Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcini-1-297904

Утрово пристигна првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот

Првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот пристигна изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје.Најавени се обраќања на министерот за здравство Венко Филипче и делегација со членови на дипломатскиот кор во РМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.Со 24.000 вакцини „АстраЗенека“ се очекува в среда да почне масовната имунизација на населението во државава. Со нив ќе бидат опфатени лицата над 75 години.„Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со оваа пратка вакцини, се хроничноболните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група. Вакцинацијата ќе се врши во здравствените домови. Во текот на април се очекува да стигнат преостанатите 76 илјади ‘АстраЗенека’ од ковакс“, кажа Филипче по истоварањето на првата пратка “АстраЗенека“.Се заблагадори на САД, Германија, Франција, на претставниците на УНИЦЕФ со кои беше оргнизиран преносот и транспортот на овие вакцини.„Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Овие вакцини од ковакс доаѓаат со недели задоцнување, но имајќи во предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира. И, добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функиоцнира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуите“, изјави Филипче.Во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.Овој систем на Обединетите нации снабдува со вакцини 142 земји. Тие се бесплатни.

Македонија | пред 5 години

zafir-hadzimanov

Заев за Хаџиманов: Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик и дух кој инспирираше и радуваше

Објавувајќи ја песната „Љуби ме и главата горе“, премиерот Зоран Заев се прости од македонскиот пејач Зафир Хаџиманов, кој почина денеска како последица од коронавирусот.„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов живот. Како музичар и естраден уметник, како филмски глумец и шоумен остави песни за паметење и оживотвори впечатливи ликови на филмското платно.Годините не го запреа за да ги растегнува своите граници како уметник кој експериментираше со мултимедијални дела, со поезија и прозни записи.Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик и дух кој инспирираше и радуваше.Замина, а зад него остана ехото на стиховите:Многу дни пребродивме ниекако чун на немирно моренасмеј се на ветрот што биељуби ме и главата горе,насмеј се на ветрот што биељуби ме и главата горе.извор: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче:Го поздравувам гестот на пријателска Србија, граѓаните ќе имаат избор да се ревакцинираат во нашата земја

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во вестите на Сител, го поздрави пријателскиот гест на Република Србија за чинот на солидарност што овозможи граѓани од нашата земја, како и соседните земји Босна, Црна Гора, Хрватска викендов да се вакцинираат во Србија.-Тоа е за поздравување, пред неколку месеци Србија ни донираа вакцини со кои ги вакциниравме здравствените работници, секој што работи со ковид пацинети, а сега ги отвораат вратите и за другите граѓани на соседните земји и мислам дека тоа е многу добар гест. Во моментов кога е буквално борба за вакцини, апсолутно секоја вакцина треба да се искористи и не треба да се дозволи да помине рокот, или да се уништи - рече Филипче.Министерот упати апел до нашите граѓани кои првата доза на вакцина ја примиле во Србија дека ќе имаат можност доколку одлучат ревакцината да ја примаат во нашата земја, а веќе се подготвува начин како граѓаните да влезат во нашиот здравствен систем како вакцинирани против Ковид 19.-Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали може да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во нашиот систем. Доколку не ние веќе попладнево разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт „vakcinacija“ за тие граѓани да можат да се пријават. Граѓаните секако добиле термин за ревакцина, доколку некој не може да оди во Србија, доколку некој кој сака овде да продолжи ние тоа ќе го испланираме во нашиот систем - порача Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pozar

Кривична пријава за охриѓанецот кој запали две возила паркирани пред хотелски објект во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против  А.Г.(23) од Охрид.Тој, на 25.03.2021 година околу 22 часот, запалил две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска починати 35 лица и нови 1.320 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово - 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.Регистрирани се 514 оздравени пациенти од:Скопје - 267, Прилеп – 35, Куманово - 31, Велес – 26, Битола – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Струмица – по 14, Тетово и Кочани – по 13, Валандово – 12, Неготино – 11, Гевгелија – 9, Штип и Ресен – по 8, Демир Капија – 4, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 3, Берово – 2, Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.Направени се 4.738 тестови преку: ИЈЗ-889, ЦЈЗ Скопје-120, ЦЈЗ Битола-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-248, Авицена-366, Биотек-431, Систина-305, лабораторија Лаор–429, Синлаб-160, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1520.Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 56403, активни 9159Прилеп 6846, активни 1030Куманово 6625, активни 780Тетово 6198, активни 558Гостивар 4436, активни 458Кавадарци 4338, активни 722Велес 4336, активни 659Битола 4235, активни 636Штип 4171, активни 413Охрид 4025, активни 707Струмица 3180, активни 314Струга 2633, активни 198Кочани 2189, активни 225Кичево 1957, активни 153Неготино 1875, активни 432Гевгелија 1765, активни 384Свети Николе 1243, активни 111Крива Паланка 1046, активни 113Ресен 976, активни 151Радовиш 877, активни 111Дебар 835, активни 40Делчево 834, активни 98Берово 811, активни 114Пробиштип 672, активни 92Виница 587, активни 54Валандово 493, активни 76Крушево 430, активни 138Богданци 397, активни 79Демир Капија 347, активни 80Кратово 326, активни 31Демир Хисар 322, активни 48Македонски Брод 292, активни 37Пехчево 224, активни 28Македонска Каменица 198, активни 5Дојран 108, активни 9фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kafani

ВИДЕО: Полни и кафаните и парк во Скопје: Ало Филипче се слушаме?!?

Болниците се полнат со ковид-пациенти. Она што е поразлично во овој пик од претходните, според претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, е тоа што сега во земјава е присутен британскиот сој, кој се шири многу побрзо и за пократко време развива тешка клиничка слика. Но, и покрај препораките од надлежните, топлото време ги наполна кафичите, и кафаните. Скопјани уживаат на топлото време. Инаку и покрај рекордните бројки на заболени и починати во земјава засега останува полицискиот час од 22 до 05 часот како рестриктивни мерка.Проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на нови дополнителни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало за што потврда се соседните држави кои воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.Во моментот, вирусот е најдоминатен кај оние од 30 до 39 години, каде и има најголема хоспитализација, заедно со категоријата на граѓани над 60 години. Намалена е хоспитализацијата кај граѓаните од 40 до 50 години. 

Скопје | пред 5 години

image0-1

ЈПКД Дебрца изврши хиперхлорирање на резервоарот и водоводната мрежа во Требеништа - во понеделник ќе има нова проверка за исправноста на водата

Се известуваат жителите на с.Требеништа дека екипи на ЈПКД Дебрца, во текот на денешниот ден извршија хиперхлорирање на резервоарот и водоводната мрежа во селото, со што сега има соодветна количина хлор. Се превземаат сите можни мерки како би можела водата повторно да се стави во употреба. Во понеделник ќе се изврши повторна проверка за исправноста на водата и по добивањето на резултатите веднаш ќе бидете информирани за истите.Дотогаш Ве замолуваме да се придржувате до препораките од Центарот за јавно здравје, односно да се избегнува користење на водата за пиење и секаква друга употреба, се вели во соопштението од ЈПКД Дебрца.Во продолжение на соопштението од јавното претпријатие додаваат:Што се однесува на жителите на с.Мешеишта Ве известуваме дека во текот на изминатите 24 часа е зголемен процентот на резидуален хлор во водата и истиот сега изнесува 0.3%, соодветно на барањата од Центарот за јавно здравје Охрид.Извршени се сите потребни проверки со што може да се потврди дека водата е целосно исправна и безбедна за секаква употреба, велат од ЈПКД Дебрца. фото:  ЈПКД Дебрца

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Синовите на Сашо Мијалков претепале тинејџер, денот го минаа во полиција

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, објави  slobodenpecat.mk.  Според медиумот јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.Од МВР го потврдуваат случајот.– На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27032021_PVRSM_Zaev_na-promocija-na-novi-policiski-sluzbenici_3

Заев до новите полициски службеници: Да ги штитите граѓаните, уставот и законите, и да им служите на сите припадници на народите на нашата земја

Премиерот Заев денес присуствуваше на свечената церемонија на која беа промовирани нови 569 полициски службеници од генерацијата 2019-2020 во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Премиерот Зоран Заев се обрати на свечената церемонија а неговото обраќање ви го пренесуваме во целост.„Ми претставува чест да бидам дел од овој посебен ден за вас, припадниците на најновата генерација полициски службеници што ја завршија едногодишната обука во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи.Се радувам заедно со вас затоа што со голем успех сите вие како кандидати ја завршивте обуката за совладување на потребните компетенции за полициски службеници со одличен успех.Тоа говори за вашата висока мотивација да успеете и убеден сум дека таа мотивација ќе ја негувате и во исполнувањето на вашите задачи кога ќе ги добиете вашите професионални ангажмани во редовите на полицијата.Пред сите вас стои една од најблагородните должности – да ги штитите граѓаните, уставот и законите, и да им служите на сите припадници на народите на нашата земја.Сакам да ви честитам и да ве охрабрам во вашата посветеност на спроведувањето на вашите должности кон граѓаните. Таа мисија да ве исполни со гордост, задоволство и исполнетост и со успех да напредувате во професијата, во хиерархијата и за место во најелитните единици на Министерството за внатрешни работи.Можностите за напредок ви се отворени и лично од вас ќе зависи како ќе ги искористите овие можности.За време на вашата обука научивте какви се очекувањата од исполнувањето на вашата должност како полициски службеници. Научивте дека таа должност треба да ја исполнувате достоинствено, со почит кон другите, со сочувство, со чесност, храброст и внимание.Уверен сум дека обуката ве подготви да ги извршувате задачите најдобро што можете. Секоја задача што ќе ја добиете ќе биде важна зашто е во служба на заштитата и на услуга на граѓаните. Зашто е во насока на заштита на безбедноста на граѓаните, и во заштита на правото и правната држава.Извршувајте ги вашите обврски со интегритет и видлива компетенција за да бидете пример и да ги охрабрите другите во оваа одговорна мисија.Така лично ќе ја стекнете довербата на граѓаните и на тој начин ќе учествувате и во подигањето на довербата на граѓаните во полицијата.Како и со секоја генерација претходно, така и со оваа инструкторите од Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи со успех создадоа уште една генерација полициски службеници во име на тоа им изразувам најсрдечни честитки.Честитки и признанија заслужува и грижата за континуитет во обезбедувањето на професионални кадри и Министерството за внатрешни работи.Со овие честитки со огромно задоволство ви се придружувам во прославата на вашиот успех.“видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Foto-2-1

Пендаровски: Нашата прва година од членството во НАТО потврди дека не сме сами во справување со предизвиците

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на централната свеченост по повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата, што се одржа во касарната Илинден во Скопје.„Веќе една година учествуваме во сите работни комитети и тела и носиме заедно стратешки одлуки. Како рамноправна членка имаме целосен пристап кон најрелевантните информации со кои располага Алијансата. Тој механизам за размена на информации ни помага да ја превенираме опасноста и подобро информирани да креираме политики и носиме одлуки за виталните безбедносни и надворешно-политички прашања. Во исто време, дел сме од координативните механизми на НАТО за справување и со хибридните закани и кампањите за дезинформирање на јавноста“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.Во однос на пандемијата, претседателот Пендаровски посочи дека НАТО беше и сеуште е ангажиран здравствената криза да не премине во безбедносна. „Преку солидарните механизми на НАТО уште на самиот почеток добивме неопходна медицинска опрема и материјали, но и споделено знаење и искуства“, додаде Претседателот.Во рамки на свеченоста беше извршен приказ на способности од страна на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и беа доделени признанија за досегашната соработка со странски Воени Аташеи во земјава.Присутните на свеченоста со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите и починатите припадници на Армијата и на жртвите од Ковид-19.видео: кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

zafir

Почина Зафир Хаџиманов, ја загуби битката со КОВИД 19

Зафир Хаџиманов, актер, пејач и композитор почина како последица од коронавирусот, пишува порталот Курир.рс. Хаџиманов беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар. Тој е роден во Кавадарци, 1943 година.фото: Vreme.com 

Магазин | пред 5 години

latas

Латас: Ако сме држава тогаш треба да си ги платиме вакцините во Србија, овде граѓаните овде плаќаат данок и придонеси

Ако сме држава тогаш Македонија треба од Србија да побара список од сите Македонци кои примиле вакцина во Србија, со фактура да ги плати вакцините за своите граѓани кои овде плаќаат данок и придонес за здравство.Една вакцина е 30-40 долари, напиша на својот Фб профл Драган Павловиќ Латас. Извор: ФБ Драган Павловиќ Латас

Македонија | пред 5 години

27032021_Nastan-popovod-edna-godina-od-clenstvoto-vo-NATO_5

Свеченост, една година Македонија членка на НАТО

Република Северна Македонија свечено ја одбележа првата годишнина од членството на земјата во НАТО.Во програмата на свеченоста присуствуваа и учествуваше државниот врв на Република Северна Македонија, членови на Владата и на Собранието, највисоките претставници на Армијата, делегација на НАТО, предводена од командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, дипломатскиот кор во земјата и многубројни други претставници и делегации од земјата и странство.Претседателот на Република Северна Македонија во своето обраќање истакна дека пред точно една година станавме полноправна членка на Северноатлантската алијанса. Пендаровски додаде дека патот до членството беше долг, и со него се заокружија заложбите на повеќе парламентарни состави и влади, со поддршка на огромното мнозинство македонски граѓани.„Во овој период на глобална неизвесност и геополитички тензии, НАТО е важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија. Членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици бидејќи тие се неминовни за секоја држава во светот. Меѓутоа, членството е гаранција дека кога ќе се соочуваме, нема да бидеме сами и дека нашата подготвеност за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана. Нашата прва година од членството токму тоа го потврди“, нагласи Пендаровски.Во тој контекст претседателот Пендаровски гледа и на справувањето со пандемијата којашто започна како здравствена криза, брзо прерасна во економска, социјална и еколошка криза и во чие менаџирање се вклучи и НАТО.„Сè уште е рано да се согледаат долгорочните последици од оваа несреќа. Но, едно е очигледно ‒ целиот свет живее во епоха на исклучителна непредвидливост. Се менува не само бројот и интензитетот туку и карактерот на безбедносните ризици и хибридни закани, кои се комплексни за менаџирање и за најмоќните држави, и токму тука се предностите од членството во НАТО. Имено, многу од проблемите со кои како држава се соочувавме пред пандемијата и пред членството не исчезнаа, но станаа полесни за носење“, рече претседателот Пендаровски на свеченоста по повод првата годишнина од членството во НАТО.Претседателот на Владата Зоран Заев потенцираше дека членството во НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста.„Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е: УСПЕАВМЕ! Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија“, истакна претседателот на Владата.Премиерот Заев додаде дека претставниците на нашата земја во НАТО денеска седат на заедничка маса со најголемите и најразвиените земји во светот и дека Северна Македонија е еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии и заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност.„Активно учествуваме во мисиите на НАТО, од кои дел се насочени кон зачувување на мирот и стабилноста, а дел кон развој на локалните капацитети и институции за одржување на мир, безбедност и стабилен демократски развој. Кога е безбедноста и сигурноста во прашање, не сме повеќе тема на дневен ред. Сега и ние учествуваме во креирањето на дневниот ред. Дискутираме за сите прашања и заедно ги носиме одлуките со другите сојузници во НАТО“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев.Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање рече дека членството во НАТО беше наша битка и која ја добивме.“Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено-политички сојуз на светот е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава. Денеска го видовте нашиот сојуз. Сојуз на небо и на земја. Сојуз на држави со исти вредности и иста цел: безбедност и мир во свет кој стана уште понепредвидлив: пандемија, тероризам, засилена геополитичка конфронтација, сајбер напади, па сé до лажни вести, климатски промени и елементарни непогоди. Сојуз во кој имаме што да понудиме”, истакна министерката за одбрана Шекеринска.Обраќајќи им се на припадниците на Армијата, Шекеринска рече вложувањето во Армијата и во нејзините припадници е вложување во нашиот мирен сон.„Кога инвестираме во сајбер безбедност, инвестираме во безбедност за домашната критична инфраструктура, сигурност на нашите системи за снабдување. Кога ги ремонтираме нашите хеликоптери, имаме дополнителен државен ресурс. Кога обезбедуваме оклопни возила, тоа го правиме за да дадеме сила и заштита на македонската одбрана. Владата ќе продолжи да инвестира и да ја модернизира армијата – не за НАТО – за нас”, рече министерката Шекеринска, и додаде дека ќе продолжиме да ја градиме Армијата како гордост на секој граѓанин: Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин или Бошњак за наша целосна воена интеграција во НАТО и не само за НАТО, туку за нас.Командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, во своето поздраво обраќање по повод првата годишнина од нашето членство во НАТО потенцираше дека и пред да стане сојузник, Северна Македонија долго време беше партнер на НАТО како придонес за евроатлантска безбедност.„Вашата посветеност кон Алијансата се докажува одново и одново. Алијансата е посилна поради вашите споделени принципи и вредности со НАТО, со вашата посветеност кон идеалите за слобода и демократија и вашата цврста решеност да обезбедите мир и стабилност. Прославувајќи го ова важно постигнување, гледаме и кон иднината. Секој сојузник на НАТО носи важни придонеси. Јас ве охрабрувам да ги надградите вашите специјални способности и уникатната експертиза што и ја носите на Алијансата. Знам дека и понатаму ќе им служите како сјаен пример на другите земји кои го следат вашиот пат“, истакна командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк кој ја предводеше делегацијата на НАТО на свеченоста по повод првата годишнина од нашето членство во Алијансата.Програмата по повод една година од членството во НАТО беше исполнета со показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на грчки воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“, заедно со хеликоптери на македонското воено воздухопловство, точката Егзерцир на армиската Гарда, како постројувањето и маршот на ешалони од единиците кои учествувале во мисиите предводени од НАТО меѓу кои се и припадниците на Лесниот пешадиски баталјон.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев - Јовчески: Дел од основачите на новата партија Родина се враќа во Матицата Единствена Македонија

Согласно јавниот повик на Извршниот комитет на Единствена Македонија од 17 март 2021 до сите сопартијци кои од разни причини не се повеќе во партијата, да се вратат во Единствена Македонија, тргна процесот од Прилеп каде 493 основачи од новата партија Родина се враќаат во Матицата Единствена Македонија.Во изјава за јавноста претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и Милан Јовчески во име на лицата кои се враќаат во партијата истакнаа:Како што е познато, Извршниот комитет на Единствена Македонија, на седницата од 17 март донесе одлука да упати јавен повик до сите поранешни сопартијци кои од разни причини не се повеќе во партијата, да се вратат во Матицата - Единствена Македонија.  Денес имам големо задоволство да објавам од револуционерниот Прилеп дека 493 лица од 1.000 основачи на една нова партија, се враќаат во Матицата - Единствена Македонија.Колку е оваа бројка сама по себе од извонредно значење, да кажам дека нова партија се формира со изјави од 1.000 основачи, а денес од тие 1.000, дури 493 се од Прилеп, со кои од денеска продолжуваме заедно во Единствена Македонија, истакна претседателот на Единствена Македонија, јанко Бачев.Бачев додаде:Ќе продолжиме да се бориме заедно. Не ни треба основање на нови партии. Ја имаме Единствена Македонија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Единствена Македонија ќе биде посилна и пообединета од кога и да било досега.Единствена Македонија во изминатиот период беше на удар со смислени сценарија, вклучително и тешкиот фалсификат на последните изборите спрема нашата партија, за што во јавноста веќе дадовме доволно докази.Но сега, со пуштањето во јавноста на разноразни прислушувани разговори и вадењето на разни досиеја, ја користам приликата да изразам благодарност за обелоденувањето на досието со кодно име „Атлантик“, каде што јасно видовме дека сето тоа се правело смислено против Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија.Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината.Мора да си ја вратиме државата назад како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. За таа цел, мора да ги поништиме антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско. Но, ова претпоставува една претходна ситуација - соединување во Матицата - Единствена Македонија и тому тоа го правиме денес во Прилеп.Заедно сме во битката за Република Македонија. Заедно стоиме на страната на Македонија, истакна Бачев.Милан Јовчески на денешната прес конференција пак истакна:Денешниот ден е голем ден за нас 493 основачи од Прилеп на партијата Родина - Македонија, што денеска се обединуваме во Единствена Македонија. Мора да признаеме дека ние 493 основачи кои тргнавме да правиме нова партија, на време согледуваме дека не ни требаат натамошни делби и основање на нови партии, туку ни треба единство и да се обединиме како Македонци. Радува фактот што речиси и кај сите останати 500 основачи на Роднина - Македонија кои се од други градови, има интерес и желба за соединување во Единствена Македонија.Колку што сум запознат, наскоро тоа ќе го сторат и основачи на Роднина - Македонија од Кочани, Кавадарци, Неготино и други градови и ќе се вратат во Единствена Македонија и сите соединети ќе ја биеме Битката за Македонија заедно во Единствена Македонија., истакна Јовчески.Тој додаде:Во ова многу битно време за Македонија и Македонците, ние македонските родољуби и патриоти кои досега целиот живот го посветуваме во одбрана на македонските интереси, денеска правиме уште еден голем чекор.Бидете убедени дека заедно обединети во Единствена Македонија ќе успееме во нашата битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ.Борбата за Македонија никогаш не запира!Македонија од предвечност до вечни времиња. Амин, истакна Јовчески.видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

korona-4

МЗ: ВМРО ДПМНЕ одбра да протестира каде лежат над 300 ковид пациенти, тоа е показател за нивната грижат за граѓаните и нивното здравје

Министерството за здравство жали што опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, има за цел да ја спречи битката на здравствените работници и да ја спречи набавката на вакцини против Ковид 19. Ако на опозициската партија и беа важни граѓаните, пациентите, нивните семејства, лекарите, сестрите, другиот медицински персонал, ВМРО ДПМНЕ немаше да протестира на место каде има најголем број хоспитализирани пациенти во државата, се вели во реакцијата од министерството за здравство на протестот на ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на реакцијата се додава:На само стоина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти. На само стотина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ, работат здравствените работници, макотрпно, без да се штедат, се борат со вирусот и им ја даваат потребната нега на болните. ВМРО ДПМНЕ денеска одбра да шири несигурност во Клиничкиот блок, наместо да ги остави лекарите и медицинскиот персонал да бидат концентрирани и посветени на пациентите. Додека ВМРО ДПМНЕ смислуваа партиски говори, полни со лаги и обвинувања утрово министерот за здравство д-р Венко Филипче, со директорите на Ковид центрите зборуваше за обезбедување на нови легла за хоспитализација, ја дискутираа состојбата на пацинетите и кои им се потребите на Клиниките. Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот, криза во која солидарноста меѓу земјите е издигната на највисоко ниво. Во моментов во цел свет се води битка за набавка на вакцини, во цел свет има притисок врз болниците, во многу земји низ Европа, пациенти се префрлаат од една во друга земја, за да бидат болнички згрижени, нашите здравствени работници со натчовечки напори го дават максимумот да одговорат на потребите на пациентите.Министерството за здравство ја повикува опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да престане да го опструира процесот за набавка на вакцини измислувајќи сценарија, фалсификат документи и ширење лаги. Министерството за здравство ја повикува опозициската партија да престане со протести обидувајќи се да шири немир меѓу болните, нивните семејства, здравствените работници и сите граѓани. Министерот Филипче нема да го одвратите од битката со Ковид 19, менаџирање на здравствниот систем и обезедување на вакцини за граѓаните.извор: МЗ

Македонија | пред 5 години

GP-Tabanovce

Мицкоски: Денешните колони на возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава.Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата.Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам.Ова нема да се заборави, одговорност ќе има.извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

bocvarski

Бочварски: После 20 години важно е да имаме попис заради добро планирање на инвестициите

Пописот ќе се оддржи со сите здравствени протоколи заради зачувување на здравјето на граѓаните. После двесет годни важно е да спроведеме попис за да имаме точно прецизни бројки при планирањето за сите идни инвестиции во инфраструктурата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Виница.“Дали се работи за водовод, улици или канилизации, станбени згради, или социјални станови, како предуслов за да направиме добро планирање е сроведување на пописот. Попосот треба да биде оддржан после 20 години во државата, бидјеќи новите параметри што ќе ни ги даде пописот, оваа опаерација ни дава можност за прецизно планирарање, урбанизција и решавање на значајни инфраструктурани прашања и проблеми за граѓаните, изјави министерто Бочварски.видео: Министерство за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

korona-4

869 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 133 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци: Да им кажеме на Србиве, ако не - и Универзална да ни ја направат, а и улици да ни закрпат

Да им кажеме на Србиве, ако не - и Универзална да ни ја направат, а и улици да ни закрпат. И трамвај да ни реализираат, Луна парк исто да средат...веќе кога нè вакцинираат.Сега, сите од вакцините, пелцувани - ќе почнат српски да зборуваат.Попрво астероид ќе нè мавне, него Петре нешто да изгради, напиша на својот Фб профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Извор: Јорданка Ивановска Јоци.

Македонија | пред 5 години

Ivana

Туфегџиќ: Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава, гневот и бесот кон сопствената држава ќе расте

Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да спасат жива глава зашто се оставени на цедило од својата држава, напиша Ивана Туфегџиќ, на својот фејсбук профил.Туфегџиќ во објавата додава:Недостигот на стратегија, инаетот кон другите вакцини поради некаква геостратешка политика, неодговорноста и неорганизираноста на човечките капацитети со кои располагаме придонесе за гнев и бес на луѓето.А, најмногу од се комуникацијата: "не оваа среда, следниот петок".Ни полициски час, ни ништо нема да ги спречи луѓето да одат да си бараат спас.Гневот и бесот кон сопствената држава ќе остане и ќе расте.Единствено се надевам со оваа масовна вакцинација во Србија барем докторите кај нас ќе здивнат малку наредниот период, зашто тие се вистинските патриоти, како што се сака сега да се употребува во секој контекст. извор: Ивана Туфегиќ

Македонија | пред 5 години

mirjana-najcevska

Најчевска до власта: Не ви е срам од тоа што граѓаните одат во други држави да се вакцинираат?

Не ви е срам од тоа што граѓаните одат во други држави да се вакцинираат?Не се запрашувате каде сте згрешиле?Не чувствувате потреба да одговарате за направената грешка?Ако одговорот на овие прашања е НЕ тогаш сте психопати и под итно треба да ја преименувате партијата во ВМРО ДПМНЕ, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.Најчевска во објавата додава:А за она кретеноидите од албанската етничка заедница кои се обидуваат на сите Албанци во Македонија да им обезбедат посмртници испишани на албански јазик не скам ни да зборувам.извор: ФБ Мирјана Најчевска

Македонија | пред 5 години

bozinovski

Божиновски: Вучиќ направи повеќе за нас од сопствената влада

Вучиќ направи повеќе за нас од сопствената влада, колку шо ќе се вакцинираат викендов во Србија ние за месеци нема да имаме вакцинирани.Само ме мачи овие шо одат Србија да не го ситнат отпорот и да ја изгубиме предноста шо немаме вакцини, напиша на својот ФБ профил Божидар Божиновски.извор: Божидар Божиновски.

Македонија | пред 5 години

pozar

Пронајдено и приведено лицето кое запали два автомобили пред познат хотел во Охрид

Пронајдено и приведено лицето кое запали два автомобили пред познат хотел во Охрид, дознаваме од полициски извори. Се очекува да му се одреди мерка притвор. Полицијата овој случај го расветлува многу брзо. Сега се откриваат причините за мотивот на лицето да го изврши овој чин.Инаку настанот се сличи на 25.03.2021 година во време на полициски час. Во 22 часот, во СВР Охрид, било пријавено опопожарување во две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица,беше изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Во изминатово деноноќие - 11 прекршувања на полицискиот час и 499 санкции за неносење маска

Од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (26/27.03.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gragani-vakcinacija-s1

(ФОТО) Македонските граѓани чекаат за вакцинација во Србија, велат дека се разочарани што премногу долго се чекаат вакцините кај нас

Од утринава колони возила ја напуштија Македонија, македонски државјани заминаа на вакцинација во Србија. Утрово камерите на Граничниот премин на Табановце во живо прикажуваа километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.Но, едноставно преносот од видео надзорот сега покажува грешка. Едноставно поради необјасливи причини видео надзорот повеќе не е во фунција на овој граничен премин.Инаку иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници македонски граѓани да се вакцинираат.Граѓаните велат дека се разочарани што премногу долго се чека да стигнат вакцините кај нас и додаваат дека ова е можност која ја користат за да си го заштитат здравјето.Инаку во организација на Македонската асоцијација на новинари МАН и српското Удружење новинара Србије УНС, пред неколку денови 105 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Врање, Србија.Додека земјава очекува вакцини за да отпочне масовната имунизација, по новинарите, вакцинација во Србија најавија и полицајци, бизнисмени, но и  угостителите и музичарите.Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена информираше дека утре ќе пристигнат вакцините преку Ковакс системот. Но, премиерот Зоран заев најави дека приоритетна група сега за вакцинација ќе бидат попишувачите, поточно сите кои се вклучени во пописот кој треба да започне на 1 април.Претседателот пак на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека неговиот личен страв е дека ќе има слаба заинтересираност за вакцинирање.-Јас плашам дека после сета оваа бука нема вакцини, потоа ќе ни останат вакцини. Вакцинирањето е доброволно, не може со сила да вакцинираме. Инаку, АстраЗенека е сосема безбедна. Јас би се вакицнирал со која било вакцина и да се погоди на пултот каде што ќе се вакцинирам. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања