Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

Анкета ИПИС: 46.1% анкетирани граѓани сметаат дека Македонија со ковид кризата се справува полошо од соседните земји!

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе телефонско истражување во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за прашања поврзани со пандемијата на КОВИД 19.Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина зарадисвоите посебности.Анкетата е спроведена за потребите на ИПИС и е финансирана од сопствени средства на ИПИС.Резултатите ќе бидат објавени во два дела на 17ти и 18ти април 2021. Во прилог се резултатите од првиот дел.

Македонија | пред 5 години

izvod

Петрушевски: Седат Пекер алијас Џеладин Ахмедовски имал двоен матичен број, тој бил во зградата на влада, Заев да каже со кого се среќавал и за кои бизниси се разговарало?

Според нашите информации постојат личности во Македонија со двојни матични броеви, од кои што поголемиот број се фиктивни. Се сомневаме дека околу 20.000 граѓани имаат фиктивни или двојни матични броеви.Ова значи дека едно исто лице има два идентитети, со што има и двојни документи, кои се легални, затоа што се издадени од официјална државна институција, едниот идентитет е реален, а другиот идентитет е фиктивен измислен, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.Петрушевски додаде:Тие 20.000 граѓани може да учествуваа на избори и да гласаат два пати. Тие 20.000 граѓани можат да значат сериозна изборна манипулација, кои можат да ги манипулираат било кои избори.Со постоењето на 20.000 фиктивни матични броеви, сериозно се разнишува довербата на изборниот процес, но и легитимноста на последните неколку изборни циклуси.Доколку се земе како точна и веродостојна изјавата на Заев од 2016 година, дека изборниот список е прочистен и нема фантоми, тогаш тоа значи дека овие 20.000 фиктивни матични броеви се создадени отпосле.Се поставува прашањето дали и колку од овие 20.000 лица гласале. Доколку сите гласале, тоа е изборна манипулација, која е оркестрирана лично од власта.Лице кое ги обединува аферите Мафија 1 и 2 е Седат Пекер, тој имал лична карта со украден идентитет - Џедан Ахмедовски, а тој Џедан Ахмедовски имал и втор матичен број на име на Џеладин Ахмедовски.Зоран Заев мора да одговори што барало ова лице на средби со негови коалициони партнери? Но, и дали Седат Пекер имал средби во владата и доколку да, со кого?Дали на такви средби е разговарано за некакви бизниси и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар.Повикуваме ЈО веднаш да утврди и да изврши увид во целокупниот изборен материјал во ДИК и да се утврди колку од овие лица го оствариле два пати своето право на глас, и како со тоа е влијаено на изборниот резултат.Се отвора сериозен сомнеж дека на власт имаме коалиција која ги украла изборите, а со самото тоа таа е нелегитимна, а последиците од истата неважечки.Овој скандал не смее да остане забошотен. Потребна е одговорност веднаш.

Македонија | пред 5 години

srce

27-годишно момче доби нов живот, благодарение на една хумана девојка која прерано замина

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.Горд сум на моите колеги, напиша на својот ФБ профил, министерот за здравство Венко Филипче.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

skopje

30 лица не го почитувале полицискиот час, а 494 лица добија казна за неносење маска

Од 20.00 часот (16.04.2021) до 05.00 часот (17.04.2021) констатирано е дека 30 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (16/17.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 494 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

w_56089446

АСМЛ: Ние ќе дежураме без пари или без здравствено осигурување ќе работиме во Ковид центри, а пратениците ...

А ние ќе дежураме без пари или без здравствено осигурување ќе работиме во Ковид центри, стои во објавата на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ каде имаат споделено фотографија од објава со наслов:„За осум месеци, пратениците завршија само 8 седници на кои се гласаа закони, а земаа над милион евра за плати и патни трошоци. 

Македонија | пред 5 години

sobranie-3

За 8 месеци во парламентот 20 недовршени седници

Од август минатата година, кога беше формирано Собранието по парламентарните избори на 15 јули, пратениците започнаа со 39 седници, но само 19 од нив завршија, И од завршените 19 седници, само 8 се со предложените закони на дневен ред. 20 остануваат недовршени, вклучително и 36-тата седница на која на дневен ред се три нацрт-закони од петтиот пакет економски мерки предвидени за ублажување на последиците од пандемијата Ковид-19, објави Фактор. Без оглед на тоа дали тие работеле или не, пратениците добиваат во просек по 1.100 евра секој месец, или вкупно еден милион евра за 8 месеци за плати на Собранието. Од јануари досега се потрошени вкупно 122 илјади евра за трошоци на 75 од вкупно 120 пратеници.Пратениците последен пат се состанаа завчера, кога не успеаја да ја завршат 32-та седница, која започна пред три месеци, додека не успеаја да ја заклучат заради недостиг на кворум. Сè уште не е закажана 36-та седница за петтиот пакет економски мерки. Во моментов е закажана само 39-та сесија, која се очекува да се одржи во среда.извор:Фактор. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет,а попладне на места ќе бидат пообилни, информира УХМР.На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

E56FF033-64BE-4B59-A912-597E03006EB0

Пресадено второто срце: Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов

Успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, која започна ноќва на полноќ. Младо момче го доби срцето на прерано загината девојка, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден сè ќе се заврши, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче.Еден од докторите кој беше вклучен во трансплантацијата која заврши во 4 часот утринаца за „А1он“ раскажува:Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов и подобар живот. Ноќеска едно семејство го изгуби најмилото и во исто време го даде најскапоценото. Ноќеска еден голем тим на лекари покрај грижата за ковид центрите направија трансплантација на неколку ограни и покажаа дека надеж постои и хуманост во сите нас.

Скопје | пред 5 години

kozjak

Езерото Козјак е еднакво на еколошка катастрофа

Најмладото и најголемо вештачко езеро во земјава Козјак, ни оддалеку не е онаа акумулација што ја паметиме од пред 17 години, кога се создаде во регионот на Порече. Има драстично намалување на водата и денес на сѐ пониското езерско ниво се гледаат огромните количества ѓубре, а видливо е како притоките сѐ повеќе и повеќе носат мил измешан со кал и песок, кој се таложи на езерското дно, објави Нова Македонија. Жителите од блиското опкружување и од целото Порече се крајно разочарани од состојбата во која се наоѓа оваа акумулација.– За жал, езерото Козјак денес ни малку не личи на акумулацијата што беше создадена во Порече во 2004 година, кога имавме бисерно езеро со чиста и проѕирна вода, за денес од него да остане само еден дел, бидејќи дотекот на вода е недоволен да го врати во претходната состојба, а поради испуштањето, неговото ниво од месец на месец е сѐ пониско. Во голем дел наместо езеро го гледаме единствено коритото на реката Треска, најголемата притока на Козјак – вели Драган Гечески, кој е разочаран од односот на риболовците и инертноста на локалната самоуправа на Македонски Брод, која никако да се охрабри да подаде рака за да помогне во неговата нормализација.Тој додава дека не е само проблемот со недостиг од вода во езерото туку има и други проблеми создадени од неодговорните риболовци.Младиот Далибор Мисајлески е жител на Брод, кој е исто така разочаран од состојбата на езерото и вели дека нивото на езерото Козјак е спуштено за една третина од максималната кота, а најголемото празнење се врши со испуштањето на водата за производство на електрична енергија.Текстот во целост на: Нова Македонија. 

Македонија | пред 5 години

dupka-skopje-2

Мицкоски: Шилегов не може да се запамети по никаков проект, освен по онаа дупката на плоштад

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само Интервју“ на Канал 5 говорејќи за локалните избори кои претстојат истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде голема, затоа што СДСМ во 4 години само ги уназади општините. Тој посочи дека во Град Скопје, Шилегов нема по што да биде запаметен освен по дупката на плоштад која не може да ја санира три недели.- Ги видовме СДСМ, во овие 4-5 години не понудија ништо ново, напротив уназадија многу процеси, нивниот начин на понуда на изборите е само поткуп, уцени и закани и ништо друго. Што друго ќе кажат? По што ќе го запаметите Шилегов? Само по дупката која стои три недели несанирана на плоштад. На пример требаше да има зиплајн, ама не го гледаме, иако го ветуваа, потенцираше Мицкоски.Во однос на понудата на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека има повеќе десетици имиања коишто ги анкетираме, јавноста ќе биде изненадена од имиња кои се сериозни професионалци и кои ќе покажат нов вид на пристап во развојот на општините.- Убеден сум во победа на локалните избори, кои се надевам дека ќе бидат заедно со предвремени парламентарни избори, не сме се откажале од ново парламентарно мнозинство,. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде голема во однос на СДСМ, нагласи Мицкоскифото: Архива

Скопје | пред 5 години

Screenshot_2-1

Запленет телефонот од Рашковски, но апаратот е стар само два дена, а стариот го нема

Куќен притвор за Драги Рашковски, екс генералниот секретар на Владата. Извори од истрагата за NEWS 1 откриваат дека запленет е телефонот на Рашковски, но станува збор за нов апарат кој екс генералниот секретар на Владата го користел само два дена. Стариот апарат – телефон го нема. Исто така по претресите во повеќе институции и фирми поврзани со овој предмет недостасуваат многу документи, но и компјутери.Инаку иако обвинителството за организиран криминал и корупција побара поранешниот генерален на Владата да оди зад решетки, Кривичниот суд не донесе таква одлука.Куќен притвор доби и сопственикот на фирмата „Инвока“, компанија од која Владата го купи софтверот за безбедност во сообраќајот. Судот смета дека обвинителството не докажало дека Рашковски ќе влијае на сведоците, но и немало докази дека е имотен.Обвинителството на ова најави жалба.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

parking-holidej-in-2

Доколку се гради огромен станбен комплекс кај „Холидеј ин“, комшиите најавија тужат во Стразбур

Група граѓани, жители на зградите од Градски ѕид во близина на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ испратија писмо до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, градоначалниците на Скопје и Центар и до други институции и функционери, во кое изразуваат разочарување од најавите за изградба на огромен станбен комплекс на местото на паркингот. Тие најавуваат дека ќе тужат во Стразбур доколку се реализира проектот, околу кој се подигна многу прашина во јавноста.Еве го во целост нивното писмо до институициите:„Ние, граѓаните сопственици на станови, деловен простор и подземни гаражи и жители на адреса бул. „Кочо Рацин“ бр. 14 (Градски ѕид блок 9) и кулите на адреса бул. „Кочо Рацин“ со неверување и разочараност ги следиме објавите во медиумите за статусот на парцелата меѓу хотелот „Холидеј Ин“ и булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на градот, Ново маало според ДУП-от „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ и најавите за напреднати административни процедури за градба на локацијата.Претставувајќи група на граѓани од околу 320 станбени единици, преку 20-ина деловни субјекти, 160 подземни гаражи и споделувајќи надземен партерен простор и паркинг со договор со Општина Центар во микролокација во самиот центар на градот Скопје на простор кој урбанизирано постои 45 години (од 1976) ја изразуваме нашата крајна разочараност во содржината на најавените планови за изградба на споменатата локација, и ги повикуваме надлежните институции да спречат тешко дело против градот Скопје и условите за живеење во центарот на градот.Поаѓајќи од премисата дека не смее да постои законска регулатива и процедури кои до толкава мерка се спротивни на очигледниот јавен интерес во центарот на главниот град, стандардите на живеење и функционирањето на урбана средина во современи услови ги повикуваме надлежните институции, но и прогресивните граѓани на околните локации и пошироко да спречат тешка форма на уништување на градот и неговото функционирање. За последиците од непреземање на соодветни мерки од страна на државата за спречување на споменатиот катастрофален план најавуваме и тужба во Меѓународниот суд за човекови права.Локацијата на која живееме и поседуваме имот функционира 45 години како современ урбан микропростор со соодветни инфраструктурни и урбани содржини и секојдневно функционира како простор за домување и деловен простор во самиот центар на град Скопје. Оттука, секојдневно сведочиме за бројните карактеристики на микропросторот во рамки на функционирање на општината, градот и севкупниот живот во центарот на градот.Нашето секојдневие сведочи за бројни аргументи кои се во целосна спротивност со издржливоста на најавените планови за локацијата „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ и со целосна сигурност предвидува тешки и непоправливи последици по овој дел од центарот на главниот град. Следните секојдневни проблеми постојат со години, со текот на времето се влошуваат, а изостанува било каква активност за нивно надминување од истите инстанци кои ги процесираат најавените спорни планови за градба, би набројале само некои:Секојдневно сведочиме дека пристапните сообраќајници се едвај доволни за сервисирање на постојната населеност во овој дел на градот. Булеварите „Кочо Рацин“ и „Филип II Македонски“ се преоптоварени во голем дел од фреквентните часови, а се единствени сообраќајници за сервисирање и на спорните градби.Крстосниците кај Народна банка, Народна и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“, „Црвен крст“ и ЈЗУ градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“ претставуваат црни точки во сообраќајот на градот, а се главните крстосници кои гравитираат на спомнатата локација.Погоре споменатите сообраќајници на само неколку стотици метра од спорната локација водат до Собранието, единствената хируршка болница во центарот на градот како и до повеќе значајни државни институции со постојани потреби за непречен транспорт, Истото се однесува и на бројните деловни субјекти посебно во Градскиот трговски центар.Нашето секојдневно искуство говори дека на овие сообраќајници и крстосници ниту се изведени ниту предвидени долгорочни решенија за подобрување на протокот, функционалноста и безбедноста на граѓаните освен минорни промени во позитивна насока на подобрување на велосипедска инфраструктура и поместување на пешачки премин.Движењето на пешаците не е подобрено со години, а со постојната инфраструктура незамисливо е да се добие проток на пешаци соодветен на центар на современа урбана средина. Како долгогодишни корисници на градската елементарна комунална инфраструктура сведочиме дека постојните главни инфраструктурни доводи на вода и канализација не се одржуваат редовно и не се подобруваат соодветно на светки искуства и стандарди со цел да одговорат и на постојните потреби со што често пати доаѓа до комунални проблеми кои директно го засегаат квалитетот на живеењето и се на товар исклучиво на нас како крајни корисници, сведоци сме дека одредени проблеми од јавното осветлување на овој простор не се решаваат на соодветен начин преку 30 години и истата останува непоправливо осветлена под стандардите на урбаното живеење. Одржувањето на околните инсталации за јавно осветление е под современите минимални стандарди.Поради дотраеност и несоодветна институционална покриеност дел од подземната инфраструктура за топлинска енергија е вон функција, доводот на парно греење е во прекин на дел од нашата локација цела сезона со можност за решавање само со приватна иницијатива и инвестиција повторно само на крајните корисници без никакво споделување или поддршка од институциите.Дури и постојните подземни гаражи поради дотраеност на хидро изолација тешко се одржуваат со континуирани штети и без можност за институционална поддршка во нивно решавање, а слично важи и за проблемите со функционирање на паркинг просторот кој го стопанисува општина Центар на нашата адреса.Одржувањето на градското зеленило, ако се изземе косењето на тревата, е непостоечко, а се работи за зеленило кое е засадено пред 40-ина години. За пософистицирано одржување на зеленилото дури не можеме ни да се надеваме, а се работи за дрва со веќе напредната старост како и за зеленило на кое не ми се овозможува ни елементарно полевање.Сведоци сме на начинот на кој се одржува елементарната хигиена во актуелната населеност на просторот. Просторот е нечист и не се одржува во согласност со санитарни стандарди.Секојдневно сведочиме за исклучителната важност на локацијата на најавените градби во однос на нејзината поставеност поред реката Вардар, делумно и на самиот кеј. Оваа важност се темели не само на естетски и функционален план туку претставува и клучен фактор во синџирот на параметри што директно влијаат на загаденоста на воздухот во главниот град, и соодветно на квалитетот на климата во градот и микроклиматските карактеристики на локацијата.Локацијата на нашето живеење наметнува и директно секојдневно сведочење на лошите и штетни решенија од голем дел на објектите од т.н. проект Скопје 2014, што дополнително ни дава за право аргументирано да ги анализираме и последиците од реализацијата на најавените градби на предметната локација и да бидеме сигурни во нивната штетност и неодржливост.За непочитувањето на стандардите на урбано живеење од аспект на пристапност на локациите за итните служби и одговарањето во ситуации на катастрофа и во постојната состојба сведочиме за проблеми кои не се решаваат, а не е тешко да се предвиди до какви последици би дошло кога најавените планови за нови градби би се реализирале.Според погоре изнесеното сметаме дека најавените градежни активности на споменатата локација означена со „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“:Се во целосна спротивност со елементарните параметри на урбано живеење во современ град од актуелните димензии на нашиот главен град,најавите за минорни јавни простори на истиот се замајување на јавноста и обид за извртување на основната сопственичка бизнис логика,претставуваат евидентна опасност за безбедноста во центарот на градот на сите граѓани и корисници вклучувајќи ја и нашата микро-локација на сопственици на простор за домување и деловни активности, ги нарушуваат во тежок степен комуникациските и функционални артерии на градот до степен на нефункционалност, претставуваат естетско злодело со трајни последици, ја нарушуваат последната пристапна точка до кејот на реката Вардар, претставуваат тежок удар на микроклимата во овој дел на градот и на сите современи параметри за борба против загадениот воздух во градот во целина, се крајно несоодветни за постојната основна градска комунална инфраструктура, претставуваат тежок удар врз напорите за зголемување на зеленилото во градот, оневозможуваат формирање на јавен простор од интерес на граѓаните. Жителите во непосредната и посредна околина и сите посетители на градот не само на долги, туку и на дефинитивни рокови не се во согласност ниту во било каков сооднос со постојните изградени урбани содржини во непосредната околина и пошироко, се во целосна спротивност на препораките од плановите за развој на град Скопје и експертските ставови за апсолутна забрана за градење покрај реката Вардар поради сеизмичките карактеристики на тлото, се еклатантен пример за наметнување на правата од приватната сопственост врз јавниот интерес и простор од клучно значење за главниот град на државата што е во целосна спротивност со елементарните современи параметри за управување со урбани средини, се целосно несоодветни на најскорешните тешки искуства со последната санитарна криза предизвикана со пандемијата од Ковид-19 и начинот на кој светот се бори против неа.Тие не содржат ниеден аргументиран елемент карактеристичен за прогресивни, одржливи и решенија во согласност со апсолутно приоритетните трендови за развој во согласност со природата, т.н. зелени политики и параметрите на хумано живеење, напротив се еклатантно во директна спротивност со иститесе сосема несоодветни во однос на развојните препораки во насока на урбано живеење на деца, ранливи категории и лица со посебни потреби,директно тешко го нарушуваат квалитетот на живеењето на постојната локација на Бул. „Кочо Рацин“ бр. 14 и кулите на Бул. Кочо Рацин.Од овие причини, ние граѓаните сопственици на станови, деловен простор и подземни гаражи и жители на адреса Бул. Кочо Рацин бр. 14 (Градски ѕид блок 9) и кулите на адреса Бул. Кочо Рацин ги повикуваме највисоките инстанци на демократските институции во државата да се повикаат на предимството на елементарниот јавен интерес над секојдневната процедурална и законска регулатива и да го спречат уништувањето на центарот на главниот град и условите на живеење во него. Ги подржуваме сите досегашни јавни иницијативи, почнувајќи од Мораториумот инициран од Советот на општина Центар, бројните граѓански здруженија кои со право повикуваат на разумност и професионалност, платформата Здравје пред профит, мислењата на архитекти експерти, здруженијата на архитекти и слично. Ги поддржуваме актуелните петиции на социјалните мрежи во оваа насока. Го осудуваме неделувањето на институциите согласно основните постулати на нивната институционална поставеност. Доколку не се најде начин на кој ќе се реши овој проблем и ќе се спречат долгорочни тешки проблеми во функционирањето на главниот град, нашите права за заштита на елементарните параметри за квалитет на живот на имотот кој го поседуваме ќе ги бараме во меѓународните институции по судски пат.По споделување со сите станари од наведените Куќни совети петицијата се потпишува од страна на претседателите на Куќните совети / Заедницие на сопственици на станови како следи:Бул. „Кочо Рацин“ бр.14 (Влезoви I, II, III, IV, V, VI)Бул. „Кочо Рацин“ бр.18 (Кула Б-20)Бул. „Кочо Рацин“ бр.20 (Кула Б-19)Бул. „Кочо Рацин“ бр.26 (Кула Б-18)Бул. „Кочо Рацин“ бр.28 (Кула Б-17)Бул. „Кочо Рацин“ (Кула Б-16),“се вели во писмото.

Скопје | пред 5 години

mihajlo-manevski

Го приведоа со к***т во раце, јасна беше одлуката на судот, вели Маневски за Рашковски

Друго и не се очекуваше. По начинот како го приведоа во судот 5 специјалци во цивилки, онака лежерно со рацете во џебовите, без почитување на процедурата и без лисици, што би рекол народот (со к... во рацете), јасно беше каква ќе биде одлуката на судот. Па уште кога се дозна дека судија на предходната постапка е ВЕСНА ДИМИШКОВА, немаше никаква дилема. За Рашковски нема притвор, напиша на својот ФБ профил поранешниот министер за правда Михајло Маневски.Маневски во објавата додава:Како може да се очекува ВЕСНА ДИМИШКОВА да одреди притвор, кога самата требаше да биде во него, амнестирана за случајот "РЕКЕТ", и таа и нејзиниот брат, кој барал 6 милиони рекет."Адвокатот" на РАШКОВСКИ ЗОРАН ЗАЕВ, со сите сили со денови запнал од петни жили да го брани својот клиент.Дали Зоран Заев го брани клиентот или се брани себе си???Рашковски многу знае, а од тоа што го знае, на "адвокатот" ЗОРАН ЗАЕВ му се тресат панталоните.Зошто куќен притвор? Обвинителот не поднел докази за имотната состојба на обвинетите!? Рашковски сиромав човек, како притвор за таков осумничен? Леле мајко, каква причина? Сиромав човек, слави роден ден на сопругата и престојува 20 дена во МЕКСИКО!!!НЕЗНАМ, НЕ Е ОБЈАВЕНО РЕШЕНИЕТО, ДАЛИ РАШКОВСКИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР МОЖЕ ДА НОСИ СОМБРЕРО.ТОА Е МНОГУ, МНОГУ ВАЖНО....извор: ФБ Михајло Маневски

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средба на Бачев со францускиот амбасадор Бомгартнер: Земја со безаконие, марионетска власт и политички затвореници нема што да бара во ЕУ

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од генералниорт секретар Ацо Николовски, попладнево оствари двочасовна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер.Бачев му посака добредојде во земјата на амбасадорот Бомгартнер. На средбата се разговараше за инсталираната марионетска власт во Скопје, пописот, фалсификуваните избори, политичките затвореници во земјата и стратешките приоритети на Единствена Македонија.Претседателот на Единствена Македонија посочи дека Македонија е исправена пред предизвикот да си ја вратиме државата назад која се распродава од марионетска власт во Скопје. Бачев истакна дека е загрижувачки пеколниот план на марионетската власт за бришење на се што е македонско со антимакедонските договори со Бугарија и Грција, законот за двојазичноста и најново, спроведување на фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.На средбата се разговараше и за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите. Исто така беше пренесено дека не го признаваме тешкиот изборен фалсификат спрема Единствена Македонија од 15 јули за што во јавноста се дадени доволно докази како е изведен изборниот фалсификат и зошто Единствена Македонија морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.Бачев детално го објасни планот и причините како се наместени неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април и како се судени во монтиран политички процес со лажен заштитен сведок. Притоа Бачев го илустираше и објасни ова преку примерот со монтираниот процес и осудата на стариот Методија Андонов Ченто и младиот Јане Ченто кои се осудени на идентичен начин само поради неизмерната љубов спрема Македонија.Истовремено Бачев истакна дека земја како Македонија во која владее безаконие, криминал, корупција, марионетск власт, политички затвореници, фалсификување избори и попис, не и е местото во ЕУ, односно, вакви работи не се својствени за држава која претендира за членство во Европската Унија.Амбасадорот Бомгартнер пројави интерес околу определбите на Единствена Македонија. Бачев пренесе дека светот се менува, се менува и Европа. За Единствена Македонија светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Единствена Македонија е со определба за поништување на договорите со Грција и Бугарија како спротивни на меѓународното право, изградба на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право како во сите современи европски држави, службен јазик македонскиот јазик и неговотот кирилско писмо, почитување на традиционалните вредности, националниот и религиозниот идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.Бачев му посака успешна работа на амбасадорот Бомгартнер во неговите бројни активности и иницијативи низ Републиката посебно на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ.Фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

raskovski

Рашковски доби домашен притвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го одби предлогот на Обвинителството за изрекување на ефективен притвор. Причините на обвинителот се дека Рашковски може да се даде во бегство, но и да се крие и влијае врз сведоци, но судот смета дека нема докази за тоа. Мерка му е изречена и на Даниел Станчев, сопственик на компанијата „Инвока груп“, од која е набавен спорниот софтвер, за кој сега се води истрага. За него исто така е изречен домашен притвор. Двајцата се сомничат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, објави А1ОН.„По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација“, велат од Кривичен суд.Според судот, обвинителот не ги поткрепил основите заради кои бара притвор, односно немал докази дека осомничените се имотни и дека ќе влијаат врз лица во истражната постапка.Од Обвинителството се сомневаат дека Рашковски ја договорил набавката на софтверот и дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот во случајот, ги пренесувал информациите до учесниците во јавната набавка. Текстот во целост на:  А1ОН.

Македонија | пред 5 години

w_56803994

Денеска регистрирани починати 31 лице и нови позитивни 908 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип - 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово - 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево - 19, Кочани - 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .Регистрирани се 732 оздравени пациенти од:Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија - 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница - 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово - 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 31 починати лица: 11 од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г). Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.Направени се 3.616 тестови преку: ИЈЗ - 565, ЦЈЗ Скопје - 81, ЦЈЗ Битола - 105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 4, Судска медицина - 7, лабораторија болница Козле - 11, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември - 21, Институт за микробиологија – 75, МАНУ - 121, Жан Митрев (Филип Втори) - 140, Авицена - 418, Биотек - 287, Систина - 230, лабораторија Лаор - 288, Синлаб - 50, Ремедика - 30, Плодност – 64, Генеа – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.108.Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 64860, активни 9056Куманово 7941, активни 1253Прилеп 7831, активни 1004Тетово 6859, активни 686Битола 5648, активни 1307Велес 5167, активни 766Гостивар 4962, активни 490Кавадарци 4947, активни 573Штип 4702, активни 470Охрид 4679, активни 867Струмица 3745, активни 567Струга 2851, активни 266Кочани 2572, активни 327Кичево 2321, активни 317Неготино 2102, активни 269Гевгелија 2094, активни 355Свети Николе 1414, активни 149Крива Паланка 1171, активни 95Ресен 1162, активни 229Радовиш 1034, активни 138Берово 961, активни 81Делчево 916, активни 87Дебар 904, активни 64Пробиштип 754, активни 64Виница 732, активни 119Валандово 627, активни 102Крушево 455, активни 100Богданци 459, активни 70Демир Капија 392, активни 47Демир Хисар 357, активни 56Кратово 350, активни 25Македонски Брод 343, активни 35Пехчево 246, активни 17Македонска Каменица 220, активни 11Дојран 131, активни 20фото: Архива

Македонија | пред 5 години

10022021_PVRSM_Zaev_Pres-konferencija-na-tema-energetska-tranzicija_1

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина - вие го осудивте во моментов

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но презумпцијата на невиност важи за сите.Тој вели дека никој не може да се осуди додека за него не се докаже вина.„ Само уште еднаш се потврдува за граѓаните дека нема недопирливи пред законот. Законот важи за сите, институциите си ја вршат својата работа, нема недопирливи ни од власта ни од опозицијата. Како што можам отворено да потврдам дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, тоа бил став, секој пат. Пресумпцијата на невиност треба да ја почитуваме. Уште еднаш можам да посочам дека генерален секретар, Мухамед Зекири ги доставил сите податоци за јавната набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена. Секако пресумпцијата на невиност ја почитувам, бидејќи тоа треба така да биде. Не може никој да го осудиме додека тоа не се докаже“, рече Заев.На прашање зошто Владата нема контролен механизам што прави генералниот секретар на Владата, бидејќи сега Обвинителството излезе со информации дека ексгенералниот секретар местел тендер пред очите на премиерот, Заев одговори: „Вие го осудивте во моментов“.„ Имате право на сопствено мислење и став. Никој не е виновен додека не се докаже вината. Јавната набавка е спроведена согласно законот за влада, согласно деловникот за работа на Владата. Со Владата управува генерален секретаријат, генерален секретар. Владата набавувала еден куп системи, студии, анализи преку генерален секретаријат. Спроведена е постапката согласно законот, од тоа што јас го видов. Ако е докаже спротивно, ќе се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, а на крајот судот ќе пресече. Пресудата е неприкосновената вистина. Тоа што го знам, е според закон и деловник. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи, целта е да ги преполови, ако може и да ги нема. Имаме повеќе од 3200 лица со индивалидетет. Имаме анализи дека државата губи повеќе од 2300 милиони евра. Немаме софтвер на Рашковски. Рашковски патентирал систем, софтверот е направен од ФИНКИ и другата фирма, на тендер, согласно буџетот. Апсолутно е спроведена постапката согласно закон“, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

16042021_PVRSM_Zaev_sredba_Alijanca_za_Albancite_i_Alternativa-1

Заев по средбата со Села и Гаши: Верувам дека постигнавме договор, ова ќе го ставиме на хартија па потоа ќе ги соопштиме деталите

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор околу проблемот со државјанството. Но, тие велат деталите ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.-Завршивме и денеска со состанокот, верувам дека постигнавме договор. Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали. Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија“, изјави премиерот Зоран Заев.И лидерот на партијата Алијансата за Албанците, Зијадин Села, веднаш по средбата со премиерот  потврди дека се на добар пат да стават крај на проблемот со државјанството. Според Села, договорот предвидува сите граѓани кои се родени и живеат над 30 години во Република Северна Македонија да можат да добијат државјанство.На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии

Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии. Деновиве се исплатени уште три рати од стипендиите за студенти и четири рати од стипендиите за основци и средношколци во вкупен износ 2.838.000 денари. Досега од општинскиот буџет за оваа намена се исплатени вкупно 4.872.000 денари, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Оваа година општина Охрид додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии. Целта на стипендиите е мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 5 години

pavle-trajanov

Павле Трајанов достави иницијатива до Талат Џафери

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, достави иницијатива до претседателот на Собранието, Талат Џафери.Во иницијативата се вели дека во услови на третиот бран на пандемијата, како и појавата на нови соеви на коронавирусот со многу поизразени симптоми и потешки форми на зараза, поради инфицирани пратеници, нема кворум за одржување седници на Собранието, a поради блокадата со поднесување голем број амандмани, работата на парламентот станува сѐ посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени од вирусот.Трјанов бара да се зголемат заштитните мерки во Собранието, особено во салата за пленарни седници и просториите каде што се одржуваат седници на комисиите. Тој предлага преку Собранискиот канал да се информираат пратениците кога започнува седницата, кога има пауза, до кога трае и кога продолжува со работа. Понатаму, во салата да бидат присутни, пред сѐ, пратениците што се јавиле за збор или имаат реплики, а другите текот на седниците да го следат од своите канцеларии.„Да се донесе одлука без да се менува Деловникот за работа на Собранието, со која ќе се обезбеди/овозможи онлајн-работа. Одлуката да биде од привремен карактер до создавање услови за нормална работа на Собранието.Да се измени Деловникот за работа на Собранието, со што амандманската расправа ќе се ограничи најмногу до 10 дена, освен за прашања поврзани со националните и стратешките интереси на РСМ.Да се обезбедат безбедни здравствени услови за работа на ресторанот (за пратениците од внатрешноста), да се обезбеди сопствен возен парк и слчно сѐ со цел Собранието да може непречено да ја остварува својата уставна функција“, се вели во иницијативата на Трајанов.Исто така, се предлага да се формира работна група составена од претставници од сите парламентарни групи и независни пратеници, која ќе направи анализа на функционирањето на Собранието и ќе предложи решенија.Тој иницира да се подобрат условите за работа и функционалноста на Собранието, при што претседателот, кој е прв помеѓу еднаквите, во работата да го почитува Деловникот за работа на Собранието, да не се впушта во долги и непотребни елаборации и да има ист однос кон сите пратеници, заклучува Трајанов.

Македонија | пред 5 години

20210415_153511

(ФОТО) Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата Рузвелтова

Започнаа реконструктивните зафати на вториот крак на улица Рузвелтова, каде што е предвидена промена на водоводната и канализационата мрежа.На првиот крак, каде е завршено поставувањето на водоводната и канализационата мрежа и е изведено тампонирање со цел да се добие зголемена стисливост, се работи на поставување подземен довод за уличното осветлување.Вкупната вредност за реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која опфаќа водовод, канализација, улично осветлување, коловоз и урбана опрема изнесува 11.331.728 денари.Покрај реконструктивните зафати во централното градско јадро, во тек се активности и во руралните средини согласно предвидената програма и динамика за реализација.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Предложени мерки на претпазливост за лице осомничено за измами при купопродажба на станови

Основното јавно обвинителство Скопје денеска оиведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година, осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, довел и држел во заблуда најмалку седум оштетени граѓани. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, тој како агент во својата агенција за недвижности лажно им прикажувал факти на оштетените дека е овластен од различни сопственици да ги продава нивните станови на други лица. Откако ќе ги огласел становите, ги покажувал пред потенцијалните купувачи, договарал продажба и наплаќал средства на име капар, но потоа не доаѓало до склучување купопродажен договор, а уплатените средства не ги враќал.Осомничениот, по наредба на јавен обвинител беше лишен од слобода и за него ќе биде поднесен Предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање определени работни активности.Постапката против осомничениот е во тек, се испитуваат лица и се обезбедуваат и други докази.​​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Дебар маало доби спортско и детско игралиште

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и претседателот на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ го најавија отворањето на новото спортско и детско игралиште „Славка Недиќ“ во Дебар Маало.„Денес имам чест да го отворам првото и засега единствено спортско и детско игралиште во Дебар Маало, кое е изградено според најсовремени стандарди, со модерен и функционален дизајн за одржливост. Жителите на Дебар Маало првпат добиваат нова јавна површина и нова урбана зона за спорт и рекреација. Ова игралиште е позитивен пример за нашата локална политика и за сите активности што ги преземаме за креирање нов, модерен и функционален изглед на детските игралишта на територијата на Општина Центар“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Новото детско игралиште е составено од два дела, односно заградено кошаркарско игралиште и детско игралиште. Поставен е нов ФИБА кош со акрилна табла, нова гумирана подлога за зголемена безбедност и заштита од несакани повреди кај децата и спортистите, нови модерни детски реквизити, шаховска табла за спорт и рекреација на младите и повозрасните жители, како и нов летниковец. Поставено е целосно ново ЛЕД-осветлување, нови канти за отпадоци и канти за селекција на отпад, нова чешма на три нивоа, адаптирана за потребите на лицата со посебни потреби и за домашните миленици, како и паркинг за велосипеди.Покрај основните параметри за нов изглед на детското игралиште „Славка Недиќ“, во соработка со ЕВН и со кабелските оператори, преземени се и нови градежни решенија, при што воздушната инсталација на уличното осветлување е изведена подземно и извршена е дислокација на постојната инсталација во сопственост на кабелските оператори. Со овој зафат ослободена е уште една јавна површина, односно дивото паркиралиште е пренаменето во зона за рекреација и воспоставена е пешачка врска за поврзување на улиците „Ѓоргија Пулевски“ и „Славка Недиќ“, а отстранети се и нелегализираните гаражи на аголот на улицата за поголем проток на возила на улиците „487“ и „Дебарца“.Изведбата на проектот чинеше 8.666.326,00 денари, а во рамки на Буџетот на Општина Центар за 2021 година е планирана изградба на три нови детски игралишта во населбите Кале, Маџир Маало и Капиштец, како и реконструкција на шест детски игралишта на разни локации на територијата на Центар.фото: Општина Центар

Актуелно | пред 5 години

120190520_075559

Владата ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците, велат од Владата

Владата на Република Северна Македонија го почитува основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати.  Но, Владата смета дека јавноста треба да знае дека ништо од она што е изнесено за време на протестот, а и во медиумските настапи на дел од синдикалното лидерство ниту најмалку не одговара на реалноста и на мерките и политиките што актуелната Влада ги донесе и ги спроведува во интерес на работниците, се вели во соопштението од Владата.Во продолжение на истото од Владата додаваат:Во сите мерки на Владата за ублажување и за елиминирање на социјално-економските последици од пандемијата, на прво место без исклучок беа работниците и зачувувањето на работните места.Оваа Влада уште во 2017 година на сосема нови и партнерски основи го постави социјалниот дијалог, а во текот на справувањето со КОВИД-19 пандемијата покажавме дека можеме и да го надградиме: за сите одлуки коишто ги засегаат работничките права од самиот почеток се консултираат сите чинители, стопанството, синдикатите, граѓаните.За неполни четири години минималната плата од 9.000 денари достигна повеќе од 15.000 денари и нема сектор во кој работниците земаат плата под минималната како што беше пред 2017 година. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице или дури 72.000 денари повеќе за секој работник на годишно ниво.Воспоставивме систем според кој минималната плата редовно ќе расте согласно економските позитивни текови. Тоа ниту една претходна влада не го направила.Во основното и средното образование платите се зголемени за 2.100 денари, а во високото за 3.200 денари.Со предложените измени ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време на околу 3.000 наставници во основните и средните училишта.Претходно, наставниците и стручните соработници беа неколку пати вработувани на јавни огласи на определено време, пред да ги исполнат условите за трансформација на работниот однос. Стравуваа дали ќе им се продолжи работниот однос секоја наредна учебна година.Во одбраната, примањата на еден професионален војник пред 2017 година беа околу 20.000 денари, а сега со двете покачувања на платите од вкупно 16 проценти и доделувањето на надоместокот за закупнина од околу 8.000 денари, месечните примања се над 30.000 денари.Основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.Социјалните работници денес добиваат плата повисока во просек за 6.700 денари во однос на 2015 година, а платата на воспитувачките во споредба со истиот период е зголемена за скоро 5.000 денариВо земјоделството како гранка, освен што ја изедначивме минималната плата во овој сектор како и кај сите останати, платите се зголемени за 4.600 денари.Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати.Историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање, а се планира и нов Закон кој ќе опфати дополнителни лица од оваа категорија на граѓани.Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. Дури и Конфедерацијата на слободни синдикати не е репрезентативен синдикат, а сепак е вклучена во работата на трипартитниот Економско-социјален совет.Конфедерацијата на слободни синдикати е дел од работната група во отворениот и инклузивен процес на креирање на новиот текст на Предлог-законот за работните односи и тоа е вистинското место за да ги искажат и да се залагаат за своите ставови со аргументи.Недела ќе биде неработен ден, а оние работници кои ќе работат во недела поради неможноста да се прекинат технолошко-производствените процеси и услуги, ќе добијат гарантирано зголемена дневница – нешто што претходно многу ретко се почитувало, а сега тоа ќе биде ставено во самиот Закон за работните односи и ќе мора да се спроведува.Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери. Тоа го правеше Владата предводена од 11-годишниот режим, а денес доколку некој прекрши законски одредби кои ги штитат работниците ќе одговара пред пред судот на правдата.Во таа насока ако пораката на Конфедерацијата на слободни синдикати порачува дека се претерало, тогаш – да, оваа Влада ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците.

Македонија | пред 5 години

03

Средба Спасовски-Брнз, разговараа за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството

Денеска министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството. Министерот Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од амбасадата на САД, што многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.Двајцата соговорници разговараа за техничката помош која Амбасадата на САД во Скопје континуирано ја дава на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите на полицијата преку програмите ИЦИТАП и АТА. Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал.Министерот Спасовски и амбасадорката Брнз ја потенцираа одличната соработка, која и во иднина ќе продолжи со засилен интензитет, во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања