Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

apasiev

Апасиев: Рашковски купил земјиште, џип, хациенда, одмор... а јас зедеов кредит да си купам паркинг

Д- Р Д-р РАШКОВСКИ: купил земјиште за 100.000 ЕУР. Еден џип му кошта 75.000 ЕУР. Хациендата - цирка пола миљонче. Одморот у Мексико +15.000 ЕУР. Од патентите шитнати на Влада - уше неколку нули...Д-р Апасиев: Зима 2.500 ЕУР нов кредит за да си купи паркинг за Алфата, напиша на својот ФБ профил пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.Апасиев во објавата се прашува:Ах, животе, луталице. Требаше ли да упишам втор докторат? 

Македонија | пред 5 години

denari

Влада: Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, предложена од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против коурпцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Со неа, за прв пат се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок. Истата има широк опфат со кој се опфатени Претседателот на Владата на РСМ, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералeн секретар на Владата, заменик на генералниот секретар, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата. Целта на одлуката е истата да биде дополнителен механизам во ограничувањето и регулирањето на трошењето на буџетските средства, а предвидени се и соодветни контролни механизми и евиденција за реализираните угостителски трошоци што ги направил одреден функционер за одржување на работен состанок. Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал. Без овие документи, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата на угостителските трошоци. Во случај на пречекорување на дозволните лимити за угостителски трошоци, лицата кои го сториле пречекорувањето ќе мора да го надоместат пречекорениот износ на финансиски средства, најдоцна во рок од три работни дена од денот кога се одржал работниот состанок.Во насока на зголемена транспарентност и отчетност, државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите.Во случај на непочитување на одредбите од оваа Одлука, се применуваат мерките од член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Македонија | пред 5 години

kula

Една од висококатниците, која е планирана на паркингот кај „Холидеј ин“ , речиси идентична на „Зелената кула“ во Австрија

Една од висококатниците, која е планирана на паркингот кај „Холидеј ин“, а чиј изглед вчера беше презентиран во „Топ тема“ на ТВ Телма, според надворешниот изглед, е речиси идентична на „Зелената кула“ која беше најавена во Грац, Австрија.Архитектот Мартин Пановски во изјава за „360 степени“ не негира дека неговиот проект наликува на тој во Грац – решение на бирото на познатиот архитект Томас Пучер.„Во светот е моментален тренд на згради со вертикално зеленило. Можам да ви посочам уште многу други примери“, изјави Пановски за „360 степени“ .Тој синоќа во гостувањето на Телма ТВ, кога беше презентиран планираниот изглед, рече дека во зградата е предвидено да има 400 стана во кои би живееле 1 200-1 300 луѓе. Тој тврдеше дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.Текстот во целост на: „360 степени“

Скопје | пред 5 години

za-fokus

Василевски за Фокус: Благодарение на една предобра Маја од Скопје, моите деца за прв пат видоа светлост во домот

Преблагодарен сум, немам зборови со кои би искажал како се чувствувам јас, но и моето семејство. За прв пат во нашиот скромен дом светат сијалиците, добивме електрична енергија по сите години минати во мрак – за ,,Фокус” раскажува кумановецот Трајко Василевски.Тој останал сирак на свои 11 години, кога родителите му починале, и поголемиот дел од детството и раната младост живеел со старатели. Имал здравствени проблеми со колкот и отежнато се движи, но кога ја запознал Стефани, бил решен да формира свое семејство и да му пружи добар живот. Поради здравствената состојба која од ден во ден му се влошувала, тој останал без работа, а деновите му минувале обидувајќи се на секој начин да донесе храна за трите ќерки на возраст од една, пет и десет години.-Преблагодарен сум на редакцијата на ,,Фокус” која ја објави приказната за мене и моето семејство, за тоа како се мачиме во животот. Можам да кажам дека сега, по само еден месец, нашата верба во добрината е појака од било кога. Ни се јави една предобра жена од Скопје, се вика Маја, но не сака да се експонира јавно. Таа ни ја среди целата работа околу приклучокот на енергичната енергија, за прв пат во животот моите деца гледаат светлина во домот!Нема да седат на свеќи, се радуваат, не сме свикнати на ваква хуманост и добрина. Маја ни ја донесе светлината, таа е нашиот херој. Имавме периоди кога дури и бевме бездомници, постојано барам работа, било што во комуналните претпријатија, би можел да метам улици, да средувам градско зеленило, сеедно што, само да не е работа која бара посебен физички напор бидејќи делумно сум инвалид, вели Василевски за „Фокус”Парични средства можат да се донираат на следната сметка:Стефани Василевска 240 147107573075 Уни Банка, или пак телефонски да го контактираат Трајко на 078 646 728.Текстот во целост на:,,Фокус”

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени во Македонија, а зголемен на смртни случаи

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 05 до 11 април 2021, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39 (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 05 до 11 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ: Заеднички да продолжиме со расчистувањето на урбанистичките прекршувања во минатото

Утринава, на заедничка прес конференција, градноначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска и останатите членови, најавија продолжување на започнатите активности, со цел расчистување на одредени предмети за кои општината веќе покрена конкретни постапки пред институциите.Општина Центар до ДКСК достави извештај за повеќе предмети, кои доколку бидат расчистени од страна на останатите институции, ќе придонесат во решавањето на состојбата со урбанистичките планови кои Уставниот суд, после укинатата општинска одлука за неспроведување на плановите („мораториум“), ги прогласи за законски и важечки.“Со предавањето на овие предмети мислам дека заедно со членовите на ДКСК ќе дадеме забрзан тек на работите, бидејќи со расчистување на тие предмети ќе успееме да докажеме одредени незаконски работи кои се случувале во минатото, а за жал денеска ги гледаме како последици. Најважно е сите процеси кои се водат пред сите институции, но и процесите кои ги води Центар да бидат јасни и чисти и точно да се знае каде се направени прекршувања и кој ќе сноси одговорност за нив“, изјави на прес конференцијата Богдановиќ.Во периодот што претстои службите на Општина Центар и градоначалникот ќе продолжат со активности и поднесоци до сите надлежни државни институции, со единствена цел – расчистување на сите урбанистички прекршувања кои се случиле во 2012-та година и претходно.фото: Општина Центар - Скопје

Скопје | пред 5 години

w_56803989

Денеска регистрирани починати 27 лица и нови 1.129 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга - 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово - по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од:Скопје – 574, Куманово – 69, Велес – 67, Битола – 64, Прилеп – 60, Тетово – 45, Кавадарци – 38, Штип – 35, Струмица – 30, Гостивар – 27, Кочани – 16, Неготино и Гевгелија – по 15, Радовиш – 12, Ресен – 11, Кичево и Пробиштип – по 10, Крива Паланка и Виница – по 8, Берово – 7, Демир Капија – 6, Дебар и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 2, Кратово и Македонски Брод – по 1.Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.Направени се 4.045 тестови преку: ИЈЗ-573, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–3, МАНУ-161, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-267, Биотек-303, Систина-230, лабораторија Лаор-266, Синлаб - 75, Ремедика-55, Плодност – 95, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.633.Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 63788, активни 9196Куманово 7749, активни 1222Прилеп 7686, активни 1026Тетово 6751, активни 663Битола 5424, активни 1234Велес 5057, активни 775Гостивар 4894, активни 500Кавадарци 4880, активни 587Штип 4611, активни 449Охрид 4575, активни 770Струмица 3657, активни 518Струга 2823, активни 242Кочани 2501, активни 300Кичево 2261, активни 296Неготино 2075, активни 269Гевгелија 2051, активни 372Свети Николе 1381, активни 132Крива Паланка 1149, активни 88Ресен 1145, активни 232Радовиш 1013, активни 144Берово 946, активни 103Делчево 901, активни 86Дебар 890, активни 55Пробиштип 741, активни 65Виница 697, активни 100Валандово 605, активни 97Крушево 451, активни 117Богданци 448, активни 69Демир Капија 389, активни 54Демир Хисар 350, активни 50Кратово 346, активни 24Македонски Брод 337, активни 41Пехчево 243, активни 20Македонска Каменица 217, активни 8Дојран 130, активни 23фото: Архива

Македонија | пред 5 години

trezor-2

Осудените во „Трезор“ ќе треба да ја надоместат штетата која се проценува на 860 илјади евра

Со конфискуваниот имот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, од која УБК преку ексдиректорот Сашо Мијалков набавувала опрема, ќе се надоместува дел од штетата нанесена врз буџетот на Македонија.Бидејќи штетата е поголема од конфискуваниот имот, обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ ќе треба во рок од три месеци по правосилноста на пресудата да ја надоместат.Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.Инаку, првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство, поради неговото бегство, пресуда е донесена и за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој доби 15 години затвор. На второобвинетиот, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, изречена му е казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sonk

Синдикати излегуваат на протест - Слоганот на протестот гласи: „ДОСТА Е …… ПРЕТЕРАВТЕ“.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура– СОНК, како грански синдикат и член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, на 15.04.2021 година ќе земе активно учество на социјалниот протест во организација на КСС.СОНК ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор и смета дека заради немање слух на надлежните, односно на социјалните партнери на сите нивоа, заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да ги бара преку искажување на јавно незадоволство, односно преку предупредувачки протест.-Имено, повеќе од две години на нашата Конфедерација и е одземена законската можност да учествува во креирање на економската политика во државата, од причина што- некој така сака. Две години документите за репрезентативност на КСС седат во некоја фиока во Министерството за труд и социјална политика и се прави класична опструкција врз синдикалното делување на највисоко ниво. Штетата направена врз гранските синдикати, здружени во КСС е огромна и непроценлива. И како ова да не е доволно, па се посегна по раководството на синдикатот. Бројни се примерите на раскинување на договори за работа (бркање од работа) од страна на работодавачите врз синдикалните лидери на сите нивоа. Најпрво се отпочна со бркање од работа на претседателот на конфедерацијата, а потоа и на претседатели на грански синдикати при КСС, претседатели на синдикални организации, активни членови…… Дел од нив се деградирани со преместување од постоечките работни места на пониски работни места, за повеќе нивоа, други се преместени на работни места оддалечени и повеќе од 100 километри од местото на живеење, а некои пак деградирани со намалување на работни задачи и т.н, велат од СОНК.Сето ова се прави со цел да се спречи синдикалното организирање и дејствување на КСС и гранските синдикати во неа, неводејќи сметка дека пред сe, со ваквите постапки, се гази врз достоинството на човекот, се уништуваат цели семејства, се прекршуваат повеќе закони и колективни договори, меѓународни конвенции…… Дали со ваквиот жесток притисок врз синдикатите и синдикалните лидери и активисти се прави обид да се задуши синдикализмот во државата? Дали се прави обид во државата да има место само за “подобни” синдикати и “невладини” организации? Дали со ваквиот однос на “социјалните” партнери спрема КСС и гранските синдикати во КСС некој мисли дека ќе го замолчат КСС и повеќе нема да бара почитување на Законот за минимална плата и усогласување на колективните договори во согласност со споменатиот закон? Дека повеќе нема да бара 100% исплата на плата заради боледување или изолација од Ковид -19? Дека нема кој да бара зголемување на платите и излез од длабока сиромаштија и борба за гола егзистенција? Дали се смета дека притисоците врз инспекторатите и судиите да носат записници и одлуки по мерка на работодавачите ќе го обесхрабри и скрши КСС?Секој што мисли дека со притисоци, бркање од работа, спречување на синдикалното организирање и дејствување ќе ја спречи борбата за остварување на работничките права, многу се излажал. КСС е премногу голем и силен и може да се одбрани од секакви напади.Слоганот на протестот гласи „ДОСТА Е …… ПРЕТЕРАВТЕ“.И навистина е доста. Вака, со вакви „демократски” методи не се оди во Европа. Меѓународната заедница будно ги следи демократските процеси во државата, како и меѓународните синдикални пријатели, европската и светската конфедерација на синдикати. Меѓународната организација на трудот подготвува тужба против Владата на Република Македонија. Навистина е ДОСТА, велат работниците, но и младината што секојдневно ја напушта татковината, разочарана од системот.

Македонија | пред 5 години

Mitko-Cavkov

Чавков поради компликации од ковид-19 хоспитализиран во приватна клиника

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој од мината недела е со потврден Ковид со влошена здравствена состојба. Чавков вчера бил хоспитализиран во штипската модуларна болница, а од попладнево на лекување е префрлен во приватна клиника.Тој еден од седуммината осуденици во штипскиот затвор кои се позитивни на коронавирусот. Во изолација се уште 13 осуденици кои засега не покажуваат симптоми на вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

raskoski

АЛСАТ: Рашковски ќе градат супер-хациенда од 800 м2 во Побожје, еве што сè ќе има во неа

На падините на планината Скопска Црна Гора на 20 километри од центарот на градот се наоѓа викенд населбата Побожје. Луксузна хациенда тука ќе гради семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата. Инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца. Вака изгледа просторот на „Гугл Мапс“. Но, во Побожје сосема друга состојба. Плацот е веќе израмнет како тепсија и тоа на површина од неколку илјади квадрати. На терен има и два багера, објави Алсат.мк.Според Алсат на овој простор треба на  куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина. Големиот градежен зафат во кој имавме увид предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.Текстот во целост на:Алсат.мк.

Македонија | пред 5 години

pasosi

Единствена Македонија: Скандал, марионетата Заев договори Албанци да добиваат државјанство со сведоци и сметки за струја и вода

Единствена Македонија е згрозена од најновиот антимакедонски договор на марионетската влада со албанските партии околу законот за државјанство, според, кој, десетици илјади Албанци во државата ќе добијат државјанство со сведоци и покажување на сметки за струја и вода, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на исстот се додава:Зоран Заев договори исклучително олеснет пристап за стекнување на македонско државјанство на Албацните, а истовремено СДСМ под притисок на ДУИ во 2004 година го укина решението во законот со кое Македонци по потекло кои живеат надвор од границите на Република Македонија можеа да се стекнат со македонско државјанство без да исполнуваат никакви дополнителни услови.Сега, со најновиот договор на Заев, за Албанците може исклучително лесен пристап да до државјанство а за Македонците во светот не може, односно, Македоцните во странство добиваат државјанство по редовен пат со исполнување на дури 15 услови.За Единствена Македонија нема дилема. Овој договор на Заев за државјанството е проект на антимакедонска основа, бидејќи, Македонија станува единствената земја во која едно малцинство во земјата полесно ќе стекнува државјанство од самите Македонци кои од сопствената матична држава се третираат како граѓани од втор ред во поглед на можноста за добивање на македонско државјанство.Доколку овој договор на Заев помине во Собранието во услови кога за сите Македонци по потекло не важи олеснетиот пристап до државјанство, Македонија дефинитивно ќе послужи за потсмев на меѓународната сцена, а настрана опасноста по темелот на нацијата и државата.Единствена Македонија ќе реагира на ова најнова антимакедонска провокација со поднесување во Собранието измени и дополнувања на законот за државјанство.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Мијалков останува во притвор

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му одреди домашен притвор.Со одредениот притвор Сашо Мијалков нема да излезе од затворот во Шуто Оризари за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.„Со околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укината. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството се делумно идентични како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог, би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што е добро ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази.„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање нелови што не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане во државата“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.„Имајќи ја предвид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Александар Новаковски.Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.

Македонија | пред 5 години

abaz-2

(ФОТО) Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо

Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо.-Денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници, напаша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Градоначалникот во објавата додава:-Во рамки на овој значаен инфраструктурен проект интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.-Според планираното, комплетната реконструкција улицата „Абас Емин“ се очекува да заврши пред почетокот на годинешната летна сезона.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

trezor-2

Мијалков е осуден на 8 години казна затвор во случајот „Трезор“, Горан Грујевски ,15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради неговото бегство, пресуда е донесена и за поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кој доби 15 години затвор. На второобвинетиот, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, изречена му е казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години.Четворицата се прогласени за виновни, бидејќи судот цени дека тројцата го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски е осуден за помагање.Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.„Сите заедно ја искористиле службената положба и овластување. Тони Јакимовски им помогнал и прибавиле имотна корист и нанеле имотна штета на буџетот на РМ. За да набават опрема за потребите на УБК/МВР, прво, второ и третообвинетиот оствариле состанок со претставниците на ГАМА во Обединето кралство и набавиле опрема за потребите на УБК. Во текот на подготовките за набавка на опремата, одлучиле опремата да ја набават преку фирмата ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Договорено било набавката да се изврши преку ова лице, кое Жарко Луковски и Сашо Мијалков го користеле за реализација на зделки. Обвинетите Сашо Мијалков и Горан Грујевски, усно наложиле на Ѓоко Поповски да започне со постапка за набавка на опрема од ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Тој изготвил покана, а од ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје испратиле понуда. Од страна на службите на УБК е изготвен договор од УБК/МВР за купување на опремата. Потоа, склучен е договор за купопродажба. Иако немало потреба за одржување на телекомуникациската опрема, било направен допис до МВР дека е потребно да се одржува набавената опрема и тоа да продолжи да го прави ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје. Доставена е покана до фирмата, а тие доставиле понуда со спецификација за временски период од две години. Помеѓу МВР и ФИНЗИ е склучен договор за извршување на услуги, за да му се плаќа авансен паушал“, рече судијката Џенета Бектовиќ.Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор”, според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК. Адвокат Љупчо Шврговски, во своите завршни зборови, му предложи на судот да донесе ослободителна пресуда за неговиот клиент, тврдејќи дека јавните обвинители не го докажале обвинението. 

Македонија | пред 5 години

13-04-2021-Kostadinov

Костадинов: Николоски молчи за неговата наводна поврзаност во скандалот ,, Кавијар дипломатија” со што го руши угледот на државата

Измина една недела откако реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми открија нов меѓународен скандал каде се споменува и името на пратеникот и партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Освеш штури оправдувања, Николовски не се изјасни за објавените наводи според кои постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Костадинов на прес конференцијата додаде:Според јавно објавените сведоштва, дел од пратениците во мисијата добивале пари, накит, скапи подароци, ноќевања во луксузни хотели за да ги квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски.Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој велел дека се е во ред, иако според меѓународни организации и институции тие избори биле квалификувани како нелегитимни и репресивни.За овој случај италијански пратеник кој бил дел од Мисијата пред неколку месеци во Италија бил осуден на четири години затвор заради примање мито од Азербејџан.Николоски молчи и не излегува пред јавноста да одговори за овој скандал наречен „кавијар дипломатија“ кој го руши меѓународниот углед на нашата држава.Не е првпат Николоски со своето однесување да направи огромна штета на државата. Овој човек беше демантиран од Обединетите нации, беше демантиран од странски амбасади, демантиран од странски инвеститори.Затоа Николоски мора да се изјасни за скандалот „кавијар дипломатија“ а потоа и да си даде оставка од позицијата во Националниот совет за евроинтеграции .Пратeничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг пратеник кој ќе го замени, затоа што недозволиво и штетно по државните интереси е во ова важно тело да имаме претставник за кој постојат сомневања дека е дел одмеѓународен скандал.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да го загрозуваат меѓунардониот углед на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-5

Денеска на Влада ќе се менува Законот за здравствена заштита - приватните болници ќе добијат ограничување за цените

Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари, напиша на својот Фб профил министерот за здравство Венко Филипче.Во објавата Филипче додава:Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

4

(ВИДЕО) Запленет кокаин во тетовско, приведен дилер

На 12.04.2021 во 23.00 часот на паркинг од фирма во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од с.Порој, тетовско.При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а притоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.Тој е приведен во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

fukusima-11

Јапонската влада донесе одлука за ослободување огромни количества радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан

Јапонската влада донесе одлука за ослободување огромни количества радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан во следните две години, на што остро се спротивставуваат локалните рибари и жителите на околните области.Долго време се шпекулираше дека владата ќе донесе ваква одлука, која се одложуваше неколку години поради протести и безбедносни причини.Сепак, одлуката конечно беше донесена на владината седница, на која се наведува дека ослободувањето на загадена, радиоактивна вода во Тихиот океан е најдобро решение, објавиja светските агенции.Радиоактивната вода се складира во нуклеарната централа „Фукушима Даичи“ од 2011 година, кога реакторите во оваа централа беа оштетени во земјотрес и цунами, а загадената вода за ладење на реакторот почна да истекува.Токиската електрична компанија, која управува со Фукушима, објави дека капацитетите за складирање на радиоактивна вода ќе бидат пополнети на крајот на следната година, а премиерот на Јапонија, оцени дека испуштањето на загадена вода во Тихиот Океан е најреална и неизбежна опција.Некои научници предупредија дека долгорочните штетни ефекти од ослободувањето на големи количини радиоактивна вода во морето врз живиот морски свет не се познати.Американската администрација денес изрази поддршка на одлуката на јапонската влада за ослободување на загадената, радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан, со проценка дека таквата одлука е во согласност со глобалните безбедносни стандарди.„Јапонската влада постапи транспарентно во донесувањето на оваа одлука“, рече Стејт департментот, пренесува Ројтерс.извор: Макфакс 

пред 5 години

paridenari1

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, во два одвоени кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час, определен како мерка за сузбивање на опасна заразна болест. Без да поседуваат дозвола за тоа, тие се движеле на различни локации во градот, при што биле затекнати од овластени службени лица.Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​​Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

UaYct-

Поведена постапка против скопјанец фатен со дрога на „Блаце“

Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец донесе Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин “Блаце”, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистраски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло.При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policija

Во изминатото деноноќие 28 лица се казнети за непочитивање на полицискиот час, а 431 за неносење маска

Од 20.00 часот (12.04.2021) до 05.00 часот (13.04.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (12/13.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

benzine

РКЕ за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените на горивата, еве кои цени се од денеска

Малопродажбата на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денар/литар со одлука за Регулаторната комисија за енергетика за новите цени на нафтените деривати.Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 67,00 денари по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 69,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини изнесува 57,50 денари.Кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) состојбата не се менува и изнесува 58,00 денари, откако Регулаторна комисија за енергетика за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 денари и сега изнесува 34,266 ден/кг.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

DEA-7

ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во Македонија

Американската служба за борба против дрога (ДЕА) соопшти дека продолжува да ја поддржува Македонија во детектирањето, спречувањето и ликвидацијата на организациите кои се занимаваат со трговија со дрога, како што посочија од агенцијата во изјава за МИА.ДЕА потврди дека нејзини службеници се вклучени во истрагата на МВР и ОЈО поврзана со минатонеделната заплена на 200 килограми марихуана, чија пазарна вредност изнесува речиси милион долари, во акцијата изведена на патот Прилеп – Росоман.Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и за осомничените вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.фото:Drug Policy Alliance 

Македонија | пред 5 години

policaec-policija-6

МВР казни 109 возачи во Скопје, од нив 30 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања