Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

motor

Во судар помеѓу автомобил и мотор, тешко повредено 19-годишно момче

Деветнаесетгодишно момче од Кичево кое управувало мотоцикл, се здоби со тешки повреди во несреќа на Магистралниот пат Охрид-Кичево, кај населбата „Горица“.Тој се судрил со автомобил управуван од Х.К.(27) од Кичево..Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

crkva-1024x683

Вечерва нема полициски час поради христијанскиот празник Велигден

Вечерва нема да важи мерката полициски поради христијанскиот празник Велигден.Според одлуката на Комисијата за заразни болести, полициски час нема да има ниту вечерта за празникот Рамазан- Бајрам на 12 мај.Забраната за движење останува на сила во останатите денови со почеток во 21 часот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

devojka

24 годишна скопјанка нападната во стан во Скопје

Дваесет и четиригодишна девојка вчера била физички нападната во центарот на Скопје, во станот во кој престојувала.Според информациите во полицијата зад нападот стои 38-годишен скопјанец со кој таа се познаала од претходно.Лицето е приведено, соопшти МВР.По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Screenshot-2021-05-01-at-16.53.57

(ВИДЕО) За Љубица, животот во дом е најдоброто нешто што и се случило: Ќе се расплачете од нејзиното искуство

Таа го завршува второто средно училиште, работи и сонува да се запише на факултет. Што носи иднината, Љубица не се грижи, затоа што знае дека ќе биде добро. Кога ќе ја запознаете ќе верувате во истото, затоа што нејзиниот оптимизам е заразен.

Слајдер | пред 5 години

zaev-filipce

(ФОТО) Заев и Филипче даруваа крв

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче даруваме крв и сме првите дарители во реновираниот оддел за трансфузиологија при Општата Болница во Струмица, напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.Заев во објавата додава:По цели 35 години Струмица добива целосно реновиран и опремен оддел за трансфузиологија кој ќе функционира во комплетно нови услови и ќе ги опслужува крводарителите од Струмица, но и од поширокиот регион. Со ова ги унапредуваме услугите на јавното здравство, ги зголемуваме капацитетите и ги подобруваме условите за работа на здравствените работници.извор: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

1_maj

Георгиески:1 Мај – Меѓународниот ден на трудот не потсетува на историската борба за работничките права

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.Овој празник не потсетува и укажува на историската борба за работничките права и достоинство на човекот кој со својата чесна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство. Овој празник е ден на солидарноста на работниците од целиот Свет и истиот е потсетник дека за жал се уште постојат луѓе кои не можат да го остварат едно од основните човечки права – правото на работа. Затоа сите заедно сплотени и единствени настојуваме да изградиме подобар град во кој секој поединец ќе има еднакви можности за достоен живот и социјална правда. – стои во празничната честитка на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај - Меѓунардониот ден на трудот.-„Во име на Единствена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да ви го честитам 1-ви Мај и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 30 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани.Коренот на злото за работниците е во македонската криминална, нечесна и неморална приватизација што ја направи СДСМ а во која одбрани транзициски бандити бесплатно си го присвои општествениот капитал кој 45 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.СДСМ направи во криминалната приватизација да се опљачка општествениот капитал од околу 5 милијарди тогашни германски марки, а околу 200.000 работници останаа на улица. Дополнително, транзициските бандити на СДСМ во тоа време украдоа уште 2 милијарди германски марки од шверцот на нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема тогашната Сојузна Република Југославија.Овој грабеж на работниците е документиран во Службата за државна безбедност во рамките на Оперативните акции „Трансформација“ и „Монета“, меѓутоа, три децении останува закочен во фиоките на тајната полиција.Грабежот на народот продолжува и во изминатите 5 години на власта на СДСМ со Зоран Заев во услови кога марионетската власт на Заев плива во криминал, корупција и безаконите.И не случајно носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот.Работниците заслужуваат подобро. Но, ова е можно само ако биде исправена историската неправда со бесмилосниот грабеж на работниците. На овој план, Република Македонија мора да го изоди уште еднаш патот од 1991-та.Затоа, Единствена Македонија не дава празни ветувања. Единствена Македонија ќе расчисти со приватизациските и постприватизациските бандити кои ги опљачкаа работниците, храбро, решително и во интерес на работниците. Со ревизија на приватизацијата и постприватизацијата укрденото мора да се одземе и да се врати на народот“ - потенцираше Бачев.

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Дали градоначалникот на Кичево ДУИ размислува да го именува за министер, во рамките на реконструкцијата на Владата?

Дали Фатмир Дехари, актуелен градоначалник на Кичево, е лицето кое ДУИ размислува да го именува за министер, во рамките на реконструкцијата на Владата, која, како што велат изворите на ТВ21 ќе се случи кон крајот на мај? Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се согласат дека со МВР треба да раководи Албанец, името кое се спомнува за оваа функција е токму Фатмир Дехари. Доколку се случи тоа, тогаш ДУИ ќе мора да се откаже од некое важно министерство, како што е МНР. На прашањето на ТВ21 во однос на оваа тема, Дехари со одговор дека во моментов негова обврска како градоначалник е да ги врши задачите за кои ја добил довербата на граѓаните на Кичево, објави ТВ21.Ако погледнеме наназад, ДУИ е партија која пред локални избори знае да направи промена на својот кадар, преместувајќи ги од извршната власт во одредени општини.Текстот во целост на: ТВ21.

Македонија | пред 5 години

Stoilkovski01052021

Стоилковски: Дали дигитализацијата на Царовска ќе чини 120 милиони евра?

Нема одговор од режимот на мафијата за тоа колку ќе чини таканаречената дигитализација на образованието што го турка на сила. Режимот на мафијата докажа дека ниеден зафат не е способна да спроведе ако зад тоа нема проценти и провизии, ако зад тоа нема лукративни пориви. Режимот сега тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината. Во услови на епидемија, околу 25,000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни. Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Оттука, Мила Царовска е должна да одговори: Дали зад овој таканаречен проект на дигитализација не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари?И дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска?Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми?Почитувани, овој „дрвено железо“ проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема доблест да ги одговори.Креирање на образование кое што креира нееднаквост меѓу децата, притоа со европско знаменце е злоупотреба на моќ и злоупотреба на вредностите. Укинување на учебници нема во ниту една земја во светот. Електронски учебници можат да бидат само помагала, но не и врз нив да се одвива сиот наставниот процес.Ова не е реформа, ова е експеримент на мафијата на власт со иднината на децата, којшто чини 120 милиони евра, а зад којшто стојат однапред договорени фирми и сметки.

Македонија | пред 5 години

denari

Државната помош да им се исплаќа директно на работниците, за да нема злоупотреби од газдите, бараат синдикатите

Државната помош да се исплаќа директно на сметките на работниците за да нема злоупотреби од газдите; покачување на платите, но и итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата се само дел од барањата на сидикатите и здруженијата кои повикаа на заедничка борба за работничките права.Преку првомајски проглас, синдикатите посочија дека на глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4 проценти од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми богатството на светските милијардери.За состојбата во Македонија, велат дека десетици илјади лица останаа без работа за време на кризата, додека богатите го дуплираа својот капитал, заштитени од мерките што државата ги донесе за да им помогне на фирмите.Во прогласот се додава дека минималната плата е зголемена за само 200 денари, а дел од фирмите кои добија 800 милиони евра за справување со кризата, ја злоупотребија оваа државна финсиска помош оставајќи ги вработените без плати. Потсетуваат дека 17.000 работници не ја добија заработената плата за три месеци поради тоа што пратениците сметаа дека „работниците можат да истраат уште еден месец без плати“.Според податоците на Агенцијата за вработување, 43.086 лица останале без работа по започнувањето на кризата во март 2020 година. Најновото истражување на Здружението за истражување и анализи покажува дека во 2020 година вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале невработени.Синдикатите бараат:Итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата и ќе ги штити нивните права и интереси.Покачување на минималната плата, имајќи предвид дека потрошувачката кошница постојано се зголемува, односно, трошоците за задоволување на основните егзистенцијални потреби како исхрана, облека и средства за заштита од вирусот постојано растат.Измени и дополнување на Правилникот за професионални болести со цел болеста предизвикана од Ковид-19 да се предвиди како „повреда на работа“ за сите работници и соодветно на тоа, надоместокот на плата ќе се исплаќа во висина од 100% од основицата, додека трае спреченоста за работа.Правилникот за професионални болести да се измени и во однос на изолираноста заради спречување на зараза, со што висината на надоместокот на платата за привремена спреченост од работа да се исплаќа во полн износ за оние лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издал решение за самоизолација заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По контакт со заболено лице од коронавирусот, отсуството пред работодавачите може да се оправда со решение и истото се доставува до работодавачот за регулирање на привремена спреченост од работа.Да се овозможи паричен надоместок за невработени да можат да користат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината, за да се заштитат работниците кои останаа без работа на овој начин во кризава. Периодот за кој се исплаќа надоместокот треба да биде врзан со стажот на работникот.Забрана за доделување финансиска поддршка на фирми што ја злоупотребиле државната помош и не им исплаќале плати на работниците или пак, им исплаќале плата под минималната.Државната финансиска помош да се исплаќа директно на сметките на работничките и работниците, затоа што само на овој начин може да се избегнат грубите злоупотреби, а работниците навремено ќе ја добиваат заработената плата.Да се обезбеди заштита на прекарните работнички и работници, како што се хонорарците, фриленсерите и други, кои се најнесигурната категорија и немаат никакво социјално и здравствено осигурување. Оваа категорија работници да биде опфатена со економските мерки за државна финансиска помош.Мораториум на наплата на ратите кон банките и долгови кон извршители за времетраењето на кризата. Дополнително, да се забрани пресметување камати од страна на банките, штедилниците, финансиските друштва и извршителите за истиот период, односно, да се спречи претходно наведените субјекти да профитираат во оваа криза на грбот на сиромашните.Државните служби (ДИТ, АВРМ, УЈП) брзо и ефикасно да реагираат за да се спречат злоупотребите и грубото кршење на работничките права. Државните служби да ја користат можноста да иницираат постапки по службена должност кај работодавачите за кои има сознанија дека постапуваат спротивно на закон. Дополнително, државните служби да ја користат можноста за повикување на кривична одговорност на работодавачите.Задолжително консултирање со синдикатите и здруженијата на граѓан(к)и што се залагаат за работниците и за работничките права при подготовката на мерки кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.Потписници на прогласот се Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ); Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС); Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ); Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ); Независен академски синдикат (НАкС); Левичарско движење „Солидарност“; Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“; Хелсиншки комитет за човекови права.

Македонија | пред 5 години

hristijan-mickovski-mickoski-26

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најнеспособна, најнеодговорна и најкорумпирана власт во Европа

Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот. Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија. За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. Згора на сето тоа животот станува се поскап, цените на основните намирници растат, поскапуваат горивата и струјата, а со тоа и трошоците на секое едно семејство. Безнадежноста и чувството дека се оставени сами на цедило го одбележуваат овој 1-ви Мај, се вели во Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 1-ви Мај - Денот на трудот.Во продолжение на истата Мицкоски додава:Чувството на горчина кај секој од нас не е само поради падот на стандардот, туку и поради негрижата и лошите политики на оваа власт, кои не даваат надеж дека наскоро работите ќе се подобрат. Да, пандемијата влијаеше врз нашите животи, врз економијата и стопанството, но во Македонија црните економски статистики и колапсот се најизразени во споредба со целиот регион. Сликата со правата на работниците и нивниот стандард никогаш не била потажна и поцрна.Мерките кои оваа влада ги превземаше беа или необмислени или задоцнети, па наместо конкретна помош се претворија во обична маркетинг шминка. Наместо ветуваните над милијарда евра помош, кај стопанството и кај работниците завршија само трошки. Токму затоа имаме состојба во која кај елитата на празничните трпези ќе има златни лажици, а кај најголемиот дел од народот живот на вересија. Затоа кај истата таа елита гледаме скапи мотори и хациенди, а кај огромно мнозинство на граѓаните грижи како да ги платат сметките, како да ги вратат кредитите и како да врзат крај со крај во месецот.Ќе се обидат со розови очила, статистички акробации, празни флоскули и излитени ветувања да убедуваат дека работникот живее подобро или повторно да ветат дека ЌЕ донесат живот, но тоа секој работник, секој чесен и честит граѓанин ниту го чувствува, ниту ќе го почувствува со оваа неспособна, неодговорна и најкорумпирана власт во Европа.Време е тоа да се промени. Време е поразите и неуспесите да се заменат со чесна работа, посветеност и стратегија која ќе донесе добробит, подобар стандард и вреднуван труд.Честит 1-ви Мај!Честит Ден на Трудот!

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

70 Лица не го почитувале полицискиот час, а 553 лица се казнети за неносење маска

Од 21.00 часот (30.04.2021) до 05.00 часот (01.05.2021) констатирано е дека 70 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30.04./01.05.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 553 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

svet-ogan

Светиот благодатен оган вечерва пристигнува во земјата

Во вечерните часови, во нашата држава ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина, Република Грција, да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација, која ќе го донесе од Ерусалим, каде што речиси два милениума се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото воскресение на Велјасабота.По пристигнувањето, Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови во државата. Директорот на Комисијата, Сотировски, по доаѓањето, Светиот оган ќе му го предаде на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во резиденцијалниот манастир „Св. Георгиј Победоносец“ во Скопје.Од Комисијата потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носења заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

МВР затвори угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, приведени 15 лица

На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време.Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

policiski-cas-policija-1

133 сообраќајни прекршоци во Скопје: 50 за брзо возење, 25 санкционирани мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

orce-kamcev-2

Орце Камчев за кауција нудел 1,7 милиони евра, но Апелација оценила дека се уште постои опасност од бегство

Два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш во судската благајна била последната понуда на двајцата адвокати на Орце Камчев во обид да го убедат Апециониот суд, осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор. Но апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, се уште постои опасност од бегство, објави Телма.Одлуката е донесена вчера и за осомничениот во Империја и Плацевите на Водно продолжува вториот месец од притворот во Шутка. Од Апелациониот суд за Телма потврдија дека одлуката е донесена и испратена во надлежниот скопски кривичен суд, каде ќе биде отворена и заведена после празниците.Адвокатот на Камчев, Антонио Апостолски во телефонска изјава за Телма вели дека одлуката е донесена без да им се овозможи и да бидат повикани адвокатите на јавна седница која е законски задолжителна кога се расправа по жалби за вакви истраги и кривични дела.Текстот во целост на: Телма.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места и илјадници вредни работници редовно да земаат повисоки плати и минималец повисок за 6.000 денари

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места и илјадници вредни работници редовно да земаат повисоки плати и минималец повисок за 6.000 денари Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Заев:„1 Мај, празникот на работничките и работниците, и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата.Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник - обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство.Работните места на прво место! Тоа беше главната цел на првите состаноци со економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници - напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична.Со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество.И покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжија да растат - и ќе растат понатаму. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно. И ќе расте.Платите особено пораснаа во здравството, образованието, но и во армијата, во полицијата и во социјалниот сектор. А со субвенциите за придонеси на фирмите, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати.Историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање.Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни, и со сите нив, во името на правата и грижата за работниците го креираме новиот текст на Предлог-законот за работните односи.И конечно - недела ќе биде неработен ден.Почитувани граѓани, работнички и работници,Економијата ни е стабилна, кризата ја поминавме без поголеми потреси и конечно излегуваме од неа. За тоа сте најзаслужни токму вие и вашиот труд! Бидете горди поради тоа и знајте дека државата е тука секогаш за вас, затоа што оваа држава ја разбира и цени работничката мака.Нека е честит 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Нека е за многу години!"

Македонија | пред 5 години

Pavlina-Crvenkovska-2

Антикорупциска отворила предмет за новата претседателка на Судскиот совет

Антикорупциската комисија отворила предмет за имотната состојба на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, потврдила претседателката на комисијата Билјана Ивановска за Телма ТВ.Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка односно дека нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг“ зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години. Дополнително, рекоа тие, и ќерката на Црвенковска била вработена во банката. Оттука тие реагираа дека сега на чело на Судскиот совет кој ја контролира работата на судовите кои треба да судат за случувањата со Еуростандард банка, е поставена сопруга на должник на банката.Текстот во целост на:Телма ТВ.

Македонија | пред 5 години

pregazen

Тешка сообраќајна несреќа во Карпош 4, велосипедист е со тешки повреди и во животна опасност

Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево во Карпош 4, наспроти трговскиот центар „Антико“. Неофицијално, со тешки повреди и во животна опасност е велосипедист, кој бил удрен додека поминувал на пешачки премин, објави А1ОН.„Денеска (30.04.2021) во СВР Скопје е пријавено дека во 16:45 часот на бул.”Партизански одреди” патничко возило “хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С. удрило во велосипед, управуван од Р.Ј.(74). Во незгодата Р.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Г.О.Б “8 Септември”. Извршен е увид од увидна екипа, а за незгодата известен е дежурен Јавен обвинител“, соопшти МВР.фото: А1ОН

Скопје | пред 5 години

zastita

Градоначалникот Георгиески со апел за почитување на заштитните мерки за време на празничниот викенд

Упатувам апел до жителите на Охрид и сите посетители кои во текот на празничниот викенд туристички ќе престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од Корона вирусот-Ковид 19.Да се носат заштитни маскиДа се одржува потребна дистанца при посета на храмовитеДа се одржува лична хигиена според препоракитеДа се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања.Да празнуваме одговорно, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 5 години

w_56674011

Денеска се регистрирани 365 нови случаи на Ковид-19, починати се 37 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 166, Куманово – 27, Битола – 19, Струмица – 17, Прилеп и Велес – по 15, Кавадарци – 12, Тетово -11, Кичево -10, Охрид, Свети Николе и Виница – по 9, Штип – 8, Ресен – 6, Гостивар – 5, Струга – 4, Кочани, Берово и Македонска Каменица – по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар – по 2, Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 1.Регистрирани се 594 оздравени пациенти од:Скопје – 240, Битола – 42, Куманово и Велес – по 39, Прилеп и Гевгелија – по 26, Гостивар и Струмица – по 23, Штип – 20, Кочани – 15, Берово – 14, Тетово – 13, Охрид -12, Кичево – 10, Свети Николе – 8, Делчево – 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 5, Валандово и Богданци – по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје ( 50г, 54г, 57г , 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г,64г, 66г,70г, 71г,76г,76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови. Пријавени се 10 пациенти кои се починати во период од 15-25.04.2021.Направени се 2.820 тестови преку: ИЈЗ-366, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 1, Судска медицина - 15, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ 8-ми Септември - 11, Институт за микробиологија – 75, МАНУ - 106, Жан Митрев (Филип Втори) - 159, Авицена -242, Биотек - 666, Систина - 148, лабораторија Лаор - 156, Синлаб - 52, Ремедика - 65, Плодност – 48, Генеа – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 571.Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67310, активни 6657Куманово 8527, активни 1090Прилеп 8172, активни 679Тетово 7095, активни 549Битола 6148, активни 947Велес 5402, активни 527Гостивар 5117, активни 354Кавадарци 5109, активни 363Штип 4890, активни 369Охрид 4907, активни 464Струмица 4007, активни 489Струга 2940, активни 160Кочани 2721, активни 239Кичево 2471, активни 267Гевгелија 2176, активни 234Неготино 2153, активни 179Свети Николе 1488, активни 116Крива Паланка 1208, активни 60Ресен 1209, активни 192Радовиш 1088, активни 99Берово 1015, активни 51Делчево 951, активни 83Дебар 930, активни 36Виница 817, активни 124Пробиштип 772, активни 32Валандово 660, активни 64Богданци 489, активни 61Крушево 480, активни 100Демир Капија 394, активни 24Демир Хисар 388, активни 68Кратово 353, активни 10Македонски Брод 354, активни 17Пехчево 262, активни 20Македонска Каменица 232, активни 15Дојран 132, активни 8извор: Министерство за здравство

Македонија | пред 5 години

zatvor

Инцидент во „Идризово“ затвореник пренесен во болница

Во попладневните часови на 29 април, во скопската полиција бил пријавен инцидент во полуотвореното одделение во затврот „Идризово“.Според пријавата, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје.Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

sela-gasi

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива реагираат на изјавата на Претседателот поврзана со случајот “27април“, еве што велат…

Неприфатлива е тенденцијата на претседателот за директно вмешување во судството, толку повеќе што еден случај би требало да претставува предизвик за правниот систем во земјава и лекција за иднината. Неприфатливо е, претседател на една држава членка на НАТО, како пример да го зема југословенскиот правен систем. Последните изјави и ставови на Претседателот Стево Пендаровски за судските настани од 27 април се во спротивност со сите негови досегашни ветувања за правна држава за сите граѓани, за правда, уставен поредок и како што имаше изјавено самиот тој, не одобрување амнестија на ниту еден криминалец, се вели во реакцијата кон изјавата на Претседателот Стево Пендаровски поврзана со случајот “27април“, од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Во продолжение на истата од коалицијата додаваат:Почитуван Пендаровски, Вие не отворивте уста ниту еднаш за монтираните случаеви, нарочито кон Албанците, особено кога беше убиено дете како Алмир и кога еден криминалец како Бобан Илич се пушти на слобода. Неприфатливо е кога Вие како претседател станувате дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри како тие што ги видовме кога се амнестираа еден дел од нив. Секаква преквалификација на делото на сторителите ќе биде сватено како преквалификација на нашата борба против тогашниот режим против кој се боревме сите.Последните изјави ги зацврстуваат сомневањата на јавноста дека некои во државната и владината хиерархија продолжуваат да соработуваат и да ја подаваат раката на тој режим, кои што половина и така се дел на сегашната Влада. Скандалозно е земањето пример на една фигура како Александар Вучич, кој што има вмешано прсти во сите крвопролевања на Балканот како поранешен министер на пропагандата на Милошевич, противник на НАТО и денес загушувач на демократијата и опозицијата во неговата земја.

Македонија | пред 5 години

pratenicka-markovska

Маркоска: Нова линија бескаматни кредити од 10 милиони евра за поддршка на домашната економија

Владата предводена од СДСМ продолжува со поддршка на домашната економија и преку петтиот пакет економски мерки. Воведуваме нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка. Висината на поединечните кредити ќе изнесува од 3.000 до 30.000 евра а нејзини корисници се фирми од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, истакна Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.Маркоска додаде:Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанствотои да ја стимулира инвестициската активност на компаниите.Условите за оваа линија се направени на начин да ги наградуваат успешноста во работењето на фирмите, инвестициите и проширувањето на капацитетите.„Ковид4“ линијата предвидува грантови за успешност во случај доколку фирмите ги зголемат вкупните приходи во 2021 година за најмалку 10% споредено со 2020 година - тогаш ќе имаат право да побараат грант од 30% од кредитот, или во случај доколку го зголемат бројот на вработени во 2021 година за најмалку 5% - тогаш ќе можат да побараат грант од 20%.Ако се исполнат и првиот и вториот услов, кредитокорисникот може да оствари право на грант од 50%.Вкупната сума на грантот може да изнесува од 600 евра - минимален износ, до 15.000 евра - максимален износ. Фирмите ќе можат да поднесат барање за грант-средства до банката, во моментот кога ќе отплатат 40% од кредитот.Оваа кредитна линија е наменета за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од дејностите туризам, угостителство, ивент индустрија и транспорт, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите, кои можат да докажат пад на приходите од најмалку 30% и имаат капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.Со линијата „Ковд 4“ продолжува поддршката за домашната економија и помошта да се зачуваат што повеќе работни места во пост ковид периодот.Остануваме посветени на реализација на мерките и полиитките што носат економски раст и развој и подобар животен стандард за сите.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Pozar

Пожар во стан во зграда во Тетово, нема повредени

Нема повредени во пожарот што се случи утринава околу 8 часот во стан на булеварот „Маршал Тито“ спроти зелениот пазар во Тетово. Изгоре дел од стан што се наоѓа на третиот кат од зградата со пет ката и поткровје.На местото на настанот има припадници на Секторот за внатрешни работи Тетово, кои ги констатираат причините за пожарот и висината на материјалната штета.Причина за пожарот најверојатно е плинска боца.фото: Сител

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања