Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

anita_bezoska

Бежовска: Се очекува благ пораст на инфлацијата

Во Македонија има но и понатаму се очекува одреден степен на инфлација, вели гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежовска.Но според нејзините очекувања, таа нема да биде изразена во голем процент. Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија каде што, избегнувајќи да изнесува конкретни бројки, запрашана за очекувањата заклучно податоците за цените на прехранбените производи и на енергенсите во март, Бежовска вели:„Тука би се воздржала од поконкретни квантификации бидејќи само што започна целиот циклус на макроекономски проекции. Треба да се финализира до крај на април и на почетокот на мај да излеземе со нови бројки. Сега засега сите бројки упатуваат на нагорно поместување, но не е тоа некое исклучително повисоко ниво на инфлација“, рече гувернерката Бежовска.извор: Алсат

Македонија | пред 5 години

policija-2

МВР изрече 242 санкции во Скопје, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 242 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 15 за некористење сигурносен појас, 14 за непрописно престројување, девет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 59 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

maricic-1

Маричиќ шокираше, бараат државјанства без никакви документи, тоа е причината и за измените поради кои е блокирано Собранието

Oколу 800 лица се без документи, а 2.500 лица поднеле барања за државјанство, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на Сител.-Ние знаеме дека има околу 800 лица без документи и за нив е веќе направен закон според кој може да се регистрираат во системот, најпрво да добијат извод од матична книга, потоа и сите други документи, па да видиме дали остваруваат право на државјанство. Добивме и информација од МВР дека околу 2.500 барања има за државјанство. Тоа се бројките што ги слушнавме на маса, а се базирани според податоци од институциите се друго е на некоја политичка реторика. За оваа бројка на луѓе не би требало да има проблем, ниту за која било друга бројка ако ги направиме вистинските чекои и направиме закон за да се решат проблеми – рече Маричиќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

osmani

Османи: Односите со Бугарија се на најниско ниво

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека по неколкуте протестни ноти од Бугарија до земјава и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор, ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.На денешната презентација на француската Агенција за развој во МНР, Османи рече дека сепак остава простор за враќање на довербата помеѓу двете држави.– Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата помеѓу државите, на враќање на нормалната комуникација, на враќање на меѓусебната соработка, само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување – кажа Османи.Тој изрази надеж и додаде, дека е од интерес и на Бугарија, но и на целата ЕУ е да се фати јунскиот рок за започнување преговори, бидејќи по тоа како што рече процесот станува сè понепредвидлив, а тоа според него не е во интерес на регионот и не е во интерес на ЕУ.

Македонија | пред 5 години

juliana

Почина младата адвокатка, Јулијана Неделковска

Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој нашата драга другарка и колешка Јулијана, информираа денеска од „Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери“.– Јуле се грижеше за сите нас со цело свое битие и донесе радост и среќа на многумина. За жал, ние повеќе не можеме да ти возраќаме на твојата добрина. Невидлива сила прерано те оддели од најблиските, те оддели од сите нас. Ти беше ѕвезда и на земјата. Остави силен впечаток и резултати со секој твој настап – и како личност и како адвокат. Токму затоа толку силно, болно и молњевито се разнесе жалната вест за твојата прерана смрт. Кај сите што допре само плач, бол и неверување. Остави длабок белег во многу срца. Нека сјае на небото твојата ѕвезда Јуле. Греј ги сега душите на твоите блиски и на сите кои ќе им недостасуваш. И сама знаеш ангелу Наш, дека тоа се многу, многу луѓе. Ќе бидеш во вечен Наш спомен. Почивај во мир Јуле! Нека ти е вечна славата!, стои во нивната објава на Фејсбук.извор: „Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери“

Македонија | пред 5 години

IMG-2155

Маричиќ: Стејт департментот ги препозна напорите на Владата за реформи во правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување во вестите на Сител телевизија истакна дека е добро што од страна на Стејт департментот се препознаени напорите на Владата за реформи во правосудството и дека тие напори даваат резултати.-Нотирана е поголемо почитување на независноста на правосудството. Секако, има и слабости, но на нив веќе работиме преку зголемување на буџетот и ресурсите на судството и обвинителството, истакна министерот Маричиќ.Во однос на процесот на прочистување, Маричиќ истакна дека динамиката на работа на Судскиот совет е видлива и за пофалба.-За жал, во обвинителството и Советот на јавните обвинители нема таква динамика, но јас очекувам и верувам дека обвинителите ќе се оценуваат со новите критериуми.

Македонија | пред 5 години

ruskovska

Русковска крева раце за истрагите на СЈО

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за најновиот Извештај на Стејт департментот каде се нотира долгото траење на истрагите, над законските рокови, вели дека тоа е всушност проблем за предистрагите, за кои нема законски ограничувања, објави СДК.МК.„Точно е дека некои предистраги траат долго време, како што е таа за ‘Скопје 2014’, за Фондот за здравство и други кои многу доцна беа префрлени од некогашното СЈО, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Настрана што тие не се физички префрлени, туку се само впишани овде. Физички тука не се ни обвинителите што ги водат тие предистраги, па ако реферира некој од нив пред мене, во ред. Во спротивно, не знам што се случува со тие предистраги“, вели обвинителката Русковска за забелешката во Извештајот.Таа издвојува и неколку истраги кои траат подолго од законските 12 месеци, но вели дека не се многу на број и оти за пролонгираните има причина.„Во моментов условно кажано развлечена истрага е истрагата за перење пари ‘Империја’ која ги проби роковите од објективни причини. Подолг период се бараа вештаци за овој многу сложен предмет за перење пари, па на крајот тим професори од Економскиот факултет се согласи да го вештачи предметот. Тие се капацитетите на државата. Подолго траеше и истрагата за перење пари ‘Поштенска банка’, но и таа заврши, поднесено е обвинение. Уредно беа поднесувани барања и добивани дозволи од Вишото или од Републичкото јавно обвинителство за пролонгирањето на роковите за истрага“, вели Русковска.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

Naser-Selmani-6g6n6f4a4uqeclixb94jojtgapqmtjm84lw8ab7qijs

Пописот е добра обланда да се скријат сите други тајни договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, смета Селмани

Новинарот Насер Селмани во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека договорот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски е најмалку за пописот, туку тука се кријат други тајни договори.-Практично овој договор е за амнестија. Повторна амнестија на оние кои завршија во затвор под притисок на меѓународната заедница. Јас сум убеден дека во овој пакет покриен со одложување на пописот, во пакет ќе оди и блокирање на разговорите со Софија и Македонија ќе заборави на почнување преговори со ЕУ. Знаете зошто? Зашто ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ нема да сакаат преговори, зашто ако има преговори Македонија мора да се реформира и некои фигури од овие партии ќе мора да си заминат.Јас ви тврдам дека овие луѓе прават и геостратешко престројување. Во овој момент да му одите на испомош на Вучиќ, тоа е кратковидост. Во овој момент вие примате министер за одбрана на Кина. Нека дојде миистер за здравство. Не е прашањето само околу пописот, тоа е добра обланда да се скријат сите други тајни договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, смета Селмани.извор:ТВ 24

Македонија | пред 5 години

d-r-Panovski1

Пановски: Смртноста од „Фајзер“ е поголема спрема „Астразенека“, „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „Астразенека“ еден случај на 100.000

Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот, професор доктор Никола Пановски. Според него, сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит, објави А1ОН.„Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на ’Фајзер’ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од ’Фајзер’ е поголема од смртноста од ’Астразенека’. Од ’Фајзер’ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од ’Астразенека’ еден случај на 100.000“, вели микробиологот Пановски.И нему му е чудно ограничувањето со вакцината на „Астразенека“ да се вакцинираат само лица над 60 години кое веќе се применува на вакциналните пунктови откако синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека одлучиле да им веруваат на искуствата на Германија и Канада кои ја сопреа вакцинацијата на помлади лица со оваа вакцина.Микробиологот Пановски објаснува дека вакви забрани може да си дозволат земји кои имаат голем избор на вакцини.Текстот во целост на:  А1ОН.

Македонија | пред 5 години

korona-3

Мицкоски: Со животи и здравје се плаќа неспособноста на Владата

Денес 1.511 новозаразени од #COVID. 32 починати. Ова, освен што е катастрофа за која е одговорна Владата, е нивен срам и јад кој не се мие. Со животи и здравје се плаќа неспособноста на Владата. Наместо по вакцини, трчаа по провизии и затоа ова е резултатот. Во меѓувреме, крадењето продолжи како и вообичаено. Срам и брука, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Фото: Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Нова ужасна статистика: 1.511 нови случаи, 32 починати од корона

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.Регистрирани се 587 оздравени пациенти од:Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.Направени се 4.445 тестови преку: ИЈЗ-969, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-119, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, МАНУ-180, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-415, Биотек-344, Систина-329, лабораторија Лаор-256, Синлаб-67, Ремедика-51, Плодност – 0, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.345.Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 58218, активни 9654Прилеп 7061, активни 1078Куманово 6860, активни 870Тетово 6329, активни 611Гостивар 4548, активни 489Велес 4486, активни 696Кавадарци 4451, активни 721Битола 4419, активни 745Штип 4271, активни 439Охрид 4130, активни 750Струмица 3254, активни 338Струга 2678, активни 225Кочани 2244, активни 237Кичево 2011, активни 178Неготино 1932, активни 395Гевгелија 1827, активни 384Свети Николе 1267, активни 119Крива Паланка 1070, активни 105Ресен 1001, активни 159Радовиш 901, активни 114Дебар 859, активни 55Делчево 842, активни 88Берово 843, активни 117Пробиштип 695, активни 102Виница 611, активни 72Валандово 515, активни 82Крушево 433, активни 125Богданци 408, активни 74Демир Капија 355, активни 81Кратово 330, активни 28Демир Хисар 323, активни 41Македонски Брод 296, активни 31Пехчево 233, активни 33Македонска Каменица 208, активни 14Дојран 113, активни 12

Македонија | пред 5 години

instrument

(ВИДЕО) Изреволтиран маж го крши својот инструмент, вели: Поздрав до Филипче, нема свадби нема ништо само ми фаќа прашина

Утрово се појави видео на социјалната мрежа „Твитер“ каде маж го крши својот интрумент туба. Виновник наоѓа во Венко Филипче бидејќи, како што вели тој, веќе една година нема свадби ни журки, а интрументот дома му фаќал само прашина. https://twitter.com/taklabaz/status/1377205049147949056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1377205049147949056%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flider.mk%2Fvideo-maz-go-krshi-svojot-instrument-bidejkji-nema-svadbi-pozdrav-do-venko-filipche%2Fизвор: Твитер

Македонија | пред 5 години

31032021_PVRSM_ZPVRSM_ME_Dogovor_4

Заев: Со потпишаните договори за инвестиции во Александруполи ја осигуруваме енергетската иднина

„Официјално ја зацврстуваме соработката на полето на енергетиката со компании од соседна Република Грција. За таа цел се потпишани Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи“, истакна премиерот Зоран Заев на денешното потпишување на трите меморандуми за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“.Премиерот Заев рече дека Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.„Учествуваме со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати. Проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Во инвестицијата во гасниот терминал предвидено е да имаме 10 проценти учество со вредност од 370 милиони евра, поддржан од ЕУ. Планот е до 2023 година да биде пуштен гасниот терминал и гасната станица. Нашето вклучување во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александруполи во Грција, ќе создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.Целта на Владата e имплементирање на зеленото сценарио како најприфатливото за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки придобивки. Обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до нивни намалени трошоци, но и намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија“, изјави Заев.Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, истакна дека со договорите се утврдат условите согласно кои „НЕР АД“ ќе стане акционер во гасниот терминал, а „АД ЕСМ“ ќе учествува во постапката за закупување на капацитетите во Терминалот за течен гас во Александруполи, за период од 15 години, проект вреден над 380 милиони евра.„Оваа инвестиција обезбедува резервирање на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици, во следните 15 години. Со ова значително ќе се зголеми искористувањето и снабдувањето со природниот гас во државата и во регионот. Имајќи предвид дека нашите планови вклучуваат и нови гасоводни врски со Косово, Албанија и Србија, очекуваме и во овој дел значително да се подобри и унапреди соработката на регионално ниво. Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас, a целта е Северна Македонија да стане дел од енергетскиот хаб на Балканот. Ова е прв ваков проект во Југоисточна Европа на кои соработуваат повеќе држави. Со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други, или ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна“, рече Битиќи.Министерот за Економија Крешник Бектеши истакна дека Северна Македонија има амбициозен план за гасификација на целата земја.„За Владата изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните системи за гасовод, како и изградбата на системи за дистрибуција на природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Природниот гас е исклучително корисно гориво бидејќи неговата употреба има широк опсег, во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, вклучително и производство на електрична енергија и топлина. Гасификацијата е клучна за економијата и носи придобивки и за граѓаните и за компаниите, за животната средина и за општеството во целост“, изјави Бектеши.Меморандумите за соработка ги потпишуваа Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални енергетски ресурси -„НЕР АД“ Скопје, Васко Ковачевски, претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Северна Македонија – „А.Д ЕСМ“ како и Христос Копелузос, извршен директор на „Копелузос Груп“ и Костис Сифнеос , заменик-претседател на „Гастраејд“.Од страна на раководството на компаниите од Грција беше истакнато задоволство за почетокот на соработката и важноста за стратешко и комерцијално значење не само за компаниите, туку и за двете земји. На настанот беше присутен и Русос Кундурос, амбасадор на Грција, како и претставници на амбасадата на САД во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

Две родилки починаа од коронавирус, во критична состојба е и едното бебе

Во последното деноноќие две родилки починаа во болница како последица од Ковид-19. Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба, пишува Плусинфо.Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

poternica

МВР објави меѓународни потерници по наркобосовите кои се осомничени во истрагата за предметот „Планина“

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници по наркобосовите кои се осомничени во истрагата за предметот „Планина“. Највоздрасниот од нив  има 42 години, а најмладиот, пак, има 20 години.  По наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое се сомнева дека шетмината се избегани надвор од државата. Петмина од нив се од Грчец, а еден од Гази Баба. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.„Бајрами Седат, од т.Абдиљ м.Фазиле, роден 10.07.1989 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.18. Зендели Егзон, од т.Муамер м.Зумрије, роден 10.09.2000 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.21. Љатифи Бесир, од т.Вазул м.Назире, роден 30.09.1991 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„6“ бр.4. Љатифи Сенад, од т.Вазул м.Назире, роден 14.07.1994 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на у.„6“ бр.4.  Муареми Иљаз, од т.Беџет м.Фекрие, роден 01.09.1978 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.3. Рогачи Исмаил, од т.Насер м.Мируше, роден 08.03.1993 година во Скопје, каде и живее на ул.„Ордан Чопела“ бр.75-а“, се имињата на наркобосовите по кои се трага, објавени на страницата на МВР.Од Обвинителството не сакаат да образложат како осомничените успеале да избегаат, иако обвинителката Вилма Русковска кажа дека им биле следени комуникациите, но и физички биле пратени. Повикувајќи се дека е во интерес на постапката да не се споделуваат детали со јавноста, не одговараат ниту зошто акцијата била спроведена, во моменти кога се знаело дека е пробиена.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

damjanovski

Пензионираниот генерал Ристо Дамјановски почина од компликации на Ковид-19

По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката .Автор е на книгата „Востаната Македонија“ во 2001 година, а објавил и над 50 научно-стручни трудови во рамките на двата универзитета на кои бил професор, Друштвото за наука од Битола, Институтот за национална историја, МАНУ како и поголем број колумни со воено-политички, историски и други содржини, објавени во низа стручни списанија и во дневниот печат.Во пензионерските години генералот Дамјановски остана активен придонесувач во полето на одбраната и беше член на здружението „Клуб на генералите“.Погребот е извршен денеска на гробиштата во Бутел.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Наумоски и Мојсовски извршија увид во градежните работи на базенот во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски денеска извршија увид во градежните работи на првиот затворен базен во историјата на општината кој се гради во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.Ова е еден од шесте затворени базени кои ги гради Агенцијата во соработка со локалните самоуправи. Целиот проект опфаќа вкупно 14, а во наредниот месец се очекува АМС да распише тендер за нови 4 базени. Наменет е за учениците, но по часовите ќе може да го користат и рекреативци.Вложувањето во спортската инфраструктура, рече Наумоски, претставува вложување во раниот детски развој, градење здрави индивидуи и спортисти кои понатаму ќе ја градат својата кариера во нашата општина.-Сега со гордост може да кажеме дека силно ќе го развиваме и пливачкиот спорт, преку формирање пливачки клубови во следниот период – изјави Наумоски по увидот.Како што нагласи Мојсовски, пандемијата привремено го забавила темпото на работа.-Сега почнуваме повторно интензивно. До крајот на октомври или почетокот на ноември базенот ќе биде завршен. Со овие димензии на базенот се надевам дека ќе формираме и пливачки клуб во општина Ѓорче Петров. Ќе биде подобро што повеќе деца од училиштата да го користат – додаде директорот на АМС.Овој спортски објект е со димензии 20,40x30,35 метри со длабочина од 0,9 до 1,4 метри. Во склоп на базенот ќе има соблекувални и централен систем на загревање. Се гради по сите стандарди и истиот ќе биде енергетски ефикасен и рентабилен.Предивдениот рок за затворање на проектот е 18 месеци. Базенот е со вредност од 38 милиони денари.

Скопје | пред 5 години

31032021_PVRSM_MP_MVR_AAA_Sredba_3

Заев: Следните денови ќе се финализираат деталите околу Законот за државјанство

Претседателот на  Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите по средбата со координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи и пратеници од коалицијата  составена од Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива истакна дека во фокусот на средбата биле разговорите за измени и дополнување на Законот за државјанство.На средбата на која присуствуваат и министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, премиерот Заев посочи дека разговорот бил конструктивен и во следните денови ќе се финализираат деталите за добивање на трајно решение од интерес на граѓаните кои немаат државјанство.Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:„Да соопштам дека имавме конструктивен работен состанок на којшто претставниците од извршната власт ги слушнаа аргументациите по Предлог-законот за државјанство од Алијанса и Алтернатива претставени од нивните пратеници. За еден дел од работите веднаш изнајдовме решение и знаеме како ќе се решат работите, но за позначаен дел од работите заклучивме дека Владата треба да ги разгледа аргументациите, кои беа понудени од наративот и образложението на Алијанса и Алтернатива, како што и тие треба да ги разгледаат аргументациите кои беа понудени од страна на соодветните министри.Договоривме за една недела и ако може порано од една недела веднаш да се вратиме на основа на тие аргументации. Затоа што навистина треба и службите да застанат да ги разгледаат и да пронајдат трајно решение, како и кај нив во пратеничката група да ги разгледаат сите детали за да можат на крајот да ги усогласиме решенијата.Се согласивме дека таа бројка, иако е евидентирана на 1500-1600 лица, во матичната евиденција е некаде 800-850 луѓе, и е различна. Притоа разграничивме дека граѓани кои имаат извод од матична книга на евиденција, односно се родени тука, е една проблематика, и граѓани кои се стекнуваат со државјанство со природување, односно со женење, мажење во државата, се друга проблематика, и како да настапиме.Верувам дека во следните неколку дена интензивно ќе работат службите, пред сè јавната администрација и извршната власт, којашто денеска беше овде претставена, за да ги разгледа и разбере сите овие предлози кои ги дадоа двете опозициони партии АА и Алтернатива. Но, исто така очекувам да ги согледаат сите аргументации коишто беа дадени од соодветните министри во делокругот на оние предлози кои беа дадени од страна на извршната власт.Така на тој начин ќе потврдиме сите, дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани кои немаат државјанство да добијат државјанство, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, согласно меѓународната регулатива за државјанство и согласно сето она што претставува одржливост на решенијата за државјанство. Така што извадивме и примери кои постоеле од 2004 година во кои се решени многу повеќе илјади граѓани и тоа искуство ќе го искористиме се со конечна цел да имаме трајно одржливи решенија.“Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Idejni-resenija

Наградени три идејни решенија за нова зграда на Општина Аеродром

Избрани се првите три наградени идејни решенија за проектирање управна (општинска) зграда на Општина Аеродром.Комисијата, составена од претседателот проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски, ги избраа првите три идејни решенија од вкупно 22, што пристигнаа на објавениот конкурс.Овие три наградени решенија ќе добијат парични награди во висина од 300 000 денари за прво место, 100 000 денари за второ место и 50 000 денари за трето место.„Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Зградата ќе биде нова препознатлива точка отворена за сите и ќе претставува нов дом на сите аеродромци“, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.Тој додаде дека новата зграда има цел да ги зближи аеродромци, преку отвореност, комуникација и динамична атмосфера со која се создава чувство на заедништво.Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

rashko-960x720

(ФОТО) Рашкоски се враќа од Мексико, на аеродром го чекаат со сатиричен транспарент

Со сатиричен транспарент „Bienvenido Señor Rashko“ група граѓани се собраа да го пречекаат Драги Рашковски на скопскиот аеродром, објави Лидер.Секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски, се враќа од Мексико, откако денеска му истекува решението за кое Владата претходно информираше дека решението за годишен одмор му е со важност од 15 до 31 март.Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија.извор и фото: Лидер

Македонија | пред 5 години

31032021_ME_Press_1

Бектеши: Поддршка од 52 милиони денари за домаќинствата за субвенции за печки на пелети, ПВЦ прозорци и инсталирање на сончеви колектори и фотонапонски панели

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека Министерството за економија денеска објави четири јавни повици кои произлегуваат од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година.Оваа година во рамки на оваа програма се предвидени вкупно четири мерки во вкупен износ на финансиска поддршка од 52 милиони денари и тоа за: надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата, надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата како и надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата.„За мерката субвенции за печки на пелети оваа година во буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 14 милиони денари при што субвенцијата изнесува 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство со ниски приходи. За мерката субвенции за вградување на ПВЦ прозорци предвидени се вкупно 22 милиони денари. Финансиската поддршка изнесува до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за лица со ниски примања“, кажа министерот Бектеши.Како што информираше Бектеши, за субвенции за вградување на сончеви колектори за затоплување во домовите оваа година се наменети 8 милиони денари, а финансиската поддршка изнесува до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство, односно до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за лица со ниски приходи.„За субвенции за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење се наменети 8 милиони денари при што поддршката изнесува до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство“ кажа министерот.Според Министерот, корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се сметаат оние кои се вработени со месечни приходи до 30.000 денари, пензионери со нето месечни приходи до 20.000 денари, како и ранливите категории приматели на социјална помош, и додаде дека и на неколку новини во огласите оваа година.„Принципот „прв дојден прв услужен’’ ќе се применува и оваа година при што средствата од Програмата наменети за секоја мерка пооделно ќе бидат распределени според степенот на развој на секој од планските региони, со цел да се поттикне рамномерниот регионален развој. Распределбата по плански региони значи дека најмалку развиените региони во државата ќе добијат најголема дел од финансиската поддршка по сите четири мерки и обратно, најмалку средства се наменети за најразвиените региони во државата. Фискалните сметки за печките на пелети и за фотонапонските електрани ќе важат од 1-ви јануари 2021 година. За фотоволтаиците ќе може да се аплицира до 30.06.2021 година, бидејќи е нова мерката. Другите огласи ќе важат до 31.05.2021 година, освен ако порано не бидат исцрпени средствата“, потенцираше министерот Бектеши и додаде дека барателите ќе можат да го дополнуваат барањето, но во таков случај го губат местото и датумот кога аплицирале и датумот на последно комплетирање на барањето, ќе се смета за датум на аплицирање.Документацијата за аплицирање за добивање на овие субвенции е детално дефинирана во Јавните огласи кои што се објавени во два дневни весника, како и на веб страната на Министерството за економија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишен Битолчанец поради ширење на говор на омраза против египќаните преку социјални мрежи

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски ситем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(22) од Битола. Тој, на 21.02.2021 година, по објавен текст на охридски електронски весник, од својот фејсбук профил, напишал коментар со кој поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост, расна дискриминација, омаловажување.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Blagoja-Corevski-1

Чоревски: Бугарскиот јазик е сленг на македонскиот, тие се дојденци на местото каде што биле Македонците

Легендарниот актер Благоја Чоревски во гостување во емисијата „Магазин “ на Сител збоуваше за својата кариера и својот живот. Тој кажа дека студирал во Софија и таму има научено бугарски јазик.– Ние кога зборувавме македонски во Софија, не прашуваа дали сме српчета. Толку ни беше „близок“ јазикот. Никогаш не ни бил близок. По мене, бугарскиот јазик е сленг на македонскиот. Така да, тие се дојденци на местото каде што биле Македонците. И најлесно било, кога завладувале територии, да се разберат со Македонците, со староседелците, вели Чоревски.Чоре раскажа дека во Софија студирал и Мето Јовановски, Ванчо Петрушевски, Диме Станковски, Марин Бабиќ и раскажа случка од тоа време.-Во дипломата стои бугарски јазик. Ние учевме бугарски јазик. И си стои Македонец, изјави актерот.фото:НАША ТВ 

Македонија | пред 5 години

gorazd

(ВИДЕО) Позитива на денот - млад скопјанец читаше поезија во автобусот број 41

Горазд Китановски е млад скопјанец кој одвреме на време се обидува да ги обои монотоното, пандемиско секојдневие во кое што живееме повеќе една година, а тоа го прави читајќи поезија најчесто во автобусот број 41. Младите уметници поради коронакризата немаат можност да ги промовираат своите дела, но оние со креативни идеји секогаш го наоѓаат патот до публиката. Тој за канал 5 објаснува зошто токму автобусот е негова сцена.Автобусот е место каде што ние сме самите со себе и сме во лавиринт од нашите мисли додека гледаме низ прозорчето и си помислив колку би било кул доколку во автобус се направи промоција, пошто нели сега е забрането да се направи, но автобусот се собираме како и да е, па си реков да го искористам моментот ете да направам нешто, чудно можеби.Китановски во автобусот, но и на други места во градот им дава на сограѓаните ливчиња и ги охрабрува да напишат свој стих или барем по една реченица. Неговата идеја е таа збирка од писанија на граѓаните да ја вметне во книга наречена „НИЕ“, на која нема да има писателско име, туку ќе биде дело на Скопјани.извор:  Канал 5

Скопје | пред 5 години

vakcini-5

Хоспитализирана 28 годишна жена која се вакцинирала во Србија

Жена на возраст од 28 години од Македонија е хоспитализирана, откако се вакцинирала со вакцината АстраЗенека во Србија, објави ФОКУС.Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека немало претходни заболувања кај жената, а проблемите се појавиле после шест до седум дена од нејзиното вакцинирање.извор: ФОКУС.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања