Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skopje-1

Комисијата за заразни болести ќе одлучува - ќе има ли продолжување на полицискиот час и остануваат ли затворени угостителите?

Комисијата за заразни болести денеска треба да препорача дали ќе продолжат да важат сегашните рестриктивни мерки, ќе се воведат нови пооштри, или ќе има нивно олабавување, по што одлука ќе донесе Владата.Актуелните рестриктивни мерки важат од 6 до 20 април и вклучуваат полициски час од 20 часот навечер до 05 часот наутро, а поради третиот бран на коронавирусот затворени се угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и спортските обложувалници, теретаните, фитнес клубовите...Одлуката за овие рестриктивни мерки беше донесена поради  големиот број нови случаи на ковид-19 и хоспитализирани пациенти, по што беа отворени и неколку модуларни болници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_2507-2K

(ФОТО) Музејот на современата уметност – Скопје со нова изложба

Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те годиниОд утре (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност - Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ поместена во горниот простор од музејот.Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос - соработник е Благоја Варошанец.„Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години. Продолжетокот на ваквите размислувања се битни и за 90-те години, бидејќи самата промоција на промените ја актуализираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас“, вели Бочварова.Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Дали се работи за можен континуитет? Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела.Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции.Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски, Јордан Грабул, Мирослав Грчев, Божидар Дамјановски, Евгенија Демниевска, Марин Димески, Александар Ивановски Карадаре, Ристо Калчевски, Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Марина Лешкова, Танас Луловски, Петар Мазев, Димитар Манев, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Дарко Марковиќ, Стефан Маневски, Петре Николоски, Станко Павлески, Боро Пејчинов, Душан Перчинков, Драган Петковиќ, Владо Плавевски, Лазо Плавевски, Ана Темкова, Анета Светиева, Глигор Стефанов, Веле Ташовски, Билјана Унковска, Слободан Филовски, Глигор Чемерски, Нове Франговски, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Томо Шијак, Јован Шумковски...Поставката ќе биде отворена до септември годинава.Музејот за посетители е отворен секој работен ден, вклучувајќи и сабота од 10 до 17 часот, освен понеделник, а во недела е отворен од 10 до 13 часот.Посетата на изложбата ќе се одвива според пропишаните протоколи во услови на пандемија.фотографии: Станко Неделковски

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска - облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.Утре  повторно ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.

Македонија | пред 5 години

Bisera

На пратеничката во скафандер сите и се криви: Распали по сите, одговори на прозивките

По низата кометари и прозивки на својот ФБ профил се огласи и пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, која денеска со скафандер влезе во собранието за да гласа.Во продолжение ја пренесуваме објавата на пратеничката во целост:Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, “новинари”, “ лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни “експерти” кои не го владеат MS Word :не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата... сега веќе доцна е...Ама ако...се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишите дека ќе одам затвор, и дека “готова сум”! А најсочните коментари ќе си ги задржам за себе, за да еден ден се потсетам каква никогаш не смеам да бидам! Ни под разно!Вие од зад граница- со вас ќе дебатирам кога ќе се вратите тука, ДОМА, ќе плаќате данок како мене, ќе плаќате сметки, САМИ ќе си ги подмирувате трошоците и ќе гледате фамилија ТУКАААА!Јас денес, по советување со инфектолог, одчучив дека треба да одам да гласам за да се ослободи петтиот пакет мерки од рацете на тие кои се корзираат до ск а не влегуваат на работа! И во овие 8 месеци како пратеник се прашував: како е можно ДОБРОВОЛНО да прифатиш да си народен пратеник а да не сакаш да функционира институцијата каде си избран од народот?!?? За кој?? За доброто на граѓаните!!! Како е можно да се блокира работата заради БОЛНИ пратеници?? Значи, не дека некој од хир не доаѓал, туку од болест!!!Апелирам- едноставно- да не се лажи безобразно!!! Ниту со колегата шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе! Во собрание се работи, не се оди за кафе и шетање! ГТЦ е во близина, кој сака да шета нека изволи! Да не ве лаже колегата Мицевски, не шетавме низ собрание а најмалку изложивме бекој колега од службите или колега пратеник! Без гајле, помина времето кога пратениците меѓу себе не си веруваа и си штетеа еден на друг!Упатете ги вашите отрови кај пратениците кои во еден месец се на работа не повеќе од 15 минути! Тие некако не ви сметаат дека ви ги јадат парите за Џ?!?!?Еден збор за колешките пратенички од опозицијата: наместо да мудрувате на социјалните мрежи, можевте да застанете на страната на граѓаните и да гласате! Наместо да ми попувате месеци уназад дека треба ние жените да се издигнеме над партијата, вие останувате заробени во инаетот, суетата и партиските парадигми!Ниту еден безобразен збор, клетва, “добронамерна” желба нема да ме поколеба да го работам она за што сум избрана- помош за граѓаните!!!!! Џабе ви е секој лош збор кон мене! Или ајде вака: и на главче!!П.с. Некако не колневте кога Грујо and co. фрлаа пратеници од собрание за да се изгласа Скопје 2014???? Дека “ немавме за леб а трошевме за чоколадо”?!Ако ако и пак ако!!! Застанувам на страната на граѓаните сега и секогаш!!!И за крај, следете ми го профилот како денес, ќе се запознаете со сите мерки кои ги пружа Владата за помош на граѓаните!извор: ФБ Бисера Костадиновска Стојчевска

Македонија | пред 5 години

pratenicka

Д-р Беќаровски: На медицина не учеа дека скафандер носи здраво лице, денес научив дека служи и за koнтаминирано лице да шета низ здрава средина

Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ и покрај тоа што се заразени од ковид-19 дојдоа во Собранието за да гласаат облечени во скафандер, реагираше и доктор Нико Беќаровски.Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктрот на својот профил.Извор: ФБ Нико Беќаровски

Македонија | пред 5 години

dzaferi

(ВИДЕО) Стојаноска: Во четвртокот Џафери изјави дека не смеел да ги донесе изолираните во Собрание, а денес ...

Во четвртокот Таљат изјави дека не смеел да ги донесе изолираните во Собрание. Денес испадна дека “смеел”, Напиша ан својот ФБ профил пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.извор: ФБ Данина Стојановска

Македонија | пред 5 години

miroslav

ФОТО: Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот заболен пратеник кој дојде во Собрание по скафандер и со сопствен автомобил

Вториот пратеник од владејачката коалиција, кој денеска присуствуваше на собраниската седница и покрај тоа што има решение за изолација како заболено лице од ковид-19 е пратеникот на зелената ДОМ, Мирослав Богдановски.За разлика од пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која пристигна со амбулантно возило, Богдановски во парламентот пристигна со сопствено возило.извор: netpress.com.mk

Македонија | пред 5 години

sobranie-3

Јоци: Си усвоиле протокол за заразени пратеници уште во ноември!? Па шо**р нè мафтате со месеци

Си усвоиле протокол за заразени пратеници уште во ноември!? За гласање од кабини.Па шокур нè мафтате со месеци ко јавност за онлајн-седници кога си имате протоколи ваши, дозволи од ваши инфектолози и ваши кабини, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.извор: Јорданка Ивановска Јоци

Македонија | пред 5 години

08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Заев им честиташе на пратениците кои болни со Ковид-19 излегоа од дома и гласаа во Собранието

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.Според него, очигледно е дека неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.МАКЕДОНИЈАЗаев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризамОбјавено пред 8 минути - 18 април, 2021Од МакфаксСо згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.Според него, очигледно е дека неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.„Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта. Доказ за нивната фрустрација е последниот очаен потег со кој Мицкоски бара од Претседателот на државата да не ги потпишел усвоените закони со што уште еднаш непромислено потврдува дека работи против народот и дека презема чекори народот да не добие помош. Но, попусто им е“, напиша Заев.Денес, додава тој, Мицкоски и Апасиев можат само да жалат, блокадата не им успеа, мнозинството и во најтешки услови докажа дека е стабилно и силно и дека функционира.Заев упати честитки до заболените пратеници кои, како што вели, и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните. извор: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

leb

Зголемени цените на основните прехрамбени производи, експертите велат цените растат пред пролетните празници

Граѓаните се жалат на зголемените цени на основните прехрамбени продукти и на се понискиот стандарт во третиот бран од пандемијата. Но, економските експерти смируваат дека се работи за постојан пролетен тренд на зголемување на цените што го диктираат берзите и дека во мај ќе следи стабилизирање на цените, објави Телма.Во услови на трет бран од пандемијата, кој погоди многу граѓани, што останаа без работа, дополнителна тежина се и зголемените цени на основните прехрамбени производи. Граѓаните се жалат дека потрошувачката кошничка е се помала , а џебот се поплиток поради зголемувањето на цените на дел од производите до 5 денари.Како пазарувам , така гледам дека голем дел од парите што ги заработувам ми одат на храна и на сметки. И малку ми е густо, не малку , малку повеќе. И ако земам некои суплементи кои ги користам против пандемијата , сум без пари. Би кажала за 20% повисоки цени имаме во однос на една Германија, смета друга граѓанка.Не се очекува инфлацијата да се вивне – туку станува збор за тренд, односно цените на основните продукти растат пред пролетните празници, потврдуваат економските експерти. Но, според нив, актуелните покачувања на дел од производите во малопродажбата се поради зголемувањата на цените на берзата.Текстот во целост на:  Телма. 

Македонија | пред 5 години

Pendarovski

Пендаровски ги потпиша Указите за прогласување на законите од т.н. петти пакет економски мерки

Претседателот Стево Пендаровски без никаква дилема ги потпишa Указите за прогласување на законите со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година, валат од кабинетот на претседателот.Од таму додаваат дека во однос на уставноста и законитоста во работењето на Собранието, претседателот на државата нема надлежност истата да ја преиспитува, за неа е одговорен претседателот на Собранието, а по усвојувањето на законите и Уставниот суд.Што се однесува до повикот на Мицкоски до претседателот да покаже дека е „достоен за функцијата која ја извршува”, од кабинетот на претседателот велат дека нашите граѓани најдобро покажаа што мислат за достоинството на претседателот на изборите пред две години. Освен тоа, нашите граѓани знаат дека претседателот Пендаровски секогаш имал став за најважните прашања и проблеми со кои тие се соочуваат, дури и за работи кои не се во негова директна надлежност, а се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го и повторно реактуелизираното прашање за промена на границите на Балканот. За жал, некои други, меѓу кои и Мицкоски „не бекнаа” за овие екстремни и многу опасни предлози.На крајот, претседателот Пендаровски апелира до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да не најавуваат апсења и затворски казни за своите политички противници, затоа што тоа е во исклучива надлежност на правосудните органи. Најавата за поднесување на кривични пријави за претпоставени незаконити дејствија е легитимна, меѓутоа, најавите и гаранциите за апсења кога доаѓаат од страна на политичарите асоцираат на едно друго време кога единствената партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија.

Македонија | пред 5 години

pratenicka

Мицкоски: Претседателе Пендаровски доста се криеш бекни нешто, Заев е заложник на Џафери, ама ти имаш можност да не ги потпишеш законите и да докажеш дека си достоен на функцијата

Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

Азири: Џафери ја злоупотреби функцијата претседател на Собранието

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета дека ова што се случило во Собранието е класична злоупотреба на функцијата претседател на законодавниот дом, како и на двајцата пратеници кои се заразени со коронавирусот.Азири нагласи дека уште во четвртокот го известиле претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе присуствуваат на 32. седница и со нивна поддршка веднаш ќе прешле на 36. седница на чиј дневен ред беа законите од петтиот пакет економски мерки.– Ние како албанска опозиција со нашите пратеници бевме присутни и во четврток на свиканата 32. седница, иако за време на Ифтар, точно во 19:20 часот, непочитувајќи ја определбата на одредени пратеници кон сопствените верски убедувања за пости, сепак дојдовме. Таа вечер преку заменик координаторот на нашата пратеничка група од собраниската говорница го повикавме претседателот на Собранието за да појдеме на гласање, да ги брои присутните пратеници на седницата во четврток. Со присутните пратениците од мнозинството и со помош на нашите пратеници, 32. седница би била завршена и би прешле веднаш на 36. седница во која се законите од петтиот пакет мерки, рече Азири, додавајќи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ништо од тоа не зел предвид.Според него, единствена цел на претседателот Џафери и мнозинството во Собранието е да се прави медиумско шоу.– Еден факт е дека, мислам 19. точка на дневен ред, односно точката за антикорупциската стратегија и таа точка се гласаше со 73 пратеници, што е доказ дека денеска немало потреба од страна на претседателот да се малтретираат нашите колеги што се заразени со Ковид-19, додаде Азири.

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Се намалува бројот на нови позитивни, но на починати и понатаму висок, денеска починати 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово - 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга - по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по 1.Регистрирани се 689 оздравени пациенти од:Скопје – 254, Куманово – 61, Битола - 52, Прилеп – 44, Велес и Тетово - по 36, Кавадарци – 32, Штип – 24, Гостивар – 21, Струмица – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 10, Кочани – 9, Ресен и Валандово – по 7, Свети Николе, Пробиштип и Берово – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Пехчево – 3, Крушево и Кратово – по 2, Богданци и Македонски Брод – по 1.Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), 6 од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), 3 од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.Направени се 2.379 тестови преку: ИЈЗ - 459, ЦЈЗ Скопје - 44, ЦЈЗ Битола - 84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 0, Судска медицина - 0, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември - 13, Институт за микробиологија – 138, МАНУ - 76, Жан Митрев (Филип Втори) - 115, Авицена - 195, Биотек - 254, Систина - 189, лабораторија Лаор - 361, Синлаб - 31, Ремедика - 36, Плодност – 48, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 336.Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 65330, активни 8968Куманово 8053, активни 1253Прилеп 7902, активни 980Тетово 6903, активни 673Битола 5731, активни 1300Велес 5205, активни 744Гостивар 4994, активни 471Кавадарци 4986, активни 521Штип 4741, активни 469Охрид 4713, активни 895Струмица 3783, активни 573Струга 2866, активни 279Кочани 2581, активни 317Кичево 2344, активни 306Неготино 2112, активни 247Гевгелија 2117, активни 350Свети Николе 1433, активни 154Крива Паланка 1179, активни 92Ресен 1169, активни 225Радовиш 1039, активни 135Берово 966, активни 73Делчево 930, активни 101Дебар 910, активни 69Пробиштип 754, активни 54Виница 742, активни 115Валандово 633, активни 92Крушево 457, активни 100Богданци 469, активни 79Демир Капија 392, активни 39Демир Хисар 358, активни 57Кратово 352, активни 24Македонски Брод 344, активни 33Пехчево 250, активни 18Македонска Каменица 224, активни 15Дојран 132, активни 20фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kajmakoski-1

Кајмакоски: Трет ден сум во болница, би замолил да не се објавуваат непроверени информации

На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации.Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот, напиша на својот ФБ профил Даниел Кајмакоски.извор: ФБ Даниел Кајмакоски

Македонија | пред 5 години

pratenicka

(ВИДЕО) Јанушев за пратениците од СДСМ кои кршеа изолација: Ќе одговарате, казна затвор е 3 години

Според член 205 од Кривичниот закон за кривични дела против здравјето на граѓаните, пратениците од редовите на СДС треба да се казнат со затвор 3 години!Пред неколку месеци човек почина поради тоа што не стигна брзата помош.За СДС не се битни граѓаните, битен е само бизнисот ... и овие хоштаплери зборуваат за морал, етика, правна држава, напиша на својот ФБ профил Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

1618054672191

Обединети Работници: Со давањето дозвола за физичко присуство во Собранието на нивната пратеничка заболена од ковид, го сруши целиот легитимитет на полицискиот час

Во свет на "еднаквост" некои групи на луѓе се поеднакви од останатите!Дека Република Македонија не претставува сериозна држава која што се грижи за интересите на работничката класа, односно е дувло на политички опуртунисти и збирштина од етно-трибалисти, говорат секојдневните скандали поврзани со погрешните и штетни политики кои што ги превзема власта, се вели во соопштението од Обединети Работници.Во продолжение на истото додаваат:Токму таквите политики беа најдирекно вклучени во уништувањето на илјадници микро, мали и средни компании кои што нудеа стотици илјади работни места кои што во овој момент не постојат. Тоа беше сторено во името на "јавното здравје" и "општото добро", но како одминува времето таквите празни зборови се повеќе губат на значење.Последен од низата скандали кој што ја потресе целата јавност се однесува токму на власта која што изврши класично непочитување на мерките за заштита и превенција од заразни болести, мерки кои што уништија огромен број на човечки животи.Токму власта, со давањето дозвола за физичко присуство во Собранието на нивната пратеничка заболена од ковид, го сруши целиот легитимитет на полицискиот час, забраната за групирање и сите останати мерки кои што беа пласирани како "добронамерни". Покрај тоа, ваквите дејствија предизвикаа огорченост и револт кај сите граѓани кои што беа погодени од од политиките на власта.Зошто беа жртвувани стотици илјади работни места изминативе 12 месеци кога сите ние гледаме дека за претставниците на владејачкото мнозинство во Собранието не се применуваат законите како и за работниците? Зошто функцијата "ПРАТЕНИК" се смета за привилегирана, а цел приватен сектор е под клуч, токму поради наводна грижа за општото здравје? Денес е направен опасен преседан кој што има потенцијал да предизвика огромен број на несакани ефекти во Република Македонија.Движењето за социјална правда ,,Обединети работници" остро ги осудува овие постапки од страна на власта и апелира да престанат политичките игри за конечно да се стави фокусот на работниците и нивните права.Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!

Македонија | пред 5 години

hristijan-mickovski-mickoski-28

Мицкоски: Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!

Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!Кога законите и правилата не важат за власта.Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има.Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот, напиша на својот ФБ претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

sobranie

Изгласан петтиот пакет економски мерки, гласаа и двајца пратеници во скафандери

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од пандемијата на ковид-19.„За“ гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајца пратеници од мнозинството кои дојдоа во скафандери и гласаа од посебна просторија, бидејќи се позитивни на коронавирус.Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sala

(ФОТО) Почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Денеска со претставникот од Министерството за здравство ги финализиравме активностите.- Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи.Во салата предвидено е да има:-14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,-14 приемни пунктови и 28 вакцинални места,-Нов агрегат за фрижидерот за вакцините,-Оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство,-Седиштата кој се потребни во системот на вакцинација на граѓаните.-Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

dzaferi

ВО ЖИВО: Апасиев му укажува на Талат дека го крши Деловникот и стои пред него, а тој враќа: „Тргни се од тука“

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, дваесетина минути му укажуваше на собранискиот спикер, Талат Џафери го крши деловникот за работа на Собранието.Тој стоеше пред неговото место, но Џафери му рече „Тргни се од тука, ќе ти дадам збор после гласањето“, на што Апасиев му рече „Ова е поврзано со гласањето, ви укажувам..“, но Џафери не сакаше да го ислуша и продолжи да чита закони, а пратениците да гласаат. Гласањето е во тек.

Македонија | пред 5 години

11-03-2021-Mitreski

Митрески: Не дозволуваме уцени, законите за петтиот пакет мерки ќе бидат донесени

Денеска пратениците од парламентарното мнозинство кои се позитивни на коронавирус, со сета заштитна опрема и според протоколите на Комисијата за заразни болести се тука со нас за да обезбедиме кворум и потребно мнозинство за Собранието да работи фунцкионално и ефикасно. Нема да дозволиме уцени, наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денес владеачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.Митрески додаде:Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните, на голема жалост за опозицијата.Почитувани граѓани, помошта ја обезбедивме, сега и ќе ја испорачаме.На денешната седница ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа.Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува.Доста беа уцени, блокади и лаги од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.Ете ја уште еднаш разликата!СДСМ и коалицијата направија СЀ граѓаните да ја добијат помошта која им следува.ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата направија СЀ народот да ја блокираат помошта за народот.Епилогот е јасен - Граѓаните победија, опозицијата повторно изгуби!видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

apasiev-sobranie-1

Апасиев до пратениците во скафандери: Први ќе одите во затвор, правите кривично дело

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев му кажа на Џафери дека дозволил со влегувањето на заболени пратеници од коронавирус во Собранието, сите да одат во карантин. Според Апасиев, пратениците ќе одат во затвор поради тоа што заболени дошле во Собранието.„До сега правевте театар, сега направивте кривично дело. Според одлуката на Владата, се предвидува карантин за секој заболен од Ковид-19. Денес имаме двајца пратеници донесени спротивно на членот на 11 од оваа одлука. Ова е кривично дело, од кој не штити пратеничкиот имунитет. Први ќе одите во затвор, да не сум ви во кожа кога ќе падне режимот“, рече Апасиев.„Вие дозволивте да има опасност цело Собрание да оди во карантин“, му рече Апасиев на Џафери.

Македонија | пред 5 години

Micevski-1

Мицевски: Како да ги убедиме грааните да ги почитуваат мерките, кога пратениците од СДМС и ДУИ ги кршат и мерките

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски на прес-конференцијата предмалку во Собранието, заедно со сите пратеници рече дека не отстапувааат од овој став, денеска да се гласа само за петтиот пакет антикризни закони. Мицевски потенцираше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе бидат во салата на 36-та седница, но не и на претходната.„Владечкото мнозинство работи на штета на економијата и стопанството. Петитот пакет мерки во четвртокот ќе беше гласан, доколку не беше инаетот на власта. Џафери и Заев намерно ги кочеа мерките. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собрание и ќе обезбедат кворум за 36-тата седница. Стопанствениците и граѓаните два месеци чекаат на власта. Петиот пакет мерки дојде во Собрание 19 февруари. Поминаа два месеци. Заев имаше кворум кога сам себе си бараше добрба на влада. Но, тој е кочничар, и создава атмосфера дека некој друг ја кочи работата. Го повикуваме Талат Џафери да ја свика 36-тата седница. Пратнеичката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена, и да се носат закани по директива на Заев“, рече Мицевски.Мицевски го коментираше потегот на пратеничка на СДСМ со скафандер да пристигне на гласање во Собранието.„Владеачкото мнозинство води борба за медиумско внимание, на сметка на граѓаните кои не примиле помош. Како да ги убедиме грааните да ги почитуваат мерките, кога пратениците од СДМС и ДУИ ги кршат и мерките и законите за да ги задоволат апетитите на нивниот пи-ар“, рече Мицевски.

Македонија | пред 5 години

Bisera

Апсиев до пратеничката со корона во Собранието: Ауф, сестро, ама гадно ќе го нае**ш

Ауф, сестро, ама гадно ќе нае**ш, напиша на својот ФБ профил, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, откако пратеничка се појави со скафандер во законодавниот дом.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања