Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ulica-3

(ФОТО) Продолжуваат започнатите градежни активности за асфалтирање на улици во Охрид

Посветени сме на подобрување на инфраструктурните услови за жителите на село Лескоец. Денеска продолжуваат започнатите градежни активности за асфалтирање на улици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додва:Минатата година со средства од општинскиот буџет беше поставена нова канализациона мрежа.Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со инвестиции во руралните населени места со цел да се обезбедат подобри услови за живеење.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

mickoski-mickovski-hristijan

Мицкоски: Оставка треба да си даде цела влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски кажа дека оставка треба да си поднесе цела влада додека Рашковски треба да е во затвор.Мицкоски рече дека не е возможно службеник како Рашковски со неколку стотици евра плата да гради хациенди од илјадници метри квадратни, да вози луксузни автомобили од по осумдесет илјади евра и да летува по монденски места.Оставка треба да си поднесе цела криминална влада не треба Рашковски да си поднесе. Рашковски одамна треба да биде таму каде што припаѓа а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенди со по илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во ек на пандемија таму каде што беше и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70, 80 илјади евра ако се негови не знам така излезе информација по медиумите, дополни Мицкоски.Дополнително претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека оставката на Рашковски е прв морален чин кој што требало да се случи и поодамна но и дека ова треба да продолжи во континуитет и со владата.Мицкоски вели дека ако блиските соработници на Заев стократно го зголемуваат своето богатство тогаш само прашање е што се случува со другите односно со оние кои што се во првите редови на власта.Ако сето ова се потврди како точно ова е уште еден срам и блам на оваа влада бидејќи лицето кое што до вчера беше еден од најблиските соработници на Зоран Заев може да замислите што прави тој ако овој вака неколкукратни го зголемува неколку стократно го зголемил своето богатство тогаш кој знае што се случува со овие другите. Срамота. Срамота е ова што се случува и оставката е би рекол прв морален чин да се случи нешто иако порано требаше да се случи, но ова треба да продолжи во континуитет и со владата. Она кое што можам да го кажам еве и како еден колега се срамам што вакви луѓе воопшто се мои колеги од универзитетот иако сме на различни факултети, заврши Мицкоски. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kokain-vo-patika

Истрага за кокаин скриен во патика

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот.Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​ фото: Sole Collector 

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: На два доктората, една ОСТАВКА да не се знаело да се напише!

На два доктората, една ОСТАВКА да не се знаело да се напише, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.извор: ФБ Димитар Апасиев

Македонија | пред 5 години

trpenoski

Новинарот на СДК.МК Трпеноски требало да биде убиен или ранет на 27 април, за да добие оштета, во одлуката од судот уште стои дека СДК.МК не е медиум

Основниот граѓански суд Скопје ја одби тужбата за надомест на нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка како и за спреченост на правото за информирање при известувањето од организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, поднесена од тогашниот новинар на САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Трпеноски. Во образложението на одлуката на Судот, се наведува дека САКАМДАКАЖАМ.МК не е медиум, а Трпеноски не е новинар.„Со оглед на тоа што тужителот согласно Законот за медиуми не можел да има својство на новинар, бидејќи здружението каде тој бил вработен не претставува издавач на медиум, ниту пак дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК претставува медиум регулиран со Законот за медиуми, тужителот нема активна легитимација да бара од тужениот да му биде платена отштета за евентуално загрозување на слободата на изразување“, се наведува во одлуката.Судот констатира дека тужената странка Република Северна Македонија според законот, може да исплати нематеријална штета само во случај кога настанала смрт, телесна повреда или уништување на имотот на тужителот. Оттаму, се одбива и овој основ во тужбата на Трпеноски. Претрпените страв и душевна болка за кои тој приложил докази од вештачење, не се земени предвид, бидејќи според Судот, се непотребни во парницата.Трпеноски, кој сега е член на Антикорупциската комисија, во 2017 беше вработен во САКАМДАКАЖАМ.МК и како новинар беше акредитиран во Собранието како дел од тимот собраниски известувачи.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МКфото: САКАМДАКАЖАМ.МК 

Македонија | пред 5 години

foto-za-forshpan-12-04-2021-2-2-1024x576

Антикорупциска: Оставката на Рашковски не влијае во постапката по предметите кои се поврзани со него

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите, Драги Рашковски, информира дека неговото повлекување од функцијата нема да влијае во постапката по предметите кои се поврзани со него.„Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во кусото соопштение.Името на Рашковски во последниот период беше поврзано со низа обвинувања од опозицијата, со неколку случаи кои се под мониторинг на Антикорупсиската комисија, а дел се и предмет на истрага во Јавното обвинителство. Некои од нив се „Леонардо“, „Софтвер за МВР“, „Џип волво“…Рашковски во оставката чиј текст утрово го објави на социјалните мрежи, наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, напиша тој.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

ohis-golema-mala-deponija

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија.Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период ги спроведе сите подготвителни активности за финализирање на Планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма Полиеко, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи. За разгледување и усогласување на Планот од страна на МЖСПП, министерот Нуредини формираше работна група и на вчерашната седница ја информираше Владата дека е подготвено Решение за одобрување на Планот со прилог на активности кои треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач, а во согласност со Законот за животна средина.Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска Конвенција – за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад.фото: Влада

Скопје | пред 5 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Мигрант од Индија повреден при обид да се качи на товарниот воз Гевгелија-Скопје

При обид на тројца мигранти да се качат во товарен воз кој вчера сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, еден од нив, кој бил од Индија, паднал и се здобил со повреда, во билзина на железничко стојалиште „Црвени Брегови“.Како што информираат од МВР, по незгодата Индиецот било пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од неготинската полиција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-66

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови

Министерот за здравство Венко Филипче за периодот кој следува најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски и во Здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес. Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.„ Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.Во однос на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини -на „Астра зенека“, „спутник В“ и кинеските од производителот „Синофарм“ со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.Што се однесува до динамиката на испорака на вакцините, Филипче нагласи дека на 19ти и на 26ти април од компанијата „Фајзер“ има најава дека ќе испорачаат по 10.000 вакцини кои Владата ги купила преку директни прегвори со производителот.„ Наскоро, по завршување со административниот дел во Кина се очекува да добиеме и податок за точниот датум кога ќе бидат испорачани овие дози од 200.000 вакцини. Јас имав средба со кинескиот амбасадор, очекувам да преземе обврска да направи што може, вчера имаше некое поместување добив информации дека тој административен дел таму во Кина се забрзал. Очекуваме информација и од руската амбасада за дополнителни количини на вакцината „Спутник В“. Повторно би требало 76.000 дози на „Астра зенека“ да стигнат до крајот на месецот за што утрово разговарав со претставничката на СЗО. Она што значеше помош преку трилатералните договори од ЕУ што ги најавија за месец април очигледно ќе се поместат според последните најави од утрово е дека ќе пристигнат во првата недела на мај. Тоа се засега информациите, како вакцините ќе пристигнуваат од кои најголема количина наеднаш очекуваме да стигне од Кина. 200.000 вакцини ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација кој веќе се спроведува ширум државата“ изјави министерот на денешната прес-конференција за медиумите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

4

Жител на тетовско Порој осомничен за недозволена продажба на дрога

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 12 април, во преградата меѓу двете предни седишта на автомобил „Хамер“ со тетовски регистарски ознаки, неовластено држел 99,91 грама наркотична дрога кокаин, како и наркотична дрога марихуана со засега неутврдена маса, спакувани во повеќе помали пакувања. При претрес на автомобилот биле пронајдени и две мали дигитални ваги.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средба на претставниците од Националниот сојуз за планинско спасување и директорот Ангелов: Се бара решение на проблемот со планинското спасување, согласно меѓународните стандарди

Како резултат на средбата во јануари што Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), ја оствари во Охрид со претставниците од Националниот сојуз за планинско спасување, се реализираше и средба во ЦУК при нивната возвратна посета во Скопје, за секогаш актуелната тема: спасување човечки животи во планина при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби е планирано да продолжи.Конкретно, директорот Ангелов, имаше конструктивна средба во ЦУК со претставниците за Планинско спасување, од невладини структури во државата, што е во рамки на континуитет на таквите средби, за обастрано менување информации и искуства за подобрување на спасувањето во планина, особено при тешки временски услови. Присутните претставници од невладиниот сектор за Планинско спасување, особено повозрасните, коишто соработувале со Стојанче Ангелов на оваа тема за потребите на одбранбено-безбедносните структури во коишто Ангелов работел во последните неколку децени, истакнаа дека е драгоцено заедничкото искуство во поглед на алпинистичката обука на полициските и армиските структури. Исто така, тоа дава и еден правец за одредено пренесувањето на таквото искуство и во сегашната, а секако согласно современите светски текови, искуства, а и во идна нова поставеност на Системот за управување со кризи во државата.На средбата, покрај директорот Ангелов, присуствуваа Константин Циривири од Здружение за заштита и спасување од Скопје (АСКПЕЧЈ Скопје), Мартин Пејоски од Планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС при ЦК Охрид) и Антонио Додевски – претседател на Националниот сојуз на планинско спасување (НСПС). Оваа средба (одржана на 13.04.2021) е дел од континуитет такви средби коишто се остваруваат во периодов откако Ангелов е поставен како прв човек на ЦУК.Инаку, да потсетиме, неодамна Ангелов, во функција на в.д. директор на ЦУК, се сретна лично со планинските спасители во Охрид, непосредно и со нивните обучени луѓе – спасувачи, а и се запозна со нивната современа опрема за спасување во планина. Пред неколку месеци, на почетокот на годината, ги посети за време на нивната промоција на нова опрема и возила за спасување во планински тешки услови во сите годишни времиња. Тоа, како настан, се реализирање на крајот на јануари годинава. Конкретно, на 27.01.2021 година в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, присуствувше на изложбена промоција во Охрид на донација во специјализирана опрема и возила на Европската Унија за барање и спасување настрадани на тешко пристапни терени во зимски услови. Тој директно се запозна со техничките можности на опремата и возилата, заедно со сите присутни на настанот, при што беа разменети можности и искуства коишто се дел од современото управување, а и справување со ризични ситуации за спасување животи во планина при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Тој настан и промоција е пример и за можно решение и за другите општините – локални самоуправи како да се екипираат ресурси во техника, возила и луѓе - спасители преку меѓународни ЕУ проекти за планинско спасување при тешки временски услови во сите годишни времиња во нашата држава, а и по меѓународни стандарди.фото: ЦУК

Македонија | пред 5 години

14-04-2021-Talevski

Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО и зошто ВМРО-ДПМНЕ беа против негово носење

Вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено. Се случува правда, законите важат за сите подеднакво, судството работи ослободено од стегите на политиката и партиите.  Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност, истакна на прес конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.Талевски додаде:Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите.Овие пресуди покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за Јавно обвинителство но и зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски правеа се за тој закон да не се донесе.Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет“ „Трезор“ отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја“ „Талир“ „Плацовите на Водно“ предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, но мора што поскоро да сфатат дека времето на контролирано судство заврши, дека веќе нема нарачани и монтирани случаи како во времето на нивниот 11годишен режим.Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите.Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, колку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.Очекуваме сите други случаи и предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат епилог а лицата за кои ќе се докаже дека сториле криминал да бидат соодветни казнети. видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

fitnes

И покрај забраната во скопски фитнес склуб затекнати сопственикот и уште шест лица

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и покрај забраната воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.При контролата било констатирано дека објектот навистина работи, а во него биле затекнати сопственикот Ф. Б. (35) од Скопје и уште шест лица.За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

venko-filipce-6

Филипче: Имаме тренд на намалување на бројот на нови случаи со ковид-19, ако има потреба мерките ќе се продолжат

Имаме тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави  министерот за здравство Венко Филипче.Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.Според Филипче доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.„Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да“, кажа Филипче.Тој додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.„Сите вакцини се безбедни, проверени, каков ќе биде редот со таа вакцина ќе се вакцинирам“, кажа министерот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

BUTEL-ZAGRADENA-ULITSA

Улица во Бутел, стана приватна сопственост - си ја заградил улицата со столпчиња

Жител на улицата Љуба Ивановиќ во скопската населба Бутел 2, ја затворил улицата со столпчиња и сега едниот влез е блокиран. Без никаква дозвола и сообраќајно решение, во понеделникот на влезот на улицата се поставени столпчиња, а како што велат жителите никој од Општина Бутел не реагира, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.„Некој решил дека улицата која го поврзува целото маало со главната улица Кемал Сејфула и е една од артериите за слободно движење на граѓаните со надворешноста, треба да се затвори, на диво. Улицата не е приватна сопственост. Тоа е јавна површина која треба да биде одржувана од Општината“, велат жители на улицата.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.фото: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Скопје | пред 5 години

protest-skopje

И денеска протест пред Влада на организаторите на настани

Претставниците на секторот за организација на настани и денеска ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.Тие велат дека досега никој не ги контактирал, ниту пак некој покажал подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата.„ Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме. Инаку, ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната“ велат оттаму.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

smetkovoditeli

Приведен скопјанец баран по потерница за даночно затајување

На 13.04.2021 околу 21.00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје. Тој бил баран за кривични дела „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик за затајување на данок од 1.210.797 денари.Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

aerodrom-1-219117

72-годишен турски државјанин со фалсификуванa потврдa за ПЦР тест сакал да помине на скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил како вистинска лажна исправа – медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-COV-2 вирусот. Иако знаел дека документот е лажен, односно дека на 7 април не се тестирал во наведената лабораторија во Скопје, тој се обидел да ја напушти државата, употребувајќи го сертификатот пред овластените службени лица на аеродромот.За истото кривично дело поведена е постапка и против двајца македонски државјани, маж и жена од Чегране, кои со лажна потврда за негативен ПЦР тест се обиделе да ја напуштат државата на 13 март. За нив надлежен јавен обвинител до Судот достави Предлог за издавање казнен налог со кој на Судот му предложи да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, а поединечната вредност на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

СПМ: Уште еден припадник на МВР жртва на мобинг го напушти Министерството, добивал закани по живот

Синдикатот на Полиција на Македонија (СПМ), информира дека Министерството за внатрешни работи од скоро го има напуштено уште еден припадник и нивни член, полициски службеник од СВР Куманово .Како што соопштија денеска од СПМ, се работи за млад и чесен припадник на полицијата, кој од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово, при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето– Истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение прво од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково, стои во соопштението од СПМ .Појаснуват дека на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, нема воспоставено ниту јавен превоз, па затоа нивниот колега со негово приватно возило патувал од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 километри во еден работен ден.Од СПМ посочуваат дека поднесено било барање за надомест за патни трошоци, кое без никакво образложение, подвлекуваат, му е одбиено.– Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место , допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност, по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од Синдикатот на Полиција на Македонија .Се додава дека Синдикатот на Полиција на Македонија, најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реваншизам, што според нивни сознанија, како шти посочуваат во соопштението, се вообичаено и секојдневно дејствување на началникот на СВР Куманово. Го повикуваат министерот за внатрешни работи и Одделот за внатрешна контрола детално да го истражат целиот случај.

Македонија | пред 5 години

raskovski

ВМРО ДПМНЕ: Рашковски како и Ден Дончев и Лидија Димова поднесоа оставка, ама потребна е одговорност и судска разврска за нивните скандали

Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност.Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Од партијата додаваат:Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки.Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски.Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска.

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policija

27 лица го прекршиле полицискиот час, а 435 лица се казнати за неносење маска

Од 20.00 часот (13.04.2021) до 05.00 часот (14.04.2021) констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (13/14.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 435 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

kostovski-780x470

Костовски за Алсат: Секој што се огрешил пред законот, одговара, без оглед дали е политичар, полициски службеник или каква било професија да има

Правната држава во реалност и во пракса, функционира, изрекувањата на казните за Сашо Мијалков и останатите, бегалецот во Будимпешта Никола Груевски, поранешниот претседател на ВМРО ДМПНЕ, значи дека заштитените поединци на режимот веќе добиваат ефективни затворски казни и тие ги одлежуваат, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „200“ на Алсат телевизија.„Секој мора да одговора за своите постапки пред законите. И тоа се случува денес во нашата држава. Секој, не е битно дали е политичар или е близок до определени политичари од самата власт, дали е полициски службеник или било каква професија да има, ако се огреши кон законот, тој одговара„, нагласи Костовски.Пратеникот Костовски истакна дека двете значајни акции што беа спроведени од страна на МВР, за незаконски издавања на патни исправи и со заплената на голема количина на марихуана во износ од над 800 илјади евра, е доказ дека црните денови и пракси во работењето, особено на МВР се зад нас, времето на заробена држава и на сваровски судството заврши.- Нивниот обид за саботажа на самата акција со пуштање на полувистини или невистини во јавноста е со цел таа акција што МВР ја спроведува одлучно и непристрасно, да се оцрни во јавноста и во очите на граѓаните, но тоа не се случи, рече Костовски, додавајќи дека Христијан Мицкоски никако да се одважи да признае или да не признае дали бил во контакт со еден од осомничените во акцијата „Двојник“.СДСМ е одлучна да стави крај на криминалот во оваа држава, а угледот на МВР во секојдневната борба со криминалот е на висок степен.

Македонија | пред 5 години

zaev-carina

Заев: И во услови на силно влијание на пандемијата царинските работници го натфрлија приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видео обраќање на царинските работници и на Царинската управа им го честиташе 14 април - Денот на Царинската управа.„Втора година по ред нашите цариници и Царинската управа на Република Северна Македонија го одбележуваат 14 април - Денот на царината, во посебна, вонредна состојба заради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Но и во такви услови, со одбележување на празникот на царинските работници им оддаваме признание за нивната посветеност и заради исклучителните и неопходни напори што ги прават, заедно со сите органи и министерства во Владата на Република Северна Македонија, за одржување на економската активност и поддршка на работењето на економските оператори во меѓународната трговија и во извозот и увозот“, истакна премиерот Зоран Заев.Според премиерот во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8% во однос на планираното.„Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија се покажа како сериозен и еден од најголемите учесници во полнењето на Буџетот на нашата земја. Огромен дел од овие приходи Владата го врати и го пренасочи назад кон граѓаните и деловната заедница за одржливо работење, за зачувување на работните места и за животниот стандард. Овие факти сами по себе зборуваат колку значајна е улогата на Царинската Управа во креирањето на економскиот амбиент во државата“, истакна премиерот.Заев додаде дека Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со нашата земја - тие се лицето на Република Северна Македонија, а цариниците се дел од најизложените наши сограѓани на заканите од вирусот.„Сепак, и во вакви услови тие ги прифатија предизвиците за да се обезбеди брзо и непречено прекугранично движење на стоки, патници и транспортни средства. Царинската Управа го прифати концептот за европско царинско работење и спроведе низа мерки за олеснување на работата на сите учесници во царинските постапки. Како резултат на посветеноста на вработените на сите нивоа остануваме лидери во дигиталното работење. Огромен дел од царинските постапки кои се реализираа на хартија сега се заменети со електронски постапки и од овој месец извозот од државата се врши целосно електронски и безхартиени“, истакна премиерот.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

hodza

Хоџа: Не сум човек кој во кафеана би се луксузирал, посебно не на државна сметка, пијам само вода, не се хранам со месо од бизон во кафеани

Не сум човек кој во кафеана би се луксузирал, посебно не на државна сметка. На оние кои добро ме знаат, познато им е дека не пијам алкохол, во ресторан порачувам вода, не сум од оние кои се хранат со месо од бизон, ниту пак следам кулинарски хирови, ниту на моја, ниту пак на било чија сметка- вака за “Фокус” појаснува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.Неговата реакција доаѓа откако пред два дена стана топ тема во јавноста, кога во одредени медиуми се објави веста дека за само шест месеци на функција, успеал да потроши дури 22.794 евра за ручек и кафиња во бифето ,,Концепт бар” кое послужува храна за нашата Влада.Тој вели дека веста која за многу кратко време се прошири е голема невистина, и првенствено била објавена во портал кој немал ниту сопственик, ниту пак истакнато основни податоци.-Таа сума од над 22.000 евра, тоа всушност се трошоци на 32 сектори, плус заостанати фактури, и без да бидам лично запрашан околу фактичката состојба, започнаа невистините и обвинувањата. Инаку, пресметките покажаа дека не се 22.000 евра, туку 13.000 евра за осум месеци. Излегоа од портал на кој ниту импресумот не му се знае, а се проширија низ целиот медиумски простор. За волја на вистината, ги имам сите потребни документи, комплетниот шест месечен извештај, каде јасно може да се види реалната слика за трошоците на министерството.Станува збор за сума од околу 6.000 евра за шест месеци, трошоци кои се направени од над 50 лица од моето министерство, односно по околу 1.000 евра месечно, вели министерот за  “Фокус” . Текстот во целост на:   “Фокус” .

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Драги Рашковски поднесе оставка од функцијата во Владата

Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, напиша во својата објава на ФБ.Иако повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот сепак не може а да не спомнам тоа што последно се случуваше и ќе остане горчината дека и преку теоретската анализа на 40 страници образложена и преку практичното проверување на истата, сме покажал и практично потврдиле дека во иднина со решението кое толку е коментирано во јавноста, секој втор живот кој ќе згасне на патиштата може и има како да биде спасен и со тоа да се тргнеме од листата на ниско развиени земји со околу 80 жртви помалку годишно, може да ја искористиме “асфалтната чума ” која е главна причина за смрт кај децата, може секој трети повреден да нема никаква болка и на крај небитното, да има околу 100 милиони евра годишно помалку материјална штета, пишува Рашковски во образложението на оставката.

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања