Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

francija-korona

35 починати и 734 новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313, Битола – 75, Куманово – 46, Прилеп – 38, Тетово – 36, Велес – 34, Гостивар – 26, Охрид – 24, Струмица – 22, Кавадарци – 19, Штип – 17, Кочани – 14, Гевгелија и Виница – по 10, Кичево и Неготино – по 9, Ресен – 8, Берово – 4, Радовиш, Делчево и Валандово – по 3, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 621 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Кавадарци – 40, Велес – 37, Тетово – 29, Штип – 25, Неготино – 21, Гостивар – 19, Битола – 18, Гевгелија – по 14, Куманово и Кочани – по 13, Демир Капија – 10, Пробиштип и Кичево – по 9 , Свети Николе – 8, Берово – 7, Пехчево – 6, Ресен – 4, Богданци – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Виница и Демир Хисар – по 1 .Пријавени се вкупно 35 починати лица: 12 од Скопје ( 87г , 84г , 81г , 80г ,77г , 75г , 74г , 72г , 72г , 70г , 70г , 61г ) , 6 од Битола ( 88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г) , 4 од Охрид ( 78г, 75г, 73г и 28г ), – по 2 од Гевгелија (75г и 64г) , Куманово (73г и 60г) , Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) и – по 1 починат од Гостивар (77г) , Кочани (79г) , Виница (72г) , Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.246 тестови преку: ИЈЗ-602, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-113, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-125, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Авицена-319, Биотек-323, Систина-346, лабораторија Лаор-633, Синлаб – 25, Ремедика-45, Плодност – 72, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 385.Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 60299, активни 10584Прилеп 7291, активни 1166Куманово 7170, активни 1078Тетово 6471, активни 666Битола 4813, активни 1032Велес 4712, активни 814Гостивар 4672, активни 526Кавадарци 4601, активни 728Штип 4392, активни 491Охрид 4282, активни 896Струмица 3391, активни 430Струга 2729, активни 275Кочани 2335, активни 280Кичево 2093, активни 226Неготино 1988, активни 381Гевгелија 1914, активни 409Свети Николе 1306, активни 123Крива Паланка 1100, активни 126Ресен 1066, активни 203Радовиш 943, активни 142Берово 880, активни 127Дебар 868, активни 64Делчево 865, активни 107Пробиштип 709, активни 91Виница 651, активни 104Валандово 544, активни 98Крушево 439, активни 127Богданци 425, активни 80Демир Капија 369, активни 76Кратово 337, активни 29Демир Хисар 331, активни 43Македонски Брод 313, активни 44Пехчево 238, активни 31Македонска Каменица 212, активни 18Дојран 118, активни 15Фото: Архива

пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Прилепчанка пријавила грабнување на нејзината ќерка

Прилепчанка со иницијали А.Р. (44), околу 21 часот на 3 април во полиција пријавила дека А.З. (26) со автомобил „голф“ насилно ја однел нејзината ќерка.Полициски службеници постапиле по однос на оваа пријава и околу 30 минути по полноќ, на 4 април, го пронашле и привеле 26-годишниот прилепчанец.За настанот известен е и јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Радувај се Македонијо - опозицијата се сплотува, заедно на иста страна со ВМРО-ДПМНЕ за пописот

На прес конференцијата, во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ Јанко Бачев рече:-„Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации - партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија, на синоќешната седница во полн состав ја разгледа информацијата за разговорите на вчерашаната средба на трочлена делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски.На денешната прес конференција ја информираме јавноста дека Националниот Блок „Не отворам врата“ ги прифати определбите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ искажани на средбата во однос на пописот, што подразбира попис според пописните стандарди на Евростат и документите на Обединетите нации од оваа област.Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Националниот Блок „Не отворам врата“ нема да ги признаат резултатите од пописот и новата народна власт која доаѓа ќе направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.Со други зборови кажано, спроведување на попис како статистичка операција во која реално ќе се преброиме, а не фалсификуван и живото-загрозувачки попис.Практично, после вчерашната средба, Националниот Блок „Не отворам врата“ и ВМРО-ДПМНЕ се на иста страна за пописот.Радува фактот што првата фаза од битка за пописот е успешна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа на средбата со Заев да го одложи пописот. Важно е ова, бидејќи, да потсетам, Зоран Заев целосно го изгуби компасот и до последен момент туркаше фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно ќе го изгуби темелот на државноста и живото - загрозувачки попис во услови на пандемија кога бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.Националниот Блок „Не отворам врата„ без оглед на заканите од власта со затворски и парични казни, од формирањето на 21 февруари има секојдневни активности (средби со граѓани, пресови, соопштенија, иницијативи), во рамките на нашата кампања за одложување на пописот.Колку за илутрација, да спомнам дека Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе во Собранието Закон за престанување на важењето на Законот за попис со целосен законски текст, Иницијатива до Уставниот суд за поништување на одредби од Законот за попис кој не се во согласност со Уставот, Иницијатива во владата за одговорност, секој член на владата да потпише изјава за одговорност ако било кој биде заразен од попишувачите, лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност.Исто така, да спомнам дека Националниот Блок „Не отворам врата“ е оригиналот. Дополнително имаше копирање на нашите иницијативи од други помали партии и здруженија, но, сето тоа е небитно. Важно, сите заедно со народот успеавме во првата фаза за одложување на пописот.Првата фаза од битката е добиена. Пописот е одложен. Битката за попис како статистичка операција и во околности кои нема да го загрозат животот и здравјето на народот, продолжува.Но, сега, заедно стоиме со најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ на страната на народот. Продолжуваме заедно со битката да создадеме услови за статистички попис во кој населението реално ќе се преброи.Го слушаме гласот на народот за сплотеност и обединување за националните и државните интереси од највисоко државно значење“ - потенцираше Бачев.Видео: Национален блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

Dimitriev

Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев почина од Ковид-19

Како последица на вирусот Ковид-19, на 63 годишна возраст, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев. Димитриев во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје.-Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

deca

Гоце Илиески возачот од прилепската Брза помош за кого се собираа донации, ја изгуби битката со КОВИД 19

Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби битката со коронавирусот.И покрај помошта од сите Илиески на издржа. Почина на 42 години, а зад себе остави сопруга и две малолетни деца.Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.Прилепчани се шокирани од трагедијата која му се случи на семејството. На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година.И синот на Илиески, Филип (12), беше хоспитализиран во клининиката Козле, но после долго боледување е подобар.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

d-r-Panovski1

Пановски: На сите што ми посакаа смрт им посакувам долг живот, не сум трговец - професор сум, со веледрогеријата немам врска

На сите што ми посакаа смрт им посакувам долг живот и помалку злоба, се вели во објавата на Фб на д-р Никола Пановски. Во продолжение на истата се додава:  

Македонија | пред 5 години

voz

Воз прегази 21-годишно момче од Велес

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат од СВР Велес.Од Службата за итна медицинска помош,  информираат дека биле повикани на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирале смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-4

Во 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 65 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Божиновски: Работите не се партиски туку класни, живот е над партија, ова шо се случува во никој случај не е нормално

Жал ми е шо оваа состојба го извади најлошото од мене, гнев и очај, беспомошност. Уште повеќе од то ми е жал шо морам да се расправам со оние кои сме на исто ниво - дно. Работите не се партиски туку класни. Знаете дека утре и Филипче и Заев ќе ве фрлат? Дека слика со нив не значи ништо? Знаете дека исто ко јас сме сосема небитни? Сварете ако можите дека живот е над партија, дека ова шо се случува во никој случај не е нормално, напиша на својот ФБ профил Божидар Божиновски.извор: ФБ Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

Veligden-04022021001

Велигденска честитка на градоначалникот Георгиески до граѓаните со католочка вероисповед

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед.– Најискрено Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, еден од најважните и најзначајните денови во историјата на човештвото. Ви посакувам на овој голем ден, денот на Христовото Воскресение, да го прославите во голема радост кон животот и љубовта, во добро расположение, здравје, среќа и семејна хармонија. Во миговите на чествување на најсветите традиционални  и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности.Во ова тешко време кога се соочуваме со бројни нови искушенија, потребна е верба и сплотеност за надминување на истите. Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден, нека ни донесе повеќе верба, здравје, среќа и радост и нека ни дава сила за справување со искушенијата. 

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Во сообраќајна несреќа во Скопје, повредени две лица

Вчера во 11.05 чaсот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(75) од Скопје и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Скопје.Според информации од МВР, во незгодата сопатничката од возилото “БМВ“ М.Б.(20) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, а Е.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат надлежните служби. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

tramvaj-beograd

Собранието даде амин за задолжување од 70 милиони евра за трамвај на тркала

Пратениците во петокот го изгласаа законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за воведување трамвај на тркала во Скопје. Со тоа, по неколку месечна собраниска процедура Град Скопје конечно може да почне со имплементација на проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ). Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра, а како што вели градоначалникот Петре Шилегов, наскоро Владата ќе го потпише договорот за задолжување, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.„Откако Собранието го усвои законот за задолжување, наголемо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз. Екипи на Градот и ЈСП ‘Скопје‘ и досега работеа на подготовка на техничката документација. Со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката“, вели Шилегов.  Текстот во целост на:  САКАМДАКАЖАМ.МК.

Скопје | пред 5 години

nazdravuva

Журка во викендица на Тиквешкото Езеро, следуваат кривични пријави

Рано утрово со судски налог полицајци влегле во викендица на Тиквешко Езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, информираат од МВР.На 04.04.2021 во 02,20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендицата лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, каде биле затекнати четири лица, а во близина на викендицата пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот.По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи кривична пријава, известуваат надлежните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev-2

Дали барањето на одбраната на Камчев да се изврши контрола во АНБ и да утврди дали има неовластени постапки ќе ја фрли во сенка редовната цивилна контрола на АНБ?

Откако Комисијата за надзор над службите закажа редовна надзорна посета на АНБ, кај претседателот на ова собраниско тело стигна и барање од адвокатот Менкиновски пратениците да испитаат дали Агенцијата ги пречекорила овластувањата во случајот со притворањето на бизнисменот, врз основа на индиции за бегствоДодека членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на безбедносно-разузнавачките служби ја подготвуваа првата надзорна посета на новоформираната Агенција за национална безбедност (АНБ), што е закажана за утре (понеделник), во парламентот стигна барање од адвокатот Тони Менкиновски со кое, според информациите, се изразува сомневање дека Агенцијата ги пречекорила овластувањата во случајот со бизнисменот Орце Kамчев, кој е во притвор, Објави 360stepeni.mk.Во дописот до претседателот на собраниската Комисија за надзор над АНБ и над АР, Љупчо Пренџов од ГРОМ, адвокатот Менкиновски бара ова парламентарно тело да изврши контрола во АНБ и да утврди дали има неовластени постапки, злоупотреба и други неправилности во случајот со притворањето на Камчев и дали е постапено врз основа на судски наредби за спроведување мерки за тајно собирање информации и следење на комуникации.Според информации на „360 степени“, барањето на адвокатот на Камчев стигнало во собраниската архива на 26 март или три дена по седницата на Комисијата за надзор над АНБ и АР, на која е донесен зклучокот за надзорна посета на АНБ на 5 април, а неколу дена подоцна и на Агенцијата за разузнавање. Според тоа, ова барање не е разгледано на седница на Комисијата, ниту, пак, е составен дел од заклучокот за спроведување на надзорот на АНБ, каде што ќе одат во контрола неколку пратеници од опозицијата и од мнозинството, кои се членови на надзорното собраниско тело и имаат безбедносни сертификати.Затоа, пак, многу веројатно е барањето во врска со Камчев да ја фрли во сенка редовната цивилна контрола на АНБ, така што „истрагата на пратениците“ би се фокусирала на случајот со осомничениот и притворен бизнисмен, а не на целокупната работа на Агенцијата, која профункционира во 2019 година, откако згасна УБК, а согласно со препораките на експертскиот тим на Рајнхард Прибе за реформа на безбедносните служби и за засилен парламентарен надзор над нив, по аферата со масовното прислушување.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Македонија | пред 5 години

Zaev

Заев до верниците на Католичката црква и протестантските деноминации: Велигден во услови на пандемијата ни дава надеж и сила за победа

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Велигден до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија, во кое во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија, на сите верници на Католичката црква во нашата земја, како и на сите верници од протестантските деноминации во земјата коишто денеска го празнуваат, им го честита големиот христијански празник - Велигден.Претседателот на Владата Заев во писмото пишува дека и годинава еден од најсветлите празници се празнува со ограничувањата кои ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 и во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија.„Саможртвата на Христос е подвиг од љубов посветен на нас луѓето, со кој Бог ни се даде како пример токму кога за момент сè изгледаше како пораз. И кога темнината и тишината настапија на земјата, Он воскресна и со смрт смртта ја победи за да ни ја врати со целата полнота надежта“, истакнува премиерот Заев во честитката до верниците од католичката и протестантските заедници во земјата по повод Велигден.Премиерот Заев порачува дека на празникот посветен на спасението и на новиот живот, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, и низ нашата скромност да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на ближните.„Токму светлината на овој празник во овие драматични мигови за човештвото, не поттикнува да се преиспитаме, да создаваме добри дела и да покажеме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава. Христос со воскреснувањето ни покажа нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и ни дава надеж и сила за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“, пишува премиерот Заев во честитката до верниците од католичката и протестантските заедници во земјата по повод Велигден со желби празничните денови поминат во добро здравје и духовна сила со пораката „Христос воскресна!“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Во изминатите 24 часа, 31 лице не го почитувале полицискиот час

Од 22.00 часот (03.04.2021) до 05.00 часот (04.04.2021) констатирано е дека 31 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (03/04.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 516 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

carovska-780x470

МОН не размислува за затворање на училиштата, Царовска вели сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, вели во интервју за РСЕ министерката за образование Мила Царовска. Сега има само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што е многу пониско од оној пик во декември, вели Царовска, за slobodnaevropa.mk. Се согласувам дека реакциите не стивнуваат и јас тоа ќе го земам како комплимент, не како забелешка, поради тоа што кога работите нешто, а тоа треба да доведе до суштински промени важно е да очекувате реакции, зошто ако нема реакции тоа значи дека не правите ништо. Ние како тим во Министерството за образование и наука посветено секој ден работиме да сите оние застанати процеси, забавени реформи кои требало да се случат пред 20 години сега да ги ставиме во еден нормален колосек и да нашата држава со забрзан чекор се приклучи кон стандардите за образование на европските држави. Токму таква е и концепцијата за основно образование којашто целосно е поддржана од целата меѓународна заедница којашто е присутна во нашата држава и која очекува да постигнеме високи стандарди за образование како основа за развој понатаму на државата. И токму затоа оваа концепција којашто ја донесовме сега е во процес на подготовка на програми за нејзина имплементација во прво и во четврто одделение. Со СОНК сме целосно усогласени, морам да истакнам дека тие беа меѓу првите на кои им ја презентиравме концепцијата, вели министерката.На прашањето дали се размислува да се затворат училиштата за учениците коишто посетуваат настава со физичко присуство со оглед на тоа што расте бројот на заболени од коронавирус, а имаше и случаи на заразени ученици и наставници во некои училишта, министерката вели:-Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Македонија | пред 5 години

stevo-770x437

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. Во честитката од претседателот се вели:Почитувани,Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник ‒ Велигден.Ја користам оваа можност пред сè да Ви посакам добро здравје, мир, хармонија и среќа. Нека светлината на овој празник се всели во срцата и во домовите на сите верници, исполнувајќи ги со верба и со надеж за истрајување во сите искушенија и предизвици.Повеќе од една година целото човештво се соочува со пандемијата со Ковид-19 која предизвикува страв и вознемиреност. Нашето секојдневие е променето и долгиот период на неспокој и на социјално дистанцирање остава дополнителни последици. Да не дозволиме да нè надвладеат апатијата и малодушноста, и да го зачуваме оптимизмот и да ја негуваме духовноста. Токму Велигден е празникот на надежта, кој ги слави животот и Христовата победа над смртта. Се надевам дека и годинава овој голем празник ќе биде инспирација да се издигнеме над сите премрежија и неволји. Сплотени, солидарни и одговорни да ги надминеме страдањето и стравот, и да излеземе како победници во борбата со подмолниот вирус.Нека е за многу години големиот празник!Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 5 години

blace

Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце

Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце, во меѓузоната на границата меѓу Косово и Македонија, објавува Алсат.Повеќето од нив се со македонски регистарски ознаки. Неофицијално во моментов не е во функција системот за електронско евидентирање. Од таму велат дека засега тие се евидентираат мануелно. Тоа предизвика голема нервоза кај патниците бидејќи во 22:00 часот почнува полицискиот час.фото: Алсат.извор: Алсат.

Македонија | пред 5 години

panovski

Пановски: Бројот на починати го следи бројот на новозаразени и хоспитализирани

Бројот на починати го следи бројот на новозаразени и хоспитализирани, вели професор д-р Никола Пановски во интервју за Сител.„Бројот на смртни случаи доцни две недели во однос на бројот на новозразени и хоспитализирани лица со коронавирус“,  вели д- р Пановски во интервју за Сител.Тој додава дека луѓето меѓу 30 до 40 најмалку се штитат и во последниот период најголем дел се заразуваат свесно.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

osmani

За новата стратегија во надворешната политика ќе се консултираат и граѓаните

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција ги претстави новите проекти, збир од активности кои треба да резултираат со создавање нова десетгодишна надворешно-политичка Стратегија - Рефлексија 2030, со која ќе се формира нова доктрина на работата на дипломатијата, прилагодена на современите демократски текови, нови геополитички позиционирање, но и на новата, реална општествено-политичка околност на Република Северна Македонија.„Иако имаме многу работа и понатаму, можеме да констатираме дека нашите стратешки цели влегуваат во една врамена, предвидлива фаза која покажува издржливост на секојдневните предизвици и закани. Оттаму, мислам дека сега е вистинско време да направиме пресек на досегашната улога на надворешната политика и постигнатите резултати, на некој начин да подвлечеме црта, и да направиме еден вид проекција, или уште подобро РЕФЛЕКСИЈА за идните надворешно политички приоритети на земјата како полноправен партнер на евро-атлантската заедница и активен чинител на мултилатерален план “, истакна Османи.Министерот Османи, соопшти дека новата Стратегија-Рефлексија 2030 ќе се создава преку широк консултативен процес, поставен на три столба: широки граѓански консултации, организирани тематски конференции и формирање на Стратешки совет за надворешна политика.„Водејќи се од основната премиса, дека Надворешната политика всушност почнува внатре, дома, започнуваме со широки граѓански консултации, како прв столб на новата стратегија – Рефлексија 2030. Се работи за партиципативни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините ширум Северна Македонија, и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските помеѓу обичниот граѓанин и евро-атлантската интеграција на земјата. А процесот на инклузивност ќе го засилиме и на повисоко, експертско и стручно ниво, преку организирани тематски конференции за Рефлексија 2030, како втор столб на стратегијата. Целта е во еден инклузивен и транспарентен процес, на највисоко можно академско, експертско, стручно, па и политичко ниво, да се опфатат теми кои се дел од приоритетите на надворешната политика. На крајот, предвидов овој процес да добие и своја институционална форма преку создавање на т.н. Стратешки совет за надворешна политика, ова е третиот столб на стратегијата, постојано тело во рамките на Министерството за надворешни работи. Ова советодавно тело ќе преставува еден вид Управувачки одбор каде по можност: најдобрите, најстручните и најискусните ресурси кои ги има државава, ќе бидат ставени во функција на следење, анализирање и транспонирање на политичките и стратешките правци на земјава во конкретни политики за надворешни работи“, нагласи Османи.Новата десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија - Рефлексија 2030, треба да биде изготвена до крајот на годината, а ќе биде претставена и консултирана и со останатите институции надлежни за надворешната политика како што се Претседателот, Премиерот, но и надлежните комисии и совети во Собранието.фото: Министерство за надворешни работи

Македонија | пред 5 години

grigor-prliciv

(ФОТО)Исчистена спомен плочата на Григор Прличев, која беше испишана со разни броеви и симболи

Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од исписите кои непознати сторители ги направиле.Спомен плочата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додаде:Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај.Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

korona-1

Уште еден пораз: 45 починати, 1394 заразени од корона во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 592, Куманово - 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка - 10 ,Валандово – 8, Богданци - 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15,Гостивар,Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово,Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип,Ресен,Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , - по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) - по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , - по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.Направени се 4.920 тестови преку: ИЈЗ-790, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, МАНУ-164, Жан Митрев (Филип Втори)-220, Авицена-352, Биотек-353, Систина-339, лабораторија Лаор-509, Синлаб - 122, Ремедика-58, Плодност – 63, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.589.Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 59986, активни 10613Прилеп 7253, активни 1130Куманово 7124, активни 1047Тетово 6435, активни 659Битола 4738, активни 981Велес 4678, активни 818Гостивар 4647, активни 521Кавадарци 4582, активни 749Штип 4375, активни 499Охрид 4258, активни 876Струмица 3369, активни 408Струга 2728, активни 274Кочани 2321, активни 280Кичево 2084, активни 228Неготино 1979, активни 393Гевгелија 1904, активни 415Свети Николе 1304, активни 129Крива Паланка 1099, активни 125Ресен 1058, активни 199Радовиш 940, активни 140Берово 876, активни 130Дебар 867, активни 63Делчево 862, активни 104Пробиштип 709, активни 100Виница 641, активни 96Валандово 542, активни 96Крушево 439, активни 127Богданци 423, активни 81Демир Капија 369, активни 88Кратово 336, активни 30Демир Хисар 331, активни 44Македонски Брод 312, активни 43Пехчево 238, активни 37Македонска Каменица 212, активни 18Дојран 115, активни 12фото: Архива

Македонија | пред 5 години

danilovski

Даниловски вели дека пикот на третиот бран може да се очекува за две недели

Пикот на третиот бран може да се очекува за две недели, на средина од месецов, или кон крајот на април, вели за Канал 5 Проф. Д-р Драган Даниловски.Тој останува на ставот дека потребно е да се воведува викенд карантин со цел да се намали бројот на заболени на дневно ниво, ама клучно, за да се намали бројот на починати.Според Даниловски, високата стапка на смртност се должи на два фактора, лошото општо здравје на граѓаните, но и на антибиотиците препишани од лекарите дури и кога за истиот нема потреба.извор:Канал 5

Македонија | пред 5 години

koronasvadba

Прекината свадба во Кочани, следуваат кривични пријави

На 03.04.2021 околу 14.00 часот во ОВР Кочани е пријавено организирање на свадбена прослава на ул. Шукри Шаин во Кочани на која биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од  ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања