Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

120190520_075559

Владата до Бугарија: Немаме никаква поврзаност со анализите на ИФИМЕС, амбасадорот не требало да биде повикан на разговор!

Владата на Република Северна Македонија ја оценува како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија Владимир Крстевски во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Северна Македонија заврши во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.Владата на Република Северна Македонија и понатаму останува посветена и отворена за интензивни разговори и за пријателски дијалог за што побргу да дојдеме до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и низ заедничките основи да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ. Очекуваме и иницираме пријателските манири и односи да се интензивираат од двете страни за да можеме час поскоро со Бугарија да кажеме дека "најдовме решение во кое нема поразени" и што поскоро заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи новото време.

Македонија | пред 5 години

doktorka

Докторка од Велес бара оставки од надлежните поради тоа што секојдневно е сведок на трагедии на цели семејства

Докторка од Велес, која работи во првите редови на борбата со корона видурот, бара оставки од надлежните поради тоа што секојдневно е сведок на трагедии на цели семејства, а таа и нејзините колеги немаат услови како да им помогнат.Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ!За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува…Македонија е завиена во црно!А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2500 заболени!!!Па потоа ќе размислуваат што понатаму???Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не Ве бива…Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што умираат луѓето!Лесно се менаџира од кабинет!Ја сотревте Македонија !!! – коментира докторката Славица Трајкова.извор: ФБ Славица Трајкова

Македонија | пред 5 години

popis-1

Левица: Се попишуваат и оние кои немаат државјанства - политичката и манипулативна намера со пописот потврдени и од самите владини функционери

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е „само статистичка операција“, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации. Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата, која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот.Легитимноста на пописот е целосно поткопана! И тоа, не само поради тоа што партиските структури на ДУИ се однесуваат како парарелни институции, туку и поради тоа што тие, тенденциозно и свесно, ја прошируваат палетата на и онака законски манипулативно поставената пописна методологија, се’ со цел да даде нереални и нелегитимни резултати во однос на етничката структура во државава, односно да се прикаже значително поголем број на Албанци од она што навистина е случај на резиденти во Македонија.Последен пример за ова е новата нерегуларност која деновиве беше потврдена од лица во дијаспората. Нерегуларноста се однесува на тоа дека, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјансво?! Имено, ова беше потврдено дури и од Првиот вице-премиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попишеш „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или БИЛО КАКОВ друг документ". За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за „унапредување на правата на Албанците во Македонија“.Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација.Оттука, упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, се’ додека не се изготви консензуален Закон во кој ке се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tepacka1

Поведена постапка против едно лице за учество во насилна толпа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Сега осомничениот во протестите учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Popova28032021

Попова: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува еднострана и насилна промена на улиците во Скопје

Петре Шилегов е најнеспособниот Градоначалник на Скопје. Наместо работа и реализација на проекти од неговата програма, Шилегов реши да реализира само ефтин ПР.Наместо нови булевари, нови паркови, нов Луна Парк, на Шилегов поважно му беше да смени 100-тина имиња на улици во Скопје, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.Попова додаде:Скопје во време на владеењето на Шилегов, стана еден од најзагадените градови во светот. Депонии на секој чекор низ општините, ама тоа не е приоритетно, за Шилегов важно беше да се сменат имињата на улиците и булеварите.Заради нетраспарентната постапка во град Скопје при носење на оваа одлука за промена на имињата на улиците и булеварите, ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на одлуката на листата на имиња и целосно вклучување на стручната јавност во процесот.Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ баравме широка јавна расправа каде што ќе бидат вклучени Институтот за историја, НВО секторот и други релевантни фактори, а не театар каков што организираше самиот Шилегов.Не поддржуваме еднострана и насилна промена на улиците во Скопје. Не поддржуваме приватни забави на Петре Шилегов.Заради оваа промена на имиња на голем број на улици и булевари, градот Скопје ќе има големи дополнителни трошоци.Со ваквиот однос на Шилегов, преку насилно носење на оваа одлука, штета ќе имаат само граѓаните на Град Скопје.Големи ќе бидат финансиските импликации, преку промени на табли, знаци и протоколи, коишто ќе бидат платени од џебот на граѓаните, како и промени на лична документација на жителите на овие улици, каде што преку талибански процес се обидувате да го промените.Петре Шилегов ќе остане познат само по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на Градската куќа, обезличување на Скопје.Градоначалниче, престанете да се иживувате со граѓаните на Скопје, тие бараат решавање на нивните проблеми, а не промени на имиња на улици.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Христијан, Националниот Блок „Не отворам врата“ те подржува во Битката за Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, Одржа прес конференција пред Клубот на пратеници по повод утрешната средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Макеоднија Јанко Бачев како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ рече:Не случајно денешната прес конференција е пред Клубот на пратеници. На ова место, утре ќе се одржи важна и значајна средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Меѓу другото, тема на разговорот ќе биде и пописот, а токму пописот е причината зошто е формиран Националниот Блок „Не отворам врата“ од дваесет субјекти, партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија.Ние денеска дојдовме тука еден ден порано оти состојбата во државата е не само тешка туку е алармантна! Не можеме и не смееме да и дозволиме на марионетската власт да спроведе фалсификуван и живото-загрозувачки попис.Поради алармантната здравствена состојба во земјата е неопходна конкретна и безусловна акција. Ние денеска му даваме целосна подршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, јасно порача дека пописот мора да се одложи.Доколку Зоран Заев опстане на лудата идеја за попис по секоја цена и да го жртвува народот, го охрабруваме Мицкоски да издржи на определбата дека нема отворање врата за пописот во услови на тешка здравствена криза.Сакаме да го охрабриме Христија Мицкоски да издржи на сите внатрешни и надворешни притисоци, дотолку повеќе, според нашите сознанија на тет-а-тет средбата ќе има онлајн присуство најмалку уште на едно лице.Христијан, сакаме да знаеш дека заедно сме во битката против фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државата, заедно сме во борбата против попис во оваа алармантна ситуација кога пандемијата коси се пред себе, бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.Заедно сме во оваа битка, рамо до рамо.. Заедно стоиме на страната на народот.Заедно обединети и сплотени да го израдуваме народот со успехот и победата во нашата битка против фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис.Ние може да имаме милион причини, наметнати, политички и економски, реални и ирационалн за делби и меѓусебни расправии. Една единствена мисла е заедничка за сите нас - грижата за својот народ и љубовта кон нашата Македонија.Кога тоа ќе го разбереме, нема сила што може да не спречи да ги отвориме вратите за решавање на сите наши сегашни проблеми и да отвораме простор за иднината на нашиот народ, на нашата единствена таковина, Република Македонија.видео: Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

Американец пронајден мртов во стан во Скопје

На 27.03.2021 во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Скупи“ бил пронајден починат М.В.Д.(66) од САД, со престој на ул.„Скупи“, наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Нова црна статистика - починати 33 лица, нови позитивни на КОВИД 19, 708 лица

Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа,поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:Тетово – 3, Скопје и Штип – по 2, Велес, Битола, Кочани и Пробиштип – по 1.Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.Направени се 2.763 тестови преку: ИЈЗ-738, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-30, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Авицена-356, Биотек-304, Систина-340, лабораторија Лаор–341, Синлаб-34, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 281.Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 56744, активни 9490Прилеп 6905, активни 1085Куманово 6666, активни 817Тетово 6216, активни 572Гостивар 4462, активни 482Кавадарци 4361, активни 742Велес 4373, активни 693Битола 4261, активни 659Штип 4188, активни 428Охрид 4051, активни 732Струмица 3189, активни 323Струга 2640, активни 205Кочани 2205, активни 239Кичево 1959, активни 154Неготино 1886, активни 441Гевгелија 1775, активни 393Свети Николе 1248, активни 116Крива Паланка 1046, активни 113Ресен 981, активни 156Радовиш 878, активни 112Дебар 846, активни 51Делчево 835, активни 99Берово 812, активни 114Пробиштип 672, активни 91Виница 592, активни 59Валандово 494, активни 77Крушево 430, активни 138Богданци 399, активни 81Демир Капија 349, активни 82Кратово 326, активни 31Демир Хисар 322, активни 48Македонски Брод 292, активни 37Пехчево 224, активни 28Македонска Каменица 201, активни 8Дојран 110, активни 11фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stoltemberg

(Видео) Столтенберг: Северна Македонија е важен сојузник на НАТО, заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани

Северна Македонија е важен сојузник на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по повод една година од членството на земјата во НАТО.Во видео обраќање по тој повод, Столтенберг вели дека Северна Македонија е суверена земја која има свое место во Алијансата.„Честитки уште еднаш на Северна Македонија за успешната прва година. Ви благодариме за континуираниот придонес на нашата заедничка безбедност. Ѝ благодариме на Канцеларијата за врски на НАТО за целата нивна помош и поддршка низ годините. Заедно стоиме, 30 сојузници на број. Заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани“, вели Столтенберг.

Македонија | пред 5 години

zatvor

Поведена постапка заради пронајдено оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм.Во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1-5

(ФОТО) Започна асфалтирањето на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец

Започнавме со асфалтирање на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец.Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители.Општина Охрид минатата година овде постави и канализациона мрежа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:А од наредната недела продолжуваме со асфалтирање и на други улици во селото Лескоец.Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени и нивната поддршка искрено ни значи. Тоа е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

ruska-2

Стигна втората пратка од 3000 дози вакцини Спутник В

Денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници. фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Кабинет на Претседател: Пендаровски лично не се познава со лицата вмешани во случајот „Планина“

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија остро реагира на наводите изнесени на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која се инсинуира наводна поврзаност на претседателот Стево Пендаровски со лица вмешани во случајот „Планина“.Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање. Поради тоа, Кабинетот на Претседателот отфрла било каква поврзаност на претседателот Пендаровски со лицата вклучени во случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nazdravuva

Полицијата откри домашни забави во Скопје и во Куманов и најави кривични пријави

Полицијата откри домашни забави во Скопје и во Куманово на кои присуствувале повеќе лица и најави кривични пријави.Вчеравечер во 22 часот, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.„Мајски манифест“ во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), во која била организирана забава. Покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), во куќата биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица.Истата вечер, исто така, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, сопственост на Е.Т.(37), каде, исто така, имало забава. Освен нејзините три ќерки, во куќата биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица.МВР најави дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави за прекршување на мерките во борбата против короннавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcini-1-1

Целта е вакцината да дојде до сите луѓе, порача дипломатскиот кор

Денеска во Република Северна Македонија пристигна првата пратка вакцини против Ковид 19, кои нашата земја ги обезбеди преку Ковакс механизмот. Првата испорака е од прозиводителот Астра Зенека, а испорачани се 24.000 дози вакцини, кои ќе бидат наменети за граѓаните над 75 годишна возраст. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во присуство на претставници на дипломатскиот кор во земјата, амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство, Франција, делегацијата на ЕУ,СЗО, УНИЦЕФ и ООН, на меѓународниот аеродром во Скопје ја пречакаа правата партка вакцини од Ковакс.-Ковакс системот се разви летото минатата година, а во развивањето на овој систем инвестираа и учествуваа многу земји во светот, СЗО, Глобалната Алијанса за имунизација со цел да има еднаква и правична распределба на вакцините насекаде во светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји во светот коишто го поддржаа овој систем, посебно на претставниците на нашите пријателските земји кои денеска се тука со нас, САД, Германија, Велика Британија, Франција, понатаму на претставниците на СЗО, УНИЦЕФ со чија помош го организиравме и целокупниот систем за транспорт, за прием и понатаму за користење на овие вакцини, врз основа на искуствата на сите земји каде тие вакцини се користат. Сега ние сме посветени системот на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно. Имаме најави и за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец. Очекувањата во делот на времето не се исполнија и сето ова доаѓа со неколку недели закаснување, меѓутоа имајќи предвид дека е огромна побарувачката на вакцини насекаде во светот, имајќи предвид дека сите земји се буквално соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира така како што е замислен и добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функционира, за ние во следните месеци да знаеме точно колку вакцини можат да стигнат преку Ковакс системот за процесот на имунизација да се одвива во континуитет - рече Филипче.Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз истакна дека брзото ширење на вирусот Ковид 19 покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога се во прашање големи предизвици, таа посочи дека сите земји треба да имаат пристап до вакцината против вирусот Ковид 19.-Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери - рече Кејт Мари Брнз амбасадорка на САД.Германија како коосновач на платформата за снабдување на вакцини против корона вирусот е и најголем донатор, истакна германската амбасадорка Анке Холштајн, изрази задоволство за првите дози вакцини кои пристигнаа денеска, иако како што рече ова требаше да се случи три месеци порано.- Вакцините се бесплатни за државите приматели, секое петто евро за тоа доаѓа од Германија, секое трето евро од ЕУ. Ова го правиме, бидејќи ние сме безбедни дури тогаш кога сите други се безбедни - рече амбасадорката Анке Холштајн.Британската амбасадорка Рејчел Галовеј изјави дека Велика Британија, како еден од првите донатори во Ковакс досега oбезбеди 548 милиони фунти за овој механизам и 1,3 милијарди фунти помош за ставање крај на пандемијата.- Никој од нас не е безбеден се додека сите не сме безбедни - рече амбасадорката Галовеј.Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, посочи дека денешната испорака на вакцини преку Ковакс е само почеток и дека преку овој механизам ќе стигнат уште вакцини.-Ова е прекрасна вест за граѓаните и за медицинскиот персонал, ова е прекрасна вест и за целокупната здравствена состојба. Ова е одлична вест и на политички план, бидејќи истата е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност - рече амбасадорот Бомгартнер.Раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, истакна дека денеска е среќен ден, бидејќи пристигнаа првите вакцини преку Ковакс маханизмот.-Тимот Европа донираше 2,2 милијарди евра во Ковакс механзимот, вакцините се светло на крајот од тунелот на пандемијата - истакна Бертолини.Претставничката на СЗО во нашата земја, д-р Џихан Тавила, му се заблагодари на министерот за здравство д-р Венко Филипче и на неговиот тимот кои како што рече работеа напорно за да ги добијат вакцините.- Тоа е комплицирана работа не е лесно треба да се работи на регулатива, на логистика ... Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот - истакна д-р Тавила.Патриција Диџовани, претставничката на УНИЦЕФ, посочи дека вакцините против Ковид 19 нудат надеж.-Пандемијата на Ковид 19 сериозно влијае врз животот на децата и младите, а имунизацијата ќе биде важен чекор кон закрепнување, вклучително и кон безбеден и целосен пристап до виталните услуги - рече Диџовани.Постојаниот координатор на ООН во РСМ, Росана Дуџак ги повика граѓаните да се вакцинираат, нагалсувајќи ја важноста на вакцината против Ковид 19-Вакцината не е доволна за заштита од Ковид 19 мора да продолжиме да одржуваме физичка дистанца, да носиме маски и да одржуваме хигиена - порача Дуџак.

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Реакција од синовите на Мијалкови за нападот врз 19-годишното момче: Никого не сме нападнале, и не бевме приведени

Синовите на браќата Сашо и Владо Мијалкови се огласија по пишувањата во медиумите дека биле уапсени поради тепачка во скопски бар. Велат дека тие двоеле две групи кои се степале меѓусебно. Во дописот кој го испратија се вели:Заради точно информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите невистини дека наводно сме претепале момче и дека заради тоа сме биле приведени. Свесни сме дека презимето кое го носиме предизвикува внимание во медиумите и јавноста, но тоа не ја намалува обврската за професионално известување и пренесување на двете страни пред да се изведе заклучок дека некој некого претепал или “бил уапсен”.Во петокот вечерта со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало. Околу 20.45 часот еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него. Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден.На жалост нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче.Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19 годишно момче кој го пријавил настанот. После случката заминавме дома, нашиот пријател побара медицинска помош. Вчера не бевме приведени, туку бевме повикани од полицијата за да дадеме исказ во врска со настанот и веднаш постапивме по поканата и кажавме што и како се случи. За жал, еден од нашите пријатели и во текот на вчерашниот ден продолжи да добива закани на мобилниот телефон.Исто така во текот на вчерашниот ден, Филип беше нападнат од истата група на момчиња кои што со шипки и пендраци удираа по колата во која што седеше. Во полиција е пријавен и насилен напад врз Филип при што беше оштетено возилото во кое се наоѓаше. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти случајот, а со тоа ќе запрат и дезинформациите во јавноста. Би Ви биле благодарни доколку ја објавите нашата реакција за граѓаните да може да добијат целосна слика за случката.Со почит, Александар Мијалков Филип Мијалков

Македонија | пред 5 години

LDP3

ЛДП донесе одлука на локалните избори да настапува самостојно

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат во 2021 година, да настапи самостојно.– Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП, рече претседателот на партијата Горан Милевски.За време на состанокот ЦО на ЛДП ги овласти претседателот и генералниот секретар во следниот период да ги преземат сите неопходни мерки во насока на подготовка на партијата за успешен настап на локалните избори.Претходно, одлуката за самостоен настап ја поддржаа членовите на Извршниот одбор на ЛДП, како и на Централните одбори на Форумот на жени и на Либерално-демократската младина.извор: ЛДП

Македонија | пред 5 години

vakcini-1

Процедура за пријавување вакцинирање во Србија, нус појави, детали

Поминаа 24 часа од кога се вакцинирав, и добив многу прашања од пријатели поврзани со истото, па еве ги одговорите за сите:- Процедура за пријава во Србија1. Се вакцинирав со AstraZeneca, таа во моментов е единствена достапна за странци во Србија.2. Се регистрирав на следниот линк: https://imunizacija.euprava.gov.rs/#novaprijava3. Не, нема потреба од српски број, само пиши '063897.....' во полето, и осигурај се дека мејлот ти е точен.4. При пополнувањето можеш да одбереш дали сакаш да се вакцинираш со било која вакцина достапна на лагер (јас тоа одбрав), или да одбереш специфични (но помали шанси да те викнат ако не вакцинираат со таа).5. Чекав околу месец дена за да ме повикаат, но викендов ги викнаа сите, така што тие што се пријавија само неколку дена пред викендов, исто беа викнати.6. Вчера изјавија од Србија дека веќе нема да се примаат луѓе без закажан термин, така да подобро е да се пријавите.- Процедура на лице место1. Се чека на ред, на белградско сајмиште (или во Ниш), временскиот темин не значи многу, дојди порано е моја препорака.2. Кога ќе дојдеш на ред, прво доктор те прашува неколку прашања за да установи дали можеш да примиш одредена вакцина, потоа се внесуваат твои информации во систем, потоа те вакницираат и на крај седиш 10 минути во салата за не дај боже да имаш некои реакции, да може да интеренираат.3. Добиваш потврда (и принтана и на меил) дека си примил/а прва доза.4. Втората доза (за AstraZeneca) следи за 12 недели, и ќе бидеш повикан повторно. Ако во МК почне да работи процесот на имунизација, ќе можеш и овде да ја примиш.- Нус појави1. Секоја вакцина си носи свои нус појави, јас можам да зборам само за AstraZeneca и како моето тело реагираше на неа.2. После 7-8 часа, почна покачена температура, до 38.8, проследено со треска и главоболка. Траеше цела вечер.3. Следниот ден (денес) имам само главоболка, што полека низ денот трбеа да се смири.4. Очекувано е да имаш температура, телото работи на креирање на антитела.5. Ако температурата стане повисока, можеш да си земеш парацетамол, за да помогне при намалување на истата. Шпанската влада препорачува по еден парацетамол на секои 6 часа, првите 24 часа по примањето на вакцината.-----Ако ми текне уште нешто, ќе ја дополнам листава извор: Горјан Јовановски

Македонија | пред 5 години

demiri

Демири: Ние за разлика од Србите, купивме хермелини. Тоа можеа да ни продадат, вакцините ќе им ги продаваат на оние кои не им се на листата на „скротени“ пријатели

Нема поголема грешка од тоа овие политичари да ги нарекуваш неспособни. Се извинувам!Всушност, овие политичари се само администратори на нивните газди кои физички живеат суштествуваат во други, т.н. развиени земји, а „печалат“ и грабаат во земјите како нашата, напиша на својот ФБ профил Мариглен Демири.Демири во објавата содава:За да биде трагедијата уште поголема, тие сили за оваа држава веќе не се ни борат да ја „клекнат“, тоа го покажува и односот со немањето вакцини за разлика од Србија која за да ги помачи западните па и источните газди, им понуди нивни принцип - слободен пазар, ајде изборете се сите до еден за Србија. Дотаму е дојдена работа и политички и геополитички. Карај си го тепај си го.Не дека Србија е повеќе држава од „нашава“, туку дека „нашава“ ја еба утката туркајќи ги целосно гаќите (се извињавам за метафората) пред довербата во западните „пријатели“.Ние за разлика од Србите, купивме хермелини. Тоа можеа да ни продадат, вакцините ќе им ги продаваат на оние кои не им се на листата на „скротени“ пријатели. На времето „важно се градеше“, сега „важно се купува“.Вакво ној поведение, не е видено во оваа северна прдонија.извор: ФБ Мариглен Демири

Македонија | пред 5 години

danela.arsovska-1200x1200

Арсовска за Филипче: Се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година

Претседателката на Сојуз на стопански комори, Даниела Арсковска утрово објави фејсбук статус во кој го обвини Министерот за здравство, Венко Филипче дека е најнеспособниот министер кој Македонија го имала или ќе го има во иднина.-Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година, се вели во фејсбук статусот на Арсовска.Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш, додава Арсовска.извор: ФБ Данела Арсовска

Македонија | пред 5 години

Nikolov-28.03

Николов: Нема вакцини, има план за приватизација на рендген дијагностиката и партиски избори

Вчерашните слики од вакциналните пунктови во соседна земја, целосно ги разоткрија промашените приоритети на министерот за здравство. Сцените покажаа река народ кој си бараше спас и сопствено решение за сопствениот живот и сопственото здравје. Го покажаа фијаското на Заев и Филипче, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО- ДПМНЕ.Николов додаде:Во меѓувреме, Филипче манипулира и лаже дека сме биле прва земја во која медицинскиот кадар ќе бил вакциниран. Вчера видовме и медицински лица кои заминаа на вакцинација надвор од земјата.Ваква е состојбата заради тоа што на Заев и Филипче, јавното здравство во минатите години никогаш не им биле приоритет. За нив, единствен приоритет беше и се уште е демонтирањето на јавното здравство, негова распродажба и трансформација во приватно здравство.Додека Заев и Филипче, не се способни да постигнат директни договори и да набават вакцини, тие единствено мислат на договори за физибилити студии за распродавање на јавното здравство. Наместо вакцини, во декември 2020-та година нарачале физибилити студија, со идеја да го приватизираат Рендген институтот и рендген дијагностиката во здравствениот систем да ја стават под капа на приватни сопственици.Не се потпишаа договори за вакцини, ама помина тендер за физибилити студија да се направи проценка за приватизација на Рендген институтот и рендген дијагностиката.Со еден збор, сите преговараа и договараа набавка на вакцини, Филипче и Заев договараа распродажба на сегменти од јавното здравство.Јавно ги прашуваме Заев и Филипче:Што ќе беше сега ако успеевте да ги приватизирате биохемиските лаборатории?Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате ГОБ „8-ми Септември"?Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате Брзата помош?Така ли планиравте да се борите за јавното здравство и јавното здравје?Здравствениот систем денес е застанат. Зафатени се болничките капацитети на клучните Хирургија, Кардиологија и Интерна во Клинички центар „Мајка Тереза“. Пред една недела организиравте партиски избори каде гласаа 60 илјади луѓе, а неделава бројката на новозаразени надминува 1.400 лица и починати над 30.Доста е Венко оди си! Не мора во чекор да го следиш Зоран Заев во неговите криминални и коруптивни политики.Оди си Венко! Придружи им се и помогни им на здравствените работници и на лекарите!видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

brnz

Брнз: Задоволна сум дека овие вакцини, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку Ковакс денес

САД ѝ честита на Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината од „Астра зенека“.Оваа пратка, велат од УСАИД, е прва од неколкуте во наредните недели и e овозможена од Владата на Северна Македонија која, како што се наведува во соопштението, ја покажува посветеноста за здравјето на своите граѓани преку искористување на Ковакс системот за рамномерна распределба на вакцините за Ковид-19.„Задоволна сум дека овие вакцини, овие дози на надеж, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку Ковакс денес“, рече амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.„На сите земји им треба пристап до вакцините за да се запре пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик”, додаде таа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

GP-Tabanovce

На Табановце поради зголемена фрекфенција на возила, за излез од државата се чека по 40-тина минути

На граничниот премин Табановце, кон Србија, поради зголемена фрекфенција на возила, за излез од државата се чека по 40-тина минути, информира АМСМ.Викендов во Србија се упатија голем број македонски граѓани за да примат вакцина на пунктовите во Белград и Ниш.Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Zagrebska

Со меѓуопштинска соработка ќе се реконструираат учици во Карпош и во Сарај

Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за реконструкција на дел од улица Загребска е една од точките за која ќе расправа Советот на Град Скопје на наредната седница. Со оваа одлука Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкцијата на дел од улицата Загребска, на потег од скалите за поврзување со улица Леринска до влезот на детска болница Козле) во должина од околу 200 метри, а за ова намена се предвидени 10 милиони денари.Оваа одлука е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле, каде што функционира и еден од Ковид-центрите во Скопје. За потсетување, минатата година, Градот Скопје изврши серија на реконструкции и изградби во Клиничкиот центар – Мајка Тереза, односно изгради посебен влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се проширија влезовите кај Клиниката за стоматологија и на влезот на улица Белградска над Клиничкиот центар, а се реконструираа и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство.Советот на Град Скопје ќе расправа и за дополнувања на двете одлуки за меѓуопштинска соработка со општината Сарај, со кои се предвидува финансиско учество за реконструкција на улици во населените места Кондово и Крушопек. Со првата одлука, се дополнува износот со кои Град Скопје ќе учествува во реконструкцијата на улица во населеното место Кондово и истиот изнесува 6.338.000 денари. Со втората одлука, се дополнува износот со кои Град Скопје ќе учествува во реконструкцијата на улица во населеното место Крушопек и истиот изнесува 6.873.000 денари.На седницата Советот ќе расправа и за завршните сметки на градските јавни прептријатија за минатата 2020 година, како и за одлуките за измена на распоредот и проширување на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2021 година и за одлуката за иземена и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2021-2023 година. Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуките за утврдување на Листата за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје, како и за Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на град Скопје. фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

22 лица синоќа ја прекршувања на забраната за движење

Од 22.00 часот на 27.03.2021 до 05.00 часот на 28.03.2021 констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (27/28.03.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за задолжително носење лична заштита на лице, регистрирани се 657 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања