Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
osmani

„Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи“, вели Левица.

По низата на скандали со т.н. "историска комисија" на која и претстои "толкување" на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите.

— реклама —

Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската - во целост. За Владата, синтагмата "бугарската фашистичка окупација" е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија.

— реклама —

Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата - тоа е оставено на т.н. "историска комисија", за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемтска и ревизионистичка агенда.

— реклама —

Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше:

"Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид - сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во "конечното решение" за "еврејското прашање" на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?"

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library3637m1sijgsncolKhv8

Муцунски од Анталија: Коридорите 8 и 10 се клуч за развој и стабилност

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања