Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
stevce-jakimovski

Кој го ситни отпорот, поточно кој се обидува да го ситни отпорот кон предавнициве? Стевче Јакимовски, вели Александар Пандов

— реклама —

„Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот.

Тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.06, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи!

— реклама —

Беа потребни да поминат само неколку дена, а неговите предупредувања да се остварат и на секого во Македонија да му стане сосема јасно или да бидам попрецизен, на над 80% од народот, но не и на Стевче. Излегуваме на протести пред влада на 22, 23 и 24 јуни, Стевче го нема!

И покрај високите температури и годишните одмори веќе наредната недела народот предводен од претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, но и од претседателите на Левица, Димитар Апасиев, Социјалистичка Партија, Љупчо Димовски и Демократска Партијата на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, секојдневно маршираа по скопските улици и сплотени и обединети извикува: Ултиматум, Не благодарам, Стевче повторно никаде го нема. Додуша има сведоци кои тврдат дека еден ден се појавил, некој велат дека дури и два пати дошол и толку!

Оттука да обвинуваш некого кој 20 дена поминал по улици протестирајќи, а ти само два, најблаго кажано е неморално и нечесно.

Македонскиот народ и Македонија се соочени со најголемата опасност по нивниот опстанок и постоење! Ако бидеме обединети против предавниците ќе ги победиме.

Премногу е ниско и мизерно било кој, та бил тоа и Стевче Јакимовски, оваа борба да ја сведе на лечење фрустрации и суети за едно директорско место или неколку членови по управни одбори“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

Прво обраќање на Јакимовски по поразот: ВМРО-ДПМНЕ, не победивте во Карпош, го украдовте

Скопје | пред 2 месеци

IMG_3593

(Видео) „Мицко и Соте се во страшен очај“ - Јакимовски со реакција за фотографијата на Лукровски со Мојсова

Скопје | пред 2 месеци

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Скопје | пред 2 месеци

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања