Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

w_56674011

Можно е да се затвори за Велигден, објаснето кога ќе се одлучи

Ако не се донесеше ограничувањето на работата на угостителите, но и ако не се продолжи полицискиот час, ќе требаше да се затвориме за Бајрам и Велигден. Ова го кажа заменик-министерот за здравство, Илир Хасани.  Тој повика да се почитуваат и да се празнува безбедно.„Се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние размисливме проактивно. Или ќе ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам и Велигден. Ако не носиме одлуки, со сигурност ќе се затвориме за празниците. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека ќе ги поминеме празниците без ограничување. Сепак, граѓаните ќе мораат да внимаваат, бидејќи традиција е да одиме по домовите на старите луѓе, а за нив вирусот е најфатален. Овие мерки иако се непопуларни, се со цел да се намали притисокот врз болниците. Британскот сој излезе дека е поопасен. Ние носиме ригорозни мерки за претстојните празници да ги поминат празнично и да бидат посветени на семејството и најблиските, а не на тоа дали некој член на семејството во тешка состојба во болниците. Се надеваме дека овие ефекти ќе бидат позитивни, од овие мерки. Да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас“, рече Хасани.Инаку, од утре затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

Македонија | пред 5 години

sputnik

Србија почнува со производство на руската вакцина Спутник V

Денес, Институтот „Торлак“ потпиша договор за трансфер на технологија со Рускиот фонд за директни инвестиции и руската фармацевтска компанија „Генериум“ за процедури и технологии неопходни за производство на руската вакцина Спутник V во Србија, изјави министерот и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија, Ненад Поповиќ.“Од овој момент, податоците за производството на вакцината Спутник V, развиена од најреномираниот руски институт за вирусологија Гамалеја, се отворени за Торлак. Станува збор за чувствителни и доверливи податоци што можат да ги разменуваат само партнери кои имаат голема меѓусебна доверба “, рече Поповиќ.Тој најави дека во април ќе се произведат три серии на вакцината Спутник V во Институтот Торлак.“Примероците од оваа серија за валидација ќе бидат испратени за контрола на квалитетот до Институтот Гамалеја во Москва. Откако Институтот Гамалеја ја потврди валидноста на примероците произведени во Торлак, Институтот Торлак ќе започне со производство на вакцината. Очекуваме тоа да се случи до 20 мај оваа година “, објасни Поповиќ.Тој посочи дека Србија со тоа ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина Спутник V.Поповиќ изрази благодарност до рускиот претседател Владимир Путин, руската влада, рускиот фонд за директни инвестиции, институтот „Гамалеја“, компанијата „Генериум“ и институтот „Торлак“, што и овозможија на Србија да има можност да произведува вакцини против коронавирусот на нејзината територија.“Ова е историски момент за нашата земја. Благодарение на нашите руски пријатели, Србија ќе може да го спаси здравјето и животот на своите граѓани. И многу важно, ова е почеток на обновување на суверенитетот на нашата земја во производството на вакцини, што ќе биде важен ресурс за секоја земја. „во иднина“, заклучи Поповиќ, пренесува Танјуг. извор: rs-lat.sputniknews.com

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Николовски - Лукаревска: Со зајакнатите контролни механизми на УЈП до објективни контроли, спречување на даночно затајување и корупција

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и со началниците на регионалните дирекции на УЈП. На состанокот се разговараше за улогата на УЈП во спречувањето на затајување на данок и корупција, преку зајакнатите контролни механизми.Вицепремиерот Николовски, ги презентираше мерките од Планот за борба против корупција, со посебен акцент на мерките со кои преку дигитализација се елиминира човечкиот фактор и субјективноста при реализација на контролите.„Со активно вклучување на сите надлежни институции, ќе имаме и позитивни резултати во исполнување на мерките од усвоениот План за борба против корупција, ќе покажеме дека со системски мерки и неселективност во постапките, може да се спречи корупцијата и даночното затајување. Дигитализацијата и елиминирањето на човечкиот фактор при контролите, се само дел од механизмите за спречување корупција. Планот за борба против корупција, содржи 18 системски мерки, со кои влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. УЈП преку своите контролни механизми има значајна улога во целиот процес“, посочи вицепремиерот Николовски.Директорката на УЈП, Лукаревска, ги претстави механизмите и системите со кои располага Управата.„Управата за јавни приходи согласно надлежностите и капацитетите со кои располага е особено важна алка во процесот на детектирање и рано откривање на незаконитото однесување и постапување на даночните обврзници. На пример Софтверот за евалуација на ризици овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени ризици.Со овој софтер се елеминира човечкиот фактор при избор на даночите обрзници за контрола“, рече директорката Лукаревска.На состанокот беше презентирано функционирањето на Системот за електронско следење на системите за игри на среќа, како и начинот на вршење на контролите од страна на даночните инспекторати.Во рамки на посетата на УЈП, вицепремиерот Николовски и директорката Лукаревска, одржаа работен состанок и со началниците на регионалните дирекции на УЈП, на којшто се разговараше нивната работа на терен и нивните предлози во делот на контролите и подигањето на јавната свест за бенефитот од редовното плаќање на даноците кон државата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

zaev-2-1

Се затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви, еве ги новите Владини рестриктивни мерки

Владата го усвои предлогот на кризниот штаб и донесе одлука од утре полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот. Се затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.„Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од утре, до 20 април годинава. Второ, на граѓаните кои извршиле имунизација, им се дозволува враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за гости во угостителски објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски објекти. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети. Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници од 7 април до 20 април. Целосна забрана за гости во спортски клубови, сали, теретани. Се забранува организирање и учество во семинари, курсеви. Се овозможува движење на земјоделците со дозволи за движење. За време на забраната, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, да може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од местото каде живеат“, рече Заев.Премиерот кажа дека здравствениот систем е оптоварен, поради тоа биле потребни нови угостителски објекти. Според Заев на денешната седница на Владата донесле одлука за дополнителни мерки за заштита на здравјето.„Најновите тенденции презентирани од здравствените власти, покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав. Овој вид на коронавирус, заразува многу полесно и побрзо, а резултира со тешки последици по здравјето. Во пресрет на празниците и топлото време, а согласно потребата да се одморат и здравствените работници, донесовме нови мерки. Бројот на новозаразени граѓани, починати граѓани, расте. Досега здравствените работници се соочуваа со сите предизвици, но, сега има преоптоварување. Ова е најголемото оптоварување на здравството од почетокот на пандемијата. Многу држави се соочија со ваква ситуација и порано од нас. Ова е моментот кога треба да пресретнеме нови оптоварување на здравствениот систем“, рече Заев. 

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Филипче: Во овој бран клиничката слика е сериозно лоша за белите дробови, имаме опасност од фатален исход

Капацитетите за лекување на коронавирус низ ковид-центрите и болниците се скоро и целосно исполнети, истакна министерот за здравство Венко Филипче.„Сите дополнителни одделенија се скоро исполнети, има по неколку слободни места. Со системот на визити и испуштања се создаваат дополнителни места. Во функција е болницата во Козле која има кислород, има кадар и тука се хоспитализираат пациенти. Имаме една клиничка слика на болеста различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, а за разлика од претходно кога по 14 дена пациентот во најголем број случаи се сметаше да излечен, сега има влошување и кај помладите пациенти во 12, 13,14 ден со драстично влошување на белите дробови и крвта кој начесто завршува лошо. Во однос на смртноста, тоа е така висока насекаде во регионот“, кажа Филипче.Министерот додаде дека состојбата можела да се влоши за време на претстојните празници и затоа мерките се заоструваат.„Овие сегашни мерки ги стабилизираа мерките, пикот се надевам нема да има измени беше на 1 април, сега се намалува. Огромен е бројот на хоспитализирани пациенти. Сметаме дека празниците кои доаѓаат можат да ја комплицираат ситуацијата, не сакаме да дозволиме во периодот кој доаѓа да се оперети здравствениот систем, кој тешко може да го изменаџираме, а епидемиолошката слика да стивне. Има намалување на инциденцата во споредба со претходната кај голем дел од граѓаните. Има градови каде е сеуште висока, а тоа се: Куманово, Кичево, Битола и Тетово, а тоа е ризик за целосниот здравствен систем“, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 години

lisici

Опожарени автомобилите на двајца вработени во Шумска полиција Охрид

На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00.05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила - „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „Санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

MAD_7169

Сопственикот на галијата што се руши: Галијата незаконски се урива, Град Скопје нема никакво побарување кон нас

Граѓаните треба да знаат дека „Бродот на среќата“ е сто проценти приватна инвестиција. Инвеститорот е бугарски граѓаанин, кој во овој брод инвестираше над 1.200.000 евра, рече денеска сопственикот на бродот, Жарко Миленковски управител на бродот.-Град Скопје нема никакво побарување кон нас, односно немаме никаков долг. Плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија и што е најважно, се уште не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи дека правниот акт врз кој е поставен овој брод се уште постои и е во сила. Во тек се два судски предмети, а за едниот утринава беше одржано и рочиште. Не може да се руши со сила додека нема судска одлука.Поминаа времињата кога се рушеше со сила, без судска одлука. Ова е срам за Македонија. Се руши опрема вредна 1.200.000 евра и тоа без судска одлука, а имаме многу примери кога времени мерки се носелеза нерушење на многу помали објекти. Ова е странска инвестиција. Бараме од Градот да не ја нарушува довербата на странските инвеститори со ваквите потези, вели Миленковски.Тој објаснува дека за време на пандемијата пратиле неколку барање до Градот за да им се овозможи да продолжат да работат што е согласно со членот 9 од Законот за работа, но не добиле никаков одговор, туку решение за раскинување на догововрот.  фото: Жарко Миленкоски

Скопје | пред 5 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Завршни зборови за „Трезор“, отбраната бара Мијалков да се ослободи од обвинение

Одбраната бара ексдиректорот на УБК да биде ослободен од обвинение за набавката на британската опрема за следење на комуникациите во 2010 година. Обвинението за случајот „Трезор” е засновано врз претпоставки, посочи адвокатот Петар Василев, во завршните зборови за овој предмет. Тој додаде дека Обвинителството прво тврдело дека Сашо Мијалков е сопственик на фирмата „Финзи“, а потоа дека не се знае.– Неспорно е дека набавката за опрема во МВР, се врши преку помошник-министер кој одговара директно пред министерот. Директор не може да даде наредба на помошник-министер. Обвинителството со ниту еден доказ не докажа дека Мијалков, му наложил или сугерирал набавка на опрема, рече адвокат Василев.Адвокат Љупчо Шврговски, во своите завршни зборови, рече дека постапката во овој случај ја води неовластен тужител.– Ѓоко Поповски, кажа дека не се сеќава кој, кога и како дал препорака дека преку фирмата „Финзи“, ќе се врши набавката на опремата. Не постојат физички и електронски докази дека Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, комуницирале со нив, изјави адвокатот Шврговски, кој на судот му предложи да донесе ослободителна пресуда за неговиот клиент, со оглед дека јавните обвинители не го докажале обвинението.Обвинетиот Тони Јакимовски, додаде дека тој бил четири нивоа после помошник-министерот, и дека немал можност да му даде наредба нешто да стори.Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

MAD_7169

(ВИДЕО) Почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка. Увид во активностите за отстранување на овој објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.- Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани – рече градоначалникот Шилегов.Тој се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение, зашто заради правните постапки и процедури се доцнеше со отстранувањето на галијата.- Одлучив така да работиме, зашто ваквото отстранување на галијата нема да претставува никаква финансиска опасност за Градот, дури и отстранувањето што ќе го вршат „Улици и патишта“ ќе биде на сметка на фирмата корисник – објасни Шилегов.Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.видео: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

zaveano-lice-4

Пендаровски - Армијата не добила барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликоптери, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

glusec

АХВ издаде забрана за промет на замрзнатиот зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” во кој беше пронајден замрзнат грушец

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за промет на замрзнатиот зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, поради сомнеж за физичка контаминација (присуство глушец) и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава.Како што соопшти АХВ, издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверка на секоја серија/лот од овој производ во сите маркети каде е пласиран.Агенцијата апелира, доколку потрошувачите купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат, а ако утврдат присуство на страни тела, да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.-АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување, нагласи директорот на АХВ, Николче Бабовски.За случајот кој беше објавен викендов на социјалните мрежи, до Агенцијата не е поднесена претставка.-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме ваквите случаи место на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните институции. Ги потсетуваме граѓаните дека секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната можат да ја пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство, лично, писмено, електронски на info@fva.gov.mk и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, наведува АХВ.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Поведени постапки за прекршување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица заради непочитување на полицискиот час.Лицата биле затекнати надвор од своите домови, на различни локации во градот, за време на важечката забрана за движење од 22 до 05 часот, воспоставена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредноста на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ фото: Архива

Скопје | пред 5 години

centar-skopje

10 Лица не го почитувале полицискиот час

Од 22.00 часот (04.04.2021) до 05.00 часот (05.04.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sportska-oblozuvalnica-640x428

АСОМ: Со предлог измените на Законот на игрите на среќа, илјадници вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и изразува жалење што и покрај многуте обиди од нивна страна за конструктивно делување во унапредување на регулативата, повторно се предлагаат измени кои водат кон затворање на цела една стопанска гранка, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет.Забелешките на Асоцијацијата кои во најкус можен рок ќе бидат и официјално доставени преку ЕНЕР се однесуваат на зголемувањето на даноците и давачките, правните имликации по однос на скратување на стекнатото деловно право преку важечките лиценци, но пред сé на оддалеченоста од 500 м на деловните објекти од образовните инсититуции.„Измените за одалечување на деловните објекти се целосно неприфатливи и подготвени сме силно да се спротивставиме на ваквиот предлог. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места, односно гасење на целата стопанска гранка. Со ова директно се загрозува егзистенцијата на повеќе од 8.000 семејства, односно повеќе од 8.000 вработени кои преку ноќ ќе останат без работа. Ефектите од ова ќе се прелееат и врз други стопански гранки како и врз повеќе од 50.000 работни места, кои индиректно зависат од нашата работа.“– велат од Асоцијацијата.Дополнително АСОМ посочува дека со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и укажуваат на домашни и меѓународни правни импликации доколку им се скрати ова право на компаниите.Иако во повеќе наврати досега, АСОМ укажуваше дека ваквото законско решение ќе создаде услови за развој на сивата економија и нелегалното обложување, институциите не ги земаа предвид овие последици при носење на предлог измените на Законот.„Несфатливо е како инстуциите не можат да ги предвидат ризиците од измените на Законот кои се предлагаат. Ако ние ставиме клуч на врата на легалните спортски обложувалници, практично ќе згасне една веќе добро регулирана стопанска гранка. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето, играчите ќе бараат алтернатива, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците. Ова де факто ќе значи дека државата ќе се соочи со нелегално обложување и ќе отвори пат за развој на сива економија“- предупредуваат од АСОМ.Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во РС Македонија и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите. Aко интенцијата на Регулаторот била да се зголемат приходите на државата, истиот мора да го земе предвид фактот дека тие средства едноставно нема да можат да се наплатат. Сосема спротивно на тоа, тие драстично ќе се намалат, бидејќи ќе следи забрзано затворање на уплатно-исплатни места и губење на работни места на илјадници граѓани.„Каква нелогичност е зголемувањето на даноците, наспроти растојанието на кое нé обврзуваат. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата не само што нема да има бенефит од поголеми даноци, туку ризикува да изгуби повеќе од 250 милиони евра кои од игрите на среќа се слеваат во државниот буџет. Ова само потврдува дека законските измени се направени без економски анализи и без да се земат предвид импликациите врз државната економија која во моментов е силно погодена од пандемијата.“ – истакнуваат од АСОМ.Конечно, заклучоците на Асоцијацијата се дека ова не е европски закон. Европските закони не предвидуваат оддалеченост на објектите, затоа што ниту едно истражување во светот не покажало дека близината на објектите до образовните институции влијае врз навиките на младите. Законодавната пракса во европските земји не познава ограничувања, туку превенција која се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.„И кај нас, во постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот 20 кој вели „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа и не им е дозволен влез во просториите во кои се приредуваат игрите на среќа“.- нагласуваат од АСОМ и бараат стопирање на процесот и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на современ закон по европски терк.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

А1он: Построги мерки и повеќе рестрикции, Владата одлучува во 13 часот

Главниот координативен кризен штаб донел одлука за заострување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“.  Предвидено е зголемување на траењето на полицискиот час, кој наместо од 22 часот, ќе треба да започнува од 20 часот.Дополнително, се разговарало и за затворање или ограничување на работата на угостителските објекти. Засега нема потврда од Кризиниот штаб за овие одлуки, но Владата веќе закажа седница.Владиниот портарол, Душко Арсовски потврдува само дека од 13 часот е зажана седница, а неофицијално, во 14 часот ќе се одржи и прес-конференција.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Сообраќајна несреќа кај Куманово, повредени седум лица

Седум лица со повредени и  пренесени во болница, по сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Липково, кај селото Опае,Во несреќата учествувале автомобил „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од Липково и патничко возило „бмв 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од Опае.„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово“, соопшти МВР.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

galija

Град Скопје денес ќе ја урива галијата кај „Холидеј ин“

Денеска почнува уривањето на галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.Како што објави порталот СДК, од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов им изјавиле дека „се исполнети правните услови за овој брод да биде тргнат од коритото на реката и издадено е решение денеска да почне да се отстранува дел по дел“.Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“, а се чека асистенција на полицијата за да почне интервенцијата.фото: република

Скопје | пред 5 години

taravari-1

Таравари: Министерот мора да донесе одлука приватните клиники да и се стават на располагање на државата

Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека приватни болници мора да бидат на помош на државата. Според него крајно време е министерот да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да и се отстапат на државата.„Алармантно е максимално, гледаме бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме за капацитетите во болниците. Како лекар зборувам, повеќето пријатели ми кажуваат дека нема место по болниците, има огромен број пациенти кои се третираат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктори, се уште не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат напомош. Таму се плаќа петпати, па и десетпати поскапо. Крајно време е министерот да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да и се отстапат на државата, додека трае овој трет пик. Македонија е петто место во свет по починати на милиони жители за последните 7 дена, од 153 држави кои се испитуваат, кои даваат официјални податоци. Први сме во регионот по стапна на паталитет, за жал недостасуваат се уште вакцини, последни сме во регионот“ - вели Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во Студио 10 на ТВ24.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcini-9

80-годишен маж почина во Црна Гора откако беше вакциниран со „астра зенека“, МЗ вели нема доказ дека причина за смртта е вакцината

Министерството за здравство на Црна Гора соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на Астра Зенека и дека нема докази дека причината за смртта на еден осумдесетгодишник е вакцината што ја примил претходниот ден.Комисијата за анализа на несакани ефекти по вакцинирање при Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзаност на смртта на 80-годишен пациент со бројни здравствени ризици и придружни болести кои можеле да резултираат со нагла и ненадејна смрт, со вакцинација со Астра Зенека.Како што е наведено, „засега нема никаква поврзаност со вакцинацијата и додека не се докаже јасна поврзаност, вакцинацијата продолжува“.Во соопштението од Министерството се додава дека Комисијата на Институтот за јавно здравје смета дека имунизацијата треба да продолжи имајќи ги предвид сите моментално достапни податоци, како и фактот дека откажувањето на програмата би претставувало потенцијален поголем ризик за здравјето на невакцинираните лица поради можно заболување со Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

lazarov

Д-р Лазаров обелодени: На матичните доктори државата ни должи за Јануари пари, околу 2.5 милиони евра

Уште едно нешто и не зборам денес веќе:На матичните ни должат за Јануари пари, околу 2.5 милиони евра, малку да имавте идеја и проактивност, бидејќи 1 денар не ни помогнавте во кризава, можевте да земете еден кредит и да ни исплатите 1 капитација вонредно,и со наши наши пари да ни "затворите уста".Ќе добиеме ликвидно примарно здравство што не чека исплата од ФЗО за гази да купи, објави на својот ФБ профил доктор Ненад Лазаров.извор: ФБ Ненад Лазаров

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

Почна вакцинацијата на полицајците, војниците, пожарникарите во „Борис Трајковски“

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.Минатата недела почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Вакцинацијата се одвива во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Минатата недела во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „Астра зенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.Лицата помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „Астра Зенека“. Оваа одлука нашите здравствени власти ја донесоа по примерот на Канада и на Германија. Но, за вакцините на „Астра Зенека“ се чека и официјалната одлука од Бордот на ЕМА. Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „Астра Зенака“.Процесот на имунизација против коронавирусот, кај нас почна 16 февруари, со вакцинирање на здравствените работници. Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани.Околу 10.000 наши граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија.Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

Македонија | пред 5 години

zaveano-lice-3

Димитров за драматичното спасување во Кратово: Во државава треба да се забрани фразата „не сме надлежни“

Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек... јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија, вели вицепремиерот Никола Димитров испровоциран од како што вели трогателната приказна за која вчера раскажа докторот Павле Зафиров. Станува збор за несекојдневна случка, во која за жал се огледаат навистина навиките секоја од институциите, поединците поставени да помагаат да креваат раменици во држававаДимитров вели дека сосем случајно го прочитал тој пост во кој се сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.„Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки. Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек... јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија.Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели - да се постават правила, принципи и стандарди.Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест, напишал Димитров на фесбук.Сепак во коментарите и под неговиот пост се алудира дека одговорноста е на сите, особено на актуелното државно раководство.извор: ФБ Никола Димитров

Македонија | пред 5 години

imunizacija

Најчевска: Прво велеа дека имаат разработен план за вакцинација, па испадна дека немале - смешни се во своето незнаење, како муви без глави

Прво велеа дека имаат разработен план. Па испадна дека немале и го спремаа дури откако дојдоа вакцините. Потоа велеа дека имаат разработен распоред и дека ќе се вакцинираат постарите, па хронично болните. Испадна дека ќе се вакцинираат сите освен постарите и хронично болните. Во која држава масовната вакцинацијаа да запчнува со вработени од МВР, АРМ, новинари, судовите, возачи на автобуси, пожарникари воспитувачки во градинките и, ве молам ВРАБОТЕНИ НА ПАТАРИНИТЕ, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.Најчевска во објавата додава:Ги заборавија постарите и хронично болните? И како ги избраа баш овие? Зошто не професори? Или продавачи во супермаркети? Или фризери? Или социјалните работници, или тие во прехрамбената индустрија, или ... ? Работата е да се спречи прво умирањето. А умираат одредени категории луѓе изложени на вирусот. Потоа се адресираат специфични категории по однапред поставени критериуми. И се прави план кој јавно се обзнанува, а не се излегува секој ден со ново соопштение. Смешни се во своето незнаење. Како муви без глави, кај ќе ги дувне во моментот. Вака се прави во светот:https://whyy.org/articles/when-will-it-be-your-turn-to-get-the-coronavirus-vaccine-heres-a-guide/When will it be your turn to get the coronavirus vaccine? Here’s a guidewhyy.orgизвор: Мирјана Најчевска

Македонија | пред 5 години

mijalkov-pred-sud-960x510

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Трезор”

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Трезор”, кое се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.Во „Трезор” првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.Во завршен збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Георгиески упати сочувство до семејство на младиот охриѓанец кој почина од КОВИД 19, но до сите кои изгубија блиски како последица на пандемијата

Како последица од Ковид 19 денеска згасна уште еден млад живот. Со големо жалење ја примив веста за смртта на младото 28 годишно момче од Охрид. Упатувам сочувство до неговото семејство и до сите наши сограѓани кои изгубија свои блиски како последица на пандемијата. Исто така упатувам пораки за добро здравје и трпение до сите сограѓани кои во моментот ја водат битката со вирусот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Уште еднаш апелирам за максимално почитување на актуелните мерки за заштита и превенција. Да бидеме внимателни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања