Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Koce-Trajanovski

Град Скопје поведе постапка до ДКСК против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски

Град Скопје поведе постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.-Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува. Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски, велат за МИА од Град Скопје.Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган.-Кога ќе увидиме некоја потенцијална криминална активност, тогаш пријавуваме. Ќе продолжиме да бараме дали и други ресурси на Градот се користени во изборни цели на политички партии и ако е тоа така, веднаш ќе пријавиме, информираат за МИА од Град Скопје.МИА за ова побара став и од поранешниот градоначалник на главниот град, Коце Трајановски, кој смета дека се работи за негова политичка дискредитација.-Ниту јас, ниту Град Скопје, односно институцијата со која раководев до октомври 2017 година не го нарачала, ниту изработила тој спот и се што сум работел до крајот на мандатот било согласно законските прописи. Затоа за бараните информации треба да се обратите кај тој што го изработувал тој видеозапис. Очигледна е намерата на актуелната градска власт за моја политичка дискредитација во недостиг на исполнување на ветувањата за кои беа донесени на власт, стои во писмената изјава на Трајановски.Извор: МИА

Скопје | пред 5 години

imunizacija

Дојди ќе си играме држава: Наместо вакцинација, симулација

Масовната вакцинација против ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе почне в понеделник. Денеска Министерството за здравство наместо вакцинација организираше симулација, за да се види како ќе тече процесот и да се минимизираат проблемите кои би се појавиле.На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто не можеше викеднов да биде организирано вакцинирање, со оглед на тоа дека салата се подготвува една недела, а вакцините „спутник“ стигнаа пред два дена, министерот за здравство Венко Филипче рече дека станува збор за нов систем и многу е важно тој добро да се подготви. Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Инспекторите затекнале објект во тетовско кој не ги почитува мерките, присутните с еобиделе да ги нападнат

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа по 21 часот извршиле контрола во угостителски објект во Порој, во сопственост на Ш.К. од ова тетовско село.Притоа било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати над 20 гости.Како што информираат од МВР, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б, исто така од Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните.По целосно документирање и расчистување на случајот против него и против сопственикот на локалот ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver-2

Спасовски: Не е вест, дека МВР има 400 приведени криминалци, ама е вест е дека министерот некогаш се фотографирал со некого

Сум се сликал и со најголемиот криминалец Груевски, ама тоа не е вест, исто како што не е дека имаме приведено 400 криминалци од потерници.Во последната година до две полицијата има откриено преку 400 лица од потерниците на МВР, сторители на кривични дела, а со години не се презеле никакви мерки против нив. И сега тоа не е вест, дека МВР има 400 приведени криминалци, ама е вест е дека министерот некогаш се фотографирал со некого, напиша на својот ФБ профил министерот за надворешни работи Оливер Спасовски.Спасовски во објавата додава:Во последните месеци имаме спречено четири меѓународни канали за шверц на дрога. Имаме приведено многу лица учесници во дистрибуцијата и продажбата на дрогата. Таа акција во Скопје, во Грчец, комплетно ја водеше Јавното обвинителство, од организација до спроведување. За фотографиите кои се појавија дека сум се фотографирал со некои криминалци, па јас имам слики и со Груевски и со други од ВМРО ДПМНЕ, па има ли поголеми криминалци од нив?извор: ФБ Оливер Спасовски

Македонија | пред 5 години

soob

ФОТО: Млада девојка повредена во сообраќа кај Пинтија, со Брза помош пренесена во болница

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајка во Скопје, по што е пренесена во болница со Брза помош. Несреќата се случи во близина на населбата Пинтија, на булеварот Борис Трајковски.Луѓето кои биле сведоци на страотната несреќа раскажуваат дека до неа дошло откако автомобил возел во спротивен правец, поминувајќи две полни линии, по што удрил во друг автомобил.За состојбата на повредената девојка нема информации, а автомобилот марка „БМВ“ во кој удри другото возило, е искршен.Од МВР нема официјални информации за сообраќајката.

Скопје | пред 5 години

lenta

„Да сечеш лента за направен паркинг кога ти умираат 50 луѓе на ден, сериозно треба да не ти функционира мозокот“

Да сечеш лента за направен паркинг додека ти умираат 50 луѓе на ден сериозно треба да не ти функционира мозокот или воопшто да го немаш, трето не гледамБраво министре Goran Milevski, за овој твој/ваш “успех” ќе зборуваат многу идни генерации. Секоја чест се наминувате секојдневно. Еве ви еден аплауз од мене, се вели во објава на ФБ.Извор: ФБ Владимир Блажев

Македонија | пред 5 години

denis

ФОТО: 14 месеци откриваше ковид заразени, сега повикува на вакцинација во Скопје

Од дневникот на Космонаутко или "CoVid - next level"Глава прва14 месеци летав во откривање на Ковидот. Илјадници километри поминати, посетени речиси сите делови од Скопје па и нешто надвор. Над 6000 лица тестирани, напиша на својот ФБ профил Денис Јанкуловски.Јанкуловски во објавата додава:Здравјето пред се!Глава втораОд понеделник почнувам ново поглавје, вакцинација за превенција на населението, да го дадам својот придонес во зачувувањето на животите..Здравјето пред се!Здравјето е секогаш пред се и над се!Се надевам дека вакцинацијата ќе заврши што побрзо односно сите да бидат вакцинирани. И се надевам дека и вештеркава ќе ја мафнеме уште побрзо.Како и секогаш, максимално посветено. Чувството дека помагам - бесценето. Или по нашки - филинг вери вериСекогаш тука за вас.Ве чекам во салата Борис Трајковскиизвор: ФБ Денис Јанкуловски

Македонија | пред 5 години

skopje-gjorce

Урбанистички планови во Ѓорче: Едната половина ќе остане куќа, на другата половина ќе се гради зграда од пет ката

Скопје во послeдната деценија е место каде градежната експанзија зема замав и ги полни буџетите и на инвеститорите и на општините. За да се овозможи ова, локалните власти носат промени во Деталните урбанистички планови. Но, наместо баланс меѓу урбанизацијата и хуманото живеење, во плановите најчесто натежнува профитот на поединци. Општина Ѓорче Петров е следна на мапата на урбанистичките агресори, објави irl.mk. Во својата предизборна програма сегашниот градоначалник Александар Наумовски, ветуваше дека ќе стави крај на урбаната мафија и ќе го спречи урбанистичкиот хаос .“Главна цел ќе биде да ставиме крај на урбаната мафија и забрана на изградба на објекти за колективно домување меѓу објекти за индивидуално домување со цел да се зачува квалитетот на живот” велеше Наумовски пред локалните избори во 2017 година.Но, едно пишува во предизборната програма, друго се исцртува на теренот. Во последните месеци во Ѓорче Петров граѓаните организираат протести против бетонизацијата и градење стотици згради и висококатници предвидени со деталните урбанистички планови.Дејан Лазиќ е староседелец во скопската населба Хром. Во неговата семејна куќа на улицата Воин Драшкоци повеќе од пет децении живееле три генерации. Мирното маало населено претежно со куќи денес се соочува со градежна офанзива и изградба на неколку станбени згради.Со новиот ДУП за Хром директно е загрозена куќата на Дејан Лазиќ. Во куќата живеат две семејства, имаат различни влезови, но заеднички темели и потпорни ѕидови. Парцелата на која се наоѓа куќата е поделена на два еднакви дела. Тоа значи дека на двете парцели може да се добијат засебни маркици за градба. Соседот се согласил и на неговата половина ќе се издигне зграда од пет ката. Лазиќ сака на неговиот дел да остане куќата во која што сега живее. Ако се реализира планот, уривањето на половина куќа, семејството Лазиќ ќе остане да живее во небезбеден дом.Тој пред девет месеци почнал институционална битка. До Советот на општината поднел барање за повторување на постапката за донесениот ДУП, но наместо со правен акт, од општината му одговориле со известување. Тоа во правниот речник се нарекува “административен молк”.Од општина Ѓорче Петров ни потврдија дека добиле две барања од Лазиќ. За првото барање за повторно донесување на ДУП-oт велат дека тоа не било предвидено со овогодинешниот буџет на општината. Додека за второто барање, за вонредно делумно укинување на ДУП-от, локалната власт одговори дека само Уставниот суд имал ингеренции да направи такво нешто.Текстот во целост на: irl.mk. 

Скопје | пред 5 години

koronavirus

Се полнат болничките капацитети, во 24 часа примени 103 нови пациенти поради компликации

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 103 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 41 прием.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 15 пациенти.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти, информира Министерство за здравство.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 26 болни.Вкупно 685 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

rebeka

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: На малата Ребека и треба нашата помош!

По ненадеен мозочен удар на 3 месеци и по 5 операции, направени во период од 12 месеци, сега на малата Ребека и е дијагностицирана церебрална парализа.Таа сега има 1 година, но се уште е во состојба на новороденче.За среќа сега е понудена можноста за лекување во Турција, каде би требало да добие две дози на матични клетки, по што би требало да го пронајде својот пат до закрепнување.За таа цел се потребни 19.000 евра кои родителите не можат да ги обезбедат, па молат за помош кај сите луѓе кои имаат желба и можност да помогнат!фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

ohrid-Andrej

Започна кампањата на АППТ за промовирање на македонските туристички потенцијали во Р.Албанија

Започна кампањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2021 година за промовирање на македонските туристички потенцијали во Р.Албанија 100% on line-повеќе од 2 милиони ноќевања во 2021-многу блиску до 300милиони $ од туризмот-зголемување на туристите за 30%, напиша на својот ФБ профил директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. извор: ФБ Љупчо Јаневски

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

409 лица казнети за неносење маска, а 12 за непочитување на полицискиот час

Од 22.00 часот (02.04.2021) до 05.00 часот (03.04.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (02/03.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 409 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Најчевска: Етнички Албанци кои се иселиле, побегнале за да живеат во држава во која владее правото, а не привилегии поврзани со бакнување рака

Тоа што има толкав број етнички Албанци кои се иселиле од Македонија во последниве 20 години е благодарение на ДУИ и сите албански партии. Тие побегнале и бегаат од државата која ја управуваат овие партии.Тие не се иселиле за да зборуваат на албански јазик, туку зтоа што сакале да живеат во држави каде што нема мафијаши од кои им зависи животот и кариерата и запослувањето, напиша на својот Фб профил професорката Мирјана Најчевска.Најчевска во објавата додава:Побегнале за да живеат во држава во која владее правото, а не привилегии поврзани со бакнување рака на мафијашкиот вожд.Може да ги попишувате до злабога, меѓутоа нема никогаш да ги натерате веќе да се вратат.Не е до јазикот, до цивилизацијата е.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Синоптичарите најавуваат пороен дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Од таму додаваат дека, на некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локала појава на грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 Целзиусови степена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски му одговори на Заев: Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.-Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, истакна Заев.По оваа изјава на Заев на својот ФБ профил се огласи експремиерот Никола Груевски. Тој на ФБ напиша:„Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер.“ извор: ФБ Никола Груевски

Македонија | пред 5 години

18012021_PVRSM_Zaev

Заев негира дека врз Камчев е вршена тортура

Во неделата, кога се случи притворањето на Орце Камчев, јас, неколку часови подоцна, го добив документот на Агенцијата за национална безбедност и ги прочитав доказите и нивната аргументација. Јас верувам во тие докази. Нивна должност беше ако имаат докази и сомневања тоа да го соопштат, вака премиерот Зоран Заев го објасни притворањето на бизнисменот Орце Камчев на Прочка, објави vocentar.com. Заев ги демантираше тврдењата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека Камчев бил следен од агенти на АНБ. Тоа не е точно Камчев не беше следен, тие приказни за агенти и Бугарија тоа ништо не е точно, вели тој.Заев негира дека врз Камчев е вршена тортура. Секој што влегува во притвор оди во десет дена иозолација. Вие треба да обезбедите услови за изолација. Кога поминале тие десет дена тој е однесен во подобра соба, во затворот има подобри и полоши соби. Тоа што сум го слушал: Ц оддел, Б оддел, А оддел, хашко одделение. Во такви околности директорот си постапил како со секој друг граѓанин.Текстот во целост на: vocentar.com. 

Македонија | пред 5 години

Grujo3

Божиновски: Споредби со Груевски како некоја одбрана - не е ни чудо шо сте на ова дно

Најтажни се споредбите со Груевски како некоја одбрана. Ако најголемото зло во македонската историја ви е пример за споредба не е ни чудо шо сте на ова дно, напоѓа на својот ФБ профил Божидар Божиновски.извор: ФБ Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

167919512_10222542440762753_8482348107655572544_n

Заев за денешниот хеликоптерски лет до Прилеп: Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат

Поевтино беше да одиме со хеликоптер отколку да патувам со автомобил, истакна во вечерашното интервју на Канал 5 премиерот Зоран Заев, на прашањето зошто тој со министерот за здравство Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп.– Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, истакна  Заев. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Пратениците гласаа за одложување на пописот и локалните избори

Собранието на Република Северна Македонија вечерва ги донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври.Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 против. Воздржани немаше.Исто така со 95 гласа „за“ беа донесени измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа.извор: nezavisen.mk 

Македонија | пред 5 години

02042021_PVRSM_SamoVistina_1-1

Заев: Во знак на благодарност до Србија за вакцините, летово српските државјани ќе ги ослободиме од плаќање патарина

Владата размислува да ги ослободи српските граѓани од плаќање патарина за престојново лето, најави премиерот Зоран Заев во вечерашното интерјву на Канал 5.-Сите би сакале дома да си имаме вакцини. Но, не смееме да ја преминеме границата и да кажеме дека државата не направила нешто. Државата направи се што требаше да направи. Впрочем, секој може да помогне, да дигне телефон. Трганавме со десетици приватни компании да бараме, вклучени се британските, американските и германските странски служби кои имаат поголеми капацитети. На крај бевме и обвинети дека нешто правиме. Направивме се. Подобро е секоја вакцина да биде употребена. Не можеме да не го потврдиме исклучително пријателскиот чин од Србија. Излезе Србија и донираше од руските вакцини за да нема прекин додека да стигнат новите вакцини. Сега размислуваме како да и се оддолжиме на Србија, бидејќи тие дале пари за тие вакцини. Размислуваме во владата, не знаеме дали тоа ќе биде спроведливо, летоска да ги ослободиме српските граѓани од патарина кога ќе поминуваат низ Македонија. Вучиќ вели донација е, некојпат ќе вратите. Сакаме некако да им се оддолжиме на српските граѓани, затоа го размислуваме ова за патарините, рече Заев.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

afrim-1

Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм” уапсен во Приштина по сообраќајна несреќа

Државјанинот на Северна Македонија Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, односно за случајот на петкратното убиство кај Смилковското Езеро пред девет години, е уапсен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“.Адвокатот на Исмајловиќ, Бесник Бериша изјави за порталот дека, по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.– Апсењето се случи вчера во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави Бериша.Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово.Официјални извори од Полицијата на Косово, со писмен одговор до „Газета експрес“, ја потврдија информацијата за приведувањето и притворањето на Исмајловиќ.Според него, приведувањето е незаконско, затоа што за истото кривично дело неговиот клиент бил осуден порано и ослободен, додека моментно чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово. фото: МИА

Македонија | пред 5 години

02042021_PVRSM_SamoVistina_1

Заев: До крајот на мај ќе имаме доволно вакцини за да се обезбеди непречена имунизација на повеќе категории граѓани

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5 вечерва нагласи дека сега е најважно што започна процесот за масовна вакцинација и дека се работи на тоа да се обезбедат сите услови овој процес да не биде прекинат и во таа насока се добредојдени вакцините „Спутник В“ од последната донација од Република Србија.„Тоа ќе ни помогне да го премостиме периодот до втората половина на април, односно од 10 до 15 април кога ги очекуваме следните количини од КОВАКС механизмот, како и 200-те илјади вакцини од НР Кина од „Синофарм“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за ТВ Канал 5.Ние сите би сакале дома да имаме доволно вакцини, нагласи премиерот Заев, но реалните околности се тие што се, ние треба реално да зборуваме.„Јас изразив непријатно чувство, нема дилема околу тоа, но истовремено не смееме да ја преминеме границата и да кажеме дека државата не направила нешто што требало да направи. Државата направи се што требаше да направи. Вклучени се неколку наши земји блиски партнери со кои што разговараме да се вклучат и да ни помогнат. Секако не можеме, а да не го потврдиме исклучителниот чин на солидарност, пријателство, добрососедство, која што Србија го покажа, и ние ќе најдеме начин да им се оддолжиме на граѓаните на оваа наша соседна и пријателска земја“, рече премиерот Заев и најави дека заклучно со мај во земјата ќе има околу 350 илјади вакцини со што ќе се обезбеди континуитетот на имунизацијата на повеќе категории граѓани и да се стави во завршница пандемијата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

pol

Милијардер во јавен превоз, политичари во хелихоптер

Ова е Пол. Неговото богатство е над милијарда евра, Сер, легенда. Да, во јавен превоз. Може да ве купи кога сака, до петта генерација напред и назад. И вие мислите сте доволно важни за хелихоптер, напиша на својот Фб профил Божидар Божиновски.извор: Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

voda

ЦЈЗ Охрид: Водата од селата Климештани, Нерези, Луково и Пискупштина не е за пиење

На ден 29.03.2021 година земени се примероци вода за физичко хемиска и микробиолошка анализа од мерни места во Охрид и Струга. Констатирано е следното:Во Охрид и Струга земените примероци вода на ден 29.03.2021 како и од околните села на овие општини водата за пиење ги исполнува условите за здравствено исправна вода за пиење според Правилникот за безбедност на водата за пиење(Сл.Весник на РМ бр 183/2018),освен од неколку мерни места и тоа:-Иноспектар-с.Лескоец-ВО РЕД(водата е здравствено исправна)-Струга-БОЛНИЦА- водата е здравствено исправна-Струга-Нико Нестор- водата е здравствено исправна-Струга ИЗВОР ШУМ- водата е здравствено исправна-Струга-Детска градинка СОНЦЕ- водата е здравствено исправна-Струга-Завод за нефрологија- водата е здравствено исправна-с.Мороишта- водата е здравствено исправна-с.Ливада- водата е здравствено исправна-с.Лескоец-амбуланта- водата е здравствено исправна-с.Велгошти-водата е здравствено исправна-Охрид-автобуска станица- водата е здравствено исправна-Охрид-пазар- водата е здравствено исправна-Охрид-населба Лескајца- водата е здравствено исправна-Охрид-Воска-амбуланта- водата е здравствено исправна-Охрид –костозглобна болница- водата е здравствено исправна-Охрид-Варош Св.Варвара- водата е здравствено исправна-Охрид-фонтана пристаниште- водата е здравствено исправна-Охрид-студенски дом Никола Карев- водата е здравствено исправна-Охрид Детска градинка Јасна Ристеска- водата е здравствено исправна-Охрид-населба Охридати -водата е здравствено исправна-Охрид –резервоар Студенчишта- водата е здравствено исправна-Охрид-Билјанини Извори- водата е здравствено исправна-Охрид-кардиолошки- водата е здравствено исправна-Охрид-пумпна станица –Метропол- водата е здравствено исправнаНа ден 30.03.2021 година земени се следните примероци вода:-с.Луково-нема резидуален хлор-с.Нерези-нема резидуален хлор-с.Прискупштина-нема резидуален хлор-с.Ташмаруништа- водата е здравствено исправна–с.Климештани-нема резидуален хлор–с.Мешеишта– водата е здравствено исправна–с.Требеништа– водата е здравствено исправнаПРЕПОРАКА:Водата од мерните места-с.Луково,с.Нерези,с.Прискупштина и с.Климештани се забранува за пиење ,одржување на лична хигиена како и хигиена на раце, во домаќинствата се додека истата не се третира со хлорен препарат или да се преврива 45-50 минути!!!Извор: ЦЈЗ Охрид

Македонија | пред 5 години

06032020_VRSM_14_Sednica_na_Vlada1

Влада: Усвоена информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал со позитивни трендови во однос на истиот квартал во 2020 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 62 седница, која се совпадна со 29-тата годишнина од усвојувањето на првиот Буџет на независна Република Македонија во 1992 година, ја разгледа и усвои Информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал во 2021 година.Споредено со првиот квартал од минатата година, кога пандемијата со коронавирусот се уште немаше влијание на економијата, вкупните остварени приходи во Буџетот изнесуваат 48.549 милијарди денари, што е повеќе за 4,4% од истиот период во 2021 година, односно за 5,4% повеќе од првиот квартал во 2019 година.Во овој раст учествуваат речиси сите видови даночни приходи и приходите од придонеси и сите бележат раст во првиот квартал споредено со истиот квартал во 2020 и 2019 година.Реализацијата на капиталните расходи во Буџетот во првиот квартал на оваа година изнесува 16,5% во однос на вкупните планирани капитални расходи за 2021 година, односно, споредено со истиот квартал во 2020 година, кога немаше економска криза заради пандемијата, бележи раст од 97,7%.Според информацијата на Министерството за финансии, во јануари 2021 година извозот на стоки пораснал за 15,4% на годишна основа, со што со засилена динамика продолжија позитивните движења во овој сегмент. Увозот на стоки е со раст од 5,3% и придонесе трговскиот дефицит во јануари да се намали за 29%, а трговијата на мало во истиот период забележа раст од 2%.Во јануари просечната плата забележа годишен раст од 2,7%, пред сѐ како резултат на зголемувањето на платите во здравството.Согласно последните макроекономски и фискални движења се очекува во 2021 година да се врати економскиот раст и да ги надмине шоковите од пандемијата. Предвидувањата се дека со закрепнувањето на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како растот на домашната потрошувачка поддржан од антикризните економски мерки да бидат двигатели на економскиот раст, кој е проектиран на 4,1%.Позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството. Во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4% на годишна основа, во услови на раст за кредитите за домаќинствата за 7,1% и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4%. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1%.Владата на Република Северна Македонија, ја разгледа и ја усвои Информацијата за прераспределба на неискористените средства до пропишаниот лимит до 15% од планираните капитални расходи од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби кај буџетските корисници од централната власт во првиот квартал во 2021 година согласно Законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.Прераспределбата на неискористените средства до пропишаниот лимит – остатокот до 15% ја врши Министерство за финансии по службена должност на ставка 414-Резерви за капитални расходи во рамки на буџетот на буџетскиот корисник, без право на трошење.Во случај кога буџетските корисници од централна власт ќе реализираат 40% од капиталните расходи на ниво на потпрограма и ставка од донесениот основен буџет со вклучени прераспределби на средства заклучно со вториот квартал, средствата кои претходно биле прераспределени согласно член 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Министерство за финансии по службена должност ќе ги врати на соодветната потпрограма и ставка од каде што биле прераспределени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања