Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Македонија
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG
unsplash

„Денес пред Собранието се два предлог-закони поднесени од Левица кои отвораат две суштински прашања за животот на граѓаните: заштитата на работниците од најавените домашни контроли на боледувањата и државна поддршка за младите семејства при решавањето на станбеното прашање. Двете иницијативи доаѓаат во период кога Владата на ДПМНЕ посегна по надзор врз болните работници, додека премиерот Мицкоски демографската криза ја објаснува со потребата од промена на менталитетот на младите“, велат од Левица преку соопштение.

— реклама —

Од Левица реагираат на најавите за скратување од седум на пет дена на периодот на боледување што матичниот лекар може самостојно да го одобри, како и на можноста контролори од Фондот за здравствено осигурување да вршат проверки во домовите на работниците. Во најавите за ваквите контроли, според партијата, се вклучило и Министерството за внатрешни работи, со можност за полициска соработка.

Со првиот предлог-закон Левица бара седумте дена боледување што ги одобрува матичниот лекар да бидат заштитени со закон и да не можат да се скратуваат со подзаконски акти. Истовремено, се предлага изречна забрана за теренски проверки во домовите на работниците.

— реклама —

Вториот предлог се однесува на демографската состојба и финансиските тешкотии со кои се соочуваат младите семејства. Од партијата ја критикуваат Владата дека наместо да понуди конкретна поддршка, испраќа пораки за промена на менталитетот и потребата од зголемување на наталитетот.

— реклама —

Како показател за сериозноста на демографскиот проблем, Левица наведува дека во првата половина од 2026 година, 65 од вкупно 80 општини имале негативен природен прираст. Во истиот период, бројот на починати во Македонија бил поголем од бројот на новородени за 2.967 лица.

Предлогот на партијата предвидува државата да отпишува 20 проценти од првично одобрената главнина на станбениот кредит за прв дом за секое родено или посвоено дете, со вкупна поддршка до 100.000 евра.

— реклама —

Од Левица порачуваат дека младите семејства треба да добијат конкретна помош за решавање на станбеното прашање, наместо да се соочуваат со дополнителна економска неизвесност. Партијата го повика парламентарното мнозинство да ги разгледа предлозите и да овозможи суштинска расправа за нив, без автоматско отфрлање поради тоа што доаѓаат од опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 1 ден

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања