Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

20122018_filipce_2

Филипче: Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисјата нешто ќе препорача

Комисјата за заразни болести допрва ќе одлучува за рестриктивните мерки за прeстојните празници, истакна од Битола министерот за здравство, Венко Филипче.„Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисјата нешто ќе препорача, на еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти“, нагласи Филипче.Според министерот, земјите што вовеле карантин и пoлициски час многу построги од нашите, по појавувањето на новиот бран, повтроно не добиле резултати.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ajredini

(ВИДЕО) Демонстрантите го спречија Ајдари да одговори на македонски јазик

На поставено новинарско прашање Бедри Ајдари беше спречен да одговори на истото на македонски јазик.Иако Ајдари започна со одговарање на новинарското прашање на македонски јазик веднаш беше прекинат од семејствата на осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро кои инсистираа да говори на албански јазик.извор: Сител

Македонија | пред 5 години

policija-1

Полицијата трага по малолетна девојка од Скопје

Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријавил дека од домот се оддлечила неговата ќерка П.К.(17) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

sobranie-1

Граѓаните ги направија лом пратениците

Пратениците добија двојка од граѓаните за нивната работа годинава. Се противат на повеќемесечните блокади и сметаат дека конечно треба да почнат да си ја вршат работата за која се избрани, па ако треба и онлајн, покажува теренската анкета на Институтот за демократија, објави Телма.Најголем дел од граѓаните сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии, своите лични интереси како и бизнис интересите. Не се задоволни ниту од квалитетот на законите што се носат и сметаат дека тие се менуваат пречесто. Половина сметаат дека излагањата на пратениците воопшто не се аргументирани.Спасот од овие појави граѓаните го гледаат во промената на изборниот модел.Текстот во целост на: Телма

Македонија | пред 5 години

metalni-rabotnici

Поради пратениците, 17.000 работници не добиле плата за февруари

Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Поточно речено, близу 17.000 работници не земале плата за месец февруари. Според неа ова се должи на финансиската неможност на фирмите да исплатат плати поради кризата со Ковид 19 и заглавените закони од петтиот пакет мерки за помош на работодавачите.„Во однос за информацијата за неисплатени плати во месец февруари, од 63. 948 прифатени МПИН пресметки, 6.888 работодавачи не исплатиле палата или тоа во проценти е 10, 7 отсто“, истакна Сања Лукаревска.Лукаревска апелира Собранието побрзо да ги донесе законите од петтиот пакет мерки за да не се казнуваат компаниите кои не ги исплатиле платите во февруари. Таа рече дека ќе има толеранција кон истите но дека дополнително ќе бидат контактирани со цел да се изнајде начин како да ги менаџираат платите до донесувањето на законите.„Сите оние кои што немаат исплатено плата во законски предвидениот рок, доставени им се опомени, меѓутоа исто така телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка“, додаде Сања Лукаревска.Лукаревска потенцираше дека онаму каде се утврдени злоупотреби за наеиплаќање на плати и наназад, УЈП ќе постапува согласно надлежностите за присилна наплата.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_25

ВИДЕО: Со „УЧК, УЧК“ се бара слобода за осудените убијци на петте лица кај Смилковско

Со гласно скандирање „УЧК, УЧК“ и развиено огромно албанско знаме, се бара слобода за осудените убијци на петте лица, меѓу кои четири деца, на Смилковското Езеро. Демонстрантите се упатуваат кон Владата. Постојано ги прати полиција, а пред објектот на владата има стотина полициски службеници, возила, други екипи на МВР. Голем дел од демонстрантите се со развиени албански знамиња.На претходниот протест пред неколку недели, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11-мина полицајаци – нападната беше и новинарска екипа.Заради немирите, десетина лица беа обвинети за учество во толпа бидејќи според обвинителството, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон фрлајќи камења, метални шипки и други предмети. За делото на казна затвор од осум месеци до една година беа осудени четири лица. За останите се уште трае судската постапка. 

Македонија | пред 5 години

monstrum-2

Протест за „Монструм“ - Побарано ослободување на осудените, како и на лицата кои беа приведени на претходниот протест

Ослободување на осудените во процесот „Монструм“, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на претходниот собир одржан на 25 февруари беше побарно од денешниот протест во Скопје организиран во знак на незадовоство од изречените пресуди на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.За време на протестот кој започна од паркот во Чаир, па по улицата „Цветан Димов“ кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев“ кон седиштето на Владата, демонстрантите скандираа: „Без правда, нема мир“, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор“, „Али предавник“ и „Ние сме автохтони“.За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23 февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години за Хаки Азири. 

Македонија | пред 5 години

20122018_filipce_1

Од денес се препорачува само една доза од „Астра зенека“ кај лица под 60 години

„Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на „Астра зенека“ и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија.„Прво беше препораката ’Астра зенека’ да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај постарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација, појаснува Грозданова.Овие нови сознанија што се појавуваат последните десетина дена кои се темелат на бројките на тромбоични промени, односно несакани реакции што се случуваат се кај популацијата под 60 години и тоа, како што вели, потекнува од неколку држави.„За „Астра зенека“ на 15 март, 13 земји во Европа кратковремено прекинаа давање, се со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација, истакна Гроздановска.Но, додава таа, кај истата таа популација, инциденцата на појава на овие заболувања, односно овие компликации е многу пати поголема кај популација која не е вакцинирана.„Ние имаме популација која носи веќе предиспозиција за развој на такви заболувања. Во моментов, од денеска е најново дека сега препорачуваат само една доза од „Астра зенека“ кај пациентите што ја примиле првата, а се во групата под 60 години, но токму оттука е нашата мала претпазливост, додека се расчисти оваа ситуација, се обративме до ЕМА, ЕМА имаше еден комитет за безбедност, мислам дека на нас воопшто не ни се менува планот бидејќи ние тргнавме со постарата популација. Тргнавме со 77 и ’Астра зенека’ сега ја даваме надоле, ќе дојдеме некаде до 65 и тука сме комплетно безбедни“, вели Гроздановска.Таа појасни дека ист модел на дизајнирање имаат вакцините „Астра зенека“ и „Спутник В“. Двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што „Астра зенека“ користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а „Спутник“ користи хумани аденовируси.„Меѓутоа, тоа не ја објаснува оваа симптоматологија на настани и мислам дека од она што ние во научните кругови го гледаме е дека степенот на пријава на овие инциденци е поголем од два фактори, заради тоа што ’Астра Зенека’ се дава многу помасовно и затоа што следењето на несаканите реакции особено на ниво на ЕУ каде што е приоритет следењето на безбедноста е многу потемелно. Секој еден пријавен случај се детектира и е забележуван“, објасни Гроздановска.Таа додаде дека во овој период одлучиле, во овие неколку дена да одат со вакцинација на постарата популација, со оваа вакцина, бидејќи, како што рече, тоа е според националниот план. Дополнително ќе чекаат потврда од различни регулаторни тела да видат навистина колкава е инциденцата.

Македонија | пред 5 години

Zaev-Filipce

Заев и Филипче летале од што морале, за да се исполнат работните часови на пилотите

Премиерот Зоран Заев и министрите денеска летаа со хеликоптер до Прилеп и назад во Скопје за да се исполнат часовите за летање, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Телма.„Премиерот Зоран Заев и министрите Јагода Шахпаска и Венко Филипче летаа со хеликоптер на релација Скопје-Прилеп, а на повратна линија до Скопје леташе премиерот со министрите Благој Бочварски и Венко Филипче. Но, тоа е во рамки на обврските за задолжително исполнување на работните месечни часови за летање согласно стандардите за пилотите. Целта на летот беше на владините претставници да им се овозможи навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски“, информираат од МВР.

Македонија | пред 5 години

02042021_PVRSM_MZ_poseta_bolnica_Borka_Taleski-3

Заев и Филипче од Прилеп: Да ги почитуваме максимално мерките за заштита и масовно да ја прифатиме имунизацијата за да ја доведеме до крај борбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче денеска за време на својата работна посета на Прилеп ја посетија градската општа болница „Борка Талески“ за да изрази и да ја даде целосната поддршка на општинските власти и на здравствените работници во болницата во градот во справувањето со пандемијата со КОВИД-19.„Секако, тука сме за да ги слушнеме од прва рака и нивните пораки и укажувања за да најдеме најдобри решенија на локално ниво доколку за тоа има потреба. Во овој актуелен бран, Прилеп е една од најпогодените општини, и секое укажување е добредојдено. Во кругот на градската болница е поставена модуларната ковид болница за да се ублажат последиците од овој нов и интензивен ковид бран, како и да се обезбеди соодветна грижа за хоспитализираните пациенти“, истакна во својата изјава за медиумите претседателот на Владата Зоран Заев.Заев додаде дека во рамките на Центарот за јавно здравје Прилеп, комплетно е реорганизиран просторот во микробиолошката лабораторија, а со нова опрема и кадар е оспособена и молекуларната лабораторија за тестирање на пациенти за КОВИД-19, а како поддршка на Општината и на болницата, во меѓувреме се примени нови 12 општи лекари и 10 медицински сестри кои се исклучително значајни во целата оваа ситуација.Особено значајни се, рече премиерот Заев, сите останати активности на општината за постојано алармирање на граѓаните да се придржуваат до рестриктивните мерки и до мерките за лична заштита.„Вчера во земјата пристигнаа и првите 20.000 дози од вакцината „Спутник В“ како прва количина од вкупно 40.000 дози од двете компоненти на оваа вакцина, и заедно со претходно пристигнатите вакцини од нешто повеќе од 70.000 дози, го овозможуваме континуитет на веќе почнатиот процес на имунизација, како и побрз почеток вклучување на повеќе лица од најкритичните групи наши граѓани согласно нашиот Национален план за имунизација“, нагласи премиерот Заев.Тој упати порака на охрабрување граѓаните масовно да ја следат постапката за вакцинирање и да бидат во контакт со своите матични лекари за да го осигураат својот термин за вакцинација.„Вакцините се здрави, проверени, меѓународно тестирани и граѓаните ќе ги примат оние вакцини кои одговараат на нивната старосна група и на нивната здравствена состојба. Колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател пандемијата од КОВИД-19“, порача Заев во својата изјава за медиумите за време на посетата на прилепската болница.Министерот за здравство Венко Филипче од своја страна рече дека модуларната болница во Прилеп е еден од деветнаесетте објекти, кои ги поставивме за рекордно кратко време.„Во болницата во Прилеп, во изминатиот период навистина многу инвестиравме. Примени се над 100 вработени лекари и медицински сестри без кои тешко овој удар ќе можеше да се амортизира и да се даде здравствена услуга. Беше направен нов ургентен центар и оваа година инвестициите ги заокружуваме со тоа што Прилеп за прв пат добива апарат за магнетна резонанца“, информираше министерот Филипче.Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски во изјавата за медиумите рече дека со новата модуларна болница ќе имаме поголема сигурност за медицинскиот персонал кој се бори повеќе од една година со коронавирусот.„Како градоначалник и шеф на кризниот штаб сме во постојана комуникација со сите институции и Министерството за здравство ја следиме ситуација и сакам да потенцирам дека сме подготвени за пикот кој се очекува во Прилеп во следниве десетина дена. Апелирам до граѓаните да се придржуваат до мерките максимално“, порача Јованоски.Како што информираше директорката на болницата Кети Смилеска, ЈЗУ Општа болница Прилеп со проширена дејност, функционира со 5 ковид центри, со вкупно 130 легла, од кои 50 на централен довод на кислород, а останатите потреби се покриваат со боци. Таа соопшти дека капацитетот е максимално искористен и беа забрзани активностите за подготовка на модуларната болница.

Македонија | пред 5 години

02042021_PVRSM_MTV_poseta_na_nov_kilovolten_transformator_Bitola-4

Заев од Битола: Инвестираме во стабилен енергетски систем

„Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија како и за големите индустриски капацитети“, рече премиерот Зоран Заев по повод денешното пуштање во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор во Трансформаторска станица „Битола 2”, инвестиција на АД МЕПСО која e во висина од 2,4 милиони евра.Премиерот Заев подвлече дека задоволството е уште поголемо што континуирано се инвестира во енергетскиот сектор во земјава.„Изминатиот период присуствувам на завршени или на отпочнување на нови проекти во областа на енергетиката кои значат помош за економијата, за инвестициите за побрз развој и за подобар стандард. Оваа недела ги потпишавме и договорите за инвестиции во Александруполи со што ја осигуруваме енергетската иднина. Од оваа трафостаница тргнува интерконективниот далекувод кој ја поврзува земјава со Грција, а токму тука, со проширување на последното поле во трафостаницата се подготвува теренот за изградба на интерконекцијата со Албанија, преку далекуводот Битола-Елбасан“, изјави Заев на денешниот настан на кој заедно со Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО ги истакнаа придобивките од инвестицијата која има круцијално значење за целиот електроенергетски систем.Министерот Бочварски рече дека инвестициите во електро преносниот систем што ги реализираме се само доказ на нашите стратешки одлуки во зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.„Овие инвестиции и тоа како се значајни за севкупниот стопански развој на државата. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и Пелагонискиот Регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор. Оттука испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори. Со модернизацијата на оваа Трафостаница, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби", изјави Бочварски и додаде дека вкупните инвестиции на АД МЕПСО надминуваат 100 милиони евра во сите сегменти од реконструкција и модернизација на трафостаниците до изградба на нови далекуводи.Директорот на АД МЕПСО, Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година.„Постапката за набавка на новиот трансформатор започна во 2019. Трансформаторот пристигна во февруари, стручните екипи на производителот го монтираа и тој досега беше во пробна работа. Овој 235 тонски електроенергетски елемент е произведен од Колектор-ЕТРА од Словенија. Инвестицијата изнесува 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО. Со овој трансформатор ќе се зголеми доверливоста на ТС „Битола 2” и ќе се подобрат напонските прилики за домаќинствата и бизнис секторот во регионот“, рече Рамадани.Владата и Министерството за транспорт и врски и во следниот период активно ќе учествува и ќе го поддржуваат МЕПСО во сите стратешки и оперативни активности во насока на реализација на предизвикот, а тоа е транзицијата на преносните мрежи во паметни мрежи односно популарната дигитализација, со што ќе се зголеми ефикасноста на преносните системи.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

2Petar-Risteski

Ристески: Во Прилеп починаа 333 луѓе од КОВИД и за ниту еден не се пушти хеликоптер, но затоа Заев и Филипче летаат на државен трошок од Скопје до Прилеп

Денес во Прилеп пристигна Зоран Заев ни помалку или повеќе со хеликоптер.Во Прилеп имаме до денес 333-ца наши сограѓани, наши соседи,роднини и блиски луѓе починати и повеќе од 7,100 заболени од КОВИД, за ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче, истакна Петар Ристески, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.Ристески додаде:Денеска Заев заедно со Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Ова е невиден скандал и срам.Заев и Филипче возат мотори и кога умираат по 30 луѓе на ден, министри шетаат во Дубаи и Мексико, кога тука луѓето се борат за живот, а сега летаат со хеликоптери на државна сметка.Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД19 пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп.Но како би дошле во Прилеп поинаку?1. Изградбата на патот Градско - Прилеп ја прекинаа и сега истиот е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си замина, затоа што Заев и Сугарески му барале провизија.2. Заев сака да ги избегне тутунарите, кои го чекаа денес да му се заблагодарат за најкатастрофалниот откуп на тутун во последните 30 години. Тутунот им го земаа за без пари.3. Вработените во ЈП за ПУП од Прилеп за месец февруари земале плата од само 5,000 денари, а за март ќе почекаат.4. Вработените во „Еурокомпозит“ се излажани и неисплатени.Како да дојде со кола во Прилеп кога нема како да им објасни на фамилиите на 333-та починати од КОВИД на 7,100 заболени кои молат за помош, а никој не им излегол во пресрет. Како овие луѓе да ги платат сметките од 2300 евра и повеќе на ден во приватните клиники.Заев и Филипче се гробари на Прилеп.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

mvr-1

Нема кривична пријава од МВР за скопскиот обвинител кој нападна жена

За обвинителот од Скопското обвинителство Мартин М., не дојде кривична пријава од МВР откако на 10 март беше пријавен од тетка на 10-годишно дете дека првин вербално ја нападнал, а потоа ја турнал. За него нема ни прекршочна пријава, заведен е во тетратка во полициска станица, под категоријата „поплаки“ , за кои не следуваат пријави и санкции, објави СДК.МК.Во Обвинителството појаснуваат дека поплаката е нешто помало дури и од прекршок. Велат дека нивниот колега е на боледување подолго време и оти никој не го видел и не успеал да го праша ни приватно за насилството за кое скопјанката го пријавила.Текстот во целост на:  СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Вакцини нема, имунизација нема, а „Шпанско село 2“ на Филипче и тендер - партнерите напредува!

Дојдовме тука по цела година во која што здравството и економијата во државата колабираа заради режимот, дојдовме тука по цела година по скандалозните објавувања на документи дека семејството на Венко Филипче, заедно со Илир Хасани сега заменик на Венко Филипче, и познат добитник на милионски тендери во здравството, половина потпишани токму од Венко Филипче и од Илир Хасани, заедно градат, како велат цела касарна на Водно, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски додаде:Вакцини нема, клексани нема, лекови нема, здравствениот персонал е на крај на силите, болнички кревети нема, кислород нема во болниците, здравствениот систем е колабиран, ама касарната на Венко Филипче на Водно напредува!Македонија се соочува со најголемиот погром врз населението, граѓани мигрираат во други држави да се вакцинираат, ама објектите на Водно напредуваат!Цела година откако го откривме скандалот со градењето на касарната на Филипче, цела година откако таа касарна, поткрепено со документи, прерасна во „Шпанско село “2 на Водно, цела година како оваа наводно семејна куќа зад мене, се претвори во цел комплекс, ама антикорупциска уште го држи предметот во фиока.Цела година мина, нема ништо од истрагата за одговорност, како тоа добитник на огромни милионски тешки тендери гради заедно на над 13.000 м2 на Водно со потписниците на тие тендери. Цела година, министерството за здравство го водат градежни партнери заедно со добитник на милионски тендери токму во здравството!Цела година мина, нема одговор како тоа семејството на министерот Венко Филипче односно најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од министерството за здравство и сите институции под ова министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра!Нема одговор, зошто неговото министерство лажеше и лажно тврдеше дека имотот во сопствеништво и во партнерски однос меѓу семејството на сопругата и добитникот на тендерите од здравството, е земјоделско а не градежно земјиште. Уште повеќе што тврдеше дека се гради како што и се гледа, значи е градежно земјиште, за кое семејството и добитникот на тендерите заедно финансирале во изработка на урбанистички план за „објекти за времено сместување“?Фактите се немилосрдни: вакцини нема, имунизација нема, а „Шпанско село 2“ на Филипче и тендер - партнерите напредува!Македонија се претвори во црна здравствена дупка, режимот и одговорните за здравството со месеци лажат за масовна вакцинација, смртноста од КОВИД е најголема со десетици, стотици неделно, документите покажуваат фантом - фирми и вратени аванси за вакцини, а „Шпанско село 2“ расте, а предметот во фиоки СТОО!Прашањата кои што останаа неодговорени се како со административна плата се доаѓа до над 15,500 метри квадратни имот на Водно, но и што тоа планирал да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо на вакцинација? Но Филипче мора и да одговори, дали наместо на вакцини и имунизација, додека и кабинетот му се вакцинира во странство, повеќе бил посветен на градежништвото отколку на здравството?видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vakcini-5

Анкета: Еве со кои вакцини сакаат да се вакцинираат Македонците

Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, од друга страна 16 отсто од граѓаните сè уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.Прашањата за вакцините се дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39 отсто ја преферираат вакцината „Фајзер“, додека втора по ред е вакцината „Спутник V“ со 21 отсто. Малку преферирани се вакцините „Синофарм“, која ја преферираат 6 отсто од граѓаните, потоа е „Модерна“, која ја преферираат 5 проценти од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е „Астра зенека“, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните. Дваесет и седум проценти од граѓаните не знаат или немаат одговор за тоа која вакцина ја преферираат.Дел од генералните заклучоци во анкетата, на страна од актуелната ситуација со Ковид – 19, а во однос на работата на Собранието, беа дека граѓаните бараат веб-страната на Собранието да биде поинтерактивна и да имаат можност да комуницираат со пратениците. Сметаат дека информациите од медиумите им се доволни и истите најмногу ги восприемаат преку телевизија. Од пратениците повеќе сакаат јавни лични средби.Перцепцијата на граѓаните, според анкетата, е дека извршната власт има поголема контрола врз Собранието отколку што Собранието ја контролира Владата, како што е предвидено според Уставот. Дури 74 отсто од испитаниците се согласуваат со изјавата дека политичките кризи треба да се решаваат во Собранието, наместо на затворени средби меѓу раководствата на политичките партии.Во однос на довербата на граѓаните во институциите, анкетата вели дека претседателот на државата ужива највисока доверба меѓу граѓаните, споредено со Владата, Собранието и Судството. Средната оцена за работа на Собранието останува иста како и изминатата година и изнесува 2,6.Проектот, финансиран од Швајцарска амбасада, се спроведува од страна на Националниот демократски институт, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Центарот за управување со промени. Целосните резултати од теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија можете да ги погледнете на овој линк.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Претседателот донесе одлука - Армијата заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница

Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Предлозите за измени на Законот за Државјанство се спротивни на Конвенцијата за државјанство и на сите европски стандарди

Измените на Законот за државјанство, предложени од Алијанса на Албанците, со кои се предвидува намалување на потребниот период, едно лице законски и постојано да живее на територијата на Република Македонија, за да се стекне со државјанство со природување, се спротивни на уреденоста на оваа област во законодавствата на сите земји од регионот, земјите членки на ЕУ, каде е предвиден регулиран престој од најмалку 8 години па нагоре, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Во Конвенцијата за државјанство, која Република Македонија ја има ратификувано е наведен рок не подолг од 10 години, период на престој пред поднесување на барањето за стекнување на државјанство со прирордување. Оваа горна граница ја следат очигледно сите останати држави, сите циркулираат околу горната граница. Сето тоа е бидејќи државјанството треба да биде израз на највисок степен на интегрирање на странецот во општеството. Ако се водиме од кмапаративната анализа, тоа значи дека лицето треба претходно да се стекне со дозвола за постојан престој, па потоа да добие државјанство. Вака со скратувањето на тој период на само 4 години се деградира постоењето на институтот ДОЗВОЛА ЗА ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ.Со предложените измени не се докажува ефективна врска на засегнатото лице со Република Македонија, СПРОТИВНО НА ЧЛ 18 СТ 2. ТОЧКА А - ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО. Се остава простор за прешироко толкување. Особено што условите за стекнувањето на државјанство при државна сукцесија се предвидени во Конвенцијата за државјанство со цел избегнување на состојба на бездржавјанство.По 30 години од распадот на Југославија, да се бара државјанство по основ на државна сукцесија е налудничаво, со оглед на тоа дека тие лица веќе стекнале ефективна врска со друга држава и веќе живеат на друга територија, следствено не се лица без државјанство. Во предложените измени не се наведува на кој начин тоа лице ќе ја докаже ефективната врска со Република Македонија согласно наведениот член од конвенцијата. Дали тоа ќе треба да го утврди државата, на кој начин, дали тоа лицето ќе го докажува, какви докази лицето треба да приложи, дали тројцата сведоци предвидени во измените треба да докажат веродостојност на доказите, ниту дали тие сведоци може да ја докажат таквата врска?!Целиот процес на докажување на таа вистинска и ефективна врска со РМ, се остава на една обична изјава на тројца сведоци, фактички државниот систем не постои и тој може само да констатира дека лицето се стекнува со државјанство. Недозволиво, прелесна формулација, компаративно никаде непредвидена досега.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

167919512_10222542440762753_8482348107655572544_n

(ФОТО) Заев во Прилеп дојде со хелихоптер, тврди Ристески

„Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!А,како поинаку???1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради тоа што фирмата Рубау си замина бидеј ќи Заев и Сугарески му барале провизија?2.Да ги избегни ТУТУНАРИТЕ кои го чекаа да му се "заблагодарат" за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30г.Тутунот земен за беспари.Тутунарите излажани и ограбени.800 -1.000тони тутун остана неоткупен.Прв пат после 30ина години.3.Вработените во општинската фирма ЈП за ПУП кои го чекаат "пресреќни", зеле вчера 5.000 денари февруарска плата,за мартовската ќе почекале!4.Вработените од Еурокомоозит кои "само што не почнале" со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во собрание!И на крај, семејствата на преку 330 починати прилепчани и 7.131заболени кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и непружена лекарска помош, се молат за помош по фирми неможеј ќи да ги платат прескапите цени од 2 300€ за еден ден во приватните болници, за своите животи.A вакцини нема!ЗАЕВ МРШ ОД ПРИЛЕП“, пишува Петар Ристески.

Македонија | пред 5 години

biskup

Велигденска порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден до верниците од католичка вероисповед упати порака.Драги браќа и сестри!Помина една година откако на светско ниво се справуваме со опасната пандемија Ковид-19. Да се присетиме како беше минатата година за време на постот и Страсната седмица, кога слушавме пораки од експерти и владини претставници дека треба некое време да издржиме за да се смири епидемијата и додека не се најде соодветна вакцина да ни помогне во ова борба. Се започна со воведување мерки кои сите со разбирање ги прифативме, дури и по цена што требаше да ја платиме на економско, социјално и религиозно поле. Имавме можност да ги следиме обредите на Страсната седмица од Базиликата Свети Петар во Рим. Оваа Базилика на Апостолскиот првенец, која се смета за центар на христијанството, беше празна, а Плоштадот пред Базиликата, каде што на Велики петок, од Колосеум беше преместена побожноста Крстен пат, беше исто толку пусто и без вообичаената толпа луѓе, додека папата Фрањо носеше крст околу плоштадот пред Базиликата на Апостолскиот првенец, како да се работеше за некое филмско сценарио кое ги прикажува последните времиња. Го гледавме Светиот Отец како поминува низ плоштадот со тешки чекори и конечно влегува во празната Базилика.Во сите католички катедрали ситуацијата беше иста. Истата беше во парохиските цркви и другите места каде што верниците се собираа за да ја прослават победата на животот над смртта, да ја прогласат победата на Исус над злото и гревот и да ги прослават страдањата, смртта и воскресението на нашиот Господ Исус Христос.Истите сцени се случија и овде кај нас, во нашата татковина, каде како бискуп/епископ на оваа месна Црква во согласност со канонските одредби, од грижа за здравјето и животот на верниците и на сите граѓани на нашата земја, со голема тага и тешко срце донесов одлука светите литургии и литургиските обреди за време на Светото тродневие се одбележат без народ, ослободувајќи ги верниците од должноста да одат на неделните и богослужни празнувања.Драги браќа и сестри, помина цела година, а пандемијата не стивнува, но во интервали секогаш се појавува во нови форми, а социјалните проблеми се влошуваат. Живееме во време на големи предизвици, бидејќи покрај епидемиолошките тешкотии, се зголемуваат и економските проблеми, а со тоа и многу проблеми во светот. Ние, кои живееме тука во оваа драга земја што Бог ни ја даде како наследство, не сме изземени од сето ова. И кај нас болеста создаде многу проблеми, поради што многу економски сектори останаа затворени и многу работници без работа.Иако процентот на католичките верници во нашата земја во односот на севкупното население во Македонија е многу мал, сепак како Црква не можеме да стоиме настрана и да бидеме неми набљудувачи на настаните во земјата. Ние како христијани сакаме според своите можности да го помогнеме и поддржиме секој човек што е во неволја, да ги тешиме ужалените и да вдахнеме надеж дека Бог на оние што го сакаат ќе им подари добро. Не сме во можност да направиме големи работи за да му помогнеме на нашиот народ во ова тешко време, но како тоа на еден прекрасен начин и со едноставни зборови го рече нашата светица света Мајка Тереза: „Во овој живот не можеме да правиме големи работи, сепак, можеме да правиме мали работи со голема љубов.“ На овој начин секогаш можеме да си помогнеме едни на други со „голема љубов“ и со тоа да ја размножуваме радоста меѓу себе, да покажеме љубов и да ја зајакнеме надежта. Таков пример ни даде самиот наш Господ, кој се предаде за нас и кој нашите болки ги зеде на Себе (сп. Исаија 53,4). „А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија. Казната на нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме“ (Исаија 53,5). Следејќи го нашиот Господ и имајќи ја предвид големата љубов што ја покажа кон човечкиот род и ние чувствуваме колку сме како Црква потребни едни на други да се поддржуваме едни со други во верата и меѓусебно едни на други да си помагаме на патот кон спасението. Кога како заедница на верата се собираме во радоста на заедништво, кога сопружниците си простуваат едни на други, кога возрасните и младите меѓусебно се поднесуваат во љубовта, кога плачиме со расплаканите и се радуваме со радосните, кога во рамките на нашиот позив и послание прискокнуваме едни на други во неволја, тогаш ја извршуваме вистинската откупителна служба на преданост кон воскреснатиот Господ Исус Христос, кој по својот Дух дејствува преку нас.Драги браќа и сестри, Велигден е најголемиот христијански празник. За нас христијаните, празниот гроб не е доказ за Христовото воскресение, туку живиот и славен Христос. Тој им се јавува на своите верни, прво на оние што живеат на работ, мали и слаби, на оние кои немаат големо значење во општеството и за чие мислење едвам кога се прашува. Тој прво и се објавува на една жена, Марија Магдалена, која станува апостол на апостолите. Токму оттука започнува сè! Таа им ја пренесе оваа радосна вест на апостолите, на кои потоа почнале да им се отвораат очите да го разберат Писмото и да им се враќа силата од состојбата на летаргијата (мртвилото) во која беа западнати по настаните на Велики петок. Кога примија сила од Светиот Дух, тие станаа Христови сведоци сè до крајот на земјата.Затоа велигденската порака е навистина порака на Божјата голема милост кон луѓето. Бог ветува живот на оној кој се заплеткал во својот грев, носејќи на себе низ животот печат на срамот. Затоа, празникот на Христовото воскресение ни дава надеж, ни дава вистинска слобода, ја враќа радоста и ни дава место каде што се чувствуваме како дома, татковина во која никогаш нема да бидеме странци.

Македонија | пред 5 години

danilovski

„Осамна суровата вистина за општеството наше модерно“, Даниловски се отвори пред јавноста

Епидемиологот доктор Драган Даниловски , на својот Фејсбук профил објаснува како пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот и колку сме биле преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ.-Се наоѓаме во фаза спроти епилогот на пандемијава, голгота подолга од година дена, на која едвај ѝ се наѕира крајот – барем кај нас. Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да донесе некому болест и смрт.Но, дали е тоа баш така?Пандемијата ни влепи шлаканица: Ако толку сме биле приврзани со семејството, зошто покажавме толку малку грижа за своите ближни? Од каде толку егоизам? Каде е вината? Во институциите на системот? Во лошото образование? Веројатно делумно, да!Основна клетка во општествениот организам е семејството. Во нашево општество таа клетка се покажа дека е само форма без содржина! А нефункционални клетки значат и нефункционална целина. Едноставна вистина!Пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот, преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ. Живот со искривоколчен систем на вредности…Осамна суровата вистина за општеството наше модерно – дека тоа е само „ментален концепт, а дека реалниот свет е свет на индивидуалци“ (Оскар Вајлд)… А јас би додал – свет на егоисти, социопати и психопати – свет на очајни осаменици.Пандемијата ни покажа колку е страшно да си сам. И очајнички да се обидуваш да не бидеш сам. Ама не во семејството, туку во некакви сурогати/супститути на семејство – журки, седенки, секојдневни средби со „друштвото“, по кафеани… за да си заминеш уште поосамен… и попразен. И погневен.Што, пак, резултира(ше) со влошување на заканите по здравјето – индивидуалното и колективното – во актуелнава ситуација.Заради што на секој чекор сведочиме за десетици изгубени животи… А тоа, пак, раѓа уште поголема несигурност… и уште пожестоки обиди да се „пикне главата в песок“. И да се глуми безгрижност…И така влеговме во морбидна спирала – circulus viciosus…Многумина се свртеа кон социјалните мрежи – за дружба, но и за стручен совет – во услови на пренатрупан здравствен систем. Се формираа групи за размена на искуства, за совети. Се создаде еден виртуелен свет на социјални контакти, место за дружба!Колку и да е неприфатливо од стручен и етички аспект медицински совети да се даваат на далечина, многумина од нас докторите се обидуваме да излеземе во пресрет на многумина граѓани – секој од нас во рамките на својата експертиза.Ама, не само тоа. На луѓето им треба и топол збор на поддршка, подадена рака… За полесно да им биде. И за да не се чувствуваат осамени. И напуштени… Особено последното.Не сме се договарале претходно меѓусебно. Едноставно, спонтано – секој колку што му дозволува времето – го прифативме предизвикот. Десетици дневно се обраќаат и со приватни пораки… Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат.Знам дека исто си поминуваат и моите колеги Никола, Нико, Љиљана, Ненад, Ана… и многу други (нека не замерат што не можам сите да ги спомнам, ама јавноста ги знае).Нема назад…Дали граѓаните ги почитуваат советите? Да, без исклучок. Среќен сум заради тоа. Знам дека современиве средства за комуникација – не само социјалните мрежи – ги користат и сите други колеги – особено матичните доктори.Им оддавам признание, зашто, сите тие – вистинските херои на пандемијава (не само кај нас) – прифаќајќи да бидат еден вид надворешни членови на семејствата, потпорни столбови – играат улога на „пастири на своето стадо“, но и една друга – извонредно важна – улога на кохезиона сила, туткал, што цврсто ги спојува во целина сите камчиња на мозаикот наречен семејство – но и на здравствениот систем.И по оваа катаклизма, во „денот потоа“, тие, матичните (и се разбира, сите други здравствени работници), ќе играат клучна улога во што побрзо закрепнување на секое семејство и на општеството во целина.Нема назад!, напиша тој во својата објава на фејсбук.извор: ФБ Драган Даниловски

Македонија | пред 5 години

vakcina

Вакцинална војна: Дали “астра зенека” чини или не чини, зошто се сее страв и паника?

Мислам дека како новинари, посебно ние кои информираме на дневна основа, во оваа „вакцинална војна“ исправени сме пред еден од најголемите предизвици – како да информираш, а да не создадеш паника, како да пишеш нешто, кога пред само 20 минути си објавил нешто дијаметрално спротивно, како да известуваш објективно при толку различни информации?Сакаш да знаеш дали АстраЗенека е безбедна? Ако сакаш позитивен одговор, отвори британски медиум. Ако сакаш негативен, отвори германски. Ако сакаш да се збудалиш, гуглај, па отворај ги сите. Ако сакаш да се здрвиш од страв, напиши „deaths from vaccines”, напиша на својот ФБ профил новинарката Мери Јорданоска.Јордановска во објавата додава:Ние се збудалевме, на пример, и признавам дека со тоа ги збудалевме и граѓаните.Соочени со предизвик, да не можеш да провериш информација, затоа што доаѓа од други држави, затоа што е научна, медицинска, надвор од нашата експертиза и надвор од секаква можност за проверка, па оттаму на дневна основа се објавува: Вакцината XXX e безбедна; Девојка е во кома откако ја примила првата доза од XXX; Вакцината XXX повлечена од употреба во Швајцарија; Вакцината XXX e со 90% ефикасност, ве штити од смрт од Ковид; Вакцината XXX можат да ја примат сите; Вакцината XXX забранета за лица под 65 години; Вакцината XXX забранета за лица над 65 години. И сето ова, објавено во релевантни медиуми, и поткрепено со изјави од експерти, па дури и со истражувања... за една иста вакцина.И сето ова, го впиваме ко сунгери. Го впиваат и читателите.Еднаш еден доктор, подавајќи ми ја рецептата, ми рече: „И фрли го упатството веднаш, оти те знам, ќе ги имаш сите нуспојави. Најголемата мака ја имаме со пациентите како вас, кои доаѓаат овде со прочитана литература, нешто разбрале, нешто не доразбрале, ама мислат дека знаат повеќе од нас. Најлесно поминуваат пациентите кои нè слушаат, и постапуваат по тоа, by the book“.Во сиот овој наплив од контрадикторни информации во моментов, нема друго, освен да се употреби овој метод. Сите во себе имаме одговор дали ќе примиме вакцина против Ковид-19 или не. Оваа корона-криза покажа дека во државата има стручни луѓе кои се секогаш тука да помогнат, па макар и на социјалните мрежи. Одберете кому ќе верувате и во што ќе верувате во оваа Трета светска војна за профит, пари и политичка моќ и држете се до таа одлука. Се разбира, освен доколку не се смени нешто значајно на глобален план. И постапете по тоа, без многу истражувања на своја рака кои не ги разбирате докрај. Тоа носи страв и паника, а на крајот и неможност, целосна парализираност, при носењето на одлуките.За првпат ми се случува да кажам дека во моментов има повеќе вистини, зависно од тоа кое истражување ќе го отворите, кој медиум ќе го прочитате, чија изјава ќе слушнете. Не знам дали ќе доживееме да ја дознаеме целата вистина во оваа геополитичка војна каде политиката и парите се примарни, а потоа следува здравјето, но знам дека најдобро е човек да се држи до оние во кои верува – но, гледајте тие да бидат стручни лица, а не квази експерти на Youtube и на Фејсбук.извор: ФБ Мери Јорданоска

Македонија | пред 5 години

astra-zeneka

И натаму не се знае: Германија не дозволува втора доза од “астра зенека” за лица под 60 години

Германската комисија за вакцинација (СТИКО) им препорачува на луѓето под 60-годишна возраст, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астра зенека“ против коронавирусот, да се ревакцинираат со „друг производител”.Во препорака на својата веб-страница, СТИКО наведува дека не постојат научни докази за безбедноста на мешовитата серија на вакцини.„Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО им препорачува на помладите од 60 години наместо втора доза на „Астра зенека“ по 12 недели да им се даде доза на mRNK вакцина“, се нагласува во соопштението.Вакцините со mRNK ги вклучуваат оние кои ги произвеле компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.На почетокот на оваа недела, Германија соопшти дека вакцината на „Астра зенека“ треба да им се дава само на луѓето над 60-годишна возраст поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти.фото: BBC 

Скопје | пред 5 години

received_459913168669302

Охридска "Рапсодија во сино" во чест на лицата со аутизам

Светот денес го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот денес ќе се обојат во сино, испраќајки силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите.Со таа цел, Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата 'ПАП' - Охрид го обоија и нашиот град во сино.  

Македонија | пред 5 години

Screenshot_23

ВИДЕО: Мицкоски поправал прозори на Инфективна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 го искажа своето искуство на Инфективната клиника каде беше хоспитализиран со коронавирус.„Го поправив просторот во просторијата која лежев, во првите денови каде што лежев беше премногу ладно, а прозорот не се затвораше. После во таа соба 302 после мене кој беа таму, им беше потопло“, рече Мицкоски.Мицкоски кажа дека че стори се да направи тие луѓе кои работат таму и кои се борат со коронавирусот, да се чувствуваат подостоинствено.Никому не му посакувам да мине 12 дена како што јас поминав таму, а како човек и политичар ќе работам до максимум на тие луѓе да се чувствуваат подостоинствено“,

Македонија | пред 5 години

katlanovska-banja

Во базен во Катлановска бања пронајдено починато лице

Вчера во еден од базените во Катлановска бања било пронајдено безживотно тело на починато лице, соопшти полицијата.„На 31 март 2021 околу 10.20 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања,“ се вели во полициското соопштение.Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, додаваат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања