Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Меѓувладината конференција не ги отвара преговорите за ЕУ туку се заложува за спроведување на бугарските шовинистички барања, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
JOVANA-MOJSOVSKA-LEVICA

„Денеска во Брисел, врховистите од Македонија, на т.н. меѓувладина конференција, во име на македонскиот народ, пред Европската унија се заложија дека во иднина ќе ги спроведат сите барања на Бугарија како платформа за постепена бугаризација на Македонија“, вели Левица.

— реклама —

Тие додаваат:

Ваквата „меѓувладина конференција“ е уште еден преседан на Унијата, потполно непознат за правото на ЕУ и досегашната негова пракса. Со ова, Унијата, не само што, по којзнае кој пат, користејќи двојни аршини во интеграциските односи на Македонија спроведува дискриминаторски однос кон македонскиот народ, но и даваќи поддршка на Бугарија, директно учествува во рехабилитацијата на нео-фашизмот во Македонија.

— реклама —

Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација практично започна уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа дека првата направена отстапка, со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.

Кулминацијата на ваквото разнебитување го сведочиме токму денес на меѓувладината конференција во Брисел, со која македонизмот, како сламка за спасот на Владата, се жртвува на олтарот на ЕУ. На овој настан во Брисел, се создава лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека вистината е сосема друга – нема почеток на преговорите додека не се промени Уставот на Македонија по барање на Бугарија.

Ваквите преседани спроведени од ЕУ не само што ја разобличија маската за постоењето на некакви европски вредности, туку погазија и бројни принципи на меѓународното право, како и основните човекови права, кон чие почитување е активно обврзана секоја земја членка.

Со денешниот чин во Брисел, домашните предавници олицетворени во Владата на СДСМ и ДУИ, уште еднаш ја ставија Македонија во подредена положба на сранска држава, и за тоа, кога тогаш ќе ги стигне правдата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Македонија | пред 2 дена

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ со критика до власта: Кога тие владејат – другите да молчат

Македонија | пред 3 дена

inflacija

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори - ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Македонија | пред 6 дена

media-library9ajkrl0nolb9806Ea6j

Левица: Европскиот суд за човекови права отвори постапка во предметот на Апасиев против Џафери, за непостапување по референдумската иницијатива

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања