Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

korona-3

Во месец март од КОВИД 19 во земјава починале 654 лица

654 семејства се завиени во црно само во изминатите 31 ден од годинава. Толку жртви на корона вирусот се регистрирани само во март што е 21 процент од вкупно починатите од почетокот на пандемијата кои според Министерството за здравство се 3781 човек, објави Телма. Тројца од починатите се на возраст од 20 до 29 години, десетмина се во старосната граница меѓу 30 и 39 години, и дваесет на возраст од 40 – 49 години. Најголем број од младите кои ја изгубиле битката со вирусот се во последниве неколку денови.Од 1 до 7 починале 57 на, од 8 до 14 – 129 луѓе, од 15 до 21 158 и од 22 до 28 март се починати 204 ца.Текстот во целост на:Телма. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Фирмата сопственик на ТВ Алфа се гони за затајување на данок

На сопственикот на националната телевизија Алфа, фирмата „АЛФА СКОП ДОО“, ќе ѝ се суди за даночно затајување. Скопски обвинител ја обвини фирмата дека го оштетила државниот буџет за приближно 100 илјади евра поради неплатен данок на добивка, објави prizma.mk. Информацијата за БИРН ја потврдија од Обвинителството.„Постапувајќи по кривичната пријава против првото лице, надлежен јавен обвинител денеска (31.03) до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен предлог против едно правно лице за продолжено кривично дело – даночно затајување“.На обвинението му претходеше кривична пријава што ја поднесе Финансиската полиција. Пријавени беа „АЛФА СКОП“ и управителката на фирмата, Србинката Симонида Кажиќ, која е сега директорка на Државната лотарија во Србија, а со телевизијата управуваше до 2016 година.За поранешната новинарка, управителка на медиуми, а сега директорка на српската лотарија, постапката е прекината, бидејќи, како што рекоа од Обвинителството, „осомничената е недостапна“.Во изјава за БИРН Србија, Кажиќ, лани во декември рече дека првпат слуша за пријавата и оти не верува дека во работењето на „АЛФА СКОП“ имало какви било злоупотреби.Шац ја купи Алфа во јули 2017 година, како дел од пошироката акција на преземање медиуми во Македонија и во Словенија, што беше протолкувана како ширење на унгарското влијание и поддршка на десничарската политика на Никола Груевски и Јанез Јанша.Текстот во целост на: prizma.mk. 

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Донесена одлука за кризна состојба на дел од територијата на Македонија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 61-ва седница ги разгледа и усвои Записникот од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 1 април 2021 година, со Записник од седницата на Групата за процена, одржана исто така на 01.04.2021 година и донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.Со оваа одлука периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија се определува најмногу до 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.Во врска со оваа одлука Владата донесе заклучок да се информира Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија, и заклучи да му предложи на Претседателот на Република Северна Македонија да донесе одлука за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во справувањето со кризната состојба.Владата му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Затвореник од Идризово претставувајќи се како директор, телефонски измамил седум лица

Претставувајќи се како директор на различни фирми, затвореник од затворот „Идризово“ измамил седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари.Според информациите од полицијата, станува збор за 34-годишен скопјанец со иницијали Б.А..– Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства – велат од МВР.Со ваквото дејствие, како што соопшти полицијата, причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Денеска (01.04.2021) се одржа седница на Главен штаб за управување со кризи (при ЦУК) во просториите на Владата на Република Северна Македонија што ја организираше ЦУК и ја раководеше, Раководителот на Штабот, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.Прво беше реализирано сестрано реферирање за преземените мерки и активности на институциите од СУК за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, како и информации и согледувања за моментната состојба во земјата во поглед на пандемијата. Следуваше информирање по заклучоците од претходната седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, а на крај се донесоа заклучоци за идни активности. Заклучоците беа во релација за прифаќања на информациите, препораките за потребни активности на субјектите на Системот за управување со кризи и за преземените мерки и активности за справување со кризната состојба од заразната болест „КОВИД-19“, на целата државна територија. Потоа беа донесени заклучоци во насока за преземање на веднаш потребните чекори за организирање обезбедување на пунктовите за вакцинација од страната на МВР и Армијата во координација на ти активности со Министерството за здравство.Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја нагласи солидната и добра меѓусебна соработка на МВР и Армијата на терен, а и нивна координација со Министерството за здравство, што продолжува во планираните и непосредни и идни активности, секако и во корелација и со другите субјекти во Системот за управување со кризи. Истовремено, ја нагласи и важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, како и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот, со цел заштита на здравјето населението. Тоа и директно придонесува за амортизирање, во рамките на можностите при „брановите“ на пандемијата, на притисокот што на свои плеќи го носат здравствените работници, коишто се ангажирани за лекување на заболените, како во болниците, така и за тие кои се лекуваат во домашни услови, со непосредна помош на своите семејства и блиски.За квалитетот на дискусиите и заедничките согледувања, а потоа и за насоки за активности, допринесоа и претставници на невладиниот сектор (НВО „Млади Правници“), како и претставници на научната мисла на поканети професори од областа на за одбрана, безбедност и кризнен менаџмент. Со тоа се остварува сестрано заедничко согледување, координирање,  дејствување, а и надоградување во одредени сегменти во заедничката борба во нашата држава и Регион, против светската пандемија.          Инаку, да потсетиме,, Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тоа е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации. Тие, невладините организации, како што нагласи раководителот на Штабот, Ангелов, се и значаен ресурс на општеството, што согласно можностите се имплементира и во Системот за управување со кризи, а што по сопствена независна активност и работа воспоставува дополнителни интеракциски врски и непосредна комуникација со грѓаните. Притоа, споделените граѓански индивидуални искуства и идеи, пренесени преку претставници на невладините организации коишто учествуваат во работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, дава можност таквите продуктивни искуства, согледувасња и идеи да се имплементираат како сестрано согледување за поефикасно заедничко дејствување на граѓаните со владините и други државни субјекти на СУК во правец за поголема успешност и координација преку Центарот за управување со кризи во одредени сегменти на управувањето со кризи – во заедничката борба против светската пандемија во нашата држава и Регион што и се остварува преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.Фото: ЦУК

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Денеска 29 починати и нови 1.402 случаи на КОВИД-19

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци - 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино - 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.Регистрирани се 761 оздравен пациент од:Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб - 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 58820, активни 9858Прилеп 7131, активни 1095Куманово 6944, активни 927Тетово 6358, активни 613Гостивар 4576, активни 487Велес 4568, активни 754Битола 4524, активни 802Кавадарци 4491, активни 722Штип 4307, активни 454Охрид 4176, активни 796Струмица 3306, активни 376Струга 2698, активни 245Кочани 2267, активни 253Кичево 2032, активни 193Неготино 1948, активни 391Гевгелија 1859, активни 398Свети Николе 1280, активни 127Крива Паланка 1080, активни 110Ресен 1015, активни 163Радовиш 912, активни 120Дебар 860, активни 56Берово 850, активни 116Делчево 845, активни 91Пробиштип 703, активни 103Виница 622, активни 83Валандово 525, активни 89Крушево 435, активни 124Богданци 410, активни 74Демир Капија 360, активни 82Кратово 333, активни 29Демир Хисар 326, активни 41Македонски Брод 303, активни 38Пехчево 235, активни 35Македонска Каменица 211, активни 17Дојран 114, активни 12 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Левица: Со два амандмани бараме одложување на пописот за 2022 и итно прекинување на пописот на дијаспората

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес 1 април, 2021 година, до претседателот на Собранието на Република Македонија (РМ), поднесоа два амандмани на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, којшто по скратена постапка беше поднесен од Владата на РМ, со цел пролонгирање на Пописот за месец септември, се вели во соопштението од Левица.Првиот амандман се однесува на Член 1, став (1), со кој се бара промена на зборовите „од 5 до 30 септември 2021 година“ со зборовите „1 до 21 април 2022 година“. Ова, имено беше и првичното барање на Левица откако ја започна својата кампања „Не отворам врата“. Амандманот го предлагаме со цел заштита на јавното здравје, предвидено како уставна должност на секој граѓанин, почитување на нормативната хиерархија и владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок, а во насока на почитување на препораките на Обединетите Нации – Департментот за статистика на ООН и Популациониот фонд на ОН.Другиот амандман се однесува на Член 2 од Законот, којшто предлагаме да се замени со Членот: „(1) Со денот на влегување во сила на овој закон, престанува самопопишувањето на лицата – државјани на РМ, кои се на привремена работа, или престој во странство“; (2) Државниот завод за статистика е должен да ја отстрани од својот веб сајт апликацијата за самопопишување на дијаспората“. Овој амандман го предлагаме со цел воедначување на применетата Методологија со препораките на Обединетите Нации и ЕУРОСТАТ.Потсетуваме дека, Левица и понатаму ќе работи во полза на промена на целата нерегуларна и несоодветна методологија во Законот, којашто не е по ниту еден меѓународен стандард, туку само по стандардите на коалициониот партнер на СДСМ – ДУИ.Како што соопштивме во нашето претходно соопштение денес, доколку не се донесе нов закон по сите меѓународни стандарди и со консензус на сите парламентарни партии, продолжуваме со нашата кампања, која е поддржана од народот, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kejt-Burnz

Брнз разговараше со Села и Гаши: Треба да бидете конструктивна опозиција

Американската амбасадорка во земјата, Кејт Брнз разговарала со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.На својот профил на социјалните мрежи, Брнз објави дека средбата била со цел да ја истакне потребата да бидат конструктивна и ангажирана опозиција.Таа им порачала дека треба да соработуваат со останатите, со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочува земјата во моментот.Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива претходно објави дека останува на ставот дека пописот не треба да се одложи. Во меѓувреме, во Собранието со 95 гласа „за“ и со 7 „против“ на пратениците од коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива , Собранието го усвои, предлогот да се расправа за измена на Законот за пописот со кој оваа статистичка операција ќе одложи за месец септември.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kicevo-ednojazicna-tabla

Кривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со албанско знаме

Против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи, поднесена е кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.Пријавата против 44-годишниот функционер е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело повреда на угледот на Република Северна Македонија.Како што се наведува во официјалното соопштение на МВР, тој на 25 март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“ дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде што се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.Притоа воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Северна Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пендаровски ја повлече војската од јужната и северната граница

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, се вели во соопштение од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.Од таму информираат дека Пендаровски како врховен командант му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, да постапи во согласност со новонастанатата ситуација.„Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19“, стои во соопштението, во кое се додава дека војската ќе биде вратена на јужната и северната граница доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-NVO-Racio-3

Битиќи: Минималната плата и во услови на криза продолжува да расте, нашата заложба е да достигне 18.000 денари, а просечната плата да изнесува 36.000 денари

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на новинарски прашања во врска со социјалниот дијалог за минимална плата, со кој се постигна договор истата да се зголеми за 1,7% и истата да изнесува 15.194 денари, истакна дека станува збор за позитивно решение, кое е донесено и во услови на криза, а притоа се вклучен сите страни: синдикатите, работодавачите, Владата и сите граѓани.„Ние во период на криза, а сметам дека тоа сите го признаваме, направивме исчекор, а тоа е зголемување на минималната плата од 1,7% и тоа е за поздравување, затоа што податоците укажуваат дека треба да се усогласи и минималната плата со критериумите, но искрено мораме еднаш засекогаш да сфатиме во нашата држава дека владеењето на правото почнува од нас самите. Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ, а ние во терминологијата и Државниот завод за статистика познава реален раст на БДП. Тоа е светска терминологија што се користи за бруто-домашниот производ и мерење на истиот. Синдикатите ценат дека тоа што е дефинирано како пораст, дека БДП може да биде само позитивен, ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од -4,5% и таму беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека ние треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниопт завод за статистика.Вицепремиерот одлучно посочи дека Владата има силна политичка волја да продолжи растот на минималната, но и просечната плата во државата.„Ние сме докажале дека политичка волја има. Јас сум тој којшто има кажано дека минималната плата се уште не е достоинствена, дека ќе работиме во добри услови. Кога ќе бидат условите такви ќе ја зголемиме минималната плата и до 18.000 денари, но денеска не е моментот да покажеме дали имаме или немаме политичка волја. Само пред 3 години минималната плата беше 8.500 денари во одредени сектори, 9.000 денари во сите сектори. Денеска е 15.194 денари. Тоа е политичка волја. Тоа е доказ дали сакаме или не сакаме“, кажа вицепремиерот.Вицепремиерот нагласи дека тој лично, но и Владата се на став дека минималната плата треба да биде и над 60% од просечната, но кога економијата ќе биде доволно продуктивна и ефикасна и креира раст којшто тоа може да си го дозволи.„Ние бевме на 40% на минималната плата од просечната плата. Достигнавме до 53,4%. Во овој момент тој е просекот. Да, стремиме кон 60%, но тоа се прави постепено и тоа ќе го достигнеме во еден даден момент. Во владината програма имаме кажано дека минималната плата треба да биде 18,000, а просечната плата 36,000. Тоа е точно тоа што сакаме сите да го гледаме. Ќе одиме уште подалеку, ќе стигнеме и до минимална плата од 22,000 денари кога нема да зборуваме за економска криза“, посочи вицепремиерот Битиќи во своите одговори на новинарските прашања во врска со висината на минималната плата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Притвор заради криумчарење на непријавена стока

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, поведе постапка за едно лице, жител на Рашка, Краљево, Р.Србија за кривично дело Криумчарење од член 278 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 30.3.2021 година околу 22.30 часот избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на ГП Богородица на влез во Република Северна Македонија во товарно моторно возило влекач марка „Mercedes Benz“ со косовски регистарски ознаки и полуприколка марка „Schmitz“ со косовски регистарски ознаки, сопственост на правното лице „N.SH Ari Transs“ од Приштина, пренел непријавена стока од поголема вредност во износ од 572.134 денари. Во возилото биле пренесувани 5 палети со 2760 килограми семе од пченка кои осомничениот не ги пријавил на царинските работници. Тој одгoварајќи на поставено прашање од царинските службеници, пријавил само дел од стоката за која имал документација, но поради сомневање во пријавената тежина на возилото при детален преглед на пријавената стока биле пронајдени уште 5 палети со семе од пченка.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство од причини што осомничениот е странски државјанин на наша соседна држава, потоа имајќи ја предвид тежината на стореното кривичнoто дело кое му се става на товар, обвинителството до Судијата на претходна постапка на Основен суд Гевгелија поднесе Предлог за определување притвор. Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Македонија | пред 5 години

01042021_PVRSM_MZ_SputnikV-3

Заев: Вакцините се здрави, меѓународно тестирани - колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба

Премиерот Заев и министерот Филипче за новата донација вакцини „Спутник В“: Обезбеден е континуитетот на процесот на вакцинација со можност за проширување на групите кои ќе бидат опфатени со имунизацијатаПретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја прифатија пратката на првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од компонентата 1 од вкупно 40-те илјади, кои како донација од Република Србија ги договорија владите на двете земји. Втората пратка од 20.000 „Спутник В“ вакцини од компoнентата 2, ќе бидат испорачани во наредниот период.Во изјавата за медиумите за овој настан премиерот Заев искажа благодарност за втората донација од Република Србија како многу важен чекор за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација.„Република Србија помогна со првите 8.000 вакцини од „Фајзер“ за да можеме да ги вакцинираме нашите херои, лекарите и медицинските сестри кои работат директно во Ковид центрите. Сега кога почна масовната вакцинaција во нашата земја и со 24.000 вакцини од „Астра&Зенека“ од КОВАКС системот, којшто започна вчера, за да не прекине динамиката и континуитетот на вакцинирање, овие два пати по 20.000 вакцини се навистина драгоцени, и јас уште еднаш ја изразувам нашата благодарност до претседателот на Србија Вучиќ и премиерката Брнабиќ“, истакна претседателот на Владата Заев.Премиерот Заев додаде дека покрај сите здравствени домови во државата, во кои почна масовната вакцинација, подготвена е и салата „Борис Трајковски“ и се подготвуваат други објекти за да тече без прекин имунизацијата.„Она коешто е исто така значајно и претставува моја должност и обврска да испратам порака до сите наши граѓани да влезат комплетно во системот на масовна вакцинација. Јас како претседател на Владата се пријавив во механизмот за онлајн пријавување за вакцинација. Владата и министрите го направија истото тоа апелирам до граѓаните и тие да се пријават.Вакцините се здрави, проверени, меѓународно тестирани и навистина колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател пандемијата од КОВИД-19“, нагласи премиерот Заев.Министерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека оваа нова количина од вакцините ќе биде вклучена во веќе започнатиот процес на масовна вакцинација против КОВИД-19, ќе го обезбеди континуитетот, и ќе ги прошири групите кои ќе бидат опфатени согласно Националниот план за имунизација.Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

vakcini-4

Владите на Северна Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“ од кои првата количина од 20.000 дози од компонентата 1 пристигнуваат денеска

Владата на Република Северна Македонија на денешната 60-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник В“ вакцини против КОВИД-19 и го прифати текстот на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против КОВИД-19.Со овој договор е обезбедена донацијата од вкупно 40.000 дози „Спутник В“, од кои 20.000 дози од компонента 1 ќе бидат испорачани денеска, а останатите 20.000 дози од компонента 2 во наредниот период.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Едно лице обвинето за употреба на лажна потврда за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.При проверка од службениците на аеродромот било утврдено дека станува збор за лажна исправа, која обвинетата ја прикажала како вистинска.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

01-04-2021-Bogdanovski

Богдановски: Државата ќе учествува во гасната централа „Александропули“, ја зголемуваме енегертската независност

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преземаат сериозни, стратешки чекори во обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност. Со потпишувањето на Меморандум за соработка на АД ЕСМ, АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе стане дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, истакна Далибор Богдановски , член на Комисија за енергетика на СДСМ.Богдановски додаде:Нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати. Проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Во инвестицијата во гасниот терминал предвидено е да имаме учество од 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра.Според планот до 2023 година во употреба треба да бидат ставени и гасниот терминал и гасната станица.Со овој сериозен, капитален проект, создаваме можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за државата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и натаму во регионот.Оваа инвестиција обезбедува капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без никакви ризици, во следните 15 години.Со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да добиеме снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други.Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи.Природниот гас е исклучително корисен енергенс бидејќи неговата употреба има широк опсег, во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, вклучително и производство на електрична енергија и топлина. Гасификацијата е клучна за економијата и носи придобивки и за граѓаните и за компаниите, но и за животната средина.Истовремено, овој сериозен капитален проект е потврда за партнерскиот однос на Република Северна Македонија и Република Грција, потврда за добрососедството меѓу двете земји.Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува одговорни, државнички политики во делот на енергетиката.Остануваме посветени на инвестиции во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да обезбедиме поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-11

Во сабота прво прскање против ларви од комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека на 03.04.2021 година (сабота), во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Popis_2021

Левица: Доколку не биде донесен нов Закон за попис, продолжуваме со кампањата „Не отворам врата“

Ја известуваме јавноста дека, имаме индиции за „одложувањето“ на донесувањето на нов Закон за попис, дека е намерно издејствувано и договорено, за да може кампањата на нелигитимниот попис сепак да започне. Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на пописен фалсификат. Фактот дека на лидерската средба беше одлучено да продолжи пописот во дијаспората, што патем е еден преседан во европската практика, јасно покажува дека обидот за фалсификат е само пролонгиран, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Имаме силни сомнежи дека во наредните неколку дена власта, ќе врши тивко попишување, со цел да се одолговлекува процесот на одложувањето на Законот за попис, колку што е можно подолго.Иако пописот изминатиов период беше целосно делигитимиран, очигледно е дека власта е спремна насилнички и противзаконски да го спроведе. А на ова укажуваат фактите дека:Македонија е единствена земја каде се попишува дијаспора;Единствената земја каде граѓани ќе се попишуваат само со давање на ЕМБГ;Единствената земја каде трети лица можат да даваат лични податоци кои се заштитени со меѓународни конвенции;Единствената земја каде во законот за попис јасно не се дефинирани документите за индетификација;Единствена земја каде на една партија (ДУИ) со само 15 пратеници во Собранието и е дадено моќ на ВЕТО;И на крај, единствена земја каде, членови на Владата, на државна сметка лобираат по други држави за попишувањето само на една етничка заедница!Народот нема да учествува во овој очигледен криминал и план за етнички инженеринг!Партијата Левица го повикува народот да пружи пасивен отпор и од денес да им каже големо НЕ на насилничките власти, доколку се дрзнат да го започнат пописот без донесување на нов Закон за попис по сите меѓународни стандарди и со консензус од сите парламентарни партии!Во спротивно сите заедно сплотени НЕ ОТВОРАМЕ ВРАТА на фингиран попис!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

PECURKA

Вандалски уништена фонтаната „Печурка“, која е во фаза на реконструкција

Вандалски е уништена фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33 000 денари, а случајот веднаш е пријавен в полиција.Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација.Фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

imunizacija

Наредени столчиња и ставени прегради, Филипче вика ќе вакцинира по 5000 луѓе на ден

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот, напиша на Твитер министерот за здрвство Венко Филипче.https://twitter.com/VFilipche/status/1377533708652195841?fbclid=IwAR22SRXjqtlS4Hytw6xr4kxnfnW3hKcGVFWYr9eIl29yQ23pL8V9-RU67zsизвор: Твитер Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

deca

Ова е дно: Украдени парите за лекувањето на Гоце од Брза помош, кој е хоспитализиран во приватна болница

„Вчера вечерта лице со „веспа“ ја украло кутијата со пари која се собира за лекување на возачот на брза помош - Гоце во центарот на Прилеп. Срамота, кај ќе му оди душата„, е само еден од коментарите на социјалните мрежи, кои се пишуваат под сликите со празно столче.А столчето, кое со кутија стоеше во центарот во Прилеп е наменето за собирање помош за лекување на нивниот сограѓанин Гоце Илиески, возач во прилепската брза помош, кој е заразен со Ковид-19 и се бори за живот во една од приватните болници во Скопје. Хуманите луге веќе 10 дена собираат помош за да се плати лекувањето на Гоце, а дополнително, покрај телефонските линии за донирање кутија на столче беше оставена и во центарот на градот. Но, како што се пишува по социјалните мрежи столчето остана празно, бидејќи припепчанец со „веспа“ ја украл кутијата со пари.

Македонија | пред 5 години

betonska-baza

Државниот инспекторат за животна средина затвори бетонска база во Скопско поради загадување на воздухот

Државниот инспекторат за животна средина затвори бетонска база во село Р’жаничино која работела без соодветна дозвола, а од неа и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации.Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во текот на март изврши неколку надзори во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ во село Р’жаничино.„Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрил за проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50м3. Но, базата работела со два силоси од по 50 тони, за кој капацитет било неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена. Покрај функционирањето без соодветна дозвола, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река“, велат од Инспекторатот.По утврдувањето на незаконското работење, додаваат од ДИЖЗС, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка.„Домаќинствата од блиската населба може да здивнат заради отстранувањето на овој загадувач што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Косовски државјанин од куќа во Скопје се обидел да укради обувки вредни 12.000 денари

Против 35-годишен државјанин на Република Косово Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети – обувки вредни 12.000 денари. Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка. ​​ фото: Архива

Скопје | пред 5 години

NAIM_ZORAN-ZAEV_MIRKO-UZELAC

Балканска патент иницијатива – нов проект на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија

Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM) го претстави својот нов проект „Балканска патент иницијатива“, кој е поздравен од сите национални асоцијации на пронаоѓачи во регионот и пошироко.Овој проект ќе им обезбеди на пронаоѓачите во регионот поголеми олеснувања при пријавувањата на нивните патенти, пред сè во соседните држави, но и пошироко, како во административна така и материјална смисла.Законот за патенти на Р. Северна Македонија, но и Европската патентна конвенција предвидуваат пријавувањето на домашен патент во друга држава да се врши преку овластен застапник, со што на пронаоѓачите им се зголемуваат трошоците и им се усложнува административната постапка. Со ова пред сè, се погодени иноваторите во својство на физички лица. Ваквата ситуација целосно го блокира протокот на патенти посебно помеѓу државите од бившите ЈУ простори, што е евидентно и лесно проверливо. За среќа, Законот за патенти како и Европската патентна конвенција дозволуваат билатерални државни спогодби, што овој проект го прави лесно остварлив.Од тие причини NAIM неодамна оствари работна средба со Премиерот на Р. Северна Македонија, Г-динот Зоран Заев. Беше преставена идејата за овој проект и начинот на неговата реализацијата. Премиерот изрази голем интерес и подршка на проектот, со што би се оплеменила и идеата за „мини Шенген“ кој на сите вклучени држави би им донел голем бенефит во секоја, а посебно во економска смисла.На оваа работна средба од страната на пронаоѓачите изнесени се и предлози за подобрување на ситуацијата врзана за реализација на домашните патенти. Во светот општо, патентите даваат висок придонес во домашните економии. Укажано е дека стапката на нашите реализирани домашни патенти, во однос на развиените земји е безначајна.За подобрување на ваквата ситуација потребна е поголема комуникација со државните институции од кои некои од нив, се недоволно наклонети кон домашните патенти, или воопшто не покажуваат интерес кон оваа дејност која во развиените држави завзема високо место. Исто така потребна е и меѓусебна комуникација помеѓу институциите по однос на подршката при реализација на патентите. Институции кои помалку или повеќе имаат поврзаност со патентите се: Фондот за иновации и технолошки развој, Стопанската комора на Р.С. Македонија, Министерство за економија, Министерство за образование, Државниот завод за Индустриска сопственост и др. Комуникацијата помеѓу овие институции по однос на домашните патенти е на многу ниско ниво, така што пронаоѓачите се принудени да талкаат од една до друга институција.Освен со Државниот завод за заштита на индустриска сопственост со кој NAIM има одлична соработка, со другите институции речиси и да нема комуникација, пред сè заради нивната незаинтересираност за домашните патенти и иновации.На оваа средба презентирани се и проблемите со кои се соочува NAIM при вршењето на својата мисија како и начините на нивно решавање, за што пред сè е потребно полно разбирање на важноста и улогата на NAIM за развојот на домашната економија и општество.Премиерот Зоран Заев изрази полно разбирање и спремност за подршка на NAIM и домашните иноватори.фото: Национална асоцијација на пронаоѓачи на Македонија

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

21 лице го прекршиле полицискиот час

Од 22.00 часот (31.03.2021) до 05.00 часот (01.04.2021) констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања