Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Foto.Ana-Marija-A.

Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

Секторот туризам е еден од најпогодените сектори во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите европските држави, а поради рестриктивните мерки на движење во другите држави, нема ниту странски туристи. Дополнително и капацитетите на објектите од овој сектор беа под извесни рестриктивни мерки не можејќи и да сакаат да ја извршуваат својата дејност. Големиот број на заболени граѓани, немањето вакцини, намалената платежна моќ на граѓаните го става туризмот и патувањето како последна точка на интерес. Приход во изминатите 13 месеци е со паднат од 85% до 100%, додека нашите трошоци се уште се акумулираат, потенцираат од Туристичко-угостителската комора.„Повеќе од една година ситуацијата со корона вирусот континуирано е лоша, без изгледи за нејзина стабилизација. Проблемот со кој се соочуваат туристичките агенции е континуиран и се однесува на немање можност за работа, плаќање на режиски трошоци и трошоци за плати, без да се остваруваат никакви приходи. Заради тоа што сме дел од економијата на нашата земја во која придонесуваме и сме дисциплинирани во плаќање даноци и такси во нормални услови на живот и работа, инсистираме да ни се помогне да опстанеме во овој тежок период за нас и да не се дозволи секторот туризам да се уништи и да згасне“, изјави Ана Марија Алексова.Таа истакна дека сите се надеваат и сакаат да работат и заработат самостојно како и до сега, но поради виша сила, односно пандемија, туристичките агенции, хотелите и другите придружни дејности се пред колапс, затоа е неопходно институциите да помогнат за овој сектор да опстои. Ситуацијата е толку неизвесна што поради состојбите со корона вирусот во светот, секојдневно се менуваат условите за влез и излез, што оневозможува да се планираат туристички патувања и оваа година.„Бараме неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година, а ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам како хотели, категоризирани објекти за престој, превозници и за истото да може како помош да биде искористено од сите учесници во секторот, од таа причина бараме задолжително да се користат преку туристичка агенција“, изјави Алексова.Туристичките агенции бараат да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи за жал состојбите сеуште се неизвесни и не се знае дали и кога ќе се стабилизира ситуацијата и ќе може да се реализираат ваучерите.„Барањата за поддршка на секторот туризам се реални и засновани на големите штети кои ги имаме, за што во овој момент ни е потребна помошта за опстанок, за да не се соочиме со колапс. Барања за помош досега неколку пати се доставувани до надлежните институции, и затоа од вторник 20 април ќе се приклучиме на протестот на угостителите и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, истакна Алексова.

Македонија | пред 5 години

16-04-2021-Kostadinova

Костадинова: Мицевски нападна пратеничка, тој е дел од насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти режимската, насилничка матрица.  Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска, истакна Марија Костадинова, пратеничка  на СДСМ.Костадинова додаде:Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата.Со своето однесување Мицевски потврди дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април.Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа, вознемирува и навредува жени, не е прв пат оваа партија да ограничува слобода на говор.Насилството, шовинизмот, автократијата со години се обележја на оваа деструктивна и ненародна партија предводена од Христијан Мицкоски.Затоа се таму каде што се, во опозиција, препознаени од граѓаните како деструктивен елемент кој дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата.Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат.Токму заради таквиот однос шест пати се казнувани на избори и ќе продолжат да бидат казнувани од граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски, уште долго ќе биде опозиција.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Slika-press-1

АСОМ: Ќе ги преземеме сите мерки, спорниот Закон за игрите на среќа да не се донесе

Денеска, пред Владата на РС Македонија, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) одржа прес конференција, на која ги изнесе своите ставови во врска со предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кои се поставени на ЕНЕР. Од АСОМ побараа од Владата добра волја да не ги имплементира измените и да воведе квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени и предупредија дека ќе ги искористат сите расположиви средства, вклучително и протести за да спречат ваквиот закон да се донесе.Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски информираше дека членките на асоцијацијата, но и бројни вработени во оваа индустрија поставија преку 250 коментари на законот, спротивставувајќи се на низата нелогичности и ограничувања кои ги содржат овие предлог измени.„Доколку се донесе предлог законот во оваа форма, одговорно тврдиме дека се става крај на легалното спортско обложување, а на улица остануваат повеќе од 8.000 вработени во оваа стопанска гранка. Сакаме јасно да порачаме дека предлогот за воведување на физичка дистанца на објектите на игри на среќа од образовните институции е целосно неприфатлив и на таквиот закон остро ќе се спротивставиме. Предлогот од 500 метри значи затворање на над 98% од објектите, согласно нашите прецизни анализи кои ги правевме целиот изминат период.“ – изјави Илијевски и додаде дека физичката дистанца нема никаков ефект врз навиките на играње, а никаде во светот истата не се практикува бидејќи ниту една студија не го докажала спротивното.Илијевски изрази сомневање дека зад овој предлог, де факто, стои интерес за целосна забрана на легалното обложување и затворање на објектите, но можеби и други скриени интереси.„Она што сигурно не е целта на ваквиот предлог е унапредување на индустријата, заштита на играчите или пак зголемување на приходите во буџетот. Ваквиот предлог закон тоа нема да го постигне бидејќи ќе се затворат објектите, даноците ќе ги нема, а буџетот ќе изгуби над 250 милиони евра по сите основи, со кои игрите на среќа придонесуваат во државниот буџет. Без задршка кажуваме дека ова е убиствен предлог кој ќе ја клекне економијата на колена. Во услови на економска криза, кога стопанството работи со преполовени капацитети и скратено работно време заради Ковид мерките, ваквите експерименти се недозволиви и може да бидат многу опасни по домашната економија и вработувањата. Само за илустрација, од оваа гранка директно и индиректно имаат редовни примања 54.000 луѓе. Цели семејства ќе останат без приходи. Ваквиот закон директно ќе ја зголеми младинската невработеност и ќе остави без перспектива многу млади луѓе.“ – потенцираше Илијевски.Законот е целосно контрадикторен, економски неиздржан и очигледно е дека е правен без соодветни економски анализи на импликациите од него. Апсолутно е нелогично да се зголемуваат давачките, а да се гаси цела гранка. Тоа нема никаква логика ниту ќе има некаков економски позитивен ефект, напротив ќе се случи економско цунами, заклучуваат од АСОМ.„Од целиот предлог закон, единствено го поздравуваме предлогот за он-лајн обложување кој е прифатлив, но само доколку и останатите аспекти на овој спорен закон се прилагодат и променат согласно европските закони и пракси. Потсетуваме дека АСОМ е сериозна организација која има направено темелни анализи на сите ЕУ закони од каде би требало како држава да ги влечеме регулативите и најдобрите практики. Ваков рестриктивен и самоубиствен закон никаде во Европа нема“- нагласи Илијевски и порача дека без добро осмислен, европски закон нема никаде да напредуваме. Со овој закон, Валдата свесно или несвесно ќе отвори пат за црн пазар, диви обложувалници, небезбедно играње и сива економија.И покрај бројните укажувања на АСОМ до Владата, испратените готови анализи и предлози за унапредување на индустријата, слух од Владата немаше, велат од АСОМ.„Од денес натаму започнуваме многу посилно да делуваме до конечно носење на европски, ефикасен и добро осмислен закон кој ќе биде во интерес на играчите, индустријата и буџетот на земјата. Таков закон може да се направи многу лесно и од истиот да имаат придобивка сите, но за тоа треба искрена волја која во мометов отсуствува кај Владата.“ – прачуваа од АСОМ.На прес конференцијата АСОМ конкретно ги испорача своите барања кои се однесуваат на отстранување на спорните точки од предлог измените на Законот- физичката дистанца од 500 метри на деловните објекти на спортските обложувалници од образовните институции и сведување на давачките на разумно ниво.„Итно отстранување на физичката дистанца од законот со цел превенирање на затворање на оваа стопанска гранка и поставување на нов коригиран закон на ЕНЕР. Дистанцата од 500 метри е целосно неприфатлива и непреговорлива. Понатаму, сведување на давачките на разумно ниво со цел економска исплатливост за приредувачите. Предложените давачки се целосно нелогични и високи. Да потсетиме, во моментов во Македонија приредувачите на игрите на среќа плаќаат највисоки давачки во Европа кои Владата сака уште повеќе да ги зголеми.“ – порача Илијевски.Од АСОМ посочија дека до Владата многу пати се доставени конкретни предлози за разумно покачување на даноците, заштита на играчите, зголемување на казните и низа други измени со кои може да се унапреди Законот за игрите на среќа и побараа итно да бидат земени во превид овие предлози кои се изработени по европски терк и докажано ефикасни модели на регулација.„Ние како Асоцијација сме подготвени самите да се до-регулираме што ја потврдува нашата професионалност и сериозност во работењето, како и целосниот интерес за добра правна регулатива. Но, никогаш нема да прифатиме паушално изработени закони кои немаат никаква економска оправданост, а очигледно се носат за други цели. Бараме јавна дебата со претставниците на Владата кои го предлагаат овој спорен закон, а кои никогаш не излегуваат во јавност да го образложат овој предлог и да се соочат со претставници од нашата индустрија. Доста е веќе од молчење, бараме јавна комуникација и дебата, па да оценат и јавноста и медиумите што точно се случува.“ – коментираше Илијевски.Доколку Владата не покаже добра волја да не ги имплементира измените и да воведе навистина квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени, ќе ги преземеме сите мерки и сите расположиви средства ваквиот закон да не се донесе. Последно нешто што би сакале е преку протести и други форми на делување да ги решаваме проблемите, но доколу сме приморани ќе го направиме и тоа, порачаа од АСОМ.

Македонија | пред 5 години

velosiped-3

МВР расчисти повеќе кражби на велосипеди во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Полициска станица Бит Пазар, по преземени мерки и активности, расчисти неколку кражби на велосипеди на територијата на Скопје. На 25.03.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко Н.Р.(52), кој бил присутен на претресот. На 14.04.2021 било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година.По целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

apasiev2

Апасиев за Рашковски: Не требаше ....

Не требаше да се враќа од МЕКСИКО, напиша на својот ФБ профил пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 5 години

filipce-sostanok

Филипче: Ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем

Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека иако изминативе денови има благ пад на бројот на приеми во болниците, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна.-На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, вели Филипче.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

motori

МВР санкционира 128 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (15.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gordana16042021.jpg

Силјановска Давкова: Ни приредуваат спектакл демократија, случајот со Рашковски е насочување на вниманието и прикривање на реалноста

Професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, утрово во „Радио Лидер“, во врска со случајот за приведувањето на Драги Рашковски денеска истакна дека случајот е спектакл демократија, власта се обидува да го насочи вниманието на јавноста кон еден настан, за да се затскријат и покријат многу други нешта кои се случуваат во земјава.-Можно е случајот со Драги Рашковски да е покривање на многу нешта кои треба да се затскријат, бидејќи еден случај сите се фокусираме на тоа, спектакл демократија, но забораваме дека најстрашна држава е онаа која ќе почне да тоне, па по тоа кога ќе почнат да паѓаат лошите држави не можат да се запрат, можеби мастерите на пи-арот ќе го насочат вниманието на една личност за да заборавиме дека се е пустина и дека, а настанот не е исклучок туку е реалност, бидејќи ненормалното станало нормално, вели професорката Силјановска.Силјановска истакна дека излегуваат „спасители“ оние кои се први на столбот на срамот, но за да не заминат тие сега ќе не фрлат во некој нов спектакл.

Македонија | пред 5 години

artan-grubi0

Пазарите со „рамковните“: 140 ќе се пикнат во МВР, стотина во УЈП

Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце.-Многу сме задоволни и Владата и јас. Рапортирав на последната седница на Влада за текот на распределбата. До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба да минат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби, додавајќи дека уште 100 други треба да започнат деновиве да работат во УЈП.Според првиот вицепремиер, коментари на прераспределбата имало во „не повеќе од четири или пет“ од вкупно 250 институции коишто презамаат административци според планот К5.Тој изрази надеж дека целиот процес ќе заврши до ребаланост на Буџетот, кога средства од Министерството за политички систем ќе бидат пренаменети во другите институции кои ќе ги имаат преземат овие административци.

Македонија | пред 5 години

kosta-2

На 28 ми април - конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид

Младите треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се важен ресурс за развој на една општина. Затоа континуирано сме посветени на градење партнерство и воспоставување на соработка со младите.За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики планирано е формирање на Локален совет на млади и конституирање на локално младинско собрание, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додаде:Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите.Конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 12 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

lisici

Лишен од слобода агентот за недвижности кој при продажба на станови оштети повеќе граѓани

Агентот за недвижности кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. МИА дознава од доброупатени извори дека Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама.Лицето е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое оформи предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.Агентот е уапсен три недели по пријавувањето на случајот во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра за еден ист стан, двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.Од Град Скопје за МИА изјавија дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност.Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Се бара притвор за Рашковски, тој е однесен во суд со полиција

Според порталот „360 степени“, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Меѓу осомничените се четири лица, вклучително и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.Се дознава дека Обвинителството предлага определување мерка притвор за Рашковски и за уште едно лице, најверојатно сопственикот и управител на фирмата која ја добила спорната јавна набавка за софтверот „Инвока гроуп“. Судот издал наредба за приведување на Рашковски, но нема потврда дека тоа веќе се случило.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_2-1

ВИДЕО: Рашковски донесен во суд

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е донесен во Кривичниот суд на распит. Обвинителството побара притвор за него поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.Од Јавното обвинителство утрово излегоа со соопштение дека под истрага се четири лица за набавка на софтвер.„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена.“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 години

spasovski2

Спасовски: Проблемот со двојни матични броеви датира од ‘81, бројката е далеку помала од 20.000, нивното поништување е при крај

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното интервју во „Клик плус“ на ТВ 21 ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека над 20.000 граѓани имаат по два матични броја и по два пати ги има во гласачки список.„Опозиција и лидер од кои секојдневно гледаме лица коишто се носители на важни функции во партијата, лица кои ја предводеле државата во 11 години, за кои се носат пресуди, се водат постапки токму за такви мафијашки структури нешто да обвинуваат околу оваа ситуација, мислам дека е во најмала рака невкусно. Сепак, јас разбирам дека тие како опозиција мора нешто да кажуваат. Впрочем, ова не е ништо ново. Јас минатата вечер говорев токму на оваа тема во едно интервју во кое кажав дека постојат одредени граѓани кои што имаат дупли матични броеви“, рече министерот Спасовски потсетувајќи дека според Законот за единствен матичен број, којшто бил донесен во Република Македонија во 1980 година, кога за првпат е уредено прашањето на матичниот број, во тоа време матичниот број се едвидентирал според живеалиштето на граѓанинот, додека за новородените деца според местото на раѓањето.„Значи оваа постапка за определување на матичните броеви започнала во 1981 година и требало да заврши во 1985 година. Тогаш практично се направени одредени пропусти со двојниот матичен број и согледувајќи го целиот овој аспект, МВР подолго време работи во утврдување на двојните матични броеви и на поништување на тие двојни матични броеви. Таа постапка оди рачно, затоа што мора да се проверат сите бази на податоци со кои ние како МВР располагаме и, врз основа на тоа, таму каде што се утврдува двоен матичен број, ние го поништуваме, затоа што МВР е задолжено за определување на матичниот број на граѓанинот и за укинување, односно поништување на тие матични броеви ако за тоа постојат одредени причини“, објасни Спасовски.Тој потврди дека кога започнала оваа постапка, само во Одделот за управни работи во Скопје се детектирани околу 660 двојни матични броеви, а од нив веќе се поништени 580, додека за 80 постапката е во тек. Така, според матичната евиденција за родените во Скопје, има 213 такви лица, додека во другите матични подрачни канцеларии околу 80-тина лица кои имаат двојни матични броеви.„Во Куманово се поништени сите двојни матични броеви, а нивната бројка е околу 100, додека во Одделенијата за управни работи во другите градови тие бројки се многу помали. Значи кога се обработуваа матичните броеви се започнa од 1954 до 2019 година и тие матични броеви се проверени, додека во моментов тече проверката за лица родени 1930 до 1954 година, при што се констатирани многу малку грешки во бројките. Тие матични броеви што ние ги утврдуваме се доставуваат до Управата за водење на матични книги за да таму се потврдат дека одредено лице навистина има два матични броја и врз основа на тоа се покренува постапката за нивно поништување. Ние паралелно со ова знаете дека направивме еден посебен проект во делот на складирање на електронските податоци во МВР, со градење на Информатички центар во Прилеп, којшто ќе значи зачувување на сите бази на податоци и на МВР, но и на другите институции. Тоj проект е целосно завршен и го работевме заедно со ЕУ и јас сум навистина горд на него, бидејќи станува збор за проект којшто чинеше околу 10 милиони евра и ги задоволува сите потреби на овој современ начин на управување со вакви податоци. Овој систем кој е направен во Прилеп е систем кој што ќе ни помогне практично да го промениме стариот хост, којшто од 80-тите години е во употреба во МВР, кој е со скромни информатички или технички можности, во насока на тоа да при една автоматска обработка на податоци се даде еден поинаков пристап. Значи, ние веќе работиме и на овој дел на развивање на посебни модули, меѓу кои и за матичните броеви, кои системот ќе може директно да ги препознава и да не може да дојде до нивно дуплирање. Да повторам, двојните матични броеви што реално се детектирани се далеку од бројката од 20.000, најголемиот дел од нив се поништени, а другите се во постапка за поништување“, потврди министерот Спасовски.

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Русковска покрена истрага за спорниот софтвер на Рашковски, за него се плаши дека ќе избега

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена.Летото 2019 година, првоосомничениот донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот иако во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000,00 денари со вклучен 18% ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ.Со дејствијата што ги извршил, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари.Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци за двајцата првоосомничени до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. За останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено кај определено службено лице или определен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за учество во спроведување на постапки за јавни набавки.Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот, обвинителството на 18 март годинава отвори предистражна постапка. Беа издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација по кои постапува истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.​

Македонија | пред 5 години

dzaferi

Мицевски до Џафери: Прекинете ја 32. седница и дајте да ги изгласаме законите кои ги чекаат граѓаните за да заврши театарот

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и собранискиот спикер, Талат Џафери се скараа поради доцнењето на седницата, но и поради тоа што и натаму трае 32. седница наместо да започне 36. седница за да се изгласаат економските мерки.Мицевски го обвини Џафери дека од Собранието прави театар, а претседателот пак врати дека четири години се бори за институтот пратеник.„Вчера имавме координации и тие координации се за текот на седниците. Во спротивно зошто би доаѓал на координација ако тоа што го договараме не го пренесеме на пратениците? По ова што го направивте денеска, морам да ви кажам да престанете да правите театар од Собранието. Треба да престанете да ја девалвирате институцијата Собрание и пратениците во него. Треба барем еднаш да бидете на висината на задачата и да прекините да ги држите граѓаните, компаниите, пратениците како заложници поради ваша теснопартиска агенда. Ние сме тука, ве чекаме веќе саат и 20 минути од времето кога кажавте дека ќе продолжиме, доаѓа време по два часа и пауза да направиме. 32. седница ние ќе ја напуштиме, ќе чекаме да пред вратата на Собранието за да влеземе на 36. седница. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е цел ден во Собрание и чека да ја започнете седницата за економскиот пакет мерки. Прекинете ја 32. седница и дајте да ги изгласаме законите кои ги чекаат граѓаните, за да заврши театарот кој го правите“, рече Мицевски.Талат Џафери жестоко му одговори.„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете“, изјави Џафери.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и координаторот Мицевски по неговиот процедурален говор ја напуштија салата.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им одговараше на тезите, но тие не го ислушаа.„Според списокот на присутност на седница на Собранието, денеска се имаат потпишани дека се присутни 101 пратеник и ќе ги читам по име и презиме кои се. Како што одат, како што не се тука, утре ќе бараат патни трошоци. Граѓаните треба да ценат дали тие се дојдени на седница или само за патни трошоци. Четири години сум веќе претседател на Собранието, четири години се борам за статусот на институтот пратеник и за дигнитетот на Собранието како законодавен дом“, рече Џафери.Кога Џафери почна да чита кои пратеници се потпишани како присутни, а не се во салата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа за да се пријават. 

Македонија | пред 5 години

mavrovi-anovi-debar

Уште едно лице им подлегна на повpeдите по сообраќајката кај Маврово, останатите двајца се бopaт за живот

Едно од повредените лица во страшната сообраќајка кај Маврово им подлегна на повредите. Денеска почина 34- годишниот Г.Т., додека други две лица се борат за живот.Претходно, на лице место животот за загуби едно лице.Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски тогаш информираше дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски. 

Македонија | пред 5 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Притисок врз Бугарија да ја тргне блокадата кон Македонија

„Северна Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата меѓувладина конференција. Со секое нејзино одложување сите ќе бидеме губитници“, порача австриската министерка за Европа и устав, Каролине Едштадлер, на прес-конференцијата во Виена по разговорите со македонски вицепремиер Никола Димитров. Едштадлер вели дека нема разбирање за блокадата на Бугарија и апелираше отпорот да заврши. Таа информираше дека било понудено од нивна страна македонско-бугарските разговори да продолжат во Виена, како неутрално место, објави dw.com.„Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја претвориме во дела и тој ќе биде пополнет со други земји што сакаат да извршат влијанија, како Кина, Русија“, рече Едшадлер.На средбата е потврдена поддршката од австриска страна, но и личната заложба на министерката Едштадлер за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Едшадлер посочи дека С. Македонија го смени и името за да постигне вистински чекори кон Европа, потсетувајќи дека под германското претседателство се вложија огромни напори за да се реши бугарската блокада, но тоа не успеа.И вицепремиерот Димитров се согласува дека С. Македонија мора неодложно да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.„Потребни се одлучни чекори за да се врати силата на европската визија во регионот. Придвижувањето на евроинтегративниот процес ќе значи зголемена доверба, влијание и предвидливост на европската перспектива согласно австриската позиција дека нема друга алтернатива за процесот на проширување со Западниот Балкан, а ќе внесе позитивна динамика и нова енергија неопходна за унапредување на имиџот на ЕУ како стратешки актер“, истакна Димитров.Текстот во целост на: dw.com. 

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Стоилковски: Ако нема пари за петтиот пакет помош, Заев нека го каже тоа јасно и гласно

Испливува на површина нова лага од Зоран Заев и неговата мафија! Директно, Зоране Заев, каде е сега петтиот пакет таканаречени мерки, за којшто се вадеше на ВМРО-ДПМНЕ? Каде е сега проблемот, за којшто Заев и неговите од мафијата се жалеа дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи помошта?Еве им сега чист пат за помош за економијата! А, сега нека кажат што им пречи и зошто не се помага стопанството, фирмите, за оние вработените од 7.000 фирми кои што според УЈП се уште не се уште не ја исплатиле февруарската плата, а еве го мај доаѓа, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Стоилковски додаде:Излези Заев и кажи ја вистината сега, дали и следната недела воопшто ќе има, дали воопшто ќе се одржи седница на Собранието за помош на економијата, или ќе најдеш ново оправдување?Јасна е приказната! Зоран Заев и мафијата лажат! Мошне веројатна вистина е дека буџетот нема пари за помош, за овој надуван балон на надежи. Ветувањата за помош се исти како ветувањата за вакцини кои што ги нема! Ниту помош за економијата има, ниту вакцини има, се се тоа лаги!Зоран Заев мора да каже што уште чека? Зоран Заев сега мора да каже зошто ги собра пратениците за да си изгласа доверба за себе, а не ги изгласа во истиот ден и петтиот пакет мерки, зашто беше изгласан во влада од 16-ти февруари!? Утре е 16-ти април, два месеци се шират лаги, манипулации и се крие вистината преку лажни ветувања. Зоран Заев мора да каже дали зад ова влечење и лажење и префрлање на вина кон ВМРО-ДПМНЕ - главната причина е дека НЕМА ПАРИ за помошта? Зоран Заев мора да каже дали преку својот платен пи-ар тим не ја лаже јавноста за пакетот мерки, цели два месеци, само и само во функција на политички маркетинг?Па така ли е Заев? Нема пари за работниците, ама имаш за 55 хонорарци за лично рекламирање и за тимот на ТендеРашко, а сега и за вработување кај Љупчо Путер Николовски?Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека го каже тоа јасно и гласно. Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека ги отпушти сите оние партиски војници за ширење лаги коишто ги вработи на празниот буџет. Ако нема пари, Зоране Заев, замини си и престани со лагите за блескање, ликвиден буџет и сите други манипулации додека цвета криминалот во земјата!Ниту економијата, ниту работниците без плата, ниту затворените работни места, ниту опозицијата, никој не е виновен што нема пари. Виновен си ти заедно со твојата мафија што ја окупиравте државата, го испразнивте буџетот. Заради лагите на Заев во Македонија царуваат лагите, криминалот, болест и смртта!видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР: Проблемот со двојните матични броеви почнал во 1981 година

Министерството за внатрешни работи во врска со денешниот брифинг за медиуми на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на кој кажа дека илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја информира дека ваквата појава почнала во 1981 година.Од МВР уверуваат дека по откривањето на грешката, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви и таа постапка веќе подолг период е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени.„Ваквата појава започнала во 1981 година, кога во Република Северна Македонија е воведено електронско определување и евиденција на матичните броеви. Постапката за поништување на матичните броеви трае веќе подолг период и е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени. Изјавата дека во Република Северна Македонија има 20.000 дупли матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги предвид евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи“, се наведува во реакцијата.Од МВР појаснуваат дека определувањето и запишувањето на матичниот број почнало на 1.1. 1981 година и требало да заврши на 31.12.1985 година. Во овој временски период, велат од МВР, направени се грешки при определувањето и запишувањето на матичните броеви, што довело до определување на дупли матични броеви за едно исто лице.Покрај ова, дупли матични броеви се определувале и подоцна како резултат на нецелосни проверки од страна на вработените во управните служби, погрешни податоци добиени од УВМК, како и технички пропусти на постоечкиот Систем за автоматска обработка на податоците.„Заради целосно и навремено ажурирање на матичните броеви, Одделот за граѓански работи, Секторот за управно надзорни работи, Одделението за државјанство, граѓански состојби и матичен број се вклучи во овој процес во делот на утврдувањето на дуплите матични броеви, изготвува списоци со податоци и ги доставува до ОУР Скопје за понатамошна постапка за проверка во матичната евиденција и нивно поништување. Досега се обработени дупли матични броеви за тековни години од 1954 до 2019 година. Од 1930 година до 1954 година постапката за проверка на овие матични броеви е во тек и во овој период од направена анализа има помал број на вакви матични броеви“, се наведува во реакцијата. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dojran

Српските туристи поради донациите на вакцини, во Дојран ќе добијат попусти и бесплатен паркинг

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг.Овој гест следува како одговор на донациите во вакцини кои ги добивме од Србија.„Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација“, велат во заедничка изјава  Ангов и Јаневски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ilija-isceznat

13 дена нема ниту трага, ниту глас од Илија Лазаревиќ, мајката очано бара помош

Веќе тринаесет дена нема никаква трага од Илија Лазаревиќ, 30-годишно момче од Демир Капија, кое на втори април годинава, околу 15.45 часот излегло од дома, наводно да се прошета, и повеќе не се вратило.Неговото исчезнување во полиција го пријавила мајката Снежана, која се загрижила уште истиот ден, откако Илија не и одговорал на телефонските повици и пораки. Веќе наредниот ден, во саботата, на трети април, навечер, неговиот телефон се исклучил и од тогаш е недостапен.-Нема никаков глас од моето дете цели 13 дена! Ниту на некој другар се јавил, ниту на роднини, нема ништо! Полицијата вели дека го бара, според моите сознанија мобилниот телефон се уште не е лоциран. Оваа агонија веќе предолго трае, при крај сум со силата – во телефонски разговор за „Фокус” раскажува Снежана.Вели дека и се јавила школска другарка на Илија која и ги пратила пораките кои со него ги разменувала на телефон, во времето пред тој да исчезне. Според преписката од разговорот, Снежана појаснува дека Илија и другарката разговарале околу тоа како тој живее, што работи и слично. Но, еден детал од разговорот и дал надеж дека можеби ќе може да му се влезе во траг. Текстот во целост на: „Фокус” 

Македонија | пред 5 години

w_55971908

Денеска починати 35 лица и нови позитивни 890 случаи со Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица - 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип - 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија - 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка - 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од:Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово - по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1.Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.Направени се 3.284 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–84, МАНУ-121, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-256, Биотек-243, Систина-198, лабораторија Лаор-152, Синлаб - 51, Ремедика-54, Плодност – 64, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.174.Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 64493, активни 9039Куманово 7877, активни 1245Прилеп 7782, активни 1015Тетово 6821, активни 685Битола 5577, активни 1282Велес 5128, активни 765Гостивар 4941, активни 498Кавадарци 4931, активни 558Штип 4662, активни 455Охрид 4640, активни 830Струмица 3721, активни 548Струга 2843, активни 259Кочани 2554, активни 325Кичево 2302, активни 318Неготино 2093, активни 260Гевгелија 2080, активни 355Свети Николе 1403, активни 144Крива Паланка 1161, активни 89Ресен 1159, активни 233Радовиш 1032, активни 143Берово 957, активни 92Делчево 913, активни 86Дебар 894, активни 54Пробиштип 750, активни 67Виница 721, активни 114Валандово 623, активни 101Богданци 455, активни 67Крушево 453, активни 99Демир Капија 392, активни 47Демир Хисар 356, активни 56Кратово 348, активни 23Македонски Брод 342, активни 36Пехчево 246, активни 17Македонска Каменица 220, активни 11Дојран 131, активни 21 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sednica-1

ВИДЕО: Во Собрание пратениците се бркаа за микрофонот

Собранискиот спикер, Талат Џафери повика обезбедување поради однесувањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. До ова дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Даниела Марковска од СДСМ и ѝ говореше на уво, поради тоа што Талат Џафери не му даде процедуралено обраќање, објави А1ОНЗа тоа време, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаа на клупите. За да не и го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата. Мицевски сметаше дека Џафери мора да му даде процедурално обраќање бидејќи тоа право му следува по Деловникот, а не да го игнорира, а збор да добиваат други пратеници.„Никола Мицевски, тргни се од таму“, рече Џафери додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тропаа по масите, а собранискиот спикер продолжи: „Никола Мицевски тргни се од таму, не ти е таму местото. Даниела продолжи со зборување“.Текстот во целос на: А1ОН

Македонија | пред 5 години

megunaroden-sojuz

Амзовски од „Дрим билдиг“: Плативме 15 милиони денари, Бојан Јовановски ги враќаше парите додека не го притворија

Според договорот, „Меѓународен сојуз” требаше да го обезбеди земјиштето за изградба на старечки домови. Тие ветуваа дека ќе обезбедат да го купиме земјиштето во Општина Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за метар квадратен, како и промена на ДУП-от, но ништо од тоа не исполнија, кажа бизнисменот Адријан Амзовски сведочејќи на судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, објави А1ОН.Сведокот Адријан Амзовски, кој е еден од сопствениците на фирмата Дрим билдинг Струга, рече дека за проектот дознал преку Александар Димитровски, кој му кажал дека постојат три проекти со Меѓународен сојуз, по еден во Струга и Охрид и еден во општина Карпош, за кој што тие се одлучиле.-Според договорот Меѓународен сојуз требаше да го обезбеди земјиштето за градба. Ние, откако го потпишавме договорот имавме обврска да платиме 25 отсто или 16,1 милион денари фактура на авторски договор на Јасна Мандиќ. Уплативме 15 милиони денари одеднаш и рестото подоцна. Потоа требаше да чекаме Меѓународен сојуз да обезбеди земјиште, да не ослободи од комуналии, ама од тоа не бидна ништо. После истекот на рокот од 180 дена побаравме да ни се вратат парите, изјави Амзовски.Сведокот рече дека, од тие пари Бојан Јовановски вкупно му вратил 155 илјади евра, во период од неколку месеци.-Немавме некој однос ние да се расправаме или нешто. Полека ги враќаше парите, се додека не го притворија. Тогаш беше јасно дека нема да ги врати парите и покренавме граѓанска постапка. Таму си ги побарувам парите и се надевам дека ќе ги вратам, изјави Амзовски.На состаноците за проектот, сведокот рече дека Јасна и Бојан секогаш биле присутни, а на неколку пати и Фросина Ременски и еднаш или два пати Александар Кирацовски.– Верував во успешноста на проектот и затоа дадов толку пари. Прво бизнис планот беше добар, земјиштето во Скопје по таа цена и секако пресудно беше присуството на лицата, рече Амзовски.На прашање од одбраната дали договорот го разгледале негови правници и го потпишал без принуда, сведкот рече да.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања