Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Крадец ограбил кола на вработена во МВР

Обвинителството ќе гони крадец кој провалил во „Ауди“ во сопственост на вработена во Министерството за внатрешни работи и одзел пари и предмети вредни околу 50.000 денари.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик,“ се вели во соопштението од Обвинителството.„Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит-пазар“ одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари. Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот. Кога оштетената се оддалечила тој влегол во автомобилот, ги одзел наведените предмети и избегал,“ велат од ЈО.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, се додава во соопштението.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ за зградите спроти „Холидеј ин“: Потребна ни е поддршка од надлежните и јавноста

Градоначалникот на oпштина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со секретарката на општината, Маја Ралевска, утринава одржаа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на кој тема беа актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј iн“, но и генералната состојба со плановите по одлуката на Уставниот суд за укинување на суспензијата на Деталните урбанистички планови (ДУП-ови).Како што се наведува во соопштението за средбата, градоначалникот Богдановиќ пред Комисијата ја нагласил потребата од зголемен степен на соработка со останатите институции, поголема флексибилност и поголема ефикасност во спроведувањето на предметите.Тој воедно побарал и поддршка од ДКСК, од останатите надлежни институции за постапување, но и од јавноста за Уставниот суд повторно да ја стави на разгледување последната одлука за укинување на мораториумот во Општина Центар.„Намерата на општинската одлука за суспензија на ДУП-овите (‘мораториум’) беше донесена за да се хуманизира просторот за живеење во централното градско подрачје, да го намали загадувањето на околината и атмосферскиот воздух при носењето на нови ДУП-ови и конечно да воведе ред во урбанистичкото планирање во oпштина Центар“, се наведува во соопштението на општинските власти.По укинувањето на првата одлука од 2017, од страна на Уставниот суд, во декември 2018 Советот на Општина Центар повторно донесе одлука за неспроведување на ДУП-овите, која Уставниот суд уште еднаш ја укина на почетокот на годината, на предлог на двајца жители од Охрид.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

zaev

Заев: Возам мотор за да си ги наполнам батериите

Премиерот Зоран Заев вели дека со возење на мотор ги полни батериите. Рече дека недела е ден за одмор, а тоа е негово хоби. Тој објасни дека со возењето мотори не е прекршен ниту еден закон.„Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор“, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vlada

Влада: Листата професионални соработници потврдува дека нема „тајни хонорарци“

Како што беше најавено во текот на минатата недела, Владата на Република Северна Македонија денеска ја објавува листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани. Листата е достапна во секцијата Отворена влада на владината веб-страница, односно на следниов линк: https://vlada.mk/angazmani-avtorski-dogovori, се вели во Владиното соопштение.Од Владата додаваат:Согласно заложбата на Владата за отвореност, транспарентност и достапност на сите информации од интерес на јавноста, објавувањето на оваа листа потврдува дека нема тајни хонорарци, ниту се анонимни, ниту тајно ангажирани. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост.Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица.Во минатото сведочевме голем број организирани напади полни дезинформации, а дури и сега во конкретниот случај, сведочиме хајки преку одделни веб-портали и медиуми и на социјалните мрежи на лична основа и со обиди за загрозување на приватноста на граѓаните кои имаат чисти професионални договори за извршување задачи за Владата за поддршка на активностите кои се од интерес на граѓаните.Во таа насока, упатуваме јасна порака дека Владата и институциите ќе ги искористат сите институционални механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување приватност, говор на омраза или повици за насилство.Уште еднаш категорично ги отфрламе сите дезинформации дека наводно исти лица биле вработени во Владата и во исто време добивале хонорар. Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата.Исто така, ги отфрламе и како неточни и информациите дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“ Тоа е лага измислена и раширена токму од оние центри кои користат „ботовски” системи за ширење лажни вести, а Владата е противник на таквото нечесно манипулирање со граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

avtobus

(ВИДЕО) Се преврте автобус на патот Кичево – Битола, повредените патници се носат во клиничкиот центар во Битола

Автобус кој сообраќај од Битола кон Кичево излетат од патот откако претходно се судрил со трактор, објави ТВ 21.Според првичните информации автобусот превезувал патници од фабрика која се наоѓа на периферијата на Битола. Повредени се патници и се превезуваат во клиничкиот центар во Битола, а увид на лице место врши и полиција.извор и фото: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

sarena-revolucija-2

„И така шареното движење што сакавме да трае го силуваат сите, и секогаш движењето е виновно, за сѐ“

Протестните движења тие години беа многу живи. Вечерта кога Џорџе потпишуваше аболиции граѓански бунт се излеа на улицата пред Канцеларијата на Џорџе. Спонтан, неорганизиран, ненарачан бунт. Следниот ден продолжи, а џандарскиот одговор беше тепање и приведување. Протестите кои се случуваа тие денови прераснаа во Шарена револуција. До тука е убава приказната, се вели во ФБ објава.Во продолжение на истата се додава:После почнавме да ѝ се наебуваме мајке. И тоа трае до ден денес. Сите ѝ ебавме мајке од различна страна. Едни ја посипуваат со пепел, ко самото движење да е виновно што имаме работа со глуперди, други пробуваат да профитираат дур уште се може, па макар била тоа и ФБ страна, третите ги спржија по партиските ходници, а четвртите... епа четврти се некои нови кои тогаш не беа. И така движењето што сакавме да трае го силуваат сите. И секогаш движењето е виновно, за сѐ. Вклучително и за силувањето.извор: ФБ

Македонија | пред 5 години

12

Мицкоски: Девет години од петкратното убиство на Смилковското езеро, овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите

Девет години од петкратното убиство на Смилковското езеро. Девет години на болка, исчекување, неправда.Девет години на лажна надеж од Заев и едно траорно и ужасно манипулирање со оваа огромна трагедија.Монструозно поигрување со болката на нивните семејства, напиша на својот ФБ профил, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Девет години од бруталното убиство на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски. Овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите. Нема да бидете заборавени.Слава им!

Македонија | пред 5 години

motori-zaev-i-filipce

ВМРО ДПМНЕ: Заев да каже дали за него се отвори хотел во сред пандемија за да се одмара после дивеењето со мотори?

Заев да каже дали за него се отвори хотели во сред пандемија за да се одмара после дивеењето со мотори?Заев треба да знае дека додека се одмара на мотор, докторите работат 24 часа на ден, 55.000 луѓе останаа без работа, и половина милион живеат со 2 евра на ден, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на прес конференцијата на Зоран Заев.Во продолжение на истото се додава:Додека тој дивее со мотор, луѓе блиски до неговото семејство пренесуваат дрога во милионски суми.Заев да не лаже, туку да каже дали Александар Ушилковски е возач на Трајче Заев и дали комбето е на фирма блиска до нив?Заеви да не се обидуваат да бегаат од одговори. Александар Ушилковски беше виден од цела Македонија на Рекорд паркиран со Мајбахот на Трајче Заев.Заев да кажат и дали комбето е на фирма која е во партнерски односи со нивни фирми?Колку и да се труди Заев да избега од вистинските прашања, нема да избега. Одговори мора да даде!

Македонија | пред 5 години

sarena-revolucija

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Маричиќ ги изманипулираа сите, фарбаа институции за да крадат и да прават криминал

Заев и Маричиќ ги изманипулираа сите, фарбаа и кршеа институции за да крадат и да прават криминал, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на денешното обраќање на Бојан Маричиќ. Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Таканаречената шарена револуција резултираше со:1. Македонија - Колумбија на Балканот, каде полесно се стигнува до дрога, отколку до тест или вакцина за КОВИД 19;2. Издавање на пасоши на светски криминалци, нарко босови, и терористи;3. Продадена историја и идентитет;4. Обид за провизии од вакцини;5. 5 во свет по невакцинирани и 5 во свет по број на умрени од КОВИД 19;6. 111 место на листата за перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл;7. Половина милијарда евра криминал во случаите „Еуростандард банка“ и ШИК ЈЕЛАК;8. Вработување на роднините и пријателите во државни институции на сметка на системот на меритократија;9. Тендери за сопружници и партнери на министри во влада од државни институции како партнерот на Мила Царовска од град Скопје;10. Рекет на милиони, за кој врвот на власта остана нечепнат. За кој Бојан Јовановски кажа дека парите од истиот завршиле кај Зоран и Вице Заеви.Се што постигнаа со шарената револуција е места во влада за Царовска, Маричиќ и Забрчанец, а сиромаштија за народот и резил за државата.

Македонија | пред 5 години

1

Маричиќ: Шарената револуција ни донесе слобода која сега мора да ја чуваме и унапредуваме

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ кажа дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес.- Велевме „Нема правда – Нема мир“ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем.За Маричиќ паролата „Нема правда – Нема мир“ е уште жива и е водилка која ни покажува дека никогаш не смееме да го изгубиме фокусот од правдата како фундамент за секое развиено и модерно општество.фото: Министерство за правда

Македонија | пред 5 години

12042021_PVRSM_Zaev_sredba_AA-2

Заев по средбата со Алијанса/Алтернатива за законот за државјанство: Направивме сериозен исчекор

Направен е сериозен исчекор кон наоѓање на решение за Законот за државјанство, за кој се очекува до петок да се стави на хартија, соопшти денеска премиерот Зоран Заев, по денешната средба со претставници на Алијанса и Алтернатива на Албанците.„Со претставниците на Алијанса и Алтернативна на Албанците имавме исклучителна средба на која е постигнат сериозен исчекор. Разговаравме за сите отворени прашања кои беа нивен предлог и се изнајдени механизмите за решение. Постигнавме компромис и ова е сериозен исчекор. Очекувам до петок да се стави на хартија. Целта е да се оформи законскиот текст и потоа да го разгледаме во парламентот“, изјави Заев.Како што додаде тој, годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, а со оглед на европските земји каде што прагот е пет, седум, или десет години, во Законот ќе се извади просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка.„Има 2.727 барања за државјанство за нешто повеќе од 3.200 граѓани, од кои 1.500 кои не живеат тука. Дополнително 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле во земјава и никогаш не добиле државјанство“, рече Заев.Премиерот очекува АА-А да искомуницира со ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои го блокираат донесувањето на Петиот пакет мерки, со што ќе се отвори и патот за решавање и на Законот за државјанство.Зијадин Села од Алијанса на Албанците истакна дека со изнаоѓањето решение за ова прашање, државата прави добар потег за градење на демократски капацитети.„Една држава е демократска, толку колку што ги почитува основните човекови права. Решавањето на ова децениско прашање нè прави чекор понапред кон цивилизираните држави“, изјави Села. 

Македонија | пред 5 години

donacii

Девојка од Куманово која боледува од ретка болест на кожата, в четврток мора да замине на операција, потребна е финансиска помош

ИТНО! Луѓе, тука сме потребни во следните 2 дена! Девојка од Куманово која боледува од ретка болест на кожата, в четврток мора да замине на операција на лакт во клиника во Салцбург. Станува збор за редок вид тумор кој е последица на болеста. За операцијата и пропратните трошоци се потребни околу 2.000 евра што треба да се соберат во следните три дена. Ситуацијата е многу специфична, девојката лично ја знам и со години ја молам да ја објавиме во медиумите за да и помогнеме колку се може. Не се согласува од свои причини и јас тоа го почитувам. Првпат побара помош, зошто повеќе не може финансиски да издржи. Ќе ја објавам сметката од мајката, се надевам дека компании или граѓани ќе можат да помогнат. Кој смета дека има потреба од детали, може да ме контактира во инбокс да го упатам, се вели во објава на ФБ.П.С. Ве молам да ги прескокнеме муабетите за партиите, државата, здравството, Фондот...такви се какви што се и не вршат работа во моментов. Ни лајкови не вршат работа, споделувањето е покорисно. Многупати сме покажале дека сплотени заедно, како поединци, можеме многу. Се надевам дека и овојпат ќе бидеме тука едни за други. Благодарам !Извор: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev

Продолжен притворот на Камчев, одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази

Одбраната на Јордан Камчев ќе поведе постапка за незаконитост на докази кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост со кои е изречена мерка притвор, со што ќе барат тој да се брани од слобода. Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски на прес конференција во болницата „Аџибадем Систина“ ја обвини власта за киднапирање и тортура кон неговиот клиент кој речиси еден месец е во притвот во Шутка. Тој посочи дека неговиот клиент бил оставен пет дена без вода за пиење и санитарна вода, објави slobodnaevropa.mk. Во излагањето околку доказите, Менкиновски изјави дека доказите прибавени од АНБ а со кои се стравувало за бегство, биле прибивани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата, и не може да се користат, и врз нив не може да се заснова судската одлука за притвор на Камчев.„Она што е симптоматично е како различни институции во Македонија една иста белешка различно ја читаа. Судот ја чита дека постои опасност од бегство во Република Бугарија, додека премиерот ја интерпретира сосема поинаку и тврди дека содржината во таа белешка е сосема друга. Како и да е, процедурата е повредена. АНБ чекала месец дена и во тој месец имала обврка да го извести Бирото за јавна безбедност, и да каже, ако е тоа така, дека постои основано сомнение дека одредено лице ќе се даде во бегство. Тие тоа не го сториле, го информирале јавниот обвинител и повторно го повредиле законот, бидејќи информација за јавен обвенител што тие можат да си го дозволат во делот шпионажа таксативно е наведена во законот за АНБ за кои дела можат да го информираат јавниот обвинител. Тука имаме прескокнување на институции и со тоа имаме класична нелегитимност на доказ употребен во судска постапка“ изјави адвокатот Менкиновски.Адвокатот на Камчев чека судот да се произнесе, доколку не, тогаш ќе се поведе постапка и пред Европскиот суд за човекови права.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

пред 5 години

sveta-voda

Владиката Агатангел и Митрополитот Петар се лекуваат во приватна болница, јавноста прашува дали е тоа скромност

Владиката Агатангел и Митрополит Петар, речиси три недели се заболени со коронавирус и се хоспитализирани во „Систина“. Минатата година и двајцата ги повикуваа верниците да доаѓаат во црквите и да се пречистуваат, да ги бакнуваат иконите и да не се плашат бидејќи таму вирусот не се ширел. Засега, не е познато каде се заразиле, а одговор на ова прашање засега нема ниту од Митрополит Петар. На социјалните мрежи има низа реакции од јавни личности и доктори, особено откако Митрополит Петар изјави дека е хоспитализиран, повеќе како превентива од можни компликации. „А1он“ го праша дали тој побарал лекување во државна клиника, но не добивме одговор.„Во стабилна здравствена состојба сум. Лично се чувствувам добро без болки и симптоми. За останатото ќе дискутираме кога ќе излезам од болница“, вели кратко Митрополит Петар.Меѓу првите кои се јави со свој коментар е поранешниот директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќировски. Тој му посака брзо оздравување на Митрополит Петар, посочувајќи му да шири доверба кон апелите на здравствените работници.За превентивната хоспитализација, иако се во добра состојба, реагираше и професорката Мирјана Најчевска.„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, напиша Најчевска.Пред точно една година, свештени лица од Повардарската епархија на МПЦ, со икони, качени во камионет со молитви ги осветуваа улиците на Кавадарци и Велес. Тогаш, сега заболениот Агатангел ги благослови литиите.https://twitter.com/BazeLazevski/status/1242749707153219586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1242749707153219586%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmacedonia%2Fso-sveta-voda-ja-brkaa-koronata-no-taa-gi-stigna-javnosta-prashuva-dali-lekuvanjeto-vo-privatna-bolnica-e-hristijanska-skromnost%2Fизвор: „А1он“

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

49 лица не го почитувале полицискиот час

Од 20.00 часот (11.04.2021) до 05.00 часот (12.04.2021) констатирано е дека 49 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (11/12.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 512 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kostposki

(ВИДЕО) Костовски за Лидер си ја отвори душата, кажа како е да имаш, па да немаш

Гостин во „Утро со Златев“ на Радио Лидер денеска беше бизнисменот Трифун Костовски. Костовски отворено зборува за ситуацијата со неговиот личен имот, со пропаднатата Еуростандард банка, но и за актуелната политичка ситуација.

Македонија | пред 5 години

171739119_480188179998642_420861994039402650_n

Сeлекторот Игор Ангеловски: „Татко ми не ми дозволи да станам пилот, па почнав да играм фудбал“

Од пласманот на ЕП до победата над Германија и албумот со сликички на „Панини“, во кој првпат се и македонските фудбалери - селекторот Игор Ангеловски вели дека го живее својот сон.Не само негов, туку и на многу гeнерации, кои 30 години чекаа Македонија да игра на Европско. Неодамна и тој, како и многумина, застана во редот да чека за да си купи албум со сликички. Вели:„Нема тука ништо чудно. Јас сум татко на три деца - Лука, Луна и Леа, кои сакаат како и другите деца да имаат албум. Јас сум ист како и секој граѓанин и ќе го почитувам редот. Ме препознаа и сакаа да ме пуштат преку ред, ама јас тоа го одбив затоа што сечие време е вредно“, раскажува селекторот Ангеловски, за Репортер.Ни откри дека како мал одел да се менува со сликички во Градскиот парк, а дека ќе оди и сега.Фудбалот е детски сон, ама идол му бил кошаркарот Дражен Петровиќ. Не станал воен пилот оти не му дозволил татко му, кој е починат, и тоа токму на 31 март, што се совпаѓа со денот кога Македонија ја победи Германија.„31 март секогаш за мене беше тажен ден. Татко ми е починат баш на тој ден. И, ете, ако го памтев по нешто неубаво, се случи на тој ден Македонија да ја победи Германија и за мене тоа е нешто на што сум посебно горд. Пред сè, на фудбалерите што играат со срце“, раскажува Игор.Не му било лесно на мартовскиот собир. Од една страна, сопругата Тања, која имала корона, па биле часови во прашање и можело сè фатално да заврши, а од друга, натпреварот со Германија.Со Тања се заедно од 1995. Тогаш почнала љубовта и сега имаат три деца. Кога не е селектор, тој е татко што сака да биде со семејството и да ги прават сите работи што ги прават и другите.По пласманот на ЕП, сакаа да го сменат. Односите со ФФМ се на стаклени нозе, па со Ангеловски зборувавме и за тоа.„Пандев рече дека сакале да ме сменат. Од таму не чув демант. Јас, пак, ќе речам, кога Пандев зборува за фудбалот, другите треба да молчат. А јас само си ја вршам мојата работа. Репрезентацијата е многу компактна, па ќе треба малку појако оружје за да може да се сруши таа тврдина“, вели Ангеловски.Од муабетите во соблекувалната, преку тоа како отиде во Џенова да го врати Пандев во репрезентацијата, за победета над Германија и зошто со ФФМ се во ладна војна, дознавме преку муабетот. Но, и за бракот, децата, родителите, зошто не стана воен пилот... гледајте во интервјуто.извор: РЕПОРТЕР

Магазин | пред 5 години

akcija-diler

Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

Вчера во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај с.Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик. 

Македонија | пред 5 години

smilkovsko

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.На 23 февруари годинава, судот повторно ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.Со повторните пресуди Македонија доби потврда дека на чело на државата стојат монструми, кои ја злоупотребиле болката на родителите на убиените деца, но и болката на обвинетите.извор: РЕПУБЛИКА.МК

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев, Села и Гаши ќе се сретнат за да изнајдат решение за спорните државјанства

Спорниот закон за државјанство кој ја укочи работата на Парламентот денеска ќе биде ставен на маса пред премиерот Заев и лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Зијадин Села и Африм Гаши.Денеска во 11 часот се очекува средба меѓу премиерот Зоран Заев, со претседателите на опозициските албански политички партии Зијадин Села и Африм Гаши во врска со прашањето за државјанство и одблокирање на работата на македонскиот парламент. Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добие државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките книшки, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата АА-ААА.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vladika-Agatangel-696x388

Владици на МПЦ-ОА хоспитализирани поради Ковид-19

Владиците Агатангел и Петар се лекуваат од коронавирус во болницата „Аџибадем Систина“.Двајцата владики на Македонската православна црква – Охридска архиепископија се чувствуваат добро и наскоро треба да излезат од болница.Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

parking-holidej-in-2

„Ако се изградат спорните висококатници кај Холидеј Ин, ни на куќен совет веќе нема да ги гласаат“

Добро само една работа не ми е јасна. После ругобава што треба да никне тука; Градоначлнициве од општина Центар и град Скопје дали им е јасно дека никад ама никад веќе нема да дојдат на власт после ова. Дури и Дизниленд да напраат у Скопје ( додуше имаме ) џабе им е. Ни на куќен совет веќе нема да ги гласаат. Ако сакале ќе напреле нешто. А можеби и не сакале, можеби им је доста после ова, напиша на својот ФБ профил фотографот Роберт Атанасовски.извор: ФБ Роберт Атанасовски 

Скопје | пред 5 години

donacii

(ВИДЕО) Шокантно! Маж става дете во контејнер за донации кај „City Mall“

Шокантно видео се шири по социјалната мрежа Твитер. Маж става дете во контејнер за донации кај трговскиот центар „City Mall“ и таму го држи околу 1 минута. Потоа, детето вади ќеса со алишта, а мажот ја зема и ја става на страна каде има и друга ќеса. видео: Твитер

Македонија | пред 5 години

akcija-diler

(ВИДЕО) На патарина кај Велес уапсен познат дилер на хероин

На патарина кај Велес е уапсен познат дилер на хероин, објави media.mk.Според медиумот видеото кое го обајвија им го испратиле очевидец на настанот.видео: media.mk.

Македонија | пред 5 години

w_56674011

И денеска огромен број на починати 46 лица, а нови позитивни на КОВИД 19 се 687 лица

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од:Скопје – 780, Битола – 94, Куманово – 67, Охрид – 51, Штип – 44, Велес – 43, Тетово – 33, Кичево – 32, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 19, Кочани – 16, Берово – 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен по – 11, Прилеп и Делчево по – 10, Неготино – 9, Крива Паланка – 8, Пробиштип и Дебар по – 6, Радовиш и Македонска Каменица по – 5, Виница, Демир Хисар и Кратово по - 4, Богданци и Пехчево по - 3, Македонски Брод и Валандово - 1.Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола - 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово - 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни условиНаправени се 3.050 тестови преку: ИЈЗ-599, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-94, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, МАНУ-130, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-303, Биотек-319, Систина-243, лабораторија Лаор-540, Синлаб - 20, Ремедика-16, Плодност – 60, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 63223, активни 9659Куманово 7654, активни 1242Прилеп 7616, активни 1081Тетово 6702, активни 680Битола 5326, активни 1263Велес 5007, активни 834Гостивар 4861, активни 524Кавадарци 4829, активни 626Штип 4570, активни 463Охрид 4549, активни 812Струмица 3634, активни 552Струга 2806, активни 231Кочани 2469, активни 306Кичево 2232, активни 292Неготино 2057, активни 275Гевгелија 2033, активни 404Свети Николе 1374, активни 141Крива Паланка 1142, активни 91Ресен 1135, активни 237Радовиш 1000, активни 148Берово 939, активни 117Делчево 895, активни 88Дебар 888, активни 57Пробиштип 734, активни 74Виница 691, активни 103Валандово 588, активни 99Крушево 449, активни 122Богданци 446, активни 75Демир Капија 386, активни 61Демир Хисар 347, активни 51Кратово 343, активни 24Македонски Брод 335, активни 51Пехчево 241, активни 22Македонска Каменица 216, активни 8Дојран 127, активни 23фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања