Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kafic

Надлежните сметаат дека затворањето на угостителските објекти е добра мерка пред празниците

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, сметаат дека целосното затворање на угостителските објекти е добра мерка, особено сега, во пресрет на празниците.-Мислам дека е добра ваква мерка во пресрет на празниците. И тоа беше главниот концепт околу кој дискутиравме – дали треба да имаме радикална мерка и сериозно да го намалиме притисокот пред некои настани кои се сериозен ризик, а по две недели можеби за угостителските објекти некои други препораки. И затоа е таа препорака – изјави министерот за здравство Венко Филипче.Тој додадава дека за евентуални промени во однос на мерката ќе се анализираат бројките и податоците за сите градови поединечно како што се правело секоја недела.-Не смее да се дозволи експлозија и создавање кластери за празниците, посебно во ваква ситуација кога системот е оптоварен со бројни пациенти по болниците – изјави Филипче.Според директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите.-Инспекциските служби од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли. Само пазарните инспектори извршиле над 4.500 контроли и надзори при што изрекле 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози. Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколите, два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, односно тие се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози – вели Пауновски.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

36 лица не го почитувале полицискиот час, а 434 лица се казнети за неносење маска

Од 20.00 часот (09.04.2021) до 05.00 часот (10.04.2021) констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (09/10.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-6

129 сообраќајни прекршоци во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31, 6 санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се 4 санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за возачи на мотоцикли и 46 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молчи мрзливиот Шилегов за вработувањето на 175 партиски војници во ЈСП?

На мрзливиот Шилегов малку му беа 135-те нови вработувања во администрацијата на Градот Скопје, пред само 4 месеци, меѓу кои негов личен шофер и советник за улично осветлување, па сега реши да го пренатрупа и Јавното сообраќајно претпријатие со партиска администрација, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Во година кога ЈСП Скопје трпи најголеми загуби заради КОВИД пандемијата, мрзливиот Шилегов и директорот на ЈСП Скопје решија да вработат 175 луѓе повеќе од предвиденото, се со цел да се задоволат партиските и приватните цели.Тотално нерационално и неразумно, бидејќи ова јавно претпријатие кое е под Градот е во загуба и е пред банкрот, а се финансира преку субвенции од Град Скопје.Парите на сите скопјани кој уредно си ги праќаат давачките спрема Град Скопје, неработникот Шилегов наместо за проекти ги троши за партиски вработувањаЈСП Скопје наместо приоритет да му бидат вработување на дефицитарниот кадар, а тоа е возачи на градските автобуси, Петре Шилегов преку ЈСП Скопје си ги вдомува своите партиски кадри во администрација на претпријатието.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа оваа точка на седницата на Град Скопје, со која се предвидува да се вработат 175 административци во ЈСП Скопје, затоа што според планот за работа, оваа година ќе заминат околу 40 вработени во пензија.Мрзливиот Шилегов му останаа само уште неколку месеци и за тоа брза да ги исполни своите партиски обврски и квоти. Ваквото неодговорно однесување од Шилегов, скопјани многу брзо ќе го казнат.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

centar-skopje

Кај „Холидеј ин“ сепак ќе се градат три 20-катници - инвеститорите уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари

Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката. Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието, објави СДК.МК.Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници.„Според идејниот проект на инвеститорите, се предвидува искористеност од 83.000 квадратни метри, што е помалку од она што го предвиува ДУП-от, а тоа е 200.000 метри квадратни. Решението е за три згради со деловни објекти, првата на 15 ката, втората на 20 и третата на 25. Сите овие параметри се помали од она што го дозволува стариот план и затоа немаме правна можност да не им издадеме дозвола за градење. Веќе на сила не е мораториумот, Законот за урбанистичко планирање вели дека планот се применува сè додека не се донесе нов. Со тоа, инвеститорот кој е споственик на земјиштето има основи да бара градежна дозвола, а ние мораме да ја дадеме“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.Текстот во целост на: СДК.МК.

пред 5 години

akcija

Арсовски најавува афера, поврзана со запленетата дрога: „Картелот Заеви“

На повидок е нова афера “Картелот Заеви”. Иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации кои стигаат до нас е дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис “Медикал 420”, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.Арсовски во објавата додава:Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Ниту една случајност, туку напротив, сѐ упатува до семејството, кои веќе се картел, Заеви и секако до власта на СДСМ.Прашањето кое во најбрз можен рок мора да биде одговорено од властите е дали во фирмата “Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев???Дополнително, да потсетам дека фирма со име “Медикал 420БГ лтд” од овие двајца (Заеви) беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. За овие фирми на семејството Заеви во Бугарија јас лично имам говорено јавно.Дали ова е случајност или не?Да бидам директен, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви???ПС: После ова нема преговарање за помала казна како во филмовите “Наркос” и “Ел Чапо”. После ова паѓате како круши и ‘фино-поштено’ си лежите робија.извор: ФБ Димче Арсовски

Македонија | пред 5 години

akcija

Запленета дрога вредна 800.000 евра, уапсен полициски началник

Попладнево е приведен командирот на полициската станица Прилеп. Според првичните и неофицијални информации, тој бил дел од групата која е фатена во шверц на дрога, во случај кој бил реализиран во соработка со американската агенција за борба против наркотици. Во моментов акцијата е се уште во тек а детали од МВР најавуваат откако ќе завршат претресите.

Македонија | пред 5 години

vardar-2

Комити: Шилегов ќе биде единствен градоначалник во историјата кој му свртел грб на Вардар

Во сите нормални држави, градските татковци се обидуваат да допрат до оние за чии интереси служат - граѓаните. Има многу проекти кои многумина не сметаат дека се приоритетни, па се случуваат, но не треба сопственото лично мислење, симпатија или можеби анимозитет, да преовладаат над она што е општо добро за граѓаните и народот.Само граѓаните може и треба да одлучат како средствата кои ги издвојуваат за буџетот на градот ќе бидат распределени, се вело во објавата на ФБ на Комити Скопје.Во продолжение на истата се додава:Токму тоа сакавме и да го потенцираме со се ова што правиме, дека Скопје го сака Вардар, дека Вардар е артеријата на градот.Во салата за состаноци при градот Скопје, има слики од сите градоначалници кои Скопје ги памети, и сите тие, од прв до последен без исклучок биле и беа поврзани со Фудбалскиот Клуб Вардар, и тоа гордо ќе ви го кажат. На тој ѕид не стои само сликата од актуелниот градоначалник, сеуште, па дали нему ќе му биде комотно да знае дека тој може да биде единствен во историјата кој му свртел грб на Вардар. Да си Скопјанец, до тебе да зависат многу нешта меѓу кои и симболот на градот и Македонскиот непокор - Вардар, и да не се преземеш чекор за Вардар, би било неславна страна за историјата на Скопје, кое е поврзана со онаа на Вардар...Затоа може да организираме Градски Референдум, на кој и вие заедно со Скопјани ќе го браните и промовирате Вардар, па потоа ќе ги прашате вашите и наши мили сограѓани ДАЛИ ГО САКАТЕ ВАРДАР?Градот Скопје е должен да го промовира Вардар како најголем Бренд кој го има градот, и кој единствен може да го сплоти народот.И дај тргнете политика на страна малку, покажете искрени чекори дека сакате да се реши ситуацијата со клубот, доста не замајувате и двете страни. Ставете го ВАРДАР на прво место, во барем мал дел од вашето драгоцено време.Го сакаме ВАРДАР !Вардар ќе живее !извор: ФБ Комити Скопје

Македонија | пред 5 години

park

Денес во градски парк илјадници млади - ниту 5% не носеа маски, се жали скопјенец на социјалните мрежи

Денес во градски парк илјадници млади...- ниту 5% не носеа маски.- Групирање во големи групи па и до 20 души.- Социјална дистанца? Ха Ха ,важи да.- Со пивото и виното Чипсче добро иде.( да не се споделува храна)- едино ме изненадиа оние шо вртеа џоинт, го проаѓаа фасот со пламен од упаљач за да го дезинфекцираат. СМАРТ. ХаА ТЕРЕТАНИТЕ УШТЕ НЕ РАБОТАТ?Има ли во авионот пилот, и доколку има дали знае каде ќе слета, напиша на својот ФБ профил тренерот Даниел Трбогазов. извор: ФБ Даниел Трбогазов

Скопје | пред 5 години

pasosi

Ременски објасни како тече изработка на пасошите, кој ги проверува, каква одговорност носи секој оддел во МВР

КАКО ПЕКЕР ВЛЕЗЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА ПАСОШИ ВО МВР‼Во скоро сите земји во кои се израборува и издава биометриски пасош според меѓународните стандарди и спецификации за изработка на биометриски пасоши кои ги пропишува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) при ООН за информирање на граѓаните, за потребите на стручната јавност и науката, ЈАВНО Е ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на биометриски пасош и што се' содржи тој. Скоро и да нема тајни околу софистицираноста и податоците кои се содржани во биометрискиот пасош.ВРВ на оваа транспарентност е Германија, чиишто пасош е рангиран на ТОП ЕДЕН место во светски рамки, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Високиот процент на Германци кои без никакво воздржување и на доброволна основа ги дозволуваат своите биометриски податоци на јавните власти во Германија кои се вградени во софистицирана електронска документација на Германците е заради ДОВЕРБАТА ВО СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА на нивните лични и биометриски податоци.Од тие причини Германија стана европски лидер во градењето на регулативата и системите за размена и заштита на биометријата за граѓаните во Европа во рамките на европските институции.Иако нашиот биометриски пасош ги следи меѓународните стандарди и спецификации на ICAO, заради што и влеговме во зоната на визната либерализација, при што нашиот пасош беше рангиран како 47-ми по безбедност, сепак кај нас НЕ Е ЈАВНО ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на пасошот!Кога зборувам за процедура, не мислам на поднесувањето на барање за издавање на пасош, туку на чекорите од поднесување на барањето, процесот на движење на барањето, изработката, проверката и издавањето на биометрискиот пасош.На темата биометриски податоци (ДНК, отисок од прсти, дланка, ушна школка, зеница итн), скоро и да не се зборува, а камоли да е познато за што се' може, мора, треба или не треба да се даваат овие податоци. Секако, темата со отисоци од прсти се познати при нивно аплицирање за возачка дозвола, лична карта и патна исправа, и сега од скоро како БУМ идеја за гласање со отисок на избори!Германците со највисок степен на доверба во заштитата на нивните биометриски податоци уште не разговараат на тема гласање со отисок од прст, ама затоа ние во ек на системски скандал со тргување со идентитети и купување на оргинална биометриска документација стигнавме до стапен да промовираме биометриска идентификација за гласање на избори- Македонскиот (second generation) биометриски пасошБиометрискиот пасош е документ кој содржи елементи на заштита од фалсификување.- Податоците за носителот на пасошот се ПЕРСОНАЛИЗИРААТ на втората страница од пасошот, а вградениот бесконтактен RFID ЧИП содржи биометриски податоци за сопственикот.- Во чипот според стандардите за втората генерација биометриски пасоши, дефинирани се задолжителни податоци организирани во „логична структура на податоци“ (Logical Data Structure), организирани во „групи на податоци“ (Data Groups-DG) и 16 подгрупи.- Задолжителни податоци во безконтактниот чип од биометрискиот пасош се: дигиталниот запис на читливи зони, дигитален запис од фотографија на лицето - сопственик на пасошот, дигитален запис од отисокот од прст(и), идентификациски ознаки на носителот на пасошот, сигурносни ознаки, додатни и опциони податоци.-Освен овие податоци на ЧИПОТ во биометрискиот пасош се наоѓа и посебна датотека EF.SOD во кој се обезбедува сигурноста на документот (Security Object of Document) која содржи листа со хаш-вредности за секоја група на податоци како и на самиот пасош - дигитално потпишани од државата издавач на патната исправа, заради заштита на логичката структура на податоците и овозможување на земјата примател да ја провери автентичноста и интегритетот на податоците кои се наоѓаат на чипот во пасошот.-Како завршен чекор во ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА на биометрискиот пасош е ЗАКЛУЧУВАЊЕТО на чипот што овозможува исклучиво дигитално читање (без промена) на податоците од чипот.-Од аспект на видот на впишувањето на податоците и заштитата на податоците, станува збор за Еxtended access control (EAC) на пасошот.-Нашиот пасош е од најновата генерација (втора) на пасоши кои земјите од ЕУ, согласно со Регулативата EC 444/2009, почнаа да ги издаваат. EAC пасошите подразбираат повеќе дигитални сертификати и посебна заштита на ОТИСОКОТ ОД ПРСТ во однос на биометрискиот пасош од претходна генерација.☣ ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на биометриски пасош‼Ако ги прашате граѓаните на кој начин се издава биометриски пасош во државата, малкумина ќе ја знаат постапката за аплицирање, од аспект – каде и како се аплицира, кој образец се пополнува, кој податоци се бараат итн. Но, секој втор ќе знае да каже дека за пасош се чека, потребни се врски, не работи телефонот за закажување на сликање и дека се чека подолго време додека се земе. А скоро никој, или ретко кој знаат дека пасошите не ги прават момите и момчињата што сликаат, зимаат отисок од прсти и електронски потпис во една мала канцелариичка во зградата на МРТВ.Откако пукна системскиот скандал со тргување со идентитети за оргинални биометриски пасоши, и откако ги прикажаа (по медиумски стандарди) приведените фотографи и контролори од Секторот за управно-надзорни работи при МВР, нема човек што нема да поветува дека тие 9-те приведени се најодговорните во овој скандал со меѓународна димензија (ако се има во предвид значењето на погоре пишаното)!Која АЛКА во синџирот фали⁉️Сите светски агенции задолжени за заштита на биометријата во меѓународната кореспонденција зборуваат за ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на ЧИПОТ со биометриски податоци и ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на втората страна од пасошот со личните податоци на сопственикот на пасошот!Што значи ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА⁉️ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА е третата и најважна фаза во изработка на биометриски пасош!-Првата фаза е пополнување на образец за издавање на патна исправа, па идентификација, па сликање, па потпис, па оставање отисок и чек-ливче дека чекате пасош за подигање❗-Втората фаза е увидот на документите врз основа на кои се издава пасошот – лична карта, извод на родени, извод од државјанство, споредба со податоците со друга сродна база (возачка дозвола и сл.)❗ Доколку во оваа фаза се покажат сомневања во основаноста на барањето и валидноста барем на еден од документите како основ, процесот застанува и не оди во трета фаза.-Третата фаза – фазата на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на пасошот може да се случи ЕДИНСТВЕНО ако не постои никакво сомневање околу ОСТАВЕНИТЕ податоци од барателот и совпаѓањето и автентичноста на податоци со податоците во постоечката база. Ако сите овие КОНТРОЛНИ проверки и пребарувања се извршени со 100% сигурност, ПЕРСОНАЛИЗАТОРОТ кој во основа ГО ИЗРАБОТУВА биометрискиот пасош пристапува кон изработка (требување на обрасци и изработка на пасошот по ICAO стандардите)‼Откако ќе се изработи КОНТРОЛОРОТ ЗА КВАЛИТЕТ го проверува и преку дистрибутер го доставува до местото од каде барателот треба да го подигне ЛИЧНО со АВТЕНТИЗАЦИЈА која подразбира совпаѓање на биометриските податоци и податоците од (биометриската) лична карта со онаа пасошот‼-Подигањето на пасошот е повторно по тие ходници и шалтер – слично на амбиентот на поднесување.-Кој ја прави ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА⁉️Во рамките на МВР во рангот на првите организациски единици кои се сервис на скоро сите други единици е Одделот за информатика и телекомуникации со кој раководи Помошник на Министерот и Началници на секое одделение или отсек. Познат Помошник Министер на овој многу важен Оддел во МВР беше Небојша Стајковиќ познат по Финзи, Ексико, Телеком, Коста Крпач, Трезор итн., итд.Во рамките на тој Оддел за информатика и телекомуникации срамежливо се криеОтсекот за персонализација на документи со кој раководи Началник и во кој работат околу 30-тина души!Освен Началникот сите вработени таму се со средно образование кои извршуваат многу одговорна и софистицирана работа – ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА и ИЗРАБОТКА на БИОМЕТРИСКИ ПАСОШИ‼Да, и таму има КОНТРОЛОРИ, а има и такви што превземаат податоци од централна база на податоци!Она што е многу важно за овој Оддел, а особено за овој Отсек е строгата потреба од физичка, административна, информациска и комуникациска безбедност на самиот процес на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на патните исправи!Секој чекор во овој процес, секое логирање во било кој систем се евидентира, просторот е под строг контролиран влез под континуиран видеонадзор и целокупната комуникација оди преку криптозаштита!Тука ќе застанам ...До следното продолжение ќе почекам да видам дали „стручната“ дискусија за порозноста и корумпираноста на системот ќе се сведе на фотографот, шалтерџијата, контролорот на фотографот и портирот (фамозните управни служби), или пак, ќе постои потреба за поголема транспарентност на процедурните за изработка и издавање на пасошите тука.Не сме Германија, не се лажам воопшто, но сакам да знам дали, фотографот во управните служби на МВР е човекот кој може некому да му го продаде МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ‼Кој се добил пасош, врз основа на кое државјанство, извод на родени, лични карти и биометриски податоци ќе почекам да ни кажат и други – попаметни од нас и нашите институции. А до тогаш, ќе "претпоставам" чии идентитети се крадени и продавани, каде се фалсификаторите кои на незконски начин го опремија МВР со опрема, апаратури и терминали кои дремат по ќошиња, за да може „системот“ на тргување со идентитет да биде БЕЗ КОНТРОЛА на тие што ЧИПИРААТ и што мислат дека сите ние сме ЧИПИРАНИ и вештачки‼За следното продолжение ....

Македонија | пред 5 години

655-402-bebe

Внимавајте! Од „Аџибадем Систина" велат: Кај нас не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот и за кое се собираат средства

Клиничката болница „Аџибадем Систина" ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово. За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации.  Станува збор за лажна објава.Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици. Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев, велат од болницата.извор:  „Аџибадем Систина"

Македонија | пред 5 години

den-doncev

Ден Дончев од антокорупциска доби казна од 150 евра

Антокорупциска го казни поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев со 150 евра.И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.-Ги испитувавме ние и другите приливи, но тие податоци мислам дека треба и другите институции да ги проверат, бидејќи ние не можеме од Австралија да ги провериме сите тие трансакции. Затоа предлагам предметот да го затвориме и порекршочна санција да му се изрече на Дончев за неподнесување на финансиска состојба, изјави за  Сител,, членот на ДКСК Горан Трпеноски.извор: Сител

Македонија | пред 5 години

miftari

Скопјанецот Раиф Мифтари е лицето кое посредувало за македонски пасоши со лажен идентитет, МВР распиша меѓународна потерница

Скопјанецот Раиф Мифтари е лицето кое се гони бидејќи посредувало за македонски пасоши со лажен идентитет на криминалци кои биле членови на нарко картели, но и меѓународни банди, дознава „А1он“. Тој пред четири дена успеа да им избега на МВР кои ја спроведуваа акцијата, а во која беа уапсени десет лица. За него беше распишана локална потерница, а откако не е пронајден, Обвинителството издаде наредба за распишување на меѓународна. Тоа значи дека постојат сомневања дека Мифтари е избеган надвор од Македонија.„Мифтари Раиф, од татко Емин и мајка Радифе, роден 14.11.1981 година во Скопје, каде и живее на улица Клинска Леса. Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“, во објавената потерница на МВР.На шест уапсени лица во акцијата на МВР им е одреден и притвор како мерка на претпазливост. И на Мифтари му е одреден притвор, кој ќе се спроведе откако ќе биде пронајден.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

Toni_nikolovski

Почина Тони Николовски, посебен советник во владата

Од последици од Ковид-19 почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.Николовски низ годините работеше во МРТВ, Канал 5, А1 телевизија и Агенција Анадолија. Беше прв соработник на сопственикот на „А1 телевизија“, управител на „А2 телевизија“ и дел од сите проекти на „Фондацијата Рамковски“.По негова иницијатива и со негова поддршка во 2012 година започна со работа Бриф.мк.Во моментот работеше како советник за медиуми на министерот за земјоделство.Николовски беше голем пријател и соработник, а неговото заминување од нашите животи следи по долгата борба со коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

sportska-oblozuvalnica-640x428

АСОМ: Податоци за играчите се земаат како би се задржал данокот на личен доход во име и за сметка на државата

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на наводите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводно „перење на пари“ и злоупотреба на лични податоци во спортските обложувалници и го изнесува својот став по однос на наведеното од страна на институцијата, се вели во Реакцијата на АСОМ на изјавата на Државната комисија за спречување на корупција.Во продолжение на реакцијата од АСОМ додаваат:Во интерес на целосна и точна информираност на јавноста за работата на спортските обложувалници, АСОМ го појаснува следното:Податоци за играчите во обложувалниците се земаат од играчите како би се задржал данокот на личен доход во висина од 15% од сите добитни тикети. Овие податоци се земаат во име и за сметка на државата, а средствата се уплатуваат на дневно ниво во државната каса. Обложувалниците немаат никаква потреба дополнително да ги обработуваат овие податоци и истите се користат исклучиво за плаќање на данокот на личен доход од 15% во име и за сметка на државата и за ниту една друга намена. Пред наметнувањето на оваа давачка, спортските обложувалници никогаш не побарувале податоци или обработувале податоци од играчите, ниту имаат потреба од истите.Дополнително, ДКСК во изјавата неосновано споменува „перење на пари“ без никакво образложение за истото. Нагласуваме дека не може да постои „перење на пари“ доколку за исплатените средства е пресметан и платен данокот на личен доход.Обложувалниците уште од 2012 година се поврзани на Надзорниот информационен систем (НИС) на кој се евидентираат во реално време сите уплатени и исплатени тикети, со што евентуалната манипулација е сведена на нула. Покрај на НИС, обложувалниците се поврзани и со Управата за финансиско разузнавање (УФР) до која се доставуваат податоци за уплати и исплати. Согласно ова, сакаме да констатираме дека државата предвидела ефикасен механизам за контрола на работењето на обложувалниците без можности за грешки.Во однос на личните податоци на играчите, земените податоци од играчите се чуваат само до моментот кога ќе се плати данокот на личен доход, а тоа е на дневно ниво и до истите пристап има само обучен кадар кој работи согласно посебни протоколи и согласно позитивните законски прописи за Заштита на лични податоци.Податоци за играчите во обложувалниците може да се појават само и исклучиво ако играчот дојде да подигне исплата за тикет и ја приложи својата лична карта на увид, од која се запишуваат потребните податоци, според Законот за личен доход. Не може податок за некој играч да се појави доколку лицето никогаш не остварило добивка и не оставило свои податоци при подигнување на исплата на тикет.Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија со жалење констатира дека ваквите информации ја доведуваат јавноста во заблуда и директно влијаат врз кредибилитетот на целата гранка. Ги повикуваме институциите на системот во целост да ги истражат отворените сомнежи, пред сé во интерес на спортските обложувалници кои работат согласно сите законски прописи во државата и немаат апсолутно никаков интерес од било какви финансиски малверзации и/или злоупотреба на лични податоци.Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во државниот буџет и делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. Игрите на среќа претставуваат силен импулс за државната и локалната економија, учествуваат со 4% во БДП на РС Македонија и придонесуваат со над од 250 милиони евра во државниот буџет, а целата стопанска гранка директно вработува повеќе од 8.000 луѓе, кои поддржуваат речиси 54.000 вработувања во други стопански гранки.извор: АСОМ

Македонија | пред 5 години

w_56674011

И денеска висока смртност, починаа 42 лица, а новозаразени со Ковид 19 се 1.174 лица

Во последните 24 часа се направени 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 430, Велес – 81, Куманово -78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран – по 1.Регистрирани се 811 оздравени пациенти од:Скопје – 400, Прилеп – 67, Куманово – 40, Битола и Гостивар – по 33, Штип – 32, Тетово – 30, Кавадарци – 29, Велес – 28, Струмица – 16, Неготино – 13, Валандово – 11, Кичево и Гевгелија – по 9, Берово – 7, Кочани, Виница и Делчево – по 6, Свети Николе, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 4, Пехчево – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Демир Капија и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 42 починати лица: 15 од Скопје (53г, 56г, 58г, 58г, 60г, 65г, 65г, 69г, 69г, 73г, 73г, 73г, 73г, 80г, 84г), 4 од Куманово (59г, 59г, 67г, 75г), по 3 пациенти се пријавени од Прилеп (58г, 70г, 85г), Струмица (50г, 67г, 70г) и Кочани (63г, 69г, 84г), по 2 од Битола (65г, 75г), Гостивар (70г, 75г), Кавадарци (51г, 65г), Штип (54г, 87г) и Охрид (61г, 74г) и по еден пациент од Тетово (73г), Велес (87г), Крива Паланка (81г) и Виница (80г). Еден пациент е починат во домашни услови, додека другите се починати во болнички услови.Направени се 4.598 тестови преку: ИЈЗ-871, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–77, МАНУ-137, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Авицена-348, Биотек-360, Систина-285, лабораторија Лаор-468, Синлаб - 118, Ремедика-72, Плодност – 80, Генеа – 9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 62460, активни 10845Прилеп 7534, активни 1067Куманово 7519, активни 1236Тетово 6648, активни 699Битола 5204, активни 1285Велес 4935, активни 850Гостивар 4821, активни 534Кавадарци 4761, активни 728Штип 4526, активни 498Охрид 4483, активни 900Струмица 3565, активни 512Струга 2787, активни 296Кочани 2431, активни 294Кичево 2204, активни 310Неготино 2046, активни 356Гевгелија 2011, активни 426Свети Николе 1356, активни 141Крива Паланка 1135, активни 108Ресен 1116, активни 236Радовиш 989, активни 150Берово 931, активни 133Дебар 880, активни 55Делчево 884, активни 104Пробиштип 726, активни 77Виница 679, активни 102Валандово 585, активни 101Крушево 447, активни 123Богданци 439, активни 76Демир Капија 382, активни 66Кратово 341, активни 27Демир Хисар 342, активни 50Македонски Брод 327, активни 50Пехчево 239, активни 23Македонска Каменица 212, активни 10Дојран 120, активни 17фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest

Протест за поддршка на осудените за убиството на Саздовски

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржа протест за поддршка на осудените лица за убиството на Никола Саздовски, кој беше брутално претепан на 29 јуни 2018 година.Групата демонстранти предводени од роднини на осудените лица и членови на навивачката група „Шверцери“ носеа транспаренти со порака „Не сме извршиле свирепо убиство“, објави 360stepeni.mk.„Денес заедно со семејствата и пријателите протестираме за правата на нашите пријатели и браќа. Го креваме гласот против неправда. Не бараме ништо повеќе од вистината. Поминаа две и пол години, се надевавме на правда, затоа молчевме. Но, одлуките засновани на етничка припадност не ни оставија простор да се надеваме… Пред две и пол години осудените, не размислувајќи добро, го нападнале покојниот Никола Саздовски и никој не го негира ова. Осудените не сакаа да му го одземат животот, целта беше само физички напад, а кој заврши со случајна смрт. Се случи спонтано, без претходно планирање. Така што, осудените не сакале да му го одземат животот. Тие никогаш не размислувале за убиство, уште помалку за свирепо убиство. Постојат различни докази, но очигледно не сакаат да ги земат во предвид“, порачаа дел од роднините на осудените лица за убиството на Саздовски.Демонстрантите побараа преиспитување на судската пресуда и преквалификација на делото од свирепо убиство во насилство со смртни последици.Текстот во целост на:360stepeni.mk.

Македонија | пред 5 години

akcija

ФОТО: Во тек е голема акција на полицијата, блокиран патен правец

Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици - ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, вели минситерот Оливер  Спасовски.  

Македонија | пред 5 години

Trska

Кривична пријава за палење трски и насипување шут на струшкото крајбрежје

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во заедничка координација со струшката полицијата во март обезбедил докази против лице кое ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја.На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска.„Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот“, велат од ДИЖС од каде што додаваат дека постојано работат на откривање и санкционирање на уништување на природното наследство на струшкото крајбрежје.Во одонос на овој случај, подготвена е кривична пријава што е доставена до надлежното Јавно обвинителство поради загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.За ова кривичлно дело предвидена е казна затвор од три месеци до три години, посочуваат од ДИЖС. 

Македонија | пред 5 години

SMK_3215

Николовски и Сугарески во посета на граничниот премин Деве Баир: Воспоставувaме систем за ефикасна борба против корупција на сите нивоа

Денеска заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, беа во посета на граничниот премин Деве Баир, кадешто одржаа работен состанок со управителот на граничниот премин.На состанокот се разговараше за улогата на Царинската управа во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал, за мерките од усвоениот План за борба против корупција, како и за отворената линија на Царинска управа за пријавување на корупција.Вицепремиерот Николовски посочи дека Царинската управа е една од институциите којашто има значајна улога во превенцијата и сузбивањето на корупцијата и криминалот.„Борбата против корупцијата бара активна улога на сите чинители на системот преку инвoлвираност и здружување на целокупните капацитети во општеството, како и преку соодветни ефикасни кривични постапки и постапки за испитување на имотната состојба и конфискација на имотната корист стекната преку кривични дела. Никој не е недопирлив во системската борба против корупцијата и криминалот. Сите институции мора да бидат во служба на граѓаните. Воспоставувaме систем за ефикасна и севкупна борба против корупција на сите нивоа и во сите сфери преку зајакнување на соработката меѓу институциите надлежни за борба против корупцијата. Една од институциите којашто има значајна улога во превенцијата и сузбивањето на корупцијата и криминалот, е Царинската Управа“, рече вицепремиерот Николовски.Директорот на Царинска управа, Сугарески, посочи дека Упрвата преку своите механизми, а во насока на откривање и казнување, континуирано се собираат информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку отворената бесплатна царинска линија 197, он лајн или со електронската пријава поставена на официјалната веб страница и- по писмен пат.„ Како резултат на кампањата „СТОП за КОРУПЦИЈАТА“ која се спроведува од април 2018 година, зголемен е бројот на примени поднесоци во 2020 година, споредбено со 2017, 2018 и 2019 година. Покрај овие активности Царинската управа спроведува и анкети, внатрешни и надворешни , со кои се мери нивото на изложеност на злоупотреба на службената должност и појава на коруптивни активности. Резултатите и анализите од овие анкети се користат како основа за креирање на политката на спречување на копрупцијата и судир на интереси, јакнење на интегитетот на ЦУ и истите придонесуваат за правилно одредување на идните конкретни активности во областа на борбата против корупција“, рече директорот Сугарески.Вицепремиерот Николовски на состанокот ги презентираше мерките од Планот за бобра против корупција, како и идините планирани активности кои како системски мерки ќе придонесат во борбата против корупцијата и криминалот. При тоа вицепремиерот потенцираше дека акциите што ги презема Царинската Управа се особено важни за навремено откривање и спречување на нелегална трговија, неплаќање на давачки, корупција, криминал – се она што е погубно за економијата и трговијата со меѓународните партнери. Спречувањето на овие појави особено на граничните премини, е еден од приоритетите на Владата, и затоа во координација со Царинската Управа, активно се работи на системски мерки и активности за спречување на појава на корупција и криминал, рече вицепремиерот Николовски.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

kosta-goran

Георгиески на директорот на Општата Болница му врачи донација “Охајо” кислородни маски

Градоначалникот на Општина Охрид Др Константин Георгиески, оствари работна средба со директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балески. На средбата градоначалникот Георгиески и директорот Балески разговараа за моменталната состојба со ковид 19 во охридската болница и за изградбата на кислородна станица до модуларната ковид болница .Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на директорот на ЈЗУ Општа Болница во оваа пригода му врачи донација “Охајо” кислородни маски кои се неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка, додека маските беа обезбедени преку СОС Балканмедиа.Градоначалникот Георгиески и Др Горан Балески вечерва го посетија и Центарот за кардиоваскуларни заболувања, каде што се лекуваат пациенти од Ковид 19, каде што исто така градоначалникот Георгиески изврши донација на кислородни маски “Охајо” за потребите на кардиолошкиот центар. 

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Град Скопје продолжува со помош за скопските угостители

Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот.За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година.Значајно е да се нагласи дека Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.- Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции – истакна Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

raskovski

Претреси до домот, но и во фирмата од која Рашковски го купи софтверот за сообраќајни прекршоци

Заврши претресот од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во фирмата поврзана со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски „Инвоука Гроуп“ во врска со набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци.Инаку, се работи за софтвер во вредност од 81 илјади евра, а набавен е за потребите на Министерството за внатрешни работи од каде пак посочија дека не им е потребен.Претрес се вршеше и во домот на Рашковски.– Во рамките на предметот што ОЈО ГОКК го отвори во врска со сообраќајниот софтвер, по наредба на надлежен јавен обвинител денеска од страна на истражителите ид Истражниот центар на ОЈО ГОКК беше извршен претрес во Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока гроуп“ ДООЕЛ Скопје и во домот на сопственикот – информира Обвинителството.Постапка за овој случај водат и во Антикорупциската комисија.Опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан и во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koj

(ФОТО) Полицијата го пронајде и се сликаше со коњот од 50.000 евра украден вчера

Полициските службеници од Гази Баба го пронајдоа украдениот арапски коњ чија вредност се проценува до 50.000 евра и беше украден во средата навечер за време на полицискиот час и му го вратија на сопственикот.Професионално тренираниот коњ бил украден во центарот во одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром.Претходно некои медиуми објавија дека украденото животно е на МВР, но оттаму ја демантираа информацијата.Коњот кој се чувал во Хиподром е украден од непознат сторител.извор: faktor.mk 

Македонија | пред 5 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски: Заев не беше симнат од власт, затоа што го има за противник Мицкоски

„Заев не беше симнат од власт, затоа што го има за противник Мицкоски“, вели членот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски за емисијата „Клик плус“.„Заев може и намерно не го потопува, туку го држи во вода. Мицкоски не може да го победи Заев. Ако има некој друг претседател ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Заев може да изгуби на избори. Моментално во „Белиот дворец“ нема мажи“, истакна Петровски.Тој додаде дека Сашо Мијалков го ставил Мицкоски за лидер на партијата преку нелегитимен конгрес.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања