Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

NaumStoilkovski18042021

Стоилковски: Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје, зетот за сестра на секретарот на градот добил јавни набавки од градот од 10 милиони денари

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов „Драги Рашковски“, ама овој пат во градот Скопје, раководен од Петре Шилегов. За што станува збор?Секретар на градот Скопје е Викторија Аврамовска Мадиќ; партиски кадар на СДСМ, впрочем тоа е истата личност којашто Зоран Заев го прогласи за партиски победник како единствен кандидат на партиските избори.Чест добитник на јавните набавки и тендерите на град Скопје каде се вртат милионски суми во денари е компанијата Армор Плус. Тоа е оваа компанија за набавка на заштитна противпожарна опрема, како што пишува со седиште на Булевар „Трета Македонска Бригада“ број 48. Армор Плус е компанија е во сопственост на лицето Димитар Петрески, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Димитар Петрески пак е сопруг на сестрата на Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар на градот Скопје. Значи градот каде секретар е Мадиќ, распишува тендер или јавна набавка, а зетот Димитар Петрески, зетот на Викторија Мадиќ е добитник на тој бизниси.Секоја година компанијата Армор Плус добивала јавна набавки од градот раководен од Петре Шилегов. Па така фирмата на зетот на секретарот на Скопје во ноември лани, добила тендер за заштитни одела во износ од речиси 5 милиони денари. Ваква слична јавна набавка имало и еден месец порано во износ од 350 илјади денари.Во 2019-та година зетот од Град Скопје добива уште една јавна набавка од градот раководен од Шилегов во вредност од над 2 милиони денари.Ваква набавка истата фирма добила и во други два наврати во 2017-та година веднаш по стапувањето на Шилегов на оваа функција во вредност од над 2 милиони денари.Значи градот Скопје воден од Петре Шилегов во околу 5 наврати исплатил 10 млиони денари на компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје. Очигледно на повидок е нов случај а-ла „Драги Рашковски“ овој пат во градот Скопје, раководен Петре Шилегов.Се поставуваат низа прашања, како токму компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје е добитник на 5 јавни набавки во вредност од 10 милиони денари?Дали ова се единствените јавни набавки или имало и повеќе други, каде што се врзуваат вакви зетовски, снаовски, балдиски- врски, поврзани со Петре Шилегов и со секретарот на Градот Скопје?Или, дали ваквиот начин за испумпување на пари од Градот Скопје е единствен или постои нова мрежа за криминогени дејанија?Почитувани, мафијата не мирува, додека цело општество се распаѓа, економијата тоне во рецесија, мафијата дрпа од буџетите, било да е од централниот или локалните буџети, за нивните шеми нема разлика!По прес конференцијата Стоилковски одговараше и на новинарски прашање.  На прашањето во врска со случајот „Мафија 2“, обвинувате дека лицето Седат Пекет бил во Владата на средби, дали имате одредени сознанија за истото, Стоилковски истакна:- Зоран Заев треба да престане да бега и мора да одговори на прашањата кои се наметнуваат за аферата која е поврзана со Седат Пекер или „Мафија 2“. Зоран Заев мора да каже со кои од неговите коалициски партнери од власта, па и функционери од власта за што разговарале со Седат Пекер? Имале ли средба и за што разговарале? Владата молчи дали Седат Пекер бил и на состанок во Владата, а мора да одговори за какви бизниси се разговарало таму на средбите со Зоран Заев и Седат Пекер? Бараме одговори во врска со тоа, но и за наводните бизниси на Седат Пекер со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев мора да каже со што тоа Пекер го задолжил него, за да му биде обезбедено полициско обезбедување, возила за придружба о така да се шета низ Македонија. Зоран Заев, Оливер Спасовски мора да кажат што правел Седат Пекер три месеци во Македонија и зошто не е протеран во Турција каде има потерница по него, туку е пратен во Косово? Дали со самото тоа Седат Пекер не бил заштитен од страна на македонската влада, од страна на Зоран Заев и Оливер Спасовски и дали со тоа не била соботирана акцијата на Турција? При сево ова Зоран Заев и Оливер Спасовски сеуште молчат на овие отворени прашања, но тие не смеат да молчат, мора да одговорат, одговори и одговорност мора да има.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-4

Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката

На 17.04.2021 во 13,10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

despotovski

ТИРЗ со најдобар прв квартал во последните четири години

Во технолошко индустриските зони е регистрирана највисока економска активност во прв квартал во последните четири години и во однос на извозот и во однос на увозот покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.Така, во првиот квартал од 2021г. извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30% повеќе од истиот период во 2020г. Во однос на 2018 година порастот е над 41%. И на месечно ниво, извозната активност во март 2021г. е највисока во изминатите 4 години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во 2020г. Компаниите активни во зоните и понатаму се носители извозот во земјата со над 48% учество во вкупниот извоз што е највисок процент до сега.И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе четири години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 736 милиони евра и е за 34% повисок од првиот квартал лани, а дури за 50% повисок споредено со првиот квартал во 2018 година. Во зоните во март исто така е регистриран највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега – 36%. Истотака, месечниот увоз во ТИРЗ во 2021 година го надминува месечниот увоз за ист период во изминати четири години и е на ниво од 243 милиони евра односно 87 милиони повеќе од истиот месец лани.Трендот на раст на увоозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првиот квартал од годинава се потпишани договори со три компании чиј вкупни инвестиции се очекува да достигнат 50 милиони евра. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски неодамна најави и нови странски инвестиции.“Изминативе 5 месеци успеавме да поттикнеме инвестициски проекти кај 15 компании кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и кои предвидуваат отворање на дополнителни 5.500 нови работни места. Едната е инвестиција во 9 цифри, односно повеќе од 100 милиони евра. Со овие компании разговараме во моментов и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата што е чекор пред склучување на договор,” изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.Редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за месец март покажува продолжување на позитивниот тренд и во однос на покриеноста на увозот со извозот. Така, во март 2021 нето извозот е 5%, додека на државно ниво (за месец февруари) овој однос е -21%.Анализата покажува дека и во првиот квартал од годинава бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе има постапки за отворање нови работни места.“И во услови на криза предизвикана од Ковид 19 бројот на вработени останува стабилен, а кај дел од компаниите континуирано расте. Дури 60% од компаниите имаат зголемен број на вработени. Покрај 14.000 наши сограѓани кои работат во зоните, само актуелните инвеститори, без оние со кои сега разговараме се обврзани да отворат уште дополнителни 7500 работни места во следните неколку години. Наша цел е со посебни мерки да го забрзаме овој процес,“ вели Деспотовски.Инаку, во 2020 година регистриран е раст на просечната бруто плата од 5,5% и просечната нето плата од 2%, при стабилен број на работни места.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

22 лица не го почитувале полицискиот час, а 393 лица се казнети за неносење маска

Од 20.00 часот (17.04.2021) до 05.00 часот (18.04.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (17/18.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosovo

Косово без одговор за екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“

Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило на барањето за екстрадиција на осуденикот.Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски вели дека косовската страна побарала гаранции дека доколку Исмаиловиќ биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење.-Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Се уште нема одговор од косовска страна, потврдува Видиновски.Тој нагласува и дека до косовските власти е испратена информација дека буквално се што им треба како гаранција, доказ, превод на пресуда, ќе им се излезе во пресрет со цел Исмаиловиќ да биде вратен во земјава.Законот во Македонија овозможува секој што е осуден во отсуство, да има право да бара повторено судење.На 1-ви овој месец, по сообраќајна несреќа во Косово, Африм Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. Тогаш косовската полиција го известува нашето МВР и наведуваат дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.Адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша рече дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.– Апсењето се случи вчера (1 април) во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави тогаш Бериша.Македонското Министерство за правда тогаш испраќа уште едно барање да го екстрадираат, меѓутоа, косовските власти од судовите во Македонија бараат гаранции дека доколку биде екстрадиран, ќе му се суди во присуство.Сега се чека Косово да одговори дали ќе ја изврши екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, иако не е утврден прецизен рок за да се постапи по барањето.Покрај Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, исто така осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“, а Косово со години не ги екстрадира овие лица и покрај барањата на македонските власти.Македонската страна досега испратила околу девет барања до косовските власти за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демир, меѓутоа досега без позитивен одговор од другата страна.МИА од косовски извори дознава дека Исмаиловиќ е пуштен од притвор во Косово по сообраќајната несреќа и му е изречена мерка на претпазливост. МИА исто така дознава дека Исмаиловиќ во меѓувреме побарал азил во Косово.Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Aлил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор. 

Македонија | пред 5 години

cistenje-odzaci

Во вторник повик за субвенции за чистење оџаци – аплицирајте онлајн

Градот Скопје во вторник (20.04.2021 година) ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн.Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2021 година или до реализирање на средствата во износ од 1 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.„ Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена“ велат од градот.

Скопје | пред 5 години

policija-1

160 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

vakcina-kovid-fajzer

Во земјава утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на 26 април.Како што најави Министерството за здравство, вакцините ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.До сега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астразенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини. Се верува дека во Македонија веќе над 45 илјади лица ја примиле прва доза од вакцината, ако тука се додадат оние кои патуваа во Србија за вакцинирање.Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pasosi-4

За издавањето вистински македонски пасоши со украдени идентитети, може да поминат со казна од шест месеци до три години

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неделава поднесе обвинителен предлог против 11-мината вмешани во скандалот со издавањето на македонски пасоши кој опозицијата го нарече „Мафија“, а Министерството за внатрешни работи „Двојник“. Обвинителниот предлог е поднесен против вработените во Управните служби на МВР, каде се издаваат пасошите и против Раиф Мифтари кој посредувал меѓу службениците и лицата кои ги купувале пасошите, а имале дебело криминално досие, Објави ФОКУС.МК.Мифтари успеа да избега, шестмина од обвинетите се во притвор во Шутка, а на тројца им се одредени мерки за претпазливост. Еден од обвинетите пак бил веќе во притвор за малверзации за издавање на возачки дозволи.На обвинетите првично им беше одреден осумдневен притвор, а по поднесувањето на обвинителниот предлог, на сите им е определен триесетдневен притвор.Но, она што во јавноста помина речиси незабележано е тоа што за овој скандал, којшто се споредува со скандалот со масовното прислушување, во којшто не се тргувало со лажни пасоши, туку државни службеници, со државни ресурси издавале вистински македонски пасоши со украдени идентитети, може да помине со казна затвор од шест месеци до три години за службениците, ако не истрагата не се прошири.Обвинителството ги гони уапсените за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. –Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години, стои во став 1 од членот 353 од Кривичниот законик.Тоа значи дека, бидејќи казната затвор е помала од пет години, против осомничените се води скратена постапка и наместо обвинение, против нив е поднесен обвинителен предлог.Текстот во целост на: ФОКУС.МК. 

Македонија | пред 5 години

31131454_10216298536196184_4315663910175768576_n

„Таткото на Верица нема работа, мајката работи во маркет, живеат под кирија“, им треба поддршка од државата

„Повеќе сега ќе значи поддршката до семејството на Верица, отколку да ставаме профилни на фејсбук.. Во тагата никој не може да им помогне, но да им се олесни животот може. Колку што слушам се преселиле од Берово во Струмица за да најдат работа, а живеат под кирија. Таткото не нашол работа, мајката работи во маркет, а другата ќерка во кладилница. Им треба да почувствуваат дека и оваа држава се грижи за нив. Им треба сериозна работа! Не само заради нивната неверојатна хуманост, туку и заради свеста која ја разбудија кај јавноста. Ниту една кампања не може да го постигне тоа! Во оваа држава не е проблем да се изврши трансплантација, проблем е што нема органи. Затоа повеќе од "длабок наклон"и профилни на фејсбук, потребна им е оваа поддршка од државата!“, напиша новинарката Менче Точи.

Коментари | пред 5 години

blaze-bubreg

Блаже од Кавадарци е момчето кое доби бубрег од Верица Белчовска

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци вечерва се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже.Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат.– Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјавила мајката.Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа, раскажа мајката со многу емоции.Со денешната трансплантација, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент.– Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.

Македонија | пред 5 години

Micevski

Мицевски: Парламентарното мнозинство ја условува опозицијата да гласа закони кои не се приоритет

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во Дневникот на Сител телевизија, околу утрешната седница во Собранието истакна дека опозицијата е условена дека мора да гласа за 32-тата седница за законот за корупција, па потоа да пројде и 36-тата каде што се петтиот пакет мерки за граѓаните и економијата.-Во четвртокот ние не ни стасавме до отворање на 36-тата седница. Каде што се наоѓаат точките поврзани со петтиот пакет на економски мерки. За жал суетата на власта длабоко ги трпат граѓаните. Иако на барање на ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција да се одржи таа седница и да помине законот, тоа не се случи бидејќи се инсистираше да се одржи 32-та седница, а дури потоа 36-та. Овој петти пакет мерки беше најавуван во почетокот на февруари. На 16-ти февруари помина на Влада, и после тоа ние веќе ги имавме во Собрание. Од 19-ти февруари, а сега сме април се уште не можат да се донесат тие закони. Во меѓувреме имаше блокада од Алијанса на Албанците и Алтернатива на петтиот пакет на мерки и тој заглави во пред комисиска процедура. ВМРО-ДПМНЕ за да ги одблокира тие закони, ги повлече амандманите од законот за државјанство и почнаа разговорите помеѓу Зоран Заев, Алијансата и Алтернатива. Во насока на добра волја, тие го одблокираа ова законско решение, и тогаш Тимчо Муцунски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја закажа комисиска седница на комисијата за финансирање, рече Мицевски.После тоа не се одржа седницата. Координаторите на пратеничките групи имавме средба, изјави Мицевски со претседателот на Собранието Талат Џафери за да се закаже седницата и одговорот од Џафери беше дека до петок нема да има седница. А во четврток ќе биде 32-тата седница за законот за корупција за кој ние од ВМРО-ДПМНЕ имаме забелешки.-Веќе во 18 часот да дојде Џафери со услов дека треба да ја гласаме 32-тата седница, па потоа ќе ја организираме 36-тата седница. Зошто не условуваат со 32-тата седница за да се изглса 36-тата каде што е петтиот пакет за граѓаните. Претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ги става седниците по приоритет и да свикува “Ковид седници” на кои што ќе бидат овие законски решенија. Не може да се закажуваат седници за јавни набавки кои што предвидуваат авансно плаќање на сумата за вакцини. А што правиме со авансното плаќање на вакцини од Хонг Конг без законско решение, праша Мицевски.Како координатор, посочи тој, овде во студиото на Сител телевизија во септември 2020 година има кажано дека ВМРО-ДПМНЕ започнува институционална борба и дека парламентарното мнозинство мора да има најмалку 61 пратеник за да може Собранието да заседава.

Македонија | пред 5 години

srce

Филипче: По трансплантацијата на срцето, младиот Иле се чувствува добро

Министерот Венко Филипче, по трансплантацијата на срце од починат донор,  Изнесе детали за зафатото но и за пациентот кој го доби срцето од починат донор.„Беше одлучено трансплантација да се изврши на младиот пациент Иле Стрезовски. Кај него срцето слабо пумпа, и единствен спас беше трансплантација. Тимовите кои работеа на трансплантација, беа предводени од д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев.Младиот Иле е добар, се чувствува добро, сите параметри се добри, и се надевам дека успешно ќе закрепне.Доктор Сашко Јовев рече дека немало друг избор, освен трансплантација на лицето.„Операцијата е успешна, пациентот се чувствува добро. Соработка со тимот на д-р Жан Митрев по вторпат се покажува успешна. На младото лице не му преостануваше многу за живот, и немавме друг избор. Во ова прилог да оддадам посебна благордарност на семејството на дарителот, и да ги поттикнеме граѓаните дека ова е вистинскиот пат да се помогне некому“, рече Јовев.д-р Жан Митрев пак  истакна дека откако се укажала прилика да се направи трансплантација, тој со тимот пристапиле кон оваа акција, која  успешно се заврши.„Помина се во најдобар ред, активно учествуваа д-р Христов, директно во трансплантацијата и д-р Јовев, јас бев во улога на асистент, и сето тоа помина во најдобар ред. Во оваа тешка година во која сме соочени со страшна пандемија, и се бориме со најтешко болни пациенти, и не ги забораваме болните од друга патологија. Продолжуваме и понатаму и се надевам дека многу други кои чекаат на листа, ќе добијат ваква шанса“, рече Митрев.

Македонија | пред 5 години

w_56674000

Денеска регистрирани починати 31 лице и нови позитивни со КОВИД 19, 824 лица

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар - 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1 .Регистрирани се 682 оздравени пациенти од:Скопје – 285, Кавадарци – 57, Прилеп – 49, Куманово – 45, Битола - 31, Гостивар – 29, Велес – 24, Тетово и Кичево – по 20, Неготино – 19, Гевгелија – 18, Штип – 16, Струмица – 14, Кочани – 10, Валандово – 9, Берово – 8, Свети Николе – 7, Демир Капија – 4, Ресен, Пробиштип и Виница – по 3, Охрид, Радовиш и Македонски Брод – по 2, Струга и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ - 526, ЦЈЗ Скопје - 79, ЦЈЗ Битола - 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 1, Судска медицина - 7, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември - 16, Институт за микробиологија – 71, МАНУ - 129, Жан Митрев (Филип Втори) - 143, Авицена - 293, Биотек - 323, Систина - 247, лабораторија Лаор - 548, Синлаб - 132, Ремедика - 66, Плодност – 60, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.274.Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 65174, активни 9073Куманово 8016, активни 1280Прилеп 7877, активни 999Тетово 6889, активни 695Битола 5706, активни 1333Велес 5197, активни 772Гостивар 4986, активни 484Кавадарци 4977, активни 545Штип 4731, активни 483Охрид 4698, активни 881Струмица 3774, активни 582Струга 2858, активни 272Кочани 2579, активни 324Кичево 2338, активни 314Неготино 2110, активни 258Гевгелија 2108, активни 351Свети Николе 1429, активни 156Крива Паланка 1178, активни 102Ресен 1168, активни 231Радовиш 1039, активни 140Берово 965, активни 77Делчево 929, активни 100Дебар 904, активни 63Пробиштип 754, активни 60Виница 739, активни 122Валандово 633, активни 99Крушево 457, активни 102Богданци 468, активни 79Демир Капија 392, активни 43Демир Хисар 358, активни 57Кратово 352, активни 26Македонски Брод 344, активни 34Пехчево 250, активни 21Македонска Каменица 224, активни 15Дојран 132, активни 20 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kajmakoski-1

Кајмаковски во болница: Пријавил дека екс сопругата му ставила дрога во кафето

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (Д.К.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот, објави А1ОН.Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за „А1он“ рече дека не сака да коментира за обвинувањата.„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговори Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучи телефонот.Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

sporska-sala

Георгиески: Спортската сала “Билјанини извори” ќе биде регионален центар за вакцинација

Спортската сала „Билјанини извори“ ќе биде вториот регионален центар за вакцинација. Последните консултации околу нејзината подготовка ќе ги затвориме утре со посетата на претставниците од Министерството за здравство, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Константн Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

doktori

МЗ: Успешно заврши трансплантацијата на бубрези на УК за урологија

Дваесет и седум годишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија. Во момнетов во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор. Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

izvod

Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА: Сомнителен тендре во Управата за матични книги

Оваа влада произведува повеќе корупциски скандали отколку што може да ги  прати опозицијата и пошироката јавност. Додека не стивнувале коментарите за приведувањето поради корупција на поранешниот секретар на Владата, на виделина е нова слична афера во Управата за матични книги, предводена одкадар на ДУИ, Бујар Дардхишта, се вели во соопштението од Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА.Во продолжение на истото се додава:Како што соопштија медиумите, во име на дигитализација на матичните книги, таму се вршел тендер вреден скоро половина милион евра (поточно 480.000 евра), кој е добиен од компанијата „Нова инв“ – сопственост насин на бивш функционер од ДУИ и актуелен амбасадор во една европска земја, основана пред три месеци или само еден месец пред да се објави  јавната набавка. Сомнежот се засновува и во поставените критериуми, какошто е промената на основните услови, наместо искуството на компанијата и нејзината финансиска стабилност, биле поставни критериуми за квалификации на персоналот и, очигледно, тоа е сторено со цел таа компанија да го добие тендерот и да ги дисквалификува другите апликанти или да оневозможи други апликации.Затоа, со вакво основано сомневање, ние сме денес тука – во име на коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА – да реагираме и да побараме од Комисијата за спречување на корупција да го преиспита овојслучај, како и од Јавното обвинителство да постапи по истиот. Бидејќи ова не е прв пат Управата за матични книги да спроведува вакви сомнителни тендери, очекуваме од горенаведените институции – во име на транспарентноста – да дадат и повеќе детали за аферата, а покрај тоа да ја известат јавноста на чија сметка од функционерите на ДУИ ереализирана оваа зделка. Дали последниот корисник е директорот на оваа институција или таа води до претседателот на ДУИ?Ние како опозиција ќе чекаме одговор и нема да се откажеме од интересот за дознавање на вистината. Во спротивно, ќе мора да заклучиме дека се работи за класична корупција што ја спонзорира Владата.На крај мора да заклучиме дека една влада која и во време на економска криза и пандемија си дозволува себеси да упаѓа во народни пари, сигурно не заслужува да владее повеќе. Затоа, само едно ново мнозинство, широкавлада или експертска влада може да биде спасот од оваа ситуација.Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-NK-Zabrchanec-na-sredba-so-IVAP-10

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, денес имаа средба со претставници на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која здружува дел од операторите кои организираат настани, при што разговараа за досегашните мерки за поддршка на компаниите од оваа дејност, како и за идните планирани мерки за поддршка во услови на кризата предизвикана од коронавирусот.Битиќи и Забрчанец на оваа средба ги презентираа содржината и условите од јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани, преку кој ќе бидат ангажирани исклучиво домашни организатори, изведувачи и подизведувачи за реализација на настани осмислени од апликантите, на теми избрани од компаниите, а со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021. Владините претставници информираа дека повикот за финансиска поддршка ќе биде објавен во најбрз можен рок, во текот на наредната недела, за вкупен износ од 61 милион и 500 илјади денари, а на него ќе може да аплицираат и да бидат поддржани сите компании кои организираат настани и кои ќе исполнат јасни и прецизни критериуми.Битиќи и Забрчанец уште еднаш потенцираа дека повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за заживување на економските активности на оваа гранка, а настаните кои ќе бидат поддржани не се дел од официјалните државни настани кои Владата преку засебна програма ќе ги организира за официјално одбележување на 8 септември, Денот на независноста.На состанокот вицепремиерот Битиќи и владиниот тим ги слушнаа предлозите на Асоцијацијата ИВАП и прифатија најголем дел од нив, на следниов начин:- компаниите со поголема загуба ќе добијат повеќе бодови при оценувањето, а ќе можат да аплицираат сите компании со пад на приход поголем од 30%;- еден подизведувач нема да може да се најде на повеќе од 7 пријави за предлог-проекти, со цел да се оневозможи монополизација во делот на подизведувачите;- спортските настани посветени на „30 години независност“ ќе бидат додадени како тип на настани за кои може да се аплицира;- ќе се обезбеди авансно плаќање од 30% + 40% пред реализација на настанот, со препорака истото сразмерно да биде распоредено и кај носителите на проектите и кај подизведувачите, за да помогне во ликвидноста на компаниите;- една од областите кои ќе се оценуваат, а се однесува на капацитетот на апликантот за организација на настан, да биде број на вработени или број на хонорарно ангажирани лица, за зголемена конкурентност на компаниите.Владата ги информираше претставниците на ИВАП дека не може да го прифати предлогот кој се однесува на создавање конкурентска предност на одредени компании со одредени шифри на дејност, односно вицепремиерот и националниот координатор останаа на принципиелниот став на Владата дека целта на овој јавен повик е да даде можност за поддршка на сите компании кои организираат настани, а кои имаат загуби поради корона кризата, без да се фаворизираа било која компанија и без да се исклучува било која компанија, затоа што тоа не е праведно ниту правично.Дополнително, Владата информираше дека ќе ја оценува секоја апликација поединечно и ќе бодува според поставените критериуми и согласно тоа, бројот на апликанти нема да влијае врз оценките за секоја индивидуална апликација. Тоа значи дека одлуката дали еден предлог проект зависи од оценката на апликацијата за тој проект, а не од тоа колку апликации стигнале на повикот – има доволно буџет за сите кои ќе ги исполнат условите.„Владата има обврска да обезбеди можности за сите, а не да исклучува“, заклучи Битиќи.Вицепремиерот исто така посочи и дека преку Развојната банка на Република Северна Македонија подготвува нова линија на бескаматни кредити, со грејс период од 12 месеци, а околу 1 милион евра се проценува дека ќе бидат наменети за одржување на ликвидноста на компаниите кои организираат настани. Дополнително Битиќи потсети дека Владата обезбеди поддршка и за плати за месеците февруари и март 2021, којашто фирмите ќе ја добијат веднаш штом се усвојат потребните измени за петтиот пакет мерки во Собранието, односно штом се надмине блокадата на опозицијата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

17042021-5

Лефков: Додека Филипче возеше мотори со Заев, доктор од кратовско на раце носеше пациент, тоа е доктор, а не Филипче кој граѓаните ги остави на милост и немилост

На денешниот протест пред Министерството за здравство се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој зборуваше за моменталната здравствена состојба во државата, лошите владини политики во борбата со пандемијата, како и за прошетките со мотори на министерот Филипче заедно со премиерот Заев.Лефков истакна дека протестот пред министерството е со една и единствена цел, а тоа е барање за поднесување оставка на Филипче. Тој додаде дека на граѓаните не им требаат криминалци и моторџии за да ги спасат од пандемијата, туку луѓе кои деноноќно ќе работат и со чесна намера ќе придонесуваат за посилно здравство и побезбедни граѓани.Зоран Заев и Венко Филипче се јавачи на апокалипсата, јавачи на кои не им е важен ниту еден човечки живот кој беше изгубен изминатата една година. Покрај тоа што возат мотори и шетаат низ државата со десетина возила обезбедување, ја возат и цела нација, секој еден граѓанин, бидејќи додека граѓаните едвај преживуваат, Филипче и Заев се забавуваат, истакна Лефков.Лефков потенцираше дека пред правдата нема никој да остане поштеден и дека секој ќе одговара за своите постапки.Некој ќе мора да одговара за ненабавката на вакцини, немањето доволно медицинска заштита и стотиците изгубени човечки животи, кажа Лефков."Венко Филипче мора да поднесе оставка од морални причини, бидејќи е директен виновник за изгубените стотици човечки животи и за уште илјадници заболени од КОВИД-19 вирусот. Додека Филипче возеше мотори со Заев и со пријателите, доктор од кратовско на раце носеше болен човек повеќе од десет километри, само за да му го спаси животот. Тоа е вистински доктор министере Филипче, а не Вие кои уживате и возите мотори додека граѓаните се оставени на милост и немилост", истакна Лефков.Додека сите земји од соседството веќе се во одмината фаза од процесот вакцинација, Македонија се уште моли за вакцини и бара милостина. Ова ли е европското здравство кое Заев и Филипче го ветуваа? На македонските граѓани им е преку глава од несериозни политичари, криминалци, рекетари, профитери и неодговорни луѓе. Оставка час поскоро, оставка уште денес! видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

komunalec

Се уредува градското зеленило и се чистат јавните површини во Охрид

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" деновиве спроведуваат низа пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата на градоначалникот се додава:Се уредуваат цветните садници на делот околу дрворедите на неколку улици.Се врши косење на јавните тревни површини.Се чисти и подига ситен отпад во приградските населби и села согласно програмата за работа.Се отстранува дива и неуредна вегетација на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, а подигната е значителна количина на комунален отпад.Ваквите активности континуирано ќе се спроведуваат и во текот на наредниот период.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

policija-1-1

Ангеловски: 12 отсто помалку сообраќајни незгоди во 2021 година, намален и бројот на жртви за 14 отсто

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на територија на СВР Штип, а во текот на вчерашниот ден (16.04) санкционирани се 106 возачи, од кои 45 за возење со брзина поголема од дозволената, седум за управување нерегистрирано возило, пет за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци на мотоциклисти…“соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Штип.- Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто. Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски.Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. видео: МВР

Македонија | пред 5 години

srce

Градоначалникот на Берово: Верче не умре, таа ќе живее вечно, нејзиното срце продолжува да чука, ќе бидат спасени многу луѓе

Верче не умре, таа ќе живее вечно, нејзиното срце продолжува да чука, ќе бидат спасени многу луѓе благодарение на големината на нејзиното семејство – со растреперен глас за ,,Фокус” раскажува Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово, од каде потекнува 20-годишната девојка чие срце од рано утринава чука во градите на 27-годишно момче.Тој вели дека целата општина е горда на родителите на Верче кои во најголема болка, се одлучиле да ги донираат нејзините органи. Раскажува дека емоциите се помешани, огромна болка, а истовремено и гордост за чинот, со кој донирањето на органи во земјава станува реална шанса за спас на нови животи.За многу скромна фамилија се работи, по потекло од село Русиново. Верче со сестра и и мајка и живееше во Струмица, каде што се случи и фаталната сообраќајна несреќа, додека пак брат и и татко и се овде. Во фамилијата имаа убав настан, првороденото бебе во општината во 2021 година беше на нејзиниот брат. Добија момче, тоа беше нивната прва рожба, тогаш имав можност да ги запознаам луѓето, и општината им даде финансиска поддршка. Се видовме за убаво тогаш, ова што сега се случи е голема трагедија која сите не ефектираше – раскажува градоначалникот.Текстот во целост на: ,,Фокус” 

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica1

Утре седница ќе има, ако нема потребно мнозинство за кворум и за гласање, СДСМ ќе ги донеси во скафандери колегите кои се во изолација

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.Неофицијално, утре едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација, објави СДК.МК.„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство.Извор:  СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

dzaferi

Џафери за утре закажа седница и тоа 32-рата, а по неа продолжение на 36-тата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре (недела) закажа седница, и тоа 32-рата. Потоа по неа ќе продолжи 36-тата седница.Седницата е предвидена да почне во 14 часот.„Ве информираме дека утре на 18.4.2021 година, во 14.00 часот, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери закажа продолжение на 32-ра седница, a по завршување на 32-ра седница ќе продолжи со 36-та седница.“, се вели во соопштението од Собранието.Во четвртокот вечерта пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противеа на одлуката да продолжи 32-рата седница, и бараа од Џафери да ја закаже прво 36-тата седница, за да се донесе 5. сет мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања