Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Марковска: Економските мерки дадоа резултат, економијата се враќа на стабилни стапки на раст, помошта за граѓаните и компаниите ќе продолжи

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за надминување на последиците од кроонакризата даваат резултати. Тоа е потврдено и со бројни официјални статистички податоци. Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека, 5 отсто е растот на даноците и придонесите, истакна на денешната Прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.Марковски додаде:Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.Во јануари бележиме и раст на просечната плата од 2,7 отсто, раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалува на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.Во поглед на реализација на економските пакети мерки, севкупната имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра, пари кои завршија директно кај граѓаните и во стопанството.Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платитеда продолжат да растат а невработеноста да се намалува.Владата предводена од СДСМ продолжува се креирање и реализација на мерки и политики што значат помош и поддршка за домашната економија, спас на секое работно место.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

droga-2

Притвор на сите шест уапсени лица во акцијата на МВР и ДЕА

Судија на претходна постапка им одреди притвор на сите шест уапсени лица во големата акција на МВР и Американската агенција за борба против наркотици -ДЕА. Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди Обвинителството за организиран криминал и корупција.Шестемина вчера беа донесени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. На сите им е одредена мерка притвор од по 30 дена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази.Меѓу притворените се и осомничените организатори на групата Д. Ј. од Струмица и А. У. од Скопје, a кој бил пријател со командирот на Полициска станица Прилеп Кире Спиркоски од времето кога биле во специјалната единица на АРМ „Волци“.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

dupka-skopje-2

ФОТО: Две недели стои дупката на сред плоштад

Дупкава две недели си стои... Плоштад во центарот на главниот град. Чекате тендер или комисија?Ајде легнаа 1,4 милиони од Обновителите потрошете 100 евра, пошто ако Вам не ви е срам, нам ни е срам, стои во ојава на ФБ.извор: ФБ Огнен Чанчаревиќ

Скопје | пред 5 години

Objekt-skopje

Скопјани организираа петиција: НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин

Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“.https://samoprasaj.mk/naacik/1956-83-000Без јавна дебата и спротивно на основните урбанистички правила за пристоен живот во Општина Центар тече постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“. Направена е пресметка за износот на комуналии што фирмата-инвеститор „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ-ОА треба да им го плати на Општина Центар и на Град Скопје. Станува збор за околу 150 милиони денари (2,4 милиони евра). Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра ќе легнат на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) ќе завршат во касата на Центар, се вели на петицијата „ НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин“Во продолжение се додава:Градежната дозвола последен чекорОд Општината велат дека договорот сè уште не е потпишан, но извесно е дека тоа ќе се случи откако ќе биде поднесена потребната документација.„По уплатата на комуналиите, неопходно е да се обезбеди цела, потполна документација потребна за аплицирање, па дури потоа да се бара одобрение за градење. Од предвидените 200.000 квадратни метри кои ги предвидува ДУП-от донесен во 2012-та година, а стапи на сила откако Уставен суд одлучи да го укине „мораториумот“, според поднесениот идеен проект, се планира искористеност од 83.000 квадратни метри. За тоа што точно ќе се гради, зависи од планираниот проект на сопственикот“, велат од општина Центар.Оттаму не сакаат да прецизираат за колку и за какви објекти станува збор иако добиле идеен проект за оваа локација.Од Град Скопје потврдуваат дека ја направиле пресметката, бидејќи инвеститорот ги имал документите и морале да го почитуваат Законот, но оттаму укажуваат дека тоа не значи дека Општината е обврзана да издаде дозвола за градба.„Град Скопје направи пресметка, следејќи ги обврските од управната постапка и Законот за градба“, велат од Градот.Станбено деловни објекти високи над 80 метриСпоред неофицијалните информации, предвидено е проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда - кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.Планот за оваа локација не предвидува зелен простор од 20 отсто во парцела согласно Законот за урбано зеленило, а несоодветно е решено и движењето на пешаците. Не се знае како ќе се обезбеди заштита на кејот на рекава Вардар односно отвореноста на реката кон просторот. Нејасно е како ќе се обезбеди движење на огромниот број возила по постојните сообраќајници.Се отвораат и прашањата како ќе се зачува јавниот простор и зеленилото? Дали за жителите во истата градска четврт ќе може се обезбедат пристојни услови за живот? Дали комуналните и други јавни сервиси ќе можат да ги издржат новите градби?....Паркингот ќе стане еден од најгусто населените делови од светотПо одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар и очекуваната уплата на комуналиите, практично останува уште добивањето градежна дозвола, по што ќе започне изградбата на висококатници спроти хотелот „Холидеј Ин“.На потегот кај огромниот паркинг спроти хотелот, во ДУП „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ првично беа нацртани три 60-катници, поврзани со 20-катници.Иако е неспорен јавен интерес, надлежните сега јавно не соопштуваат што точно ќе се гради и како треба да изгледа овој дел на градот. За оваа локација се поврзува и скандалозниот предлог од планерската куќа „Билд урбан“, кој како што пишуваше „Сакам да кажам“ предвидувал изградба на градинка под земја, што децата осум часа би ги оставил без свеж воздух, а инвеститорот би добил повеќе простор за згради и деловни објекти. Според оваа верзија, на локацијата би се граделе шест кули со висина од 25 до 30 катови.ДУП Ц 08 2012ДУП за градска четврт Ц 08 до последната одлука на Уставниот суд беше ставен под мораториум. ДУП-от не е усогласен со повисокиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, донесен на 4.12.2012 година со важност до 2022 година. Според направени пресметки, овој ДУП за 8,8 пати ги надминува параметрите на ГУП-от во однос на површината за домување и бројот на жители. Планот предвидува 200.000 квадратни метри развиена површина за трите парцели, а според она што е замислено за домување, таму би имало најмалку 11.000 жители.

Скопје | пред 5 години

Trajce

ФОТО: Се јави Трајче Заев, не е во Македонија

-Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, напиша на својот фејсбук профил Трајче Заев.извор: ФБ Трајче Заев

Македонија | пред 5 години

slika-2

Милошоски: Нови фрапантни сознанија, мафијата на Спасовски и Заев делеле пасоши и на борци од ИСИС

Аферата „Мафија“ има нов продолжеток. Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други. Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Милошоски на прес конференцијата додаде:Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР.Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС.Во февруари 2019-та година на пристаништето во Валона бил уапсен Фитим Дема, косовски државјанин кој што бил уапсен со македонска патна исправа. Инаку во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници член на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот. Фитим Дема бил баран за издржување на затворска казна за учество во терористичка група и учество во странска војска од страна на судот во Приштина. Во март 2018-та година им побегнал на косовските власти. И во 2018-та година исто така успеал да извади македонски пасош со лажен идентитет. За што сметаме дека не можело да  се случи само со знаење на шалтерски работници, морало некој и од повисоките раководни структури да му овозможил на овој терорист од регионот кој што учествувал во борбите во Сирија да добие македонски пасош.Откако добил македонски пасош намерата му била со траект преку Валона да замине за Бриндизи во Италија. И тогаш благодарение на препознавањето од страна на граничната полиција на Албанија е уапсен и е констатирано дека има македонска патна исправа. За што албанските медиуми многу на долго и на широко пишуваа во текот на 2019-тата година. Така што дури и во 2018-та година министерот за внатрешни Спасовски та не знаел за издавањето на пасош на овој терорист, можел преку јавно достапни информации да го дознае тоа во 2019-та година.Да го потсетиме министерот дека во 2018-та година кога Фитим Дема, терористот од ИСИС добива македонски пасош, министер е Оливер Спасовски за да не се збуни да не наведе друг министер во тоа време.Исто така во 2019-та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски кога албанските медиуми на големо пишуваат дека е уапсен Фитим Дема, терорист од ИСИС кој што поседува македонска патна исправа.Во нормална држава ќе се броеја часовите или деновите кога министерот за внатрешни работи после еден ваков голем скандал  ќе си поднесеше оставка. Но, во Македонија гледаме дека наместо одговорност за скандалот „Мафија“, испаѓа дека мафијата си има своја држава и никој не поднесува одговорност. Сметаме дека сите оние театри кои што се прават со заплени на путер, и некаква си бледа корупција, се погазени со оваа афера „Мафија“ каде што македонски пасоши со украден идентитет од македонските граѓани добивале светски убијци, мафијаши, нарко – босови, терористи и луѓе познати со трговија со дрога.За тоа сметаме дека мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат.За тоа, почитувани граѓани, нашиот апел е што побрзо оставка од страна на министерот за внатрешни работи бидејќи издавање на македонски пасоши на познати терористи, членови на ИСИС ја загрозува безбедноста на Македонија, безбедноста не регионот и е спротивно на безбедносните интереси на членките на НАТО и на ЕУ. Овој скандал мора да заврши не само со кривична туку и со политичка одговорност.видео и фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

19 лица го прекршиле полицискиот час

Од 20.00 часот (10.04.2021) до 05.00 часот (11.04.2021) констатирано е дека 19 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (10/11.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nikolovski-1

Николовски: Ние како Влада ги засилуваме сите механизми за борба против корупцијата кои ни стојат на располагање

-Ние како Влада ги засилуваме сите механизми за борба против корупцијата кои ни стојат на располагање, а градиме и воведуваме и нови механизми за справување, искоренување и имплементација на конкретни мерки за превенција и сузбивање на високата корупција. Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против кариесот во општеството, појава која ја нагризува и иднината на нашите деца, појава која спречува развој и подобри и посигурни услови за живеење и работење. Ова е Влада која коренито се зафаќа со решавање на проблемите и веруваме дека и во оваа област граѓаните набрзо ќе воочат разлика и поместување кон подобро – вели вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.Тој, во интервјуто за МИА, зборува за активностите кои ги преземаат во борбата со корупцијата, изготвениот План, чекорите кои ги предвидува, како и за неговото тековно спроведување.За извештајот на Стејт департментот во кој се наведува дека корупцијата во земјава е на високо ниво, вицепремиерот вели дека не се рамнодушни кон извештаите кои ги констатираат слабостите на општеството, но, тоа не само што не ги демотивирало, туку ги правело поодлучни во битката.За случајот со починатиот овчар Златко Божиновски, Николовски потенцира дека по завршувањето на целата постапка, ќе имало одговорност секаде каде што ќе биде утврдено. Тој додава дека Комисијата формирана од ЦУК работи и на ревидирање на стандардните протоколи кои довеле до затајување на алките во системот.Во врска со софтверот за сообраќајни прекршоци на Драги Рашковски и сомнежите што ги покрена, вицепремиерот посочи дека законите мора да се почитуваат, дека сите се еднакви пред нив, а надлежните институции во моментов постапуваат.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

policija

330 санкции за брзо возење на патот Скопје-Охрид

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, а во текот на вчерашниот ден (10.04) санкционирани се 330 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.Притоа, 21 возач возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

akcija

ВМРО ДПМНЕ: Спасовски молчи за акцијата на ДЕА, уапсен шоферот на Трајче Заев, а Трајче Заев избегал во Дубаи

Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР.После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици.Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице.Оттука логично се поставува прашањето дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА?Исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи?Криминалот на власта излегува на виделина. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на проектот - брз автобуски превоз

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски превоз (Bus Rapid Transport - БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“.Откако Собранието го усвои законот за задолжување, конечно се отвори патот Скопје да добие современ и добро организиран јавен превоз и да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори. Во наредниот период треба да се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз. Екипи на Градот и ЈСП ‘Скопје‘ и досега работеа на подготовка на техничката документација, а со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката. Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра со рок на отплата од 15 години.Проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје опфаќа две линии со коридори резервирани за брз автобуски превоз - Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 km и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 km со 20 автобуски станици. Двете линии се преклопуваат во Центар. БРТ овозможува намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот.Со имплементацијата на првата фаза, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче со должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска постојка и 2 терминали, времето на патување од сегашните 70 минути ќе се намали за повеќе од 50 отсто, односно времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.Посебната траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува движење без застој низ средишниот дел градските улици и булевари. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила. Исто така, имплементацијата на брзиот автобуски превоз значително ќе го подобри севкупниот јавен превоз во Скопје бидејќи ќе овозможи поголема покриеност низ градот преку пренасочување на сегашните автобуси на други автобуски линии.Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.Значајно е да се нагласи дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, што претаставува верификација на еколошките политики кои што ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и потопло.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 14 до 21 степен, јави УХМР.И во понеделник времето ќе се задржи стабилно со дополнителен пораст на дневната температура. Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи.Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Meri-Kirijas

Д-р Киријас: Лицето кое што прележало Ковид има заштита и заштитата не е само со антителата

Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА.Според неа, во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.– Се надеваме дека ќе нема потреба од повторни ревакцини, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа само ради моментот со она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не, потенцира д-р Киријас.Таа нагласува дека присуство на антитела во организмот значи заштита од Ковид-19 и не е важна колкава е бројката на антитела, бидејќи заштитата не е само од нив, туку е важен и клеточниот имунитет којшто останува како меморија.– Присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи лицето кое што прележало Ковид има заштита и заштитата не е само со антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите. Така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека тој имунитет ќе трае една година, додава д-р Киријас.Во врска со досега познатите нус појави по вакцинацијата, освен ретката појава на поврзаноста на појавите на згрутчување на крвта и вакцината на „Астра Зенека“ што ја потврди и Европската агенција за лекови (ЕМА), Киријас вели дека во САД по примањето на вакцината на „Фајзер“ се регистирани и појави на минлив фацијалис, а имало и случаи со тромбози, меѓутоа не е потврдено дали тие се причинско-последично поврзани или не.– Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините, додава Киријас.Таа нагласува дека официјалните препораки се дека вакцинацијата и ревакцинацијата треба да бидат со истиот тип вакцина, бидејќи сè уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува доколку првата и втората доза да бидат од различни производители,извор: МИА

Македонија | пред 5 години

imigranti-2

Началник од СВР Штип уапсен за шверц на мигранти

Судија на претходна постапка од организиран криминал одлучува за барањето за притвор на 17 уапсени членови на група за шверц на мигранти од Авганистан, Ирак, Бангладеш, Пакистан и други држави. Вкупно се осомничени 21 лице.Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека меѓу уапсените има и полициски началник. Според извори од судот, се работи за началникот на СВР Штип, кој бил известувачот на групата каде има полициски патроли на патиштата, за шверцерите да го менуваат правецот и да не ги фатат комбињата со мигранти, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Оваа група била поврзана со криминална група од Грција, која им ги предавала мигрантите на овдешните шверцери на луѓе, меѓу кои и деца, преку т.н. зелена граница.Криминалната група, за сума од 150 до 300 евра по мигрант, ги пренесувала преку различни места за средба, се до кумановско – липковскиот регион, селата Ваксинце и Лојане, па оттаму кон територијата на Република Србија и државите на Европската Унија. Интересно е што досега многу пати полицијата ги има лоцирано овие куќи во Лојане и Ваксинце, вработени кај Народниот правобранител исто така, но шверцот на мигранти со крајна станица во овие северни села, пред напуштањето на Македонија, не се уништува.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

novinari-1

Денеска во Врање се вакцинираа уште 200 македонски новинари

Уште 200 новинари од Македонија денеска се вакцинираа во Врање, откако во првата акција на имунизација 105 медиумски работници ја примија првата доза, јавуваат српските медиуми.Вакцинирањето, како што јавува порталот Јужне вести, започнало утрината во Спортската сала во Врање.Вакцинирањето на новинарите од Македонија е порака на солидарност, важно е на сите во регионот да им биде добро, а нам во Здравстениот центар Врање ни е чест што ни е доверена вакцинацијата на нашите соседи, рече директорката на центарот, Лилјана Антиќ.Досега, освен во Врање, македонските граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш и во Белград.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Ugostiteli

(ФОТО) Кафичите не работат, но на младите не им смета да се групираат по улиците

Угостителите го шират вирусот? Еве, тие не работат! Но, за џабе се препораките да се седи дома, нема кој да контролира, ни родителите ни полицијата, се вели во објавата на Фб на Велес 24.извор: ФБ Велес 24

Македонија | пред 5 години

park-skopje

(ФОТО) Парковите во Скопје полни, Божиновски прашува: На фотосинтеза да не живејте бе?

На фотосинтеза да не живејте бе? Два викенди ако не куропецате по паркови ќе преживеете, напиша на својот ФБ Божидар Божиновски. извор: ФБ Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

siluvanje

18-годишник силувал врсничка во струмичко

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на делото.За силувањето се сомничи 18-годишник со иницијали И.Д. кој престојува во селото Банско, додека пак, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од Банско му помогнале во намерата.МВР соопшти дека настанот се случил пред два дена, а на трите лица определена им е мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

princ-filip

Погребот на принцот Филип ќе биде следната сабота

Војводата од Единбург секогаш инсистирал на тоа дека сака погреб со минимална врева.Неговата желба за она што е познато како „кралски церемонијален погреб“ сличен на кралицата на мајката – наместо целосен погреб на државата – веќе беше исполнета.Но, пандемијата ќе има големо влијание врз тие планови. Синоќа, кралицата и нејзините високи претставници разговараа за тоа како најдобро да се постапи.Со конечно одобрување од нејзиното височество, одлуката најверојатно ќе биде објавена денес.Изворите велат дека е скоро сигурно дека секој аспект од аранжманите што веројатно ќе привлечат толпа нема да се случи, што значи дека церемонијалните аспекти ќе бидат ограничени, а оплакуваните ќе бидат не повеќе од 30.Според претходните планови – познато во кралското домаќинство како „Четврт мост“ – неговото тело би било веднаш балсамирано и однесено во капелата Алберт Меморијал од капелата Свети Ѓорѓи на замокот Виндзор.„Дејли Мејл“ дозна дека ковчегот на Филип бил синоќа во замокот, каде што престојува кралицата, најверојатно одмарајќи во нејзината приватна капела за богослужба.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

ruskoska

Русковска ги испрашувала Спасовски и Чулев за софтверот на Рашковски

Актуелниот, Оливер Спасовски и екс министерот за внатрешни работи, беа испрашани како сведоци во одделението за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со случајот со поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски, објави Телма.Спасовски како сведок во Обивнителството се појавил во средата, а еден ден по него и екс-министерот Наќе Чулев.И двајцата сведочеле пред обвинителката Вилма Русковска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sajkoski-10.04

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци.Извршниот комитет го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан.Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта.Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана.извор: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

w_56803989

Денеска починати се 32 лица и нови 1.092 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 452, Битола – 85, Куманово – 80, Прилеп – 49, Кавадарци – 45, Велес – 41, Струмица – 36, Охрид – 33, Тетово – 30, Штип – 27, Кичево - 22, Гостивар и Кочани – по 21, Гевгелија – 18, Струга – 15, Ресен – 13, Радовиш – 11, Делчево – 10, Дебар и Берово - по 8, Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Дојран – 6, Неготино, Виница, Богданци и Демир Хисар - по 5, и Валандово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 4, Демир Капија - 3, Крушево и Пехчево по - 2, Кратово - 1.Регистрирани се 2003 оздравени пациенти од:Скопје – 1145, Кавадарци – 147, Охрид – 101, Неготино – 81, Струга – 71, Куманово – 57, Прилеп – 53, Битола и Велес по – 43, Тетово – 34, Штип -32, Гостивар – 27, Струмица – 26, Гевгелија – 23, Делчево – 17, Крива Паланка – 15, Кичево – 14, Кочани – 10, Берово и Демир Капија по – 9, Ресен – 7, Свети Николе и Радовиш по – 6, Пробиштип, Валандово, Богданци и Македонски Брод по - 5, Виница и Крушево по – 3 и Дојран – 1.Пријавени се вкупно 32 починати лица: 10 од Скопје (91г , 83г , 65г , 79г , 2 лица по 74г, 72г, 70г, 63г и 60г), по 2 починати пациенти од Куманово ( 73г и 65г), Прилеп (90г и 81), Тетово (77г И 74г), Гостивар (78г и 48г), Кавадарци (70г и 46г), Гевгелија (66г и 61г) и Виница (67г и 64) и по 1 починат пациент од Битола (88г), Берово (76г), Велес (81г), Крива паланка (61г), Неготино (61г), Охрид (81г), Свети Николе (70г) и Штип (64г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 5.569 тестови преку: ИЈЗ-673, ЦЈЗ Скопје-124, ЦЈЗ Битола-107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–11, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–69, МАНУ-154, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Авицена-368, Биотек-473, Систина-338, лабораторија Лаор-1044, Синлаб - 209, Ремедика-99, Плодност – 78, Генеа – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.529.Досега во земјата се направени вкупно 666.091 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 62909, активни 10139Куманово 7599, активни 1257Прилеп 7583, активни 1061Тетово 6680, активни 695Битола 5289, активни 1326Велес 4976, активни 847Гостивар 4842, активни 526Кавадарци 4806, активни 624Штип 4553, активни 492Охрид 4516, активни 831Струмица 3601, активни 522Струга 2803, активни 241Кочани 2452, активни 305Кичево 2226, активни 318Неготино 2051, активни 279Гевгелија 2029, активни 419Свети Николе 1363, активни 141Крива Паланка 1142, активни 99Ресен 1129, активни 242Радовиш 1000, активни 155Берово 939, активни 131Делчево 894, активни 97Дебар 888, активни 63Пробиштип 733, активни 79Виница 684, активни 102Валандово 589, активни 100Крушево 449, активни 122Богданци 444, активни 76Демир Капија 385, активни 60Демир Хисар 347, активни 55Кратово 342, активни 28Македонски Брод 331, активни 49Пехчево 241, активни 25Македонска Каменица 216, активни 14Дојран 126, активни 22фото: Архива

Македонија | пред 5 години

droga-2

(ВИДЕО) МВР за приведените 6 лица и запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра

Денеска ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, и тоа против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.Имено, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА спроведоа повеќемесечна истрага, во координација и по насоки на Јавен обвинител од ОЈОГОКК, а во текот на вчерашниот ден беше реализирана заеднички координирана акција, при што на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на с.Раец биле запрени патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистраски ознаки, управувано од А.У, каде како сопатник бил Г.К., а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала поголема количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со дрога. Лицата се лишени од слобода и од извршеното вештачење на пронајдената дрога е утврдено дека станува збор за марихуана во вкупна количина од околу 200 килограми, истакна вели Сузана Прањик – портпарол на МВР. Во Прилеп, во исто време, е лишен од слобода и М.С., кој управувал товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, додека во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и организаторот на криминалната група Д.Ј., кој управувал патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки.При извршен претрес кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, за што ќе му биде поднесена и кривична пријава за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, полициски службеник. При претресот кај Д.Ј. од Струмица пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства,а при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат, вели Сузана Прањик – портпарол на МВР.По наредба на Јавен обвинител и добиена наредба од Судија на претходна постапка во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..Сите шест лица се лишени од слобода и денеска ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, а продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба со криминалот!Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак прашуваат дали возачот на првиот братучед на Премиерот Зоран Заев е еден од уапсените, кој што бил пратечко возило на пратката со дрога.„Повторно сакам да упатам прашања до власта и конкретно до премиерот Зоран Заев, а тоа е дека возачот на Трајче Заев, првиот братучед на Зоран Заев е еден од уапсените, кој што бил пратечко возило на пратката со дрога? Вториот уапсен е Кире Спиркоски викан „Чипси” командир од полициската станица Прилеп кој што пак може да се види дека е преблизок со Оливер Спасовски и со локалните структури на СДСМ во Прилеп, како што е градоначалникот Јованоски“ – рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕОд МВР велат дека сите шест лица се лишени од слобода и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и дека продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога.видео: МВР

Македонија | пред 5 години

baba-solunka

Телма: Баба Солунка неможе да добие нега од друго лице ни по три судски одлуки

Ова е лелекот на 83-годишната Солунка Алексовска од село Текија, скопско, кој не го слушаат надлежните социјални служби. Врзана за кревет повеќе од една година откако ги скршила двата колка, во медицинското досие и се запишани и изразена остеопороза и артритични деформитети, изразена сколиоза на р’бетот, ротација на пршлените и други деформитети. Но се ова никако да ја увери Стручната лекарска комисија дека Солунка не може сама да се грижи за себе и оти и е потребна нега од друго лице, објави Телма.Борбата за правото на Солунка за надомест за нега од друго лице ја почнал нејзиниот син Љубе во 2014 година, кога таа седум години помлада од денес, веќе се движела со штаки, а потоа и со инвалидска количка, а кога по една година примање додаток за нега од друго лице, Центарот за социјални работи Гази Баба, и го укинало тоа право. По смртта на Љубе битките со системот за социјални грижи ги продолжил внукот Бојан, кој живее сам со неа, а на помош во грижата за Солунка му доаѓа неговата сестра Елена. Но додека се тие на работа Солунка останува сама во малата полуподрумска соба.„Ме гледаат, но што ќе гледаат. Одат на работа, доаѓаат. Едвај ги дочекувам да ем видат“, вели таа.Текстот во целост на:  Телма.фото: Телма

Македонија | пред 5 години

policija-1

Работник пронајден удавен во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш

– Во полициска станица Радовиш вчера во 17:50 часот било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, во близина на крстосница за селото Бучим, било пронајдено починато лице, соопштија од СВР Струмица.Увидна екипа од ОВР Радовиш, трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за една компанија, паднал во шахтата со вода и се удавил.Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања