Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

page

„Благодарам за вашата пожртвуваност за секој пациент“, писмо го изненади персоналот на Клиниката за пластична хирургија

Пациент од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, напишал писмо со благодарност до персоналот, за да го искаже своето задоволство од престојот.„Голем предизвик беше за нас, персоналот на ЈЗУ УК за Пластична и реконструктивна хирургија да станеме дел од здравствениот систем кој што лекува пациенти со КОВИД-19. Оваа пандемија само потврди дека пред се, ние сме лекари и со целиот персонал водени од професионалноста и хуманоста можеме да се радуваме на вакви резултати. Не смееме да ја занемариме несебичната помош од д-р Милена Стевановиќ и д-р Илир Демири со нивниот тим лекари од Клиника за Инфективни болести, како и поддршката од колегите анестезиолози од КАРИЛ, особено на д-р Ида Теменугова, д-р Вања Трајковска, д-р Александар Димитровски и сите останати“, напишаа од Клиниката.

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: Заев го менува Стојко зошто не го слуша, Кирацовски го критикува за да го поддржат

Неколку дена ја набљудувам ситуацијата со Стојко Пауновски и се воздржував од коментар. Денеска веќе помина доволно време за да може да се искоментира објективно. Најпрво, сите заклучивме дека Заев ќе го менува Стојко Пауновски затоа што прекинал да го слуша. Оттука да ве потсетам за да не заборавиме дека иако Пауновски не сака сега да го слуша Заев, тоа не го амнестира дека го слушал за стотици нарачки претходно, за илјадници притисоци преку инспекции за избори, за случаеви за пресметка со политички противници и многу други работи. Никој, никогаш, никаде, нема чуено Стојко да водел некој случај против близок на СДСМ и Заеви, напиша на својот ФБ профил, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.Арсовски во објавата додава:Второ, главната причина за непослушност очигледно е внатрепартиски раскол (што мене воопшто не ме интересира) и тоа што никој веќе не сака да биде на иста палуба со Заеви, Рашковски, Николовски, Ден Дончев и многу други.Трето, најинтересни ми се Кирацовски, Лидија Димова и уште неколку такви со “скинати” глави заради криминал, како го поддржуваат Пауновски и апелираат до Заев да не го менувал. Причина - едноставна. Видоа дека народот ќе поддржи секого што работи спротивно од насоките на Заев и мислат дека ако поддржат јавно, некој ќе заборави дека и самите тие се замешани во слуачеви поврзани со рекетирање, проневера на европски пари и сл.Не, ништо нема да ве амнестира од криминалот, дури и на глава да стоите за Заев да не го менува Стојко.За крај, ова не е пркос од принципи, ова е пркос на две спротивставени крила во СДСМ. Да не ве лажат. Да било пркос од принципи, немало да прифати во 2018 да стане директор во Влада на Заев која уште тогаш беше до гуша во криминал (криминални иновации, непотизам, промена на уставно име) или пак кога добивал нарачки претходно за одредени случаеви кои оделе во корист на СДСМ и Заев. Ова е пркос за внатрепартиска битка за тронот на Заев, каде што уште сега од хеликоптерот во кој се возеа Заев и Филипче се гледа дека веќе се екипираат се повеќе против Заев, а се помалку остануваат до него.Памтете го ова, после локалните избори се повеќе ќе гледаме “пркос”, кој и сега и тогаш е далеку од принципи.извор: ФБ Димче Арсовски

Македонија | пред 5 години

dete-tepaat

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Претепан малолетник во автобус на ЈСП додека други снимаат

Профилот „Две ѕвезди“ на Твитер редовно споделува вознемирувачи видеа на социјалната мрежа поврзани со кривични дел снимени и објавени на Тик Ток.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1386543265013448705?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1386543265013448705%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fbod0b7d0bdd0b5d0bcd0b8d180d183d0b2d0b0d187d0bad0be-d0b2d0b8d0b4eo-d0bfped182d0b5d0bfaa-d0b4d0b5d182d0b5-d0b2d0be-d0b0d0b2d182d0bed0b1%2FПоследното видео објавено од профилот покажува напад врз малолетник во автобус на ЈСП додека други снимаат-Додека некој тепа деца во автобус на ЈСП(видео 1),други си играат на казино апарати со униформи(видео 2). Јасна слика за напредни стандарди.извор: ТИК ТОК

Скопје | пред 5 години

parking-holidej-in-2

O2 иницијатива: Постоечката комунална и сообраќајна инфраструктура не дозволува изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“

Постоечката комунална и сообраќајна инфраструктура не дозволува изградба на висококатници спроти „Холидеј Ин“, велат жителите на Градски ѕид.Според нив, соседите од Ново маало со реализација на предвидениот проект ќе извисат, а „кајмакот“ ќе го собере еден инвеститор бидејќи се нуди парцијално наместо интегрално решение за оваа локација на штета на нивниот и на јавниот интерес, се вели во објавата на ФБ на О2 иницијатива.Во продолжение на истата од О2 иницијатива додаваат:https://samoprasaj.mk/naacik/1984-2021-04-26-11-37-26- И да, фекалната канализација директно ќе се излева во Вардар. Тоа е таа наша лажна урбаност за која архтектите, општините, град Скопје и други чинители не зборуваат. Никој кој одлучува за градби во државава НЕ ЗБОРУВА за фактот дека во најголем дел од земјава, фекалиите ги излеваме директно во нашите реки, езера.Голем број на поддржувачи на кулите кои се планирани на парцелата 1.1, тоа е паркингот спроти Холидеј Ин, зборуваат за некаква „современост“, „држење чекор со современиот свет“ и градење на виски кули кои според нив се симбол на „урбаниот и модерен свет“. Само што во тој свет таму некаде, гомната не ги испуштаат директно во реките кои им течат низ градовите. Таму во тој урбан свет на високи кули има пречистителни станици. Ние НЕМАМЕ. И тоа не може, а да не биде еден од ГЛАВНИТЕ фактори за развојот на градов.- Дополнително, каде е Град Скопје да излезе со колкав број на станови располага на својата територија, колку станови се непродадни, колку се празни, а колку се во фаза на изградба?-Неофицијално во Скопје живеат приближно околу 900,000 жители.Капацитетот на предвидената пречистителна станица за Скопје ќе биде за околу 400,000 жители и најрано може да се очекува после 2025 година. Тоа не ги задоволува потребите ни за половина од сегашните жители во Скопје. Повторно повеќе од половина град фекалиите директно ќе ги испушта во Вардар.- Водоснабдителниот систем на главниот град е исто проектиран за 400,000 жители.- Каде е Град Скопје и неговиот градоначалник Петре Шилегов да излезат со реални податоци колку всушност жители се можни во градов, ако почнеме да постапуваме по базичните потреби од пречистување на фекалните отпадни води, капацитетот на изворот Рашче, селектирање на отпадот, каде органскиот отпад треба да се компостира, да има стандардизирани претоварни станици и депонија според ЕУ стандарди каде само минимален дел од отпадот ќе заврши.Зошто САМО според овие податоци, а не според нереални желби и потреби за финансии на општините и инвеститорите, може да се одреди каде ќе се задржи домувањето, а каде ќе треба да почнеме да РУШИМЕ. Зошто ресурсите се ОГРАНИЧЕНИ, а ние како град оддамна ги имаме надминато сите дозволени параметри.извор: ФБ О2 иницијатива

Скопје | пред 5 години

spasovski-1

Интерпелацијата за Спасовски не помина кај пратениците

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива. Против интерпелацијата гласаа 60 пратеници, за гласаа 10, а немаше воздржани.Спасовски во врска со интерпелацијата рече дека таа претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напушти седница и најави интерпелација за спикерот Талат Џафери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

26042021_PVRSM_Sredba_Gereshajmer_1

Заев на средба со делегацијата на „Гересхајмер“, во пресрет на утрешното отворањето на фабриката најавуваат нов инвестициски циклус најголем досега во земјава

Делегација на германската фабрика „Гересхајмер“, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.Оваа средба е во пресрет на утрешното официјално отворање на фабриката „Гересхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2. Премиерот Заев ги поздрави заложбите за инвестиции на „Герeсхајмер“ во земјава, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.На средбата во Влада, присуствуваа и заменик-претседателот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески.Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра.Како резултат на добрата деловна клима во земјата и поддршката на Владата, делегацијата на германската „Гересхајмер“, на средбата во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели. Според најавите, втората ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза.„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Во првата фабрика на „Гересхајмер“ во Северна Македонија се произведуваат пластични системи за фармацевтската индустрија. Производството е мехатроничко – со високо автоматизирани машини.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

cistenje

(ФОТО) Исчистен патниот правец кон селото Скребатно и црквата "Успение на Пресвета Богородица“

По налог на Општина Охрид во текот на изминатите денови беше извршено чистење на патниот правец кон селото Скребатно и црквата "Успение на Пресвета Богородица".Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, со помош на механизација беа отстранети одрони и наноси од земја и камења, а беше исчистена и сувата неуредна вегетација, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

grobista

Георгиески: После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта во Охрид

После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта. Средствата за овој зафат ги издвоивме од буџетот на општина Охрид.Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот, напиша на својот фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

migranti

Албански државјанин фатен со комбе полно со мигранти

Државјанин на Албанија утрово бил фатен со комбе полно со мигранти на автопатот А1, делница Градско – наплатна станица „Отовица”, пред место викано Дервенски мост.Утрово околу 10:30 часот полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија, кој прво се обидел да избега, но веднаш бил фатен и приведен, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија.За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Италијанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен ПЦР тест на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 32-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 23 април, при проверка на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, употребил лажна исправа – фалсификуван ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, тој го употребил документот како вистинит со намера да отпатува од земјава.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

26042021_PVRSM_Zaev_MP_Marichikj_pres-konferencija-1

Заев, Маричиќ и Нанев: Дигитализација на судството за зголемување на ефикасноста и пристапот до правда

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес конференција. Фокусот на прес-конференцијата беше дигитализацијата на судството.Премиерот Заев, осврнувајќи се важноста на спроведување на реформа во правосудниот систем во нашата држава потсети на „Акција 21 - Европски стандарди дома“, каде прва заложба на листата беше влегувањето во финалната фаза на суштинските реформи и ефикасното и објективно прочистување на судството и обвинителството.„Целиот овој процес беше проследен со непринципиелна опструкција и битки со противниците на правдата. После повеќе од една деценија заробено судство и покрај сите опструкции на последните бранители на криминалот од најголемата опозициска партија ги донесовме системските закони во оваа област кои донесоа раздвижување во овој сектор. Како резултат на овие реформи, предметите за организиран криминал и висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за сериозни кривични дела. Изминатава година од страна на Судскиот совет биле покренати 80-тина предмети, а десеттина судии се разрешени. Најзначајно е што овој процес е автономен и независен и си го водат судиите и тој веќе дава резултати. Процесите се почнати - нема назад“, нагласи премиерот Заев.Реформите во судството како врвен приоритет на Владата ги даваат првите резултати. Судиите се ослободени од политички влијание и почнаа да испорачуваат правда. И тоа за случаите кои се синоним за криминал и корупција во нашата земја.Како потврда за тоа се позитивните извештаи, како оној на американскиот Стејт департмент за состојбите со човековите права во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, треба да ни бидат мотив и охрабрување да го продолжиме непоколебливо овој пат.Премиерот Заев, ја потенцираше и важноста од дигитализацијата во целиот овој процес.„Ги поставивме сите елементи за дигитализација во јавниот сектор, а сега следува спроведување на дигитализацијата во правосудството. Дигитализацијата на правосудството само дополнително ќе помогне да се забрза тој процес и да се сведе на минимум човечкото администрирање во судските процеси, а доминантни да бидат владеењето на правото и раздавањето на правдата. Тоа што го ветуваме го исполнуваме. Ветивме реформирано судство, зацврстување на правната држава и правда. Резултатите ги гледаме секојдневно“, заклучи премиерот Заев.Министерот Маричиќ, ги претстави планираните активности за дигитализација на судството.„Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и над 120 судници. Ова е квантен технолошки скок кој ќе се направи за релативно кратко време. Како Влада преземаме обврска да обезбедиме средства за одржување на опремата која ќе биде инсталирана во судовите, но и јакнење на човечките ресурси потребни за работа и одржување на истата. Дигитализацијата меѓу другото ќе значи и воведување на онлајн судења, а тоа навистина многу ќе ги забрза постапките, кои ќе бидат и поевтини, а можностите за одложување ќе бидат значително намалени. Пример, со дигитализацијата и промените на одредбите на Законот за прекршоци, ако еден жител на Скопје направи сообраќаен прекршок во Охрид и поради тоа ќе треба да оди на суд за прекршоци, нема потреба веќе да патува до Охрид. Се ќе биде завршено брзо и едноставно со помош на информатичките средства“, информираше Маричиќ.Како што истакна министерот Маричиќ, со воведувањето на платформата за интероперабилност како долгорочен приоритет во правосудните институции се овозможува поврзување на сите институции, побрза размена на податоци, сигурност при размената на податоците, достапност на податоците, поефикасна работа на самите институции и поефикасно и побрзо опслужување на крајните корисници.Судијата Нанев, како претседател на работната група за дигитализација на судството, ги претстави придобивките од дигитализација на судството. Како што рече тој, на овој начин се олеснува работата, се зголемува пристапот до правдата за сите граѓани, се намалуваат трошоците и се зголемува ефикасноста.„Се подобрува судскиот интегритет и се зајакнува довербата на јавноста преку јакнење на транспарентноста и отчетноста. Се подобрува и заштитата на системот, а и соработката со други институции, меѓународни организации и соработка со други држави. Со Оперативниот план усвоен од Владата, обезбедени се 90 милиони денари за 2021 година, а за 2022 година, тој буџет дополнително се зголемува. Овие средства ќе бидат искористени за рехабилитација на хардверот и софтверот. На тој начин, ќе се зајакнат системите за складирање на податоци во сите судови во државата“, рече Нанев.Тој се осврна и на можноста за онлајн судења кои се придобивка од процесот на дигитализација на судството.„187 судници ќе бидат опремени со најсовремена дигитална опрема за непречено онлајн судење. Во овој процес на дигитализација посебен акцент се дава на учеството на јавноста и можноста да се следат судењата. Анализите покажуваат дека судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста. Дополнително, на овој начин се намалуваат трошоците. Само со 15 институции приклучени на системот за интероперабилност ќе се заштедат 15 милиони евра на годишно ниво, или 2,5 тона хартија, односно 3.000 дрва“, информираше судијата Нанев. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-26.04.2021

Сојуз на стопански комори: Пакет мерки за помош очекуваат секторите кои се на раб на опстанок поради пандемијата

Четиринаесет месеци туристичко-угостителскиот сектор се бори со предизвици кои ги создава кризата предизвикана од пандемија и недоволната и ненавремената поддршка. Затоа претпријатијата тешко се справуваат и се повеќе се губат работни места и престануваат со работа деловните субјекти поради немање деловна активност. Најголем број од претпријатијата од овие сектори користејќи ја својата способноста и ангажирајќи ги сите расположливи ресурси, досега наоѓаа начин да преживеат, но веќе сите алтернативи се исцрпени. Затоа потенцираме дека без вистинска и континуирана поддршка нема спас за овој сектор. Со протестите пред Министерството за финансии и денеска пред Владата, угостителите од рестораните, кафулињата, ноќните клубови, рестораните за свадби, вработените во туристичките агенции и игротеките, танцовите и балетски студија, туристичките водичи, сметководителите, кои заедно застапуваат околу 40.000 луѓе побараа да се исполнат барањата за поддршка кои се веќе доставени до Владата.Веруваме дека средствата кои се предвидени во шестиот пакет на економски мерки можат да помогнат и да ги ублажат штетите со кои се соочува туристичко-угостителскиот сектор, ако се имплементираат на соодветен начин. Имајќи во предвид дека постапките и процедурите за нивна имплементација се уште не се познати, бараме пред имплементацијата да се земат во предвид и нашите барања, бидејќи тие произлегуваат од реалните потреби на најпогодените сектори.Во наредните денови ќе дадеме простор надлежните органи и институции да постапат согласно нашите барања, а по Велигденските празници ќе излеземе со нов план за активностите, доколку нема никакви промени во ставовите.Туристички агенции подобрување на состојбата во која моментално се наоѓаат гледаат во обезбедување на неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана агенција, ваучерите кои ќе се доделуваат од мерката „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам и рокот на ваучерите кои се издадени од туристичките агенции според Одлуката на Влада за нереализираните патувања во 2020 година, да се продолжи до 31.12.2022 година. Од нивните три барања првата е делумно усвоена, при што сеуште не се познати условите и методологијата за распределба да се знае дали мерката ќе има било каков ефект.Угостителските објекти бараат еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не се создадат услови за работа. Една мерка е делумно усвоена под поинакви критериуми со процент од процент на приходите од 2019 и 2020 година, но без да се информира јавноста јасно за методологијата и кои се критериумите кои секое претпријатие ќе треба да го исполни за да аплицира, повторно е нејасно дали и какви ефекти ќе има за помош.Сметководителите испорачаа барање за директна финансиски помош, нов Закон за вршење сметководствени работи и системско пролонгирање на роковите за годишни сметки и даночни пријави. Во комуникација со институциите во деновите додека трае протестот е добиен позитивен одговор за барањето поврзано со Законот за вршење на сметководствени работи како и за системско одложување на роковите за годишни сметки и даночни пријави. Делумно е прифаќањето на барањата а за останатите се очекува одговор од институциите. Неповратна финансиска помош е потребна и за преживување на игротеките, туристичките водичи, танцовите и балетски студија.Поддршката што до сега доделена, не е доволна со оглед на рестрикциите во стопанството и принудните забрани за работа, затоа сред пандемија треба да се помогне на секој кому тоа му е тоа потребно. Поради неможноста за работа, нарушената ликвидност и доспеаните обврски, за многу претпријатија доведено е во прашање нивното опстојувањето, но и егзистенцијата на цели семејства кои работат во овие сектори. Остануваме отворени и достапни за надлежните институции за сите потребно консултации и во таа насока бараме средба со министрите во влада кои ги водат економските ресори, Фатмир Битиќи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, на која ќе разговараме околу доставените барања и имплементацијата за мерките од последниот пакет.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

w_56674000

Денеска починати 37 лица и нови 86 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во:Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија - по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.Регистрирани се 856 оздравени пациенти од:Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48г, 61г , 61, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), 5 лица од Охрид(55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по 4 лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и Кавадарци (71г, 73г, 76г и 78г), по 3 лица од Куманово (65г, 76г и 84г) и Тетово(73г, 76г и 80г), од Прилеп 2 лица (53г и 54г) и по едно починато лице од Велес (61г), Струмица (64г), Струга (60г), Делчево (69г), и Валандово(71г). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.Направени се 808 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 0, Судска медицина - 0, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември - 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ - 49, Жан Митрев (Филип Втори) - 124, Авицена -0, Биотек - 108, Систина - 163, лабораторија Лаор - 0, Синлаб - 0, Ремедика - 0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250.Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66635, активни 7267Куманово 8372, активни 1111Прилеп 8098, активни 807Тетово 7040, активни 591Битола 6034, активни 1060Велес 5338, активни 570Гостивар 5080, активни 389Кавадарци 5069, активни 403Штип 4855, активни 416Охрид 4848, активни 475Струмица 3940, активни 542Струга 2912, активни 150Кочани 2677, активни 264Кичево 2423, активни 283Гевгелија 2161, активни 277Неготино 2133, активни 198Свети Николе 1468, активни 122Крива Паланка 1199, активни 64Ресен 1198, активни 206Радовиш 1075, активни 119Берово 1000, активни 59Делчево 942, активни 93Дебар 927, активни 48Виница 784, активни 114Пробиштип 767, активни 31Валандово 653, активни 66Богданци 483, активни 63Крушево 470, активни 90Демир Капија 392, активни 30Демир Хисар 376, активни 60Кратово 352, активни 10Македонски Брод 352, активни 25Пехчево 259, активни 20Македонска Каменица 228, активни 13Дојран 132, активни 13фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mkd-227838

Ременски: Смешно е Радмила да бега од одговор на прашање, особено сега кога се ослободи од идни партиски очекувања и кога судскиот процес за случајот "Рекет" заврши

Можам да ја разберам Радмила дека е прилично незгодно пред амбасадорката на САД да одговори на многу логично прашање, "на која тема зборувала со Катица и со Боки 13", додека нејзиниот сопруг гледал утакмица на гости кај нејзиниот другар кој издржуваше мерка куќен притвор - Орце Камчев, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Таа во објавата додава:Прилично смешно е Радмила да бега од одговор на новинарско прашање, особено сега кога се ослободи од идни партиски очекувања, кога судскиот процес за случајот "Рекет" заврши и кога Орце Камчев е во притвор, нели ?Додека тогаш бегаше од истото прашање, најзгодно беше да се исполитизира Меѓународен сојуз, за да може сега да и' биде "смешно".Велат - "Кој последен се смее, најслатко се смее"извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

ojo

Отфрлена кривичната пријава за оддавање класифицирани информации​ што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе против Шекеринска

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна. Јавниот обвинител утврди дека делата опфатени со кривичната пријава поднесена на 11 февруари не се кривични дела кои се гонат по службена должност.Во пријавата се наведуваше дека првопријавената, како одговорно лице на институцијата не преземала мерки против второпријавениот, кој како службено лице кому му било доверено службено овластување да го менаџира безбедносниот мониторинг систем, со неизвршување на својата должност дозволил од тој систем да се изнесат и јавно да се објават класифицирани снимки, со што била нанесена сериозна штета на институцијата и на кандидат за пратеник на политичката партија – подносител. Според наводите во пријавата, четирите класифицирани снимки од безбедносните камери биле искористени за негативна медиумска кампања, а првопријавената имала обврска веднаш да побара тие да бидат повлечени и да покрене постапка за да се утврди кој е одговорен за нивната објава. Исто така, пријавената на својот Фејсбук профил објавила фотографија од класифицирана карта на АРМ, која претставува документ класифициран со степен ДОВЕРЛИВО. Второпријавениот, пак, на пресконференција објавил содржина на документ – сертификат класифициран со степен СТРОГО ДОВЕРЛИВО.По извршениот увид во кривичните пријави, а со цел правилно утврдување на фактичката состојба, надлежниот јавен обвинител изврши проверки и достави барања за достава на податоци до наведената институција, па заклучоците ги донесе врз основа на прибавениот извештај, материјалната документација и целокупниот доказен материјал прибран во предметот.Имено, беше утврдено дека записите од видеонадзорот во наведената институција се чуваат 30 дена по што автоматски се бришат, согласно Законот за заштита на личните податоци. Согласно наведеното, фактот дека предметните видео записи се направени на 02.12.2016 година укажува дека пропусти, како изнесување на тие записи и нивна објава можеле да се случат само во рок од 30 дена по снимањето т.е. во период кога овластување за ракување и менаџирање со безбедносниот систем имале други лица, а не пријавените. Дополнително, по инцидентот со објава на снимките во јули 2020 година, во институцијата била формирана комисија за да го утврди начинот на кој снимките излегле во јавност, но комисијата утврдила дека снимките веќе не се наоѓаат во системот за видео надзор, односно се избришани автоматски. Освен ова, со оглед на тоа што целиот систем за видео надзор не е класифициран согласно Законот за заштита на личните податоци, ниту снимките не можат да се сметаат за класифицирани.По повод информацијата објавена на Фејсбук профилот на првопријавената за ангажирањето на Армијата во справувањето со кризната состојба прогласена во општина Дебар, објавената карта не е обележана со соодветен степен на класификација и не може да се смета за класифициран документ со степен „ДОВЕРЛИВО“. Во исто време, посочената објава не претставува ниту воена тајна чие објавување би било санкционирано со член 349 став 4 од Кривичниот законик.Што се однесува до дадената изјава за медиумите од второпријавениот на 19 јануари, сите утврдени факти упатуваат дека во таа изјава не се содржани конкретни податоци кои посредно или директно посочуваат, опишуваат или даваат увид во содржина на документ кој би се сметал за класифицирана информација или воена тајна.Во конкретниот случај, од доказите во предметот произлезе дека во дејствијата на пријавените не се содржани елементите од битието на конкретните кривични дела, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-6

За Велигден и Бајрам се намалува полицискиот час, угостителите ги отвораат терасите

Комисијата за заразни болести денеска донесе нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека новите мерки се однесуваат на намалување на полицискиот час, односно забрана за движење од 21 до 05 часот, како и отворање на летните тераси на угостителските објекти.-Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на денешната прес-конференција.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

spasovski

Спасовски: Активно се постапува по 7 оперативни акции, во скоро сите сегменти е очигледно подобрувањето, за 9.5% е намален вкупен криминалитет

„Оваа интерпелација за мене претставува уште една можност со гордост да ги презентирам и конкретните резултатите од работењето на полицијата, каде во скоро сите сегменти е очигледно подобрувањето, а евидентно е и намалувањето на криминалитетот. За споредба, во периодот од 1 јануари 2021 до 15 април 2021 година регистрирани се 5.816 кривични дела и истите бележат тренд на намалување за 9,5% во споредба со истиот период минатата година. На пример, бројот на кражби е намален за 30 отсто, а бројот на тешки кражби за 22 отсто, одземањата на моторни возила за 28 отсто, а измамите за 37 отсто“, посочи министерот Спасовски што вели статистиката за сработеното досега.Тој објасни дека организациските единици во Бирото за јавна безбедност активно постапуваат по седум оперативни акции, кои даваат видливи резултатите, и издвои дел од нив: „Меѓу покрупните реализации би ја потенцирал кривичната пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, поради основано сомнение дека издавале возачки дозволи на лица без положен возачки испит, како и против 28 граѓани, поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела.Исто така, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, во соработка со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, сузбија криминална група, чии членови- вработени во Управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба, издавале македонски патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет. Пријавените овозможиле на вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден државјанин на Северна Македонија, да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver-spasovski-3

Спасовски: Оваа интерпелација, поднесена заради успех во една акција, претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците на седницата за негова интерпелација, која беше предложена од неколку пратеници од опозицијата, истакна:„Почитувани, сепак морам да констатирам дека денеска имаме една, благо кажано, чудна интерпелација? Зошто чудна, ќе се запрашате? Затоа штое поднесена заради успех во една акција, а не неуспех! Имено - Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија - идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна.Но, факт е дека ваквите случаи покажуваат одредени проблеми во функционирањето на системот. Длабоко вкоренети со години наназад. Тие се веќе детектирани и ќе се менуваат за да не ни се повторуваат во иднина. Се разбира, и Обвинителството си води постапка за да утврди било каква одговорност и по завршувањето на постапката, а секој кај кого ќе биде утврдена одговорност, ќе одговара!Но, она што е очигледно, што паѓа в очи веќе подолго време,е дека опозицијата има некој проблем со постапувањето на полицијата.Дали е проблем што полицијата апси нарко-дилери, разбојници, секаков вид на криминалци? Апсиме и припадници на полицијата, доколку се утврди дека некој го прекршил законот, како што тоа беше случај во неколкуте последни акции, кои беа изведени во соработка со пријателските служби. Покажавме дека нема пардон за никого и народот тоа го препознава“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

ВМРО-ДПМНЕ задоцниле со поднесување на листа на говорници за интерпелацијата на Спасовски, ја напушти седницата

ВМРО-ДПМНЕ задоцниле со поднесување на листа на говорници за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Наместо вчера во 11 часот, листата ја поднеле во 14 часот. Тоа за собранискиот претседател, Талат Џафери е спротивно на Деловникот кој предвидува листите да се поднесат 24 часа пред одржување на седницата, која денес почна во 11 часот. Поради тоа што списокот на говорници не им е прифатен, Никола Мицевски, кажа дека ова е со цел да се замолчи опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.„Пратеничката група нема да ви биде овде за да биде параван за вашето однесување. Колегите ќе ве одбранат Спасовски, ама немавте можност да чуете што мислат граѓаните“, рече Мицевски и ја напушти салата со останатите пратеници.На ова му реплицираше Џафери кој кажа дека самите се криви што не поднеле список на говорници во времето кое го предвидува Деловникот.„Основен кривец сте самите што не поднесовте список, според цитираниот член. Самите сте криви за двете интерпелации кои побаравте да се тргнат од дневен ред. Јас со задоволство ќе ја пречекам и дочекам вашата интерпелација за извршување на мојата функција, претседател на Собранието. Јас не работам по ќефот на политичките партии, туку спроведувам Деловник“, рече Џафери.Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е поднесена од пратениците од Алијансат на Албанците и Алтернатива. Како предлагачи се потпишани Зијадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими, Хусни Исмаили.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Од полноќ Еуросупер БС-95 со нова цена

Од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари на 67 денари за лита.Цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.Намалување има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) останува на 58 денари за литар.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce-sostanok

Состојбата во болниците се стабилизира, вели Филипче

Состојбата низ болниците се стабилизира, а бројот на хоспитализирани ковид-пациенти се намалува. Ова било утврдено на редовниот утрински состанок на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид – центрите.„Изминатиов викенд значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат“, вели Филипче.Тој апелира за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ангеловска-Бежоска: Денарот беше и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија

Обраќање на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, по повод 29 години од монетарното осамостојување Обраќањето ви го пренесуваме во целост:Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на суверенитетот на секоја држава. Денес, изминуваат точно 29 години од поставувањето на темелите на нашата монетарна самостојност – денот кога денарот го замени југословенскиот динар, а Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред бројните предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава.Навраќајќи се наназад кон минатото, слободно може да кажеме дека монетарното осамостојувањето се одвиваше во исклучително тежок период чијашто главна одлика беше високата макроекономска нестабилност. Честите девалвации на курсот, кога речиси немаше девизни резерви, заедно со структурните проблеми, ја распламтуваа инфлацијата којашто достигнуваше и четирицифрено ниво, а сето ова имаше силни ефекти врз економијата и животниот стандард на граѓаните. Економијата бележеше пад сѐ до 1996 година, кога за првпат по осамостојувањето беше остварен економски раст од 1,2%.Оттаму, несомнено, за воспоставување стабилен макроекономски амбиент биле неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка. Напорите на Народната банка, заедно со другите носители на политики и на академската заедница, одиграа клучна улога за прекинување на инфлациската спирала и стабилизирање на курсот на домашната валута. Во 1995 година беше официјализирана монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот – стратегија за којашто и тогаш и сега постои широк консензус дека преставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.Веќе 24 години се ползуваат благодатите на макроекономската стабилност. Нашата економија е мала, трговски и финансиски отворена и оттаму подложна на надворешни шокови. И покрај бројните надворешни, но и внатрешни шокови, Народната банка постојано успева да ја одржува инфлацијата на умерено ниво, слично на европското ниво. Ниската инфлација е од исклучително значење за заштитата на реалната куповна моќ на граѓаните, но и за одржувањето на конкурентноста на нашиот извоз без којшто малите економии како нашата не можат да остварат повисок и одржлив раст. Значаен придонес за одржувањето ниска и стабилна инфлација, како основна цел на централната банка, дава и стабилниот курс на домашната валута во однос на еврото. Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, доведоа до речиси непрекинат раст на девизните резерви, коишто денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс. Потврда за здравоста на политиките коишто ги спроведува Народната банка е историскиот исчекор со обезбедување пристап до девизна ликвидност од Европската централна банка.Клучот за досегашното успешно остварување на целите на Народната банка е токму нејзиниот силен институционален капацитет којшто се градел со години. Само високопрофесионална и независна институција може успешно да се справува со „тешките времиња“, коишто кај нас не ретко ги има. Последен пример за тоа е пандемијата на ковид-19, којашто иакo е битка за здравјето и животот на луѓето, за носителите на политиките е и битка за задржување на макроекономската стабилност и за намалување на ударот врз економијата.Оттаму, би сакала да изразам голема благодарност до сите сегашни и поранешни колеги и соработници, кои со својот влог дадоа и даваат придонес за она што сме денес – современа централна банка којашто работи согласно со најновите и највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики и се издвојува како позитивен пример во централнобанкарската заедница.Нека ни е честита 29-годишнината од монетарното осамостојување!фото: Народна Банка

Македонија | пред 5 години

protesti-5

МВР - Приведени две лица поради напад на полициски службеници на вчерашниот протест

На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон. Известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица, а по добиена судска наредба извршен е и претрес во дом на М.Л. и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Потсвеста е чудна работа, СДСМ призна дека за осудените за 27 април нема тероризам

СДСМ на вчерашната прес конференција како реакција на големиот народен протест истакна дека народот протестирал за одбрана на насилство квалификувајќи ги осудените за 27 април како насилници, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Го прашуваме СДСМ, ако е така, тогаш зошто лицата за 27 април не се судени за насилство кое е многу полесно кривично дело со пропишана казна во траење колку и досегашното четиригодишно лежење во затворските зандани.Паднаа маските. Потсвеста е чудна работа. СДСМ потсвесно призна дека лицата за 27 април се осудени за наменско кривично дело тероризам, бидејќи самите на пресот рекоа дека имало кривично дело насилство.Настрана фактот што лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен заштитен сведок по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.Правно гледано, во Република Македонија монтираните судски процеси со лажен заштитен сведок се забранети. Одговорност мора да има, и ќе има.Ја користиме приликата да упатиме благодарност до преку 20.000 кои дојдоа на собирот како и до сите кои даваат подршка на неправедно осудените за 27 април со што се враќа надежта за Македонија, таква каква што ја сакаме.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

talevski-1

Талевски за „Утрински брифинг“: Со протестот ВМРО-ДПМНЕ застана зад насилниците од 27 април, на страната на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ вчера директно и експлицитно покажа дека е на страната на насилниците и криминалците кои беа дојдени во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, дојдоа да вршат насилство врз легитимно избраните претставници на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талевски, за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат.Тој додаде дека единствена цел која што е од вчерашниот протест е нивната мака со притворањето на нивниот финансиер Јордан Камчев и осудителните пресуди за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.Како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа да протестираат ќе го погледнат во очи пратеникот Зијадин Села, кој на 27 април беше со најсериозни физички повреди, на работ на смртта, запраша Талевски.Тој нагласи дека тоталната безидејност и дезориентираност на ВМРО-ДПМНЕ ја покажува тоа што прават протест пред министерството за здравство и бараат оставка, а другиот ден протест на кој повеќето не носеа маски, прават кластер.ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да дојде на власт, а знаеме како владееше 12-13 години, да го хушкаат народот, да го раскараат по партиска, верска, секаква основа, за да се држи тензија во државата, а не да оди државата напред, рече Талевски.Тој истакна дека сега патот на државата е трасиран, со членството во НАТО ни се обезбедени границите, стабилноста, перспективата е интеграција во евро-атлантските структури, и на тој пат нема никоја да не застане, најмалку Христијан Мицкоски и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ.Во врска со најавената интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од Алијанса и Алтернатива и поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Талевски истакна дека таа е беспредметна, бидејќи работите наведени во неа се апсолвирани.Се доведуваме во ситуација наместо да разговараме за антикризни мерки во Собранието, да губиме време на интерпелација, нагласи Талевски.Пратеникот на СДСМ Миле Талевски ги повика пратениците од опозицијата, без кочење да се донесе шестиот пакет мерки, за да им се ублажи на граѓаните ударот од кризата, додавајќи дека досега се исплатени над милијарда евра помош во петте економски пакети.На граѓаните им е преку глава од игрите што ги прави опозицијата, нагласи пратеникот на СДСМ Миле Талевски, за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања