Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skopje

44 лица не го почитувале полицискиот час, а 432 лица се казнети за неносење маска

Од 21.00 часот (29.04.2021) до 05.00 часот (30.04.2021) констатирано е дека 44 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (29/30.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 432 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcini-kineski-8

(ФОТО) Пристигнаа долгоочекуваните кинески вакцини, дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани

Денеска пристигнаа долгоочекуваните вакцини кои ги обезбедивме во директни преговори со производителот, а во вкупна количина од 200.000 од производителот Синофарм. Тие ќе бидат сместени во ладната соба во Полинклиниката Јане Сандански, по што истите ќе се дистрибуираат до пунктовите според закажаните термини за вакцинација, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Филипче во објавата додава:Дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани ширум државата, а како приоритетни ќе се земат сите пријавени преку веб страната vakcinacija.mk , а вакцинацијата од вторник ќе започне и во останатите пунктови за масовна вакцинација кои се веќе подготвени за почеток со работа. Огромна благодарност до амбасадорот н.е. Џанг Ѕуо и до луѓето од неговиот тим кои активно се залагаа за оваа пратка утрово пристигне во нашата земја. извор: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

policija-1-1

160 сообраќајнипрекршоци во Скопје, 44 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcini

Пристигнаа 200 000 кинески вакцини на “Синофарм”

200 илјади кинески вакцини од компанијата “Синофарм” утрово пристигнаа во поликлиниката “Јане Сандански ” во Скопје.Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕио.Вакцините ќе бидат распоредени во шест вакцинални пунктови низ државава по што ќе започне масовната вакцинација на населението во Македонија.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_1-5

Великипеток е најтежок празник во годината: Какви обичаи има

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос.Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи.Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус.Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус.Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи.На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.На Велигден, рано наутро, сите брзаат во црквата да чујат Христос воскресе и да се причестат. По литургијата во црквата се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите, за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.Уште рано наутро децата, убаво облечени, одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Посебна радост претставува обичајот кршкање со јајцата. Притоа тој чие јајце ќе победи му го зема, му го печали или типосува јајцето на другиот што се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.Со Велигден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. утрото пред да се оди во црквата не смее ниту да се пуши, ниту да се пие кафе. Во некои места кога домаќинот одел во црквата носел и семе од свилена буба за подоцна бубите да не можат да бидат урочени. И кога утрото се истерува стоката на пасење се допира со црвено јајце за здравје.Во Радовишко Велики Петок според записите на Зорка Делиниколова го сметаат за еден од најтешките петоци преку годината, ден кога според религијата Исус Хрисос бил распнат на крст. Затоа жените избегнуваат секаква работа. Тој ден дури не се готви ништо друго освен бел боп заради тоа што околу него не треба да се работи многу. Се верува дека истиот ден не треба ни да се јаде, а камоли да се готват било какви јадења. Многу стари жени тој ден не јадат ништо освен нафората што ја земаат во црква.Уште изутрина рано се оди на црква со китки и дарови за Христа. Дарови носи секоја жена што се таксала, а тоа може да биде платнена кошула, чорапи, крпа за лице, коприна, памучна преѓа и сл. Даровите ги остават на „распјатието Христово“ и цвеќињата на плаштеникот – оплакувањето Христово. Постарите жени остануваат во црквата преку целиот ден, а помладите жени со деца доаѓаат поручекот за да се спровираат под плаштеникот за здравје.Секој што доаѓа со себе носи цвеќе го остава своето и зема друго цвеќе. Тоа цвеќе го чуваат во ковчег за здравје. Вечерта се збира многу народ во црквата за отпевањето на Христа по кое сите го обиколуваат градот и на раскрсницата пред „Николовата фурна“ (денес не постои) луѓето се спровираат под плаштеникот за здравје. Потоа пак се враќаат во црквата, а ако некој се таксал поради болест и сл. останува преку цела ноќ во црквата за да преспие под Распјатието Христово за здравје.

Магазин | пред 5 години

paketi1

Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските празници, Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради псндемијата со корона вирусот.Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство. Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град,напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 5 години

final

Георгиески: Реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ влегува во финална фаза

Реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ влегува во финална фаза. Ова е исклучително важна инфраструктурна инвестиција со која Охрид добива современ влез во градот.Улицата е во должина 1900 метри и за нејзина реконструкција општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, додека останатите 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.Продолжуваме со инфраструктурни инвестиции затоа се од големо значење за граѓаните и затоа што од нив зависи економскиот развој на општината, пишува градоначалникот во својата објава на ФБ.ФБ профил Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-58

Филипче: Неразбирливa e реториката на Владиката Петар со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот

После изјавата на Владиката Петар, каде како што рече „Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче“, со Фејсбук статус се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче.„Неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници. Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните. Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го правите спротивното. Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат. Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот. Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните. Како што многу пати повторувам во последната година, битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира. Апелирам граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита“, напиша Филипче на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Луѓето од 27-ми април не се терористи, поддржувам повторно отворање на случајот

Вечерва во емисијата „Само интервју“ претседателот Стево Пендаровски посочи дека луѓето од случајот 27-ми април не се терористи и треба да се отвори повторно случајот и да се приложат нови докази, бидејќи казните се драконски високи.-Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа, нагласи Пендааровски.Пендаровски додаде дека луѓето кои влегоа внатре не се терористи, дури и оние кои што физички напаѓаа луѓе. Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу.-На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури, рече Пендаровски.извор: press24.mk

Македонија | пред 5 години

IMG-20210429-WA0024

АлтернАтивА: Концепцијата за основното образование и дигитализацијата на учебниците е неприфатлив за нас

Денес во седиштето на АлтернАтивА се одржа брифинг со новинари, кој беше свикан од претседателот на партијата, Африм Гаши. На овој брифинг беа присутни и проф. д-р Љуљзим Алиу - професор на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ и потпретседател на АлтернАтивА и проф. д-р. Зеќирија Ибрахими - научен истражувач и член на Централното претседателство на партијата.На оваа средба со новинарите беа покренати неколку прашања. Претседателот Африм Гаши рече дека причината за организирање на овој брифинг е Концептот за основното образование и предлогот за дигитализацијата на учебниците, предложен од Министерството за образование и наука (МОН), дотолку повеќе што - според него - темата за образованието е меѓу најсуштинските прашања за политичкиот ангажман на АлтернАтивА, ако не и централната тема на нејзината програма.Според него, основниот проблем во Концепцијата за основното образование е пристапот што го има МОН. Во овој случај имаме наметнување без никакви консултации со другите политички и професионални актери во земјата. Тој изрази уверување дека ова ќе има негативно влијание врз образованието во Северна Македонија. Тој уште еднаш ја повика Владата и МОН да ги земат в предвид забелешките и да ја прифатат соработката за разгледување и дискутирање на овој предлог со сите фактори до конечна одлука. „Во спротивно, ако МОН продолжи да се однесува арогантно кон нашите забелешки, во времето кога ќе бидеме на власт, ќе бидеме должни да го повлечеме овој концепт и во консултација со сите политички и професионални фактори да донесеме друг концепт прифатен пошироко во нашата земја“, рече тој.Претседателот на АлтернАтивА се спротивстави на идејата за целосно укинување на печатените учебници, објаснувајќи дека тоа не функционира скоро никаде во светот и дека ставот на експертите на АлтернАтивА е дека тоа ќе резултира со штета за учениците. Тој додаде дека самиот факт што толку неуспешна се покажа учебната година преку онлајн наставата, тоа е доволен доказ за тоа колку идејата за укинување на печатените учебници може да биде успешна. Тој дури рече дека и фактот дека законските измени треба ќе дојдат на Собрание со европско знамето, е начин да се наметне оваа измена без можност за дебата и дискусија, што воопшто не е европско дејство.Проф. Љуљзим Алиу се фокусираше на начинот како е одлучено да се спроведе Концепцијата во училиштето од септември оваа година. Тој рече дека пред да се постави измената на Концептот за основното образование првин мора да се промени концептот за создавање кадри што треба да работат со ток концепт. Ова значи дека без да се направат потребните промени во високото образование, односно на факултетите за наставници, не може да се тврди дека се менува концептот за основното образование. Неговата забелешка беше дека Концепцијата за основното образование не може да се менува само од педагошките експерти, како што се случи, туку треба да бидат вклучени и експерти од другите области. Сепак, според него, основниот проблем е недостатокот на пилотирање на концептот. „Како може министерот да знае дека овој концепт е најдобриот кога тој не е испробан и не е проверен со емпириските мерења за неговиот успех?“, праша тој. Ова не се случува во ниту една развиена земја. Проф. Алиу се осврна и на истражувањето што беше направено со наставниците од страна на самото министерство, а МОН воопшто не ги земал во предвид при изготвувањето на новиот концепт.Проф. Зеќирија Ибрахими рече дека основниот критериум на овој концепт за основното образование е елиминирање на дискриминацијата, со посебен акцент на родовата дискриминација, а помина без да се забележи фактот дека децата Албанци и од другите етнички заедници не се еднакви со учениците Македонци. Со овој концепт, учениците Македонци не се обврзани да го учат албанскиот јазик или друг јазик на етничките заедници во нашата земја, додека учениците Албанци и другите ученици се должни да го учат македонскиот јазик. Друг проблем, според него, е и идеолошкото наметнување на предметите што може да се коси со нашата социјална и конзервативна организација. Тој аргументираше дека ученикот што ќе го научи предмет по Христијанско или исламско образование, ќе има и предмет по хиндустичка мистика, односно јога, и додека во предметот Верското образование ќе учи дека хетеросексуалното семејство е клетка на нашето општество, во предметот Сексуално образование ќе учи дека полот е наш избор и семејството може да биде и хомосексуална заедница.. Затоа, рече тој, „ова најмалку ќе создаде фрустрација кај децата“. Проф. Ибрахими продолжи да објасни дека „иако во принцип го признаваме правото на секого за слободна сексуална ориентација, убедени сме дека никој не смее да наметнува либерален стандард за перцепција на социјалната организација како училишен предмет“. Дотолку повеќе - рече тој - дека овој концепт се наметнува исто како во монизам: без никакви консултации и без било какви мерења или пилотирање на истиот.извор: АлтернАтивА – Скопје

Македонија | пред 5 години

hristijan-mickovski-mickoski-28

Мицкоски: Никој од власта не ми се јавил да ме праша за заканите, зошто сметаат дека нивните животи се поважни од мојот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостување на МТВ, се пожали дека никој од власта не му се јавил да го праша за заканите што, како што вели, постојано ги добивал, објави  360 степени.мк.„Ако некој прави неред во овие четири години, тоа е оваа криминална влада. А ниту еден од нив не ми се јавил да ме праша за заканите што постојано ги добивам за мене и за моето семејство. Никој не крена слушалка, иако јавно зборував за тоа. Зошто сметаат дека нивните животи се поважни од мојот живот или од животите на членовите на моето семејство“, рече Мицкоски.На прашање зошто не ги пријави заканите, тој рече дека јавно зборувал за тоа.Од друга страна, на прашање за снимаката во која се зборува за ликвидација на премиерот Зоран Заев, Мицкоски рече дека тој може да пушти стотици такви снимки за негова ликвидација, ама дека нема зошто јавноста да се заморува со тоа.„Јас можам да ви пуштам илјадници такви снимки за мене и за моја ликвидациа. Ние сме јавни личности. Можам да ви пуштам купишта снимки како се гоштеваат со мојата глава, се закануваат на моето семејство, ама што мора македонската јавност да ја заморуваме со тоа. Не оправдувам насилство и закани, ама се знае кој треба тоа да го расчисти“, рече Мицкоски.Текстот во целост на:  360 степени.мк.

Македонија | пред 5 години

kineski-vakcini

Утре во 5 часот наутро ќе пристигнат 200.000 кинески вакцини

Рано утре ќе пристигнат 200.000 вакцини на „Синофарм“ кои беа набавени во директни преговори со производителот.Како што информираат од Министерството за здравство, на испораката на вакцините ќе присуствуваат министерот за здравство, Венко Филипче, и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо.Вакцините од Истанбул беа транспортирани за Белград, од каде со специјални камиони ќе пристигнат во Скопје.Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од вторник по празниците би почнал процесот на имунизација со овие вакцини. Тој очекува во наредниот период да се вакцинираат и по 10 илјади граѓани дневно.Досега против Ковид се вакцинирани 60 илјади лица во земјата.

Македонија | пред 5 години

zlato-vo-torba

Двајца штипјани измамени за над 700.000 денари од маж кој лажел дека лекува болести

Двајца штипјани се измамени за голема сума од маж кој ги довел во заблуда дека лекува болести.Измамникот е 42-годишник од Кочани, а полицијата против него поднесе кривична пријава.Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 години

27-april

Мицкоски: Го осудувам насилството на 27-ми април по стоти пат, но овие луѓе не треба да одговараат за тероризам, зошто осудените од „Монструм“ се повредни од овие што лежат затвор за тероризам

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Дневникот на МРТ говореше на многу теми, но се и осврна на случајот од 27-ми април и за тоа дека на последните пратенички прашања од него се побарал одговор дали тој се смета за соучесник во тој процес каде потенцираше дека не се смета за соучесник во процесот.„Ако некој неред прави во државата за овие четири години, тоа е оваа корумпирана и криминална Влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ако некој создава неред, ако некој денеска практично македонизира пола балканско нарко подземје тоа е СДСМ предводено од Зоран Заев и министерот Спасовски кој што во тој момент се наоѓа таму каде што се наоѓа. Ако некој денеска е рекордер по број на заболени и инфицирани од КОВИД пандемијата и луѓе кои што го загубиле својот живот тоа е Владата на Зоран Заев и ресорниот министер во министерството за здравство. И можам уште многу работи да велам, тука е и дебаклот во економијата, ако некој денеска ја уништува и девстира и враќа назад Македонија тоа е Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Тие се луѓето кои што се најдоговорни за нередот во државата“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека Македонија е единствената НАТО држава и кандидат за членка во ЕУ со 35 терористи. Зошто тие луѓе се обвинети за тероризам. Но дали тие луѓе требаа да се судат за тероризам.„Не гледам причина зошто би го отворил тоа прашање, тоа што јас можам да го отворам е да овој судски процес исто како неколку други судски процеси кои во минатото создадоа судска пракса како што е „Сопот“, „Монструм“ и обвинителите да обвинуваат, а обвинетите да практично се бранат, затоа што ако мене ми го поставите прашањето како што доликува е тоа дали овие луѓе беа испровоцирани и емотивно изреагираа одговорот мој ќе биде да беа испровоцирани и емотивно изреагираа, дали влегоа во Парламентот, а не требаше мојот одговор е да, дали имаше насилство да и не го оправдувам насилството. И по стоти пат ќе го кажам тоа, но дали треба да одговараат за тероризам, одговорот е не“, нагласи Мицкоски.„Зошто еве тие луѓе се помалку вредни од тие што беа обвинети за „Монструм“ каде што имаше жртви? Зошто се тие помалку вредни? За тоа што кога беше Зоран Заев опозиционер ги лажеше блиските на тие невини жртви дека тој знае дека не се тие обвинетите дека се други сторители“, рече Мицкоски.Мицкоски за снимката каде што се наведува ликвидација на премиерот посочи дека тој може да пушти најмалку 20 такви снимки и за негова ликвидација и ликвидација на неговото семејство.„Јас можам да ви пуштам саат време да слушате луѓе кои што се гоштеваат со мојата глава, со телата на моето семејство. И тоа ли треба сега да го зборуваме? Тоа треба да го пуштаме преку наши блиски портали, со тоа ли треба да ја забавуваме македонската јавност, кога на дневно ниво ни умираат од 30 до 50 луѓе“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека денес прочитал натпис каде што се вели дека Индија катастрофа доживува. Ако тоа се сведе по глава на жител Македонија има 6 пати повеќе починати отколку што има Индија. Ако во Индија е апокалипса, тогаш во Македонија што е.

пред 5 години

w_56102301

Починати 46 лица и нови позитивни 433 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип - 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.Регистрирани се 641 оздравен пациент од:Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 46 починати лица: 15 од Скопје (54г, 54г , 54г, 55г, 64г, 66г, 69г, 69г, 71г, 71г, 72г, 75г, 76г, 80г и 82г), по 3 лица од Битола (63г, 66г и 73г), Штип (55г, 71г и 77г), Кочани (57г, 82г и 82г) и Велес (65г, 66г и 81г), по 2 лица од Прилеп (66г и 85г), Струмица (78г и 79г), Гостивар (59г и 72г), Неготино (79г и 86г) и Куманово (59г и 92г), и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Тетово (77г), Охрид (69г), Ресен (93г), Радовиш (56г), Берово (55г), Демир Хисар (70г), Македонски Брод (73г) и Гевгелија (69г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.Направени се 2.453 тестови преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 0, Судска медицина - 11, лабораторија болница Козле - 10, УК Пулмологија со алергологија – 9, ГОБ 8-ми Септември - 8, Институт за микробиологија – 75, МАНУ - 85, Жан Митрев (Филип Втори) - 166, Авицена -264, Биотек - 250, Систина - 161, лабораторија Лаор - 101, Синлаб - 44, Ремедика - 29, Плодност – 29, Генеа – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 669.Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67145, активни 6743Куманово 8500, активни 1104Прилеп 8157, активни 691Тетово 7083, активни 553Битола 6129, активни 974Велес 5387, активни 551Гостивар 5112, активни 372Кавадарци 5097, активни 353Штип 4882, активни 384Охрид 4898, активни 467Струмица 3990, активни 503Струга 2936, активни 158Кочани 2718, активни 253Кичево 2461, активни 267Гевгелија 2176, активни 260Неготино 2152, активни 178Свети Николе 1479, активни 116Крива Паланка 1206, активни 58Ресен 1203, активни 191Радовиш 1086, активни 99Берово 1012, активни 62Делчево 950, активни 89Дебар 928, активни 39Виница 808, активни 120Пробиштип 771, активни 32Валандово 660, активни 67Богданци 488, активни 63Крушево 479, активни 99Демир Капија 394, активни 25Демир Хисар 387, активни 67Кратово 352, активни 9Македонски Брод 354, активни 22Пехчево 261, активни 21Македонска Каменица 229, активни 13Дојран 132, активни 10фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sasho-Donev-29.04.2021

Донев: Наместо комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, охриѓани добија двојно поголеми сметки за колектор

Пред 5 години СДСМ и Зоран Заев помпезно најавија и ветија комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но наместо ветеното, граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор. Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода, истакна Сашо Донев, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.Донев додаде:Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, што значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно. Во услови на тешка економска криза и пред уште една промашена туристичка сезона, кога процентот на невработеност во Охрид расте, се удира по џебот на граѓаните и цената на колекторот е двојно зголемена.Ништо од ветувањата дека една од препораките на УНЕСКО за реконструкција на колекторскиот систем ќе заврши во најскоро време, доказ за тоа е вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина кој утврди дека колекторот е нефункционален и дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро.

Македонија | пред 5 години

viktorija-1

Апел за донација за спас на Викторија Костадинова

Хуманитарна акција за собирање парични средства со цел да помогнеме и да спасиме живот на нашата мала Викторија Костадинова од Гевгелија на која и е потребно посебно лекување во Турција!Се работи за трансплатација на коскена

Македонија | пред 5 години

rojal-3

Виртуелна изложба „Десет години заедно со реката Дрим“

На терасата на „Стивс“ во охридскиот „Хотел Ројал“ поставени се фотографии од изложба посветена на успешната работа на прокетот посветен на заштита на реката Дрим. Изложбата заради Ковид пандемијата ќе биде виртуелна, но дел од поставката е изложен на терасата од хотелот со цел да може да ја видат граѓаните кои сакаат во живо да ги видат убавините на оваа река за чија заштите екологистите прават големи напори со афирмација на отворените прашања , но и со изготвување на конркетни проекти и активности.Изложбата која виртуелно е пласирана под мотото „ Десет години заедно со реката Дрим“ е увертира во јубелејното одбележување на петти мај, кој е прогласен за „Ден на реката Дрим“ и големиот меѓународен проект за заштита на оваа река.Погледнете ги видеата направени по повод десетте години работа на заштита на сливното подрачје на Црн Дрим.

Македонија | пред 5 години

doktprka

(ВИДЕО) Докротка му се закани на пациент: „Не ме доведувај во ситуација да те шутнам во јај**та

Видео објавено од порталот Црнахроника брзо предизвика реакции во јавноста, а читателите потврдија дека видеото е направено во болницата Добој, како и идентитетот на здравствен работник кој работи во одделот за невропсихијатрија.На него, здравствен работник му се заканува на пациентот „дека ќе го удри во меѓуножјето, додека сето тоа го снима женско лице на кое здравствениот работник и кажува дека треба да се срами.Редакцијата на порталот Клик.ба контактирала со др. Говедарица, која не сакала детално да го коментира настанот, велејќи дека не е важно што ќе каже народот.“Луѓето што ме познаваат знаат која сум и каква сум. Како што вели Горан Бреговиќ,” не е важно што ќе кажат луѓето, важно е како изгледам на сликата “, така и јас. Жал ми е бев груба, ужасна во тоа видео, а луѓето, а тоа се сите, многу добро знаат која сум јас. Жал ми е што во тој момент се однесував ужасно “, рече Говедарица.извор: ulica.mk 

Македонија | пред 5 години

svet-ogan

Во сабота на скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека на 1 мај кога се празнува Велика Сабота, во нашата држава во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата. Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје.Од комисијата потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Грција ја отвора границите на 14 мај

Потврда дека границата со Грција се отвора за нашите граѓани на 14 мај стигнала за министерот за здравство, Венко Филипче.Патувањето во соседната земја ќе биде условено со сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР-тест, а се преговара и за прифаќање на резултатите од брзи антигенски тестови.– Вчера, разговарав со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, кој потврди дека границата се отвора на 14 мај, а за тоа ќе добиеме и официјално известување. Условот е граѓаните што ќе патуваат да имаат или сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Она што се размислува сега, за некои земји, не само за Грција, е да може да се патува и врз основа на брз антигенски тест. За тоа ќе нѐ известат во следниот период – рече денеска Филипче.Македонците вакцинирани во Србија ќе може да патуваат со документот за вакцинација издаден од српските здравствени власти.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

29042021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_1

Економско-социјалниот совет по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот: „Зачувување на секое работно место и почитување на работничките права, затоа што сечиј труд е важен“

На свечената седница на Економско – социјалниот совет, а во духот на Меѓународниот ден на трудот, се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко Цветковски. Останатите членови на Eкономско-социјалниот совет и други присутни, беа вклучени онлајн преку Зум платформата. По завршување на свечената седница беше одржана и прес-конференција којашто граѓаните и медиумите можеа да ја следат во живо.„На седница на телото за трипартитен дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата, имав прилика да им одадам признание за трудот и на вредните раце на нашите работници, како и на менаџерските иницијативи на работодавачите и нивните компании, кои заедно со Владата учествуваат суштински во процесот на креирање на солидарно општество во кое ќе има економски напредок видлив и почувствуван од сите.Таков, суштински и солидарен дијалог, не изостана и во текот на изминатите 12 месеци. Напротив. Можам да кажам дека доби на интензитет и ја покажа сета одговорност и потреба за учество во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев.Освен здравјето на луѓето, потенцираше премиерот Заев, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше, низ трипартитниот дијалог, на работниците да им обезбедиме поддршка за да се зачуваат стотици илјади работни места, а на работодавачите да им обезбедиме програми за поддршка на работниот процес и за континуитет во нивното работење.„Успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична, па дури и да забележиме опоравување и напредок во повеќе дејности“, рече премиерот Заев.Вицепремиерот Битиќи посочи дека изминатата година беше голем предизвик за сите, пандемијата предизвикана од КОВИД-19 направи сериозни поместувања во светот и сето тоа се одрази на нормалното функционирање на животот, а со тоа и на економијата. Тој додаде дека само сплотени и со заеднички сили можат да се надминат и најголемите предизвици и даде кус осврт на преземените активности за поддршка на работниците и унапредување на работничките права во изминатиот период.„Кога на граѓаните им е најтешко, државата мора да застане позади нив. Со мерките го направивме токму тоа. Јас ќе се осврнам на само две од нив. Едната е финансиската поддршка за исплата на плати, за која од буџетот се одвоени вкупно 138,1 милиони евра, за плати на нашите граѓани во периодот април-јуни, кога беа поддржани просечно 118.834 плати и во периодот од октомври-декември кога помогнавме просечно да се исплаќаат плати на 68.500 работници. Оваа поддршка е во тек и за месеците февруари-март 2021 година, а аплицирањето сеуште трае. Воедно на компаниите им овозможивме и ликвидни средства за нивно функционирање. Сосема е нормално дека приватниот сектор, компаниите се тие кои ги обезбедуваат платите за нивните вработени и затоа преку Развојната банка, преку три линии бескаматни кредити, обезбедивме поддршка од 44,1 милион евра, за 4.078 компании, ова се средства кои помогнаа да се зачуваат 36.802 работни места. Сите мерки ги правевме заедно со оние кои се засегнати и со аплицирање на соодветни анализи, за да имаат максимален ефект. Успеавме да го ублажиме негативниот ефект и падот на Бруто домашниот производ да го донесеме до 4,5%, а доколку не беа мерките, тој ќе беше значително поголем, околу 8,7% и ќе нанесеше сериозна штета на економијата и на работните места“, посочи вицепремиерот Битиќи и дека во однос на зголемувањето на минималната плата направени се силни исчекори напред.„За само неколку години, преку заеднички дијалог, разбирање и преку аргументирана дискусија, направивме да минималната плата од 9.000 денари, колку што изнесуваше во 2016 година, денес изнесува 15.200 денари, што е зголемување за 68,8%“, нагласи вицепремиерот Битиќи.„Во духот на Меѓународниот ден на трудот, сакам да ги поздравам работниците и да им порачам дека и во услови на сериозна здравствена и економска криза, зачувувањето на секое работно место, заштитата и унапредувањето на правата на работниците, како и нивната безбедност и здравје при работа беа и се наши врвни приоритети“, истакна министерката Шахпаска.Таа посочи дека заедно со претставниците на работниците и работодавачите, Министерството за труд и социјална политика, интензивно работи и на новиот системски Закон за работни односи, за кој ќе биде отворена широка општествена дебата.„Новиот Закон за работни односи ќе биде квалитетно и применливо законско решение кое ќе одговори на предизвиците на денешницата и на потребите на работниците и работодавачите. Работиме на модерни и ефикасни решенија за договорите за вработување, работата од дома и од далечина, сезонската работа, прецизирање на договорите на определено време, како и доуредување на прашањето за работното време, како и ноќната работа. Ќе понудиме целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство“, истакна министерката Шахпаска и додаде дека решението ќе биде во интерес на новороденчињата, во интерес на семејството, на родовата еднаквост и целосно во согласност со директивите на ЕУ и меѓународните стандарди на трудот.„ССМ како репрезентативен синдикат во Република Северна Македонија, упатува сериозен апел за потребата од солидарност и заедништво во справувањето со здравствената криза и последиците од истата на економски и општествен план. Со започнување на кризата, социјалниот дијалог во земјата ги даде резултатите за стабилизација на состојбата и се воспоставија правила и мерки за помош на работниците и граѓаните, но и на компаниите, со цел никој да не остане без работно место и без обезбедена егзистенцијална основа. Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите и за креирање на нови визии и перспективи“, истакна секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко Цветковски.Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров посочи дека согласно Уставот, Законот за работните односи, Општите колективни договори и ратификуваните меѓународни конвенции, Република Северна Македонија обезбедува висока заштита на работничките права.„ Уставот на Република Северна Македонија во членот 32 ја гарантира слободата на избор на вработување, заштитата при работењето и материјалната обезбеденост за време на привремена невработеност, но исто така и правото на платен дневен, неделен и годишен одмор на работникот. Правата на работниците утврдени со Уставот, закон или Колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти или дејствија на работодавачот. Но и покрај високата заштита на работничките права во праксата имаме работодавачи кои не ги почитуваат ниту основните права на дневен, неделен и годишен одмор, плаќање на прекувремена работа и сл.“, потенцираше Димитров.

Македонија | пред 5 години

lovecka-puska

Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје​

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постпка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените.Во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Зоран Заев е кукавица и плашливец кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од терористите од ДУИ

Зоран Заев под закрила на своите странски ментори покажа храброст со бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Зоран Заев и вчера на годишнината од настаните во Собранието на 27 април гордо ликуваше на нарачаните осуди на уставобранителите на затворски казни повеќе од два века.Заев во иминатите години храбро се залага за масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваа инволвираните Албанци во овие случаи.Но, Зоран Заев е кукавица и плашливец кога се работи за испитување на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Вејце, Карпалак, Љуботенски пат... а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат. За овие случаи, од страна на Заев целосен молк.И по повод годишнината од масакрот кај Вејце во кој осуммината македонски бранители беа ѕверски убиени, Заев нема храброст најпосле да започне со расчистување со еден од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја.Расчистување на сомнителното загинување на македонските бранители и одговорност мора да има. Расчистувањето може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција постои оперативен документ насловен како „Сознанија за громорозното убиство во с. Вејце, Тетовско заведен под ев. број 470 од 13 ноември 2001 година од кој се гледа дека убијците на македонските бранители седат рамо до рамо со Зоран Заев во локалната извршната и законодавната власт.

Македонија | пред 5 години

jahia

Заврши истрагата против Јахи Јахиа, државата ќе треба да врати 1.200.000 евра во ИПА фондовите, затоа што тој зел мито

Заврши истрагата против Јахи Јахиа, поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, осомничен дека зел мито од италијанска фирма на која ѝ оддал доверлици податоци за да победи на тендер. Јавната набавка била со средства од ИПА фондовите на ЕУ, објави СДК.МК. Вредноста на тендерот е милион и двесте илјади евра. Според регулативата на Европската унија, во државата која е корисник на средства од овие фондови, ако се открие злоупотреба со нив, треба да ги врати сите средства, до евро, колку што бил грантот.Потоа државата треба овие средства да ги бара од осудените лица, се разбира ако ги осуди судот.Јахи Јахиа и неговиот колега, поранешен раководител, беа апсени во мај 2019 година, кога беше извршен и претрес во Министерството. Рокот за водење на истрагатa бил продолжуван неколку пати со дозвола на Вишото и на Републичкото обвинителство, зашто се чекале доказите од италијанските обвинители за овие злоупотреби.Сопственикот на италијанската фирма кој на ваков начин го добил тендерот, беше уапсен во неговата земја.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања