Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, податоците од пописот првин одат во Софија а после во Скопје - не се попишувајте

Националниот Блок „Не отворам врата“ македонскиот народ и државјаните на Република Македонија изразуваат силна шокираност од најновата информација дека бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.Тие во истото додаваат:Ова е само по себе скандал бидејќи податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје. Ова е недозволиво и неприфатливо за суверена и самостојна Република Макеоднија а дотолку повеќе што со ова се загрозуваат и безбедносните интереси на државата.Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.Затоа Национачниот Блок „Не отворам врата“ ги повикува нашинците во странство да не се попишуваат, а овој скандал е уште една потврда да не се излегува на пописот.Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението, велат од Националниот Блок „Не отворам врата“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pukano

ОЈО го расчистува пукањето во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило Голф 5 без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил Мерцедес со скопски регистарски таблици, управувано од лице од с. Горно Свиларе, при што возачот на Мерцедесот се здобил со прострелна рана во левата натколеница.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување краткораен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин. Ваквата мерка беше побарана со цел да се обезбедат докази за евентуална инволвираност на тоа лице во кривично-правниот настан. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа.За истиот настан, уште едно лице беше лишено од слобода, но тоа лице е пуштено, бидејќи од МВР не беа обезбедени и приложени докази за негова инволвираност.Надлежниот јавен обвинител денеска издаде повеќе наредби за вештачење на биолошки траги, на чаури од испукани куршуми и други наредби за обезбедување докази. Од добиените резултати од наредените вештачења зависи дали ќе се потврди директната инволвираност во настанот на лицето за кое беше определен краткотраен притвор. По изготвување на овие вештачења, согласно Законот за кривична постапка, Обвинителството ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-2

МАНУ ќе испитува дали брачна двојка што се вратила од Занзибар е заразена со јужноафриканскиот сој на КОВИД 19

Брачна двојка од Битола се пожалила на инфицираност од коронавирус по враќањето од Занзибар. Сопругот е на 65-годишна возраст, инаку познат битолски стопанственик, сопственик на салон за мебел, објави Нова Македонија.Симптомите најпрво ги пријавил уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија,заедно со сопругата. Од понеделникот тој е хоспитализиран на нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје.Дали 65-годишниот битолчанец го носи јужноафриканскиот сој ќе се дознае по утрешната типизација што ќе се прави МАНУ, а резултатите се очекуваат за два дена.Пациентот засега е изолиран во посебна болничка соба, но докторите од струшкатаболница чекаат одговор од ГОБ 8-ми септември во Скопје дали ќе има место за тој да биде примен таму.извор: Нова Македонија

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Најновиот извештај на Фридом Хаус констатира напредок со позитивни оценки за реформите, велат од Владата

Во извештајот на организацијата Фридом Хаус за 2021 година генералната оценка е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година.Во извештајот „Слободата во светот“, годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани.Фридом Хаус се повикува на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, и дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.Во документот е забележан прогрес во поддршката на граѓанското општество со констатација дека дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи.Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година.Фридом Хаус нотира дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.За делот на извештајот кој регистрира дека новинарите работат во услови на политички притисок и дека се констатирани напади врз новинарите, треба да се истакне дека во последните години за овие инциденти се спроведува итна постапка и дека редовно институционално се процесуираат сите предмети за физички или вербален напад врз медиумските работници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Тројца турски државјани обвинети за прикажување фалсификувани ПЦР тестови​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот зaконик.На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Аеродром потпиша Меморандум за соработка со Голф-федерацијата - Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, денеска потпишаа Меморандум за соработка со што се отвора патот за изградба на голф-терен во Аеродром.Во рамките на соработката ќе се овозможат меѓусебна техничка соработка и размена на искуства директно или преку други институции и организации доколку е тоа попрактично и поефикасно, а се однесуваат на широк спектар прашања во врска со реализација на проектот „Голф-терен во Република Северна Македонија“ и негово промовирање.„Потпишувањето на овој Меморандум е од огромно значење за Општина Аеродром, затоа што отвора едно сосема ново поглавје во областа на спортот и популаризација на голфот во нашата држава. Интензивно ќе работиме на реализација на идејата за изградба на првите голф-терени во нашата земја“, изјави градоначалникот Марин.Тој додаде дека изградбата на голф терените ќе ја стави Општина Аеродром на мапата на светските дестинации и за развивање на голф-туризам по примерот на земјите од регионот.„Потпишувањето на Меморандумот за соработка е од големо значење како прв конкретен чекор за исполнување на амбициите за изградба на голф-терен во нашата држава. Ова претставува развојна платформа за нас како федерација, но и уште позначајно за нашите членки-клубови во Федерацијата, на кои со оваа поддршка им се создаваат услови за полесно и побрзо да стигнат до конкретна реализација на голф-проекти во Општина Аеродром“, изјави претседателот на Голф-федерацијата, Наум Јанакиев.Изградбата на голф-терените е еден од капиталните проекти во рамките на стратегиската платформа „Аеродром - прва општина со европско знаменце“. Спортот останува еден од врвните приоритети на Општината.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

janevski

АППТ со нова кампања и со предлог за поддршка на домашните тур-оператори

Дополнителна поддршка за македонските тур-оператори кои во својата програма за 2021 година ќе ги стават домашните туристички центри, предлага Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).Како што изјави за МИА директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, ваквиот предлог е веќе доставен до Кабинетот на вицепремиерот, Фатмир Битиќи.Јаневски најавува и нова кампања од 15 март која ќе се фокусира на регионалните гости. Од почетокот на јуни, пак, оценува, се очекува да дојдат и туристи од традиционалните пазари – Холандија, Турција, Полска.-Целта на нашиот предлог е да се поддржат тур-операторите кои ќе продаваат аранжамни на домашните туристи во домашните туристички центри. Со оглед дека пандемијата не стивнува, ниту се знае до кога ќе трае, почнуваме промотивна кампања од 15 март која ќе се фокусира на регионалните гости. Притоа ќе се искористат веќе воспоставените т.н. зелени зони на патување, нагласува Јаневски.извор: МИАфото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis-1

Бошњаците реагираат: Нашиот мајчин јазик наместо босански е именуван како бошњачки, доколку не се промени ќе го бојкотираме пописот

Бошњаци од Северна Македонија, ја известуваат јавноста дека во електронскиот образец за попис  нивниот мајчин јазик наместо БОСАНСКИ е именуван како БОШЊАЧКИ јазиk.Во соопштението кое го испратија до медиумите се вели:Врзано за ова БДС реагираше во повеќе наврати како писмено така и со директни контакти до надлежните институции на Северна Македонија ( Влада, МВР, ДЗСРМ и др.) но за жал оваа грешка постојано се повторува. Конечно ги повикуваме сите надлежни институции на Северна Македонија ВЕДНАШ да ја исправат оваа грешка, односно називот БОШЊАЧКИ ЈАЗИК да го променат во БОСАНСКИ ЈАЗИК.Доколку тоа не биде сторено, БДС ќе ги повика Бошњаците од Северна Македонија да го бојкотираат пописот. Бараме од сите институции на Северна Македонија еднаш и засекогаш да разберат дека никој нема право да го менува нашиот национален и верски идентитет и дека се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат, бидејќи ние по националност сме БОШЊАЦИ, кои зборуваат на БОСАНСКИ ЈАЗИК и чија вера е ИСЛАМ. БДС ги застапува интересите на Бошњаците од Северна Македонија и за таа цел подготвен е да ја напушти владеачката коалиција.фото: Бошњачки демократски сојуз

Македонија | пред 5 години

DSC_4505a

(ВИДЕО) Со провокативен спот снимен во Детроит, алтернативната денс група БДМ ја освојува Америка

Македонската алтернативна денс група БДМ, со ремикс на нивната последна песна Stay и видео спот снимен во Детроит, се пробиваат на европскиот и американскиот пазар. Песната што Бранко Вељановски, Дуле Вељановски и Мартин Делимитов ја промовираа пред Нова година, сега е со поинаков звук, направен во соработка со холандскиот продуцент и диџеј Neemese.Провокативното видео со еротски сцени, го режираше Виктор Стоимиров, а во него се појавува моделот Габриел Ларион.„Нашата музика од почетокот ја издаваме преку ‘Парагон рекордс лејбл’ кој соработува со светски музички компании и платформи. Оттаму идејата да ги промовираме нашите песни надвор и од Македонија, особено што сите соработки што ги направивме досега, и со Јова, и со Валери, Алекс Ви и Калин, се песни на англиски јазик. Видеото се снимаше на неколку локации во Детроит, САД и нескромно може да кажеме дека делува светски“, велат момците од БДМ.По ова, тие најавуваат уште еден сингл, по што ќе го промовираат и нивниот прв албум, State of Mind кој е во завршна фаза.

Магазин | пред 5 години

IMG_2316

Поставување на атмосферска канализација на улица Радушка

Општина Ѓорче Петров продолжува со изведба на атмосферската канализација во населбата Дексион.Стартува изработката на подземната инфраструктура на улица ,,Радушка‘‘ фаза II. Се поставуваат цевки Ф-400 во должина од 400 метри на потегот од последна 5-ка до крстосницата кај гробиштата во Ѓорче Петров. Ќе се изведуваат подземни работи во длабочина од 2,4 метри до 1,7 метри.Со изградбата на оваа мрежа ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе се реши деценискиот проблем на жителите во Дексион. За реализација на овој проект општина Ѓорче Петров обезбеди буџет од 2.400.000 денариПретходно, во првата фаза беше изведена должина од 980 метри атмосферска канализациона мрежа на ,,Црногорска‘‘ и на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘.Со општински средства асфалтирани се 550 метри, а наскоро преку Министерството за транспорт и врски ќе почне со поставување на асфалтна подолога и на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘.Поради изведување на градежни работи ќе има и времен сообраќаен режим.фото: Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 5 години

Boki-13-1

Боки 13 бара смена на обвинителката Вилма Рускоска

Бојан Јовановски кој е обвинет во случајот Меѓународен сојуз бара смена на обвинителката Вилма Рускоска, објави Сител.-Го молам државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да одреди кој е застапник на ова обвинение кое според мене опстојува на стаклени нозе и без докази. Рускоска мислеше дека е доволно да го поднесе обвинението, а потоа да ги праќа своите заменици кои не се упатени во предметот, покажуваат непознавање на материјата, па сметам дека Јовески треба да ја изземе Рускоска и да назначи нов обвинител за да знаеме кој го застапува овој предмет, рече во судницата Бојан Јовановски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

marko

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Малиот Марко кој има тумор на мозокот треба итно да се оперира во Турција

Малиот Марко Шептков има шест години и во овој момент има потреба од голема помош посебно од хуманите граѓани.Ова мало момче кое го гледате на фотографиите има тумор на мозокот и треба да се оперира и лекува во болницата Аџибадем во Турција.Бијдеќи, оваа тешка битка Марко нема сила да ја истера сам, неговото семејство бара финансиска помош од сите хумани граѓани. Сумата која им е потребна е 56.570 евра кои неговото семејство не може да ги обезбеди.Доколку имате можност донирајте па заедно да му помогнеме да му се радува на животот уште долго.ВЕ МОЛИМЕ донирајте на следната сметка:Хуманитарна сметка: 300001000026677Комерцијална банка А.Д. СкопјеМарко Шпетков – донацииДевизна сметка: MK 07300307050978133SWIFT: KOBSMK2X Komercijalna banka AD SkopjeЕмилија Богеска Шпеткова, цел на дознака: донации за Марко Шпетков

Македонија | пред 5 години

asnom1

Реконструирана улицата “АСНОМ” во Охрид

Ја реконструиравме улицата „АСНОМ“, во должина од 630 метри. Инвестицијата вредна над 8,8 милиони денари опфати:Нов асфалт на коловозот со површина од 5. 953 м2,Реконструирани тротоари од двете страни на улицата,Нивелирање на сите шахти и сливници,Современа хоризонтална и вертикална сигнализација, напиша во својата објава на фејсбу градоначалникот Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

marihuana

Претреси во тетовско, пронајдена дрога и оружје

На 02.03.2021 во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.Ј.(47) и кај Т.Ј.. При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар. Додека, кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми. Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sajber-bezbednost-5G

Додека го планираат воведувањето на 5G, источноевропските земји мораат да се грижат за повеќе од самата технологија

Иако на воведувањето на 5G технологијата во земјите од Источна Европа често се гледа преку призмата на геополитичка лојалност, технологијата може да направи голема разлика во нивните економии.Како што се обликува раното поставување на 5G инфраструктурата низ Западна Европа, внатре во Источна Европа, поголем дел од земјите се во многу различни фази кога станува збор за нивното поединечно воведување на 5G. Поради различниот технички, правен, па дури и политички контекст, овие држави донесуваат тешки одлуки што да прават понатаму.Регионот на Балкан, каде што повеќето земји не се членки на ЕУ, честопати се доживува како арена во која меѓународните сили се обидуваат да создадат свои сфери на влијание. Донесувањето на 5G технологијата на Балканот е само една од областите каде се натпреваруваат големите сили, а во овој случај главни играчи се САД и Кина.Во текот на изминатите неколку години, поголем дел од регионот стана дел од 5G безбедносната иницијатива предводена од САД, наречена „Чиста мрежа“. Северна Македонија, Бугарија и Косово беа последните земји што се приклучија на пактот во октомври 2020 година, во кој сега членуваат 53 земји и вклучува 180 телекомуникациски компании. Како што опишува Стејт Департментот, иницијативата е создадена за да се справи со „долгорочните закани по приватноста на податоците, безбедноста и човековите права, претставени на слободниот свет од авторитарните малигни актери, како што е Кинеската комунистичка партија“.Во декларацијата посебно се споменуваат кинеските технолошки гиганти Huawei и ZTE како „недоверливи IT провајдери“, на кои иницијативата сака да им се спротивстави.Huawei веќе има големо присуство во регионот, благодарение на тесната соработка на Кина со Србија, која според многумина е највлијателната земја во регионот на Балканот. Иако земјата формално не е дел од „Чистата мрежа“, во текот на минатата година српските власти потпишаа договор за економска соработка со Вашингтон, во кој се обврзаа дека забрануваат употреба на 5G опрема од „недоверливите провајдери“. Сепак, во овој конкретен договор, не беше директно спомената ниту Кина, ниту производителите како Huawei.Според Вук Вуксановиќ, истражувач на меѓународните односи од Лондонската школа за економија и политички науки (LSE), примерот со Србија покажува дека регионот е веќе во тешка ситуација, кога станува збор за заземањето страна во американско-кинескиот спор.„Нема конкретно споменување на Huawei или Кина, но сите знаат на кого целат Американците. Нациите во регионот се потешко ќе најдат рамнотежа меѓу Кина и САД. Како што се интензивира кинеско-американското ривалство, тоа е случај и со американскиот отпор против Кина, вклучувајќи ги и 5G амбициите на Huawei во регионот “, изјави Вуксановиќ за технолошкиот портал ZDNet.Првично предвидено да почне во 2021 година, Србија исто така одлучи да го одложи своето долгоочекувано воведување на 5G, при што српските власти отворено истакнаа дека „на луѓето во Србија во моментов не им е потребна 5G мрежа“, иако причина за тоа, веројатно е и недостатокот на буџет.Останатите земји во регионот, како членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, веќе почнаа да ги чувствуваат придобивките од воведувањето на 5G мрежи. Во текот на минатото лето, Телеком Словенија, водечки провајдер на ИКТ услуги во земјата, ја лансираше првата 5G мобилна мрежа. Проширувањето на транспортните капацитети на постоечките мобилни мрежи и обезбедувањето континуиран технолошки развој на IoT беа некои од главните причини за воведување на 5G во Словенија.„Бидејќи секоја иднина почнува со првиот чекор, ние се определивме да почнеме со комплетирање на еволутивната надградба на постоечката мобилна технологија, која се базира на утврдени сигурни и безбедни стандарди што ги совладавме и ги надградувавме неколку децении“, вели Матјаж Беричиќ, CTO на Телеком Словенија за ZDNet.„Во следните години планираме најмалку две големи фази на развојот на 5G. Деловните и резиденцијални корисници имаат сигурна и безбедна иднина во нашата мрежа.“Компанијата, исто така, планира да ја лансира својата 5G јавна мобилна мрежа во форма на „кампусни“ мрежи, каде што единствената физичка инфраструктура може да биде домаќин на неколку виртуелни наменски мрежи за различни деловни вертикали, како што се снабдување со енергија, транспорт, логистика, производство, паметни градови, здравство, заштита и спасување, објасни Беричиќ.Во соседна Хрватска, австрискиот мобилен оператор А1 работи и на воведување на 5G мрежи во повеќе од 70 градови. Двата оператори ја користат технологијата на Ericsson.„Експертите на A1 интензивно работат на најновите технологии за радио пристап. 5G мрежата заснована на технологијата за динамичко делење на спектарот наскоро ќе биде подготвена во повеќе од 70 градови. Оваа технологија дозволува 5G мрежите да бидат овозможени преку постојните фреквенциски опсези и на тој начин се забрзува достапноста на 5G за крајниот корисник“, соопштија од A1 Хрватска за ZDNet.Иако потенцијалот за употреба на 5G може да биде огромен, она од што регионот ќе има најголема корист е сигурната поврзаност, инфраструктурата и услугите што ги носи оваа технологија.Иако земјите како Србија сè уште се двоумат околу тоа на кој 5G провајдер да му веруваат, можностите за подобрување на инфраструктурата и заживувањето на растот на нивните економии може да се покажат примамливи и за останатите, како Северна Македонија или Албанија, кои се на почетокот на процесот на воведување на 5G.„Сигурната инфраструктура за поврзување станува стока што морате да ја имате, како електрична енергија или вода“, истакна Петар Поповски, професор по безжично поврзување на универзитетот Алборг во Данска.„Во таа смисла, раната стратегија за распоредување на 5G и лиценцирањето на фреквенции може да биде одлична можност за регионот, бидејќи може да се гледа како дел од напредната инфраструктура, која може да привлече инвестиции, на пример, од компании за индустриско производство или компании за производство на мултимедија“.извор: Element PR and Corporate Communication

Магазин | пред 5 години

buckoski

Бучковски и покрај „зовриената“ атмосфера помеѓу Скопје и Софија, оптимист: До крајот на годинава ќе најдеме решение

Таму избори, овде попис - темите кои вообичено се користат за политизации од секаков вид, дополнително ја кренаа и онака покачената температура меѓу Софија и Скопје. Во така зовриена ситуација, особено тешка изгледа задачата на специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски. Но, спротивно на претпоставките, тој рефлектира силен оптимизам дека за сите спорни прашања ќе се најде решение, објави dw.com.„Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат, (декември оваа година - н.з.) ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата“, вели Бучковски.На тој план, потенцира дека има одлична соработка со бугарскиот амбасадор Ангелов, и најавува почеток на многу идни соработки.„Да се пофалам, имаме сериозно голем напредок, пред се' заради големата посветеност на директорот на БНТ, Емил Кошлуков и неговиот тим, на директорот на БТА, Кирил Влчев во Софија, но и овде во Скопје исклучителен беше ангажманот на Македонскиот телеком (директорите Љушев и Станчев) за да стартува во рекордно брзо време БНТ на МаксТВ (вечерва), на директорот на МРТВ, Цветковски, во усогласувањето на текстот на договорот за соработка со БНТ, и на директорот на МИА, Антоновски, за соработката со БТА. Ректорот на Софискиот универзитет, Герџиков, со пет декани набрзо доаѓа во Скопје. Со ректорот на УКИМ, Јанкуловски, и со декани од повеќе наши факултети, ќе договараат конкретни проекти. За координација на овие активности постојано сум на релација Скопје-Софија-Скопје. Привршуваат активностите за влезот на Универзитетот од Велико Трново во заеднички студиски програми на Славјанскиот универзитет во Свети Николе. Тоа се дел од мерките за градење на доверба“, објаснува Бучковски.Но, за ништо да не биде едноставно, атмосферата ја наелектризира состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, „заради заштита на правата на бугарските граѓани во странство", односно во Северна Македонија. Македонскиот претседател Пендаровски и премиерот Заев таа средба ја оценија како спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава.Истото го посочува и Бучковски.Текстот во целост на: dw.com.

Македонија | пред 5 години

BUJAR-OSMANI

Османи: Претставниците на Бугарските здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, реагира во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Македонија и порача дека граѓанските здруженија треба веднаш да ги контактираат пописните органи и да си побараат соодветна графа во пописот.-Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија, пишува Османи во својата објава на ФБ.Тој додава:Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права.Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата, напиша Османи на ФБ.фото: PRTSC Бујар Османи

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Вештачењето за „империјата“ на Камчев, Мијалков и другите сè уште не е завршено, што се чека?

Речиси осум месеци поминаа откако обвинителката Вила Русковска изјави дека има поместување во предметот „Империја“ кој е даден на финансиско вештачење.Денес, вештачењето сè уште не е завршено, а објаснувањето е дека станува збор за обемен предмет.Истрагата за овој предмет ја отвори згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО) на 9 ноември 2018 година, а во септември 2019 сите негови случаи, вклучително и „Империја“ преминаа во редовните обвинителства. Во меѓувреме, истрагата ја кочеше и мислењето од Врховниот суд на почетокот на 2019 со кое го прогласи СЈО за ненадлежно за предметите отворени по истекот на рокот од 18 месеци, а исто така, имаше и преговори за новиот Закон за јавно обвинителство кој беше донесен во февруари лани, објави 360stepeni.mk. По примопредавање, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција го презеде „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова остана надлежна, а дополнително, како „засилување“ беше назначена и обвинителката Гордана Смаќоска.И во јануари годинава, републичкиот обвинител, Љубомир Јовески рече дека предметот сè уште е во фаза на вештачење.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

resencanec

Ресенчанец живее во крајно лоши услови, потребна е помош

Потребна е помош за 45 годишен ресенчанец кој живее во крајно лоши услови.Симче Кремшовски, кој боледува од епилепсија, живее сам во куќа во Ресен, која е во незавидна состојба, внатрешноста се распаѓа, а во куќата нема ни вода. По иницијатива на локалните жители покрената е акција за собирање парични средства за изградба на ново живеалиште. Според нивните проценки за тоа ќе се потребни 7 до 8 илјади евра, а досега се собрани околу 2.000.За таа цел отворена е денарска сметка за донации во Стопанска банка АД Скопје – 200-0025886873-95, како и две девизни сметки.Се повикуваат сите хумани граѓани да помогнат, во зависност од можностите, Кремшовски да добие соодведни услови за живот. (Крај)извор: ОхридПрес фото: архива

Македонија | пред 5 години

sar-planina-2

Владата го Одобри Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

На денешната седница е утврден текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Усвоен здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година кој ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на КОВИД-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Владата го усвои планот за борба против корупцијата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница ги разгледа и Планот и мерките за борба против корупција.Планот за борба против корупцијата е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и согласно укажувањата на релевантните домашни и странски извештаи и содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата како продолжение на анти-коруптивните политиките што ги зацрта Владата со почетокот на актуелниот мандат.Со овој план се зајакнуваат капацитетите и се воспоставува синхронизиран систем за ефикасна функционалност на институциите во првите редови против корупцијата, за враќање на довербата во нив и за општество ослободено од корупцијаНа денешната седница Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации. Во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитѕвани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН.Посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски прашува: За што и по кој закон Русковска „преговарала“ со други лица за предавање на Сашо Мијалков „исклучиво во ОЈО за ГОКК“

Фросина Ременски денеска објави нов статус за Сашо Мијалков, под налслов: "Истражители“  на Вилма во обезбедувањето на диверзанска "изолација“ на Сашо Мијалков⁉️Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Ременски во целост: Се креира ли ризик "изолацијата на Сашо Мијалков и неговата температура над 40 степени“ да падне во заборав❓Ова го поставувам како јавна дилема од причина што од потрагата која покрена државна интервенција во материјално-технички и човечки ресурси по пријавата од Вилма Русковска и „нејзиниот лицен извор“, поминаа само седум (7) дена, а информации за оваа БОМБА од ОЈО нема.🚩Нагласувам дека, целокупната диверзантска операција на системот и државниот апарат го плаќаат даночните обврзници на оваа земја – граѓаните кои чекаат НЕКОЈ да гукне и да каже три реда ПАМЕТЕН муабет, за да го испере срамот што не снајде❗➡️ Воопшто не е важно тоа што во (се пореткото) медиумско известување СЕ НАГЛАСУВА „неправосилноста на пресудата за Сашо Мијалков“, „само 60 дена во притвор“ итн. Не, тоа не е важно, исто како што не е важно дали тој бил сам во ќелија и дали има безбедносен план во Шутка.🚩Важно е да се каже до каде е истрагата и да се нагласи дека, „ова чудо во три дена не може да помине за три дена“ и дека, јавноста е „сензибилицирана за инсталациите на режимското владеење“ и дека нема да дозволи да остане без одговори КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ДИВЕРЗИЈАТА НА СИСТЕМОТ во случајот со Сашо Мијалков, како што дозволи да остане без одговори КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ДИВЕРЗИЈАТА НА СИСТЕМОТ во случајот со Никола Гриевски‼☑ Една АЛКА во тие оставштини од режимското владеење е Вилма Русковска која, да не заборавиме стапи на должност шеф на ОЈО за ГОКК само 3 дена по бегството на Груевски❗☑ За јавен обвинител „кој марширал со Шарените за правда“, како што сака да нагласи таа во секое второ интервју, очекував ДА НЕ ГИ АМНЕСТИРА оставштините од режимското владеење, туку да ДАДЕ ОДГОВОРИ –👉„Како побегна Никола Груевски?“,👉„Зошто мижи-татара пред незаконското опремување на МВР со докажана пријава за очигледни фалсификати на половина претходна влада?“,👉„Зошто стана подобна адреса за самопријавување на оставштините од режимското владеење?“ и👉„Дали ТАА ќе ја скенира сметката од диверзанскиот есап за Сашо Мијалков по информација за бегство од „нејзин личен извор?“➡️ Во вчерашниот статус изнесов факти што била должна, а што не направила Русковска во нејзината диверзантска операција околу „изолацијата на Сашо Мијалков“. Нема да се повторувам. Кој не прочитал нека чита тука:👇👇👇👇👇👇https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3971387836225774&id=100000637902363➡️ Со оваа објава се надоврзувам на гимнаситиката со „изворот на Вилма“ , за да кажам два-три збора за гимнастиката со „истражителите на Вилма“ во операцијата „изолација на Сашо Мијалков“‼☑ Оваа анализа пак се врти околу одговорноста на 👉„истражителот Лазе или обвинителот Вилма“👈 во филмот што го гледав по постапувањето по претставката за незаконскиот претрес во мојот дом во кој Дејан Андонов од внатрешна контрола се прогласи „за ненадлежен за испитување на законитоста на постапувањето на полициските службеници“ и оценката на законитоста ја префрли на Вилма Русковска‼👉Тогаш Деки од внатрешна кажа дека, „припадниците на правосудната полиција работеле по наредби на јавниот обвинител и за своето постапување одговарале пред јавниот обвинител“👈‼☑🚩Ако е така, убаво е да видиме/да слушнеме по чии наредби постапувале истражителите кои го „обезбедуваа“ Сашо Мијалков во ОЈО за ГОКК, односно не презедоа и по чија наредба❓➡️ Русковска на 23.02 за медиумите изјави:👉„Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите на ОЈО за ГОКК“ ⁉️👉 „Испрати порака преку други луѓе дека сака да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК“‼1️⃣ Кој ќе ја оценува законитоста на постапувањето на истражителите на Вилма Русковска и по каква наредба од неа постапувале❓👉По „логиката“ на Дејан Андонов од внатрешната контрола на МВР, постапувањата на истражителите треба да ја оценува Вилма Русковска од која примиле и извршиле незаконска наредба❗2️⃣ Дали истражителите (според КОД) кои го придружуваа Сашо Мијалков до и од ОЈО за ГОКК примиле и спровеле незаконска наредба од Вилма Русковска, односно заборавиле дека како овластени службени лица припадници на правосудна полиција биле должни да го лишат од слобода лицето кое се бара по потерница❓👉Наместо да го лишат од слобода Сашо Мијалков и да го однесат во првата полициска станица или пред надлежен Суд за подигање на решение за куќен притвор , тие без преземање на задолжителни службени дејствија кон лице барано по потерница, примиле и извршиле незаконска наредба за спровод на Сашо Мијалков без статус до и од ОЈО за ГОКК од страна на Вилма Русковска‼3️⃣ За што и по кој закон Русковска „преговарала“ со други лица за предавање на Сашо Мијалков „исклучиво во ОЈО за ГОКК“❓👉Според истражувањата за емисијата КОД, синот на Сашо Мијалков остварил контакт со обвинителката Вилма Русковска и кажал дека, Мијалков сакал да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК, по што таа обезбедила „алиби-дозвола“ од Љубомир Јовевски кој рекол дека „може да се предаде и кај нас“❗👉Ако е ова така, а очигледно е дека е така, ја афирмирам неколку пати јавно изнесената дилема – зошто обвинителството со кое раководи Вилма Русковска и таа лично е посочуваната адреса на која треба да се самопријавуваат и да пријавуваат криминал ликови од типот на Мијалков и Камчев❓👉Од каде е таа симпатија и доверба во која во нормална држава би се посомневал секој нормален❓4️⃣ Дали Русковска спротивно на закон дала привилегирана положба на лице кое се бара по централна и меѓународна потерница за бегство и спречила лишување од слобода на лице од страна на истражителите под нејзина надлежност❓ 👉 Дефинитивно да❗ Привилигираната положба Сашо Мијалков ја добил првиот момент кога син му добил одговор од Русковска на повикот за предавање, наместо пренасочување на повикот кон МВР за преземање на мерки за лишување од слобода на лицето за кое се распиша централна и меѓународна потерница❗👉Привилегијата е дотолку поголема што по тој повик таа издала незаконски наредби на истражители на ОЈО не за негово лишување од слобода, туку за негов безбеден транзит до зградата на ОЈО, како „превентива“ од можно професионално постапување на некој полицаец ако случајно забележал дека, бегалецот Сашо Мијалков се движи сам без придружба на овластени службени лица ⁉️5️⃣ Дали „преговарањето за предавање исклучиво во ОЈО за ГОКК“, алудира на некаква заложничка криза во која со некого се преговара за да не направи или да направи нешто❓👉Преговори за самопредавање и договарање на услови за предавање во полициските постапувања има/имало само во случај на заложничка криза (киднапирања) и закани по живот на лица и добра во заложничка криза‼👉Зошто Вилма Русковска би прифатила да прими порака за предавање на Сашо Мијалков и да прифати да преговара за начинот на пријавувањето (во придружба на истражители на ОЈО) и местото каде тоа ќе случи (ОЈО на Вилма)❓👉Дали обвинителката заборавила дека нејзиното ОЈО во овој случај не го води случајот за бегството на Сашо Мијалков и дека таа и „нејзиниот личен извор“ се пријавители на можното бегство❓👉 Да заборавила❗Заборавила и дека со ова „преговарање“ таа директно се вмешала со ингеренциите на полицијата и начинот на која требаше да се постапи со лице барано по потерница. Се надевам вмешувањето е случајно⁉️5️⃣ Дали истражителите од ОЈО за ГОКК ќе бидат сослушани во истрагата за бегството и предавањето на Сашо Мијалков, односно дали ќе се испита чии незаконски наредби спроведувале❓👉Како што Русковска треба да биде почетокот и крајот на истрагата за бегството на Сашо Мијалков заради оневозможување да се проценува веродостојноста на „нејзиниот личен извор“ и „вистинитоста на информацијата“, така и истражителите кои извршувале нејзини незаконски наредби и работеле спротивно на своите полициски надлежности треба да бидат дел од истрагата за оваа диверзантска операција во која свесно или несвесно учествувале‼☑🚩Има многу други прашања кои можат да се постават и за идентитетот на истражителите кои видовме го обезбедуваат Сашо Мијалков (без лисици на рацете), како на пример👉„Дали припадник на шестата управа на МВР може да биде истражител во ОЈО за ГОКК“❓, но за тие и други прашања во следно писание.☑🚩Не знам дали овој статус во целост ќе се вклопи во една многу битна реченица искажана од прмиерот Зоран Заев денес на прес конференција, дека акцискиот план за борба против криминалот и корупцијата опфаќа ќе опфати и обврска 👉„ ... да ги открива коруптивните инсталации на режимското владеење“👈, но ќе си земам за право низ оваа реченица во иднина да ги поставам сите овие прашања, но и да прашам „до каде и до кого ДОПРЕА јавно објавените и пријавените случаи со докази за злоупотреби, криминал, корупција, судир на интереси, фиоки, тефтери итн“ за кои пишував, пишувам и ќе пишувам⁉️👉Човек од збор, држи за збор. Но, за тоа од утре ...

Македонија | пред 5 години

02032021_PVRSM_Zaev_ZPVRSM_Nikolovski_Press_3

Заев и Николовски: Повеќе нема недопирливи, Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од најподмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.Премиерот Заев соопшти дека планот е производ на политичката волја, со кој Влада ќе се избори за искоренување на корупцијата и за тоа се воспоставени јасни механизми за соработка меѓу сите институции, а воедно да се охрабрат и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно.„Тоа придонесува за ред, правда и дисциплина. Сериозно ги зедовме предвид забелешките од последниот извештај на „Транспренси интернешнел“ и ги вградивме во овој План. На тој начин ги елиминираме пречките и поставуваме функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Тие ќе го спречуваат, препознаваат и санкционираат секој вид на корупција во сите редови на власта без исклучок. Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата“, истакна премиерот Заев.Тој посочи дека Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нас.„Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа, не им е простено, оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно“, наведе претседателот на Владата Заев.Тој нагласи дека Владата е одлучна и дека е дојдено времето во целост да се демонтираат режимските остатоци кои го скапуваат системот, а да се воздигнат службите кои чесно им служат на граѓаните.„За ваквите злодела, против претходната криминална власт, денеска се водат судски постапки, некои се осудени, некои се уште се судат. Додека тие одговараат пред лицето на правдата, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци по системот. И нема да запреме додека не завршиме во целост со тоа. И да, секој од нас треба да е свесен, дека ако било кој помисли да го прави истото, треба да е спремен да се соочи со правдата – а правдата е тука, ете ја, секој ден по рочиштата и низ судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние, уште од првиот ден на првиот мандат почнавме со активна транспарентност. Тоа е антикорупциски лек за многу системски болести низ системот“, истакна премиерот Заев.Премиерот Заев посочи дека оваа Влада постави стандард од кој нема враќање назад и воведе ред и домаќински однос при трошењата.„Како ретко која земја, го отворивме трезорот. Граѓаните, медиумите, можат да ја следат секоја трансакција направена со парите на граѓаните. За кус период од сега ги очекуваме и новите унифицирани веб-страни на министерствата кои ќе бидат услужно-ориентирани и според највисоките стандарди за транспарентност. Овие и другите мерки за зголемување на транспарентноста ја позиционира нашата Влада на прво место во регионот по отвореноста и транспарентноста според истражувањата на граѓанските организации веќе неколку години по ред“, информираше премиерот Заев.Тој посочи дека Влада покажа одлучност за спречување неодговорно владеење и преку усвоениот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, кој даде резултати веднаш и овозможи санкционирање на неетичко однесување на неколку функционери, а воедно испрати порака до сите останати, дека неетичкото однесување нема да остане неказнето.„Нашата антикорупција значи постојано вклучен аларм за штетното и разорно дејство на корупцијата, со цел заедно со граѓаните да се спротивставиме и на најситното подмитување. Медиумите сега откриваат и известуваат за случаи за кои порано на власта не и се слушаше, а подоцна за таквото известување се затвораа цели медиумски куќи. Ги охрабрувам медиумите и понатаму да го прават тоа низ нивното секојдневно известување и особено преку истражувачкото новинарство да продолжат да бидат партнери на граѓаните во оваа борба. Со разрешници на предметите за висока корупција и докажавме на опозицијата дека залудни се обидите за дејствување против правната држава. Граѓаните веќе сведочат дека нема привилегирани и недопирливи. Казната за корупцијата ги опфаќа сите“, нагласи премиерот Заев.Осврнувајќи се на деталите од Планот, вицепремиерот Николовски информираше дека тој е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и согласно релевантните домашни и странски извештаи и дека содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата.„Донесовме нов поприменлив Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, со кој се уредува начинот на однесување и работење не само на претседателот, министрите и замениците на министрите во Владата, туку до најниско ниво, на сите носители на извршни функции именувани од Владата. Досега над 300 именувани функционери го имаат потпишано Етичкиот кодексот“, соопшти вицепремиерот Николовски.Заменик-претседателот на Владата Николовски информираше дела се исполнети препораките од ГРЕКО, има лице за интегритет и за судир на интереси, регистар за строга евиденција за примање подароци, транспарентно се објавени имињата и ќе се обезбеди тест за интегритет на советниците на функционерите.„ Го кренавме нивото на соработка меѓу сите надлежни антикорупциски владини институции, но и со независните тела. Обезбедивме нови простории за ДКСК, како и повисок буџет, обезбедивме и 49 милиони денари за потребниот Регистар за избрани и именувани лица, но и поврзување на Државната комисија за спречување на корупција со останатите 17 институции од коишто треба да ги црпат релевантните информации. А паралелно редовно се постапува по сите доставени иницијативи до Владата од страна на ДКСК. Веќе е во функција новиот Национален регистар на вистински сопственици, кој обезбедува точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите, за да не ни се случат Панами и Белизиња повторно. Го зајакнавме контролниот механизам, се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби, тоа се покажа како функционално особено во овој тежок период на ковид. Уште повеќе го подигнавме нивото на транспарентност и отчетност, што е главна одлика на оваа Влада во претходниот, но уште повеќе во овој мандат. Сите министерства и органи, но и сите општини и Градот Скопје, ги задолживме да ги објават на своите веб-страни сите информации со кои ќе ја обезбедат својата висока транспарентност, како услов за да ги добијат средствата кои им следуваат од централниот буџет. Затоа имаат обврска за објавување на 22 различни типа на информации и документи пред граѓаните“, посочи вицепремиерот Николовски и додаде дека со Советот на Европа веќе се работи на проект за носење на Закон за потекло на имот.Тој информираше, дека низ процес на подигање на нивото на дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор, се креираат мерки кои ќе придонесат за елиминирање на субјективното влијание во процесите и еднаква и правична примена на законите.„Во рок од 30 дена Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство од денеска се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника и простории, за истражните центри со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите Јавните обвинителства. Дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрза процесот на решавање предмети. Мора да има брзо процесуирање и решавање на предметите. Предметите не смеат да стојат во фиоки “, посочи вицепремиерот Николовски.Заменик-претседателот на Владата Николовски соопшти дека со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите.„ Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, државјанството и од книгите на Управата. Затоа денеска Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри. На овој начин ќе се укине процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка што му е потребна на граѓанинот. Институциите ќе имаа каде да проверат и да ги добијат информациите што им требаат, наместо граѓаните и фирмите секој пат од ново да вадат нов документ. Конкретно ќе се бара само извод од Централен регистар на население, наместо сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство, изводи од матична книга на родени итн.“, посочи вицепремиерот Николовски.Тој посочи дека со ставање во полна функција на Националната платформа за интероперабилност за седумте надлежни органи за борба против корупција, нема веќе да има ризици од застој на информации.„ Никој не смее да затајува и забавува случаи каде има сомнежи за корупција. Со подготовка на електронскиот софтвер за поврзување на сите 28 инспекциски служби, ќе се намали субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата - човечкиот фактор ќе се сведе на минимум. Софтверот ќе овозможи, електронска распределба на инспекциските надзори и следење на истите, електронско генерирање на записниците од извршените надзори на лице место додека трае инспекцискиот надзор, како и зајакната координација на инспекторите од различни институции. Нема простор, за компромис и договор за инспекциски надзори, нема сопствена одлука во кој објект да влезе инспекторот или не - сите се еднакви пред законите, секој што ги прекршил, ќе сноси одговорност. Преку создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, точно ќе се знаат условите, која фирма каква лиценца има. Сите овие податоци ќе бидат јавни и транспарентни. На овој начин овозможуваме фер конкуренција во бизнис секторот“, истакна заменик-претседателот Николовски.Toj посочи дека се зајакнуваат и контролните механизми околу јавните набавки.„Сите јавни институции треба да подготват интерни процедури за спроведувањето на јавните набавки врз основа на соодветни модули и спецификации за јавни набавки. На овој начин ќе се подобри квалитетот на набавките и транспарентноста при склучувањето на договорите. За отстранување на сите детектирани слабости кои може да доведат до недоследно придржување кон начелата за јавни набавки, ќе се направат измени на Законот за јавни набавки. Ќе се зајакне Управната контрола за набавките да бидат спроведени согласно законот и да се спречат евентуалните ризици од корупција при спроведувањето на јавните набавки “, соопшти Николовски.Вицепремиерот информираше дека преку соодветни мерки ќе се актуелизира и примени конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата.„За таа цел, во рок од три месеци МВР ќе подготви Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за 2021-2023. Паралелно ќе се формира Национална комисија, којашто ќе го мониторира имплементирањето на Стратегијата, со што ќе се зајакне координацијата помеѓу надлежните институции за време на финансиските истраги во делот на следење на текот на парите, како и откривање на евентуално претопување, префрлање и прикривање на незаконски стекнатиот имот. Во целиот процес на превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрaција, за што во планот се предвидени десетици мерки“, истакна заменикот на претседателот на Владата.Тој нагласи дека се детектираат слабите точки во постапките за вработување и унапредување на административните службеници и вработените во јавниот сектор, и во подготовка е план за соодветна измена на прописите.„ Паралелно се подготвува и анализа на содржината и на спроведувањето на Етичкиот кодекс за административни службеници – најавуваме негова ревизија, подобрување и доближување до секој службеник. И секој службеник ќе знае дека носи одговорност. Бројот на членовите на УО нема да биде повеќе од 5 члена. При изборот на членовите на УО, квалификациите на кандидатот мора да кореспондираат со дејноста на институцијата, а не да бидат задоволувања на нечии лични потреби. Како последица на режимски наштиманите конкурси во минатото, сè уште се соочуваме со нелогични огласи во кои некој предвидел несоодветен кадар за соодветна институција“, истакна Николовски.Тој информираше дека сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција.„Сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и ги охрабруваме да пријавуваат случаи на коруптивно делување. Во рок 30 дена назначените лица треба да бидат објавени јавно на веб-страните на институциите“, нагласи Николовски.На прес-конференцијата премиерот Заев и вицепремиерот Николовски истакнаа дека граѓанинот е секогаш на прво место, и дека на овој начин се подига свеста кај граѓаните и се охрабруваат да пријавуваат случаи на коруптивно делување.На прес-конференцијата беше истакнато дека борбата против корупцијата е процес во којшто треба соработка и придонес од секого и со таа цел уште повеќе се ја зајакнува координацијата меѓу надлежните институции, министерствата, независните институции како што се ДКСК и судовите, невладиниот и приватниот сектор. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реџепи открива детали за престрелката во која беше повреден неговиот син

Поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во изјава за Лајм зборуваше за престрелката што се случи во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на која беше повреден неговиот син Зеглул Реџепи, инспектор во МВР, пренесува Слободен Печат.Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа се здобил со лесна повреда на ногата, кога еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата.Реџепи е задоволен од брзата реакција на надлежните органи и се надева дека случајот наскоро ќе се расчисти и ќе се откријат вистинските мотиви.Текстот во целост на: Слободен Печат.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања