Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Vlatko

Влатко Ѓорчев: Мојот татко почина денес, после 11 дена во кома - Збогум тато!

Поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, предмалку на својот Фб профил нашиша:Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома.Замина тивко и ненадејно. Ќе го паметат неговите деца и внуци, сите кои го сакаа. Многу роднини, пријатели и БЕЗБРОЈ пациенти на кои неуморно им помагаше целиот живот.Неизмерно, со целото свое битие ја сакаше Македонија. Македонец што беше поканет во врвните светски медицински институции, а секаде, буквално секаде со занос и со МНОГУ љубов зборуваше за македонЦките работи.Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев (19.09.1948 - 07.04.2021) претстојуваше на врвните клиники во САД, Велика Британија и Франција, го викаа да остане таму, му нудеа одлични услови, но неговиот повик беше да го лечи својот народ. Тука, во Македонија.Неговата мисија беше да биде народен доктор, да ги запознае македонските градови и села преку кажувањата на неговите пациенти.Од било која светска клиника, од било кој светски професор, повеќе му значеше убав збор од некој обичен човек. Најголем комплимент му беа ИЛЈАДНИЦИ пациенти, од сите вери и нации, кои одеа кај него затоа што знеаја дека вреди, дека е стручен, дека ќе помогне.Знаеја дека ќе им помогне, дека кај него вратата е отворена, дека ќе крене телефон, дека ќе запне за секој човек, дека лично ќе појде во сред ноќ да спасува пациент.Неговата мисија беше како професор да им предава на младите студенти од цела Македонија, да ги учи и подготвува да бидат добри, компетентни доктори.Збогум тато. Ќе те спомнуваме и ќе се сеќаваме. Таму, горе од небото гледај и чувај ја твојата сакана Македонија. Зборувај со сите македонски кралеви и цареви, со сите наши комити и војводи за кои читаше целиот свој живот.Неговиот најголем мерак беше да се ангажира околу неговите внуци, да помага околу нив, да се дружи со нив. Дедо да ги носи во игротека, во зоолошка градина, да ги гледа на фудбал и на балет, да дојде на школската претстава.Лесна му земја. Многу, многу го сакавме. Почивај во мир тато.Твојот син,Владимир Анѓеко Ѓорчев, со сопругата - снаата Сузана и со децата - внуците Марта, Филип, Никола и Катерина

Македонија | пред 5 години

gjorcev

Почина професорот Анѓелко Ѓорчев, специјалистот по пулмологија и алергологија - таткото на Влатко Ѓорчев

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд.Ѓорчев има медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем. 

Македонија | пред 5 години

sestra

„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми“, овие зборови одѕвонуваат во ушите, на сестра Јохана Јаневска

„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми“ – овие зборови сѐ уште ми одѕвонуваат во ушите, сведочи за ДВ медицинската сестра Јохана Јаневска.„На пат кон работа во болницата ‘8 Септември’ забележав едно момче како седи на клупа пред влезот. Кога поминав пред него, момчето стана и ме праша: ‘Дали работите тука?’ Го погледнав – очите му беа црвени од плачење. Му одговорив потврдно и зачекорив кон првото скалило, кога го слушнав неговиот глас: ‘Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми.’ Застанав скаменето. Се свртев кон момчето и го прашав како се вика неговата мајка. Ме погледна толку жално и ми го кажа името. Јас стоев скаменето… Отрчав кон влезот на болницата, облеков униформа и веднаш отидов кај мајка му. Таа беше на кислородна поддршка… Ја фатив за рака и ѝ реков: ‘Надвор те чека прекрасен син. Мора да преживееш за него’. Ме погледна со солзи во очите. ’Морам’, ми рече. Јас направив сѐ што можев да ѝ помогнам, да ја спасам, да преживее.“Овие трогателни повици за помош на момче коешто го изгубило родителот во пандемијата со Ковид-19 сѐ уште одекнуваат во главата на медицинската сестра Јохана Јаневска. Борбата за секој човечки живот, исцрпувачката голгота низ којашто поминуваат медицинските работници повеќе од една година сѐ уште трае. Притисокот врз здравствените работници е уште посилен во налетот на третиот бран, кога болничките капацитети се преполни, а вирусот и неговите мутации не бираат кого ќе нападнат. Сѐ поголем е бројот на млади луѓе кои се борат за последен здив.Сликите од шок-собата нема никогаш да ги заборави. „Влегуваш во шок интензивна со верба да видиш дека некој од пациентите што си ги оставил претходно го екстубирале, се разбудил. Се трудиш да му помогнеш на секој од нив подеднакво, не прашувајќи за име, за возраст. Ги следиш нивните симптоми, делиш терапија, а од тебе тече пот. Само ние знаеме како дишеме, како издржуваме. Но, како и секогаш, да спасиш човечки живот е најубаво чувство. Но, за жал и не успеваме секогаш во нашата намера, а тоа ни е најтешко“, раскажува сестра Јохана Јаневска. Текстот во целост на: ДВфото: ДВ

Македонија | пред 5 години

korona-2

1302 нови случаи на Ковид 19, од 4.438 тестирања

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.Регистрирани се 626 оздравени пациенти од:Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.Направени се 4.438 тестови преку: ИЈЗ-714, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–75, МАНУ-175, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-386, Биотек-340, Систина-312, лабораторија Лаор-402, Синлаб - 94, Ремедика-51, Плодност – 112, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.379.Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 61556, активни 10838Прилеп 7399, активни 1055Куманово 7351, активни 1150Тетово 6571, активни 680Битола 5030, активни 1149Велес 4826, активни 813Гостивар 4752, активни 524Кавадарци 4695, активни 733Штип 4458, активни 484Охрид 4384, активни 804Струмица 3466, активни 445Струга 2763, активни 272Кочани 2384, активни 281Кичево 2148, активни 264Неготино 2014, активни 360Гевгелија 1967, активни 404Свети Николе 1333, активни 133Крива Паланка 1119, активни 112Ресен 1093, активни 218Радовиш 970, активни 145Берово 922, активни 149Дебар 880, активни 55Делчево 877, активни 105Пробиштип 725, активни 84Виница 660, активни 97Валандово 566, активни 102Крушево 445, активни 123Богданци 431, активни 71Демир Капија 375, активни 61Кратово 339, активни 26Демир Хисар 336, активни 44Македонски Брод 322, активни 49Пехчево 239, активни 28Македонска Каменица 212, активни 16Дојран 120, активни 17

Македонија | пред 5 години

w_56674011

Рекордни 51 починат во Македонија, најмладиот има 32 години и е од Куманово

Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19.Пријавени се вкупно 51 починати лица: 20 од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното масло со исти цени

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги .Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronasvadba

Грантовите не ги спасија рестораните за свадби

За годинава, барем официјално, не е закажана ниту една свадба, а резервациите кои стојат од лани, веќе почнаа да се префрлаат за 2022 година. Прецизно, ваквите објекти, не работат уште од ноември 2019 година, кога заврши свадбарската сезона за таа година, а од март 2020, кога требаше да почне новата, рестораните се под клуч, објави slobodenpecat.mk. -Не работиме повеќе од една година, се што беше закажано се откажа, а веќе почнуваат да се презакажуваат и оние кои имаа термини за оваа година. Нашите простории се огромни и може да се почитуваат здравствените протоколи, а ако ни наложат, би прифатиле дури и да бараме сите гости да бидат вакцинирани – велат за „Слободен печат“ од ресторанот „Амор“.Од Владата информираа дека до почетокот на декември лани, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk , пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполниле условите од јавниот повик, а биле искористени средства во износ од 55,7 милиони денари.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Шилегов ја покачи ѓубрарината, скопјани бесни

Што е ова, бе, Петре #Шилегов покачена ѓубрарина, бе, несреќо ниедна - и тоа плус 420 денари за март месец во време на пандемија ℹ Кога ти тоа си покачил ѓубрарина на куќи и колективно домување за околу 45 отсто? Нормален ли си ти бе, алоооо - 10 години ништо не беше покачено, дојде ти сметкиве урлаат!Да ти плаќам 1.300 денари за две собирања на канти! Шу збориш, бе, напиша на својот Фб профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Тебе ти текнало да покачуваш ѓубрарина, затоа што реши да вработуваш партиски битанги пред локални, а ние да те финансираме?Тоа ќе видиме.Да ти е*ам тоа неспособниот! Има лично да се погрижам да те нема од градоначалничка фотелја, овој народ да не те гласа!Мрш у пи*ку матер!извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци

Скопје | пред 5 години

w_56803989

За седум дена од ковид-19 починаа 260 лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 29 март до 04 април 2021, тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21,0 до 35,2%, или во просек 29,3%, со зголемување за 1,7% во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39 (n=1.414; 17,8%), 40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20-29 (n=917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години (n=381; 4,8%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 04.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 4.413 (3.805-Pfizer/Biontech и 608- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 04.04.2021 вакцинирани се 1.968 лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 29 март до 04 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

stojance

Ангелов најави воведување број 112 за повикување помош: Ги бараме пропустите и одговорноста за случајот во Кратовско

Комисијата на Центарот за управуање со кризи работи на расветлување на случајот со извлекувањето од кратовско Емирица и укажа на слабостите на целиот систем. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вината ќе ја бара кај сите други ама не и кај самиот себе. Не чувствува одговорност за случајот со 63 годишниот Златко Божинов од Емирица во кој системот затаи.„Ги бараме пропустите и бараме одговорност со цел да го отстраниме и да не се повторуваат во иднина, изјави претседателот на Центарот за управување со кризи“, Стојанче Ангелов.Доколу се утврди вина кај некој од учесниците во целата постапка, Ангелов најави, покренување на дисциплинска постапка.– Од Комисијата е констатирано дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за истото ќе биде покрената дисциплинска постапка, изјави Ангелов.За целосно расветлување на настанот, Ангелов рече дека одговорноста ќе ја бара и треба да се слушнат сите страни, за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и Министерството за локална самоуправа.Комисијата констатирала дека од оперативецот во Кратово не било побарано хеликоптер и не била известена Дирекцијата за заштита и спасување.„Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за тоа ќе биде поведена дисциплинска постапка“, изјави Ангелов.Најави дека ќе бара одговорнсот и дека во случајот треба да се слушнат сите страни за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и до Министерството за локална самоуправа.Ангелов истакна дека од Министерството за здравство побарале да одговори што предвидуваат нивните протоколи во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено.Од Министерството за локална самоуправа, според него, ќе бараат одговор зошто од институциите од локална власт не било испратено теренско возило и дополнителни сили за помош, како и зошто градоначалникот нe побарал ангажман на републичките сили за заштита и спасување и не се ангажирани силите и ресурсите на Територијалната противпожарна единица во Кратово.Од МВР, рече Ангелов, бараме одговор зошто од полициските службеници не било обезбедено теренско возило и не бил побаран хеликоптер, како и детален извештај од разговорот на лекарската екипа и полициските службеници.Оставка во оваа фаза според Ангелов, е еден вид дезертерство и затоа останува на функцијата, со цел целосна реформа на системот за управување со кризи.– Директор сум четири месеци. Средувањето на состојбата во ЦУК и целиот систем ќе биде долготраен и сложен процес, за кој треба уште време. Не сум дезертер и не се повлекувам од борба. Останувам посветено да го завршам она, поради кое дојдов овде – целосна реформа на системот за управување со кризи, рече Ангелов.Претседателот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов најави дека во моментов се работи на воспоставување и имплементација  на повикувачки европски број за помош 112. Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.– Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број, изјави Ангелов.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

07042021_PVRSM_sredba_LIDL-5

Средба на премиерот Заев со менаџментот на „Лидл“: Германската инвестиција нов стимул за домашната економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, одржаа состанок во Владата со менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“.На состанокот се дискутираше за новата инвестицијата на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија.Премиерот Заев истакна дека новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија. Воедно премиерот Заев ја потенцира важноста од натамошно унапредување на работата со Сојузна Република Германија, која е наш прв трговски партнер и истакна дека над 200 германски инвеститори вработуваат повеќе од 28.000 лица во нашата земја.Менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ - Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски - директор на централните служби како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.Од менаџментот истакнаа дека компанијата планира својата прва инвестиција во Северна Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа.На средбата во однос на стратегијата за експанзија, беше истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.Плановите на „Лидл“ за инвестициите во Северна Македонија се да оствари долгорочна, одржлива, одговорна соработка, како со своите клиенти, деловни партнери, така и со своите вработени, но истовремено да делува како општествено одговорна компанија со одговорност кон животната средина. Менаџментот на компанијата Лидл истакна дека се надева на конструктивна соработка со македонските институции и во иднина. фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Sredba-so-menagment-na-LIDL-1

Шилегов на средба со менаџментот на германската компанија „Лидл“

Градоначалникот Шилегов денеска одржа состанок со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.На состанокот присуствуваа и Претседателот на Владата на РС Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, како и претставници на менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ - Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски - директор на централните служби како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.На средбата се дискутираше за планираните инвестиции на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, каде согласно стратегијата за експанзија се планира отворање на маркети од светскиот бренд во сите градови со одржлива демографска и економска моќ, а најголемиот број од нив ќе бидат концентрирани токму во Скопје.Прва инвестиција која ќе биде реализирана во државава е изградбата на модерен логистички центар кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Во овој логистички центар ќе се користи со опрема според сите најсовремените стандарди во Европа и ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

policija-i-inspekcija-4

Затворени осум угостителски објекти за една недела

Во периодот од 29-ти март до 4-ти април, од страна на седумте инспекциските служби, се спроведени вкупно 5.197 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 34 прекршочни пријави, 91 решенија за констатирани неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти, односно на лице место се затворени осум угостителски објекти и тоа по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/или ограничувањето за четири лица на една маса.„Изминатиот период, за жал, сведоци сме на зголемен број на новоинфицирани лица од вирусот КОВИД-19, но и на починати лица како последица од коронавирусот. Оваа состојба доведе до повторно воведување на рестриктивни мерки, во насока на спречувањето на ширењето на коронавирусот со единствена цел заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани. Согласно владината одлука, од вчера веќе стапи на сила мерката за забрана за движење на граѓаните во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, која ќе трае до 20 април. Од вчера важи и целосната забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање“, истакна претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.Филиповска-Грашкоска додаде дека од денеска стапи на сила мерката за целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт). Исто така, од денеска има забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга. И овие мерки ќе важат до 20 април.„Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 92 надзори, врз основа на кои изрече 17 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19. Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.938 контроли и 564 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето, истакна Филиповска-Грашкоска.При спроведените надзори, изречени се 34 прекршочни пријави и 91 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/ или ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.„Во периодот од 29-ти до 4-ти април, Инспекторат за транспорт изврши 30 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: две прекршочни пријави и една ППН. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за превоз на патници, минатата недела не се констатирани неправилности.Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена изврши 341 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 16 решенија. Од вкупниот број на решенија, девет решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и пет ППН за пет вработени за неносење лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести.Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 12 надзори во аптеки и при истите не се констатирани неправилности.Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 220 надзори по Закон за заштита на населението од заразни болести и по Закон за безбедност на храна, при што издадени се осум решенија и 15 едукации и две ППН, по основ на небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање, чување и означување на производи, неводење на записи за ДПП/ДХП, истакна претседателката на Инспекцискиот совет.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zdravje

Градоначалникот Георгиески со честитки за здравствените работници по повод Светскиот ден на здравјето

Најголемиот здравствен предизвик во историјата на човештвото ни покажа дека здравствените работници се нашите најхрабри херои. Преку својот неуморен хуман ангажман, повеќе од една година го ставааат на располагање целокупниот човечки и професионален капацитет и затоа заслужуваат највисоко вредување и почит. Тие се најсилниот столб на нашиот здравствен систем и најважната алка во здравствената заштита.Во мое лично име и во името на Општина Охрид до сите здравствени работници кои се посветени на грижата за здравјето и животот на граѓаните упатувам неизмерна благодарност и искрени честитки по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето!Ви посакувам пред се добро здравје, сила и истрајност со желби за многу успеси и подобри услови за работа, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Актуелно | пред 5 години

170037980_1885083338335947_8761516564597664580_n

ВМРО ДПМНЕ не алармираше туку саботираше, ваква акција не се организира преку ноќ, порача Спасовски

ВМРО ДПМНЕ не алармираше туку саботираше, ваква акција не се организира преку ноќ, а еден од приведените имал контакт во ВМРО ДПМНЕ, очекувам ЈО да отвори случај да видиме што е во позадина на нивниот јавен настап. Оној дел од истрагата во врска со доказите е завршен со приведувањето на овие припадници на МВР, но продолжува акцијата на меѓународно ниво, работиме заедно со Интерпол и со секој нов доказ што се појавува истрагата ќе се проширува. Од 2019 година се работи на овој случај, уште тогаш се појавуваат првите индиции.Таквите пасоши ги користеле криминални структури, затоа истрагата е проширена и надвор, затоа и Интерпол беше дел од целата операција. Целата акција е транспарентна со отчет пред јавноста. Акцијата е во тек веќе две години, и траеше се до моментот кога јавниот обвинител процени дека има доволно докази.Имавме пред неколку месеци друга група која ја приведовме за издвање нелегални возачки дозволи. За секое лице за кое имаме доказ е приведено.

Македонија | пред 5 години

cadikovski-dr-960x528

Предајте ја вакцината на некој што нема антитела, доколку сте прележале Ковид-19, порача Чадиковски

Д-р Владимир Чадиковски, дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вечерва соопшти дека не се вакцинирал, иако имал можност, затоа што има доволно антитела.-Прележав Ковид-19 во јануари, со силна клиничка слика,имам доволно антитела,а денес требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав дека можам уште неколку месеци да бидам заштитен.Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација,имате стекнат имунитет 4-6 месеци!!, објави докторот.

Македонија | пред 5 години

vakcinacija

Во 2031 можеби и ќе биде вакцинирано 75 отсто од населението

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг.„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг, а сподели „А1он“.За разлика од кај нас, во соседна Албанија, потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.Бугарија со 9.215 дози на ден, ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.Во Грција во просек на ден се имунизираат по 39.656 лица, и со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.На Словенија со 8.055 примени дози на ден, ќе и бидат потребни уште 11 месеци за да дојде до колетивен имунитет.Министерот за здравство, Венко Филипче пред два дена кажа дека започнува масовната вакцинација во земјава.Според неговата изјава, во арената „Борис Трајковски“ во просек се вакцинираат околу 300 лица на час, или околу 3.000 на ден.Во западноевропските земји, и покрај тоа што дневно се вакцинираат значаен број на луѓе, потребно ќе биде долго време додека да стигнат до „имунитетот на стадо“.Во Германија се имунизираат по 272.056 луѓе на ден и ќе и бидат потребни 13 месеци за да имунизира 75 отсто од своето население.Во Холандија се имунизираат по 39.565 луѓе на ден, што значи дека со ова темпо на вакцинација ќе и бидат потребни уште 20 месеци да дојде до колективниот имунитет.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Обвинител ќе проверува како Мицкоски донзнал податоци за лажните пасоши и кој ги споделил

Обвинителството ќе побара Министерството за внатрешни работи да каже дали и кои лица ги откриле податоците за истрагата со изработка на пасоши со лажен идентитет за членови на криминални групи и нарко картели. Ова следува откако министерот Оливер Спасовски кажа дека опозицијата сакала да ја саботира истрагата која полицијата ја водела и организирала брифинг и открила тајни информации.„Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања“, се вели од Обвинителството.Спасовски веќе побара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за информациите пласирани во јавноста пред поднесување на кривична пријава.„Сакам да упатам порака дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во пресметката со криминалните структури, бадијала се трудат. Нема да не поколебате. При реализација на оваа акција се соочивме со саботажа, која за среќа не успеа. Директно од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа пласирани информации за истрагата, со што можеше да се загрози се она што се сработи од полициските службеници, меѓународните партнери и Интерпол“, рече Спасовски на вчерашната прес-конференција.

Македонија | пред 5 години

Makedonski-pasos

Притвор за осум осомничени за лажните пасоиши издавани на криминалци, побара Обвинителство

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.Постапката што ја отвори денеска Јавното обвинителство се однесува на незаконско издавање на патни исправи од надлежни организациони единици за издавање на овие документи. Притоа 10 од осомничените се вработени во МВР во службите за издавање на пасоши, додека едно лице, како поттикнувач, посредувало при незаконското издавање на документите. Со двете поднесени кривични пријави опфатени се вкпуно 219 незаконски издадени пасоши.Првата кривична пријава се однесува на 215 незаконски издадени патни исправи, при што осомничените им овозможиле на странски државјани да се стекнат со патна исправа на Република Северна Македонија под туѓ, македонски идентитет, а со фотографија од лицето на кое му била издадена патната исправа. Притоа се користел идентитет на лица кои живеат во дијаспората.Со втората пријава, пак, се опфатени 4 незаконски издадени пасоши при што искористени биле повеќе матични броеви издадени на 1 лице, кои не биле опфатени со постапка за нивно поништување, со цел да се креира нов идентитет, кој потоа со фотографија од лицето кое бара пасош бил употребен за да се издадат нови незаконски патни исправи.Постапувајќи по двете кривични пријави, Обвинителството до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осум лица, од кои едно е недостапно на органите на прогонот, додека против две лица е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавуваат кај определно службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело. Еден од осомничените, пак, веќе се наоѓа во притвор по претходен предмет за незаконско издавање возачки дозволи.Во текот на постапката обвинителството ќе ги утврди сите решавачки факти околу незаконското издавање на патни исправи. Поради обемноста на доказниот материјал и потребата од меѓународна соработка на МВР за прибирање на доказите во овој предмет, беше потребен период подолг од една година. Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања.​

Македонија | пред 5 години

Screenshot_4

„Систина“ одбила да ги намали цените за лекување на ковид пациенти, Жан Митрев ќе види, тврди Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче, разговарал со приватните клиники да ги намалат цените за лекување на пациенти со коронавирус. Според него, од „Систина“ биле децидни дека тоа не може да го направат бидејќи немаат економска логика, а од „Жан Митрев“ кажале дека ќе види дали може да ги намали цените.„Вчера имав состанок со медицинските директори на трите приватни болници, на ‘Ремедика’ каде не се лечат ковид пациенти, на ‘Жан Митрев’ и ‘Систина’. Најпрво зборувавме за кадарот, веќе од утре треба да ни биде на располагање, а тоа се пет лекари од Систина’, двајца од болницата ‘Ремедика’ и веројатно еден од ‘Жан Митрев’, иако првичната најава беше дека се голем број од здравствениот кадар на боледување, дека ќе можат да пренасочат еден лекар да биде на располагање. Втората тема на разговорот беа цените. Иако апелирав тоа да се направи бидејќи е криза, бидејќи е пандемија, бидејќи е специфично прашање насекаде во светот, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ‘Систина’ јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат бидејќи немале економска логика. Формално-правно немаме никаков механизам да коригираме цени“, кажа Филипче пред новинарите.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_3-1

Водач на нарко картел од Албанија и платен убиец имаат македонски пасоши со туѓо име, тврди Александар Николовски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција продолжи да објавува пасоши, за кои тврди дека се издадени од МВР на лице осомничени за убиство и водач на нарко картел. Според Николоски, едниот пасош е издаден во 2019 година, а за другиот не посочи конкретен датум. Тој објасни дека двата пасоши се со лажен идентитет.„Црногорски атентатор се сликал со македонски пасош, отишол во Украина, извршил атентат, каде што е фатен со македонски пасош. До нас стигнаа нови документи за пасоши на криминални структури, за кои што би сакал да проговориме и да информираме. Поставувам јавно прашање, дали македонски пасош издаден од МВР имал и водачот на познат нарко картел од Алабанија? МВР во регуларна постапка, на 17 јули 2019 година му издала македонски пасош со број ‘Ц1265083’ и на шефот на нарко клан од Албанија, Флоријан Мусај, со позајмен идентитет Наум Фило, роден на 22 јануари 1986 година. Медиумите нека истражат кој е човекот и што претставува. Само неколку информации, Мусај станува познат во 2018 година кога против неговиот нарко картел во меѓународна соработка помеѓу полициските служби на Германија, Италија, Холандија и Албанија се откриени 91 килограм кокаин, во вредност од 20 милиони евра и огромна дилерски структура низ сите овие држави. Според информациите кои ги добивме, по добивањето на пасошот во 2019 година, Мусај непречено патува низ повеќе европски државни, за во октомври 2019 година пристигне во Јужна Америка. Мусај користијеќи го македонскиот пасош со позајмен идентитет на име Наум Фило, најверојатно патувал низ повеќе држави на Европа и Јужна Америка“, кажа Николоски.Според потпретседателот Николоски, МВР нема потерница по ниту еден од мафијашките босови кои имаат лажни македонски пасоши. Тој прашува: „Зошто МВР не проверува какви банкарски сметки имаат овие луѓе во земјава, дали се переле пари од нив, зошто не се повикани на разговор луѓе од власта кои се сликаа со овие нарко босови?“.„Втората индиција која ја имаме е дека македонски пасош поседува Стефан Џукиќ, кој е осомничен за обид за убиство, на еден од водачите на така наречениот кавачки клан. Обидот за убиство се случил во Киев, Украина, а името е Радовоје Звицер. Стефан Џукуќ имал македонски пасош на име Каче Герги. Значи човек кој медиумите го условуваат како платен убиец на кавачкиот клан, имал македонски пасош издаден од МВР. Прашањето е зошто овие пасоши, дел издадени уште во 2017 година се премолчувани се до отворање на аферата од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Македонија | пред 5 години

14566359_1743750159207476_462513656011741540_o

Чуму е таа анонимност за идентитетот на приведените фалсификатори од МВР вчера? Човекови права, етика?, прашува Ременски

„Чуму е таа анонимност за идентитетот на приведените фалсификатори од МВР вчера? Човекови права, етика? Од кога така ? Имињата "ексклузивно" ќе ги дознаваат новинари од "извори од истрагата" и ќе се плетат политички PR - шеми, преку партиски соопштенија ? Очигледно НИКОЈ до крај не ја разбира или не сака да ја разбере штетата и сериозноста на ова играње и тргување со идентитети што ќе не чини ПРЕМНОГУ на патот кон ЕУ❗ Очекувам да го чуеме планот како ПОД ИТНО ќе се реформира таа управна служба, како ќе се исчисти базата, кој се' треба да понесе одговорност во таа организациска хиерархија⁉️ И најважното.. Држава на која и' е пробиен ГЛАВНИОТ систем - БАЗАТА на најважните лични податоци на граѓаните не само што ја губи довербата дома, туку и надвор и тоа многу полошо❗“, напиша експратеничката Фросина Ременски.

Македонија | пред 5 години

marko-zvrlevski-1-

Почина Марко Зврлевски, поранешен републички јавен обвинител

Поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски, почина како последица на Ковид-19. Според информации на „А1он“, Зврлевски подолго време се лекувал од вирусот во болнички услови, а бил ставен и на респиратор како последица на тешката состојба која се развила по заразувањето со Ковид-19. Зврлевски почина на 60 години.Марко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Посетувал постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година е именуван за Јавен  обвинител на Република Северна Македонија која функција ја извршува до август 2017 година, кога е и разрешен. Во 2018 година тој отвори и адвокатска канцеларија, во која работеше откако го напушти Обвинителството.Извор: А1он

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

62 лица не го почитувале полицискиот час, а 482 лица се казнети за неносење маска

Од 20.00 часот (06.04.2021) до 05.00 часот (07.04.2021) констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (06/07.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

spasovski

„Еден од уапсените фалсификатори бил во секојдневна комуникација со Мицкоски“, тврди Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал од Обвинителството да ги испита сите активности за јавните настапи на опозицијата за неодамнешната акција во која беа уапсени фалсификатори на патни исправи.„Ако нудите документи и докази, а тоа не го правите во Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми за кои треба да се даде одговор. Ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата, тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено...Дел од документите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ се од институцијата МВР“, изјави Спасовски во Утрински брифинг.Акцијата за апсење на фалсификаторите била планирана за реализација кога сите активности ќе биле подготвени со партнерите, но забрзана поради страв од саботажа. Во неа, како што вели Спасовски, биле уапсени и административци со повисок чин кои учествувале во изработка на нелегални патни исправи чија сума се движи и до 20.000 евра.Извор и повеќе на темата на Слободенпечат.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања