Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

popis-696x522

Владата ги достави во Собрание измените на Законот за попис

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.До Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година.Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-3

Пендаровски: Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава, мора да пружиме здравствена заштита тука

Претседателот Стево Пендаровски по Денешната седница на Советот за безбедност истакна дека Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука.Пендаровски искажа благодарност до соседна Србија, затоа што таму се вакцинираа многу наши граѓани, но додаде дека ова не смее да се повтори.„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија да се вакцинираат едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно, државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс, кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира“, истакна Пендаровски.Тој апелираше до приватните болници да ги намалат цените за лекување на ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит.Претседателот рече и дека здравствените капацитети се искористени до максимум, но државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Венко Филипче, пак, добил уверување дека такво нешто не се случило досега ниту ќе се случи во иднина.Во однос на вакцинацијата на државниот врв и на другите функционери, шефот на државата рече дека на денешната седница се договориле, за да нема сомнеж дека некој ја злоупотребил позицијата, секој да се пријави за вакцина на интернет-страницата на Министерството за здравство, како и секој друг граѓанин на државата и да биде вакциниран тогаш кога ќе му дојде редот.На денешната седница на Советот за безбадност  покрај редовните членови, присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски. фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

ulici-skopje

Колариќ до Шилегов: Го кршите член 8 од Законот, таму јасно стои дека не смее да се врши промена на улици шест месеци пред избори или една година пред попис

Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на советот, истакна дека една година градот и граѓаните се соочуваат со корона пандемија, а градоначалникот наместо да се фати за решавање на проблемите на скопјани, сака да врши грабеж на граѓаните и фирмите преку преименување на улиците.Една година делиме еден голем предизвик во градот односно се справуваме со пандемија чума во градот, корона пандемија, смрт за голем број на граѓани, борба за преживување без последици и борба за опстанок. Секоја седница, барем една до две точки требаше да ни е појдовна основа за еден нов пристап на разговор и нов пристап на гледање на работите, нов пристап за решавање на круцијалните прашања кои што ги тиштат граѓаните. Очекував во најмала рака нова стратегија од вас градски татко.Независно дали истата ќе ве чини кариера вас или нас, или нови мандати, требаше да ги одбереме граѓаните. На сметка на ова два месеци февруари а сега и март ние разговараме за предлог листа, сега за листа на нови имиња на улици. Зар не треба да борите во овој период да амортизирате други прашања кои што се многу битни и клучни за граѓаните, како што е социјална кохезија и меѓуетнички мир, како што е амортизација на економски притисок, меѓутоа и реформски предизвици кои што ќе нанесат штета на граѓаните и на фирмите. Требаше да се осврнеме и да бараме решение да се амортизираат проблемите на граѓаните во оваа време невреме, но вие изгледа во услови на безидејност, слабост, како сакате толкувајте го, но јас го толкувам вака. Вие наместо да се соочите со маките на граѓаните, почнавте да раздавате имиња на улици, а во суштина вие веројатно планирате да направите грабеж и собирање од народот и пред се од фирмите, рече Колариќ.Колариќ истакна дека Шилегов директно го крши член 8 од Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во кој децидно стои дека не треба да се вршат промени на улици шест месеци пред локалните, претседателски или парламентарни избори, како и дека една година пред година пред планиран попис.Не знам на кога да верувам, вие се декларирате дека сте правник, па затоа членот 8 е многу дециден и јасен од Законот за именување на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, и јасно стои дека промена на имиња на улици не треба да се вршат шест месеци пред локални, парламентарни, претседателски избори. Локалните избори еве ги за шест месеци доаѓаат. Но многу поголемо и суштинско значење е другата реченица, во која се вели дека една година пред планиран попис вие не смеете да ги менувате имињата на улиците. Зошто го правите ова, зошто го кршите законот? Зошто газите по законот за определување на имиња, на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни проекти, праша Колари.Колариќ побара од Шилегов да ја повлече оваа точка и да се откаже од ваквата промена на имиња на улици, укажувајќи дека ниту граѓаните, ниту општините не се прашани за овој предлог.Сега кога нас ни се битно само адресите на продавници за храна и аптеки и банки и пунктови каде има лаборатории, доктори и кој прегледува и пунктови за вакцини, вие одлучивте да зборувате за имиња и презимиња и листа на нови имиња и презимиња на сокаци, на сокаци со дупки, на сокаци за кои што ниту куќните совети, ниту граѓаните, ниту општините не се прашани. Каде ви се во прилог мислењата од општините? Зошто не ги приложивте материјалите, дајте да ги видиме. Зошто нетранспарентно сакате да го обезличите градот? Зар сега беше прашање и тема да се зборува за имиња и презимиња на улици? Па имињата треба да откријат нешто од историјата, треба да бидат од значење од генологијата, етнологијата, места каде што живееле трговци да ги означиме, каде што се одржувале игри, спортови, каде што живееле истакнати семејства. Па дури и состојбите на улиците ако се ископани со ѓубре треба да добијат и соодветен назив, па имаме толку цркви, џамии, имаме голем број на историски личности и настани. Ние се врзавме само на имиња и презимиња од паушална направена анкета која што траеше само десет дена во период кога сите бевме на одмор. И вие зборувате за транспарентност. Не е точно. Ако зборувавте за транспарентност ќе направевте една проширена анкета, каде што ќе ги вклучивте сите оние луѓе, археолози, историчари, етнолози, вели Колариќ.Со ова раздавање на имиња и презимиња на улиците вие всушност сакате да направите грабеж и да ги соберете парите од граѓаните и од фирмите затоа што секоја промена ќе значи и нови промени во документи, табли на улици, називи, во личната документација, долг е патот за сплотување градоначалник, но многу е краток за разединување. Неколку пати сум ве слушнала јас ги планирам работите подолго и сакам да ги направам такви какви што треба да бидат, па еве ви шанса градоначалник дајте повлечете ги овие точки, еве ви шанса, дајте нова методологија да го накитеме градот со убави имиња и презимиња, дајте нов метод, дајте друг вид на расправа, објасни Колариќ.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

igor-dzambazov

Џамбазов ќе тужи медиуми за да го врати кредитот: Спремен сум да ги понесам последиците

Ех, да се сите криминалци како мене, кај ќе ни беше крајот...Драг мој народе,денес низ медиумите осамна соопштение од страна на оштетените штедачи од Еуростандард банка, во кое е спомнато и моето име. Во него се изнесени аргументи, кои во несебична помош на дел од медиумите, станаа невистини кои морам да ги демантирам, објави на својот ФБ профил шоуменот Игор Џамбазов .Џамбазов во објавата додава:1. Точно е дека Друштвото „Брачна игра“ на 31.07.2017 година, зема кредит од Еуростандард банка во висина од 700.000 денари. Повторувам... денари. Милионите, ама во евра, ги земаа некои други. Кредитот беше земен по најрегуларен пат, како и многу други фирми од областа на културата кои се обидуваа не само да преживеат, туку и да создадат некаква вредност на уметничкиот пазар, и беше наменет за два нови проекти во театарот.2. НЕ Е ТОЧНО дека „Брачна игра“ не вратила ниту денар. Досега се вратени 324.736 денари. Значи, скоро половина. Тоа го кажуваат и документите што ни ги испрати банката. Треба да се врати остатокот, плус каматите.3. НЕ Е ТОЧНО дека Друштвото „Брачна игра“ во време на земањето на кредитот немала приходи и пливала во долгови. Работевме и повеќе од солидно, Фирмата имаше само еден долг кон една скопска фирма вклучена во еден од проектите, кој навистина не беше голем. Можеби колку една плата. Вториот долг е долгот кон банката.4. Друштвото „Брачна игра“ не е во стечај, за што постои и документ од Централниот регистар. Само што не функционира од веќе познатите причини, како и 90 проценти од фирмите.Кредитот беше враќан сè до крајот на 2019 година. Идејата ни беше да направиме нов проект, и во 2020 година од приходот, да си го вратиме долгот. Потоа дојде короната, и сè како застана. Но никој, никогаш не помислил на можноста кредитот да не се врати. Еве, и сега чекаме на одговор од банката за начинот на враќање, бидејќи добивме опомена преку писмо, дека треба да си го подмириме долгот, што е нормално. Постојат две опции: Договор со банката за продолжување на плаќање на кредитот, или комплетна отплата преку некоја друга банка, за што постои законска можност. Се надевам дека ова набргу ќе се случи, и оваа тажна приказна ќе заврши.И за крај. Јас, Игор Џамбазов, сум подготвен да ги сносам сите правни последици. Моралните веќе ги сносам, благодарјќи им на медиумите за кои сензационализмот е секогаш пред вистината. Такви биле такви и ќе останат.За среќа, оние што ме сакаат и почитуваат (а само за нив и ми е гајле во животот) добро знаат дека јас сум чесен човек. За жал, животот ме натерал понекогаш да се дружам и со тие, нечесните. За среќа, повеќе не.Да, и ќе заборавев. Сите медиуми што во своите наслови напишаа дека Игор Џамбазов не вратил ниту денар, а особено оние кои кажаа дека сум вмешан во криминалот на Еуростандард банка, ќе мораат да го докажат тоа на суд.Таман да го вратиме кредитот.А сега вратете се на пописот, ковидот, името, племето, семето, знамето...а да, ќе заборавев...и мамето.Добри луѓе,ве сака Ваш Игор.Ова беше наменето за лошите.извор: ФБ Игор Џамбазов

Македонија | пред 5 години

1-6

(ФОТО) Се асфалтираат тротоарите на улицата „15 Корпус“

Ги асфалтиравме тротоарите на улицата „15 Корпус“. Работите интензивно се одвиваат.Претходно се работеше на нови приклучоци на водоводната линија и се постави нова атмосферска канализација. Се уредија тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на коловозот, а на дел од улицата поставивме и ново улично осветлување. Инфраструктирните решенија за градот придонесуваат кон модерен и безбеден сообраќај за сите учесници. извор: ФБ Константин Георгиески

Скопје | пред 5 години

policija-4

48 кривични пријави за 20 дена на подрачјето на Скопје за непочитување на забраната за движење, 19 за групирања

Секторот за внатрешни работи Скопје преку своите надлежни организациски единици до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе вкупно 48 кривични пријави и две известувања против 55 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле 55 кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 10.03.2021 до 29.03.2021 година тие се движеле без дозвола за движење за време на забраната за движење од 22.00 до 05.00 часот.Воедно, за констатирани групирања на лица на јавно место или на домашни прослави, спротивно на донесените мерки, како и групирање во угостителски објекти или задржување во нив по работното време, спротивно на воспоставените протоколи, а кои се констатирани во првото тромесечје од 2021 година, заклучно со 29.03.2021 до Основното јавно обвинителство во Скопје се доставени и вкупно 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице.СВР Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат до забраните за движење и да ги почитувааат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ковид-19.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

frckovski

Му најдоа амбасадорско место на Фрчковски, а?

Љубомир Фрчкоски ќе биде шеф на Мисијата на Република С. Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, дознава „360 степени“.Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Нема потреба од построги мерки, според ова секако ќе умреме, значи нема потреба од министер за здравство

Пошто министерот вика дека нема потреба од построги мерки, бидејќи вирусот е секако многу раширен. Значи дека секако ќе умреме, па автоматски нема потреба од министер за здравство, па велам оставче едно можеш комотно да си поднесеш, се вели во објава на Твитер.https://twitter.com/arslajemenibog/status/1376899266518605824?s=21&fbclid=IwAR14b-PlKrWzrl0_0kZniMJiQ7zJvHiOz_l_UdHbt4-_pquDygUfKA4lMAQизвор: ТВИТЕР

Македонија | пред 5 години

Screenshot_17

„Кога можеше нешто да се смени туркавте попис“, реакција на „Мерките нема да се ефикасни, вирусот е раширен“

“Нема потреба од нови мерки затоа што нема да се ефикасни, вирусот е премногу раширен” - ФилипчеКога можеше нешто да се смени туркавте попис. Сега имаме по 40 мртви на ден, по 1400 нови случаи. И не е ова случајно, заради политички поени сме стигнати до овој геноцид. Имате крв и земја од мртвите и солзи од тие после на рацете, сите, од премиер преку министер па се до најдолните пци шо ги чувате.Тие што не донесоа мерки на време, вакцини и што политиката им беше пред животот имаат и име и презиме. А и одговорност ќе имаат. На другиве Бог нека ви прости, околината тешко...“ ,пишува на „Фејсбук“, Божидар Божиновски.

Коментари | пред 5 години

pistol_001

МВР расчисти убиство од 2017, поднесена кривична пријава за „убиство“

Одделот за криминалистичка полиција - Секторот за општ и насилен криминал заедно со СВР Тетово до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот законик, против лицето А.А.(26) од Гостивар.По преземени низа на мерки и активности од страна на полициските службеници, расчистено е кривичното дело „убиство“, извршено во ноември 2017 година, при што А.А. со огнено оружје го убил Б.И. од Скопје и неговото безживотно тело го оставил на локалниот пат кај с.Стримница, тетовско.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

page

(ФОТО) Синот на Жерновски учествувал во страшна сообраќајка, автомобилите искршени

Синот на ексградоначалникот на Центар и член на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски учествувал во тешка сообраќајна несреќа во близина на Владата на Република Македонија. Автомобил марка „Мерцедес“, управуван од синот на Жерновски се забил со голема брзина во друг автомобил марка Масерати Левант, пишува „Инфомакс“.Автомобилот марка Мерцедес за малку не се забил во еден од рестораните во близина на местото на несреќата.За среќа поради вклучувањето на воздушните перничиња била избегната поголема штета и биле спасени животите на учесниците во несреќата. Жерновски објаснил за „Инфомакс“ дека син му е добар.Извор/фото: Инфомакс.мк

Скопје | пред 5 години

kicevo-ednojazicna-tabla

Левица им се стави до крај: Без престан се бара одговорнсот за еднојазичната табла во Кичево

Директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ од Кичево, Мазлам Османи,  демонстрира  врвно непочитување кон државата и институцијата со која раководи. Покрај тоа што на официјалните плакати и други материјали веќе некое време избегнува да го напише името на установата, па место НУЦК „Кочо Рацин“ на истите стои само Центар за култура-Кичево, сега искажувањето на своето непочитување го има подигнато на повисоко ниво.Деновиве  во библиотеката е поставена ЕДНОЈАЗИЧНА табла “Republika e Shqipërisë”, во функција на патоказ до место на кое се поставени два компјутери преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, а со димензии и дизајн небаре таму е сместен државниот архив на соседната држава!Станува збор за груба провокација преку уште погрубо кршење на законите. Двојните аршини, неспособноста на власта да организира владеење на правото на својата територија резултираат државни чиновници да се закануваат со казни какви што не се предвидени со ниту еден позитивен закон во државата.Непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната од страна на функционерите на ДУИ е пракса која со години се толерира, додека парадоксално претседателот Пендаровски инстантно реагира кога е во прашање непочитување на симболи на други држави. Левица бара итно санкционирање на директорот Османи и отстранување на еднојазичната табла.

Македонија | пред 5 години

filipce

Од ноември до сега за 50 отсто зголемени болничките капацитети, тоа за Филипче е справување со короната

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните. Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети. Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_14

Нови детали за таткото на Ѓорчев кој е во кома, се тврди дека тоа не е од вакцината

Професор д-р Анѓелко Ѓорчев (73) е се уште во кома, но неговата состојба не е последица на примената вакцина против ковид-19, вели директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ.Пулмолог Ѓорчев од Скопје заедно со уште неколку колеги доктори во неделата тргнал за Ниш за да се вакцинира против ковид-19, но му се слошило во салата „Чаир“ во Ниш по примената вакцина.– Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ за агенцијата Бета.Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за несвесната состојба бидејќи била извршена коронарна ангиографија и била проверена состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev-2

Камчев изолиран од Мијалков и затворениците во Шутка

Бизнисменот Орце Камчев од приемниот дел во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е преместен во внатрешниот дел на затворот. По негово барање, а со одобрение на судот тој останува сам во ќелија. Од затворот не коментираат дали сега е сместен во поголем простор, бидејќи пред една недела, неговите бранители се жалеа на малиот простор. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека Камчев е сместен во крило на затворот, изолиран од Сашо Мијалков за да немаат заеднички контакт.„На притвореното лице Јордан Камчев секогаш има обезбедено вода, како и секое притворено лице така и притвореното лице Јордан Камчев имаа право да си порача и флаширана вода од затворската кантина. Како и за секое притворено лице затворската полиција прави безбедносна проценка, така и за притвореното лице Јордан Камчев е направена проценка за безбедносен ризик во дадената ситуација е заштитен максимално. Тој откако е однесен на кардиолошки преглед – неговата здравствена состојба е во ред, а за понатамошни консултации за неговата здравствена состојба се консултира со затворскиот лекар“, вели Андов за „А1он“.

Македонија | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Вработени во медиуми, МВР, АРМ, ЈСП, се дел од лицата кои ќе се вакцинираат следната недела

Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува,  критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000 со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.„Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање“, соопштија од Министерството за здравство и ги повикаа граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Македонија | пред 5 години

Zarko-Karadzovski-777x437

И на 40 починати нема нови мерки: Откажан состанокот на Комисијата за заразни болести

Состанокот на Комисијата за заразни болести на кој денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот е одложен.Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.Според министерот за здравство, Венко Филипче, ќе бидат вакцинирани 20.000 граѓани, а втората доза ќе им биде дадена за 3 месеци.Министерот најави дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку КОВАКС механимот.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_1-22

Фирма на Игор Џамбазов земал кредит од Еуростандард банка, штедачи бараат да одговара за криминал

Фирмата Брачна игра дооел, во сопственост и управување на Игор Џамбазов, познат шоумен во државата, е една од фирмите кои земале нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката, односно од 2019 година, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, фирмата немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5 илјади евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна, стои во информацијата.„Џамбазов, ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит, веројатно договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно фирмата на овој шоумен да добие кредит само на основа на обична меница, а истата да биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога ѝ е доделен кредитот!? Даден кредит што не може да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што. Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција“, велат оштетените штедачи.Според нив вакви и слични „криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години“.„Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза“, соопштуваат од Оштетени штедачи.„Изминатиов период од кога почнавме јавно да го споделуваме криминалот направен преку давање кредити без почитување на кредитна политика на Еуростандард банка и воедно толерирањето на истото од страна на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзините ревизори, поранешниот сопственик Трифун Костовски комплетно се повлече и не излезе со ниту една реакција во врска со фактите коишто ги изнесовме во соопштенијата. Баш напротив, тој преку социјалните мрежи користејќи ги своите пријатели кои често се и јавни личности, преку споделување на текстови за негова поддршка како е тој прекрасен човек, филантроп и џентлмен, се обидува да ја прикрие вистината и фактите кои говорат каков човек е тој всушност“, реагираат оштетените штедачи.

Македонија | пред 5 години

Antonijo-Milososki-06.03

„Загинал Антонијо Милошоски“, пријателите на пратеникот вознемирени од веста на Тричковски

„📌Вчера ми се јавија блиски луѓе вознемирени од "веста" на Б.Тричковски, новинар платен од редовите на владеачката партија, дека сум загинал во сообраќајка и згрозени од текстот.⛔Што да се каже? Во ова време на пандемија, смрт и семејни несреќи од кои сите сме загрозени, навистина е умоболно на било кое семејство или поединец да му злокобиш со желби за смрт? Политиката е политика и не е чудно во неа да сретнеш и лични напади, и навреди, и шпекулации, и да се справуваш со тоа. Но ова што го прави платеникот на пропагандниот тим на власта, е навистина мрачно и затруено со слепа омраза кон било кој поистакнат политичар кој ја критикува владата.📌А сеењето на говор на омраза никогаш не донело ништо добро ниту на извршителот кој ја шири омразата, ниту на политичарите кои ја нарачуваат ваквата некрофилија. Ова не е ниту демократски, уште помалку човечки чин, а на Македонија само И создава лош имиџ пред ОБСЕ и ЕУ, како држава во која хибридниот режим злоупотребува ментално нестабилни платеници за да предизвикуваат трауми кај семејствата на политичките неистомисленици. Дно!⛔ Да се поднесува пријава до обвинителството или до МВР за ваквата морбидна некрофилија, во време кога и двете овие институции се дел од хибридниот режим на власта нема многу смисла. Но, корисно би било и за сегашните властодршци да сфатат дека политичката битка не треба да биде изговор за да се погази минимумот на човечки однос кон било кого на јавната сцена.📌Во целиот овој зломрачен нарачан напад сепак најмногу ми значеше поддршката од најблиските во семејството, од пријателите, но и неколкуте јавувања и пораки од мои познаници во СДСМ , кои иако не јавно, сепак најдоа за сходно лично да се оградат од морбидната некрофилија на Тричковски. Им благодарам на сите нив. Животот, семејствата и пријателствата се сепак посилни од некрофилија на јавната сцена.Посакувам многу здравје и добри мисли на сите!“, пишува пратеникот Антонијо Милошоски. 

Коментари | пред 5 години

zaharieva-osmani

Навредите од Захариева не се поврзани со бугарските избори, туку стои на ставовите кои ги кажува

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите.-Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Северна Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија, смета Захариева.Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.-Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство…Се уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за увоз на бугарски книги, изјави бугарската министерка за надворешни работи.Захариева вели дека добрите односи на премиерот Бојко Борисов со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган довеле до „нула притисок врз мигрантите на нашата граница“.Во однос на Русија таа нагласува дека ниту една земја не може да толерира дипломати кои нелегално собираат класифицирани информации.-Дипломатите не можат да бидат кривично одговорни, но според Виенската конвенција од нив треба да се побара веднаш да ја напуштат земјата…Ние веруваме дека ЕУ и Русија треба да разговараат за сите прашања директно и отворено, но нема да толерираме незаконски активности на дипломати од која било земја на нашата територија… Бугарија продолжува да работи на соработка со Русија во економијата, туризмот и трговијатa, додаде таа.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Нови цени на горивата

Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол.Согласно оваа нова одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 68 денари за литар, а дизелот за 55 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,5 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Комисијата за заразни болести денеска ќе ја разгледува состојбата со коронавирусот и ќе одлучува за нови мерки

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.извор: Фокус 

Македонија | пред 5 години

angel

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и шовинистички изјави на Џамбаски, ова ли е пријателството за кое говори Заев?

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и шовинистички изјави на Ангел Џамбаски кон постоењето на Македонија.Владата мора да има системски одговор на ваквите провокации и навреди, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Ова ли е заедничкото пријателство за кое збори Заев?До кога ќе молчи македонската влада на ваквите негаторски и шовинистички изјави?Ова доаѓа откако и самиот Заев даде скандалозни толкувања за јазикот, историјата и идентитетот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mnr-696x316

МНР испрати протестна нота до бугарското МНР по скандалозниот предизборен спот на пратеникот Џамбаски

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавено видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.Од МНР вечерва соопштија дека ќе известат и соодветно ќе реагираат до институциите во Европската унија.Според Министерството за надворешни работи, ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.-Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, се вели во соопштението на МНР.Заменик-претседателот на бугарската ВМРО-БНД Џамбаски во објава и видео-спот на Фејсбук со кадри од Скопје, Охрид и други локации од државава наведува дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.-Постојат причини кои се поголеми од сите и од било што. Од секоја политичка ситница. Поголем од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја изградија модерна Бугарија. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја, толку погласно ќе се уриваат, лажните темели што сте ги изградиле вашата патетична сегашност ќе се распаднат. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот, пишува Џамбаски во објавата.

Македонија | пред 5 години

gjorcev

Татко му на Ѓорчев во кома: Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест

„Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор.Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата. Да отвори очи и да го преживее ова. Повторно да ги види своите деца и внуци. Денес ми се јавија повеќе новинари со повеќе прашања, но не можев веднаш да кренам, како и голем број на негови роднини, пријатели и познаници. Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со 3 бајпаса и 3 стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата. Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор. Лечеше ИЛЈАДНИЦИ и ИЛЈАДНИЦИ луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатр во Скопје. Спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси и секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие. И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого. Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце. Не е само татко ми, туку НЕМА вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа. За вакцинацијата сметам дека треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје.Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор.Се надеваме и се молиме да...Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Monday, March 29, 2021Инаку, Проф. Др. Ангелко Ѓорчев, сеуште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман. На возраст од 72 години, како сеуште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше. Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори. Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите. Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје. Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци. Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее. А ние? Нашиот народ? Како бегалци, се оди по соседните земји да се добие вакцина, да се добие здравје. По спортски сали, по паркинзи, по гранични премини. Буквално како бегалци. Бегалци од една неспособност и фијаско. Бегалци од еден систем што тотално и целосно потфрли. Со најмногу заразени, со најголема смртност и со најмалку вакцини. Се умира низ цела Македонија. Со 30 погреби дневно, со 30 загубени луѓе секој ден. Стоиме по болнички ходници и чекаме некоја вест за нашите родители. Чекаме докторите да ни кажат дали родителите ни се живи, дали уште дишат. Плачеме навечер, гледаме стари фотографии со стегната душа и чекаме дали нашите родители повторно ќе отворат очи. Голема благодарност до докторите и медиционскиот персонал на Клиничкиот центар во Ниш. Им благодарам за грижата за мојот татко, за помошта и третманот кон него. Благодарност до сите негови пријатели и пациенти што се јавуваат да прашаат како е. Се извинувам што не можам поединечно да им одговорам на сите. Тато, држи се. Ти си борец. Не се давај. Сите те сакаме“, напиша експратеникот Влатко Ѓорчев

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања