Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bitola-deponija

Левица: Битола од град на конзулите се претвори во град на депонија

Мртви животни, градежен или друг вид на отпад сѐ уште се фрла покрај патиштата, во речните корита, канали, делови од планината, ридовите. Честа е сликата на отпад во дивите депонии.Локалната власт целосно ги запоставува околните предели, од каде што доаѓаат фекалиите во центарот на градот, а за тоа се резултат затнатите шахти кои исфрлаат секаков вид на отпад. Во оваа ситуација граѓаните се подложени на ризик од секакви заболувања, се вели во објавата на ФБ од политичката партија Левица.Од Левица додаваат:Поради лошите политики на сите досегашни власти, Битола има дури 70 диви депонии. Наместо изградба на современи рециклицирачки центри под државна контрола, парите на граѓаните се трошат за непродуктивни тендери и партиски вработувања. Унапредувањето на животната средина и на природата е темелна вредност во Уставот на Р. Македонија.Уште еднаш апелираме до општинската власт дека со нивната неажурност и немањето интерес за инвестиции во современи депонии, во одводните канали околу градот се прави голема штета, затоа што при надоаѓање на поголема количина на атмосферските води доаѓа до одлевање на водата и истиот тој отпад завршува надвор од каналите и доаѓа до уште поголемо загадување на почвата. Исто така, тој отпад може да заврши во речните корита, каде би дошло до труење на рибниот фонд во реките, и доаѓа до нарушување на флората и фауната.Оваа грда слика не смее да е главно обележје и симбол на Градот на конзулите, велат од Левица.

Македонија | пред 5 години

vasil

Гарванлиев по обвинувањата: Тоа беше организиран кримнален напад на мене, ова ме направи посилен како човек и ми даде поголема одговорност да бидам глас на безгласните

Во интервју за порталот „Eurovisionworld“ претставникот на Македонија, Васил Гарванлиев, зборува за тоа колку бил разочаран по откажување на Евросонг 2020 година, па повторната понуда од МРТВ оваа година да настапи на музичката манифестација, ја прифатил со големо задоволство.„Бев скршен и разочаран затоа што поради ковид-19 се откажа настанот и си реков „ конечно добив шанса да си го исполнам најголемиот сон, но животот имал поинаков план“, вели тој, откривајќи дека во текот на пандемијата продолжил да работи посветено и фокусирано. Кога беше откажана манифестацијата, еден дел од мене како да престана да дише, сè додека не го добив повикот од МРТВ во кој ми кажаа дека повторно ме избрале за македонски претставник на годинешната Евровизија. Вредеше да се чека осум месеци“, открива Васил.Но, она што не го очекувал беа настаните кои започнаа веднаш по објавувањето на видео-спотот за евровизиската нумера „Here I Stand“.„Тоа беше организиран кримнален напад на мене и над него никој немаше контрола. Нештата беа извадени од контекст и лажни информации се ширеа што доведе до негативен одговор и сајбер-насилство дури и јавен линч кон мене. Не сакам тоа да му се случи на никого, но гледам светло на крајот од тунелот. Многу сум благодарен бидејќи сето тоа што се случи ѝ даде уште подлабоко значење на мојата песна и ме инспирираше да бидам уште поуспешен во презентацијата. Ова ме направи посилен како човек, а како уметник ми даде поголема одговорност да бидам глас на безгласните, особено за артистите ширум светот кои немаат уметничка слобода за себе. Ќе ја замолкнеме омразата со љубов, позитивна енергија и музика“, вели Гарванлиев.фото: Инстаграм Васил Гарванлиев

Македонија | пред 5 години

advokat

Детето кое го тепаа во Кочани има модрици по телото, адвокатот вели го тепале возрасни мажи

„Го клоцале, го мавале со шамари, го удирале по раката која му е повредена. Секаде го удирале, по глава, лице, по колкот, доле кога паднал го клоцале секаде по телото“. Вака адвокатот Амет Срџан, кој го застапува малолетното дете кое пред неколку дена беше претепано во Кочани, го опишува насилството кое било извршено од возрасни лица. Тој очекува, дека сите инволвирани лица ќе бидат обвинети за тешки кривични дела, бидејќи освен што го малтретирале, тепањето го снимале и го објавиле на социјалните мрежи. Претепаното дете потекнува од дисфункционално семејство и тоа живее во згрижувачко семејство во Скопје, објави А1ОН.„Со детето имаше распит во полиција, со присуство на Центарот за социјална работа и јас, каде е земена изјава што точно се случи во Кочани, кои беа луѓето, дали може да ги препознае и така натаму. Изјавата е земена во својство на оштетен, не во својство на обид за кражба, како што се пласираат информации. Се чека да се заврши таа постапка, бидејќи овие информации кои се добиени од оштетениот односно детето, се пренесени во СВР Штип и Кочани, а тие постапуваат по нивни процедури, за да се утврди фактичката состојба. Направено е големо кривично дело, за среќа полицијата се постави како што треба и до тука си ја заврши својата работа како што треба. Тројца се приведени, 20 се испитани, така што тоа не значи дека ќе остане само на тројца. Се собираат доказни материјали. Детето може да ги препознае сторителите, според него. Тоа ќе ја менува работата во однос на бројот на обвинети. Велам обвинети, бидејќи јас сум адвокат во постапката. Очекувам луѓето кои ќе бидат обвинети врз основа на факти, аргументи и докази дека ќе сносат големо кривично дело, односно кривично дело против дете со поткатегории како физичко и психичко насилство, снимање и откривање на идентитетот на детето преку социјални мрежи. Тоа е потешко кривично дело. Ќе почекам да заврши целата предистражна постапка на МВР, па потоа, како застапник на оштетениот ќе пристапам кон модифицирање ако има потреба. Ќе видиме која ќе биде кривичната пријава, па ќе пристапиме соодветно“, вели адвокатот Амет Срџан.До крајот на утрешниот ден, ќе му биде направен и проверка на психичката состојба на детето. Засега, познато е дека тоа имало видливи повреди по телото, од ударите со кои се здобило.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Forum-na-dobri-kompanii-2

Битиќи на „Форумот на добри компании“: Владата е фокусирана на развојот на социјалното претриемништво, создаваме можности за секого

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“ и Германското здружение за меѓународна соработка (GIZ), се обрати на „Форумот на добри компании“, одржан преку видео конференциска врска, каде зборуваше за предизвиците со кои се соочува општеството во период на кризата со пандемијата од Ковид – 19, како и за преземените активности од страна на Владата за надминување на овие предизвици, закрепнувањето во пост-ковид периодот и одржливиот и инклузивен развој на Република Северна Македонија.Вицепремиерот, во своето воведно излагање посочи дека ковид кризата имаше особено влијание на ранливите групи на граѓани. Една од поуките коишто се извлечени и кои што произлегуваат од оваа криза е дека и внатрешните проблеми на земјите се совпаѓаат со проблемите на глобален план и токму затоа е особено важно да се работи на надминување на проблемите и предизвиците со инклузивен пристап, а основните вредности секогаш мора да се засноваат на идејата да се грижиме едни за други.„Верувам дека светската економија ќе има сериозно поместување кон социјалната економија, каде што центарот на вниманието ќе им припаѓаат на општествено одговорните компании, оние кои работат за добро на општеството, а кои преку генерирање профит создаваат можности од голема важност за ранливите групи на општеството. Социјалното претприемништво е нешто на што сите треба да се фокусираме. Верувам дека во светот има многу неискористени можности на полето и дека многу идеи ќе бидат претворени во големи социјални бизниси кои ќе одговорат на многу социјални предизвици, помагајќи му на општеството да стане посилно, подобро и поразновидно. Владата на Северна Македонија го препозна големиот потенцијал на социјалното претприемништво и ние сме подготвени да го прилагодиме нашиот систем за нови идеи и нови начини на создавање бизнис со цел да изградиме инклузивно општество“, нагласи Битиќи.Битиќи потстети дека од 2018 година, Владата на Република Северна Македонија, преку Националниот совет за одржлив развој, ја потврди заложбата за спроведување на Агендата на Обединетите нации 2030 година и ја истакна важноста за стабилна интеграција на Целите за одржлив развој во националните стратешки документи и локалните планови.„Ние сме посветени на постигнување на 17-те цели како дел од Агендата 2030 година, универзална рамка за зајакнување на колективните активности кон остварување на заедничките цели и предизвици. Работиме со голем фокус на намалување на сиромаштијата, подобрување на здравјето и добивање благосостојба, подобрување на квалитетот на образованието, добивање почиста животна средина преку создавање на одржливи градови и заедници со достапна и чиста енергија, подигање на климатската свест и акција, намалување на нееднаквоста и родова еднаквост, создавање мир, правда и силни институции заедно со пристојна работа и економски раст и зајакнување на индустријата, иновациите и инфраструктурата“, додаде Битиќи.Вицепремиерот уште еднаш се осврна на инклузивноста кон која пристапува Владата во процесот на креирање на национални стратегии, политики и мерки и посочи дека најдобрите решенија и победи се добиваат кога во нивно создавање се работи зедно.„Иднината лежи во подобрувањето на светот, а подобрувањето на светот ќе биде можно само ако сите станеме обединети, работиме заедно и тежнееме кон истите цели, создавајќи можности за секого и имајќи голема свесност дека секој заслужува да биде вклучен “, заврши вицепремиерот Битиќи во своето воведно обраќање на „Форумот на добри компании“.На овој форум свое обраќање имаше и амбасадорката на СР Германија во нашата земја, Н.Е.Анке Холштајн, како и извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“, Климентина Илиевски, а на панелите планирани по официјалното обраќање, дискутираат и ретставници на реномираните меѓународни компании Икеа и Декталон, претставници од Меѓународната организација на трудот (ILO) и Европската комисија, како и други реномирани говорници.

Македонија | пред 5 години

licna-karta-696x365

(ФОТО)ВМРО ДПМНЕ: Издавани дупли индентитети на непостоечки луѓе во Македонија, кои најверојатно се користени за избори

Издавани дупли индентитети на непостоечки луѓе во Македонија, кои најверојатно се користени за избори, истакна предмалку на брифингот со новинари претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според Мицкоски станува збор за еден човек со два матични броја.Како пример го наведе Џадин и Џеладин Адемовски познат како Седат и втор сличен пример со име со кој имаат идентичен матичен број, а само последните три броеви им се различни.„Невозможно е да се родени во ист ден Џадин и Џеладин Адемовски од чаир со само три броеви различни. А едниот е Седет Пекер. Другиот пример е еден човек во два матични броја. Овие лица се ставени во избирачкиот список. Следат Пекер е Џадид Демоски и гласа во училиште во Чаир. Таму бил на список со право да гласа “, брифираат од ВМРО ДПМНЕ.Според ВМРО ДПМНЕ недостасуваат 100.000 oобрасци за матични броеви. Избирачкиот список е прочистен во2016 кога Оливер е технички министер.„Датумот на раѓање местото и адресата за живеење и полот се исти само последните три броја се различниТогаш како се појавуваат 20.000 дупли матични броеви. Колку избирачки списоци со овие двојни идентитети потпишал до сега Оливер Спасовски“, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ (документите се поделини на брифингот со новинари во ВМРО ДПМНЕ)

Македонија | пред 5 години

1-cuk-r-srdba-spelolozi-spasuvaci-4

Посета во ЦУК од претставници за спасување од Спелеолошката федерација на Македонија и работна средба со директорот Ангелов

Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во рамки на континуитетот воспоставен од почетоков на годинава, оствари работна средба со претставници на спасители во природа, но и во урбани средини, конкретно со: Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија и раководител на Спасителната служба „Златоврв“ и Сашко Петрески од СС „Златоврв“. Средбата беше остварена секогаш актуелната тема: спасување човечки животи, по меѓународни стандарди во нашата држава, при тешки временски услови и на тешко пристапни места во сите годишни времиња.На средбата со Ангелов о ЦУК, беа разменети информации за обостраните можности за соработка и координација за воспоставување релации и за спасување човечки животи во природа (во пештери, длабоки јами и слично), но и во урбани средини, при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби и соработка со ЦУК за спасување човечки животи во природа е планирано да продолжи.Овој континуитет и интерес на невладините здруженија и федерации коишто се и за спасување човечки животи во тешки услови во природа, но и во урбани средини, дава и еден правец за заедничко препознавање, на и од, ЦУК како важен дел од Системот за управување со кризи во контекст за пренесување и координација на нивното искуство и можности за спасување животи. Тоа, како што нагласија присутните спасители од Спелеолошката федерација на Македонија и Спасителната служба „Златоврв“, се искуства од минатите активности, сегашноста, а коишто во соработка со институциите и ЦУК, ќе се координираат и надоградуваат согласно современите светски текови, искуства, а и во идна нова поставеност во и на ЦУК и Системот за управување со кризи во државата (СУК), за спасување човечки животи, по меѓународни стандарди.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_10

ВИДЕО: Голем протест во недела пред Влада, најавуваат Бачев и Ченто

„Ги повикувам сите мои пријатели да дојдат и да ни дадат поддршка во овие тешки моменти за нас кога трпиме невидена неправда веќе четврта година“ пишува на страницата „Слобода за Јане Ченто“.„Единствена Македонија и јас лично остануваме на ваша страна. Грижата за неправедно осудените, обврска за секој од нас. Да дојдеме масовно на 25 април“, напиша и лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Скопје | пред 5 години

policija-krazba

Уапсени две лица во Кочани, едното малолетно: Затекнати биле дека вршеле тешка кражба

Полицијата денеска ги лиши од слобода А.В.(26) од Кочани и 15-годишен малолетник затоа што во 11:30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани.Како што соопшти МВР, по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

jansa-1

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот - Предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“  го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија.Документот, кој крена прашина во регионот во последните денови, зборува за идеи за распарчување на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, а се шпекулира дека словенечкиот претседател Јанез Јанша го испратил нон-пејперот до Брисел.Никој официјално не потврди дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ, кој предвидува распад на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, всушност постои, пишува „Нецензурирано“.Според информациите на словенечкиот портал, документот со наслов „Западен Балкан – патот напред“ бил примен од кабинетот на Шарл Мишел во февруари.Кој го напишал не може официјално да се знае. Според словенечките новинари, тоа сигурно не било напишано во словенечкото Министерство за надворешни работи.Според некои информации, дел од неговата содржина може да биде напишана во Будимпешта. Меѓутоа, во дипломатските кругови во Брисел тој се нарекува словенечки документ бидејќи кабинетот на Јанша наводно учествувал во испраќањето на разни адреси.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

Martin-A.15.04.2021

Угостителите ќе протестираат се до исполнување на нивните барањата за спас на секторот

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор нема континуитет, а по цела година не постојат ни протоколи за работа за сите дејности кои би можеле да се почитуваат. Секторот угостителство се соочува со бројни предизвици, условите за работа не овозможуваат ни приходи за покривање на основните трошоци. Во такви околности со загрозена егзистенција на цел сектор, кој нема ниту основна помош, иако беше ветувана, нема повеќе простор за чекање, сите граници се поминати. истакнаа денес од Туристичко угостителската комора на Македонија.„Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето кои работат во овој сектор. Цела година сме предмет на јавно линчување иако помошта која ја добивме беше минимална и обременета со многу критериуми. Угостителскиот сектор од 14.03.2020 година, се до денес работи под бројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосни рестрикции, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Затоа денес Туристичко-угостителската комора, ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор и најавува радикализирање на делувањето кое ќе трае се додека овие мерки целосно не се реализираат“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.ТУК бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош, не само за зачувување на работните места туку немаат никаква помош ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители.„Потенцираме дека под помош не сметаме понуди од владата за користење на кредити од Развојна банка, тоа е само дополнително задолжување од еден кредит да имаме два. Бараме еднократна финансиска помош за секој од регистрираните над 100 категоризирани објекти, кои повеќе од една година се затворени во целост, а со цел покривање на досегашните трошоци и долгувања акумулирани поради забраната за работа“, истакна Ангеловски.Барањата вклучуваат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.„Бараме утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Ако може владата на нас со уредба да ни забрани да работиме, може со уредба да утврди банките додека не работиме да не ни ја цицаат крвта и да не задолжуваат заканувајќи ни се дека ќе останеме на улица без дом и егзистенција“, изјави Ангеловски.Тој потенцираше дека состојбата во моментот во секторот е крајно алармантна и правните субјекти се соочени со колапс.„Се бара помош за сите угостителски објекти, секој е подеднакво важен и не смее некој да остане без неопходна помош во овие најтешки периоди за угостителството, затоа од понеделник 20 април излегуваме заедно како сектор на протести и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, изјави Ангеловски.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-5

Филипче: Бранот стивнува, се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи

Министерот за здравство, Венко Филипче  информираше дека бранот на новозаболени лица со коронавирус  во последниве 24 часа е во опаѓање. Како што кажа тој, здравствените власти и натаму се претпазливи бидејќи на голем број од новозаболените би можело да им затреба болничко лекување. Министерот соопшти дека бројот на новодијагностицирани случаи во последново деноноќие е под 900.„Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, рече Филипче.Филипче додаде дека на 19 април ќе пристигнат 10 илјади вакцини на Pfizer, на 26 април ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а на 28 април се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Според министерот се очекува да пристигнат вкупно 200.000 вакцини.Министерот додаде дека дневно се вакцинираат по 1.500 граѓани, а откако ќе стигнат дополнителни вакцини, бројот на дневно ниво ќе се зголеми.„Нас во овој момент не ни треба нарачка не ни требаат дополнителни вакцини. Засега имаме нарачано 2,6 милиони вакцини“, изјави Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mavrovi-anovi-debar

Поведена постапка против српски возач на камион – учесник во тешка сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 13 април управувал со товарно возило – влекач МАН со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во спротивен правец.Во несреќата, на лице место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди.Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.​​ Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-66

Судската администрација револтирана: На списоците за вакцинација се само претседатели на судови и судии

Здружението на судска администрација реагира на листата за вакцинирање и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ја изработил листата за вакцинирање на вработени во судовите.Ако според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, при Министерството за здрвство, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, нејасно е како тоа на листата за вакцинирање постои само една категорија на вработени во судовите се вели во отвореното писмо од судската администрација до Судскиот совет.„Зошто Судскиот совет не побара информација за бројот на заболени судски службеници од covid-19 во изминатите месеци кои ги карактеризираат непочитување на мерките и препораките на Влада на РСМ и Комисија за заразни болести во најголем број од судовите. Можеше ли тие бројки да бидат помали доколку посериозно се менаџираше работењето во вакви пандемиски услови“ – се вели во писмото.Од Здружението на судската администрација прашуваат дали во судството некој чувствува одговорност што за разлика од органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, во судовите и понатаму судските службеници работат во писарниците и канцеларии со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат и своето и здравјето на своите семејства..„Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор“? И не само граѓаните, со вакви поделби дури и кога е во прашање јавното здравје, довербата во судството одамна ја губат и вработените во судската служба„ – велат од Здржението на судската администрација во писмото.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev-2

Досието за Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време ОЈО сите да ги провери и истражи

Империјата на Орце Камчев градена преку даночни затајувања, офшор компании и финансиски малверзации, од ден во ден се повеќе се распаѓа. Слободен печат неофицијално дознава дека целото досие за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време сите да се проверат и истражат. Целиот процес го отежнуваат големиот број трансакции, многуте фирми кои Камчев ги има низ странски држави, пред се оние во офшор дестинациите. Оттаму, никој не знае уште колку ќе трае вештачењето на доказниот материјал со оглед на неговата обемност. Јавното обвинителство во чија надлежност е сега предметот, после вештачењето се очекува да покрене обвинителен акт.„Империја“ е предмет во кој се истражува финансиски криминал на Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие, како што соопшти своевремено СЈО, ќе се гонат поради сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.Но, додека се чека целата империја на Камчев и партнерите да биде официјализирана со обвинение, Јавното обвинителство направи издвојување на предметот „Плацеви на Водно“ како посебен предмет, предметот поради кој Камчев е во притвор.Текстот во целост на: Слободен печат 

Македонија | пред 5 години

glava-cigli

(ВИДЕО) Поздрав до директорот на ЦУК, и објаснување како се користи главата и за што служи, вели Горгиев

Поздрав до директорот на ЦУК, и објаснување како се користи главата и за што служи, напиша на својот Фејсбук профил Благојчо Брлоко Горгиев.Извор: ФБ

Македонија | пред 5 години

parcela-1

O2: Во Гази Баба се планира фабрика за топење отпад, дури и радиоактивен

На 4 катастарски парцели во о. Гази Баба се планира изградба на постројки за термички, физичко - хемиски и хемиски третман на неопасен отпад. Локацијата на КП 11589/1, 11683, 11684 и 11730/1 во КО Старо Скопје е северно од комплексот Железара и источно од о. Бутел , се вели во објавата на О2 иницијатива.Во продолжение на објавата се додава:👉 Во тек е спроведување на стратегиска оцена за влијание за животната средина (СОЖС) со рок за доставување на забелешки до 30.04.2021Вкупната површина на овие парцели е 229,256 м2. Парцелите се во државна сопственост и ќе се продаваат на инвеститор кој неофицијално е познат.Општината не дала уште официјални податоци за каков отпад станува збор, ниту со каква технологија тој ќе се преработува и согорува.⚠️ Неофицијално, на оваа огромна површина се планира да се отвори фабрика која ќе врши третман на троската од Макстил, топење на прашината од филтрите на оџаците од челичарница и топење на цинк. За да се задоволат капацитетите на фабриката, ќе се врши и увоз на индустриски отпад од Косово (☢️ радиоактивен?) и Албанија.Низ земјиштето што се продава поминува водоводна мрежа за селата Црешево и Смилковци, па со изградбата на фабриката за преработка на отпад, водоводот ќе треба да се премести.Советникот на о. Гази Баба, Дејан Димитриевски, изјавува дека во близина на ова земјиште има земја што се обработува заради производство на храна и има сознанија дека фирми се заинтересирани таму да отворат конзервна индустрија и други лесни незагадувачки индустрии, но не можат да добијат, зошто земјиштето му се дава на инвеститорот за преработка и согорување на отпад.Приоритет на отпад, и тоа увезен и по можност ☢️ радиоактивен vs. производство на храна.Убави приоритети има општина Гази Баба и нејзиниот градоначалник за своите и граѓаните на Скопје и околината. Во кој апсурдистан ние живееме.извор: О2 иницијатива

Скопје | пред 5 години

venko-filipce-9

Филипче најавува тужби за медиуми ако не повлечат вест, негирајќи дека злоупотребил народни пари

„Опозицијата и медиумите блиски до нив, преку лаги и клевети продолжуваат да го подриваат здравствениот систем. Во услови на пандемија, како Министерство за здравство правиме се што е во наша моќ да обезбедиме потребни вакцини, лекови, опрема или респиратори, а ВМРО-ДПМНЕ единствено што прави е креирање лажни афери. Целосно ги демантирам наводите за исплатени милион евра за респиратори од Бразил. Ниту се исплатиле пари за посочената набавка која се споменува во објавите на медиумите блиски до опозицијата, ниту било што од напишаното во текстот е точно. Министерството за здравство никогаш нема потпишано договор за набавка на респиратори од Бразил ниту воопшто има донесено одлука за таква набавка. Вакви рециклирани лажни афери за кои порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција уште пред една година не поминуваат во јавноста. Граѓаните се заморени од измислувањата на опозицијата која освен тоа ништо друго конструктивно нема направено за време на пандемијата. ВМРО-ДПМНЕ лажеше за набавка на вакцини, за опрема, за број на тестови, а сега и за респиратори - лажна афера стара цела година.Барам од Инфомакс, Курир, Нетпрес и сите кои ја шират лагата на ВМРО-ДПМНЕ итно да ги повлечат текстовите со кои ја лажат јавноста дека некој злоупотребил народни пари. Во спротивно, ќе ги употребам сите правни механизми да одговараат за ваквите клевети“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.Опозицијата и медиумите блиски до нив, преку лаги и клевети продолжуваат да го подриваат здравствениот систем. Во услови...Posted by Венко Филипче on Wednesday, April 14, 2021

Македонија | пред 5 години

remenski-1

Ременски: Избори со отисоци од прсти со републичкиот шеф на изборен штаб - Никола Тодоров?

Поодамна „се канам“ да го напишам овој текст за да го доловам профилот на една „заштитена мачка во политиката“ која од скоро срамежливо ја промовираат како некаква „опозициска реформска алтернатива“, а всушност човекот е "унгарски лојалист“ на дугме, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Во продолжение објавата на ременски во целост:По онаа позната криминалистичка изрека „Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството“, забележав дека денес објавил политичка колумна со еден футуристички поглед (?!) за „избори со отисок на прсти“ во која законскиот предлог и технологијата за гласање со отисок од прсти ја претставува како НЕГОВА идеја.Не би била криминалистичка анализата ако кон профилот на личноста не бидат обединети „тематските проблеми“ околу „предметот“ што е тема, а тоа би звучело вака:„Каква е поврзаноста и улогата на Никола Тодоров со „идејата за гласање со отисок од прсти“ што ја промовира во еток на скандалот со крадење на идентитети за биометриски документи; и, дали отворено промовирање на оваа „негова идеја“ го враќа на неговиот милионски фалсификат на тендерски документации за опремување на МВР (и МТРВ) со „Автоматизиран систем за регистрација на траги од папиларни линии“ (АФИС) кој треба да биде основата на „неговата технологија за гласање со отисок од прсти“⁉️Никола Тодоров – Нино во оваа криминалистичка анализа е „ПРОФИЛОТ“, „ТЕМАТСКИТЕ ПРОБЛЕМИ“ се однесуваат на се што е поврзано со „ПРЕДМЕТОТ“ – гласање со отисок од прсти со набавка на АФИС систем во ДИК, и АМНЕСТИРАНИОТ криминал за веќе крииминално набавениот АФИС систем за МВР, со злоупотреба на Факултетот во кој работам од 2004 година до денес. Оваа последна реченица ја нагласува заради ЈАВНАТА димензија на ИНТЕРЕСОТ за кој зборувам во континуитет од 2012 година до денес.Кој е Никола Тодоров - Нино ?Профилирање на Нино нема да го правам по сите нишани за една криминалистичка анализа, за да не навлезам во приватноста која нема врска со неговите јавни функции и дејстија што ги извршувал доброволно или по наредба. Нема исто така, да навлегувам во неговата приватност во релациите со Никола Груевски чиишто лојалист е до денес, што не значи дека таа приватност не е важна во неговото минато, сегашно и идно делување.„Бомби за Нино“ не сум слушала или преслушувала, но како што кажува еден професор – „не е важно тоа што е објавено, туку тоа што не е објавено“.Ако се согласам со оваа констатација тогаш, голем проблем на нашето општеството во целина не е во тоа што се знае, туку во тоа што не се знае, а не знаеме како сето тоа се користи за моделирања кои изгледаат чудни ...Но, да не се одалечувам од темата ...Тодоров во „поново“ или поточно кажано „сдсмовско време“ на владеење ретко кој го памети или сака да го памети по многубројните работи за кои го критикувавме додека бевме во опозиција. Како да избледе сликата на паролите дека беше „министер за смрт“, дека го погреба образованието со „проекти за се', а за ништо“, за „тендерите“ ..., како човек за операционализација на вољата на Никола Груевски итн.Сопартијци во изминатите месеци ги спорелуваа неговите „визии за политиките“, медиумите го промовираа „како нов ум во политиката“, додека останував да се чудам колку брзо забораваме.Не верував дека е случајно, што се потврди.„НЕКОЈ“ уште во фазата на Пржино преговорите чиишто предводник од страната на ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Тодоров подготвил терен („операција за извлекување“) во даден момент тој да биде употребен како предводник на некаква „реформаторска опозициска алтернатива“ на база на ПРОСТУВАЊЕ на „заборавените пароли и гревови“!За да се издигне како морална големина, а воедно да се прикаже како потенцијална „жртва од опозициски мотивираниот“ дедото на покојната Тамара на 02.06.2017 година од импровизирано оружје пукаше во Никола Тодоров откако тој претходно на 29.05.2017 година поднесе оставка. Откако виде дека, политичката „судбина“ на неговиот Никола Груевски по настаните од 27.04.2017 година е неславна, „одлучи“ времено ДА ГО СНЕМА од политичко-општествениот видик. По бегството на Никола Груевски активно почна да промовира про-западни ставови од позиција на припадник на партија која во клучните периоди за евроатлантската перспектива на државата немала јасени ставови за неа. Да не се лажеме, дури и денес про-реформскиот Никола Тодоров не го кажува јасниот својот став за евроатлантската иднина на РСМ која подразбира прифаќање на општествено-политичката реалност за државата во меѓународни рамки, туку срамежливо ги турка идеите за внатрепартиска диференцијација.Да не се разбереме погрешно.Немам никаков проблем со партиската кариера на Никола Тодоров – може да сака и да се бори да биде што сака. Но, имам проблем со обидот таков политичк кам-бек да се гради врз основа на амнестиран криминал кој во овој политичко-општествен контекст станува актуелен и заборавен истовремено. Не верувам исто така дека некому му е драго што многу ликови од режимот, наеднаш станаа „самопрогласени жртви и прогонувани“ во една инверзија како резултат на политичка нерешителност до крај да се справиме со „режимските остатоци“ како што милуваат многумина да кажат денес.МВР?МВР беше клучниот фокус на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ во Пржино 1 и 2 преговорите, предводен од Никола Тодоров. Откако за почеток (со наша помош) ја протуркаа во јавност балон-идејата - „експерт наместо политичко лице за министер“ и преминаа во фазата на договарање кој, зошто, каде и како по ресорите, заклучија дека, актуелната „Афера АФИС-и и незаконското опремување на МВР“ беше ЗРЕЛО за обвинени од ОЈО за ГОКК!Како течеа преговорите, така добивав впечаток дека, наместо за партијата, Никола Тодоров почна да преговара за себе, односно да преговара за прикривање на неговиот криминал поврзан со МВРО кој сигурно ќе беше расчистен, доколку не беше така. Бидна - Никола Груевски, Сашо Мијалков и Никола Тодоров го осигураа „транзитот“ на ова печено обвинение за нивниот фалсификаторски и милионски криминал до одлуката на ЈО Гордана Смаќовска за ПРИКРИВАЊЕ на криминалот со АФИС-ите во стилот „Тази дупка, не е дупка“ во времето на „нинојавление“!„Тематскиот проблем“ денес ...Тодоров во денешната негова колумна насловена како „Која краде на избори?“ во една крајна контрадикторност од една страна тврди:„Прилично е невозможно ВМРО и СДСМ да крадат на избори“, а од друга страна бил „среќен што конечно по 8 години откако прв пат тоа го предвидовме во Изборниот законик, ќе профункционира утврдувањето на идентитетот на гласачите со проверка на отпечаток од прст“, среќен е „ што сите ќе се уверите дека ВМРО или СДСМ организирале мртви да гласаат, или дека некоја од овие две партии полнела кутии или дека воопшто ВМРО или СДСМ ги украле изборите. Сега ќе се докаже дека ниту СДСМ ниту ВМРО не краделе на избори, но за другите не можам да гарантирам.“Да не беше НИНО во прашање и неговата теза од Пржино преговорите дека „е задоволен што, како што потенцира, на виделина ќе излезе лагата и манипулацијата што за цело време ја пласирала СДСМ за Избирачкиот список“ и дека „ Ќе се види дека Избирачкиот список за цело време бил прочистен, дека немало никаков проблем со него ...“.Ако според Никола Тодоров во 2016 година „Избирачкиот список бил прочистен и не бил никаков проблем“, тогаш од кои причини Никола Тодоров во 2021 година да заговара „преполовување на гласачите за избори доколку тие се спроведат со отисок од прсти“ ?Дали оваа „месијанска надпартиска клика“ која минатата година заговараше „Влада за државен спас“, доби на сила откако и „де факто и де јуре се осугура“ дека, аферата со системот и апаратчињата за отисоци од прсти во 7-годишна процедура нема да го зафати него, Панче Кралев и останатите кои „одработија за уставните измени“ како што знаат да кажат во партиските кругови?Како ќе се гласа со „отисок од прсти“?Никола Тодоров во денешната колумна „Кој крада на избори“ вели дека, идејата за „гласање со отисок од прсти била негова уште во 2013 година“ и објаснува како тогаш (а јас читам денес) предложил да тече гласањето со отисок од прсти. Па вика вака: „Сметав и сметам дека ќе биде голема грешка доколку се пристапува до базата на податоци преку интернет. Има места каде интернетот е слаб или каде „намерно ќе ослабе“ или ќе се исклучи со цел да не може да се спроведе проверката на отпечатокот од прстот. Предлагам, за секое избирачко место да се набават по два лаптоп компјутери со соодветна конфигурација, без цд-читач или усб-порта и на кои ќе бидат снимени, без можност за преземање, снимање или бришење, податоците за отпечаток од прст, само на оние гласачи кои се на избирачкиот список во тоа избирачко место. Значи на секој лап топ компјутер да нема повеќе од илјада записи со име презиме, слика, матичен број и базата на податоци за отпечаток од прст на граѓаните кои живеат во тоа избирачко место. Да се набават најмалку по три читачи за отпечаток од прст за секој компјутер, со цел доколку не може да го прочита отпечатокот на првиот читач процедурата да се повтори на вториот, па на третиот. Така шансите за грешка, а со тоа и оневозможување некому да гласа ќе бидат минорни, односно речиси невозможни. За време на целото гласање да биде вклучена опцијата за снимање на екранот на компјутерот каде се складирани податоците, со цел доколку има каков било обид за малверзација или кражба на податоците, односно идентитет, истото да биде документирано. Секој компјутер да биде задолжен лично од еден член на избирачкиот одбор и тој да одговара за неговото користење или евентуална злоупотреба. Компјутерот со овие податоци да се смета за изборен материјал и така да се третира. Вака можноста за мамење или малверзација е сведен на нула. Како што ви реков, едвај чекам да ги видам резултатите од вака организираните избори. Особено во некои општини и избирачки места“.Ако тогаш и денес го прашате Никола Тодоров дали знае како воопшто функционира „базата на биометриски податоци“ за кои пишува, како се пристапува кон неа и што треба да се прави, ве уверувам дека ниту тогаш, ниту сега знае. Но, сигурна сум дека му кажале дека, системите за проверка на идентитети (АФИС-ите) кои како министер за образование тројно, милионски ги преплати и ги ОВОЗМОЖИ со ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА во корист на МВР (за кое жестоко преговараше во пржинските преговори) се технологијата што сега ја заговара како „идеално“ решение да не се крадело на избори!Во екот на системски скандал со крадење на идентитети и биометрија - Тодоров застапува гласање со „отисок од прсти“ ...Јавно излегов со тезата дека, предуслов или основа за крадењето на идентитетите и биометриските податоци кои се злоупотребени за издавање на биометриски пасоши на белосветски криминалци (знајни и незнајни) се ЛИЧНИТЕ КАРТИ, кои масовно се издаваа на државјани на Албанија со македоско етничко потекло за време на локалните избори во 2013 година!Она што е „тематски проблем“ врзан за „профилот на Никола Тодоров“ во врска со биометријата (избори и кражба на идентитети) е ФАКТОТ што тој (како министер за здравство) во 2013 година беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори.Не може никој да ме убеди дека, шефот на изборниот штаб не знаел „за човечињата што си гласаат“, за начинот како им беа издадени лични карти или за шефицата за лични кари Надица, но и за подготвениот терен со АФИС системот во МВР, додека беше министер за образовани и наука. Шеф на републички изборен штаб на партијата беше и во 2016 година!Овој податок е многу важен за изборното морализирање и избегнување на дебатата за кражбата на идентитети за биометриски пасоши од една страна, и заговарање на избори со отисок од прсти од друга страна, во стилот на онаа народната „село гори баба се чешла“!Да ја резимирам оваа долга профилација која има повеќе епизоди ...Институционализираното прикривање на организираниот криминал во МВР кој со години го спроведува ЈО Гордана Смаќовска во ЈО на Вилма Русковска, се обиде СО ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИ ОВЛАСТУВАЊА да го прикрие криминалот што е МАЈКА на изборните фалсификати и биометриските кражби денес – „Аферата АФИС-и и друга опрема набавена со тендерски фалсификати во МВР“!Ако овој криминал е МАЈКА на криминалот со пасошите што го гледаме денес, тогаш ТАТКОТО на овој изум (фалсификат) е Никола Тодоров со која започна најголемиот, милионски и неистражен до крај кримина тежок 60 милиони евра – Проектот „Опремување на лабаратории за високообразовни и научни установи“!Никола Тодоров не само што е времено „амнестиран“ од ОЈО за ГОКК од овој фалсификат и злоупотребите во 8-годишната „истрага“ на Гордана Смаќовска, туку заедно со Панче Кралев е „амнестиран“ и од криминал пријавен од Управата за финснсиска полиција со поднесени кривична пријава во 2018 година!Ако рецептот за оваа „реформаторска умешност“, односно „транзиционен коридор“ до следна власт е дружбата со оние кои ветуваат „операции за извлекување“, т.е., повлекување до наредно појавување, тогаш дефинитивно Никола Тодоров треба да го ставите на чело на „оперативната група за спроведување на избори со отисочи од прсти“. Сите ќе победат со неговата „идеја“ и подрумските АФИС-и. Или пак, нека почекаат да видат дали ќе напише некоја колумна за кражбата на идентитети за биометриските пасоши кои се топ-тема од негово време, а тој се прави „на Тошо“, додека чека да му свирнат „ајде трчај за ново дете“ – згазнато на опаш.Не смее да има избори со отисоци од прсти додека не се расчисти криминалот со опремата, идентитетите и прочистување на биометриската база на податоци!извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

Ey7wrM2WgAM1-IA

„Скопје 2014 добива конкуренција, сеа коа ќе ја направат зградата кај Холидеј Ин ќе фали уште Конг Конг да го увезат и комплетно ќе биде Скопје“

Низа бурни реакции за градењето на високотактници карши „Холидеј Ин“. На местото од сегашниот паркинг, планирано е да се изгрдат три кули, 15, 20 и 25 катни, 400 апартмани каде можат да домуваат 1200 станари. Другиот дел ќе биде со канцеларии и бизниси. Ова наиде на жестоки критики и сатирични коментари, дел од нив, ви ги пренесуваме:https://twitter.com/arthurgordonpy3/status/1382375515588268032https://twitter.com/JasTiTaaNie/status/1382364420957962246https://twitter.com/5Goksi/status/1382359104962826241https://twitter.com/Nepismen300/status/1382346491033976847https://twitter.com/zoreski/status/1382310977237098498https://twitter.com/NikolaStrez/status/1382106382707650561https://twitter.com/Untouchable6666/status/1382065377702785033https://twitter.com/satelite_chris/status/1382044757799620616https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1381919435162853376https://twitter.com/baljumbaljum/status/1381885889530445826https://twitter.com/cicorosen/status/1381884112496168960 

Скопје | пред 5 години

tatko-tepano-dete

Таткото на тепаното дете во Кочани се заканува со оружје

Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, вчера таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упати сериозни закани, објави Цивил медиа.– Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор, вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека го идентификуваа лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него.– Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.извор:  Цивил медиа.

Македонија | пред 5 години

aca-lukas-2

Аца Лукас хоспитализиран во болница, па пуштeн - не било ништо сериозно

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас, пред два дена, бил итно хоспитализиран откако му се слошило во неговиот дом.Како што објавија српските медиуми, Лукас почувствувал силни болки во стомакот, а бидејќи болката не престанала, побарал лекарска помош. Веднаш бил примен во болница, каде што лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите потребни анализи.Лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за некаква сериозна состојба или болест, по што пејачот бил пуштен на домашно лекување. При испитувањата е утврдено и дека Лукас не е позитивен на корона вирусот.Но по информациите дека пејачот Аца Лукас бил хоспитализиран во болница заради болки во стомакот порталите низ балканот не престануваат да пишуваат за причината и сериозноста.Но, крај на шпекулациите сепак стави самиот пејач кој се огласи во медиумите и демантираше дека бил хоспитализиран и дека воопшто побарал лекарска помош.Тој додал дека последен пат бил во болница кога требало да прими ревакцина за корона.фото: Архива

Магазин | пред 5 години

dimce-1

Арсовски: Нека ви текне кога последен пат сте виделе дебата на ТВ на министер на СДСМ со некој од опозиција?

Се сеќавате на времето кога СДСМ секој ден по 3 пати велеше дека нема дебата во Република Македонија и дека треба министрите да одат на дебата со опозицијата?Епа сега нека ви текне кога последен пат сте виделе дебата на ТВ на министер на СДСМ со некој од опозиција.Венко Филипче гостува сам на емисии и се фали сам себе како има вакцини колку сакаме и нема пандемија.Оливер Спасовски гостува сам на емисии и се фали сам себе, а кутриот ниедна вода не го пере.Мила Царовска сама гостува на емисии, напиша на својот ФБ профил, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.Арсовски во објавата додава:Радмила Шеќеринска веќе не ни гостува на емисии, страв ми е да не ја киднапирал некој.Никола Димитров сам гостуваше на емисии, сега веќе не ни знаеме ни дали е министер.Бојан Маричиќ сам гостува по емисии.Благој Бочварски никој не го видел, ваљда некаде си игра во песок како мало дете, заборавил дека е министер.Јагода Шахпаска откако го извреѓа цел народ, не се знае ни дали оди на работа, а не пак на ТВ.И велите дебата имало во моментов, а? извор: Димче Арсовски

Македонија | пред 5 години

oliver-spasovski-4

Спсовски: Правиме анализи дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство, дали ќе се користи „SafeCity“ или ќе се набавува нов софтвер

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека МВР има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот, но Министерството во моментов прави анализи дали набавката ќе биде преку јавно-приватно партнерство, дали ќе се искористи системот „SafeCity“ или пак ќе се набавува нов софтвер.-Ако зборуваме за тоа дали има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот при кој ќе нема човечки фактор ќе одлучува, да, има потреба. Оставката и кои се побудите за тоа не сакам да коментирам, бидејќи тоа е лична одлука. Работевме многу да направиме план во кој ќе има резултати за зголемување на безбедноста. За 23 проценти е намален бројот на сообраќајни незгоди. Со овие физички сообраќајни контроли, се намали бројот на сообраќајки со тешки последици. Вториот дел е како сето ова да се подобри. Затоа е важно софтверско решение, да преку камери овозможиме контрола при која нема да има човечки фактори. Ние правиме анализи дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство, дали ќе се користи „SafeCity“ или ќе се набавува нов софтвер. Набавката направена во Владатa не е набавка направена по нарачка на МВР. Според тоа што е направено нарачателот е Генералниот секретаријат на Владата. Се води постапка за овој случај и институциите ќе испитаат и тоа е важно, вели Спасовски. извор: Канал 5

Македонија | пред 5 години

w_56437755

Дваесет и петгодишниот пациент кој почина денеска од КОВИД 19, имал хронично заболување

Дваесет и петгодишниот пациент од Гевгелија кој се најде во денешната статистика на починати лица од Ковид – 19 имал хронично заболување. На прашање на Фокус каде се лекувал пациентот и дали имал хронични болести, од Министерството за здравство само кратко одговорија дека пациентот починал во приватната болница „Систина“ и дека имал хронично заболување.извор: Фокус

Македонија | пред 5 години

inspektorat-1

Во последната недела инспекции спроведоа 6.038 контроли, затворени три угостителски објекти

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли.Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози.Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија.При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска:„Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.При спроведените надзори, изречени се 25 прекршочни пријави и 107 решенија за констатираните неправилности, како и 67 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објект во Струга, Гостивар и Битола, во кои не се почитувале мерките за забрана за прием на гости. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози. Во однос на контролите на ДПИ, ќе посочам и еден сумарен податок. Односно, од 1-ви март досега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања.За сите затворања се доставени и прекршочни платни налози во зависност од големината на субјектот.Во периодот од 29-ти до 04-ти април, Инспекторат за транспорт изврши 52 надзори, при што изречени се: 14 прекршочни пријави и 3 решенија. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за превоз на патници, во текот на минатата недела констатирани се неправилности во однос на Протоколот за меѓународен превоз на патници и тоа на граничниот премин Табановце , за што се поднесени 3 Прекршочни пријави. Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 397 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 22 решенија. Од вкупниот број на решенија, 19 решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и 2 ППН за 2 вработени лица поради неносење лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести.Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 13 надзори во аптеки и при истите не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 229 надзори по Закон за заштита на населението од заразни болести и по Закон за безбедност на храна, при што издадени се 9 решенија и 14 едукации, по основ на небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање, чување и означување на производи, неводење на записи за ДПП/ДХП.Државниот инспекторат за животна средина изврши 43 надзори, при што за утврдените неправилности издадени се 7 Решенија. Со 2 решенија се наредува на правни лица да извршат мерење на емисии во воздух и води, 4 решенија се однесуваат на јавни комунални претпријатија кои се задолжени да применат минимални технички услови на непрописните депонии на кои го одлагаат отпадот и со 1 решение издадена е забрана за производство на електрична енергија додека да се постигне кота на езерото што ќе овозможи користење на вода за наводнување на земјоделските површини во регионот. Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли и надзори на терен, и со санкционирање на сите оние кои ги прекршуваат здравствените протоколи и мерки. Почитувањето на здравствените протоколи и мерки е клучно за заштита на јавното здравје и надминување на оваа здравствена криза, и затоа нема компромис кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните, односно, секој кој нема да ги почитува мерките ќе сноси одговорност“!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања