Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Додека владејачкото мнозинство свесно и плански ја води државата кон дезинтеграција, директорот на ДЗС повторно се заканува со затворски казни

Откако група програмери укажаа на низа пропусти и недостатоци на апликацијата за попис на дијаспората, кој започна на 1 март, првиот човек на Државниот завод за статистика (ДЗС), наместо сериозно да се зафати со решавање на недостатоците на системот, тој повторно во стилот на власта, им се закани на граѓаните со затворски казни. Зачудува фактот дека секогаш кога ќе се откријат недоследности за и околу пописот, Апостол Симовски прибегнува кон член 49 од истиот закон, притоа толкувајќи го на начин, како нему му одговара, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Со оглед на фактот дека овој член навистина предвидува тригодишни затворски казни, но за секој оној кој што ќе уништи, прикрие, оштети, или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, нејасно е во кој контекст овој член од законот може да биде искористен против некој што успеал да ги открие и притоа укажал на слабостите и недостатоците на апликацијата!?При постоење на сознанија за вакви сериозни недостатоци, каде граѓани во Републиката можат да се попишат како дијаспора, се поставува прашањето уште какви се’ други недостатоци има апликацијата за попис и какви се’ злоупотреби можат да се случат на податоците внесени во неа. Вчера во јавноста излезе информација дека програмери предупредуваат на други пропусти, како на пример дека, дури да внесете 13 нули во полето за матичен број, системот ќе ви овозможи пристап за попишување, бидејќи апликацијата не проверува валидност на матични броеви!Аматеризмот во изведувањето на најзначајната статистичка операција се гледа и во тоа што, за попишување на населението надвор од границите по електронски пат, работата е доверена на бугарска компанија Скејлфокус, и тоа како донација. Притоа ова е направено без организиран тендер со јасно дефинирани критериуми кои ќе ја гарантираат безбедноста на процесот, власта „штеди” на спроведувањето на пописот со што дополнително го делегитимира целиот процес.Потсетуваме дека овој Закон за попис, Левица го оспори пред Уставен суд поради неколку причини: прво поради тоа што спроведувањето попис во време на пандемија е сулудно, особено во состојба кога Владата нема набавено ниту една единствена вакцина. Понатаму, овој Закон е спротивен на задолжителните норми на меѓународното право и на стандардите на Еуростат - тој нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население. Исто така Законот ја повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци и воедно предупредуваме дека резултатите од ваквиот попис ќе бидат груб фалсификат и истите ќе бидат искористени единствено во служба на легитимирање на дополнителните политики кои власта ги планира, а со кои системски и намерно државата се води кон дезинтеграција!Апелираме до Власта, пописот да биде итно прекинат и истиот, со нов закон, кој ќе ги има предвид задолжителните норми на меѓународното право како и стандардите на Еуростат, да биде спроведен после подобрувањето на состојбата со пандемијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

155302697_3413926138708268_8350174445755328625_n

Поставен камен-темелник на вториот блок од училиштето „Димитар Македонски“

Со поставувањето на камен-темелник на вториот блок се интензивираа градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.Според предвидениот рок се очекува објектот да биде пуштен во употреба оваа година.„Изградбата на новиот објект е од витално значење за учениците од овој дел на општината“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и посочи дека населбата Лисиче ќе добие современо основно училиште.Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

koronasvadba

Протокол за Ковид свадби - без оро, без музика и со ограничен број гости

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Тие сметаат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи, пренесува Сител.-Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако чќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите.Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.Новиот протокол за работа на рестораните за свадби е изготвен. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број.Угостителите и свадбарите најавуваат протести следната недела доколку комисијата не ги прифати нивните барања, објави Сител.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mickoski-111

Иницијатива за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да си замине од функцијата што ја извршува пред да направи дополнителна штета. Ова го порача Иницијативата за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера во Собранието беше изгласана доверба на Владата.„Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сеуште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое што тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба.Партијата вчера беше посрамена“, велат од Иницијативата за Конрес.Оттука се децидни дека Мицкоски свесно ширел еуфорија дека успеал да обезбеди мнозинство, иако знаел дека тоа не е вистина.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

droga-prodazba

МВР приведе улични дилери, меѓу нив и малолетник

На 03.03.2021 во 20.00 часот во Градски парк во Скопје при продажба на марихуана се приведени три лица, улични дилери. При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори". фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-2

ИЈЗ: Во однос на претходната недела, за 56% зголемен бројот на нови случаи – најголем дел од регистрираните од Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021, тестирани се вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 27,2% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000)Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 22 до 28 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

UaYct-

Во Радожда запленета марихуана пренесена од Албанија, а наменета за продажба во Македонија

Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

03032021_PVRSM_Zaev_sredba_Vitilo-1

Средба на Заев со раководството на италијанската индустриска групација „Витило“: Следува нова инвестиција од 10 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ, се сретна со раководството на италијанската индустриска групација „Витило“, сопственикот и управител Антонио Витило и Чиријако Ло Конте, директор на „Витек Македонија“.На средбата е објавено дека странскиот инвеститор, којшто е присутен во нашата држава од 2011 година, одлучил да инвестира нови 10 милиони евра во земјава, во рамки на третата фаза од планираната инвестиција, што е речиси стопроцентно зголемување на досегашните инвестиции од над 11 милиони евра, реализирани во првата и втората фаза.На состанокот е изразено задоволство од страна на инвеститорите за нивната работа во нашата држава и е информирано дека веќе постојат побарувања на пазарот за нивните производи и дејност.Претставниците на италијанска групација „Витило“, позната во автомобилската индустрија, како што беше соопштено, ќе инвестираат во градење и во нови машини за потребите на автомобилската индустрија и на други индустрии, а производството од нашата земја е наменето за цела Европа, земјите на Заливот и САД. При тоа е планирано зголемување на работните места за една третина од постоечкиот број вработени, кои, според соопштените информации земаат натпросечна плата во државава и на кои, минатата година, во време на пандемија, им биле зголемени платите за 16 проценти.Премиерот Заев ја поздрави новата инвестиција, за којашто изрази очекување за скорешно, официјално потпишување на договорот за инвестицијата.„Ние сме цврсто фокусирани кон отворањето нови работни места, раст на економијата. Се покажавме како пријателска држава во регионот, којашто генерира политики на пријателство и веруваме дека тоа влијае на интересот за инвестирање овде. Нé радува вашата одлука за новата инвестиција и во Република Северна Македонија и вие гледајте голем пријател и можности за соработка на принципиелно ниво“, рече премиерот Заев.На состанокот, директорот Деспотовски презентираше детали за новата инвестиција, како и за разговорите за поддршката од државата за нејзина реализација. Како што беше истакнато, оваа инвестиција е дел од новиот пристап во работењето на Дирекцијата за ТИРЗ со анализа, но и значително покуси рокови за подготовка и склучување договори. Премиерот Заев и претставниците на италијанската компанија се согласија дека ваквиот пристап ќе значи и нов квалитет, поголема сигурност, а со тоа и повеќе странски инвестиции во Република Северна Македонија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

images_todorov-21

Тодоров: Мицкоски си оди, ВМРО се обединува!

Вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво, владата на Заев опстана. Не и беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство. Никогаш не сум ликувал и никогаш нема да ликувам на било кој пораз на ВМРО, без разлика на тоа кој го води ВМРО и дали лично се согласувам или не со претседателот на партијата. Затоа велам, жалам што опстои владата предводена од Заев и СДСМ, напиша на својот ФБ профил Поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ и исклучен од партијата, Никола Тодоров.Во Објавата тој сепак им се обраќа на членството на ВМРО ДПМНЕ и додава:Втората причина за разочараност е фактот што излезе на виделина лагата дека има ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО. Кај сите членови се подгреваше лажна надеж од страна на Мицкоски дека владата е готова, падната, и дека за неколку дена ова ќе биде реалност. За жал, Заев на еден брутален начин, политички, го тресна од земја Мицкоски по стоти пат. Јасно е, се додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт во државата. Мицкоски си оди, Заев си оди!Третата причина за разочараност е што сопартијци, очи си вадат по социјалните мрежи, со погрдни зборови и лоши мисли. Повторно причината за длабоката поделба е Мицкоски. Мицкоски си оди, ВМРО се обединува! Само сплотени можеме да станеме модерна, европска, центар десна партија и само така ќе си ги повратиме изгубените над 150.000 гласови. Или ќе останеме робови на минатото или ќе покажеме храброст и визија за иднината.Да живее Европска Македонија! фото: ФБ Никола Тодоров

Македонија | пред 5 години

korona-lek

(ВИДЕО) Граѓаните  исплашени од коронавирусот, нудат алтернативни начини за лечење - протнување под корените на орева во Делчево

Граѓаните  исплашени од корона вирусот, а чекајќи ги вакцините се вртат кон алтернативни начини за лечење на КОВИД19.  Локалната телевизија М-Нет од Делчево денеска објави снимка која е најдобар доказ за ова. Имено жителите на градот и на околните села деновиве во се поголем број доаѓаат за да се протнат под корените на два орева, убедени дека тоа ќе ги заштити од  вирусот.Според прилогот на телевизијата 70-годишниот Страшо Димитровски од Делчево, на сон му се јавило да ископа дупка под двете оревови дрвја во месноста Брежје, во близина на реката Брегалница. Овој ритуал од неговите блиски набргу се раширил и во околината но и подалеку, па почнале да доаѓаат и луѓе од целиот регион.„Тоа го направив за народ што ме почитува. Кој ме мрази, не мора да доаѓа и не мора да верува, ама кога ќе го налегне – ќе поверува,“ вели Димитровски за М-Нет, додавајќи дека преминот под оревовиот корен го отворил „за здравје“ и против „пусти болести“.видео:  М-Нет

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Потребна е помош: Кристијан кој има аутизам, епилепсија и остеопороза, го скрши колкот - мора да се оперира во Турција

Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи... кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца, се вели во објава на ФБ.Порај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.Барајќи го спасот секаде, неможејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе.Отврени се донациски броеви143 125 Телеком143 464 А1Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе.Уплати на жиро сметка210-7000006478-05 NLB банкаIBAN CODE MK 07210501699259629SWIFT TUTNMK22NLB BANKA AD SKOPJEВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛУВАЈТЕЕ !!фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

slavjanka

Петровска на Канал 5: Денешното гласање за доверба на Владата покажа дека мнозинството е стабилно

Со денешното гласање за доверба на Владата покажавме дека сите тврдења за некакво ново парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ не било ништо друго освен една голема лага, посочи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.„Денеска покажавме дека сите тврдења кои со месеци ги слушаме дека сме немале мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници, се само една голема манипулација, голема лага на опозициската партија. Со денешното гласање докажавме дека парламентарното мнозинство е стабилно и сега сите треба да продолжиме да работиме за граѓните, Владата да продолжи со реализација на програмата за која впрочем и ја добивме довербата од граѓаните на изборите“ истакна Петровска.Петровска порача дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале можност во неколку месеци наназад да поднесат барање за гласање на доверба на Владата преку иницијатива од најмалку 20 пратеници за да има три дена дебата, но не го сториле тоа затоа што знаеле дека не можат да изгласаат недоверба на Владата и се се сведувало на обичен блеф за внатрепартиска употреба на Христијан Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica1

Петрушевски: Денешното гласање за недоверба на Владата беше класичен театар и од тоа најголема штета ќе имаат граѓаните

Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за денешното гласање за недоверба на Владата и истакна дека тоа што денеска се случи во Собранието е еден класичен театар од страна на Заев и од ова најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија.Легитимно е на секоја опозиција е да се бори да разговара во Собранието за рушењето на владата и апсолутно тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи да го прави тоа без разлика на денешниот театар да се обиде да собере доволен број на пратеници кој што ќе изгласаат недоверба на владата. Ова денеска што се случи во Собранието е еден класичен театар да не речам циркус каде на еден шверцерски начин Заев во отсуство на лидерот опозиција кој што знаете дека е во самоизолација, да си купи некој ден и тие негови пазарџиски способности особено во делот на тргување со влијанија за кои очигледно е махер, почнувајќи од почетокот на неговиот мандат пред се со пратениците да ете и денеска докаже дека е способен да пазарува во тој дел. За жал ова што го видовме денеска, најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот.Понатаму во своето гостување Петрушевски укажа дека денеска во Собранието беше оневозможена дебата за гласање на недоверба на Владата.- Меѓутоа самиот чин на барање на доверба на Влада Заев го направи на начин кој што оневозможи дебата во Собранието односно употреби реално можност во Деловникот со кое што без расправа, без она кое што опозицијата би обидела да ги убеди и другите пратеници во она кое во континуитет го зборува и она што граѓаните во континуитет го зборуваат и доаѓаа до нас за здравството, за образованието, за културата и сите други области, додаде тој.Петрушевски во своето гостување зборуваше за сето она што се случува во Собранието и констатираше дека тоа го гледаат и меѓународните институции.-Она кое што го видовме и го гледаме во Собранието особено кога се менуваше името преку уставните измени како пратеници со полициска придружба од притвори беа носени да гласаат, како беа уценувани со кривични пријави. За жал овој метод од кој јас извлекувам заклучок дека се случува во Собранието го гледаат и меѓународните институции. Последна денеска беше Фридом Хаус која што покажа дека сме делумно слободна држава и дека најголем дел во корупцијата, во правдата им наоѓа аномалија, рече Петрушевски.Тој укажа на тоа ако власта е сигурно во своето мнозинство зошто цел месец нема пленарна седница во Собранието.Меѓутоа сега се поставува едно друго логичко прашање. Најпрво доколку Зоран Заев бил храбар, а не бил кукавица и сакал да има дебата верувам дека има 20 пратеници преку кои може да поднесе гласање на доверба на влада и да покаже дека е со доволно голем демократски капацитет и да слушне критика од спротивната страна. Меѓутоа ако имаме стабилно мнозинство како што велат колегите од власта и како што сакаат денеска да покажат се поставува логички прашањето зошто еден месец немавме пленарна седница? Ние како опозиција сме секогаш присутни во зградата на Собранието, во нашите канцеларии следиме се што се случува. Наша алатка е дали ќе учествуваме во одредена седница или не особено што од друга страна имаме мнозинство кое што никако не сака да соработува со опозицијата, ништо не сака да ја слушне опозицијата и тогаш е логично да бараме да се обезбеди мнозинство кое што еве велат дека го имаат и нека почната седници, а ние како ВМРО-ДПМНЕ сме тука да соработуваме, додаде Петрушевски.Петрушевски зборуваше и за акцискиот план на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот за Бугарија и посочи дека тоа е многу срамно за целиот македонски народ и за тоа треба да реагира и владејачкото мнозинство.Јас имам лично против акцискиот план кој го произнесе Љупчо Георгиевски за спорот со Бугарија, а многу Македонци имаат и те како сериозен проблем затоа што она кое беше таму напишано. Срамно е да биде напишано тоа од еден поранешен премиер, сегашен коалициски партнер на СДСМ, понижувачки за македонскиот народ, понижувачки за сите граѓани на Република Македонија и апсолутно се чувствувам навреден од сето она што го прочитав во неговиот предлог план. Мислам дека со иста мера треба да реагира и владејачкото мнозинство и да се оградат од овие ставови кои јавно ги има произнесено нивниот коалициски партнер, рече Петрушевски во своето гостување.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

centar-skopje

Забраната за градење во Центар - укината

До денеска на сила беше времената мерка за укинување на мораториумот што Уставниот суд ја донесе лани во декември. Градоначаликот на Центар Саша Богдановиќ тогаш изјави дека има и други начини да се запре градењето, а Советот го прифати предлогот на Јана Белчева-Андреевска за суспензија на плановите за градењеУставниот суд денеска ја укина одлуката за забрана за градба на територијата на Општина Центар и го отвори патот за градење на територија на општината каде ДУП-овите беа оспорени, објави 360stepeni.mk. На веб-страницата на судот попладнево е објавено соопштение во кое се вели дека Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.До денеска на сила беше времената мерка за укинување на мораториумот што Уставен ја донесе во декември лани.Веднаш потоа Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата на советничката Јана Белчева-Андреевска да се искористи законската можност за суспензија на плановите за градење.Белчева-Андреевска се повика на членот 23 од новиот Закон за урбанистичко планирање.извор: 360stepeni.mk. фото: Wikimedia Commons 

Скопје | пред 5 години

Mickoski-111

Мицкоски: Заев купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но и тие ќе поминат

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа. Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ; Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!фото: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

42321838_305002373633592_8307820129018707968_o

Рангелова објави фотографија од Мицкоски и праша: Дали може да му се верува на овој човек???

Дали може да му се верува на овој човек???Ни Владата падна, ни тој успеа да обезбеди ново мнозинство, за жал!Пак уште една нова лага, во низата измислици на Мицкоски!!!Само едно е во право!"УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ МОРА ДА ПЕАТ КАКО ШТО ИМ Е КАЖАНО!!!ПЕЕЕЕЈ МИЦКОСКИ, НО ДО КОГА, напиша на својот ФБ профил Даниела Рангелова.

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ доби реконструирана коловозна лента, уредени тротоари, нова дистрибутивна ниско напонска мрежа

Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс” доби:🔹Реконструирана коловозна лента со два асфалтни слоја во должина од 750 метри🔹Уредени тротоари со бехатон плочки и нови рабници🔹Нова дистрибутивна ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија👉За овој важен инфраструктурен проект кој значително ги подобри условите за сообраќај во овој дел на градот, оштината издвои 13 милиони денари, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 5 години

10022021_PVRSM_Zaev_Pres-konferencija-na-tema-energetska-tranzicija_1

Со 62 пратеници ЗА, без против и воздржани, Собранието изгласа доверба на владата

Со 62 пратеници ЗА, без против и воздржани, Собранието изгласа доверба на владата  Никој не гласаше „против“ или „воздржано“ за прашањето на доверба што го постави самиот премиер, затоа што во опозициската редица не остана ниту еден пратеник. Опозицијата ја немаше на гласањето.„Опозицијата шест месеци најавува ново мнозинство. Точно е дека сум прв премиер кој сам поставува прашање за доверба на неговата Влада и тоа е прашање на храброст и одговорност.Ред е да се соочиме и да расчистиме. Денес ќе се види дека оваа коалиција го почитува правто на помалите партии за независно дејствување“,рече Заев, користејќи го правото да се обрати од собраниската говорница пред чинот на гласање.Откако на Владата ѝ беше изгласана доверба, истото прашање, како што е предвидено со Уставот, не може да се постави во наредните 90 дена во парламентот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kanabis-medicina

Истрага против 23 годишен дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претресот во домот на осомничениот 23-годишник на улица „Саса“, полицијата пронашла психотропна супстанција – 70 картончиња диетиламит на лизергинска киселина (ЛСД), како и 0,34 грама семки од канабис.Одлучувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице во текот на кривичната постапка, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое на осомничениот му определи забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, повремено пријавување кај службено лице во Судот и привремено одземање на патната исправа, односно забрана за издавање нова.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

03032021_MZSPP_Press_2

Нуредини: Македонија ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес–конференција информираше за Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II-Национален парк, кој го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, а кој вчера беше усвоен од страна на Владата на Република Северна Македонија.Како што посочи министерот Нуредини, доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.„Иницијативата за заштита на македонскиот дел на Шар Планина на институционално ниво датира од 1994 година и низ годините беа вложени многу напори од експерти, меѓународната заедница, невладиниот сектор, со многу неуспешни обиди за прогласување, за да дојдеме до денешниот момент - на чекор до прогласувањето“, изјави Нуредини, потенцирајќи дека потребата за заштита на ова богатство произлегува од специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните и пределните вредности и уникатноста на Шар Планина кои се препознаени и на меѓународно ниво.Министерот Нуредини изрази благодарност до сите партнери - до експертскиот тим, академската заедница, иницијативата „Пријателите на Шара“, како и за финансиската поддршка од нашите странски партнери ГЕФ/УНЕП/IUCN, кои помогнаа овој исклучително напорен процес да резултира со квалитетен Предлог-закон кој ќе се обезбеди максималната заштита на природните вредности, но и почитување на потребите на различните засегнати страни, пред се на локалното население, а ќе овозможи и нови перспективи за социо-економски развој.Како клучни факти и придобивки од заштитата на Шар Планина Нуредини ги наведе:- „Основна е потребата за заштитата на богатата природа и одржливото користење на природните ресурси, бидејќи на Шар Планина има биодиверзитет кој е клучен од национален аспект, меѓутоа е и од ЕУ значење, идентификувана е како „Натура 2000“ подрачје, и имаме обврска да ја заштитиме согласно меѓународните конвенции, но и како барање од Европската комисија за застапеноста на заштитени подрачја.- Од аспект на нашите граѓани, е важно дека со заштитата се отвораат достапни средства преку фондовите за заштита, кои со прогласувањето на националниот парк овозможат развивање на овој предел.- Во границите на НП Шар Планина вклучени се сите планински села со цел обезбедување на еднаков третман и можности за нивен иден развој, со што бројот на опфатени села изнесува 30, а заштитената територија изнесува 62.705 хектари.- Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.- Со цел да се обезбеди непречен развој на ски-центарот Попова Шапка, беше земен предвид Мастер-планот за развој на Попова Шапка, како и веќе постоечките тури кои ги спроведуваaт локалните компании и предвиден е заштитен појас околу ски-центарот, со што ќе се обезбеди баланс помеѓу заштитата на природата и развојот на различни форми на туризам во предвидените рамки.- Исто така, ќе се развие прекугранична соработка, бидејќи ова подрачје ќе се надоврзе на веќе постоечкиот Национален Парк во Косово „Malet e Sharrit”, а оваа целина природно се надоврзува со НП „Маврово“, како и со паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија, па заедно би се формирало едно од поголемите прекугранични заштитени подрачја во меѓународни рамки.- Покрај зачувувањето на природното богатство, прогласувањето на Шара за национален парк значи социо-економски развој преку инвестиции за подигнување на стандардот, инфраструктурата, развој на туризмот, органското земјоделство и другите еко системски услуги.- Зајакнување на брендот „Шара“- како резултат на етикетата „Национален парк“, нашата Шар Планина ќе доживее регионално, национално и меѓународно признание и популарност на повеќе нивоа, но пред сè во насока на зголемување на туристи.- Категоријата национален парк се прогласува со закон кој ги утврдува границите, зоните, името и така натаму, меѓутоа клучните прашања се уредени во Законот за природа и управувачката структура.- За управување на Националниот парк, Владата ќе треба да основа Јавна установа Национален парк во рок од 3 месеци од усвојување на Законот, за што се обезбедени средства од Буџетот.- Ќе се воспостави и ренџерска служба за спроведување на заштитата.- Конкретните забранети и дозволени активности во подрачјето, ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на законот и за кој веќе се обезбедени средства и меѓународни експерти од IUCN, преку УНЕП, кои ќе работат на терен, со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение. Планот исто така се носи со јавни расправи, и ќе овозможи инклузивен процес за сите засегнати страни“.За крај, министерот Нуредини соопшти дека Владата, на вчерашната седница донесе Одлука, додека трае постапката на донесување на Законот во Собрание, Шар Планина да биде поставена под привремена заштита, со цел спречување на носење на нови Одлуки за доделување на концесии на територијата на подрачјето. Решението треба да биде подготвено и донесено во наредните две недели.На прашањето на новинарот од „Алсат“ поврзано со можноста да се градат нови мали хидро електрани во заштитеното подрачје, министерот Нуредини информираше дека тие што се изградени ќе продолжат да работат со засилени инспекции и контроли, а за оние кои се доделени а не се изградени, ќе има рок од една година за Владата да преговара за можноста да се повлечат инвеститорите или да се комплетираат градбите, со цел избегнување на големи фискални импликации поврзани со раскинување на договорите.„Нови одлуки за концесии нема да има“, потенцираше Нуредини.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

korona1

Еден од пациентите кој се врати од Занзибар има британски, а не јужноафрикански сој од КОВИД 19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest-2-3

ВМРО ДПМНЕ: Фридом Хаус потврди - Македонија има сериозен проблем со корупцијата

Македонија нема напредок во борбата со корупцијата, нотира Фридом Хаус. Македонија тапка во место, односно ништо не се сменило. Корупцијата останува сериозен проблем, постои широко распространета неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството. Наспроти фалбите за реформи, продолжуваат да се појавуваат сериозни скандали со корупција и набавки. Ова е оценката на Фридом Хаус.Македонија останува делумно слободна држава во која што се уште се нотирани, изборен поткуп, заплашување на гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат. За дел од медиуми се нотира дека се врзани за политички или деловни интереси кои што влијаат на нивната содржина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Тоа што власта сака да го истакне како постигнување, трите поени разлика, се должат токму на тоа што ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го истакнува, а тоа е дека беа признаени избори во име на ветената европска иднина, односно почетокот на преговорите со ЕУ.Трите поени се однесуваат на тоа што без проблеми била формирана влада по јулските избори, иако се регистрирани изборни измами, закани и други форми на изборен притисок, а се нотира и забелешката од ОБСЕ дека власта во последен момент ги сменила изборните правила.Оценката на Фридом Хаус дека Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за Хибриден режим на Економист, на оценката дека Македонија тоне во корупција според Транспаренси.Македонија со Зоран Заев, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Љупчо Николовски и другите не може да постигне никаков напредок, освен во корупцијата, криминалот, поткупот, заканите и заплашувањата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска нови 807 нови случаи на Ковид 19 и починати 5 лица

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3312 тестови преку: ИЈЗ-755, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-291, Биотек-248, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина-273, лабораторија Лаор–265, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 359, активни 4145Куманово 38, активни 338Тетово 34, активни 323Прилеп 34, активни 643Гостивар 29, активни 184Штип 3, активни 121Велес 24, активни 278Битола 25, активни 209Кавадарци 36, активни 604Охрид 38, активни 475Струмица 36, активни 220Струга 5, активни 190Кочани 11, активни 91Кичево 5, активни 74Неготино 36, активни 264Гевгелија 35, активни 223Свети Николе 1, активни 26Крива Паланка 12, активни 114Ресен 6, активни 65Дебар 3, активни 43Делчево 2, активни 184Радовиш 2, активни 23Берово 3, активни 32Пробиштип 4, активни 32Виница 1, активни 27Валандово 5, активни 32Крушево 11, активни 85Кратово 1, активни 28Богданци 4, активни 51Демир Хисар 3, активни 23Македонски Брод, активни 8Демир Капија 1, активни 40Македонска Каменица, активни 3Пехчево, активни 4Дојран, активни 1фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Popis_2021

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го поднесе законот за укинување на пописот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го поднесе законот за престанување на важењето на законот за попис со што бараат да се прекине статистичката операција.Операцијата „Попис“ од ден на ден станува се посериозна и посомнителна.Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис.Од тие причини, како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажуваме дека нема да бидеме нем набљудувач на овој крајно несериозен политички процес и затоа денес во Собранието на Република Македонија поднесовме Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка, истакна Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Василеска додаде дека на ова самоволие мора да му застанеме на патот и да не дозволиме криминален и насилнички попис.Оваа лакрдија што ни се случува во врска со пописот, ја најавувавме и предвидовме уште од самиот почеток. Но самобендисаната власт на чело со Зоран Заев, воопшто не сакаше да разговара и дебатира на оваа тема.Од редовна и статистичка операција, неспособноста на Зоран Заев и владата овој попис го претвори во политичка операција и пазарење, додворување и враќање на коалициски долгови, истакна Василевска и додаде:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт укажуваше на многубројните недостатоци и аномалии на Законот за попис и од тие причини поднесовме околу триесетина суштински амандмани кои имаа за цел да го подобрат текстот на законот, но власта предводена од Зоран Заев не прифати ниту еден амандман.Секојдневно и на секој начин укажувавме дека овој попис, предвиден и договорен како што замислува СДСМ и Заев, нема да биде релевантен и нема да даде точни и релевантни податоци, туку само дополнително ќе ги доведе Република Македонија и нејзините граѓани во заблуда.Нашите издржани забелешки и секојдневни укажувања за недостатоците и аномалиите на овој закон беа и се’уште се, и тоа:• злоупотреба на европското знаменце и европските вредности и скратената можност за стручна и опширна дебата,• недостиг на консензус од сите политички партии,• проблематична и недоречена методологија за спроведување на пописот,• нефункционален и небезбеден систем за електронска евиденција на дијаспората, и• погрешен тајминг за одржување на пописот, иако многу европски земји поради КОВИД кризата го одложија пописот за една година.Но и покрај овие издржани аргументи, власта и Зоран Заев никако не отстапуваат од политичкиот договор и намерата по секоја цена да се одржи пописот.Нашата легитимна борба против одржување на ваков сомнителен и фингиран попис, го препознаа и огромен број на граѓани. За само неколку дена над 100 илјади граѓани, со име и презиме, јасно и гласно го кажаа своето мислење и недоверба и рекоа големо „НЕ“ за ваков попис, истакна Василевска.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

kina-korona-2

МЗ: Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански држави.Мерката доаѓа откако медиумите објавија брачен пар кој бил на одмор во Занзибар, се вратиле во Македонија со симптоми на корона вирус, и најверојатно се работи за јужноафриканската мутација, која досега не беше регистрирана кај нас.Од Министерството за здравство велат дека до овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот и дека во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на брисеви на двајца пациенти кои се вратиле од патување од Занзибар и се хоспитализирани со симптоми на вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања