 2 лица од Кичево (56г и 66г), Кочани (69г и 84г), Неготино (75г и 83г) и Прилеп (60г и 73г) и по едно починато лице од Берово (70г), Битола (70г), Гевгелија (76г), Гостивар (73г), Делчево (83г), Кавадарци (78г), Охрид (84г) и Пробиштип (68г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.034 тестови преку: ИЈЗ-436, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 1, Судска медицина - 4, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември - 18, Институт за микробиологија – 78, МАНУ - 86, Жан Митрев (Филип Втори) - 160, Авицена -286, Биотек - 516, Систина - 184, лабораторија Лаор - 313, Синлаб - 48, Ремедика - 44, Плодност – 46, Генеа – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 698.Досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66972, активни 6883Куманово 8461, активни 1070Прилеп 8142, активни 724Тетово 7074, активни 564Битола 6095, активни 1002Велес 5372, активни 544Гостивар 5106, активни 387Кавадарци 5089, активни 369Штип 4871, активни 397Охрид 4874, активни 457Струмица 3975, активни 534Струга 2920, активни 146Кочани 2709, активни 267Кичево 2445, активни 262Гевгелија 2168, активни 253Неготино 2147, активни 185Свети Николе 1475, активни 112Крива Паланка 1205, активни 64Ресен 1202, активни 200Радовиш 1086, активни 108Берово 1010, активни 63Делчево 947, активни 89Дебар 928, активни 39Виница 800, активни 118Пробиштип 769, активни 32Валандово 660, активни 72Богданци 486, активни 61Крушево 476, активни 96Демир Капија 394, активни 25Демир Хисар 385, активни 67Кратово 352, активни 9Македонски Брод 352, активни 22Пехчево 261, активни 22Македонска Каменица 229, активни 14Дојран 132, активни 10фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ: Кога Георгиески зборува за урбана мафија треба да знае дека токму тој е поддржувач на истата

Најпрвин треба да си погледне во сопствениот двор, во неговата коалиција со ДУИ, во неговото селективно рушење на дивоградбите, во неговиот тим за селективно легализирање на дивоградбите во Охрид.Нека ги отвори очите да ги види сите дивоградби во негово време кои пред очи ги гледаше како се градат, ама не смееше ништо да преземе бидејќи има коалиција од интерес, мислејќи дека уште еднаш ќе ја потцени интелигенцијата на охриѓани.Уште за кратко, а потоа следи одговорност!Што се однесува за конкретната точка ние ја поддржувавме и ќе гласавме доколку Георгиески покажеше демократски капацитет да ја сослуша опозицијата по предлогот за разрешување на Директорот на ЈП ,,Водовод”-Охрид и неговото катастрофално работење.Доколку работи во интерес на граѓаните тогаш уште утре нека побара закажување на седница на Совет со две точки на дневен ред:Предлог-заклучок за отпочнување постапка за разрешување на Директорот на ЈП ,,Водовод”-Охрид; иПредлог-одлука за начинот и постапка на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела.Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Македонија | пред 5 години

ucebnici

МОН: Со новиот закон за учебници ниеден ученик нема да биде исклучен од наставата

Со новото законско решение, кое предвидува комбиниран модел на примена на учебници и други наставни и дидактички материјали, ниеден ученик нема да биде исклучен од наставата, соопшти Минисерството за образование и наука. Исто така, учениците од прво до трето одделение ќе добиваат печатени учебници, а за учениците од четврто и погорните одделенија приоритетна опција се дигиталните учебници и условите за нивна употреба ќе му бидат овозможени секому.Реакцијата на МОН следува по преземената иницијатива на група родители за повикување на учениците да ја бојкотираат наставата што ја организираат училиштата.„Неоправдано е да се бојкотира за нешто што ќе донесе подобар квалитет на образованието и голем број придобивки што младите од другите поразвиени земји веќе ги чувствуваат затоа што процесот на дигитализација на глобално ниво е веќе одамна почнат“, соопшти МОН.Од таму додаваат дека законски е обезбеден пристап до учебниците што ученикот треба да ги користи. Па, така, за учениците што се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците што поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Првпат се обезбедуваат и учебници во аудиоформат, а воедно се печатат и учебници на Брајово писмо.Од МОН апелираат до граѓаните што се дел од оваа иницијатива да не ги вовлекуваат учениците во нешто што ќе им наштети на училиште и ќе им создаде празнини во знаењето.

Македонија | пред 5 години

kosta-3

(ВИДЕО) Георгиески: Советниците од ВМРО ДПМНЕ избегаа за да не гласаат за точката со која на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на совет. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека сите причини кои ги наведе советничката група од ВМРО ДПМНЕ, не се вистинската причина поради која тие ја напуштија седницата затоа што на сите тие точки можеа да гласаат против.„Но, на денешната седница се наоѓа една точка, за која тие едноставно не можее да гласаат против, а немаа храброст да гласаат „ЗА“. Тоа е точката под реден број 55 со која што на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите со што значително се воведува ред во паркирањето и сузбивањето на урбаниот хаос. По резултат на притисоците на урбаната мафија и сите кои го извртуваат законот и предвидуваат употреба на механички дигалки, советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја искористи оваа причина со Водовод и поскапувањето на водата да си најде оправдување и да избега од носење на една ваква крупна одлука која ќе воведеше ред во функционирањето на паркирањето“, истакна Георгиески.Тој додаде дека како и многу пати до сега нивната политика уште еднаш излезе на виделина.„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ одлучи да не гласа денес за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди, за субвенционирање на кајчарите, на општинскиот линиски превоз, на давателите на угостителски услуги во селските домакинства, на туристичките водичи и други важни одлуки“, истакна Георгиески..Градоначалникот додаде дека што се однесува до обвинувањата околу ЈП Водовод, вчера со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко го потпишале договорот за превземање на долговите од ЈП Колекторски систем, со што 72 та милиони денари кои беа долг на Општина Охрид, према Министертво за финансии, сега Општина Охрид нема долг према Министерството.„На почетокот на мај ќе донесиме одлука за задолжување на општината за преостанатиот блок и конечно да ја деблокираме општината. Што се однесува до цената на водата таа се покачува за нецел денар по метар кубен во следните три години. ЈП има загуба, но има средстав кои останаа заробени во „Еуростандард банката“, вели градоначалникот.

Македонија | пред 5 години

jagne

ВИДЕО: Скопјанка го спаси Боби, да не биде изеден за Велигден

Пред една година, пред да заврши на празничната трпеза и да биде вечера, го видов и си го купив Боби. Во сред центар се шетав со него и сите ми се смееа, ама баш ми беше гајле пошо знаев дека сум го спасила и дека ќе живее уште многу долго, пишува во објава на ФБ.Во продолжение на објавата се додава:Порасна, сега е голем маж, ужива во животот, прави бељи, се закачка со роговите, но е жив и носи радост, не може да го видиш Боби и да не се насмееш.Затоа пред да се одлучите што ќе јадете овој празник помислете на Боби и сите други Бобевци кои може да имаат убав и среќен животСреќен "спасив гз" прв роденден Бобчо наш, се вели во објавата на ФБ.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Истрага за обид за силување во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата. Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

petarr28042021.jpg

Ристески до Заев: Дали поради фактот што членови на вашата фамилија се поврзуваат со фирмата од каде потекнува запленетата дрога Спасовски е се уште министер?

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој кажа дека е огромен скандал што меѓу уапсените за скандалот со запленетата дрога од страна на ДЕА е возачот на братучедот на премиерот Трајче Заев и уапсениот командир на полициската станица во Прилеп Кире Спиркоски кој бил поставен од страна на власта. Ристески потенцираше дека одговорноста на Спасовски е тројна поради фактот што човек од негова доверба и командир на полициска станица е уапсен од ДЕА , потоа дека Спиркоски е назначен без соодветно образование и дека Спасовски за скандалот дознал од вести.Господине премиер пред 20 денови при акција на американската агенција за борба против дрога ДЕА во близина на Прилеп беше запленета 200 килограми дрога во вредност од 800 000 евра. Уапсени меѓу другите беа возачот на вашиот братучед Трајче Заев и ни повеќе ни помалку командирот на полициската страница во Прилеп Кире Спиркоски викан Чипсио ударна игла на СДСМ во Прилеп близок соработник и човек од доверба на министерот Спасовски но и на градоначалникот Илија Јованоски на пратеникот Миле Талевски и на екс министерот за транспорт и врски сега директор на царина Горан Сугаревски. Одговорноста на министерот за внатрешни работи тука е тројна. Под прво поставил за негов најблизок соработник командир на полициска станица човек кој наместо да ги апси криминалците да не заштитува нас и нашите деца и го спроведува законот мирот и редот, самиот е вклучен во трговија со дрога.Второ и покрај сугерирањето при постанувањето на Спиркоски на командир на полициска станица во Прилеп на опозициските советници тогаш тројцата овие Спасовски, Јовановски и Талески го назначија без соодветно образование апсолутно незаконски за командир на полициска станица Кире Спиркоски. И трето на министерот за внатрешни работи му притвораат командир на полициска станица за трговија со дрога а министерот ова го дозна од вести што е недозволиво. Ние како советници во општина Прилеп тогаш прашувавме што толку го прави важен Спиркоски за без соодветно образование на глава на нос како што знае да каже народот да биде назначен за командир на полициска станица. Одговорот ни го даде ДЕА пред некој ден. Кире Спиркоски Чипсио бил важна алка во ланецот за трговија со дрога. За дрога произведена во фабриките чија сопственост ја поврзуваат со членови на вашата фамилија и ваши блиски господине Заев кажа Ристески.Ристески кажа дека во секоја европска држава за ваков скандал министерот поднесува одговорност уште истиот ден но дека тоа во нашата држава не е случај и упати прашање до премиерот Заев дали поради фактот што членови на фамилијата Заеви се поврзуваат со фирмата од каде потекнува запленетата дрога Спасовски е сеуште министер.Прашувам господине Заев во секоја нормална европска земја министерот за ваков скандал ќе понесеше одговорност уште истиот ден кај нас не е така. Дали само поради тоа што членови од вашата фамилија се поврзуваат со фирмата Медикал 420 од Битола од каде потекнува запленетата дрога Оливер Спасовски е се уште министер, заврши Ристески.Видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања