Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bektesi

Бектеши: Ќе бараме од нашите соседи, и европските држави да ги прифатат таканаречените ковид-пасоши од нашата држава

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.„Ќе бараме од нашите соседи, и европските држави да ги прифатат таканаречените ковид-пасоши од нашата држава“, вели Бектеши.Бектеши, овојпат, не ја исклучи можноста за преговори со Грција за претстојната сезона.Бектеши денеска рече дека негова обврска како министер за економија е да го поттикнува туризмот во рамките на нашата земја.извор: макфакс

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Пронајдена дрога во патна торба на меѓуградската автобуска станица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

dragi-raskovski

Рашковски се враќа од одмор, ќе се истражува ли набавката како што кажа премиерот?

Секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски, се враќа од Мексико, откако денеска му истекува решението за кое Владата претходно информираше дека решението за годишен одмор му е со важност од 15 до 31 март.Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија, објави faktor.mk. Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.Премиерот Заев рече дека лично се уверил дека во набавката нема ништо спорно, но апелираше надлежните институции да го проверат случајот. Текстот во целост на: faktor.mk. 

Македонија | пред 5 години

televizija

Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

Вчера (30.03.2021) во периодот од 15.15 часот до 18.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за економски криминал ги лишиле од слобода В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници.Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист. Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема. По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-4

Поради зголемениот број хоспитализирани лица, се враќаат дежурствата на здравствените работнички со бебиња

Здравствените работнички што имаат бебиња и деца помали од 3 години наместо по 8 часа, со пациентите болни од ковид-19 во сите ковид-центри во државава ќе работат и дежурства, кои вклучуваат работа по 12 часа. Облечени во скафандери и целосно покриени, со маски и визири преку кои одвај дишат, здравствените работници повеќе од една година се на првата линија на фронтот на пандемијата. Борбата да спасат човечки животи им стана секојдневие.Од Министерството за здравство на прашањата на редакцијата на МКД.мк за мобилизирање на здравствените работници и за воведување дежурства на мајките што имаат бебиња и деца под 3 години, им одговориле дека оваа одлука ја носат директорите на здравствените установи и се повикаа на членот 217 од Законот за здравствена заштита.Но во овој случај никој од директорите конкретно не побарал да се донесе ваква одлука, туку Министерството за здравство оценило дека согласно со зголемениот број хоспитализирани, целиот медицински персонал треба да биде ставен на располагање.извор: МКД.мк

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Нов обид на Заев за деблокада на Собранието

Премиерот Зоран Заев по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, денеска има средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива.Средбата е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда, а поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.– Нека дојде и Левица ако мислат дека треба да бидат присутни. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев во понеделникот.Премиерот вчера повтори дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вчера на заедничка прес-конференција со првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека до тој момент не добиле покана за средбата што ја најави премиерот.– До денеска ниту јас, ниту Села не сме добиле покана од Заев за средбата. Се најавуваше, има конткати со нашиот кординатор, но не се знае точно во каков формат би се одржала и за што би се разговарало. Но, јасно е дека досега немаме покана за таква средба, рече Гаши, додавајќи дека ако добијат покана подготвени се да седнат и да разговараат.Меѓутоа, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари најави дека е можно оваа партија да не присуствува на средбата што ја најави премиерот Заев.Од друга страна, лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека доколку добијат покана за учество на средбата, ќе ја прифатат под услов таа да се одржи во Собранието. Според него, институциите се тие каде што треба да се решаваат политичките кризи, а не како што беше досега шетање по викендици и вили.Претседателот Стево Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност изјави дека очекува на средбата да биде постигнат компромис. 

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Дали Заев инсистира да го прати Фрчковски за амабсадор затоа што тој ја пишувал недобиената Нобелова награда на Заев?

-Мислам дека е огромен скандал за дипломатијата тоа што клучните амбасади подолг временски период не се пополнети, почнувајќи од Вашингтон. Доколку се вистините информациите кои што излегоа во јавноста, а никој до сега кредибилно не ги демантираше дека професорот Фрчковски бил предложен за амбасадор во САД и истиот не добил согласност со земјата домаќин да оди таму, мислам дека тука треба да застане секакво размислување за било каква дипломатска активност, без разлика што некој може да мисли дека може да има вакви или такви квалитети. Штом државата која треба да го прими како дипломат не дава согласност, нешто кое многу ретко се случува кога мора да има сериозно образложение позади целата работа тоа е јасна порака дека тука треба да заврши обидот за било каков ангажман после. Сега сакам јавно да прашам дали причината што Зоран Заев вака инсистира да го прати Фрчковски за амбасадор, е тоа што му должи затоа што Фрчковски и Нано Ружин ја пишуваа номинацијата за недобиената Нобелова награда на Зоран Заев и дали тогаш ветил кога ја пишувале таа номинација дека ќе го прати за амбасадор. Зоран Заев толку летна во облаци што мислеше дека Нобелова награда ќе добие, рече Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.Понатаму Николоски во своето гостување потсети дека Македонија имала претседавач во Генералното Собрание на Обединетите Нации и срамота е сега да се брука државата.-Доколку е вистина ова за Обединетите Нации навистина ја брукаме државата од причина што да не заборавиме оваа држава дала претседавач на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Срѓан Керим претседаваше со Генералното Собрание на Обединети Нации што е врв во дипломатијата и што е врв за една држава особено мала држава како Македонија. Сега вие во едни такви услови кога државата успеала таму да стигне до врвот што многу ретко се случува да пратите едни вакви компромитирани луѓе мислам дека ја навредувата и организацијата во која ги праќате во случајот тоа е врвната светска организација Обединетите нации, додаде Николоски. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-4

51 санкција за брзо возење во Скопје, 27 за некористење сигурносен појас

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

obvinitelstvo1

Според извештајот на Стејт департментот, обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици

Во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија, се посочува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите, објави СДК.МК.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

23 лица затекнати надвор за време на полициски час

Од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30/31.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcina-astra

Канадски експерти: Вакцината од „Астра зенека“ да не им се дава на лица помлади од 55 години

Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација, кој го надгледува спроведувањето на кампањата за вакцинација против коронавирусот, препорача вакцината од „Астра зенека“ да се прекине и да не им се дава на лица помлади од 55 години и побара нова анализа на ризикот од оваа вакцина заснован врз возраста и полот.Овој потег доаѓа како резултат на извештаите од Европа за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, крвавење и во некои случаи смрт по вакцинирањето, особено кај помладите жени.Не се пријавени такви случаи во Канада, а се користени приближно 307.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.„Она што го знаеме е дека постои значителна неизвесност во однос на придобивките од користењето на вакцината на ‘Астра зенека’ против коронавирусот кај луѓе под 55-годишна возраст“, ​​се вели во писмената препорака на НАЦИ.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

astra-zeneka

Филипче за ТВ 21: Вакцината „АстраЗенека“ нема да се дава на лица под 60 години

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ексклузивно откри дека вакцината АстраЗенека нема да се дава на лица под 60 години.„Денеска има нови ставови на Агенцијата за лекови во Канада и во Германија во кои укажуваат дека вакцината на АстраЗенека на лица под 60 години не се дава. Вечерва разговаравме, и ние заземавме став. Почнуваме секако со постарите граѓани, кај кои ваквите несакани ефекти не се случиле. Во меѓувреме ќе пратиме писмо до ЕМА, а до тогаш ќе ги примениме препораките на овие две земји.Значи овие вакцини нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Секако фокус се постарите граѓаните. Ќе се обратиме до ЕМА, ќе видиме што ќе биде одговорот и ќе постапуваме согласно нивните препораки“, рече Филипче.извор:  ТВ21

Македонија | пред 5 години

filipce-3

Филипче во #ClickPlus: Разочаран сум од Пендаровски, ефектот од неговото влијание е нула

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, го коментираше ставот на Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.Филипче одговори:„Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји.“, рече Филипче.извор: „Клик Плус“  ТВ21 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Палмер: Итно да почнат преговори со С.Македонија- никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг

Заменик-помошникот државен секретар на САД Метју Палмер вели дека е неопходно итно да се одржи Меѓувладината конференција за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија, апелирајќи уште еднаш спорот со Бугарија да се решава на билатерален начин, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик.„Сметаме дека Северна Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција, формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година“, рече Палмер.На прашањето за заканите од Бугарија Палмер вели:„Она што сакаме да го видиме е Северна Македонија и Бугарија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи, да ги држат тие проблеми надвор од мултилатерални формати, вклучувајќи го НАТО, и конкретно сега Европската Унија. Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг“, рече Палмер.

Македонија | пред 5 години

mkd-227838

Ременски вели изборите ќе бидат одложени уште еднаш и тоа не заради КОВИД

Можам да се опкладам дека локалните избори ќе бидат одложени уште еднаш, освен договореното одложување од вчера, но не заради Ковид 19.Зошто ⁉️Да не расипувам расположение, ќе објаснам наскоро, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Извор: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот”

Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот” кој го организираше тимот на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.Мотивацијата е клучна за успех на секој поединец, па затоа ме радува фактот што вакви мотивациски настани се организирани од страна на студентите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Георгиески во објавата додава:Во рамки на настанот своите успешни бизнис приказни во делот на хотелиерството и угостителството ги споделија говорниците Дамир Бошњак и Бранко Попоски.Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да даде поддршка на вакви настани, кои даваат придонес во делот на образованието и туристичкиот бизнис, како главна основа на економскиот развој на Охрид.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

30032020_PVRSM_upissredniuchilishta-6

Заев: За прв пат со конкурсот за упис во средните училишта - младите добиваат пракса и сигурно вработување, а компаниите квалификуван и подготвен кадар

„Од оваа есен започнува имплементацијата на образовен процес низ кој учениците добиваат пракса и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски“, истакна премиерот Заев на денешната прес-конференција каде заедно со Министерството за образование и наука и претставниците на стопанските комори во земјата, ги сумираа резултатите од кампањата „Учи паметно, работи стручно“.На прес-конференцијата беше презентиран Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2021 – 2022 година, во кој за прв пат значајно место имаат училиштата со паралелки за стручно образование.Премиерот Заев изрази задоволство од успешното спроведување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за стручно образование и им се заблагодари на сите вклучени чинители и поддржувачи.„Од исклучителна важност е поддршката за афирмација и за придобивките од стручното образование што во континуитет ја добиваме од нашите пријатели - Швајцарската Амбасада. Тука сакам да им се заблагодарам и на Германија и другите земји, како и пријателите од УСАИД и УНДП. Особена благодарност заслужуваат стопанските комори и сите компании одделно кои дадоа огромна поддршка во кампањата, а со тоа и на концептот за стручно образование како еден дел од сеопфатната реформа на нашиот образовен систем“, рече премиерот Заев.Во знак на поддршка на новиот модел на стручно образование Владата воведе нови стипендии за ученици кои ќе се запишат во средните училишта за стручно оспособување, како сериозна поддршка за оваа нивна определба.„Успешната завршница на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, како и внимателно подготвениот конкурс кој ги зеде сите аспекти од инклузивниот процес, се израз на нашиот сериозен пристап во унапредувањето на секој сегмент, на секоја коцка од мозаикот на реформираниот образовен систем“, заклучи премиерот Заев.Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека за прв пат имаме уписна политика која е креирана преку една заедничка соработка помеѓу министерството, локалната самоуправа и компаниите.„Со конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година, во 109 средни училишта предвидуваме вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија“, објасни Царовска.Министерката подвлече дека стручното образование станува интересно за младите и поради проширувањето на концептот на дуално образование - современ концепт на едукација кој обезбедува повеќе практична обука за учениците и тоа директно во компании.„Со новиот конкурс оваа година отвораме 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик во 11  паралелки кои се од веќе постоечки програми, а 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училиштата и компаниите“, додаде Царовска и упати апел до сите 19.389 деветтоодделенци, при изборот на образование да ја имаат предвид информацијата за тоа колку одреден тип на образование нуди можности за вработување и безбедна и перспективна иднина. Дополнително порача дека има 10 кратно зголемување на стипендиите кои се доделуваат за ученици запишани  во средно стручно образование.„Атрактивноста на средното стручно образование дополнително ќе ја стимулираме и со обезбедување на фонд од 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари. Учениците кои ќе се запишат во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани истакна дека има значително модернизиран образовен систем во делот на стручното образование.„Стручното образование со проширен дуален концепт на едукација е интересен за младите затоа што обезбедува повеќе учење преку работа, а помалку учење теорија, но и концепт кој е стимулиран со средства за стипендирање на оние кои ќе одлучат да учат стручно во дуални паралелки“, рече заменик министерот и апелираше до младите да го разгледаат конкурсот, да ги видат слободните места, но и добро да се информираат за сите придобивки кои ги нуди стручната едукација и тоа да биде приоритетен избор при уписите во средно.Претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија Бранко Азески истакна дека за реалниот сектор, стручното образование е важно за создавање на стручен и квалитетен кадар. Тоа го потврди и анализата во која учествуваа 450 компании, од кои дури 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава.Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни: од 14ти до 17ти јуни, од 23ти до 25ти јуни, и на 30 јуни 2021 година.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

korona1

И денеска многу починати, дури 33 лица ја изгубија битката со коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес - 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево - 1.Регистрирани се 868 оздравени пациенти од:Скопје – 421, Охрид – 55, Куманово – 50, Прилеп – 46, Велес – 35, Кавадарци – 27, Неготино и Гевгелија – по 25, Штип и Струмица – по 20, Битола – 19, Гостивар – 17, Тетово и Струга – по 16, Кичево – 14, Кочани и Радовиш – по 12, Берово – 7, Кратово – 5, Крива Паланка и Крушево – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци – по 2, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.Направени се 3.948 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-40, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-144, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Авицена-314, Биотек-337, Систина-285, лабораторија Лаор-176, Синлаб-112, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.557.Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 57564, активни 9329Прилеп 6997, активни 1047Куманово 6744, активни 782Тетово 6273, активни 577Гостивар 4493, активни 453Велес 4418, активни 652Кавадарци 4407, активни 697Битола 4333, активни 677Штип 4227, активни 410Охрид 4086, активни 709Струмица 3216, активни 315Струга 2667, активни 215Кочани 2229, активни 227Кичево 1986, активни 158Неготино 1910, активни 389Гевгелија 1792, активни 363Свети Николе 1256, активни 111Крива Паланка 1061, активни 104Ресен 992, активни 155Радовиш 886, активни 101Дебар 848, активни 44Делчево 840, активни 88Берово 832, активни 112Пробиштип 681, активни 93Виница 600, активни 63Валандово 505, активни 74Крушево 431, активни 129Богданци 401, активни 70Демир Капија 353, активни 81Кратово 326, активни 24Демир Хисар 322, активни 43Македонски Брод 292, активни 30Пехчево 230, активни 30Македонска Каменица 203, активни 9Дојран 110, активни 9фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pendarovski-1-1

Пендаровски: Да сликите од Србија се израз на солидарност, но тие слики не се за фалење

Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење, напипа на својот ФБ профил претседателот Стево Пендаровски.Пендаровски во објавата додава:Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.извор: ФБ Стево Пендаровски

Македонија | пред 5 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Вицепремиерот Николовски не бара разрешување на Рашковски - за него не важел етичкиот кодекс

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра, кој не го користи ниедна институција, објави  360 степени.На прашање од „360 степени“ – дали ќе предложи Рашковски да се повлече од функцијата, по примерот на екс-директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за која токму Николовски лани побара да понесе политичка одговорност додека паралелно тече истрага за случајот, вицепремиерот за борба против корупцијата денеска изјави дека станува збор за различни случаи.Според објаснувањето, предлогот за разрешување на Димова следувал откако финансиската полиција покренала кривична пријава, а се повика и на владиниот Кодекс за етичко однесување, алудирајќи дека функцијата на Рашковски не е опфатена со тој документ. Етичкиот кодекс, вели Николовски, важи за сите министри, заменик-министри и за сите функционери именувани од Владата.Актуелната функција на Рашковски, пак, Владата ја воведе лани, со одлука за проширување на канцеларијата на премиерот со три нови секретаријати: Секретаријат за организација и администрација на работата на претседателот на Владата; Секретаријат за комуникации и јавни политики и Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата. Токму со последниот секретаријат раководи Рашковски. За овие именувања (или разрешувања) решава премиерот.Повеќе на 360 степени

Македонија | пред 5 години

korona5

Божиновски: Филипче вели дека нема потреба од нови мерки, нема да имаат резултат, - состојбата вели нема потреба од Филипче, нема резултат

Граѓаните не се сложуваат со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека нема потреба од нови зајакнати мерки против КОВИД 19 во време кога дневно имаме над 1000 позитивни лица и по 40 тина смрттни случаи. Според министерот „Вирусот е премногу распространет, нема поента во нови мерки“.На својот својот ФБ профил Божидар Божиновски пак пишува:“Филипче вели дека нема потреба од нови мерки, нема да имаат резултат. Состојбата на терен вели дека нема потреба од Филипче, нема резултат”, пишува во својата објава на ФБ  Божидар Божиновски. извор: ФБ Божидар Божиновски

Македонија | пред 5 години

filipce

Се спука Филипче со Пендаровски: Изостана поддршката од вас, требаше да играте значајна улога

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Реакцијата на Филипче доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски по советот за безбадност денеска искажа благодарност до соседна Србија, затоа што таму се вакцинираа многу наши граѓани, но додаде дека ова не смее да се повтори.„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија да се вакцинираат едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно, државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, истакна меѓу другото Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

trifun

Трифун Костовски му коментираше на Џамбазов: Не си криминалец

Дете, не се секирај! Ниту си бил, ниту ќе бидиш криминалец!!! Имаш една мана! Ти си БРЕНД. Чувајго. Поздрав извор: ФБ Игор Џамбазов

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-3

37-годишен маж пронајден починат на улица во Аеродром

Во полициската станица во Аеродром, во вечерните часови на 29 март од страна на лекари од итната медициска помош било пријавено дека на улицата „Фрањо Клуз“ бил пронајден починат 37-годишниот П.М. од Скопје.Од екипа на брзата помош била констатирана смрт без траги на насилство.За настанот известен е и Jавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. На местото увид извршила екипа на СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

20160610145505-1024x502

Владата го одобри меморандумот за соработка со Бехтел&Енка за изградба на автопатските делници Тетово - Гостивар - Букојчани, Требеништа - Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Владата денеска го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу компаниите Бехтел&Енка (Bechtel&Enka) и Владата на Република Северна Македонија за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово - Гостивар - Букојчани, и Требеништа - Струга – Ќафасан, од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10д.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања