Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

javna-soba

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.Бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените и да ги прикриваат трагите за стореното дело, како и да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.На социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка. Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи на 27.01.2021 година се обрати до Меѓународниот сервис провајдер за услуги – Телеграм, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група.Од тие причини, Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош, па согласно позитивните домашни и меѓународни прописи, податоците ги побара од Обединетото Кралство. До овој момент не е пристигнат одговор на ова барање.Инаку, за утврдување кривична одговорност во групата „Јавна соба 2“, согласно својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата.Во Основното јавно обвинителство Велес во врска со „Јавна соба 2“ оформен е предмет и донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видео записи со детска порнографија.Во Основното јавно обвинителство Битола е оформен предмет во врска со „Јавна соба 2“. Обвинителството издаде наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази и утврдување на факти во предметот. По пристигнување на извештајот од извршеното вештачење ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.Се постапува и во Кавадарци, каде во тек е прибирање на материјали докази, за кои обвинителството во моментов не е во можност да сподели детали.Оформен предмет има и во Основното јавно обвинителство Прилеп, каде од пријавеното лице се одземени два мобилни телефона и издадена е наредба за нивно вештачење.Во зависност од обезбедените вербални и материјални докази во текот на претходната постапка овие предмети поврзани со групата „Јавна соба 2“, ќе биде одредена и правната квалификација која ќе произлезе за наведените кривично-правни настани.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Утре ќе се прска притив ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден (27.04.2021 година, вторник) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.Авионската дезинсекција (втора фаза) против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот.Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фото: Ахива

Скопје | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев: Знаете ли што е Заевизам? Тоа е унапредување корумпирани и морално расипани личности, а тие се плашат ако се спротиставам криминалите ќе им излезат

Што е, у суштина, ЗАЕВИЗАМ?Стручно, тоа е "унапредување корумпирани и морално расипани личности во сите сфери на општеството, кои потоа се чувствуваат благодарни и сервилни кон оној кој ги унапредил без основ, истовремено плашејќи се дека ако се спротивстават, нивните криминали кога-тогаш ќе излезат на виделина".У пракса, заевизмот делува вака: ја унапредуваш обвинителката која од Чифлиганец и од Камчев барала ќелепур деловен простор, за ќерка и да си отвори ординација, за она после доживотно да игра по нотите по кои и свириш, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.извор: ФБ Димитар Апасиев

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-6

Парични казни за непочитување на полицискиот час за седум лица во Скопје​

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози поради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници.Надлежните јавни обвинители предложија Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Скопје | пред 5 години

dimitrov-tovima1

Димитров за „То Вима“: Нашиот случај е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан

Нашиот случај претставува тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, вели заменик претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во разговор за грчкиот весник „То Вима“ и објаснува дека нашата земја статусот кандидат го доби во 2005 година, а пред 12 години го имавме првиот позитивен извештај за почеток на пристапни преговори, додека Хрватска стана членка, иако ние пред нив ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, јави дописничката на МИА од Атина.-Многумина ќе се запрашаат дали ЕУ е сериозна. Треба, на ова да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон пејпер за промена на границите и формирање поголеми држави, кога долгорочно имаме потреба од „европски Балкан“ во кој границите ќе имаат помало значење, вели Димитров.Вицепремиерот во интервјуто освен за европската перспектива на земјата, говори и за бугарската блокада, но и за билатералните односи со Грција.Изразува подготвеност Скопје да соработува со идната Влада во Софија, но истакнува дека „ќе биде главна стратешка грешка, ако не успееме да најдеме решение“.-Треба да ги земеме предвид европските принципи. Верувам дека е дел од добрососедските односи кога една европска земја прифаќа дека нејзиниот сосед има право на самоопределување. Не можеш да го оспориш македонскиот јазик на нашиот пат кон Европа, ако Европа претставува заедница на вредности и се гордее за јазичната различност. Постојат меѓународното и европското право кои ги водат меѓудржавните односи. Идентитетот и јазикот се прашања што се однесуваат на секоја земја посебно, објаснува Димитров и додава дека пристапниот процес се однесува на прашањата како што се владеењето на правото, борбата со корупција, „а не на прашања што не се поврзани со европското законодавство.Како што пишува „То вима“, Димитров вели дека постои „прозорец на можност“, до јули да се одреди датум за почеток на преговори со ЕУ.За односите со Грција, потпретседателот на Владата коментира дека се „многу отворени, па дури и срдечни и постои доверба“.-Договорот од Преспа, несомнено ја отклучи динамиката во односите, но поради пандемијата не успеавме целосно да ги ослободиме. Нашата соработка во енергетиката оди многу добро, коментира Димитров и потсетува дека неодамна беше потпишан Меморандумот за разбирање за учество на Северна Македонија во инвестицискиот проект за изградба на терминалот за течен природен гас во Александруполи, како и напредокот во однос на интерконкеторот за природен гас меѓу двете земји.Во однос на комисијата за учебниците што произлегува од Договорот од Преспа, вицепремиерот објаснува дека досега се одржани шест средби, четири со физичко присуство и две преку видеоконференција, а набргу се очекува и седмиот состанок.Коментира дека „знаеме дека Договорот од Преспа не е лесен компромис за ниедна од двете страни, но е долгорочно важен за да се отвори вратата за интеграција во ЕУ“.Како што објави МИА во средата, Димитров, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев кон средината на мај ќе учествуваат на шестиот Делфи економски форум во Атина.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

policija-1

210 сообраќајнипрекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, четири за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 19 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за возач почетник и шест санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

veligdenski-jajca

Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед .03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден. ​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dinevi-1536x864

Телма: Семејството на Емилија Динева, дарителка на органи е во тешка финансиска состојба

Се слушаме речиси секојдневно, наскоро го очекуваме Иван во посета кај нас. Вака ни раскажа 19 годишниот Влатко Динев, син на Емилија Динева, првата дарителка на срце во државата за нивната врска со семејството на Иван Огненовски, човекот кому му беше пресадено нејзиното срце. Изминатите единаесет месеци двете семејства се зближија. Големата загуба, а потоа неописливиот чин на хуманост и надеж, создадоа силна врска помеѓу двете семејства, објави Телма.Одлуката да се даруват органите на Емилија за Диневи била многу тешка, иако знаеле дека е правилна. Влатко вели дека надежта дел од неа да остане да живее била пресудна да се согласат.Влатко е се уште средношколец, но работи и во општината со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по несреќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа. Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од министерството за здравство.извор:Телма.

Македонија | пред 5 години

zaev-paunovski

Владата тврди: На Пауновски три пати му беше укажано за неговото непостапување

Од Владата попладнево објавија дека директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски месецов добил три укажувања за неговото непостапување во случајот со преземањето на рамковно вработените од Министерството за политички систем и за односи меѓу заедниците.На твитер-профилот на портпаролот на Владата се наведени датумите кога биле испратени дописите до ДПИ од две министерства.„Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици“, се наведува во објавата.https://twitter.com/portparolVRSM/status/1386343459397771266?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1386343460781838347%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2Fd0bdd0b0-d0bfd0b0d183d0bdd0bed0b2d181d0bad0b8-d182d180d0b8-d0bfd0b0d182d0b8-d0bcd183-d0b1d0b5d188d0b5-d183d0bad0b0d0b6d0b0d0bdd0be-d0b7%2F Ова соопштение од Владата следи по изјавата на Пауновски дека не добил никакво укажување од Владата во врска со неговата постапка.Премиерот Зоран Заев неделава кажа дека очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа.Ова дојде откако претходно Пауновски одби да вработи 35 рамковни административци, со образложение дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата.Освен вработените во Државниот пазарен инспекторат кои веќе кажаа дека застануваат зад директорот Пауновски, поддршка за него има и на социјалните мрежи каде многумина го критикуваа чекорот на Владата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Според измените во Кривичниот законик, напад врз новинар ќе се гони како напад на службено лице

Министерството за правда веќе ги направило измените во Кривичниот законик и тие се пратени на увид во Владата. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање. Портпаролот на Министерството за правда, Александар Видиновски, во интервју за емисијата „25 минути“ на ТВ24 најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот врз новинарите, конечно ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.„Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање“, рече Видиновски во емисијата „25 Минути“.Според портпаролот на Министерството за правда во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kafic

Кафеаните и кафичите во Македонија започнуваат со работа од среда?

Според извори на Алсат од Владата, кафеаните и другите угостителски објекти ќе почнат да работат во среда и тоа во бавчите и отворените тераси.Првично се планира угостителите да работат до 20 часот или до 21 во зависност од тоа кога ќе почнува полицискиот час.Во вторник овие мерки би биле изгласани во Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vardar

Тело пронајдено во Вардар во близина на Огњанци

Тело веројатно на машко лица било пронајдено вчера во водите на Вардар во близина на селото Огњанци информираат од Министерството за внатрешни работи.Телото било извадено од реката и е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Се работи на расчистување на случајот велат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Денеска починати 27 лица и нови 314 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје –143, Куманово – 30, Битола – 18, Велес – 16, Струмица – 15, Прилеп – 14, Штип и Охрид – по 9, Тетово и Ресен – по 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Кавадарци и Виница – по 5, Гостивар и Кичево – по 4, Свети Николе и Струга – по 3, Берово и Пробиштип - по 2, Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 1.Регистрирани се 557 оздравени пациенти од:Скопје – 275, Битола– 52, Куманово – 49, Велес – 28, Прилеп – 25, Тетово– 21, Гостивар и Кочани – по 19, Струмица – 13, Свети Николе – 12, Кичево – 8, Гевгелија и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Берово– 4, Богданци и Кратово – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар – по 1.Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). 26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.Направени се 2.362 тестови преку: ИЈЗ-395, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 1, Судска медицина - 1, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември - 9, Институт за микробиологија – 156, МАНУ - 74, Жан Митрев (Филип Втори) - 100, Авицена -183, Биотек - 481, Систина - 179, лабораторија Лаор - 275, Синлаб - 15, Ремедика - 39, Плодност – 58, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 283.Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 66578, активни 7597Куманово 8368, активни 1159Прилеп 8093, активни 861Тетово 7036, активни 609Битола 6035, активни 1144Велес 5338, активни 602Гостивар 5078, активни 403Кавадарци 5068, активни 407Штип 4852, активни 449Охрид 4845, активни 533Струмица 3939, активни 550Струга 2911, активни 170Кочани 2677, активни 271Кичево 2421, активни 290Гевгелија 2159, активни 294Неготино 2132, активни 198Свети Николе 1467, активни 135Крива Паланка 1199, активни 78Ресен 1199, активни 213Радовиш 1075, активни 133Берово 1000, активни 64Делчево 942, активни 95Дебар 927, активни 48Виница 784, активни 116Пробиштип 767, активни 32Валандово 653, активни 70Богданци 483, активни 67Крушево 469, активни 91Демир Капија 392, активни 30Демир Хисар 376, активни 61Кратово 354, активни 14Македонски Брод 352, активни 26Пехчево 259, активни 21Македонска Каменица 228, активни 14Дојран 132, активни 13фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tato

(ФОТО)Протести во Скопје - Безусловно ослободување на осудените за насилствата од 27 април 2017 година, транспарент и со „Слобода за тато“

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Скопје со барање за ослободување на затворените за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. Протестот под мотото „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“ почна пред владата, а заврши пред Собранието. Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“. Тие побараа безусловно ослободување на осудените за насилствата од 27 април 2017 година.„Бараме Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите за настаните од Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите“, побара оперскиот пејач Игор Дурловски во името на организаторите.На протестите присуствиваа и семејствата на осудените.„Слобода за тато“, пишуваше на транспарентот кој во рацете го носеше ќерката на Оливер Поповски осуден на 13 години затвор.Од говодница пред Собранието актерката Арна Шијак побара слобода за осудените за 27 април. Шијак во името на демонстрантите и организаторите на протестот под мотото „Слобода за уставобранителите“ побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври годинава.„Бараме слобода за Јане Ченто осуден на 15 години затвор, Горанче Ангеловски осуден на 12 години затвор. Игор Југ, осуден на 12 години затвор. Вилијам Михајловски осуден на 14 години затвор. Младен Додевски осуден на 12 години затвор. Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор. Оливер Поповски осуден на 13 години затвор. Оливер Радулов осуден на 10 години затвор. Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор. Митко Пешов осуден на 15 години затвор. Митко Чавков осуден на 18 години затвор. Никола Митревски осуден на 15 години затвор. Абдуљфета Алими осуден на 7 години затвор. Николчо Димитриевски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Коста Делов осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор.. Оливер Ошаковски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Александар Јаневски-Тошта, Кире Ѓоргиевски осуден на 13 години затвор. И Горан Ѓошевски осуден на 15 години затвор. Вкупно 268 години и шест месеци“, додаде Шијак.Протестот беше во организација на неколку патриотски здруженија.фото: ФБ Робер Милески

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Приведени Косовски државјани, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти

Велешката полиција ги привела Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.На 24 овој месец на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучка „Штипска петља”, од патничко возило „мерцедес”, со косовски национални ознаки излегле лица – мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „бмв х5″, со косовски национални ознаки.По преземени мерки кај крстосницата „Башино село”, полициски службеници го сопреле возилото „бмв х5″, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „мерцедес”, кое било управувано од E.Б. од Косово.За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци.Денеска, по брза постапка, косовските државјани ќе бидат спроведени до ОЈО ГОКК и Основен суд Скопје-1 во Скопје и ќе им бидат поднесени соодветни пријави, велат надлежните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pavle

„Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа“, пишува Богоевски

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедностаЧлен 313 КЗ на РСМТој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа, напиша на својот ФБ профил Павле Богоески.извор: Павле Богоевски

Македонија | пред 5 години

Protesten-mars-6

ВМРО ДПМНЕ: Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев, кога тој добива народот губи

Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев. Заев кога добива секогаш народот губи. Богданка Кузеска нека излезе од ѕидините на Бихаќа и нека види народ по улиците. Тој народ е таму за Уставобранителите, но и поради сите неправди и хаосот донесен од Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.Во продолжение на соопштението од ВМРО ДПМНЕ додаваат:27 април и пресудите потоа се најголемиот срам за Заев, СДСМ и Кацарска судството. Народот си доаѓа по своето, а крајот на мафијата и одговорност потоа ќе дојде многу брзо.ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде со народот и оваа неправда која ја нанесоа Заев и СДСМ нема да ја премолчи.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-5

Филипче: Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, следниве денови да прославуваме одговорно

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусотнапиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Филипче во објавата додава:Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците.извор: ФБ Венко Филипче 

Македонија | пред 5 години

menkinoski

(ВИДЕО) Менкиновски: Судот не го дава доказот со кој Камчев е противзаконски приведен, бараме меѓународен мониторинг

Со отворено писмо до 47-те министри за надворешни работи на Советот на Европа одбраната на Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг за случајот.Тргнувајќи од фактот дека Македонија е под мониторинг на Комитетот на Министри при Советот на Европа во делот кој се однесува на примената на мерката притвор и треба да постапува согласно со Акцискиот план Владата на Македонија за извршување на оваа обврска и имајќи го во предвид незаконитото лишување од слобода, тортурата која беше потврдена и против правната и незаконита употреба на „сомнителни докази“, надвор од сите процедури и стандарди на дејствување од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и јавниот напад на одбраната во случајот на Јордан Камчев, одбраната се обрати со отворено писмо до 47те министри за надворешни работи на Совет на Европа, вели адвокатот Тони Менкиноски.Круцијалниот доказ со кој Судот располага и врз основ на кој Јордан Камчев е против законски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка. Дополнително и покрај сите инсистирања од страна на одбраната Судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната. Имено, Информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14 ти Март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на Судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и Судот одбива да го стори тоа, Информацијата на АНБ е спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка, вели Менкиноски.Тој потенцира дека е недозволливо е вршење на јавни напади и притисоци врз одбраната на Јордан Камчев, преку соопштенија и изјави што претставува директно мешање и дискредитација како на целокупниот предмет, така и директно на Јордан Камчев и на неговата одбрана.„Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на г-дин Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно, овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа. Меѓународен мониторинг се бара и поради директно кршење на Уставно загарантираните права и гаранции на Јордан Камчев на „слобода и безбедност”,„правото на ефикасна и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”, како и дека бил субјект на нечовечко и понижувачко дејствување од страна на институциите на Македонскиот систем кои му ја имаат ограничено неговата слобода, вели адвокатот Менкиноски.извор: МАКФАКС

Македонија | пред 5 години

09-02-2021-Kuzeska

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска го слават насилството и режимот, бранат насилници од 27 април

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството. Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот.На 27 април 2017 на крвавиот четврток, вооружени насилници упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност.Крвави глави, тепани пратениците, под закана новинари, претепани пратеници кои завршија во кома, тоа се нечовечки дела на насилници. Насилници не се уставобранители и никогаш нема да бидат.Денеска, Мицкоски кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството.Поддржан од неговите соработници и извршители, Апасив и Бачев, Мицкоски ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски.Единствена цел на Мицкоски е да ги одбрани криминалите во редовите на неговата партија и неговиот шеф Груевски.Мицкоски е остаток од режимското минато, потрчко на Груевски и Мијалков кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот нема да го одбрани. Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

protest

Предвремени избори во октоври и слобода на осудените за „27 април“, терористите од 2001 се во власта, порача Шијак на протестите

Актерката Арна Шијак побара слобода за осудените за крвавите инциденти и упадот во Собранието на 27 април пред четири години. Таа кажа дека за неа е неприфатливо осудените да бидат во затвор, додека, како што потенцираше, терористите од 2001 година да бидат во законодавната, извршната и судската власт. Шијак во името на демонстрантите и организаторите побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври годинава.„Поради велепредавството на името на државата, Македонија, и идентитетот на македонскиот народ со договорот Заев-Борисов од први август 2017 година и спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2017 година, поради суспензијата на референдумот од 1991 година, и референдумот од 2018 година, поради криминалот и корупцијата, поради политичката, здравствената и економската криза, поради сиромаштијата, мафијата, емиграцијата, поради непријателската трансформација на една суверена држава во криминална територија, бараме распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори оваа година“, рече Шијак.Таа кажа дека Македонците од светот и во земјава се обединети на протестот. Шијак на протестот додаде: „Господ е со нас“.„Неприфатливо е водачите на ‘За заедничка Македонија’ да бидат осудени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт. Патриотите не се терористи. Тие се родољуби, има разлика. По повод годишнината во Собранието на 27 април 2017 година, Македонците по род и државјанството во татковината и светот, се единствени и обединети во организацијата на овој семакедонски народен протест и слобода на уставобранителите. Ова е борба за правда и слобода на татковината. Ова е борба за слобода и победа за Македонците и Македонија“, додаде Шијак.Таа побара слобода за сите осудени лица за настаните од „крвавиот четврток“, заедно со присутните, читајќи ги првостепените казни на осудените, кои потоа беа намалени од Апелациониот суд.„Бараме слобода за Јане Ченто осуден на 15 години затвор, Горанче Ангеловски осуден на 12 години затвор. Игор Југ, осуден на 12 години затвор. Вилијам Михајловски осуден на 14 години затвор. Младен Додевски осуден на 12 години затвор. Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор. Оливер Поповски осуден на 13 години затвор. Оливер Радулов осуден на 10 години затвор. Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор. Митко Пешов осуден на 15 години затвор. Митко Чавков осуден на 18 години затвор. Никола Митревски осуден на 15 години затвор. Абдуљфета Алими осуден на 7 години затвор. Николчо Димитриевски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Коста Делов осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор.. Оливер Ошаковски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Александар Јаневски-Тошта, Кире Ѓоргиевски осуден на 13 години затвор. И Горан Ѓошевски осуден на 15 години затвор. Вкупно 268 години и шест месеци“, додаде Шијак. 

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Уставобранителите се чесни граѓани на оваа земја!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски, пратениците Ане Лашкоска, Владо Мисајловски, Бојан Стојаноски, дојде на протестите на кои се бара слобода за осудените лица за 27 април. Него го придружуваше и пратеничката Жаклина Пешевска која беше осомничена за упадот во Собрание, а потоа ослободена.„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.Протестот од пред Влада продолжува пред Собранието, каде се упатуваат демонстрантите.На протесто се извикува  „Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата со извикување „Оставка, оставка“.„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестот. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието.

Македонија | пред 5 години

naumovska

(Видео) Наумовска: Со новата концепција за основно образование ученикот сега e во прв план

Многу од досегашните образовни реформи придонесоа учениците да не бидат во центарот на образованието. Поважни беа електронските обврски на наставниците, кадровските решенија, „штанцањето“ на учебници низ чии содржини провејуваат многу грешки, застареност на содржините, несоодветност на јазикот и стереотипи кои мораше да ги надминуваме, истакна на денешната прес конференција Елизабета Наумовска, претседател на комисијата за образование на СДСМ.„Во сите изминати реформи во образованието учениците беа ставани во втор план.Ветивме и веќе развиваме наш автентичен модел на квалитетно образование достапно на сите. Донесена e новата Концепција за основно образование, а интензивно се работи на реформи и во средното образование, особено акцент се става на средно стручно образование насочено во функција на потребите на пазарот на трудот“, нагласи Наумовска.Според неа клучот на успехот е наставникот, а без професионални и мотивирани наставници нема квалитетно образование, смета Наумовска.„Затоа во Концептот на основно образование осебно место има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови. Наставниците кои континуирано ќе учат и ќе се надградуваат ќе добиваат и повисоки надоместоци, ќе напредуваат во повисоки звања“, потенцира таа.Истовремено нагласи дека македонскиот модел на примена на материјали за учење е комбиниран. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, имајќи предвид дека тоа е период во кој се стекнува однос кон книгата, додека за учениците од четврто и и сукцесицно во погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, но доколку некој има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава ќе ги обезбеди, а учениците ќе ја имаат можноста и самостојно да печатат дел или цел учебник.„Важно е дека материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик. Секој учебник ќе биде достапен во аудио формат на сите наставни јазици достапни за секој ученик, а за учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници со Брајово писмо. Лектирите пак, ќе бидат достапни и понатаму само во печатена форма“, рече Наумовска.Новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користата за пребарување, истражување и учење е всушност многу голема придобивка и градење на добар однос со технологогјата и интернетот.

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Грција ја продолжи до 3 мај одлуката за копнените граници и забраната за влез на државјани на трети земји

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи за уште една седмица, односно до 3 мај 2021 година, а новата одлука, што претставува продолжување на претходната од минатиот понеделник, веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила утре во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.Промена има во последниот член на одлуката, каде што е додаден нов став што се однесува на задолжителниот ПЦР тест што патниците треба да го покажат при влезот во земјата и наведено е дека важи и за деца кои наполниле пет години, нешто што не беше споменато во претходните одлуки.Од задолжителниот карантин и забраната за влез, исклучок се државјаните на членките на ЕУ и на уште 11 други трети земји, кои задолжително треба да имаат или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.Со воведените промени од минатата седмица, што се продолжени и сега за влез преку Бугарија, освен Промахонас (Кулата), отворен е и преминот Нимфеас (Маказа), преку кој посетителите, за кои е дозволен влез, можат да пристигнат во Грција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Screenshot_5

(ВО ЖИВО) Се случи народ пред Собрание: Се пејат патритоски песни и се бара слобода за осудените за упадот во Собранието

Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата со извикување „Оставка, оставка“.„Борба те чека, борба за слобода. Нека разберат клетите душмани, македонско име, нема да загине“, се пее на протестот. На протестот се присутни водачи на политички партии, меѓу кои Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, партиски функционери.„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања