Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

car-fire

Обвинение поради запален автомобил во Сарај

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.На 10 февруари, во раните утрински часови, во состојба на битно намалена пресметливост поради хронична психичка болест, обвинетиот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот или телото на луѓето. Тој зел пластичен балон-туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде било паркирано патничко моторно возило “Голф 5”, сопственост на еден оштетен. Кога дошол до паркираното возило, го истурил бензинот врз автомобилот и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин тој предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целото возило. Притоа автомобилот во целост изгорел и со тоа обвинетиот предизвикал поголема имотна штета во вредност од 211.664 денари.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и услови да го повтори кривичното дело. ​​

Македонија | пред 5 години

klima-ured

Град Скопје: Наскоро субвенции за инвертер клима уреди и листење на оџаците

Град Скопје и во 2021 година ги продолжува мерките за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање, како и за субвенционирање на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците.Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.Денови ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година. Средствата предвидени за овие субвенции се добиени од Владата на Република Северна Македонија, односно во 2020 година Град Скопје доби средства во висина од 322.400.000,00 денари. Во годинешниов јавен повеќ ќе бидат користени нереализираните средства од минатогодишниот јавен повик или сума во износ од 107.404.074,00 денари.Согласно со годинешната програма, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите.Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:- Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 40.000 денари годишно;- Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 37.000 денари годишно;- Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 18.000 денари годишно.Според анализата на годишно ниво ќе се заштедат околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термо печка.Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти на подрачјето на Градот Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Со оваа одлука е утврдено дека максималниот износ за доделување на поединечна субвенција е во висина од нето износ најмногу до 1.200,00 денари по домаќинство или правен субјект, додека персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.Наредниот период ќе биде распишан јавен повик за доделување субвенции за чистење на оџаците, а за аплицирање на јавниот повик ќе биде потребно да се прикаже оригинална фискална сметка со датум од 01.01.2021 година, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 30.11.2021 година.

Скопје | пред 5 години

raskoski

Рашковски од самиот почеток на политичката кариера го следат бројни скандали, од „Леонардо“ се спаси, ќе се лизне ли на тендерот за софтверот?!

Кога Драги Рашковски во 2017 година беше избран за генерален секретар на Владата, и покрај бурните реакции, со своите 33-години, беше претставен како човек од професорската фела и иноватор. Функцијата му заврши откако самиот поднесе оставка, но премиерот Зоран Заев не се откажа од својот сограѓанин и човек од доверба, па го назначи за секретар задолжен за мониторинг на реализацијата на владината програма и стратегиските проекти, објави Фокус. Рашковски од самиот почеток на политичката кариера го следат бројни скандали, кои отворија сомнежи за злоупотреба на моќ, но засега тој успеа да излезе како победник од две афери, кои се врзуваа со неговото име. Сега е исправен пред нова афера, за набавка на софтвер, но, како и претходно, и сега повторно зад него застана премиерот Заев. Во улога на адвокат, Заев, истакна дека случајот е чист како солза.Летото 2019 година, опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста.Опозицијата го обвини дека интервенирал во јавна набавка за која нема ингеренции, по што од ВМРО-ДПМНЕ до обвинителството поднесоа кривична пријава, а, како што велеа, и докази за негова наводна вмешаност во местење тендер за опрема за „Македонска навигација“ (М-НАВ) тој да го добие италијанската компанија „Леонардо“. Аферата тежеше 7 милиони евра.Но, од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не утврдиле ништо спорно.„Постапувајќи по предметот во врска со правното лице М-НАВ, надлежен јавен обвинител утврди дека правното лице М – НАВ АД Скопје склучило Договор за заем без државна гаранција со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а не постапка за јавна набавка за набавување на АТМ систем. Проектот е во тек и не се изминати предвидените рокови за реализација, велат од Обвинителството за „Фокус“.Иако за обвинителството овој случај е затворен, сепак, тоа не важи и за Антикорупциската комисија. Таму сѐ уште се истражува овој предмет.Според претседателката на ДКСК, предметот за Рашковски поврзан со набавката M-НАВ сѐ уште е отворен и e oбработен вo голем дел, односно 90 отсто е завршен.–Недовршените работи што ни останаа поради променетиот начин на работа во време на здравствена криза, во најскоро време ќе се завршат, пo што резултатите ќе ги соопштиме во јавноста“, вели претседателката Билјана Ивановска.Засега, е неизвесно дали Антикорупциска ќе одлучи исто како и Обвинителството, или пак, можеби ќе му утврди вина на Рашковски.Тектот во целост на: Фокус. 

Македонија | пред 5 години

w_56631710

Божиновски: “Систина” одби да ги намали цените, Жан Митрев ги намалува цените - значи можело, сакам да прашам колку чини без никаков профит лекување на корона?

“Систина” одби да ги намали цените за лечење на пациенти од Ковид. Во основа “Кој ве ебе, умирајте, профитот е важен”. Дали законски може да одговара Камчев за ова, не знам. Како и да е си има тој веќе за лежење, а ако има правда и конфискации, напиша на својот Фб профил Божидар Божиновски.Жан Митрев ги намалува цените од 12.000 на 6.000 евра. Не дека се малку во држава со 500.000 сиромашни ама ајде. Шо значи ако може да спасува и со 6.000 евра досега правел огромен профит на болеста и смртта на илјадници луѓе.Само да прашам ако знае некој, колку чини без никаков профит лекување на корона? Во болнички услови, напиша на својот Фб профил Божидар Божиновски.

Македонија | пред 5 години

trosoci-za-zivot-2

Зголемени основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари

За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување. 

Македонија | пред 5 години

Screenshot_23

Мицкоски: Добивам смртни закани откако ја објавивме аферата „Мафија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како гостин во студиото на ТВ Алфа синоќа рече дека добива смртни закани откако неговата партија ја објави аферата „Мафија“ додека истовремено властите ја спроведуваа акцијата „Двојник“ со апсење на референти и контролори кои продавале пасоши со лажен идентитет за подземјето од регионот.Како минувале деновите, заканите по неговиот живот се интензивирале, додека ВМРО-ДПМНЕ четири дена по ред објавува имиња на регионални криминалци за кои во МВР се изработувале пасоши со лажен идентитет.„Не знам дали се заканува мафијата или не, но чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки, чудни луѓе приоѓаат, чудни мејлови, чудни писма изминативе денови. Телефонски броеви да речеме од соседството, од Русија итн. Јас ќе продолжам и понатаму и ова само ме охрабрува дека сме на прав пат, нема да застанеме“, наведе Мицкоски.Тој додаде дека во јули по парламентарните избори останал без државното обезбедување откако бил информиран од Агенцијата за национална безбедност за проценката дека не постоела опасност.Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена, требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата, вели Мицкоски.Мицкоски вели 215 пати се давани државјанства, проблемот е зошто вакви пасоши немат овие луѓе од Албанија или од други земји, зошто баш од Македонија.Ако се погледнат документите може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27-ми му се издаде лична карта, страшно и денеска го гледаме збунетиот Спасовски како седи, истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

toksikologija

Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија

Во утринските часови на 7 април, вработен на Токсикологија, при комплексот клиники „Мајка Тереза“, во полиција пријавил дека при извршувањето на работните задачи бил нападнат од пациент.Како што информираат од МВР, скопјанецот на 56-годишна возраст, со иницијали Г .Г., пријавил дека околу 9.15 часот во болницата бил нападнат од 38-годишниот пациент Г. С. од Скопје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

ambasadorka

Георгиески и Брнс на онлајн состанок за размен на искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари

Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) од Лондон, Велика Британија.Целта на состанокот беше да се разменат искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари од Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Овој состанок беше продолжение на соработката во рамки на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалниците на САД, која се одржала на почетокот од оваа година.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поканата и можноста за соработка.На денешниот состанок присуствуваше и Димитар Спасески, кој на состанокот беше единствен кој не е носител на јавна функција.Спасески на својот ФБ профил напиша:Денес со особено задоволство присуствував на онлајн состанокот кој беше организиран од страна на Бирото за борба против тероризам на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Македонија и Институтот за стратешки дијалог од Лондон! Честа за мене беше поголема што на состанокот сум поканет лично со оглед на фактот што скоро четврта година не сум носител на јавна функција. Тоа е најдобар доказ за нечија професионалност и посветеност во извршување на својата функција и за среќа нашите меѓународни пријатели тоа го почитуваат! Секогаш,нашиот стратешки партнер САД вложуваат максимални напори за напредок на Република Македонија во сите области! Благодарам до Амбасадата на САД во Република Македонија за поканата! Секогаш е чест да се претствува Република Македонија на вакви настани!

Македонија | пред 5 години

makedonska-reprezentacija

(ВИДЕО) Нов скандал: Претседателот на ФФМ барал да се тргне селекторот од химната за претстојното Европско првенство

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нарачала химна со која ќе се бодрат репрезентативците на претстојното Европско првенство. Но, еден стих од песната не му се допаднал на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, поради што побарал да бидат променет. Станува збор за стихот во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски, со неговиот прекар Мрме. Стихот гласи: „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“, а барањето на Сејдини било да го нема селекторот во песната,  „360 степени“,Ваквото барање предизвикало револт кај дел од фудбалерите, меѓу кои и кај Горан Пандев и Илија Несторовски. „360 степени“ ги контактираше двајцата репрезентативци, кои велат дека се изненадени од ваквата постапка на Фудбалската федерација и ја сметаат за срамна и некоректна.„Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна“, вели Горан Пандев за „360 степени“.Ангеловски пак за „360 степени“ вели:„Нека им служи на чест на тие што сакаат да го направат тоа. Не побарав одговор од претседателот на Федерацијата, тоа е негов начин на однесување и капацитет на водење. Јас сум професионалец и селектор на фудбалската федерација на Македонија“, коментираше Ангеловски.Текстот во целост на: „360 степени“.

Македонија | пред 5 години

joveski

Јовески од обвинителите побара да вложат максимални напори за поефикасно гонење на криминалот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа онлајн состанок со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Тема на состанокот беше последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги.Јавниот обвинител Јовески од јавните обвинителства во државава побара да направат увид во предметите во кои е детектирано продолжување или пречекорување на роковите за истрага со цел да се утврдат причините за тоа, како и можностите за надминување. Според Јовески, оценката изнесена во Извештајот на Стејт департментот е недвојбено објективна, а бројните предизвици со кои се соочуваат обвинителите во работата не смеат да бидат оправдување за пролонгирање на постапките.„Апелирам на одговорност, совесност и чесност со цел враќање на угледот во професијата. Тоа можеме да го направиме само со ефикасност на постапките“, истакна Јовески.Тој побара од сите обвинители да вложат максимални напори за поефикасно гонење на криминалот, а соработката со Министерството за внатрешни работи и со другите институции да се унапреди и да се одржува на високо професионално ниво.„Современиот вид на криминал обвинителството не може самостојно да го истражува, неопходна е меѓуинституционална соработка“, истакна Јовески.Токму соработката со другите институции, покрај  актуелната епидемиолошка состојба во државата, беше наведена како клучен елемент за долгото траење на одредени истражни постапки. Обвинителите се соочуваат со проблеми заради долготрајни вештачења од определени институции, како и со непочитување на законските рокови од одредени институции за достава на бараните податоци. Исто така долготрајна е и постапката на меѓународна правна помош, која е неопходна за обезбедување докази во определени предмети.За да се надминат овие проблеми, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе иницира средби со надлежните институции од кои ќе побара нивно екипирање и навремена достава на податоците неопходни во истрагата. Дополнително, од членовите во работната група за претстојните измени на Законот за кривична постапка од редовите на Јавното обвинителство беше побарано да го дадат својот максимум со цел во новите законски одредби да се надминат проблемите и недостатоците кои во моментов придонесуваат за долготрајност на постапките.​

Македонија | пред 5 години

08042021_PVRSM_Zaev_sredba_verski_lideri-2

Заеднички апел од Владата, МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, сите граѓани да ги почитуваат донесените мерки со цел заштита на здравјето

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.На состанокот е разговарано за мерките за справувањето со пандемијата, како и за други актуелни прашања од значење за верските заедници и за државата.Заклучено е, од средбата да биде испратен заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, за почитување на мерките донесени од страна на Владата.Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје.Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека на заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето.Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.На средбата е заеднички оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството.Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава.На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.Претставниците на верските заедници присутни на денешниот состанок изразија благодарност до премиерот Заев за отвореноста за разговори и соработка, секогаш кога е тоа потребно.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

w_56803994

Денеска 35 починати и нови 1.163 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по - 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш - по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница - 10, Крива Паланка и Берово - по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 854 оздравени пациенти од:Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – 1.Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.Направени се 3.927 тестови преку: ИЈЗ-642, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-117, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Авицена-288, Биотек-237, Систина-311, лабораторија Лаор-271, Синлаб - 68, Ремедика-45, Плодност – 93, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.318.Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 62030, активни 10830Прилеп 7461, активни 1063Куманово 7441, активни 1202Тетово 6607, активни 689Битола 5130, активни 1246Велес 4854, активни 798Гостивар 4779, активни 527Кавадарци 4723, активни 721Штип 4490, активни 496Охрид 4434, активни 853Струмица 3511, активни 478Струга 2777, активни 286Кочани 2411, активни 283Кичево 2180, активни 295Неготино 2026, активни 349Гевгелија 1989, активни 413Свети Николе 1347, активни 137Крива Паланка 1126, активни 104Ресен 1104, активни 228Радовиш 982, активни 148Берово 929, активни 138Дебар 880, активни 55Делчево 879, активни 105Пробиштип 725, активни 81Виница 670, активни 100Валандово 578, активни 105Крушево 446, активни 123Богданци 432, активни 71Демир Капија 378, активни 63Кратово 340, активни 26Демир Хисар 339, активни 47Македонски Брод 323, активни 48Пехчево 239, активни 26Македонска Каменица 212, активни 14Дојран 119, активни 16фото: Архива

Македонија | пред 5 години

konj

Украден коњ во Хиподром, вредноста на животното е над 50.000 евра

Украдениот коњ за кој објави Радио Лидер не бил на МВР, но сепак се работи за украдено животно кое е вредно над 50000 евра.Радио Лидер објави дека е украден коњ на МВР. Сепак, украдениот коњ кој се чувал во Хиподром, но животното кое чини навистина висока сума е украдено од непознат сторител.Вредноста на ова животно кое го поседува полицијата е над 50.000 евра, затоа што се работи за професионално трениран коњ кој и помага на полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

izvriteli

Извршителите наплатиле 120 милиони евра од граѓаните и фирмите за време на пандемија

Беше пандемиска и лоша економска година, но граѓаните и фирмите должници, па и државата се соочија со извршителските постапки, освен во месеците кога извршувањето беше запрено. За цела 2020 година сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра, сума која е речиси идентична на таа од 2019 година кога немаше прекинување на извршувањето. Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие се и така најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра од државата, околу 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници. Тоа што извршувањето беше запрено не значеше и простување на сумата, само пролонгирање на повлекувањето на парите. За одложените рати потоа граѓаните плаќаат и камата.Во 2020 година во Македонија работеле 99 извршители. Сите примиле 100 760 барања за извршување, додека завршени се 44 889 предмети или само 44%.Ако се анализира по години, сумата од нешто над 123 милиони евра што ја наплатиле од граѓаните и од фирмите лани е иста како во 2019 година, а помала од некои претходни години.

Македонија | пред 5 години

prevenzija-rak-dojka

Докторка преку „Групер“ продавала купони, а немала дозвола за работа

Скопјанката Николина Влаисављевиќ на „Групер“ купила купон за специјалистички преглед за мајка и која боледува од канцер на дојка, во приватната ординација „Асклепиос“, но по направениот преглед, ординацијата одбила да и ги издаде резултатите од направеното испитување, поради тоа што, како што и рекле оттаму, чекаат потпис од Министерството за здравство за нивната работна дозвола. Влаисављевиќ до Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставила претставка за случајот, а на „Групер“ купоните се повлечени од продажба. Во меѓувреме, на пациентката Благица Димовска, на прегледот и било усно кажано дека има проблеми и промени на другата града, но без официјален извештај од резултатите семејството не може да појде на онколог и да се бори за животот на жената која боледува од канцер,објави  slobodenpecat.mk. Ординацијата е во сопственост на сопругата на претседателот на ,,Интегра” доктор Лидија Ристовска, долгогодишен лекар со сите лиценци, специјалист интернист и супспецијалист кардиолог.Таа за Слободен печат објаснува дека проблемот настанал затоа што нејзината поранешна ординација, што постоела од 2012 година, ја затворила за да отвори друг правен субјект со цел да одбегне плаќање на надоместок за лиценца кој изнесувал фрапантни 45.500 денари месечно. Со новото отворање на фирма, нејзината концесија би се намалила на само 900 денари месечно и поради тоа таа самата инсистирала да ја затвори старата фирма и да земе нова лиценца за нова. Така и се случило. Но, за неа неочекувано било дека потписот од министерот за здравство Венко Филипче на финалниот документ, односно на дозволата за работа, ќе доцни. Така, на „Групер“ продолжиле да се продаваат купоните за нејзините медицински услуги.Од „Групер“ велат дека се платформа преку која компаниите можат да продаваат производи или услуги, но тие како компанија не се носители на услугата.Текстот во целост на:  slobodenpecat.mk.    

Македонија | пред 5 години

n4

Одбележан Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8 Април- Светскиот ден на Ромите, претседателот Џафери оствари средба со Љатифе Шиковска, пратеничката од ромската заедница, Зоран Димов, претседател на Интернационалната ромска група, Ферат Асан, стопанственик од општина Шуто Оризари и Мухамед Точи, преставник од НВО „Месечина“ – Гостивар. На средбата беше присутен и координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески. Денот е уште позначаен затоа што се одбележува и 50-годишнината од одржувањето на Првиот конгрес на Ромите, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија.На почетокот на средбата, гостите му врачија на претседателот Џафери свечен документ именуван како „Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење“, како и Плакета за особен придонес. Претседателот Џафери пак им врачи Честитка по повод денот од негово име и од име на пратениците на Собранието. Тој подвлече дека за жал оваа година, поради пандемијата, одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите е во поинаква форма ако се потсети на искуството од минатите години кога би вклучен во работата на државните институции на повеќе нивоа, како и на искуството од Декадата на Ромите и долгогодишната соработка со преставници на ромската заедница кои биле активни политички и институционални чинители при што, настојувал да даде придонес за унапредување на нивната положбата во општеството. Нагласи дека промени се потребни, и тоа, суштински и секако, присуството на координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески е потврда за оваа заедничка заложба.Пратеничката Шиковска се заблагодари за укажаната чест и сподели со претседателот Џафери впечатоци од остварената средба со претседателот и претставници на Владата и плодната дискусија во однос на процесите на инклузија и искажа оптимизам дека напредокот на ромската заедница, иако е бавен процес, сепак се движи по нагорна линија, особено во областа на образованието меѓутоа и здравствената, социјалната заштита и најважното достигнување досега, обезбедувањето на лични документи. Тоа што веќе има претставници на Ромите на раководни позиции во институциите е од голема полза затоа што тие самите најдобро ги знаат проблемите со кои се соочува ромската заедница и само со системски пристап и политичка поддршка ќе се постигне Ромите да се чувствуваат еднакви.Зоран Димов, со претставување на своето лично и професионално портфолио потврди дека работи на подобрување на положбата на Ромите на целиот Западен Балкан и е отворен за секаква соработка што би била од интерес на ромската заедница и нагласи дека учеството на претставниците на Ромите во процесот на донесување на квалитетни закони од таа област би било од голема полза повикувајќи се на деловничката можност која ја потврди и претседателот Џафери. Таа соработка секако е важно да се одвива и во бизнис секторот, во сферата на културата и поголемата застапеност на јавниот сервис. Во дискусијата учествуваа и другите присутни гости, Ферат Асан, Мухамед Точи, кои подвлекоа дека подобриот пристап до информации, решавањето на социјалните случаи и другите тешкотии со кои се соочува оваа заедница, е од суштинско значење.Координаторот на СДСМ и коалицијата, Јован Митревски истакна дека се прават напори да се излезе во пресрет на Ромите на секој можен начин и воедно упати искрени честитки по повод 8 Аптрил.фото: Собрание

пред 5 години

filipce22

Идната недела во земјава пристигнува новата терапија за третман на пациенти болени од Ковид-19

Во текот на следната недела се очекува во земјава да пристигнат околу 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД во третман на пациенти болени од Ковид-19, истакна министерот за здравство Венко Филипче.  Тој појасни дека се работи за терапија која влијае на намалувањето на репликацијата на вирусот.– Тоа е терапија на едно спефицично антитело што го набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Веројатно во текот на следната недела треба да пристигне. Има специфична индикација кога се дава – на почеток на болеста, во раната фаза, и.т.н., изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на денеска пред салата „Борис Трајковски“.Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини кризниот штаб во кој членуваат директорите на клиниките.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

08042021_MIOA_Shakjiri_pres-konferencija-1

Според годишниот извештај за вработените во јавниот сектор, тој е „пократок“ за 1.717 лица

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири денеска го презентираше Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2020 година. Министерот потенцираше дека извештајот е веќе објавен на веб-страницата на Министерството, согласно законската обврска.Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.332 институции.Од вкупниот број, 19.594 лица се вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. За овие вработени лица во извештајот не се прикажуваат други детални анализи, поради законски и безбедносни причини. Детална обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 111.589 вработени лица.Она што е за истакнување, рече министерот Шаќири, е дека бројот на вработените во органите на државната власт, претставува само 12,2% од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, односно 15.945 лица од вкупно 131.183.Од анализата на податоците во извештајот за 2020 година, произлегува дека најголем број на вработени се во дејностите образование 32%, здравство 19 %, управа 14%, комунални дејности на јавните претпријатија 9,6%.Во споредба со истиот период лани, бројот на вработените во јавниот сектор е намален и тоа за 1.717.„Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт. Во 2019 година во органите на државната власт биле вработени 16.522 лица, а во 2020 година овој број е, веќе споменавме 15.945, што е намалување за 577 вработувања или 3%. Но, ако како држава во 2020 година бележиме намалување на бројот на вработени во државниот апарат, тоа не е случај со вработеноста во институциите во некои од клучните сектори како здравството и во детската и социјалната заштита. Во овие сектори извештајот покажува зголемување на бројот на вработени. Тоа илустрира дека новите вработувања се прават онаму каде што за тоа има вистинска потреба“, истакна министерот Шаќири.Во однос на образовната структура, во 2020 година е зголемен бројот на вработени лица со високи образовни квалификации. Повеќе од половината, односно 53,62% од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование, а 2.660 вработени се доктори на науки.Во однос на родовата структура, процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи и тоа 54,83%, наспроти 45,17%.Просечната возраст на вработените изнесува 46 години. Во однос на етничката припадност, на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 74,49%, Албанците со 20,85%, Турците со 2,18%, Ромите 1,40%, Србите се 1,16%, Бошњаците со 0,51% и Власите 0,49%.Инаку и оваа година, иако тоа не претставува законска обврска, објавени се податоци и за бројот на вработени во акционерските друштва во државна сопственост и за лицата вработени преку агенциите за привремени вработувања.

Македонија | пред 5 години

Zaev-Filipce

Заев: Не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер Филипче

Не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, министерот за здравство Венко Филипче, изјави денеска премиерот Зоран Заев и најави дека чекаат месецов да стигнат уште вакцини.Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено.-Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од од 651-та илјада од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20 – 25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот, рече Заев.Тој вели дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, со кој,  државата има договор за 800 илјади вакцини, како и втората пратка преку Ковакс механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец. Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози.Како што истакна премиерот, недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

Возачот кој ја прегази 20-годишната струмичанка сам се пријави во полиција

Возачот кој синоќа прегази девојка на пешачки премин во Струмица, па избега од местото на настанот, подоцна самиот се пријавил во полициска станица.Се работи за 18 годишно момче од Струмица кое управувало патничко возило нисан, со струмички регистарски ознаки.Според полицискиот извештај несреќата се случила синоќа, дваесетина минути пред 20 часот. Во близина на пешачки премин во центарот на градот патничкото возило удрило во 20 годишна девојка од беровското село Русиново.Девојката со тешки телесни повреди прво била пренесена во струмичката болница, а потоа префрлена на клиниките во Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcinacij

Филипче по ставот на ЕМА: Во нашата земја „Астра Зенека“ нема да се дава на помлади од 60 години

Вакцината на АстраЗенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За оние кои се вакцинираа во Србија изминатите недели, за втората доза ќе се чекаат нови препораки или ќе се вакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче.„По евалуацијата на сите несакани ефекти во форма на тромботични ефекти посебно кај млади луѓе, се излезе со две препораки – првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба да заземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации донесовме став вакцината Астра Зенека во нашата земја да не се дава на помлади лица од 60 години“, изјави министерот Филипче.Филипче додаде дека процесот на вакцинација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одвива одлично.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mekdonals-1

„McDonald’s“ по осум години се враќа во Македонија?

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас, дознава Фактор.Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.фото: Insider 

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев за лажните пасоши: Не може да се обвинуваат премиерот и министерот оти спровеле успешни акции

„Не може да се обвинуваат премиерот и министерот за внатрешни работи или слично бидејќи спровеле успешни акции“. Вака премиерот Зоран Заев одговори на повиците за одговорност кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ поради лажните пасоши издавани на меѓународни криминалци. Заев тврди дека знае со кои политичари се среќавал Седат Пекер, кој е еден од криминалците кои добиле македонски пасош со лажен идентитет, но не гледа вина во тоа.„Кога некој открива, осознава и активно процесуира криминал, тој треба да се награди а не да одговара. И тоа се вредностите секаде во светот, така и кај нас. Како што рече и Спасовски, ова е неколкумесечна акција која се работи со меѓународни партнери, за да се спречат ваквите постапки и да се казнат. Луѓето кои се извадени пред суд, се откриени. Дале преку 214 државјанства, со измислени матични броеви преку граѓанин од дома. Сето тоа што се случувало низ годините, децениите, на крајот има успешна завршница да не се повтори никогаш повеќе, а тоа е успешна акција на МВР“, рече Заев.За лицето Седат Пекер, кој се барал за сторен криминал во Турција, а за кој ВМРО-ДПМНЕ објави дека во Македонија го имал идентитетот Џадин Амедовски, премиерот Заев кажа дека тој бил избркан од државата.„Некој се обидувал да кокетира со некои политички субјекти во целиот овој период, веројатно да се спаси или да направи политичка тема, но ние нема да дозволиме. Господинот којшто го споменавте е еден од тие кои добиле таков пасош. Тој е осомничен за одредени дела во Турција. МВР направи екстрадиција, го избрка од државата. Тој што работел на фалсификат документи, нелегално издавање пасош, е дел од самата постапка која е процесуирана. Дали се гледале коалициски партнери, луѓе од мојата партија – не може да се знае дали некој работел на нелегални пасоши и слично, па не гледам никаква вина во тоа. Запознаен сум кои од колегите, партнерите, партиите, имале средба на негово барање, но апсолутно не може никој да каже дека тие имаат вина поради тоа, бидејќи ако некој побара средба, треба да имаат средба“, додаде Заев.makfax.com.mk

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев на гробот на Методија Патче: Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за Македонија

По повод 119 години од смртта на македонскиот револуционер Методија Патче, во организација на Општинскиот комитет на Единствена Македонија беше положено цвеќе на неговиот гроб во Кадино Село, Прилепско.На настанот присуствуваше и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој истакна:-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на големиот македонски револуционер, војвода и учител Методија Патче, кој, на денешен ден пред 119 години, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.Методија Патче на 6 април 1902 година дошол во Кадино Село на селската слава Благоец со шестмина свои војводи за да покрсти нови членови на Организацијата. Тука биле предадени и во нерамноправна 24 часовна битка со околу 500 турски војници, наредниот ден на 7 април кога им снемува муниција, исправени пред изборот - да се предадат или да умрат, со последните куршуми се самоубиваат.Нијазим Бег кој раководел со турските војници, импресиониран од херојска смрт на Патчев и комитите наредил почесна стрелба за храбрите македонски револуционери.Но, денес морам да го изразам големото разочарување, бидејќи ние, оваа генерација Македонци не сме на висината на задачата. Ние ја губиме државата а сето тоа немо го посматраме и си молчиме, како Македонци покажуваме знаци дека го губиме државотворниот капацитет, нешто што е најстрашно.Време е да станеме и да кажеме ова е наша држава, ние одлучуваме, да понудиме одговор и во име на нашите претходници и потомци, да си ја вратиме државата назад и силно да извикаме, ДА, јас бев дел од таа генерација Македонци, и си ја зачував државата.Не им било лесно и на Методија Патчев и неговите современици. Можел и Патче и Гоце Делчев и Даме Груев да си бидат учители, да седат мирни со учителската плата и да не бидат револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.Моја обврска е да ви го кажам ова. Јас не сум во политката да ја барам довербата со лигавење кон народот, туку со вистината. Станете да се бориме за нашата држава, нашата татковина и да ги запреме овие марионети на „ѕверот“ кои 30 години ни ја уништуваат државата.Сакам да порачам, да се заветам, во битката за Македонија, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија.Да ни е жив споменот на Методија Патче!Да ни е вечна македонската држава!фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Заев и Бесими: Економските мерки дадоа резултат, 100% имплементација на вториот пакет, економијата е жива и стабилна

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени, беше истакнато на денешната прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, на која присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка.Премиерот Заев, истакна дека сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.„Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99% имплементација. Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои ги донесовме, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и поддржани компаниите и граѓаните погодени од пандемијата. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура и јас се надевам дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки“, изјави Заев и додаде дека имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот; растот на трговијата; зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата.Премиерот Заев, потенцира дека извозот има номинален раст од 15,4 отсто во јануари на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти. Во јануари прометот во внатрешната трговија има номинален годишен раст од 0,8 отсто, просечната плата има раст од 2,7 отсто, позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството, така што во февруари вкупните кредити се зголемени за 4,4 отсто на годишна основа, кај стапката на невработеност е забележано постепено намалување, вработеноста е зголемена.„Согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата. Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како и со растот на домашната потрошувачка, поддржан и преку антикризните економски мерки, ќе се придвижи економскиот раст. Проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 14 отсто, бруто-инвестициите раст од 7,7 отсто, приватната потрошувачка реален раст од 3,5 отсто, јавната потрошувачка од 4,3 отсто, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9 отсто, а невработеноста да се намали соодветно на тоа“, рече премиерот.Министерот Бесими истакна дека од почетокот на годината имаме позитивни движења во економијата, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот.„Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на истиот период лани - што е преткризен период, каде нема импакт од КОВИД-19 кризата, при што даноците се наплатени во износ од 27,758 милијарди денари и се за 6,2% повисоки во однос на истиот период лани. Растот на даночните приходи е по скоро сите видови даноци, така ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%, увозните давачки се повисоки за 10,4%, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8%. Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%“, посочи Бесими.Министерот за финансии рече дека на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат неделава, е преставен Планот за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan).„Ова е нов стратешки документ на Владата, кој има за цел преку изнаоѓање нови механизми и извори на финансирање да го поттикне економскиот раст, но и да влијае на фискалната консолидација, односно стеснување на дефицитот и стабилизирање на јавниот долг. Планот за финансирање на забрзан раст ќе има важна улога за економијата во Република Северна Македонија и зголемување на бројот на работни места, преку користење на јавните инвестиции и средствата од официјалните кредитори за мобилизирање на приватниот капитал. Очекуваните резултати се двојно забрзување на економскиот раст (од 2,5% на 5% на среден рок), задржување на нивото на јавниот долг и буџетскиот дефицит во рамки на мастришкиот критериум и раст на јавните и приватните инвестиции“, посочи Бесими.Главната поента на овој план е преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период 2021-2025 ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, неколкукратно ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ и креирањето на нови работни места.Планот особено ќе поддржува еколошки и климатски проекти, иновации, како и иницијативи за поправедно општество.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања