Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pasosh

ВМРО ДПМНЕ: Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови?

Правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува.Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Оливер Спасовски.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Според мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови?Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите?Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија?Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков?Никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади.Ќе одговарате, час поскоро.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver

Спасовски: Издадени биле 215 пасоши со туѓ идентитет, приведени се 9 лица по едно сеуште се трага

Министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски на прес конференција изнесе детали за акцијата во која се уапсени деветмина полициски службеници за фалсификување патни исправи, а по уште еден се трага.Истрагата што траела повеќе од една година била во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол.Вработените издавале патни исправи со лажен , туѓ идентитет на лица , странски државјани со податоци како да се македонски државјани , рече Спасовски. Тие ја злоупотребиле својата положба и овластување. Со вакви патни исправи се здобиле 215 лица, за кои немало биометриски податоци, а за пасошите се корстеле податоци земени од македонски државјани.Меѓу нив имало и припадници на меѓународни криминални групи , на нарко картели и други криминалци, кои биле во датотеките на Интерпол.„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски.Тој кажа дека имале обид за саботажа, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето пред правдата, и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

w_56089446

Во 24 часа од КОВИД 19 починаа 45 лица, регистрирани се нови 1.259 случаи

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 562, Битола - 97, Куманово - 83, Велес -51, Струмица - 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.Регистрирани се 751 оздравени пациенти од:Скопје – 213, Охрид – 82, Прилеп -57, Тетово - 40, Велес – 38, Битола – 36, Куманово – 33, Кавадарци – 31, Струмица – 27, Гостивар -23 , Кочани -22, Штип и Неготино – по 20, Гевгелија – 14 , Дебер и Демир Капија – по 12, Радовиш – 11, Свети Николе и Виница – по 8 ,Кичево, Берово и Пробиштип – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Крива Паланка – 4, Македонски Брод – 2, Крушево, Богданци, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 45 починати лица: 20 од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, 68г 67г, 66г,62г,61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.Направени се 4.555 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-109, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, Судска медицина-22, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-141, Жан Митрев (Филип Втори)-225, Авицена-288, Биотек-431, Систина-318, лабораторија Лаор-347, Синлаб - 98, Ремедика-60, Плодност – 64, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.761.Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 61033, активни 10647Прилеп 7344, активни 1082Куманово 7264, активни 1096Тетово 6520, активни 649Битола 4911, активни 1053Велес 4779, активни 799Гостивар 4714, активни 514Кавадарци 4665, активни 724Штип 4424, активни 465Охрид 4330, активни 752Струмица 3441, активни 432Струга 2741, активни 250Кочани 2353, активни 262Кичево 2123, активни 241Неготино 1997, активни 356Гевгелија 1943, активни 393Свети Николе 1323, активни 125Крива Паланка 1112, активни 109Ресен 1079, активни 205Радовиш 960, активни 140Берово 895, активни 124Дебар 869, активни 44Делчево 872, активни 102Пробиштип 717, активни 80Виница 655, активни 94Валандово 559, активни 96Крушево 443, активни 123Богданци 429, активни 72Демир Капија 373, активни 63Кратово 338, активни 26Демир Хисар 333, активни 43Македонски Брод 318, активни 45Пехчево 239, активни 28Македонска Каменица 212, активни 16Дојран 118, активни 15фото: Архива

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид организира увид и јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Горица Север

Општина Охрид организира jавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север.Заинтересираните граѓани и правни лица можат да го видат Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина во Одделението за заштита и влијание врз животната средина, секој работен ден од 8 до 16 часот заклучно со 4 мај, а истиот е достапен и преку веб-страницата на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mkЈавната презентација и јавната расправа по документот ќе се одржи на 23 овој месец во големата сала на Општина Охрид со почеток во 13 часот со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19.Правните и физичките лица и јавноста, наредните 30 дена можат да достават свое мислење во врска со Извештајот. Сите заинтересирани може да дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт-извештајот и да ги испратат преку електронска пошта на адресата zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на адресата Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Маж во Росоман силувал деца и ги сликал со мобилен телефон

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Кавадарци.-Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон, информираат од ОЈО Кавадарци.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, се додава во соопштението од обвинителството.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

9 лица од МВР уапсени во аферата „Мафија“, фалсификувале пасоши и лични карти за членови на балканското подземје

Девет полициски службеници паднаа во аферата „Мафија“. Тие биле дел од мрежа за која постојат сомневања дека фалсификувала пасоши и лични карти кои потоа им биле давани на членови на балканското подземје. Од полицијата само потврдуваат дека се спроведува полициска акција, а деталите ги најавуваат за подоцна. Скандалот вчера на брифинг го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а според нивните документи, еден од босовите на турската мафија, Седат Пекер, има македонски пасош и лична карта со име Џадин Адемовски, објави alsat.mk. Полицијата денеска правeше претрес и во своите редови, поточно во канцелариите каде што се издаваат патни исправи и лични документи.извор:  alsat.mk. 

Македонија | пред 5 години

Screenshot_23

Мицкоски: Побарав законите за петтиот пакет мерки и државјанства да дојдат на пленарна седница на гласање, па да видиме кој е „против“, кој е „за“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција која се одржа во централниот штаб, во одговор на новинарско прашање по однос на повлекувањето на амандманите за предлог-законот за државјанство, подготвен од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, истакна дека уште на лидерската средба предложил пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите ако од таа коалиција бидат деблокирани законите за петтиот пакет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.Тој истакна дека освен ВМРО-ДПМНЕ против текстот на овој закон се изјаснија и владејачката СДСМ на чело со Зоран Заев, но и другите опозициски партии како Левица, но побара да се почека да се види што точно ќе договорат на најавената средба на премиерот со претставниците на коалицијата, која најверојатно ќе се одржи до крајот на оваа работна недела.Лидерот на партијата истакна дека уште на лидерската средба му предложил на Заев, законот за државјанство но и законите од петтиот пакет, да се стават на пленарна седница на гласање, и да се види кои навистина се „против“ и кои се „за“ законите, така што би седнале и би нашле решение и за законот за државјанство, а и помошта би стигнала до компаниите и граѓаните.„Нашето размислување кое што не е финално, бидејќи во текот на вчерашниот ден, попладнето излезе информација од власта дека, дали во среда дали во четврток ќе има состанок помеѓу Зоран Заев и претставници на коалицијата Алтернатива и Алијанса и дека ќе се надминел проблемот. На Зоран Заев му предложив, уште на лидерската средба, еве ние да ги повлечеме амандманите, да ги повлечат и Алијанса и Алтернатива и двата закона да дојдат на пленарна седница на гласање, па да видиме кој е против, кој е за. Ако е против, како што вели Димче Апасиев, Зоран Заев тогаш ќе имаме решение за Законот за државјанство, но дали тој истиот ќе биде усвоен или нем ада биде усвоен, ако сите сме за помошта да стигне до бизнисот и до граѓаните, тогаш ќе ги повлечат Алтернатива и Алијанса, ќе дојде законот на пленарна седница и сите ќе го гласаме петтиот пакет мерки и ќе може државата од буџетот да ги исплати тие средства за да може да им биде полесно на компаниите“, појасни Мицкоски.Но, кога веќе договорија средба, да почекаме, порача Мицкоски, уште неколку дена за да видиме што ќе договорат Зоран Заев и претставниците на коалицијата, кои иако се договараат без ВМРО-ДПМНЕ, па потоа да се произнесат по тоа прашање.„Според информациите кои што стигнаа до нас, средбата меѓу Заев и претставниците на коалицијата Алијанса Алтернатива треба да се случи среда, четврток или петок. Да почекаме уште ден два, да видиме каков е тој договор. Не знам каков е тој договор без да го консултираат ВМРО-ДПМНЕ, но во ред, еве решиле да постигнуваат договор, да видиме што ќе биде тој договор, па потоа ќе ми дозволите да се произнесеме“, истакна Мицкоски.Но, по овој текст, овој закон јас, рече Мицкоски, им понудив на пратениците во Парламентот, од различни политички партии да се произнесат. Ако се СДСМ против како што велат дека се против, ако се Левица против како што велат дека се против, ако се ДУИ, не знам, против или за, ако се Алтернатива и Алијанса за, ќе дојде на гласање, ќе се произнесат пратениците, ако овој закон има поддршка од 61 пратеник ќе се усвои, ако нема поддршка од 61 пратеник, нема да се усвои. Но, порача, тоа подразбира да биде откочен петтиот пакет, да дојде помошта, каква таква недоволна, до стопанството и до граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

50-evra

Еден обвинет за кражба на 50 евра

Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране.На 07.09.2020 година, една оштетена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесите до пунктот каде што се паркираат возила кои вршат јавен превоз на патници. Обвинетиот прифатил и двајцата се упатиле кон пунктот. Поминувајќи покрај менувачница, оштетената извадила две банкноти од по 50 евра со намера да ги размени во денари. Во тој момент, обвинетиот и зграпчил една од банкнотите во раката и се дал во бегство.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaveano-lice-3

63 годишниот маж почина, а од ЦУК велат „Од зборови на дело“, почна работата на Комисијата за случајот спасување во Кратовско

Со наслов, „ЦУК: Од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување во Кратовско“ од Центарот за управување со кризи се обратија до медиумите во 13:24 часот (повеќе од 6 часа откако спасуваниот почина во штипската болница).63-годишниот маж имал мозочен удар, лежел надвор, а неколку часа го греела и одржувала во живот 90-годишната мајка. Поради тешката здравствена состојба и тешко мозочно крварење, кратовчанецот почина утрово околу 7:00 часот во болницата во Штип.Еве го соопштението на ЦУК испратено во 13:24 часот.-Денеска, (06.04.2021), како и што најави на вчерашната прес-конфернција, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, почна со работа, вчерашно формираната, Комисија за утврдување на правилност во примената на СОП за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24). Тоа е дел од преземените активности на ЦУК, заради целосно расветлување на случајот на координаијата а давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.Комисијата, како што нагласи Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина.Центарот за управување со кризи, ЦУК, помина од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski-23.02

Мицкоски: Аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко- босови

Кога пред неколку месеци кажав дека со државата владее мафија бев обвинет дека сум престрог во моите квалификации. Тогаш иако знаев за што станува збор имав само индиции, а денес имам и докази за тесна поврзаност на мафијата со највисоките структури на власта во Македонија. Што би се рекло мафијата има своја држава. А, како поинаку да се нарекува власта на Заев и Спасовски кога државата ја имаат ставено на располагање на тацна на организираниот криминал и балканските криминални структури кои важат за најсилно во Источна Европа., истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение во целост прес конференцијата на Мицкоски:Аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко – босови. Барани поради организиран криминал, наркотици, убиства, насилство, државата станала услужен центар и логистика на сериозни криминални милјеа овозможувајќи заштита.Свиркач достави информации дека постои организирана мрежа за изработка и издавање на патни исправи, пасоши кои се давале на високи мафијашки структури и тоа директно во министерството за внатрешни работи. Најскапото се добивало најевтино. Се работи за легални пасоши, одобрени, изработени и издадени од министерството за внатрешни работи и полициски структури но со украден идентитет.Нашите информации говорат дека ваквите патни исправи издадени од министерството за внатрешни работи на белосветски пристапници има повеќе стотици. Истите биле посакувани од сериозни криминални структури бидејќи добиле ретка можност со легален пасош на туѓо име да патуваат и да ги завршат своите криминални бизниси. Можат да отворат сметки и да перат пари, и ова значи сериозни опструкции за регионални полиции кои што се борат против ваквите организирани криминални структури. И тоа како што се американската ДЕА и Интерпол.Значи аферата „Мафија“ има и меѓународно значење. Таков пасош издаден од министерството за внатрешни работи раководено од Спасовски има и лицето Јован Вукотиќ кои медиумите го претставуваат за водач на озогласениот Шкаљарски клан. А, пасошот бил на име Андонов Георги. Вукотиќ пред белградскиот суд самиот признава дека по легален пат добил македонски пасош на туѓ идентитет. Како? Истиот е уапсен во Турција, во Анталија и истиот е депортиран во соседна Србија каде што е државјанин и каде што постои осудителна пресуда на 15 месеци казна затвор поради поседување фалсификувана патна исправа. Во неговиот исказ кој што го води заменик јавниот обвинител, јасно стои дека тој си дошол во Македонија, си дал отпечаток, дека на патната исправа е неговата слика, бил сликан, но да, името кое што стои во неговата патна исправа не е неговото туку е лицето Ѓорѓи Андонов и со таа патна исправа тој патувал во Македонија, во соседна Србија, Украина, Шпанија, Турција итн. Вториот пак, кој има барање за лична карта е Седат Пекер на има Џадин Адемовски, кој доколку се провери фигурира и на избирачкиот список, има право на глас и е со локација во Општина Чаир. Имајќи предвид дека сѐ уште не е ажуриран избирачкиот список за следните локални или можеби заедно со локалните и други избори, може да се претпостави дека ова лице можеби и гласало на некои од претходните избори или можеби е оној со брзи прсти на референдумот што гласал. Ги повикувам медиумите и слободната јавност, а особено новинарите да проследат кои се овие луѓе. На чие име овие мафијашки структури добивале пасоши? Седат Пекер бил протеран според Министерството за внатрешни работи на 19-ти јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица, а потоа на 27.01 му е издаден овој документ, барем според документот кој ние го поседуваме.Ова е цела таа иронија на правната држава на оваа власт предводена од Зоран Заев. Особено што, за да се издадат овие пасоши потребно е да се влезе во полициска станица, да се сликаат и да добијат вакви легални патни документи.Ова е шамар за секој чесен граѓанин, шамар за правната држава и доказ за тесната врска меѓу власта во Македонија и мафијата.Каква црна Европа и е дострел на оваа власт, кога владата направи дувло на криминалот од државните институции. Освен тоа што им овозможувале логистика, тие кршеле и права на граѓани, доколку се утврди дека е украден идентитетот на некој граѓанин.Стојам пред вас и ве повикувам да не молчите, затоа што ако се молчите правна држава нема да имаме.Поврзано со случајот „Мафија“ сведоци сме и на притисоци од структури на власта врз слободната јавност кај дел од новинарите да се премолчи овој скандал, да се прескокне и да се заборави. Тоа нема да помогне да не замолчат за да збориме колку криминална власт имаме. А, новинарите ги охрабрувам да се борат за апсолутната вистинаМоето длабоко убедување и оправдано сомневање е дека ваков случај на афера не можел да се случи без знаење на највисоките структури на власта, а ако не знаеле за тоа, тогаш тие комплетно и ја предале власта на мафијата. И ова не смее да заврши така формално со некое соопштение од министерството за внатрешни работи дека апси и при што ќе паднат некои ситни риби и службеници. Да не ни ја навредуваат интелигенцијата, ова не би било возможно без највисоките структури на власта да знаат, и ако ова не заврши со одговорност на највисоките структури на власта тоа значи дека повторно се заштитува криминалот.Да не ја замајуваат јавноста со половични акции за приведување на службеници во МВР, туку треба силен удар на криминалците во власта. Аферата „Мафија“ има и регионално влијание и контекст, државната логистика за овие структури кои вршат сериозен криминал на Балканот и пошироко значи и загрозување на односите со пријателска Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и други држави. Овие документи ќе ги предадеме и на Обвинителството кое го повикувам за брза резолунтна непристрасна и независна акција. Ветувам дека една од првите работи која ќе ја расветлиме откако новата власт ќе го преземе управувањето со државата е токму ова, одговорност мора да има но од вистинските инспиратори и организатори, а не од службениците кои денеска се предмет на тортура и каде сакаат да ја префрлат вистинската вина.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Ohrid-2

Георгиески со апел до граѓаните да бидат одговорни и максимално да ги почитуваат сите мерки за превенција од вирусот Ковид 19

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани.Од денес до 20-ти април 2021 воведена е забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.Од денес до 20-ти април 2021 воведена е целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.Од денес до 20-ти април 2021, се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт).Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер/штанд/пулт), односно угостителскиот дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.Упатувам апел до граѓаните да бидат одговорни и максимално да ги почитуваат сите мерки за превенција од вирусот Ковид 19, напиша градоначалникот Георгиески во својата објава на ФБ.

Македонија | пред 5 години

1

Маричиќ во Анкара на средба со турскиот министер за правда Ѓул

Министерот за правда Бојан Маричиќ за време на работната посета на Анкара, денеска се сретна со својот турски колега Абдулхамит Ѓул. На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката во секторот правда, со фокус на дигитализацијата. Маричиќ на Ѓул му го претстави планот за дигитализација на над 100 судови во земјата и пренесе дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.Во однос на размената на искуствата со Турција за дигитализацијата на судовите, за време на посетата делегацијата на Министерството за правда предводена од Маричиќ ќе ја посети и Академијата за правосудство на Турција и Генералниот директорат за информатичка технологија.Маричиќ на Ѓул му ги претстави реформите кои се преземаат со цел зајакнување на правната држава и длабоките реформи кои се спроведуваат во правосудството, а беа потврдени и традиционално добрите односи меѓу двете држави и двата народа.фото: Министерство за правда

Македонија | пред 5 години

bankomat-12

Обвинение за вработен во пошта, присвоил поштенска пратка во која имало банкарска картичка и пин број

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице – картист-насочувач во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата. Потоа, обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнувал готовина, при што вкупно противправно присвоил 15.000 денари.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vlada-zname-nato

Од тајните хонорарци во Владата го издвојуваме: Советник за борба со Ковид-19

Граѓаните знаат колку кафе или вода испиле премиерот или министрите, рече неодамна во интервју за српската телевизија N1, премиерот Зоран Заев. Тоа, како што појасни, било знак дека Владата и министерствата се отворени и отчетни пред граѓаните и оти имаат контрола над буџетските трошења, објави Призма. Оваа висока самооценка за транспарентноста на премиерот не е изолирана. И други владини претставници постојано говорат дека Владата е oтчетна и дека тоа е една од нивните стратегиски заложби. Таква беше изјавата на министерот Оливер Спасовски, кој говореше за „широка и обврзувачка транспарентност“.Но, овие изјави се како лакмус. При најмала проверка, лесно може да ја променат бојата и да покажат спротивна состојба.Истражувајќи што исплаќа Владата, БИРН преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер ги доби сите фактури што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 под ставката други договорни услуги.Наодите покажаа дека Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па, и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат – анонимни.Станува збор за хонорари, кои вкупно за еден месец изнесуваат над 37 илјади евра. Во нив спаѓаат ангажмани како: пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи…Делата за кои се ангажирани лицата ги добивме откако Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, оцени дека тоа е јавен податок и Владата нема основа да го сокрие.Текстот во целост на: Призма. 

Македонија | пред 5 години

remenski

Ременски за Камчев: Целта е да го потенцирам лицемерието и онаа гадна подлост на сите што го лажеле човекот

Колку ли само човекот инвестирал во тие ликови низ годините наназад - директори, министри, инспектори, новинари, медиуми, партии, деца за се' ..., просто неверојатно ако го удри есапот сега.Грдна пара истурил човекот да го поштедат од институционални "заебанции" и да го шетаат таму-ваму кога треба и кога не треба. Само во суперлатив му ветувале се' ....Да, да за инвестициите на Орце Камчев мислам, напиша на својот ФБ Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Деновите по неговото притворање колку можев се обидував да "сконтам" што сакаа писателите да кажат кога прстот за приведувањето на Камчев го вперија во брачниот пар Ременски.Камчев требало да сведочи во случајот Меѓународен сојуз против Фросина и на Јовче му текнало да напише службена белешка дека Камчев сака да бега и оппп, тоа било закон човече и на човекот му определиле притвор заради белешка.Па се тркалаа деновите до рочиштето кога сведокот Камчев сведочеше, кажа што е што и по се' изгледа разочара многумина.Заврши рочиштето и заради "актуелноста на таа пуста белешка" што наводно ја напишал Ременски од АНБ, стигнаа неколку понуди за гостувања, изјави и сл.На мое прашање во врска со што ми беше кажано, "па да објасниш ова што викаат за белешката, сопругот, АНБ итн.". Бев кратка и јасна - немам намера да им давам живот на наменските шпекулации и да бидам портпарол на АНБ. Таа задача нека си ја преземат надлежните кои се повикани.Се тркала времето уште, и тук-таму срамежливо некој инвестиран ќе крикне тивко белешка, Ременски и толку. Оштрицата за шпекулации отапе, а човекот што го лажеле по се' изгледа полека (претпоставувам) сфаќа дека ептен го одбраниле сите по ред. А може ќе им каже "аман не ме бранете веќе", кој знае!?Интересна ми е "принципиелноста" на оние во кои инвестирал човекот јавно да го бранат и да ги застапуваат "неговите интереси". Абе, тоа право, тоа наука, тоа принципи, институции и се' по ред. Нешто слично како она "волк, волк, волк ...", за да на крајот никој не верува во таа посветеност за заштита на човековите права итн. Толку била инвестицијата.Целта на овој подолг вовед е да го потенцирам лицемерието и онаа гадна подлост на сите што го лажеле човекот во стилот "шефе, шефе, сега ќе видиш, сега ќе видат" ...Очигледно го лажеле и многумина и за многу нешта штом дошла работата/проблемот до некаква службена белешка, а се' друго било ОК.Уште кога течеше судењето за случајот Рекет, зборував јавно дека, "кираџијата на адвокатот на Орце Камчев во случајот Империја" - (тогаш) директорот на УБК Горан Николовски Џони му ги должи најисцрпните одговори "Зошто дозволил да биде рекетиран и што тој како овластено службено лице презел да го спречи тоа, бидејќи не еден, туку 4 пати му било пријавено за 3 месеци".Не знам дали оваа инвестиција му е проверена и исплатлива, но знам дека подрумската пропаганда од типот "шефе не сум ја, друг е" тешко поминува сега.Не знам што прави Џони кога ретко е на работа (ризичен бил ... од вирусот де), но слушам нон-стоп така ризичен, шпартал таму-ваму, лево-десно да "испегла" некоја грешка, да протури теза, да подгрее изладено млеко, да просее некое бело брашно ..., само да не му падне збор дека бил "промашена инвестиција" и "пробиен манипулатор". Па така, кога ќе се прошета до работа се пази да не го викне некој што не е негов во внатрешна контрола, за да го праша дали ја упишал куќата на Апостолски на негово име или уште плаќа (?!) кирија" или пак, да треба да каже каква службена белешка напишал за човекот.Џони е "опасен" контраразузнавач нема што. Му фали само оној женски брифер "за да биде 100% верно" напишното. Крик-от го "извади" за Живаљевиќ, но се друго тешко оди пустото.И така, денови се нижат како бисери на промашени инвестиции и кукавици кои му гарантираа слобода на човекот.Не знам дали пратениците што биле вчера во контрола на АНБ ги добиле одговорите на прашањата и за случајот. Убедена сум дека Виктор Димовски немал ниту причина, ниту интерес да лаже - најмалку за овој случај. За жал, не можам да кажам дека Џони немаше интерес да лаже на надзорот во јули 2018 година - таму го штитеше интересот на скриениот шеф.После се' би било добро инвестираните да си направат еден "рестарт", да се пребројат, да си ја преиспитаат "доктрината" и да сфатат дека "Неко меџу вама, није ваш"!Апстрахирајте ги Ременски - тие се свои!извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

tozovac

Почина Тозовац, пејачот ја загуби битката со коронавирусот

Легендата на народната музика во екс Југославија Предраг Живковиќ Тозовац ја загуби битката со коронавирусот. Легендарниот Тозовац од последици предизвикани од корона вирусот починал утрово во 86 година од животот.Тозовац од 5 март се лекувал од корона вирусот во болницата Драгиша Мишковиќ во Белград. Минатата недела неговата здравствена состојба се подобрила.Предраг Живковиќ Тозовац според многумина беше најголемиот господин на југословенската народна музика, со бројни бесвременски хитови како „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“,„Лено , Лено Магдалено“....Славниот пејач на почетокот на 2021 година по 40 години врска и љубов се венчал со својата животна сопатничка Емилијафото: Архива

Македонија | пред 5 години

kam-9

КАM Маркети: Случајот институциите да го истражат до крај

КАМ Маркети за случајот со пронајден глушец во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и случајот да го истражат до крај.извор: КАМ маркет

Македонија | пред 5 години

IMG_4734

Милевски: Ги охрабрувам општините и граѓаните со своите идеи да придонесат во ублажување на климатските промени

Климатските промени треба да се приоритет на сите институции како и за целата заедница порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска на конференцијата „Да зборуваме за климатските промени“ на тема „Можности за попаметно греење“, во организација на Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ.- Апелирам институциите, државни и приватни, како и секој граѓанин да директно се вклучат во можностите алтернативни решенија. Потребно е подобрување на состојбите со загадување на воздухот поради загревање домовите на некои локации во земјава, како и идентификување на можните поддржувачи на промената кон почисти и климатски поповолни опции преку интерактивна онлајн работа. Затоа ги охрабрувам сите Општини и граѓани кои имаат идеи и проекти кои се во фокус на загревање на домовите во принципот старо за ново паметно да ги искористат, општините во своите идни програми и заложби да им биде приоритет а граѓаните што повеќе да аплицираат за можностите кои се нудат, порача Милевски.Тој потсети дека преку Министерството за локална самоуправа изминатата недела во Собранието се донесе десетгодишната Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година во која особено внимание е посветено на обезбедување кохерентност на целите, приоритетите и мерките со начелата и приоритетите на „Европскиот Зелен Договор“ и на Зелената Агенда за Западен Балкан, чија стратешка цел е да ја направи економијата на ЕУ и на Западен Балкан одржлива преку трансформација на климатските и еколошки предизвици во можности, и праведна транзиција со вклученост на сите.- Еден пример е Домот на културата во Свети Николе поставивме систем за греење и ладење, за прв пат после 30 години. Со реализацијата на овој проект значително е намалена потрошувачката на електрична енергија, а заштедените финансиски средства ќе бидат употребени за дополнително уредување на просторот кој што сега граѓаните ќе можат да го користат 360 дена во годината, појасни тој.Тој појасни дека со поддршка на Министерството за локална самоуправа преку буџетската програма за рамномерен регионален развој, како и со поддршка на швајцарската Влада се реализирани голем број на проекти во 8-те плански региони, кои директно ги подобруваат условите на живеење на граѓаните преку користење на обновливи извори на енергија, поголеми заштеди, заштита на животната средина, како и преку подигнување на јавната свест.Исто така во три скопски општини: Центар, Карпош и во Кисела Вода се воспоставени три иновативни еко-зони каде што се користат обновливи извори на енергија. Се користи сончевата енергија за напојување на смарт клупите кои имаат сензори за мерење на квалитетот на воздухот и кои што обезбедуваат бесплатен интернет.Тој истакна дека преку ИПА програмите со финансиска поддршка од Европската Унија за прекугранична соработка со нашите соседни земји инвестирале во еколошки проекти, еден таков пример е со Грција изградена е мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот во Гевгелија и комплетно е реновирана мерната станица во Битола. Сончеви колектори се инсталирани во Св. Еразмо во Охрид е и изградена енергетска фасада со поддршка на швајцарската Влада, така што сите програми Министерството ги користи максимално за подобрување на животната средина во земјава.Министерството овозможува на партиципативен начин од страна на граѓаните преку Центрите за развој на осумте плански региони да се реализираат приоритетни проекти кои влијаат во ублажување на климатските промени.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Поведена постапка против двајца радовишани за употреба на лажни ПЦР тестови на аеродромот во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ​​ фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

23 лица го прекршиле полицискиот час, a 481 лице казнети за неносење маска

Од 22.00 часот (05.04.2021) до 05.00 часот (06.04.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (05/06.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршок.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest-4-1

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да се стекнат со македонски пасоши и документи

Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко - босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Документите кои дојдоа до нас докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат.Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти.Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан, чиј извршител во Србија беше Веља Невоља.Врвот на власта му овозможил на газдата на Веља Невоља да се стекне сл. македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него.Вукотиќ е вмешан во трговија со кокаин и друг вид нелегална трговија.Спасовски најпрвин треба да даде одговори како Седат Пекер и Јован Вукотиќ добиле македонски пасоши, а потоа и да си даде оставка, како ќе може ЈО да отвори истрага против него, но и Зоран Заев.извор: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

kolona-prilep

(ВИДЕО) Прилеп се прости од прерано починатиот возач на амбулантно возило - со колона возила му оддадоа почит

Колона од возила на Итната медицинска помош со вклучени сирени, придружени од противпожарни возила на ТППЕ поминаа низ центарот на Прилеп, одавајќи му последен поздрав и почит на прерано починатиот Гоце Илиески, кој почина во саботата, по речиси едномесечна битка со ковид – 19.42-годишниот возач на амбулантно возило, кој се зарази со корона вирусот на раобтно место, не успеа да ја добие најважната битка – за живот. По влошување на здравствената сосојба, Гоце беше пренесен на лекување во приватна болница, по што се покрена хуманитарна помош за обезбедување средства за лекувањето.Гоце Илиески беше сопруг и татко на две деца. видео: Радио Пела

Македонија | пред 5 години

kucinja-1

Од 22 до 23 часот ќе можат да се изнесат домашните миленици (кучиња)

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. фото: Влада

Македонија | пред 5 години

zaveano-lice-3

Овчарот од Кратовско се бори за живот, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара одговорност од институциите

Овчарот од Кратовско, кој на импровизирани носила од непристапен и завеан терен бил донесен во болницата во Штип, се бори за живот. По обелоденувањето на голготата од страна на лекар од Итната помош кој учествувал во спасувачката драма и барањето одговорност од надлежните институции кои не се одзвале на повиците за помош, формирана е петчлена комисија од Центарот за управување со кризи која ќе го испитува случајот во Кратово.Овчарот бил пронајден промрзнат во близина на неговиот дом во тешка здравствена состојба. Медицинска екипа заедно со роднини на овчарот направиле импровизирана носилка, по што пет часа на раце го носеле низ снегот, за да го спасат неговиот живот, објави dw.com.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференција изјави дека оперативецот на ЦУК во Кратово направил сè што можел, но никој немал возило.Според претседателот Стево Пендаровски, немало никакво барање до Армијата за да помогне со хеликоптер во спасувачката акција на завеаниот овчар.Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска побара одговорност за небрежноста на институциите. Тие испратиле барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа за да се утврди дали Општина Кратово ги презела сите дејствија кои се во нејзина надлежност. Според нив, ако контактираните институции немале можност да спроведат акција, градоначалникот имал обврска да побара ангажирање на републичките сили за заштита и спасување, според членот 35 од Законот за заштита и спасување.извор: dw.com.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска продолжува масовната вакцинација

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски” и денеска продолжува масовната имунизација на населението против Ковид-19, што стартуваше вчера за кога беа закажани 3000 термини. Имунизацијата се одвиваше според планираното и вчера сите пријавени примиле вакцина.Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека одлично поминал првиот ден од вакцинацијата во А1 Арената „Борис Трајковски” и оти во просек се вакцинирале околу 300 лица на час, односно околу 3000 дневно.-Денеска се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави синоќа на ФБ Филипче, потсетувајќи дека од денеска стапуваат во сила поригорозни мерки и повика сите да дадеме придонес во битката со пандемијата.Вчера во А1 Арената пријавените лица беа вакцинирани со руската вакцина „Спутник В”. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања